Samsung | SM-T813 | Samsung Galaxy Tab S2 9.7 Wi-Fi (2016) Korisničko uputstvo (Nougat)

SM-T713
SM-T813
Упатство за корисникот
Macedonian. 06/2017. Rev.1.0
www.samsung.com
Содржина
Основни информации
Апликации
4
Најпрво, прочитајте го ова
47
5
Ситуации и решенија за прегрејување
на уред
Инсталирање или деинсталирање
апликации
49
Контакти
9
Содржина на пакетот
52
Интернет
10
Изглед на уредот
53
Е-пошта
12
Батерија
54
Камера
15
Мемориска картичка (microSD
картичка)
63
Галерија
17
Вклучување и исклучување на уредот
67
Game Launcher
18
Контрола на екран на допир
69
Календар
20
Почетен екран
71
Мои фајлови
26
Заклучување на екран
71
Белешка
27
Панел за известувања
72
Часовник
29
Внесување текст
73
Калкулатор
32
Слика на екран
73
Google апликации
33
Отворање апликации
33
Повеќе прозорци
37
Сметка Samsung
38
Пренесување податоци од Вашиот
претходен уред
41
Уред и управување со податоци
43
БРЗО ПОВРЗУВАЊЕ
46
Споделување одлики
2
Содржина
Поставувања
75
Вовед
75
Конекции
82
Звук
82
Известувања
83
Екран
83
Заднина
84
Напредни функции
85
Одржување на уредот
87
Апликации
87
Екран за закл.и безбедност
93
Облак и сметки
97
Google
97
Пристапност
98
Општо управување
98
Ажурирање софтвер
99
Упатство за употреба
99
За уредот
Додаток
100 Решавање проблеми
105 Отстранување на батеријата
3
Основни информации
Најпрво, прочитајте го ова
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред да го користите уредот за да се
осигурате за неговата безбедна и правилна употреба.
• Описите се засновани на стандардните нагодувања на уредот.
• Некои содржини може да се разликуваат од Вашиот уред во зависност од регионот,
операторот, спецификациите на модел или софтверот на уредот.
• Содржините (содржини со висок квалитет), за кои е потребен силен CPU и многу
RAM меморија, ќе имаат влијание врз изведбата на уредот. Апликациите поврзани со
содржината може да не работат правилно во зависност од спецификациите на уредот и
средината во која тој се користи.
• Samsung не е одговорен за проблеми во изведбата предизвикани од апликации од кои
било други набавувачи, освен Samsung.
• Samsung не е одговорен за проблеми со перформансите или некомпатибилностите
предизвикани со менувањето на нагодувањата на регистарот или менувањето на
софтверот на оперативниот систем. Обидите да се прилагоди оперативниот систем може
да предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот уред или на апликациите.
• Софтверот, звучните извори, заднините, сликите и другите медиумски содржини
понудени во овој уред се лиценцирани за ограничена употреба. Преземањето и
користењето на овие материјали за комерцијални или други цели е прекршување
на законите за авторски права. Корисниците се целосно одговорни за незаконско
користење на медиумите.
• Стандардните апликации што доаѓаат со уредот подлежат на ажурирања и постои
можност веќе да не се поддржуваат без претходно известување. Ако имате прашања
за апликација испорачана со уредот, контактирајте сервисен центар на Samsung. За
апликации инсталирани од корисникот, контактирајте со операторите.
• Модификувањето на оперативниот систем на уредот или инсталирањето софтвер од
неофицијални извори може да резултира со неправилно функционирање на уредот
и оштетување или загуба на податоци. Овие дејства претставуваат прекршување на
Вашиот договор за лиценца со Samsung и Вашата гаранција веќе нема да важи.
4
Основни информации
• Внимавајте да не ги заборавите шифрите за отклучување на екранот за заклучување,
сметките и останатите безбедносни одлики. Ако сте заборавиле шифра за отклучување,
нема да можете да го користите уредот ако не го ресетирате. Samsung не е одговорен за
каква било загуба на податоци или непријатности предизвикани од загубата на шифри
за отклучување.
• Во зависност од регионот или моделот, некои уреди треба да добијат одобрение од
Федералната комисија за комуникации (FCC). Доколку Вашиот уред е одобрен од FCC,
можете да ја видите ознаката на одобрението за него (FCC ID). За да ја видите ознаката
на одобрението (FCC ID), допрете на Апликац. → Поставувања → За уредот →
Информации за батеријата.
Икони за инструкции
Предупредување: ситуации кои можат да предизвикаат Ваша повреда и повреда на
другите
Внимание: ситуации кои можат да предизвикаат оштетување на Вашиот уред или на
друга опрема
Напомена: белешки, совети за употреба или дополнителни информации
Ситуации и решенија за прегрејување на
уред
Кога уредот се загрева додека се полне батеријата
Додека се врши полнење, уредот и полначот може да се загреат. За време на безжично
полнење или брзо полнење можно е уредот да го чувствувате потопол на допир. Ова не
влијае врз животниот век или изведбата на уредот и е во нормалниот опсег на работа на
уредот. Ако батеријата стане премногу жешка, полначот може да запре со полнење.
5
Основни информации
Кога уредот ќе се загрее направете го следното:
• Исклучете го полначот од уредот и затворете ги сите апликации што работат.
Причекајте додека уредот се излади и потоа продолжете повторно.
• Ако долниот дел од уредот се презагрее, тоа може да е поради оштетен USB кабел.
Заменете го оштетениот USB кабел со нов, одобрен од Samsung.
• Кога користите безжичен полнач, меѓу уредот и безжичниот полнач не ставајте
други тела, како на пример метални предмети, магнети и картички со магнетна
лента.
Одликата за безжично или брзо полнење е достапна само кај моделите за коишто
има поддршка.
Кога уредот се загрева во текот на користење
Кога користите одлики или апликации на кои им е потребна повеќе енергија или ги
користите подолго време, Вашиот уред може привремено да се загрее заради зголемена
потрошувачка на батеријата. Затворете ги сите апликации што работат и не користете го
уредот одредено време.
Еве неколку примери за ситуации во кои уредот може да се загрее. Овие примери може
да не се однесуваат на Вашиот модел, во зависност од функциите и апликациите што ги
користите.
