Samsung | CTR164NB01/BOL | Samsung CTR164NB01 Упатство за користење

CTR164NB серија
CTR164TB серија
CTR164EB серија
CTR164DB серија
CTR164AB серија
CTR164KB серија
Керамичко-стаклена
плотна
упатство за користење
imagine the possibilities
Ви благодариме што купивте Samsung производ.
За да добиете целосна услуга,
ве молиме регистрирајте го вашиот производ на
www.samsung.com/global/register
МАКЕДОНСКИ
CTR164NB01-BOL_MK.indd 1
2009-12-14
12:08:56
користење на упатството
Пред да започнете со употребата на уредот, ве молиме да го
прочитате упатството и да посветите особено внимание на
безбедносните информации кои се дадени подолу. Зачувајте го
упатството за користење во иднина. Доколку уредот го дадете на
друго лице, ве молиме на новиот сопственик да му го предадете и
упатството.
Важни симболи за безбедност и мерки на
претпазливост.
Во текстот од упатството се користат следните симболи:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ
ВНИМАНИЕ
Ризично или опасно ракување кое може да
предизвика сериозни повреди или смрт.
Ризично или опасно ракување кое може да
предизвика помали повреди или оштетување на
околината.
За да го намалите ризикот од пожар, експлозија,
електричен удар и други повреди при употребата на
плотната, придржувајте се кон следните мерки на
претпазливост
НЕ обидувајте се.
НЕ расклопувајте.
НЕ допирајте.
Експлицитно следете ги упатствата.
Извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот
штекер.
Проверете дали машината е заземјена заради
избегнување на електричен удар.
Повикајте го сервисниот центар за помош.
Забелешки
Важно
2_ користење на упатството
CTR164NB01-BOL_MK.indd 2
2009-12-14
12:08:57
мерки за безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електрична безбедност
Уредот треба правилно да се инсталира и да биде заземјен од страна на квалификувано
техничко лице.
Уредот треба да биде поправан единствено од страна на квалификуван сервисен
персонал. Поправките извршени од страна на неквалификувани лица може да
предизвикаат повреди и сериозни оштетувања на уредот. Доколку вашиот уред треба
да се поправи, обратете се до локалниот сервисен центар. Доколку не се придржувате
кон овие инструкции може да дојде до оштетување и престанување на важноста на
гаранцијата.
мерки за безбедност
Безбедносните аспекти на овој уред се во согласност со сите
прифатени технички и безбедносни стандарди. Сепак, како
производители сметаме дека е наша одговорност да ве запознаеме
со следните безбедносни инструкции.
Уредите со горно вградување може да се користат единствено доколку инсталирањето
во соодветните елементи е во согласност со релевантните стандарди. Со ова се
осигурува доволен степен на заштита од доаѓање во допир со електричите делови,
според барањата на основните безбедносни стандарди.
Доколку кај вашиот уред се појават дефекти или пукнатини и скршени делови:
- исклучете ги сите зони за готвење;
- исклучете ја плотната од напојувањето; и
- обратете се до локалниот сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Безбедност на децата
Овој уред не е наменет за користење од страна на мали деца или онемоштени лица без
соодветен надзор од одговорното возрасно лице.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Зоните за готвење стануваат жешки при готвењето. Секогаш чувајте ги малите деца
подалеку од уредот.
мерки за безбедност _3
CTR164NB01-BOL_MK.indd 3
2009-12-14
12:08:57
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Безбедност при користењето
Овој уред треба да се користи единствено за нормално готвење и пржење во вашиот
дом. Тој не е дизајниран за комерцијална или индустриска употреба.
Никогаш немојте да ја користите плотната за загревање на просторијата.
Внимавајте при приклучувањето на други електрични уреди во штекер во близина на
плотната. Каблите за напојување не смеат да дојдат во допир со плотната.
Прегреаната маст и маслото можат бргу да се запалат. Секогаш бидете во близина на
уредот кога подготвувате храна со маст или масло, на пример кога готвите помфрит.
По употребата исклучете ги зоните за готвење.
Контролната плоча секогаш треба да биде чиста и сува.
Никогаш не поставувајте леснозапаливи предмети на плотната. Тие можат да
предизвикаат пожар.
Немојте да ја користите плотната за загревање на алуминиумска фолија, производи
завиткани во алуминиумска фолија или замрзната храна спакувана во алуминиумска
амбалажа.
Постои опасност од добивање на изгореници при невнимателно користење на уредот.
Каблите од електричните уреди не смеат да ја допираат жешката површина на плотната
или жешките садови.
Не употребувајте ја плотната за сушење на алишта.
Никогаш немојте да ставате запаливи материјали како аеросоли и детергенти во
фиоките под плотната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Корисниците со пејсмејкери и активни срцеви импланти мора
да одржуваат минимално растојание од 30cm помеѓу горниот дел од телото и зоните
за готвење со индукција, кога зоните се вклучени. Доколку не сте сигурни, треба да се
обратите до производителот на вашиот уред или вашиот доктор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Безбедност при чистењето
Секогаш исклучете го уредот пред чистењето.
Немојте да користите уреди за чистење со висок притисок или пареа од безбедносни
причини.
Чистете ја плотната во согласност со инструкциите за чистење и нега содржани во ова
упатство.
4_ мерки за безбедност
CTR164NB01-BOL_MK.indd 4
2009-12-14
12:08:57
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сериозни предупредувања во однос на
инсталирањето
Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификуван
сервисер за плотни, обучен од производителот. Ве молиме погледнете го делот
“Инсталирање на плотната”.
- Доколку не се придржувате кон ова и ѕидниот штекер го користите и за други уреди
преку разделник или пак го продолжите кабелот за напојување може да дојде до
електричен удар или пожар.
- Не користете електричен трансформатор. Тоа може да предизвика електричен удар
или пожар.
Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификувано
техничко лице или компанија за сервисирање.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар,
експлозија, проблеми со производот или повреди.
мерки за безбедност
Приклучете го кабелот за напојување во соодветен ѕиден штекер и тој штекер
употребувајте го единствено за овој уред. Приклучокот за напојување цврсто вметнете го
во ѕидниот штекер. Дополнително, немојте да користите продолжителен кабел.
Немојте да го инсталирате овој уред во близина на грејно тело или запалив материјал.
Немојте да го инсталирате овој уред на влажно, масно или прашливо место, или на
место изложено на директна сончева светлина и вода (капки од дожд).
Немојте да го инсталирате овој уред на место на кое е можно да истекува гас.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Овој уред не е наменет за инсталирање во возила од типот на комби, каравани и слично.
Апаратот мора да биде правилно заземјен.
Немојте да го заземјувате апаратот на цевка за гас, пластична цевка за вода или
телефонска линија.
- Ова може да предизвика електричен удар, пожар, експлозија или проблеми со
производот.
- Никогаш немојте да го приклучувате кабелот за напојување во штекер кој не е
правилно заземјен и проверете дали штекерот е во согласност со локалните и
националните прописи.
ВНИМАНИЕ
Мерки на претпазливост при инсталирањето
Поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот за напојување.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар
заради електрично истекување.
Инсталирајте го уредот на рамна и тврда површина која може да ја издржи нејзината
тежина.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до ненормални вибрации, шум или
проблеми со производот.
Инсталирајте го уредот со задржување на соодветно растојание од ѕидот.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар заради прегревање.
Запазете ја минималната височина на неопходен слободен простор над горната
површина од плотната.
мерки за безбедност _5
CTR164NB01-BOL_MK.indd 5
2009-12-14
12:08:58
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сериозни предупредувања во однос на
електриката
Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за
напојување и допирните точки со помош на сува крпа.
- Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Приклучокот за напојување поврзете го во штекерот во правилна насока, така што
кабелот ќе паѓа надолу кон подот.
- Ако приклучокот за напојување го поврзете во штекерот во спротивна насока (завртен
нагоре), електричните жици во кабелот може да се оштетат и ова може да предизвика
електричен удар или пожар.
Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер. Не употребувајте
оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со
раширени отвори.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Немојте да го влечете или прекршувате кабелот за напојување.
Немојте да го завртувате или заврзувате кабелот за напојување.
Немојте да го закачувате кабелот за напојување на метален предмет, да поставувате
тежок предмет врз кабелот, да го вметнувате кабелот помеѓу предмети или да го
притискате кабелот во просторот зад уредот.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
При вадење на приклучокот за напојување, немојте да го влечете кабелот.
- Приклучокот за напојување извадете го држејќи го приклучокот.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Кога кабелот на уредот ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.
ВНИМАНИЕ
Мерки на претпазливост во однос на електриката
Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг период или за
време на невреме со грмотевици.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг период или за
време на невреме со грмотевици.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сериозни предупредувања во однос на
користењето
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја собата
без допирање на приклучокот за напојување. Не допирајте го уредот или кабелот за
напојување.
- Немојте да користите вентилатор.
- Една искра може да предизвика експлозија или пожар.
Обрнете внимание вратата, грејачот и другите делови да не дојдат во допир со телото за
време или веднаш по готвењето.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници.
6_ мерки за безбедност
CTR164NB01-BOL_MK.indd 6
2009-12-14
12:08:58
За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со
загреаните делови на плотната.
СЕКОГАШ употребувајте ракавици при отстранување на сад од плотната за да не се
изгорите.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на
производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат
несакани ситуации.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Дозволена е употреба на плотната од страна на деца без надзор
единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја
користи плотната на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна
употреба.
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени
физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица,
освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на
лицето одговорно за нивната безбедност.
мерки за безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Содржината на шишињата и тегличките со храна за деца треба
да се промешаат или протресат и да се провери температурата пред употребата, за
некој да не се изгори.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Достапните делови може да се загреат за време на употребата.
За да избегнете изгореници не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Доколку на плотната има пукнатини, исклучете го уредот за да
ја избегнете можноста од електричен удар. Не употребувајте ја плотната додека не се
замени стаклената површина.
Металните предмети како ножевите, вилушките, лажиците и капаците не треба да се
поставуваат на површината на плотната бидејќи може да станат жешки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се
избегне можноста од електричен удар.
Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
- Ова може да предизвика електричен удар.
Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека е во тек
користењето на уредот.
- Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер може да
создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.
Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи амбалажата
може да биде опасна за децата.
- Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да дојде до задушување.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, изгореници
или повреди.
Никогаш не го употребувајте овој уред за други намени освен за готвење.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.
Никогаш не загревајте пластични или хартиени садови и немојте да ги користите при
функционирањето на плотната.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.
мерки за безбедност _7
CTR164NB01-BOL_MK.indd 7
2009-12-14
12:08:58
Немојте да ја прегревате храната.
- Ова може да предизвика пожар.
Немојте да загревате храна завиткана во хартија како на пр. списанија или весници.
- Ова може да предизвика пожар.
Не употребувајте и не поставувајте запаливи спрејови или предмети во близина на
плотната.
- Ова може да предизвика пожар или експлозија.
Немојте да ги ставате вашите прсти, надворешни супстанци или метални предмети како
на пр. игли во деловите за довод, одвод и отворите. Доколку во некој од овие отвори
навлезат надворешни супстанци, извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот
штекер и обратете се до вашиот продавач или најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или повреди.
НИКОГАШ не преполнувајте го садот до врвот и избирајте садови кои имаат поширок
горен дел во однос на дното, за да се спречи изливање на течноста. Шишињата со тесно
грло може да експлодираат ако се прегреат.
НИКОГАШ не загревајте го шишето за бебе заедно со цуцлата, бидејќи може да
експлодира доколку се прегрее.
