Samsung | AR18KSPDBWKN | Samsung AR7500 Zidna klima sa instant hlađenjem, 17060 Btu/hr Benutzerhandbuch

ПРАШАЊА ИЛИ КОМЕНТАРИ?
ЗЕМЈА
ЈАВЕТЕ СЕ
ИЛИ ПОСЕТЕТЕ НÈ ОНЛАЈН НА
UK
EIRE
www.samsung.com/uk/support
www.samsung.com/ie/support
PORTUGAL
LUXEMBURG
NETHERLANDS
0330 SAMSUNG (7267864)
0818 717100
0180 6 SAMSUNG bzw.
0180 6 7267864*
(*0,20 €/Anruf aus dem dt. Festnetz, aus dem Mobilfunk max. 0,60 €/Anruf)
[HHP] 0180 6 M SAMSUNG bzw.
0180 6 67267864*
(*0,20 €/Anruf aus dem dt. Festnetz, aus dem Mobilfunk max. 0,60 €/Anruf)
01 48 63 00 00
800-SAMSUNG (800.7267864)
0034902172678
[HHP] 0034902167267
808 20 7267
261 03 710
0900-SAMSUNG (0900-7267864) (€ 0,10/Min)
BELGIUM
02-201-24-18
NORWAY
DENMARK
FINLAND
SWEDEN
815 56480
70 70 19 70
030-6227 515
0771 726 7864 (0771-SAMSUNG)
801-172-678* lub +48 22 607-93-33*
Dedykowana infolinia do obsługi zapytań dotyczących telefonów komórkowych:
801-672-678* lub +48 22 607-93-33*
* (koszt połączenia według taryfy operatora)
0680SAMSUNG (0680-726-786)
0680PREMIUM (0680-773-648)
0800-SAMSUNG (0800-7267864)
[Only for Premium HA] 0800-366661
[Only for Dealers] 0810-112233
GERMANY
FRANCE
ITALIA
SPAIN
POLAND
HUNGARY
AUSTRIA
SWITZERLAND
CZECH
SLOVAKIA
CROATIA
BOSNIA
MONTENEGRO
SLOVENIA
SERBIA
BULGARIA
ROMANIA
CYPRUS
GREECE
LITHUANIA
LATVIA
ESTONIA
0800 726 78 64 (0800-SAMSUNG)
800 - SAMSUNG
(800-726786)
0800 - SAMSUNG
(0800-726 786)
072 726 786
055 233 999
020 405 888
080 697 267 (brezplačna številka)
011 321 6899
*3000 Цена в мрежата
0800 111 31 , Безплатна телефонна линия
*8000 (apel in retea)
08008-726-78-64 (08008-SAMSUNG) Apel GRATUIT
8009 4000 only from landline, toll free
80111-SAMSUNG (80111 726 7864) only from land line
(+30) 210 6897691 from mobile and land line
8-800-77777
8000-7267
800-7267
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 32
К
П
AR
www.samsung.com/de/support
••
••
www.samsung.com/fr/support
www.samsung.com/it/support
www.samsung.com/es/support
www.samsung.com/pt/support
www.samsung.com/be_fr/support
www.samsung.com/nl/support
www.samsung.com/be/support (Dutch)
www.samsung.com/be_fr/support (French)
www.samsung.com/no/support
www.samsung.com/dk/support
www.samsung.com/fi/support
www.samsung.com/se/support
www.samsung.com/pl/support
www.samsung.com/hu/support
www.samsung.com/at/support
www.samsung.com/ch/support (German)
www.samsung.com/ch_fr/support (French)
www.samsung.com/cz/support
www.samsung.com/sk/support
www.samsung.com/hr/support
www.samsung.com/support
www.samsung.com/support
www.samsung.com/si
www.samsung.com/rs/support
www.samsung.com/bg/support
www.samsung.com/ro/support
www.samsung.com/gr/support
www.samsung.com/lt/support
www.samsung.com/lv/support
www.samsung.com/ee/support
2016/4/8 9:20:28
Клима-уред
Прирачник за употреба
ARKSPD
•• Ви благодариме што го купивте овој клима-уред на Samsung.
•• Пред да почнете да ја користите оваа единица, внимателно прочитајте го овојприрачник за корисникот и зачувајте го за
натамошно користење.
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 1
2016/4/8 9:20:28
Содржина
Информации за безбедност
4
Информации за безбедност
4
Брз преглед
12
Преглед на внатрешната единица
12
Дисплеј
Преглед на далечинскиот управувач
13
Ставање на батериите
Работење со далечинскиот управувач
14
Режими на работење
Регулирање на температурата
Регулирање на брзината на вентилаторот
Регулирање на насоката на движење на воздухот
Енергетски паметни одлики
16
Ракување со ладењето
16
Режим Cool
Функција на ладење 2-Step
Ракување со одвлажнувањето
17
Режим Dry
Ракување со прочистувањето на воздухот
17
Функција Virus doctor
Ракување со греењето
18
Режим Heat
Брзи паметни одлики
19
Режим Auto
Режим Fan
Функција Fast
Функција Comfort
Функција за бип-тон
Функција Quiet
Функција за осветлување на дисплејот
Функција Wi-Fi
(Апликација Паметен клима-уред)
Одлики за заштеда на енергија
23
Ракување со штедењето енергија
23
Проверка на потрошувачката на енергија
2 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 2
2016/4/8 9:20:28
Функција Single user
Функција Временско вкл./Временско искл.
Функција good’sleep
Чистење и одржување
27
Брзо чистење
27
Решавање проблеми
29
Правилно депонирање на овој производ
(Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот,
слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век.
За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги
одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно
користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за
детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој
производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
Правилно отстранување на батериите на овој производ
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на батеријата, напишана рачно или на пакувањето означува дека батериите на овој производ не треба да се фрлаат со
друг отпад во домаќинството откако ќе престанат да работат. Каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека
батеријата содржи жива, кадмиум или олово над пожелното ниво според Директивата на ЕC 2006/66. Доколку батериите не се правилно
отстранети, овие супстанции можат да претставуваат закана за човековото здравје или за животната средина.