• Во тек на почетното поставување откако сте го купиле или кога обновувате податоци
• Кога преземате големи фајлови
• Кога користите апликации на кои им треба повеќе енергија или кога користите
апликации подолго време
– – Кога играте висококвалитетни игри подолго време
– – Кога снимате видеопзаписи подолго време
– – Кога емитувате видеозапис додека го користите поставувањето со максимална
осветленост
– – Кога е поврзан на телевизор
6
Основни информации
• Кога истовремено вршите повеќе задачи (или, кога во заднина работат голем број
апликации)
– – Кога ја користите опцијата Повеќе прозорци
– – Кога ажурирате или инсталирате апликации додека снимате видеозапис
– – Кога преземате големи фајлови додека вршите видеоповик
– – Кога снимате видеозаписи додека користите апликација за навигација
• Кога користите големо количество податоци или кога вршите синхронизација со облак,
е-пошта или други сметки
• Кога користите апликација за навигација во возило, додека уредот е поставен на
директна сончева светлина
• Кога го користите мобилниот хотспот и одликата за спојување
• Кога го користите уредот во области со слаб сигнал или без прием
• Кога ја полните батеријата со оштетен USB кабел
• Кога повеќенаменскиот приклучок на уредот е оштетен или изложен на туѓи тела, како
течност, прашина, метална прашина и олово од молив
• Кога се наоѓате во роаминг
Кога уредот ќе се загрее направете го следното:
• Чувајте го уредот ажуриран со најновиот софтвер.
• Конфликтите меѓу апликации што работат може да предизвикаат уредот да се
загрее. Рестартирајте го уредот.
• Деактивирајте ги одликите Wi-Fi, GPS и Bluetooth кога не ги користите.
• Затворете апликации што ја зголемуваат потрошувачката на батерија или што
работат во заднина кога не ги користите.
• Избришете непотребни фајлови или апликации што не ги користите.
• Намалете ја осветленоста на екранот.
• Ако уредот се презагрее или чувствувате дека е жежок подолго време, не користете
го. Ако уредот продолжи да се презагрева, контактирајте сервисен центар на
Samsung.
7
Основни информации
Ограничувања за уредот кога ќе се прегрее
Кога уредот ќе се загрее, одликите и перформансите може да бидат ограничени или уредот
може да се исклучи за да се излади. Оваа одлика е достапна само кај моделите за коишто
има поддршка.
• Ако уредот стане потопол од вообичаено, ќе се појави порака за прегревање на
уредот. За да се намали температурата на уредот, осветленоста на екранот и брзината
на работење ќе се ограничат и ќе се прекине полнењето на батеријата. Пуштените
апликации ќе се запрат, а вие ќе можете да воспоставувате повици само со броевите за
итни случаи додека не се излади уредот.
• Ако уредот се прегрее или е жежок подолго време, ќе се појави порака за исклучување.
Исклучете го уредот и почекајте додека не се излади.
Предупредувања за работната околина
Загревањето на Вашиот уред заради средината може да се случи во следните услови. Бидете
внимателни за да избегнете скратување на работниот век на батеријата, оштетување на
уредот или предизвикување пожар.
• Не чувајте го Вашиот уред на многу високи или ниски температури.
• Не изложувајте го Вашиот уредот директна сончева светлина подолго време.
• Не користете го и не чувајте го Вашиот уред долго време во многу топли простории,
како на пример во автомобил во лето.
• Не ставајте го уредот на места што се презагреваат, како на пример на електрична
подлога за греење.
• Не чувајте го Вашиот уред во близина на или во грејни тела, микробранови печки,
опрема за готвење или садови под висок притисок.
• Никогаш не користете оштетен полнач или оштетена батерија.
8
Основни информации
Содржина на пакетот
Проверете дали во кутијата се содржани следните предмети:
• Уред
• Брз водич за употреба
• Опремата испорачана со уредот и достапните додатоци можат да се разликуваат
во зависност од регионот или операторот.
• Испорачаната опрема е наменета само за овој уред и може да не биде
компатибилна со други уреди.
• Изгледите и спецификациите можат да се променат без претходно известување.
• Можете да купите дополнителни додатоци од Вашата локална продавница на
Samsung. Осигурете се дека тие се компатибилни со уредот пред да ги купите.
• Користете само додатоци одобрени од Samsung. Користењето неодобрени
додатоци може да предизвика проблеми со изведбата и неисправно работење
што не се покриени со гаранцијата.
• Достапноста на додатоци може да подлежи на промени, а тоа сосема зависи од
производствените компании. За повеќе информации за достапната дополнителна
опрема, посетете ја интернет-страницата на Samsung.
9
Основни информации
Изглед на уредот
Уред
Сензор за светло
Предна камера
Копче за вклучување/исклучување
Екран на допир
Копче за јачина на тон
Копче Дома (Сензор за
препознавање отпечатоци)
Микрофон (само за моделите
SM-T813)
Лежиште за мемориска картичка
Копче за неодамнешни
апликации
Копче за Назад
Звучник
Приклучок за слушалки
Звучник
Повеќенаменски приклучок
Микрофон (само за моделите
SM-T713)
GPS-антена
Копче на притискање
Задна камера
Копче на притискање
10
Основни информации
• Проблеми со поврзливоста и празнење на батеријата може да се јават во следните
случаи:
– – ако во областа на антената на уредот прикачувате метални лепенки
– – ако на уредот ставате капак направен од метален материјал
• Се препорачува користење заштитник за екран одобрен од Samsung. Неодобрените
заштитници за екран може да предизвикаат неправилно работење на сензорите.
• Не дозволувајте екранот на допир да дојде во контакт со вода. Екранот на допир
може да функционира неисправно во влажни услови или кога е изложен на вода.
Копчиња
Копче
Функција
Вклучување/
ресетирање/
исклучување
Неодамнешни
Дома
• Држете го притиснато за вклучување или исклучување на
уредот.
• Притиснете за да го вклучите или заклучите екранот.
• Допрете за да се отвори списокот со неодамнешни
апликации.
• Допрете и задржете за да стартувате приказ во поделен
екран.
• Притиснете за да го вклучите екранот додека екранот е
заклучен.
• Притиснете го за да се вратите на почетниот екран.
• Држете го притиснато за стартување на Google.
• Допрете го за да се вратите на претходниот приказ.
Назад
Јачина
• Задржете допрено за пристап во дополнителни опции за
тековниот екран.
• Притиснете го за прилагодување на јачината на тонот на
уредот.
11
Основни информации
Батерија
Полнење на батеријата
Наполнете ја батеријата пред да ја употребите првпат, или кога не сте ја користеле подолг
период.
Користете само полначи, батерии и кабли што се одобрени од Samsung. Неодобрените
полначи или кабли, може да предизвикаат експлозија на батеријата или оштетување на
уредот.
Неправилното поврзување на полначот може да предизвика сериозно оштетување на
уредот. Штетите предизвикани од неправилно користење не се покриени со гаранцијата.