Не вклучувајте го кабелот за напојување доколку е воден и држете го подалеку од
загреана површина.
Не вклучувајте го уредот ако кабелот или приклучокот се оштетени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Течностите и останатата храна не смеат да се загреваат во
затворени садови за да не дојде до експлозија.
Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да вршите модификации на
уредот.
- Не употребувајте какви било други осигурувачи (како на пр. бакарни, од челична жица,
итн.) различни од стандардниот осигурувач.
- Кога е потребна поправка или повторно инсталирање на уредот, обратете се до
најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар,
проблеми со производот или повреди.
Доколку во уредот навлезат надворешни супстанци како вода, извадете го приклучокот
за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Ако уредот е преплавен, обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го
приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
ВНИМАНИЕ
Мерки на претпазливост при користењето
Обрнете внимание бидејќи пијалоците или храната можат да бидат многу жешки по
загревањето.
- Особено внимавајте дали храната е доволно изладена при хранење на дете.
8_ мерки за безбедност
CTR164NB01-BOL_MK.indd 8
2009-12-14
12:08:58
Обрнете внимание кога загревате течности како вода или други пијалоци.
- Избегнувајте користење на лизгави шишиња со тесно грло.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до ненадејно претекување на
содржината и изгореници.
Немојте да ја фаќате храната или кој било дел за време или непосредно по готвењето.
- Употребувајте ракавици за готвење бидејќи тие можат да бидат многу жешки и можете
да се изгорите.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар.
За малите количества храна потребно е пократко време на готвење или загревање.
Доколку се постават стандардните времиња може да дојде до прегревање и загорување.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Доколку има истурена храна, таа треба да биде отстранета од капакот пред неговото
отворање и површината на плотната треба да се остави да се излади пред затворањето
на капакот (само за моделот кој има капак).
Немојте да се качувате врз уредот или да поставувате предмети врз него (како алишта,
капаци за плотна, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални
предмети итн.).
мерки за безбедност
Доколку површината е напукната, исклучете го преклопникот за напојување на уредот.
- Ова може да предизвика електричен удар, пожар, проблеми со производот или
повреди.
Немојте да ракувате со уредот со мокри раце.
- Ова може да предизвика електричен удар.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од уредот.
- Освен што е штетно за луѓето, тоа исто така може да предизвика електричен удар,
пожар или проблеми со производот.
Немојте да го поставувате уредот врз кршливи елементи како лавабоа или стаклени
елементи.
- Ова може да предизвика оштетување на лавабото или стаклениот елемент.
Внимавајте при отстранувањето на обвивката на храната која штотуку сте ја извадиле од
уредот.
- Ако храната е жешка, при отстранувањето на обвивката ненадејно може да се рашири
жешка пареа и можете да се изгорите.
Немојте да го откачувате уредот со повлекување на кабелот за напојување, секогаш
цврсто фатете го приклучокот и повлечете директно од штекерот.
- Оштетувањето на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или електричен
удар
Уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни тајмери или одделни
системи за далечинска контрола.
Немојте долго да гледате во елементите на плотната (само за моделот со инсталирана
халогенска светилка).
По употребата, исклучете го елементот на плотната преку контролното копче и немојте
да зависите од детекторот за садови (само за моделот со инсталиран детектор за
садови).
мерки за безбедност _9
CTR164NB01-BOL_MK.indd 9
2009-12-14
12:08:58
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сериозни предупредувања во однос на
чистењето
Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода.
За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или алкохол.
- Ова може да предизвика обезбојување, деформирање, оштетување, електричен удар
или пожар.
Пред чистење и одржување, извадете го приклучокот на уредот од ѕидниот штекер.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода со висок
притисок или пареа.
ВНИМАНИЕ
Мерки на претпазливост при чистењето
Чистете ја плотната редовно и отстранете ги сите остатоци од храна.
Неодржувањето на плотната во чиста состојба може да ја оштети површината и да го
расипе уредот или да предизвика несакани опасни ситуации.
Внимавајте да не се повредите при чистењето на уредот (надворешно/внатрешно).
- Можете да се повредите на острите рабови од уредот.
Немојте да користите уреди за чистење со пареа.
- Ова може да предизвика корозија.
инструкции за отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Отстранување на амбалажата
Сите материјали кои се користат при пакувањето на овој уред можат целосно
да се рециклираат. Деловите од картон и стиропор се соодветно означени. При
отстранувањето на амбалажата и старите уреди ве молиме да водите грижа за
безбедноста и животната средина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Правилно отстранување на застарениот уред
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Пред отстранувањето на застарениот уред, оневозможете го
неговото идно користење за да не може да се претвори во извор на опасност.
За оваа цел, квалификувано техничко лице треба да го исклучи уредот од напојувањето
и да го отстрани кабелот за напојување.
Уредот не треба да се отстранува заедно со останатиот отпад од домаќинството.
Информации околу датумите на прибирање и јавните места за отстранување може да
добиете од локалното претпријатие за јавна хигиена.
10_ инструкции за отстранување
CTR164NB01-BOL_MK.indd 10
2009-12-14
12:08:58
содржина
инсталирање на плотната
13
14
Согласност со регулативи
Безбедносни инструкции за лицето што
ќе ја врши инсталацијата
Поврзување со напојувањето
Инсталирање во отворот на работната
плоча
делови и функции
16
16
17
17
18
18
18
Зони за готвење
Контролна плоча
Компоненти
Клучни карактеристики на вашиот уред
Безбедносно исклучување
Индикатор за преостаната топлина
Откривање на температурата
пред да започнете
19
Почетно чистење
употреба на плотната
20
21
Употреба на соодветни садови
Употреба на контролните сензори на
допир
Вклучување на уредот
Избор на зона за готвење и ниво на
јачина
Исклучување на уредот
Исклучување на зона за готвење
Употреба на безбедносното
заклучување за деца
Заклучување и отклучување на
контролната плоча
Предлози за поставување на плотната
при готвење на одредена храна
19
20
21
22
23
23
24
25
25
чистење и одржување
26
27
27
Плотна
Рамка на плотната (ОПЦИЈА)
За да не го оштетите уредот
гаранција и сервис
28
29
Најчесто поставувани прашања и
отстранување на проблеми
Сервис
30
30
Технички податоци
Кругови за готвење
26
28
30
технички податоци
содржина
12
16
12
12
содржина _11
CTR164NB01-BOL_MK.indd 11
2009-12-14
12:08:58
инсталирање на плотната
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Новиот уредот треба да се инсталира и да биде заземјен единствено од страна на
квалификуван персонал. Ве молиме придржувајте се до овој совет. Гаранцијата
нема да ги покрива оштетувањата кои може да настанат заради неправилна
инсталација. Техничките податоци се дадени на крајот од ова упатство.