Со цел заштитување на природните ресурси и за промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од друг
вид на отпад и рециклирајте ги преку локален систем за слободно враќање на батерии.
За повеќе информации во врска со определбите на компаниjата Samsung за заштита на животната средина и посебните законски обврски
за производите, како на пр. REACH, посетете ја веб-страницата:samsung.com/uk/aboutsamsung/samsungelectronics/corporatecitizenship/
data_corner.html
Македонски 3
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 3
2016/4/8 9:20:28
Информации за безбедност
Информации за безбедност
Информации за безбедност
Пред да почнете да го користете вашиот нов клима-уред, ве молиме детално да го
прочитајте овој прирачник за да се осигурите дека знаете безбедно и ефикасно да
ракувате со опширните одлики и функции на вашиот нов уред.
Поради тоа што дадените упатства за ракување опфаќаат различни модели,
карактеристиките на вашиот клима-уред може малку да се разликуваат од оние
опишани во овој прирачник. Доколку имате какви било прашања, јавете се во
најблискиот контакт-центар или побарајте помош и информации онлајн на www.
samsung.com.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасните или небезбедни практики може да резултираат со сериозни повреди или
смрт.
ВНИМАНИЕ
Опасните или небезбедни практики може да резултираат со помали лични
повреди или материјална штета.
Следете ги упатствата.
НЕ обидувајте се.
Проверете дали машината е заземјена за да се спречи електричен удар.
Исклучете го електричното
напојување.
НЕ расклопувајте.
ЗА ИНСТАЛАЦИЈА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете напоен кабел со спецификации за електрично напојување на
овој производ или подобар и користете го напојниот кабел само за овој
уред. И, не користете продолжен кабел.
• Продолжувањето на напојниот кабел може да резултира со електричен
удар или пожар.
• Не користете електричен трансформатор. Тоа може да предизвика
електричен удар или пожар.
4 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 4
2016/4/8 9:20:28
Инсталацијата на овој уред мора да ја изврши квалификуван техничар
или компанија за сервисирање.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија,
проблеми со производот или повреди, а гаранцијата за инсталираниот
производ може да престане да важи.
Информации за безбедност
• Доколку напонот/фреквенцијата/номиналната струја се различни, тоа
може да предизвика пожар.
Инсталирајте прекинувач за одвојување веднаш до клима-уредот
(но не на плочите на клима-уредот) и автоматска склопка наменета за
клима-уредот.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар или пожар.
Цврсто прицврстете ја надворешната единица, така што
електричниот дел од надворешната единица нема да биде изложен.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија, или
проблеми со производот.
Не инсталирајте го овој уред до грејно тело или до запалив материјал. Не
инсталирајте го овој уред на место со влага, масла или прав, или на место
изложено на директна сончева светлина и вода (или дожд). Не инсталирајте
го овој уред на место каде што може да истекува гас.
• Тоа може да предизвика електричен удар или пожар.
Никогаш не инсталирајте ја надворешната единица на место како што е
висок надворешен ѕид од каде што може да падне.
• Доколку надворешната единица падне, тоа може да предизвика повреда,
смрт или материјална штета.
Овој уред мора да биде прописно заземјен. Не заземјувајте го уредот
на гасоводна цевка, пластична цевка за вода или телефонска линија.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар, пожар и експлозија.
• Осигурете се дека се користи штекер со заземјување.
Македонски 5
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 5
2016/4/8 9:20:28
Информации за безбедност
ВНИМАНИЕ
Покријте го климатизерот со ПE ВРЕЌА по монтирањето и извадете ја
кога ќе започнете да го употребувате климатизерот.
Инсталирајте го вашиот уред на рамен и цврст под што може да ја
издржи неговата тежина.
• Во спротивно, може да дојде до абнормални вибрации, бучава или
проблеми со производот.
Прописно инсталирајте го одводното црево, така што водата правилно
ќе истекува.
• Во спротивно, може да дојде до претекување на водата и материјална
штета. Избегнувајте да го приклучите одводот на канализацискиот одвод
бидејќи по некое време може да се појави мирис.
Кога ја инсталирате надворешната единица, осигурете да се приклучи
одводното црево за да има правилно истекување.
• Водата собрана за време на загревањето од страна на надворешната
единица може да се прелее и да резултира со материјална штета.
Особено во зима, доколку падне блок од мраз, може да дојде до повреда,
смрт или материјална штета.
ЗА ЕЛЕКТРИЧНОТО НАПОЈУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Кога автоматската склопка е оштетена, јавете се во најблискиот центар
за сервисирање.
Немојте прекумерно да го тегнете или виткате напојниот вод. Немојте
да го усукувате или врзувате напојниот вод. Немојте да го закачувате
напојниот вод на метален објект, немојте да поставувате тежок
предмет на напојниот вод, немојте да го ставате напојниот вод меѓу
објекти или да го буткате во просторот зад уредот.
6 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 6
2016/4/8 9:20:29
Информации за безбедност
• Тоа може да предизвика електричен удар или пожар.
ВНИМАНИЕ
Кога не го користите клима-уредот подолг период или за време
на невреме со грмотевици/молњи, исклучете го напојувањето со
автоматската склопка.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар или пожар.
ЗА КОРИСТЕЊЕТО
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку уредот се поплави, ве молиме јавете се во најблискиот центар
за сервисирање.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар или пожар.
Доколку уредот создава необична бучава, мирис на изгорено или
чад, веднаш исклучете го електричното напојување и јавете се во
најблискиот центар за сервисирање.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар или пожар.
Во случај на истекување на гас (како на пример пропан гас, ТНГ, итн.),
веднаш проветрете без да го допирате напојниот вод. Не допирајте го
уредот или напојниот вод.
• Не користете вентилатор за проветрување.
• Една искра може да предизвика експлозија или пожар.
За да го преинсталирате клима-уредот, ве молиме јавете се во
најблискиот центар за сервисирање.