За штедење енергија, исклучете го полначот кога не е во употреба. Полначот
нема прекинувач за вклучување / исклучување и затоа мора да го исклучите од
електричниот приклучок кога не е во употреба, за да избегнете непотребно трошење
електрична енергија. Полначот треба да остане во близина на електричниот
приклучок и да е лесно достапен додека трае полнењето.
1 Поврзете го USB кабелот со USB адаптерот за напојување и вклучете го USB кабелот во
повеќенаменскиот приклучок на уредот.
2 Приклучете го USB адаптерот за напојување во електричниот приклучок.
3 Откако целосно ќе се наполни, исклучете го уредот од полначот. Прво откачете го
полначот од уредот, а потоа откачете го од електричниот приклучок.
12
Основни информации
Прикажување преостанато време за полнење
Додека се врши полнењето, отворете го почетниот екран и допрете Апликац. →
Поставувања → Одржување на уредот → Батерија.
Реалното време за полнење може да се разликува во зависност од состојбата на
Вашиот уред и условите на полнењето. Преостанатото време за полнење може да не
се прикажува кога го полните уредот во мошне студени или топли услови.
Намалување на потрошувачката на батеријата
Вашиот уред нуди разни опции што можат да Ви помогнат да ја зачувате енергијата на
батеријата.
• Оптимизирајте го уредот користејќи ја неговата одлика за одржување.
• Кога не го користите уредот, исклучете го екранот со притискање на копчето за
вклучување/исклучување.
• Вклучете го режимот за заштеда на енергија.
• Затворете ги непотребните апликации.
• Исклучете ја одликата Bluetooth кога не ја користите.
• Исклучете ја одликата Wi-Fi кога не ја користите.
• Деактивирајте ја автоматската синхронизација на апликации што треба да се
синхронизираат, како е-поштата.
• Деактивирајте го времето на исклучување на заднинското светло.
• Намалете ја осветленоста на екранот.
Совети и предупредувања за полнењето на батерија
• Кога енергијата на батеријата е на ниско ниво, иконата за батеријата се прикажува празна.
• Ако батеријата е целосно испразнета, уредот не може да се вклучи веднаш кога ќе се
поврзе полначот. Оставете ја целосно празната батерија да се наполни неколку минути
пред да го вклучите уредот.
• Ако користите повеќе апликации истовремено, мрежни апликации или апликации
што бараат поврзување со друг уред, батеријата брзо ќе се испразни. За да избегнете
трошење енергија за време на пренос на податоци, секогаш користете ги овие
апликации по целосното полнење на батеријата.
• Користењето друг извор на струја освен полначот, како на пример компјутер, може да
резултира со побавно полнење, заради пониска електрична струја.
• Можете да го користите уредот во текот на полнењето, но целосното полнење на
батеријата може да потрае подолго.
• Ако уредот прима нестабилно напојување додека се полни, екранот на допир може да
не функционира. Доколку тоа се случи, исклучете го полначот од уредот.
13
Основни информации
• Додека се врши полнење, уредот и полначот може да се загреат. Ова е вообичаена
појава и не би требало да влијае врз работниот век или функционирањето на уредот.
Ако батеријата се загрее повеќе од вообичаеното, полначот може да запре со полнење.
• Ако го полните уредот додека повеќенаменскиот приклучок е влажен, уредот може да се
оштети. Исушете го целосно повеќенаменскиот приклучок пред да го полните уредот.
• Ако уредот не се полни правилно, однесете ги уредот и полначот во сервисен центар на
Samsung.
Режим за штедење
Активирајте го режимот за заштеда на батерија за да го продолжите времето на користење
на батеријата.
1 На почетниот екран, допрете Апликац. → Поставувања → Одржување на уредот →
Батерија → СРЕДНО.
2 Допрете ПРИЛАГОДИ за да ги измените нагодувањата за заштеда на енергија пред да
влезете во режим за заштеда на енергија.
3 Допрете ПРИМЕНИ.
Режим за максимална заштеда на енергија
Во режим за максимална заштеда на енергија, уредот ја намалува потрошувачката на
батерија со примена на темни теми и со ограничување на апликациите и достапните одлики.
Одликата Bluetooth ќе биде деактивирана.
1 На почетниот екран, допрете Апликац. → Поставувања → Одржување на уредот →
Батерија → МАКСИМАЛ.
2 Допрете ПРИЛАГОДИ за да ги измените нагодувањата за заштеда на енергија пред да
влезете во режим за максимална заштеда на енергија.
3 Допрете ПРИМЕНИ.
Откако ќе влезете во режим за максимална заштеда на енергија, на почетниот екран допрете
и изберете апликација што ќе употребите. За да отстраните апликации, допрете →
Измени и изберете една апликација со
.
За да ја деактивирате одликата за максимална заштеда на енергија, допрете →
Оневозможи го Режимот за максимално штедење енергија.
Предвиденото време за користење на батерија зависи од нагодувањата на уредот и
условите на работа.
14
Основни информации
Мемориска картичка (microSD картичка)
Инсталирање мемориска картичка
Капацитетот на мемориската картичка на Вашиот уред може да се разликува од другите
модели и некои мемориски картички може да не бидат компатибилни со Вашиот уред,
зависно од производителот и типот на мемориската картичка. За да го видите максималниот
капацитет на мемориска картичка за Вашиот уред погледнете на веб-страницата на Samsung.
• Некои мемориски картички може да не бидат целосно компатибилни со
уредот. Користењето некомпатибилна мемориска картичка може да доведе до
оштетување на уредот или на мемориската картичка, или може да ги оштети
податоците зачувани на картичката.
• Внимавајте, мемориската картичка треба да ја вметнете со правилната страна
нагоре.
• Уредот поддржува FAT и exFAT структури на фајлови за мемориски картички. Кога
вметнувате картичка форматирана во различен систем на фајлови, уредот може
да побара преформатирање на мемориската картичка или нема да ја препознае.
Ако уредот не ја препознае мемориската картичка, форматирајте ја на Вашиот
компјутер.
• Честото снимање и бришење податоци го скратува работниот век на мемориските
картички.
• Кога во уредот вметнувате мемориска картичка, се појавува директориумот со
фајлови на мемориската картичка во папката Мои фајлови → SD-карт.
15
Основни информации
1 Ставете ја иглата за вадење во дупката на држачот на мемориската картичка за да го
ослободите држачот.
Внимавајте иглата за исфрлање да биде под прав агол на дупката. Во спротивно,
уредот може да се оштети.
2 Внимателно извлечете го држачот на мемориска картичка од отворот за држачот на
мемориска картичка.