Согласност со регулативи
Овој уред е во согласност со следните стандарди:
• EN 60335 - 1 и EN 60335 - 2 - 6, кои се однесуваат на безбедноста при
користењето во домаќинствата и слични намени;
• EN 60350, или DIN 44546 / 44547 / 44548, кои се однесуваат на работните
карактеристики на електричните уреди за готвење, плотни, печки и скари за
домаќинствата;
• EN 55014-1
• EN 55014-2
• EN 61000 - 3 - 2; и
• EN 61000 - 3 - 3, кој се однесува на основните барања на електромагнетната
компатибилност (EMC).
Овој уред е во согласност со следните ЕУ директиви:
• 2006/95/EC, Директива за низок напон
• 2004/108/EEC, Директива за електромагнетна компатибилност
Безбедносни инструкции за лицето што ќе
ја врши инсталацијата
• Во електричната шема мора да има склопка која овозможува исклучување на уредот
од напојувањето на сите фази со отвор на допир од најмалку 3 mm. Меѓу погодните
елементи за изолација спаѓаат уредите за прекинување на текот, осигурувачи
(осигурувачите со завртување треба да се отстранат од куќиштето), уреди за одведување
кон заземјувањето и контактори.
• Во поглед на заштитата од пожар, овој уред е во согласност со EN 60335 - 2 - 6. Овој тип
на уред може да се инсталира со присуство на висок орман или ѕид на едната страна.
• Под плотната не смеат да се поставуваат фиоки.
• Инсталацијата мора да гарантира заштита од струен удар.
• Елементот за кујна во кој ќе се смести уредот мора да ги задоволува барањата за
стабилност од DIN 68930.
• Заради заштита од влага, сите исечени површини треба да се залепат со соодветно
средство.
• На работните површини со плочки, отворите на рабовите околу плотната мора да бидат
исполнети со специјално средство.
• Кај работните плочи од природен и вештачки камен или керамика, пружините за
вградување мора да се прицврстат со соодветен кит или мешано лепило.
• Средството за пополнување на рабовите од работната површина треба да биде
исправно поставено и не треба да има отвори. Не смее да се додава дополнително
силиконско средство; ова би го отежнало вадењето доколку уредот треба да се поправа.
• При вадењето, плотната мора да се турне од долната страна.
• Под плотната треба да се постави плоча.
12_ инсталирање на плотната
CTR164NB01-BOL_MK.indd 12
2009-12-14
12:08:59
Поврзување со напојувањето
Пред поврзувањето, проверете дали номиналниот напон на уредот, т.е. напонот
наведен на плочката со податоци, одговара на напонот на напојувањето. Плочката
со податоци е поставена на долниот дел од куќиштето на плотната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го напојувањето на електричното коло пред поврзувањето на жиците.
Номинална струја на уредот (A)
Номинална површина на допир (mm2)
1N~
> 25 и ≤ 32
≥ 2,5
2N~
> 10 и ≤ 16
≥ 1,5
Поврзувањето мора да се спроведе според прикажаниот дијаграм. Поставувањето
на краевите мора да биде во согласност со соодветниот дијаграм за поврзување.
Жицата за заземјување се поврзува со терминалот (клемата). Жицата за
заземјување мора да биде подолга од жиците кои пренесуваат електрична струја.
Поврзувањето на жиците мора да се изврши во согласност со
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
прописите. Завртките на терминалот мора да бидат добро стегнати.
Кабелот за поврзување треба со силно притиснување да се поврзе безбедно
со кабелот за напојување без да постои можност за вадење (со заклучување во
лежиштето). Пред првото вклучување, заштитните фолии или налепници мора да
се отстранат од керамичко-стаклената површина.
Откако плотната ќе биде поврзана со напојувањето, проверете дали сите
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ зони се подготвени за користење, накусо вклучувајќи ги со максимална
јачина со соодветни садови.
инсталирање на плотната
Напонот на грејниот елемент е AC 230 V~. Уредот исто така совршено работи и на
мрежите со AC 220 V~ или AC 240 V~.
Уредот треба да се поврзе на напојувањето со користење на склопка која
овозможува исклучување на уредот од напојувањето на сите фази со отвор на
допир од најмалку 3 mm, како на пр. уреди за автоматско прекинување на текот,
уреди за одведување кон заземјувањето или осигурувачи.
За поврзување со напојувањето мора да се користи H05RN - F кабел од тип А или
повисок степен.
Кога плотната ќе се вклучи првпат, сите екрани засветуваат и се активира
безбедносното заклучување за деца.
220-240V ~
380-415V ~
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
220-240V ~
220-240V ~
< ВЛЕЗ ~ >
L: Кафеава
N: Сина
PE: Зелена
Обрнете внимание (усогласеност) при спојувањето на фазата и неутралната
жица од домашниот приклучок и уредот (шеми за поврзување); во
спротивно, компонентите може да се оштетат. Гаранцијата не ги покрива
оштетувањата настанати заради неправилна инсталација.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со специјален
кабел кој може да го набавите од производителот или сервисерот.