• Во спротивно, може да се појават проблеми со производот, истекување на
вода, електричен удар или пожар.
• За производот не е обезбедена испорака. Доколку го преинсталирате
производот на друга локација, ќе бидат наплатени дополнителни градежни
трошоци и надомест за инсталација.
Македонски 7
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 7
2016/4/8 9:20:29
Информации за безбедност
• Особено, кога сакате да го инсталирате производот на необична локација
како што е индустриска област или близу до морски брег, каде што е
изложен на солта од воздухот, ве молиме јавете се во најблискиот центар
за сервисирање.
Не допирајте ја автоматската склопка со водени раце.
• Тоа може да предизвика електричен удар.
Не исклучувајте го клима-уредот со автоматската склопка додека
работи.
• Исклучувањето и повторното вклучување на клима-уредот со автоматската
склопка може да предизвика искра и да резултира со електричен удар или
пожар.
По распакувањето на клима-уредот, чувајте ги сите материјали од
пакувањето надвор од дофатот на деца, затоа што материјалите од
пакувањето можат да бидат опасни за децата.
• Ако детето ја стави главата во кеса, може да дојде до задушување.
За време на греење не допирајте ја перката за насочување на
движењето на воздухот со рацете или со прстите.
• Тоа може да предизвика електричен удар или изгореници.
Не ставајте ги прстите или надворешни предмети во отворот за влез/
излез на воздухот од клима-уредот.
• Особено внимавајте да не се повредат децата со ставање на прстите во
производот.
Не удирајте го или не влечете го клима-уредот со прекумерна сила.
• Тоа може да предизвика пожар, повреда или проблеми со производот.
Не ставајте предмет близу до надворешната единица, преку кој децата
ќе можат да се качат на машината.
• Тоа може да предизвика сериозни повреди кај децата.
Не користете го клима-уредот во текот на подолги периоди на слабо
проветрени места или близу до болни лица.
8 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 8
2016/4/8 9:20:29
Информации за безбедност
• Бидејќи тоа може да биде опасно поради недостигот на кислород,
отворете прозорец барем еднаш на еден час.
Доколку некоја надворешна материја, како што е вода, навлезе
во уредот, исклучете го електричното напојување и јавете се во
најблискиот центар за сервисирање.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар или пожар.
Не обидувајте се сами да го поправате, расклопите или измените
уредот.
• Не користете каков било друг осигурувач (како на пример бакарни,
челични жички, итн.) освен стандарден осигурувач.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар, пожар, проблеми со
производот или повреда.
ВНИМАНИЕ
Не ставајте предмети или уреди под внатрешната единица.
• Водата што истекува од внатрешната единица може да предизвика пожар
или материјална штета.
Најмалку еднаш годишно проверувајте дали рамката за инсталирање
на надворешната единица е скршена.
• Во спротивно, може да дојде до повреда, смрт или материјална штета.
Максималната струја е мерена според IEC стандардот за безбедност, а
струјата е мерена според ISO стандардот за енергетска ефикасност.
Немојте да стоите врз овој уред, ниту да ставате предмети (како на
пример алишта, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии,
метални предмети, итн.) врз него
• Тоа може да доведе до електричен удар, пожар, проблеми со производот
или повреда.
Не ракувајте со уредот со водени раце.
• Тоа може да предизвика електричен удар.
Македонски 9
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 9
2016/4/8 9:20:29
Информации за безбедност
Не прскајте испарливи материи на површината на уредот, како што е
инсектицид.
• Освен што е штетно за луѓето, тоа исто така може да предизвика
електричен удар, пожар или проблеми со производот.
Немојте да ја пиете водата од клима-уред.
• Водата може да е штетна за луѓето.
Не притискајте силно на далечинскиот управувач и не расклопувајте го.
Не допирајте ги цевките поврзани со производот.
• Тоа може да доведе до изгореници или повреда.
Не користете го овој клима-уред за чување прецизна опрема,
храна, животни, растенија или козметика, или за какви било други
невообичаени намени.
• Тоа може да предизвика материјална штета.
Избегнувајте директно изложување на луѓето, животните или
растенијата на текот на воздухот од клима-уредот на подолг временски
период.
• Тоа може да предизвика повреда на луѓето, животните или растенијата.
Овој уред не е наменет за користење од страна на лица (вклучувајќи
и деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности
или лица без искуство и познавање, без надзор или упатства во врска
со користењето на уредот од страна на лице одговорно за нивната
безбедност. Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека
нема да си играат со уредот.
За користење во Европа: Овој уред може да го користат деца на
возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку
истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на
уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата
не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го вршат деца без соодветен надзор.
10 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 10
2016/4/8 9:20:29
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не чистете го уредот со прскање вода директно на него. Не користете
бензен, разредувач или алкохол за да го чистите уредот.
• Тоа може да предизвика менување на бојата, деформација, оштетување,
електричен удар или пожар.
Пред чистењето или одржувањето, исклучете го електричното
напојување и почекајте вентилаторот да запре.
• Во спротивно, може да дојде до електричен удар или пожар.
Информации за безбедност
ЗА ЧИСТЕЊЕТО
ВНИМАНИЕ
Внимавајте при чистењето на површината на разменувачот на топлина
од надворешната единица затоа што има остри рабови.
• Тоа треба да се изврши од страна на квалификуван техничар. Ве молиме
јавете се на монтажерот или центарот за сервисирање.
Не чистете ја сами внатрешноста на клима-уредот.
• За чистење на внатрешноста на уредот, јавете се во најблискиот центар за
сервисирање.
• При чистење на филтерот, погледнете го описот во делот „Брзо чистење“.
• Во спротивно, може да дојде до оштетување, електричен шок или пожар.
Македонски 11
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 11
2016/4/8 9:20:29
Брз преглед
Преглед на внатрешната единица
Конкретниот производ може малку да се разликува од сликите кои се дадени подолу.