3 Ставете мемориска картичка во држачот на мемориска картичка со позлатените
контакти свртени надолу.
4 Вратете го држачот на мемориската картичка назад во отворот за држачот на мемориска
картичка.
• Ако го внесете лежиштето во Вашиот уред додека лежиштето е влажно, Вашиот
уред може да се оштети. Секогаш проверувајте дека лежиштето е суво.
• Внесете го целосно лежиштето во отворот на лежиште за да спречите
навлегување течност во Вашиот уред.
Отстранување на мемориската картичка
Пред да ја отстраните мемориската картичка, прво демонтирајте ја за безбедно
отстранување.
На почетниот екран, допрете Апликац. → Поставувања → Одржување на уредот →
Меморија → → Поставувања за меморирање → SD-карт. → ДЕМОНТИРАЈ.
1 Ставете ја иглата за вадење во дупката на држачот на мемориската картичка за да го
ослободите држачот.
2 Внимателно извлечете го држачот на мемориска картичка од отворот за држачот на
мемориска картичка.
3 Отстранете ја мемориската картичка.
4 Вратете го држачот на мемориската картичка назад во отворот за држачот на мемориска
картичка.
Не отстранувајте ја мемориската картичка додека уредот пренесува или пристапува
до информации. На тој начин може да дојде до губење или оштетување на
податоците, или може да дојде до оштетување на мемориската картичка или уредот.
Samsung не е одговорен за загубата што настанала како резултат од неправилната
употреба или од оштетени мемориски картички, вклучувајќи губење податоци.
16
Основни информации
Форматирање на мемориската картичка
Мемориска картичка форматирана на компјутер може да не биде компатибилна со уредот.
Форматирајте ја мемориската картичка на уредот.
На почетниот екран, допрете Апликац. → Поставувања → Одржување на уредот
→ Меморија → → Поставувања за меморирање → SD-карт. → Формат →
ФОРМАТИРАЈ.
Пред да ја форматирате мемориската картичка, не заборавајте да направите
резервни копии од сите важни податоци зачувани во мемориската картичка.
Гаранцијата на производителот не покрива губење на податоци како резултат на
дејства на корисникот.
Вклучување и исклучување на уредот
Држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување неколку секунди за да го
вклучите уредот.
Кога го вклучувате уредот првпат или откако сте извеле ресетирање на податоци, следете ги
упатствата на екранот за да го поставите Вашиот уред.
За да го исклучите уредот, држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување и
потоа допрете Исклучување.
Следете ги поставените предупредувања и насоки од службениот персонал кога се
наоѓате во области каде што користењето безжични уреди е ограничено, како на
пример авиони и болници.
Рестартирање на уредот
Ако Вашиот уред се блокирал и не реагира, држете ги притиснати истовремено копчето за
вклучување/исклучување и копчето за намалување на јачина на тон подолго од 7 секунди за
да го рестартирате.
Копче за вклучување/
исклучување
Копче за намалување на
јачина на тон
17
Основни информации
Контрола на екран на допир
• Не дозволувајте екранот на допир да дојде во контакт со други електрични уреди.
Електричните празнења може да предизвикаат неисправност на екранот на допир.
• За да избегнете оштетување на екранот на допир, не допирајте го со остри
предмети и не притискајте го пресилно со Вашите прсти.
• Уредот може да не ги препознае внесувањата со допир во близина на рабовите на
приказот кои се вон областа за внесување со допир.
• Ако го оставите екранот на допир во мирување подолг временски период, тоа
може да резултира со постслики (разобличеност на приказот) или заматеност.
Исклучете го екранот на допир кога не го користите уредот.
• Се препорачува да користите прсти кога го употребувате екранот на допир.
Допирање
За да отворите апликација, да изберете ставка од мени, да притиснете копче на екранот, или
за да внесете знак со помош на тастатурата на екранот, допрете го со прст.
Допирање и задржување
Држете допрено една ставка на екранот подолго од 2 секунди за пристап до достапните
опции.
18
Основни информации
Влечење
За преместување ставка, држете ја допрено задржете и одвлечете ја до целната позиција.
Двојно допирање
Допрете двапати на веб-страница или на слика за да ја зумирате. Повторно допрете двојно
за да се вратите.
Лизгање
Поминете со прстот налево или надесно на почетниот екран или на екранот со апликации за
да прикажете други панели. Лизгајте нагоре или надолу за листање низ интернет-страница
или список со ставки, како на пример контакти.
19
Основни информации
Ширење и спојување
Раздалечувајте два прста на интернет-страница, мапа или слика за зумирање во делот. Спојте
ги брзо за одзумирање.
Почетен екран
Почетен екран
Почетниот екран е почетната точка за пристап во сите одлики на уредот. Прикажува виџети,
кратенки до апликации и др.
За да прикажете други панели, лизгајте налево или надесно, или допрете еден од
индикаторите во долниот дел на екранот.
Виџет
Една апликација
Една папка
Индикатор на екран на вести.
Прикажете ги најновите статии
во разни категории.
Индикатори на екран
Икона на екран со апликации
Омилени апликации
20
Основни информации
Опции на почетен екран
На почетниот екран, задржете допрено некоја празна област или спојте ги прстите на
екранот за да пристапите во достапните опции. Прилагодете го почетниот екран со
додавање, бришење или прераспоредување на панели на почетен екран. Исто така, можете
да поставите тапет на почетен екран, да додавате виџети на почетен екран и друго.
• Заднини: Изберете нагодувања на тапетот за почетниот екран и за заклучениот екран.
• Виџети: Додавање виџети на почетниот екран. Виџетите се мали апликации кои
стартуваат специфични функции на апликации за да обезбедат информации или згоден
пристап во Вашиот почетен екран.
Додавање ставки
Задржете допрено една апликација или папка од екранот со апликации, и потоа одвлечете
го во почетниот екран.
За да додадете виџети, допрете и задржете една празна област на почетниот екран, допрете
Виџети, допрете и задржете еден виџет и потоа одвлечете го на почетниот екран.
Преместување ставки
Задржете допрено ставка на почетниот екран и одвлечете ја на нова локација.
Исто така, можете да преместите често користени апликации во областа со кратенки во
долниот дел на почетниот екран.
За преместување на ставката во друг панел, влечете ја кон страната на екранот.
За полесно преместување на ставка, допрете и задржете ја ставката и одвлечете ја во
Премести апликации во горниот дел на екранот. Ставката ќе се премести на панелот во
горниот дел од екранот. Поминете со прстот налево или надесно за да ја преместите во друг
панел и одвлечете ја ставката на нова локација.