инсталирање на плотната _13
CTR164NB01-BOL_MK.indd 13
2009-12-14
12:08:59
Инсталирање во отворот на работната плоча
Пред инсталирањето запишете го серискиот број на уредот од плочката со
податоци.
Овој број ќе ви биде потребен во случај на обраќање до сервис и нема да
биде достапен по инсталацијата, бидејќи се наоѓа на оригиналната плочка со
податоци поставена на долната страна на уредот.
Обрнете посебно внимание на минималниот потребен простор и
расчистувањето.
Пред да ја поставите плотната на носачите, прицврстете ги носачите на двете
страни со испорачаните завртки.
Мин. 50 mm
ø6
x4
90 °
R3
560
±1
490±1
600
мин. 20
50
14_ инсталирање на плотната
CTR164NB01-BOL_MK.indd 14
2009-12-14
12:09:00
90 ° x 4
ø2
490
инсталирање на плотната
100
=
100
±1
=
инсталирање на плотната _15
CTR164NB01-BOL_MK.indd 15
2009-12-14
12:09:00
делови и функции
Зони за готвење
Единечна зона за готвење 1200 W
Единечна зона за готвење 1800 W
14
3
8
18
мм
мм
14
8
3
18
мм
мм
Контролна плоча
Единечна зона за готвење 1800 W
Единечна зона за готвење 1200 W
Контролна плоча
Индикатори за поставената јачина и преостанатата топлина
Контролен сензор за поставување
(контрола со лизгање)
Контролен сензор за “заклучување”
Копчиња за избор на зона за готвење
Контролен сензор за “вклучување/исклучување”
16_ делови и функции
CTR164NB01-BOL_MK.indd 16
2009-12-14
12:09:00
Компоненти
Носачи за
инсталирање
Завртки
Клучни карактеристики на вашиот уред
• Керамичко-стаклена површина за готвење: Уредот има керамичко-стаклена
површина за готвење и четири зони за готвење со брз одзив. Моќните
елементи за загревање со зрачење значително го намалуваат времето
потребно за загревање на зоните.
• Контролни сензори на допир: Управувањето со вашиот уред е преку
контролни сензори на допир.
• Едноставно чистење: Предноста на керамичко-стаклената површина за
готвење и контролните сензори е во достапноста за лесно чистење. Мазната и
рамна површина се чисти многу лесно.
• Сензор за вклучување/исклучување: Контролниот сензор за “вклучување/
исклучување” служи како одделен прекинувач за напојување. При допирот на
овој сензор напојувањето целосно се вклучува или исклучува.
• Контролни и функциски индикатори: Дигиталните екрани и светилките на
индикаторите нудат информации за поставеноста и активираните функции,
како и за присуството на преостаната топлина кај различните зони за готвење.
• Безбедносно исклучување: Безбедносното исклучување служи за автоматско
исклучување на зоните за готвење по истекувањето на одреден период
доколку поставките не се променети.
• Индикатор за преостаната топлина: На екранот ќе се појави мала слика за
преостанатата топлина доколку зоната за готвење е жешка и постои опасност
од изгореници.
• Дигитални екрани: Четирите екрански полиња се однесуваат на четирите зони
на готвење.
Тие ги прикажуваат следните информации:
-
уредот е вклучен,
-
до
за прилагодување на јачината,
-
преостаната топлина,
-
активирано е заклучувањето за деца
порака за грешка, сензорот регистрира допир со траење подолго
-
од 10 секунди.
-
порака за грешка, кога плотната е прегреана заради неправилно
функционирање. (на пример: користење со празен сад)
делови и функции
Керамичко-стаклена
плотна
делови и функции _17
CTR164NB01-BOL_MK.indd 17
2009-12-14
12:09:02
Безбедносно исклучување
Доколку некоја од зоните за готвење не биде исклучена или јачината не биде
променета одреден подолг период, таа автоматски ќе се исклучи.
Преостанатата топлина ќе биде означена со
(за “hot” - жешко) на дигиталниот
екран кој одговара на соодветната зона за готвење.
Зоните за готвење се исклучуваат според следните времиња.
Ниво на јачина
Исклучување
1-2
По 6 часа
3-4
По 5 часа
5-6
По 3 часа
7-9
По 1 час
Доколку плотната се прегрее заради неправилно функционирање, ќе се
прикаже
. Истовремено плотната ќе се исклучи.
Доколку една или повеќе зони се исклучат пред да измине поставеното
време, погледнете го делот “Отстранување на проблеми”.
Други причини за исклучување на зоните за готвење
Сите зони ќе бидат веднаш исклучени доколку се прелие течност и ја
зафати контролната плоча.
Автоматското исклучување исто така ќе се активира доколку поставите
влажна крпа на контролната плоча. Во овие случаи, уредот треба
повторно да се вклучи преку главниот контролен сензор за вклучување/
исклучување
откако ќе бидат отстранети течноста или крпата.
Индикатор за преостаната топлина
Кога ќе се исклучи плотната или одредена зона за готвење, присуството на
преостаната топлина ќе биде означено со
(за “hot” - жешко) на дигиталниот екран
кој одговара на соодветната зона. Дури и по исклучувањето на зоната за готвење,
индикаторот за преостаната топлина ќе се исклучи дури откога зоната ќе се излади.
Можете да ја користите преостанатата топлина за одмрзнување или подгревање на
храната.
Се додека свети индикаторот за преостаната топлина, постои опасност од
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
изгореници.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку дојде до прекин на напојувањето, симболот
ќе се изгасне и
информацијата за преостанатата топлина нема да биде достапна. Сепак,
сè уште може да дојде до изгореници. Ова може да се избегне доколку
секогаш внимавате кога сте во близина на плотната.