05
01
06
02
07
08
03
09
Брз преглед
04
10
01 Внес на воздух
06 Wi-Fi модул
02 Филтер за воздух
07 Сијаличка за функцијата Virus doctor
03 Перка за насочување на воздухот (горе и долу)
08 Дисплеј
04 Перка за насочување на воздухот (лево и десно)
09 Копче вкл/искл / Приемник за далечинскиот управувач
05 Сензор за собна температура
10 (Внатрешност) Virus doctor
Дисплеј
01 Индикатор за температура
Индикатор за ресетирање на филтерот ( )
Индикатор за потрошувачката на електричната
енергија
Индикатор за автоматско чистење ( )
Индикатор за одмрзнување ( )
01
02
03
02 Индикатор за тајмер
Индикатор за функцијата good'sleep
Индикатор за автоматско чистење
03 Индикатор за Wi-Fi
12 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 12
2016/4/8 9:20:29
Преглед на далечинскиот управувач
01 Индикатор за поставената температура
05
01
02
04 Индикатор за опциите
07
05 Индикатор за празна батерија
09
04
10
17
06 Индикатор за праќање команда
07 Индикатор за брзина на вентилаторот
08 Индикатор за вертикалното менување на насоката на
движење на воздухот
09 Индикатор за хоризонталното менување на насоката
на движење на воздухот
10 Индикатор за поставките
11 Копче вкл/искл
12
18
Брз преглед
16
11
03 Индикатор за режимот на работа
06
08
03
02 Индикатор за опциите на тајмерот
12 Копче за температура
13 Копче за опциите
14 Копче за тајмерот
13
14
19
15 Копче за насока / Копче за избирање
20
16 Копче за вертикално менување на насоката на
движење на воздухот
17 Копче за избор на режим
21
15
18 Копче за брзина на вентилаторот
19 Копче за хоризонтално менување на насоката на
движење на воздухот
20 Копче за поставки
21 Копче за поставување
Ставање на батериите
НАПОМЕНА
• Описите во овој прирачник главно се темели на
копчињата од далечинскиот управувач.
• Иако d'light Cool е прикажан на дисплејот на
далечинскиот управувач, тој не е достапен за овој
модел.
две батерии од типот AAA од 1,5V
Македонски 13
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 13
2016/4/8 9:20:30
Работење со далечинскиот управувач
Клима-уредот можете лесно да го користите со избирање режим, а потоа со регулирање на температурата, брзината на
вентилаторот и насоката на воздухот.
Режими на работење
Тековниот режим можете да го менувате во Auto, Cool, Dry, Fan и Heat со
притискање на копчето
.
Регулирање на температурата
Во избраниот режим можете да ја регулирате температурата на следниов
начин:
Брз преглед
Режим
Контрола на температура
Auto/Cool/Heat
Поставете од 16 °C до 30 °C со чекор од 1 °C.
Dry
Поставете од 18 °C до 30 °C со чекор од 1 °C.
Fan
Не можете да ја регулирате температурата.
НАПОМЕНА
Режимите Cool, Dry и Heat можете да ги користите во следниве услови:
Режим
Cool
Dry
Heat
Внатрешна
температура
16 °C до 32 °C
18 °C до 32 °C
27 °C или помалку
Надворешна
температура
-10 °C до 46 °C
-10 °C до 46 °C
-15 °C до 24 °C
Влажност на
внатрешниот
воздухот
80% или помала
релативна
влажност на
воздухот
_
_
• Доколку клима-уредот работи подолг временски период во режимот
Cool во средина со висока влажност на воздухот, може да настане
кондензација.
• Доколку надворешната температура се спушти до -5°C, капацитетот
на греење може да се намали за 60% до 70% од специфицираниот
капацитет.
14 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 14
2016/4/8 9:20:30
Модел: AJ
Режим
Cool
Dry
Heat
Внатрешна температура
16 °C до 32 °C
18 °C до 32 °C
27 °C или помалку
Надворешна температура
-5 °C до 46 °C
-5 °C до 46 °C
-15 °C до 24 °C
Влажност на
внатрешниот воздухот
80% или помала релативна
влажност на воздухот
_
_
Забелешка
AJ100 Надворешна температура
: -10˚C до 46˚C .
AJ100 Надворешна
температура : -10˚C до 46˚C.
Регулирање на брзината на вентилаторот
Во избраниот режим можете да ги изберете следниве брзини на
вентилаторот:
Режим
Брз преглед
• Стандардната температура за греењето е 7˚C. Доколку надворешната температура падне на 0˚C или подолу,
капацитетот за греење може да се намали во зависност од температурните услови.
• Доколку се користи функцијата ладење на над 32˚C (внатрешна температура) нема да лади со целосен капацитет.
Достапни брзини на вентилаторот
Auto/Dry
(Автом.)
Cool/Heat
(Автом.),
(Турбо)
(Мала),
(Средна),
(Голема),
Fan
(Мала),
(Средна),
(Голема),
(Турбо)
Регулирање на насоката на движење на воздухот
Постојана насока на движењето на воздухот може да одржувате со
запирање на движењето на перките за вертикално и хоризонтално
насочување на движење на воздухот.
Додека работи ►
или
НАПОМЕНА
• Доколку рачно ја нагодите перката за вертикално насочување на
движењето на воздухот, таа може да не се затвори целосно кога ќе го
исклучите клима-уредот.
• Доколку рачно ја нагодите перката за хоризонтално насочување на
движење на воздухот, таа може да не работи нормално.
• Насоката на движење на воздухот може да ја регулирате кога
функцијата good'sleep е вклучена во режимот Heat, но не и во режимот
Cool.
Македонски 15
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 15
2016/4/8 9:20:30
Енергетски паметни одлики
Ракување со ладењето
Паметните и моќни функции на ладење на клима-уредот на Samsung го одржуваат затворениот простор ладен и
удобен.
Режим Cool
Режимот Cool користете го за ладење при жешко време.
►
►
Изберете Cool.
Енергетски паметни одлики
НАПОМЕНА
• За добар комфор, во режимот Cool одржувајте ја температурната
разлика помеѓу внатрешниот и надворешниот воздух во рамки од 5 °C.