21
Основни информации
Отстранување ставки
Допрете и држете на некоја ставка и потоа одвлечете ја во Отстрани кратенка, Избриши
или Отстрани во горниот дел на екранот.
Креирање папки
Создадете папки и соберете слични апликации за брз пристап и старување на апликации.
1 На почетниот екран, допрете и задржете една апликација и потоа одвлечете ја преку
друга апликација.
2 Испуштете ја апликацијата кога околу апликациите ќе се појави рамка на папка.
Ќе се креира нова папка што ќе ги содржи избраните апликации.
3 Допрете Внесете име за папката и внесете го името на папката.
За да ја измените бојата на папка, допрете
.
За да додадете повеќе апликации во папката, допрете ДОДАЈ, штиклирајте ги
апликациите и потоа допрете ДОДАЈ. Исто така, можете да додадете една апликација
влечејќи ја во папката на почетниот екран.
За да преместите апликации од папка на почетниот екран, допрете ја папката и потоа
одвлечете една апликација на почетниот екран.
За да избришете апликации во папка, допрете ја папката и потоа одвлечете ја апликацијата
што сакате да ја избришете во Отстрани кратенка во горниот дел на екранот.
22
Основни информации
Управување со панели
На почетниот екран, задржете допрено една празна област за да додадете, пренесете или
отстраните еден панел.
За да додадете панел, лизгајте налево и потоа допрете
.
За да преместите панел, задржете допрено преглед на панел и потоа одвлечете го во нова
локација.
За да отстраните панел, допрете и задржете го прегледот на панел и потоа одвлечете го во
Отстрани во горниот дел од екранот.
За да поставите панел како главен почетен екран, допрете
.
Користење брзи опции
На почетниот екран, допрете и задржете една икона на апликација или папка за брз пристап
во опции.
Екран со апликации
Екранот со апликации прикажува икони за сите апликации, вклучувајќи ги
новоинсталираните апликации.
На почетниот екран, допрете Апликац. за да се отвори екранот со апликации. За да
прикажете други панели, лизгајте налево или надесно, или изберете еден зелен индикатор
во долниот дел на екранот.
Преместување ставки
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
На екранот со апликации, допрете → Измени. Допрете и задржете ставка и одвлечете ја на
нова локација.
За преместување на ставката во друг панел, влечете ја кон страната на екранот.
Креирање папки
Креирајте папки и соберете слични апликации за брз пристап и старување на апликации што
сакате.
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
1 На екранот со апликации, допрете → Измени.
2 Допрете и задржете една апликација и потоа одвлечете ја над друга апликација.
23
Основни информации
3 Испуштете ја апликацијата кога околу апликациите ќе се појави рамка на папка.
Ќе се креира нова папка што ќе ги содржи избраните апликации.
4 Допрете Внесете име за папката и внесете го името на папката.
За да ја измените бојата на папка, допрете
.
За да додадете повеќе апликации во папката, допрете ДОДАЈ, штиклирајте ги
апликациите и потоа допрете ДОДАЈ. Исто така, можете да додадете една апликација
влечејќи ја во папката на екранот со апликации.
во папката. Ќе се ибрише само папката. Апликациите од
За бришење папка, допрете на
папката ќе се преместат на екранот со апликации.
Прераспоредување ставки
Можете да ги преуредите ставките по азбучен редослед на екранот со апликации.
На екранот со апликации, допрете → Подреди → Азбучен ред.
Пребарување ставки
Можете да пребарувате апликации на екранот со апликации или од Galaxy Apps или Play
Store.
На екранот со апликации, внесете знаци во полето за пребарување. Уредот ќе ги пребарува
и прикажува ставките што ги содржат знаците што ги внесовте.
24
Основни информации
Икони на индикатор
На статусната лента во горниот дел на екранот се покажуваат иконите на индикатор. Во
долната табела се наведени најчестите икони.
Можно е статусната лента да не се појавува во горниот дел на екранот во некои
апликации. За да ја прикажете статусната лента, влечете надолу од горниот дел на
екранот.
Икона
Значење
Поврзано преку Wi-Fi
Одликата Bluetooth е активирана
GPS е активиран
Алармот е активиран
Тивкиот режим е активиран
Режимот за летало е активиран
Настаната грешка или потребно внимание
Полнење на батерија
Ниво на батеријата
25
Основни информации
Заклучување на екран
Со притискање на копчето за вклучување/исклучување се исклучува екранот и се заклучува.
Исто така, екранот се исклучува и автоматски се заклучува ако уредот не се употребува
одреден период.
Екранот е заклучен со Поминете, стандардниот метод за заклучување на екран.
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и поминете со прстот во кој било правец
за да го отклучите екранот.
За да го измените методот за заклучување екран, на екранот со апликации допрете
Поставувања → Екран за закл.и безбедност → Вид заклучување на екранот и потоа
изберете метод.
Кога поставувате шема, PIN, лозинка или отпечаток од прст за методот за заклучување екран,
можете да ги заштитите Вашите лични информации, за да спречите други да имаат пристап
во Вашиот уред. Откако ќе го поставите методот за заклучување екран, уредот ќе бара код за
отклучување секој пат кога го отклучувате.
• Поминете: Поминете со прстот на екранот во кој било правец за да го отклучите.
• Шара: Нацртајте шема со четири или повеќе точки за да го отклучите екранот.
• PIN: Внесете PIN со најмалку четири броја за да го отклучите екранот.
• Лозинка: Внесете лозинка со најмалку четири знака, броја или симболи за да го
отклучите екранот.
• Исклучено: Не избирајте метод за заклучување екран.
• Отпечатоци на прсти: Регистрирајте ги Вашите отпечатоци од прсти за да го
отклучувате екранот. За повеќе информации, осврнете се на Препознавање отпечаток
од прст.
26
Основни информации
• Можете да го отклучите екранот на Вашиот уред далечниски од интернет
страницата Find my mobile (findmymobile.samsung.com) со помош на сметката
Samsung. За да ја користите оваа одлика, уредот мора да биде поврзан на
Wi-Fi мрежа, а вие мора да се најавите на вашата сметка на Samsung.
• Ако сте ја заборавиле шифрата за отклучување, нема да можете да го користите
уредот ако не го ресетирате. Samsung не е одговорен за каква било загуба на
податоци или непријатности предизвикани од загубата на шифри за отклучување.
• Можете да го поставите Вашиот уред да изведува ресетирање на фабрички
вредности ако не го внесете точно кодот за отклучување неколку пати по ред и ја
достигнете границата на обиди. На екранот со апликации, допрете Поставувања
→ Екран за закл.и безбедност → Пост. за безбедно заклучување и допрете го
копчето Автомат. фабр. ресетирање за да го активирате.