Откривање на температурата
Ако заради каква било причина температурата на некоја од зоните за готвење го
надмине безбедносното ниво, зоната за готвење автоматски ќе биде префрлена
на пониско ниво на јачина.
18_ делови и функции
CTR164NB01-BOL_MK.indd 18
2009-12-14
12:09:02
пред да започнете
Почетно чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Немојте да користите каустични или абразивни средства за чистење. Може
да дојде до оштетување на површината.
пред да започнете
Пребришете ја керамичко-стаклената површина со влажна крпа и средство за
чистење на керамичко-стаклени плочи.
пред да започнете _19
CTR164NB01-BOL_MK.indd 19
2009-12-14
12:09:02
употреба на плотната
Употреба на соодветни садови
Соодветните садови даваат подобри резултати.
• Добриот сад се познава по дното. Дното треба да биде колку е можно
подебело и порамно.
• При купувањето на садови, обрнете посебно внимание на пречникот на дното.
Производителите често го наведуваат само пречникот на горниот раб од садот.
• Садовите со алуминиумско или бакарно дно можат да предизвикаат
избледување на керамичко-стаклената површина. Избледувањето е речиси
невозможно да се отстрани.
• Не употребувајте садови кои имаат оштетена основа и нерамнини. Ако таков
сад се повлече по површината на плочата, таа може трајно да се изгребе.
• Кога е ладен, садот вообичаено има дно свиткано навнатре (конкавно).
Неговото дно не смее да биде свиткано нанадвор (конвексно).
• Доколку сакате да употребувате посебен вид на садови, како на пример,
експрес лонец или вок, ве молиме прочитајте го упатството од производителот.
Совети за заштеда на енергија
Можете да заштедите енергија доколку се придржувате кон следните совети.
• Секогаш прво поставете ги
тенџерињата и тавите пред да ги
вклучите зоните за готвење.
• Валканатата површина за
готвење како и нечистото дно
на садовите ја зголемуваат
потрошувачката на енергија.
• Доколку е можно, покријте го
садот целосно со капак.
Правилно!
Неправилно!
• Исклучете ги зоните за готвење
пред да истече времето на
готвење за да се искористи
преостанатата топлина за
подгревање или одмрзнување.
• Дното на садот треба да има
иста големина со зоната за
готвење.
• Со употреба на експрес лонец се
намалува времето на готвење до
50 %.
20_ употреба на плотната
CTR164NB01-BOL_MK.indd 20
2009-12-14
12:09:03
Употреба на контролните сензори на допир
Вклучување на уредот
1. Допирајте го контролниот сензор за заклучување
3 секунди.
околу
2. Уредот се вклучува со помош на контролниот сензор за вклучување/
исклучување .
Допирајте го контролниот сензор за вклучување/исклучување
1 секунда.
На дигиталниот екран ќе се прикаже .
употреба на плотната
Контролните сензори на допир се употребуваат така што саканиот сензор се
допира со врвот на прстите сè додека соодветниот екран не засвети или не се
изгасне, или додека не се активира саканата функција.
Кога го употребувате уредот притиснувајте само еден сензор во даден момент.
Ако со прстот допирате поголема површина, соседниот сензор може да се
активира.
околу 1 сек.
Откако ќе го вклучите уредот со контролниот сензор за
вклучување/исклучување , за околу 10 секунди треба да
поставите одредена јачина на готвење. Во спротивно, уредот самиот
ќе се исклучи заради безбедносни причини.
употреба на плотната _21
CTR164NB01-BOL_MK.indd 21
2009-12-14
12:09:03
Избор на зона за готвење и ниво на јачина
1. За да изберете зона за готвење, допрете го соодветното копче за
зоната за готвење.
2. За поставување и прилагодување на нивото на јачина (
до
) за
готвење, допрете ги копчињата за прилагодување на јачината
(
или
).
За побрзо прилагодување, држете го прстот на копчињата за
прилагодување на јачината (
или
) додека не се прикаже
саканата вредност.
Ако повеќе од еден сензор е притиснат подолго од 10 секунди, ќе се
прикаже симболот
. За ресетирање, допрете го контролниот
сензор за вклучување/исклучување .
Можете да го користите лизгачкиот контролен сензор за
прилагодување на нивото на јачина.
22_ употреба на плотната
CTR164NB01-BOL_MK.indd 22
2009-12-14
12:09:04
Исклучување на уредот
За целосно исклучување на уредот, употребете го контролниот сензор за
вклучување/исклучување .
Допрете го контролниот сензор за вклучување/исклучување .
употреба на плотната
По исклучување на една зона или на целата површина за готвење, на
дигиталниот екран на соодветната зона за готвење ќе се прикаже
(за “hot” - жешко) како индикатор за преостанатата топлина.
Исклучување на зона за готвење
За исклучување на одредена зона за готвење, поставете го нивото на
јачина на
со помош на контролната плоча и сензорите на допир
или
контролниот сензор.
За побрзо исклучување, допрете го двапати соодветното копче за
зоната за готвење.
употреба на плотната _23
CTR164NB01-BOL_MK.indd 23
2009-12-14
12:09:04
Употреба на безбедносното заклучување за деца
Безбедносното заклучување за деца се користи за заштита од ненамерно
вклучување и активирање на површината за готвење.
Вклучување на безбедносното заклучување за деца
1. Допирајте го контролниот сензор за заклучување
Како потврда ќе чуете звучен сигнал.
околу 3 секунди.
околу 3 сек.
2. Допрете кој било сензор за поставување на ниво на јачина.
ќе се прикаже на екранот, означувајќи дека безбедносното
заклучување за деца е активирано.
Исклучување на безбедносното заклучување за деца
1. Допирајте го контролниот сензор за заклучување
Како потврда ќе чуете звучен сигнал.
околу 3 секунди.
около 3 сек.