• Откако ќе го изберете режимот Cool, изберете функција, температура и
брзина на вентилаторот што сакате да ги примените.
–– За брзо да ја изладите вашата соба, изберете ниска температура и
голема брзина на вентилаторот.
–– За да заштедите енергија, изберете висока температура и мала
брзина на вентилаторот.
–– Како што внатрешната температура ќе се приближува до
поставената температура, компресорот ќе почне да работи со мала
брзина за да заштеди енергија.
Функција на ладење 2-Step
Функцијата на ладење 2-Step користете ја за брзо постигнување на
поставената температура. Клима-уредот автоматски ја приспособува
брзината на вентилаторот и насоката на движење на воздухот. Оваа
функција можете да ја изберете само кога е избран режимот Cool.
Во режимот Cool
►
►

►
Изберете 2-Step. ►
16 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 16
2016/4/8 9:20:31
Ракување со одвлажнувањето
Функцијата за одвлажнување на клима-уредот на Samsung го одржува затворениот простор сув и удобен.
Режим Dry
Режимот Dry користете го при врнежливо или влажно време.
►
► Изберете Dry.
НАПОМЕНА
• Колку е пониска поставената температура, толку е поголем капацитетот
за одвлажнување. Кога се чини дека моменталната влажност е голема,
нагодете ја поставената температура на ниска температура.
• Не можете да го користите режимот Dry за греење. Режимот Dry е
дизајниран да дава спореден ефект на ладење.
Функцијата за прочистување на воздухот на клима-уредот на Samsung го одржува воздухот во затворениот простор
чист.
Функција Virus doctor
Функцијата Virus doctor користете ја за да ја прочистите вашата соба со
позитивни јони произведени од клима-уредот. Оваа функција е достапна во
режимите Auto, Dry, Fan и Heat.
Во режимот Auto, Cool, Dry,
►
Fan или Heat
Изберете
►

Енергетски паметни одлики
Ракување со прочистувањето на воздухот
►
. ►
НАПОМЕНА
• Кога стартува функцијата Virus doctor, сијаличката за Virus doctor
автоматски се вклучува.
• Може да ја нагодувате поставената температура, освен во режимот Fan.
• Кога функцијата Virus doctor е дополнително вклучена додека е пуштен
одреден режим, се појавува мала разлика во потрошувачката на
електрична енергија и во бучавата при работењето.
Македонски 17
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 17
2016/4/8 9:20:31
Ракување со греењето
Функцијата за греење на клима-уредот на Samsung го одржува затворениот простор топол и удобен.
Режим Heat
Режимот Heat користете го за затоплување.
►
Енергетски паметни одлики
B
A
► Изберете Heat.
НАПОМЕНА
• Додека клима-уредот се загрева, вентилаторот може да не работи на
почетокот околу 3 до 5 минути за да се спречи ладно струење.
• Доколку клима-уредот не затоплува доволно, користете дополнително
грејно тело во комбинација со клима-уредот.
• Кога во режим на греење надворешната температура е ниска, а
влажноста е голема, тогаш на надворешниот разменувач на топлина
може да се појави мраз. Исто така, тоа може да ја намали ефикасноста
на греење. Ако дојде до тоа, клима-уредот 5 до 12 минути ја вклучува
функцијата за одмрзнување за да го отстрани мразот од надворешниот
разменувач на топлина.
• Кога е вклучена функцијата за одмрзнување на надворешната единица
се создава пареа. Клима-уредот ја става перката за вертикално
насочување на движењето на воздухот во најниска положба, како што е
прикажано на сликата на левата страна, за да се спречи излегување на
ладен воздух од внатрешната единица.
A. Положба на перката за вертикално насочување на движењето на
воздухот кога е вклучена функцијата за одмрзнување (Перката е
речиси во затворена положба).
B. Опсег на положби на перката за вертикално насочување на
движењето на воздухот кога е вклучен режимот на греење.
• Кога е вклучена функцијата за одмрзнување, од внатрешната единица
не излегува воздух за да се спречи излегување на ладен воздух. Кога
ќе престане функцијата за одмрзнување, по кратко време почнува да
излегува топол воздух.
• Циклусот на функцијата за одмрзнување може да биде пократок во
зависност од количеството на мразот на надворешната единица.
• Циклусот на функцијата за одмрзнување може да биде пократок и во
зависност од влагата од дожд и снег.
• Кога е вклучена функцијата за одмрзнување не можете да изберете
друга функција со далечинскиот управувач. Нив можете да ги бирате по
завршувањето на функцијата за одмрзнување.
18 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 18
2016/4/8 9:20:31
Брзи паметни одлики
Има мноштво дополнителни функции обезбедени од страна на клима-уредот на Samsung.
Режим Auto
Режимот Auto користете го кога сакате клима-уредот автоматски да го
регулира работењето. Клима-уредот ќе ја обезбеди најудобната атмосфера
што може да ја постигне.
►
► Изберете Auto.
НАПОМЕНА
• Кога се чини дека внатрешната температура е повисока или пониска од
поставената температура, клима-уредот автоматски произведува ладен
воздух за да ја намали, или топол воздух за да ја зголеми внатрешната
температура.
Режим Fan
►
► Изберете Fan.
НАПОМЕНА
• Доколку клима-уредот нема да се користи подолго време, исушете го
со пуштање на режимот Fan 3 или 4 часа.
• Надворешната единица е дизајнирана да не работи во режимот Fan
за да се спречи влегување на ладен воздух низ единицата. Ова е
нормално работење и не претставува дефект на клима-уредот.
Енергетски паметни одлики
Режимот Fan користете го за клима-уредот да функционира како стандарден
вентилатор. Клима-уредот обезбедува природен провев.
Македонски 19
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 19
2016/4/8 9:20:32
Функција Fast
Функцијата Fast користете ја за брзо ладење или загревање на вашата соба.