Панел за известувања
Користење на панелот за известување
Кога добивате нови известувања, иконите за индикација се појавуваат на статусната лента. За
да видите повеќе информации за иконите, отворете го панелот за известување и прикажете
ги деталите.
За да го отворите панелот за известување, влечете ја статусната лента надолу. За да го
затворите панелот за известување, поминете со прстот нагоре по екранот.
Можете да го отворите панелот за известувања дури и на заклучен екран.
27
Основни информации
Можете да ги употребите следниве функции на панелот за известување.
Префрлување меѓу сметките на
корисниците или додавање
нови сметки на корисници.
Стартување Поставувања.
Копчиња за брзо нагодување
Допрете известување и
изведете разни дејства.
Исчистете ги сите известувања.
Блокирајте известувања од
апликации.
Користење на копчињата за брзо нагодување
Допрете ги копчињата за брзо нагодување за да активирате одредени одлики. Поминете со
прстот надолу на панелот за известување за да прикажете повеќе копчиња.
За менување на поставките на одликата, допрете на текстот под секое копче. За да
прикажете повеќе детални нагодувања, допрете и задржете едно копче.
За да ги преуредите копчињата, допрете → Редослед на копчиња, допрете и задржете
едно копче и потоа одвлечете го на друга локација.
28
Основни информации
Finder
Пребарајте вид содржина со клучен збор или пребарајте блиски уреди.
Пребарување содржина или блиски уреди
Отворете го панелот за известување, поминете со прстот надолу по панелот за известување
и потоа допрете Пребарај таблет и скенирај за уреди во близина.
Внесете клучен збор во полето за пребарување или допрете
и изговорете клучен збор.
За да добиете попречистени резултати, допрете Филтер под полето за пребарување, и потоа
изберете детали на филтер.
За пребарување на уредите во близина, допрете на БРЗО ПОВРЗУВАЊЕ. За повеќе
информации, осврнете се на БРЗО ПОВРЗУВАЊЕ.
Поставување категории за пребарување
Можете да поставите категории за пребарување за да пребарувате содржина во специфични
полиња за пребарување.
Допрете → Поставувања → Бирање локации за пребар. и изберете категории.
Внесување текст
Распоред на тастатура
Кога внесувате текст за да испратите е-пошта, кога креирате белешки и др., тастатурата се
појавува автоматски.
Внесувањето текст не поддржува одредени јазици. За внесување текст, треба да го
измените работниот јазик на еден од поддржаните јазици.
Избришете го претходниот
знак.
Внесувајте големи букви. За
сите букви да бидат големи,
допрете двапати.
Започнете нов ред.
Поместете го покажувачот.
Внесете симболи.
Внесете празно место.
Променете ги нагодувањата за
тастатура.
29
Основни информации
Измена на работниот јазик
→ Јазици и видови → УПРАВ. СО ЈАЗИЦИ ЗА ВНЕС и потоа изберете ги
Допрете на
јазиците што ќе ги користите. Кога избирате два или повеќе јазици, можете да се префрлате
меѓу работните јазици со лизгање на копчето за празно место налево или надесно.
Дополнителни функции на тастатура
Задржете допрено
за да ги употребувате разните функции. Може да се појавуваат други
икони наместо иконата
во зависност од последната функција која се користела.
• : Внесување текст преку говор.
Променете ги опциите за
говорно внесување.
• Започнете или паузирајте со
внесување текст преку говор.
: Префрлете во ракописен режим.
Префрлете се на стандардна
тастатура.
Прикажете информации за
уредување ракопис.
Променете ги нагодувањата за
тастатура.
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
• : Додајте ставка од складот.
• : Внесете емотикони.
• : Префрлување на подвижна или на поделена тастатура. Можете да ја преместите
тастатурата на друга локација со влечење на картичката.
• : Променете ги нагодувањата за тастатура.
30
Основни информации
Копирање и пресликување
1 Задржете допрено преку текст.
2 Влечете или за да го изберете саканиот текст, или допрете Избери ги сите за да го
изберете целиот текст.
3 Допрете Копирај или Исечи.
Избраниот текст се копира во посредната меморија.
4 Допрете и задржете во точката каде што сакате да го внесете текстот и допрете
Пресликај.
За да пресликате текст што сте го ископирале претходно, допрете Посредна меморија и
изберете го текстот.
Речник
Побарајте дефиниции за зборови користејќи одредени одлики, како кога прелистувате
интернет-страници.
1 Допрете и задржете преку еден збор што сакате да го побарате.
Ако зборот што сакате да го побарате не е избран, влечете
саканиот текст.
или
за да го изберете
2 Допрете Повеќе → Речник во списокот со опции.
Ако на уредот не постои претходно инсталиран речник, допрете Move to Manage
dictionaries →
до речникот за да го преземете.
3 Прикажете ги дефинициите во скокачкиот прозорец на речникот.
За да се префрлите во приказ на цел екран, допрете . Допрете ја дефиницијата на
екранот за да прикажете повеќе дефиниции. Во деталниот приказ допрете
за да го
додадете зборот во списокот со Вашите омилени зборови или допрете Search Web за да
го употребите зборот како термин за пребарување.
31
Основни информации
Слика на екран
Доловете слика на екран додека го користите уредот.
Сликање на екранот
Држете го притиснато копчето Дома и копчето за вклучување/исклучување истовремено.
Можете да ги прикажете доловените слики во Галерија.
Исто така, можете да доловувате слики од екран ако поминете со Вашиот прст налево или
надесно преку екранот. Ако оваа одлика не е активирана, отворете го екранот со апликации,
допрете Поставувања → Напредни функции → Поминете со дланката за доловување и
потоа допрете го копчето за да ја активирате.
Не е возможно да се направи слика од екранот додека се користат одредени
апликации и одлики.
Паметно снимање
Можете да го доловите тековниот екран и област за лизгање. Исто така, можете веднаш да го
потсечете и споделувате доловениот екран.
Ако оваа одлика не е активирана, отворете го екранот со апликации, допрете Поставувања
→ Напредни функции → Паметно снимање, допрете да копчето за да го активирате и
потоа доловете слика од екран. На екранот што го доловувате, употребете една од следните
опции:
• Сними го листањето: Доловете повеќе содржина што продолжува преку повеќе
екрани, како интернет-страници. Екранот ќе продолжи да се лизга надолу автоматски и
ќе се долови повеќе содржина.
• Цртај: Пишувајте или цртајте на сликата од екран.