24_ употреба на плотната
CTR164NB01-BOL_MK.indd 24
2009-12-14
12:09:05
Заклучување и отклучување на контролната плоча
Во која било фаза од готвењето, контролната плоча може да се блокира, со исклучок
на сензорот за “вклучување/исклучување”, за да се оневозможи случајна промена на
поставените вредности, како на пример, при бришење на плочата со крпа.
1. Допирајте го контролниот сензор за заклучување околу 3 секунди. Индикаторот
на сензорот за заклучување ќе засвети. Контролните сензори се заклучени.
2. За да отклучите контролен сензор, држете го сензорот за заклучување околу 3
секунди. Индикаторот на сензорот за заклучување ќе се изгасне.
употреба на плотната
околу 3 сек.
Предлози за поставување на плотната при
готвење на одредена храна
Податоците во табелата нека ви послужат како упатство. Степенот на јачина за
различни начини на готвење зависи од повеќе елементи, како што се квалитетот
на садовите за готвење или пак количината на храната која се подготвува.
Поставена
јачина
Начин на
готвење
9
Подгревање
Потпржување
Пржење
8
Примери за користење
Загревање голема количина течност, варење
тестенини, динстање месо (гулаш, варење месо)
7
Интензивно
Пржење
6
Пржење
Шницла / парчиња месо, џигер, риба, ќофтиња,
пржени јајца
Варење
Варете течност до 1,5 литар, компири, зеленчук
2
Варење на пареа
Динстање
Варење
Варење на пареа и динстање на мала количина
зеленчук, варење ориз и млечни оброци
1
Топење
5
4
3
Стек, говедски бифтек, помфрит, колбаси,
палачинки / шкотски палачинки
Топење путер, желатин, топење чоколада
Забелешки
• Нивоата на јачина при готвење во табелата се наведени како
ориентационо упатство.
• Потребно е да го прилагодите нивото на јачина во зависност од видот на
садот и храната.
употреба на плотната _25
CTR164NB01-BOL_MK.indd 25
2009-12-14
12:09:05
чистење и одржување
Плотна
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Средствата за чистење не смеат да дојдат во контакт со загреаната
керамичко-стаклена површина: По чистењето, средствата за чистење
треба да се отстранат со доволна количина на чиста вода, бидејќи тие
може да предизвикаат нагризување на плочата кога таа ќе се загрее. Не
употребувајте јаки абразивни средства како на пример спрејови за скари
и рерни, сунѓери за чистење или абразивни средства наменети за чистење
на тави.
Исчистете ја керамичко-стаклената плоча по секоја употреба додека таа
е сè уште топла. Ова ќе оневозможи загорување на истурената храна на
површината. Отстранете го бигорот, трагите од вода и запечените масни
капки со помош на комерцијалните средства за чистење на керамичко стакло
или метал што не 'рѓосува.
Помали нечистотии
1. Избришете ја керамичко-стаклената површината со влажна крпа.
2. Пребришете со сува чиста крпа. На површината не треба да останат
траги од средствата за чистење.
3. Еднаш неделно комплетно исчистете ја керамичко-стаклената површина
за готвење со соодветно средство за чистење на керамичко стакло или
метал што не 'рѓосува.
4. Избришете ја керамичко-стаклената површина со доволна количина
чиста вода и пребришете со сува крпа која не остава мали влакна.
Тврдокорни нечистотии
1. За отстранување на храната која е претечена и на тврдокорните дамки,
употребете ја гребалката за стакло.
2. Поставете ја гребалката за стакло на керамичко-стаклената површина
под одреден агол.
3. Отстранете ја нечистотијата со гребење со помош на остриот дел.
Гребалката за стакло и средствата за
чистење на керамичко стакло се достапни во
специјализирани продавници.
26_ чистење и одржување
CTR164NB01-BOL_MK.indd 26
2009-12-14
12:09:06
Проблематични нечистотии
1. Отстранете ги веднаш прегорениот шеќер, стопената пластика,
алуминиумската фолија и останатите материјали со гребалката за
стакло додека сè уште се топли.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои можност да се изгорите при ракување со гребалката за
стакло додека површината за готвење е загреана:
Ако на површината за готвење се дозволи да се излади нешто што
претходно се растопило, при чистењето повторно загрејте ја површината.
Гребаниците и темните дамки на керамичкостаклената површина предизвикани, на пример, од
тава со остри рабови, не можат да се отстранат.
Сепак, тие не ја намалуваат функционалноста на
плочата.
чистење и одржување
2. Кога ќе се излади плотната, исчистете ја на вообичаениот начин.
Рамка на плотната (ОПЦИЈА)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не употребувајте оцет, сок од лимон или средство за отстранување на
бигор на рамката на плотната; можат да се појават темни дамки.
1. Избришете ја рамката со влажна крпа.
2. Исушените дамки навлажнете ги со водена крпа. Исчистете и пребришете со
сува крпа.
За да не го оштетите уредот
• Не употребувајте ја површината за готвење како работна површина или
како површина за оставање предмети.
• Не вклучувајте ја површината за готвење доколку на неа нема сад или пак
садот е празен.
• Керамичкото стакло е многу цврсто и отпорно на температурни промени,
но сепак може да се скрши.
Тоа може да се оштети доколку на него падне остар или тежок предмет.
• Не ставајте садови на рамката. Рамката може да се изгребе или оштети.
• Избегнувајте преливање со киселини, како на пример, оцет, сок од лимон
и средства за отстранување на бигор на рамката на плотната, за да не
дојде до создавање на темни дамки.
• Ако шеќер или храна која содржи шеќер дојде во контакт со загреаната
површина за готвење и се истопи, исчистете веднаш со гребалката додека
нечистотијата е сè уште топла. Ако се дозволи нечистотијата да се излади,
таа при отсранувањето може да ја оштети плочата.
• Материјалите кои може да се стопат, како на пример, пластиката,
алуминиумските фолии и фолиите за рерна, држете ги подалеку од
керамичко-стаклената површина. Ако некој од овие материјали се стопи
на површината за готвење, веднаш отстранете го со помош на гребалката.