Оваа функција е најмоќната функција за ладење или греење обезбедена од
клима-уредот. Оваа функција можете да ја изберете во режимот Cool и во
режимот Heat.
Во режимот Cool или Heat
►
►

►
Изберете Fast. ►
Енергетски паметни одлики
НАПОМЕНА
• Доколку ја изберете функцијата Fast додека се вклучени функциите
како 2-Step, Comfort, Single user, Quiet или good'sleep, овие функции се
прекинуваат.
• Може да ја промените насоката на движење на воздухот.
• Не може да ја промените поставената температура и брзината на
вентилаторот.
• Кога ја избирате функцијата Fast во режимот Heat, можеби нема да
можете да ја зголемите брзината на вентилаторот, за да се спречи
дување на ладен воздух.
Функција Comfort
Функцијата Comfort користете ја кога чувствувате дека тековниот ефект на
ладење или греење е премногу силен. Клима-уредот обезбедува умерено
ладење или греење. Оваа функција можете да ја изберете во режимот Cool и
во режимот Heat.
Во режимот Cool или Heat
►
►

►
Изберете Comfort. ►
НАПОМЕНА
• Може да ја промените поставената температура и насоката на движење
на воздухот.
• Не можете да ја промените брзината на вентилаторот.
• Доколку ја изберете функцијата Comfort додека се вклучени функциите
2-Step, Fast, Single user, Quiet, или good'sleep, овие функции се
прекинуваат.
• Ако чувствувате дека ефектот на ладење или топлење со функцијата
Comfort е слаб, прекинете ја функцијата Comfort.
20 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 20
2016/4/8 9:20:32
Функција за бип-тон
Функцијата за бип-тон користете ја за да го вклучите или исклучите тонот
што се слуша кога ќе притиснете копче на далечинскиот управувач.
►

► Изберете Beep. ►
Функција Quiet
Функцијата Quiet користете ја за да ја намалите бучавата при работење.
Оваа функција можете да ја изберете во режимот Cool и во режимот Heat.
►
►

►
Изберете Quiet. ►
НАПОМЕНА
• Може да ја промените поставената температура и насоката на движење
на воздухот.
• Не можете да ја промените брзината на вентилаторот.
• Доколку ја изберете функцијата Quiet додека се вклучени функциите
како 2-Step, Fast, Comfort, Single user или good'sleep, овие функкции се
исклучуваат.
Енергетски паметни одлики
Во режимот Cool или Heat
Македонски 21
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 21
2016/4/8 9:20:33
Функција за осветлување на дисплејот
Функцијата за осветлување на дисплејот користете ја за да го вклучите или
исклучите осветлувањето на дисплејот на внатрешната единица.
►

► Изберете Display. ►
НАПОМЕНА
• Функцијата за осветлување на дисплејот не работи кога внатрешната
единица е исклучена.
• Ако ја исклучите функцијата за осветлување на дисплејот додека е
вклучена функцијата Virus doctor, се исклучува и сијаличката за Virus
doctor.
• Индикаторот на тајмерот ( ) не се гаси дури и ако ја исклучите
функцијата за осветлување на дисплејот.
• Ако го смените тековниот режим или функција додека е вклучена
функцијата за осветлување на дисплејот, тогаш таа се исклучува.
Енергетски паметни одлики
Функција Wi-Fi
(Апликација Паметен клима-уред)
Кога ја вклучувате функцијата Wi-Fi, индикаторот за праќање команда
( ) трепка и на далечинскиот управувач неколку секунди се појавува
Потоа и двата исчезнуваат.
Додека работи ►
►
.
Држете притиснато 4
секунди.
НАПОМЕНА
• За подетални информации, погледнете во прирачникот за апликацијата
Паметен клима-уред.
• Апликацијата Паметен клима-уред може да не е достапна на некои
модели.
22 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 22
2016/4/8 9:20:33
Одлики за заштеда на енергија
Ракување со штедењето енергија
Паметните функции за заштеда на енергија на клима-уредот на Samsung ја намалуваат потрошувачката на електрична
енергија.
Проверка на потрошувачката на енергија
Користете ја функцијата Usage за да го проверите количеството на
електрична енергија потрошена од клима-уредот. Потрошеното количество
се прикажува неколку секунди на диспејот на внатрешната единица и потоа
се појавува поставената внатрешна температура.
Додека работи ►
►

►
Изберете Usage. ►
Опсегот на прикажаната вредност е помеѓу 0,1 kWh и 99 kWh.
Потрошувачката на електрична енергија се пресметува од моментот на
вклучување на клима-уредот. Вредноста се ресетира кога се исклучува
клима-уредот.
НАПОМЕНА
• Користењето прикажано на дисплејот на внатрешната единица може
малку да се разликува од количеството на вистински потрошената
електрична енергија.
• Потрошувачката на електрична енергија може да ја видите само кога
работи клима-уредот.
Одлики за заштеда на енергија
Македонски 23
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 23
2016/4/8 9:20:33
Доколку користите мултисистем, оваа функција е недостапна.
Функција Single user
Функцијата Single user користете ја за да ја намалите потрошувачката на
електрична енергија но сепак да ги задржите ладот или топлината. Оваа
функција може да ја изберете во режимите Cool и Heat.
Во режимот Cool или Heat
►
►

►
Изберете Single user. ►
Одлики за заштеда на енергија
НАПОМЕНА
• Кога стартува функцијата Single user, на далечинскиот управувач
неколку секунди се појавува шемата
и автоматски започнува
вертикалното менување на насоката на движење на воздухот.
• Доколку ја изберете функцијата Single user додека се вклучени
функциите 2-Step, Fast, Comfort, Quiet или good'sleep, овие режими се
прекинуваат.
• Откако ќе ја изберете функцијата Single user, може да ја промените
поставената температура (24°C до 30°C во режимот Cool, 16°C до 30°C во
режимот Heat), брзината на вентилаторот и насоката на вертикалниот
проток на воздух.