• Потсечи: потсечете дел од сликата од екран.
• Сподели: Споделете ја сликата од екран.
32
Основни информации
Отворање апликации
На почетниот екран или на екранот со апликации, изберете икона на апликација за да ја
отворите.
За да отворите апликација од списокот со апликации што сте ги користеле неодамна,
допрете
и изберете еден прозорец на неодамнешна апликација.
Затворање апликација
Допрете
и влечете го налево или надесно прозорецот на некоја неодамнешна
апликација за да ја затворите. За да ги затворите сите активни апликации, допрете ЗАТВОРИ
ГИ СИТЕ.
Повеќе прозорци
Вовед
Повеќе прозорци Ви овозможува истовремено да извршувате две апликации во приказ
на поделен екран. Исто така, можете истовремено да извршувате повеќе апликации во
скокачки приказ.
Некои апликации може да не ја поддржуваат оваа одлика.
Приказ на поделен екран
Скокачки приказ
33
Основни информации
Приказ на поделен екран
1 Допрете за да се отвори списокот со неодамнешни апликации.
2 Поминете со прстот нагоре или надолу и допрете на прозорецот на неодамнешна
апликација.
Избраната апликација ќе стартува во горниот прозорец.
3 Во долниот прозорец, лизгајте нагоре или надолу за да изберете друга апликација што ќе
ја стартувате.
За стартување на апликации што не се на листата на неодамна користени апликации,
допрете на УШТЕ АПЛИКАЦИИ и изберете апликација.
Користење дополнителните опции
За пристап до дополнителните опции, допрете на лентата помеѓу прозорците на апликациите.
Префрлајте се во локациите
помеѓу прозорците на
апликациите.
Затворање на тековно
избраната апликација.
Префрлување на избраниот
прозорец во појавувачки.
34
Основни информации
Прилагодување на големината на прозорецот
Влечете ја лентата помеѓу прозорците на апликациите нагоре или надолу за да ја нагодите
големината на прозорците.
Споделување текст или слики меѓу прозорците
Влечете и отпуштајте текст или ископирани слики од еден прозорец во друг. Допрете и
задржете една ставка во избраниот прозорец и влечете ја на локација во друг прозорец.
Некои апликации може да не ја поддржуваат оваа одлика.
35
Основни информации
Минимизирање преглед со поделен екран
Притиснете го копчето Дома за да го минимизирате прегледот со поделен екран. Иконата
ќе се појави на статусната лента. Апликацијата во долниот прозорец ќе се затвори,
а апликацијата во горниот прозорец ќе остане активна во минимизираниот преглед со
поделен екран.
За да го затворите минимизираниот преглед со поделен екран, отворете го панелот за
известување и допрете на иконата
во известувањето за Повеќе прозорци.
Максимизирање на прозорец
Допрете на прозорец од некоја апликација и влечете ја лентата меѓу прозорците на
апликациите до горниот или долниот раб на екранот.
Скокачки приказ
1 Допрете за да се отвори списокот со неодамнешни апликации.
2 Лизгајте нагоре или надолу, допрете и држете на прозорец од некоја апликација и потоа
одвлечете го во Испуштете тука за преглед на појавен екран.
Екранот на апликацијата ќе се појави во скокачки приказ.
Минимизирајте го
прозорецот.
Затворете ја апликацијата.
Максимизирајте го
прозорецот.
Преместување скокачки прозорци
За да преместите појавувачки прозорец, допрете на лентата со алатки на прозорецот и
одвлечете го на друго место.
36
Основни информации
Сметка Samsung
Вовед
Вашата сметка Samsung е интегрирана сметковна услуга која Ви овозможува да користите
голем број услуги Samsung што се нудат на мобилни уреди, телевизори и интернетстраницата Samsung. Штом ќе ја регистрирате Вашата сметка Samsung, можете да користите
апликации обезбедени од Samsung, без да се најавувате на Вашата сметка.
Креирајте ја Вашата сметка Samsung со Вашата адреса на е-пошта.
За да го проверите списокот со услуги што може да се користат со Вашата сметка Samsung,
посетете ја account.samsung.com. За повеќе информации во врска со сметки Samsung,
отворете го екранот со апликации, допрете Поставувања → Облак и сметки → Сметки →
Сметка Samsung → Помош.
Регистрација на Вашата сметка Samsung
Регистрација на нова сметка Samsung
Ако немате сметка Samsung, треба да креирате.
1 На екранот со апликации, допрете Поставувања → Облак и сметки → Сметки →
Додај сметка.
2 Допрете Сметка Samsung → НАПРАВИ СМЕТКА.
3 Следете ги упатствата на екранот за го завршите креирањето на Вашата сметка.
Регистрација на постоечка сметка Samsung
Ако веќе имате сметка Samsung, регистрирајте ја на уредот.
1 На екранот со апликации, допрете Поставувања → Облак и сметки → Сметки →
Додај сметка.
2 Допрете Сметка Samsung.
3 Внесете ја адресата на е-пошта и лозинка и потоа допрете НАЈАВА.
Ако сте ги заборавиле Вашите информации на сметка, допрете Сте ја заборавиле
идентификацијата или лозинката? Можете да ги најдете Вашите информации на
сметка кога ќе ги внесете бараните информации и безбедносниот код што се прикажува
на екранот.
37
Основни информации
Отстранување на Вашата сметка Samsung
Кога ја отстранувате Вашата регистрирана сметка Samsung од уредот, Вашите податоци, како
контактите или настаните, исто така, ќе се отстранат.
1 На екранот со апликации, допрете Поставувања → Облак и сметки → Сметки.
2 Допрете на Сметка Samsung и потоа допрете на → Избриши сметка → OK.
3 Внесете ја лозинката за Вашата сметка Samsung. и допрете ПОТВРДИ.
Пренесување податоци од Вашиот
претходен уред
Можете да пренесете контакти, слики и други податоци од претходен уред на Вашиот уред
преку Smart Switch или облакот на Samsung.
• Оваа одлика може да не биде поддржана на некои уреди или компјутери.
• Важат ограничувања. За детали, посетете ја www.samsung.com/smartswitch. За
Samsung, авторските права се сериозно прашање. Пренесувајте само содржина
што е Ваша сопственост или која имате право да ја пренесувате.
Пренесување податоци преку Smart Switch
Пренесете податоци помеѓу мобилни уреди преку Smart Switch. Апликацијата можете да ја
преземете од Galaxy Apps или Play Store.
38
Основни информации
Префрлање податоци од мобилен уред
Пренесете податоци од Вашиот претходен уред на Вашиот уред.