чистење и одржување _27
CTR164NB01-BOL_MK.indd 27
2009-12-14
12:09:06
гаранција и сервис
Најчесто поставувани прашања и
отстранување на проблеми
Може да дојде до посериозно оштетување како резултат на помали дефекти,
кои самите можете да ги поправите со помош на следните упатства. Не вршете
понатамошни поправки доколку следните упатства не ви помогнат во вашиот случај.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Поправката на уредот треба да се изврши од страна на квалификуван сервисер.
Нестручно изведената поправка претставува ризик за корисникот на уредот.
Доколку вашиот уред треба да се поправи, обратете се до сервисниот центар.
Што да направам доколку не функционираат зоните за
готвење?
Проверете дали:
• Осигурувачот од напојувањето (во кутијата за осигурувачи) е исправен.
Ако осигурувачот избива неколку пати, повикајте овластен електричар.
• Уредот е соодветно вклучен.
• Контролните индикатори на контролната плоча светат.
• Зоната за готвење е вклучена.
• Зоните за готвење се поставени на соодветното ниво на јачина.
Што да направам доколку зоните за готвење не може да се
вклучат?
Проверете дали:
• Поминува време подолго од 10 секунди од притиснувањето на копчето
за вклучување/исклучување до вклучувањето на површината за готвење
(погледнете го делот “Вклучување на уредот”).
• Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.
Што да направам ако екранот одеднаш исчезне и остане
само индикаторот за преостанатата топлина ?
Ова може да се случи заради две причини:
• Сензорот за вклучување/исклучување случајно е активиран.
• Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.
Што да направам ако по исклучувањето на зоните за
готвење, индикаторот за преостанатата топлина не се
прикажува на екранот?
Проверете дали:
• Зоната за готвење сте ја употребиле многу кратко време и заради тоа
не се загреала доволно. Доколку зоната за готвење е загреана, ве
молиме повикајте го сервисниот центар.
Што да направам ако зоната за готвење не може да се
вклучи или исклучи?
Ова може да се случи заради две причини:
• Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.
• Безбедносното заклучување за деца е активирано.
Што да направам доколку
екранот е осветлен?
28_ гаранција и сервис
CTR164NB01-BOL_MK.indd 28
2009-12-14
12:09:06
Проверете дали:
• Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност. За да
продолжите, притиснете го контролниот сензор за “вклучување/исклучување”.
Што значи кога грејниот дел не свети црвено?
Што да направам доколку
екранот е осветлен?
Проверете дали:
• Плотната е прегреана заради неправилно функционирање.
• Откако плотната ќе се излади, притиснете го контролниот сензор за
“вклучување/исклучување” заради ресетирање.
Доколку го повикате сервисот заради неправилно ракување со уредот,
посетата од страна на техничкото лице може да ви биде наплатена иако сè
уште трае гаранцискиот период.
гаранција и сервис
• Избраната температурата на зоната за готвење се прилагодува со сензор
кој го вклучува и исклучува греењето, така што површината за готвење
нема постојано да свети црвено. Доколку изберете помало ниво на јачина,
загревањето ќе се вклучува и исклучува многу почесто отколку кај повисоките
нивоа. Загревањето исто така се вклучува и исклучува и кај повисоките нивоа.
Сервис
Пред да побарате помош или поправка, ве молиме разгледајте го делот
“Отстранување на проблеми”.
Доколку сè уште ви е потребна помош, следете ги упатствата подолу.
Дали грешката е од техничка природа?
Доколку е така, ве молиме обратете се до сервисниот центар.
Секогаш однапред подгответе се за разговорот. Ова ќе го олесни процесот на
дијагноза на проблемот и одлуката дали посетата на лице од сервисот е неопходна.
Ве молиме запишете ги следните информации.
• Каков е описот на проблемот?
• Под кои околности се случува проблемот?
Пред повикот, ве молиме да го забележите моделот и серискиот број на вашиот
уред. Овие информации се дадени на плочката со податоци во следниот облик:
• Опис на моделот
• S / N код (10 цифри)
Ви препорачуваме тука да ги запишете информациите за полесен пристап.
Модел:
Сериски број:
Кога можат да се појават трошоци за вас дури и за време
на гаранцискиот рок?
• доколку самите сте можеле да го отстраните проблемот со примена на
некое од решенијата наведени во делот “Отстранување на проблеми”.
• доколку техничкото лице од сервисот мора да направи повеќе повици
до сервисот бидејќи не сте ги дале сите релевантни информации пред
посетата, по што како резултат, на пример, лицето ќе мора повторно да
патува по резервни делови. Подготовката пред повикот според горните
совети ќе ги заштеди трошоците за ваквите патувања.
гаранција и сервис _29
CTR164NB01-BOL_MK.indd 29
2009-12-14
12:09:06
технички податоци
Технички податоци
Димензии на уредот
Димензии на отсекување
на работната површина
Широчина
575 mm
Длабочина
505 mm
Височина
55 mm
Широчина
560 mm
Длабочина
490 mm
3 mm
Радиус во аглите
220 - 240 V ~ 50/60 Hz
Напон на поврзување
Максимална оптовареност при поврзување
Тежина
5.5 - 6.5 kW
Нето
7.5 kg
Бруто
10.0 kg
Кругови за готвење
Позиција
Пречник
Јачина
Преден лев
183 mm
1800 W
Заден лев
148 mm
1200 W
Заден десен
183 mm
1800 W
Преден десен
148 mm
1200 W
30_ технички податоци
CTR164NB01-BOL_MK.indd 30
2009-12-14
12:09:06
забелешки
31
CTR164NB01-BOL_MK.indd 31
2009-12-14
12:09:06
Код бр.:DG68-00281A-01
CTR164NB01-BOL_MK.indd 32
2009-12-14
12:09:07
Download PDF