• Кога функцијата Single user се вклучува во режимот Cool, а
температурата е поставена на помалку од 24°C, поставената
температура автоматски се зголемува на 24°C. Но, доколку
температурата е поставена помеѓу 25°C и 30°C, таа останува иста.
• Дури и после исклучувањето на функцијата Single user, вертикалното
менување на насоката на движење на воздухот продолжува сè додека
не го исклучите со копчето за вертикална насока на движењето на
воздухот (
).
24 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 24
2016/4/8 9:20:34
Функција Временско вкл./Временско искл.
Функцијата Временско вкл./Временско искл. користете ја вклучување или
исклучување на клима-уредот во времето што сте го поставиле.
(Изберете Вкл. или Искл. од Вкл., Искл. и

.) ►
(Поставете го времето
►
за вкл./искл.)
• Притиснете на копчето
(Тајмер) за да ја смените тековната
функција во On, Off и
(good’sleep).
(good’sleep) се прикажува
само во режимите Cool и Heat.
НАПОМЕНА
• Може да поставите време помеѓу 0,5 и 24 часа. За да ја прекинете
функцијата Временско вкл./искл. поставете го временскиот интервал
на 0,0.
• Откако ќе ја стартувате функцијата Временско вкл./искл., индикаторот
за тајмер ( ) се прикажува на дисплејот на внатрешната единица.
• Откако ќе ја стартувате функцијата Временско вкл., можете да
го промените режимот и поставената температура. Поставената
температура не можете да ја промените додека е вклучен режимот Fan.
• Не можете да поставите исто време за двете функции Временско вкл. и
Временско искл.
Пример) Временско вкл.: 3 часа, Временско искл.: 5 часа
Кога климаКлима-уредот се вклучува по 3 часа од моментот кога сте
уредот е
исклучен ја стартувале функцијата Временско вкл./искл., работи во
текот на 2 часа и потоа автоматски се исклучува.
Пример) Временско вкл.: 3 часа, Временско искл.: 1 час
Кога климаКлима-уредот се исклучува по 1 час од моментот кога сте
уредот е
ја стартувале функцијата Временско вкл./искл., потоа се
вклучен
вклучува по 2 часа од моментот кога се исклучил.
Одлики за заштеда на енергија
Комбинирање на функциите Временско вкл. and Временско искл.
Македонски 25
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 25
2016/4/8 9:20:34
Функција good’sleep
Функцијата good’sleep користете ја за добро да се наспиете во текот на ноќта
и да заштедите енергија. Оваа функција можете да ја изберете во режимот
Cool и во режимот Heat.
Во режимот Cool или
Heat

(Изберете
од
Вкл., Искл. и
.)
(Поставете го времето
►
на работење.)
►
• Притиснете на копчето
функција во On, Off и
►
(Тајмер) за да ја смените тековната
(good’sleep).
НАПОМЕНА
• Температурата може да ја поставите од 16 °C до 30 °C со чекор од 1 °C.
• Препорачаните и оптималните поставени температури во функцијата
good’sleep се следниве:
Режим
Препорачана поставена
температура
Оптимална поставена
температура
Cool
25 °C до 27 °C
26 °C
Heat
21 °C до 23 °C
22 °C
Одлики за заштеда на енергија
• Откако ќе ја стартувате функцијата good’sleep, индикаторот Timer ( )
се појавува на дисплејот на внатрешната единица.
• Времето на работење може да го поставите помеѓу 0,5 и 12 часа.
Поставете го времето на работење на 0,0 за да ја прекинете функцијата
good’sleep.
• Стандардното време на работење за функцијата good’sleep во режимот
Cool е 8 часа. Ако времето на работење е поставено на повеќе од 5 часа,
функцијата Будење започнува 1 час пред поставеното време. Климауредот автоматски запира кога ќе истече времето за работење.
• Кога функциите Временско вкл., Временско искл. и good'sleep се
преклопуваат, клима-уредот го вклучува само тајмерот на функцијата
која е последна стартувана.
26 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 26
2016/4/8 9:20:34
Чистење и одржување
Брзо чистење
Пуштање на автоматското чистење
Времетраење на
чистењето (минути)
Дисплеј
на внатрешната
единица
Indoor
unit display
Auto (Cool), Cool,
Dry
30
Auto (Heat), Heat,
Fan
15
НАПОМЕНА
• Кога ќе го поставите тајмерот за автоматско чистење, на дисплејот на далечинскиот управувач трепка и потоа
исчезнува индикаторот Clean. Индикаторот за тајмер ( ) се појавува и на дисплејот на внатрешната единица.
• Кога клима-уредот е исклучен, автоматското чистење стартува веднаш штом ќе се избере. Кога клима-уредот е
вклучен, автоматското чистење стартува веднаш штом ќе престане да работи клима-уредот.
• За време на автоматско чистење, внатрешниот вентилатор продолжува да работи и перките за насочување на
движењето на воздухот остануваат отворени за да се исфрли амбиентниот воздух.
Чистење на надворешноста на внатрешната единица и на надворешноста на
разменувачот на топлина на надворешната единица
Млака влажна крпа
Мека четка
Прскајте со вода за да ја исчистите прашината.
Чистење и одржување
Пред чистење исклучете ја опремата и откачете ги
приклучокот од електричната мрежа.
ВНИМАНИЕ
• Не чистете го дисплејот со користење на алкален детергент.
Македонски 27
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 27
2016/4/8 9:20:35
• Не користете сулфурна киселина, хлороводородна киселина или органски
растворувачи (како што се разредувач, петролеј и ацетон) за чистење
на површините. Не ставајте налепници, затоа што тоа може да ја оштети
површината на клима-уредот.
• Кога го чистите и проверувате топлинскиот разменувач на надворешната
единица, доколку ви треба помош јавете се во локалниот центар за
сервисирање.
• Кога работите околу топлинскиот разменувач, внимавајте да не се повредите од
острите рабови на површината.
Чистење на филтерот
Правосмукалка
Мека четка
30 минути
Куки
Благ детергент
Чистење и одржување
ВНИМАНИЕ
• Не тријте го филтерот за воздух со четка или со друг прибор за чистење. Тоа
може да го оштети филтерот.
• При сушење, не изложувајте го филтерот за воздух на директна сончева светлина.
НАПОМЕНА
• Чистете го филтерот за воздух на секои 2 недели. Периодот за чистење може да варира во зависност од
користењето и условите во околината.
• Доколку филтерот за воздух се суши на влажно место, тој може да дава непријатен мирис. Исчистете го повторно
и исушете го на добро проветрено место.
28 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 28
2016/4/8 9:20:35
Ресетирање на потсетникот за чистење на филтерот
Дисплеј
на внатрешната
единица
Indoor
unit display
Решавање проблеми
Ако клима-уредот не работи нормално, погледнете ја табелата дадена подолу за да
заштедите време и непотребни трошоци.
Проблем
Решение
Не можам да
ја променам
температурата.
• Проверете дали се вклучени режимите Fan или Fast.
Во овие режими, клима-уредот автоматски ја регулира
поставената температура и не можете да ја промените
поставената температура.
Чистење и одржување
• Проверете дали клима-уредот е вклучен, а потоа
повторно обидете се да го користите.
• Вклучете ја автоматската склопка, приклучете го
напојниот кабел, а потоа повторно обидете се да го
користите клима-уредот.
Клима-уредот
воопшто не работи. • Осигурете се дека е вклучен прекинувачот за
одвојување.
• Проверете дали е вклучена функцијата Временско искл.
Повторно вклучете го клима-уредот со притискање на
копчето за вкл./искл.
Македонски 29
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 29
2016/4/8 9:20:35
Проблем
Од клима-уредот
не излегува топол
или ладен воздух.
Решение
Чистење и одржување
• Проверете дали поставената температура во режимот
Cool е повисока или во режимот Heat е пониска од
моменталната температура. Притиснете го копчето
за температура на далечинскиот управувач за да ја
промените поставената температура.
• Проверете дали филтерот за воздух е блокиран од
нечистотии. Доколку филтерот за воздух е блокиран,
ладењето и греењето ќе се намалат. Редовно
отстранувајте ги нечистотиите.
• Проверете дали надворешната единица е покриена
или инсталирана близу до препреки. Отстранете ги
покривките и препреките.
• Проверете дали во клима-уредот е вклучена
функцијата за одмрзнување. Кога во зима се создава
мраз или кога надворешната температура е премногу
ниска, клима-уредот автоматски ја вклучува функцијата
за одмрзнување. Кога оваа функција е вклучена,
внатрешниот вентилатор престанува да работи и не
излегува топол воздух.
• Проверете дали се отворени вратите или прозорците.
Тоа може да предизвика слабо ладење или греење.
Затворете ги вратите и прозорците.
• Проверете дали клима-уредот е вклучен веднаш по
запирањето на ладењето или греењето. Во ваков
случај, работи само вентилаторот за да се заштити
компресорот на надворешната единица.
30 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 30
2016/4/8 9:20:35
Проблем
Од клима-уредот
не излегува топол
или ладен воздух.
Решение
• Проверете дали должината на цевката е премногу
долга. Кога должината на цевката ја надминува
максималната должина, ладењето и греењето можат да
се намалат.
• Проверете дали е вклучена функцијата good’sleep.
Не можам да ја
Додека е вклучена оваа функција, не можете да ја
променам насоката
регулирате насоката на движење на воздухот. (Но,
на движење на
насоката на движење на воздухот можете да ја
воздухот.
регулирате доколку оваа функција е вклучена во
режимот Heat.)
• Кога се избрани режимите Auto, Dry или Fast или кога
е вклучена функцијата good'sleep во режимот Cool,
клима-уредот автоматски ја регулира брзината на
вентилаторот и не можете да ја промените брзината
на вентилаторот.
Далечинскиот
управувач не
функционира.
• Сменете ги батериите во далечинскиот управувач со
нови.
• Осигурете се дека не е блокиран сензорот за
далечинскиот управувач.
• Проверете дали во близина на клима-уредот има
силен уред за осветлување. Силната светлина што
доаѓа од флуоресцентните сијалици или неонските
знаци може да пречи на електричните бранови.
Функцијата
Временско вкл./
искл. не работи.
• Проверете дали сте го притиснале копчето за
поставување на далечинскиот управувач, откако сте
го поставиле времето.
Чистење и одржување
Не можам да
ја променам
брзината на
вентилаторот.
Македонски 31
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 31
2016/4/8 9:20:35
Проблем
Решение
Чистење и одржување
Индикаторот
постојано трепка.
• Притиснете го копчето за вклуч./искл. за да го
исклучите клима-уредот или исклучете го напојниот
кабел. Доколку индикаторот сè уште трепка, јавете се
во центарот за сервисирање.
За време на
работењето на
клима-уредот се
шири непријатна
миризба.
• Проверете дали клима-уредот работи во зачадена
просторија. Проветрете ја собата или пуштете го
клима-уредот во режимот Fan 3 до 4 часа. (Во климауредот нема компоненти кои испуштаат силна
миризба.)
• Проверете дали одводите се чисти. Редовно чистете
ги.
Покажана е
грешка.
• Доколку трепка индикаторот на внатрешната
единица, јавете се во најблискиот центар за
сервисирање. Не заборавајте да му го дадете кодот на
грешката на центарот за сервисирање.
Се содава бучава.
• Во зависност од статусот на клима-уредот, кога се
менува текот на средството за ладење може да се
создаде бучава. Тоа е нормално.
Од надворешната
единица излегува
чад.
• Може да не станува збор за пожар, туку тоа може да
е пареа која настанува од надворешниот разменувач
на топлина додека во зима е вклучена функцијата за
одмрзнување во режимот Heat.
Од споевите
на цевките од
надворешната
единица капе вода.
• Може да се појави кондензација кога амбиентната
температура драстично се менува. Тоа е нормално.
32 Македонски
AR7000K EU Better_IB_DB68-06102A-00_MK_A5.indd 32
2016/4/8 9:20:35
Download PDF