1 На двата уреда, преземете ја и инсталирајте ја Smart Switch од Galaxy Apps или Play
Store.
2 Поставете ги уредите блиску еден до друг.
3 Стартувајте ја Smart Switch на двата уреда.
4 На претходниот уред, допрете БЕЗЖИЧНО → ИСПРАТИ → ПОВРЗИ.
5 На Вашиот уред, допрете БЕЗЖИЧНО → ПРИМИ и изберете го видот на претходниот
уред.
6 Следете ги упатствата на екранот за да пренесете податоци од Вашиот претходен уред.
Префрлање резервна копија на податоци од компјутер
Направете резервна копија од Вашиот претходен уред на компјутер и увезете ги податоците
на Вашиот уред.
1 На компјутерот, посетете ја www.samsung.com/smartswitch за да ја преземете Smart Switch.
39
Основни информации
2 На компјутерот, стартувајте ја Smart Switch.
Ако Вашиот претходен уред не е од марката Samsung, направете резервна копија на
компјутер, користејќи програма што ја обезбедува произведувачот на уредот. Потоа,
префрлете се на петтиот чекор.
3 Поврзете го Вашиот претходен уред со компјутерот преку USB кабелот.
4 Следете ги упатствата на екранот на компјутерот за да направите резервна копија од
податоците од уредот. Потоа, исклучете го Вашиот претходен уред од компјутерот.
5 Поврзете го уредот со компјутер користејќи го USB кабелот.
6 На компјутерот, следете ги упатствата на екранот на компјутерот за да пренесете
податоци на Вашиот уред.
Пренесување податоци преку облакот Samsung
Направете резервна копија од Вашиот претходен уред на облакот Samsung и обновете ги
податоците на Вашиот уред. Мора да се регистрирате и да се најавите на Вашата сметка
Samsung за да го користите облакот Samsung. Осврнете се на Сметка Samsung за повеќе
информации.
1 На претходниот уред, направете резервна копија од податоците на сметката Samsung.
2 На Вашиот уред, допрете Апликац. → Поставувања → Облак и сметки → Samsung
Cloud → Врати.
3 Допрете и изберете го претходниот уред од списокот со уреди.
4 Штиклирајте ги видовите податоци што сакате да ги обновите и допрете ОБНОВИ СЕГА.
40
Основни информации
Уред и управување со податоци
Поврзување на уредот со компјутер за пренесување податоци
Пренесувајте аудизаписи, видеозаписи, слики и други видови фајлови од уредот на компјутер
или обратно.
Не исклучувајте го USB кабелот од уредот кога пренесувате фајлови. Во спротивно,
тоа може да предизвика загуба на податоци или оштетување на уредот.
Уредите може да не бидат поврзани соодветно ако се поврзани преку USB-хаб.
Поврзете го уредот директно во USB-портата на компјутерот.
1 Поврзете го уредот со компјутер со USB кабел.
2 Отворете го панелот за известување и потоа допрете Пренос на медиум. датот. преку
USB → Се пренесуваат медиумски датотеки.
Ако компјутерот не може да го препознае Вашиот уред, допрете Пренос на сликите.
3 Допрете ДОЗВОЛИ за да му дозволите на компјутерот да пристапи во податоците на
Вашиот уред.
Кога компјутерот ќе го препознае Вашиот уред, уредот ќе се појави во Мој компјутер.
4 Префрлајте фајлови помеѓу Вашиот уред и компјутерот.
Ажурирање на уредот
Уредот може да се ажурира со најновиот софтвер.
Безжично ажурирање
Уредот може директно да се ажурира со најновиот софтвер преку фирмвер-сервисот FOTA
(фирмвер безжична надградба).
На екранот со апликации, допрете Поставувања → Ажурирање софтвер → Преземај
ажурирања рачно.
41
Основни информации
Ажурирање со Smart Switch
Поврзете го уредот со компјутер и ажурирајте со уредот со најновиот софтвер.
1 На компјутерот, посетете ја www.samsung.com/smartswitch за да ја преземете и
инсталирате Smart Switch.
2 На компјутерот, стартувајте ја Smart Switch.
3 Поврзете го уредот со компјутер користејќи USB кабел.
4 Доколку е достапно ажурирање на софтверот, следете ги упатствата на екранот за
ажурирање на уредот.
• Не исклучувајте го компјутерот и не откачувајте го USB кабелот додека уредот се
ажурира.
• Додека уредот се ажурира, не поврзувајте други медиумски уреди со компјутерот.
Во спротивно може да дојде до пречки во процесот на ажурирање. Пред да
извршите ажурирање, исклучете ги сите други медиумски уреди од компјутерот.
Правење резервна копија и обновување податоци
Чувајте ги безбедни Вашите лични информации, податоци од апликации и нагодувања на
уредот. Можете да направите резервна копија од Вашите чувствителни информации и да
пристапувате до неа подоцна. Мора да се најавите на Вашата сметка Google или Samsung за
да направите резервна копија или да обновите податоци. За повеќе информации, погледнете
во Сметка Samsung и Сметки.
Користење сметка Samsung
На екранот со апликации, допрете Поставувања → Облак и сметки → Архивирање и
враќање → Поставувања за резервна копија за сметката Samsung, изберете ги копчињата
што се наоѓаат до ставките од кои сакате да направите резервна копија за да ги активирате и
потоа допрете НАПРАВИ РЕЗ. КОП. СЕГА.
Од податоците ќе се направи резервна копија во облакот на Samsung. Осврнете се на
Samsung Cloud за повеќе информации.
За да поставите уредот автоматски да прави резервна копија од податоците, допрете го
копчето Автоматска резервна копија за да го активирате.
За обновување податоци од резервна копија што се наоѓа во облакот на Samsung со помош
на сметката Samsung, допрете Обнови првобитни. Изберете уред и видовите податоци
што сакате да ги обновите и допрете ОБНОВИ СЕГА. Избраните податоци ќе се обноват на
Вашиот уред.
42
Основни информации
Користење сметка Google
На екранот со апликации, допрете Поставувања → Облак и сметки → Архивирање и
враќање и допрете го копчето за сметката Google Резервна копија на податоци за да го
активирате. Допрете Сметка за резервна копија и изберете една сметка како сметка за
резервни копии. За да додадете резервна сметка, допрете на Додај сметка.
За да обновите податоци користејќи сметка Google, допрете го копчето Автоматско
обновување за да го активирате. Кога ќе инсталирате повторно апликации, нагодувањата и
податоците од резервната копија ќе се обноват.
Изведба на ресетирање на податоци
Избришете ги сите нагодувања и податоци на уредот. Пред да извршите ресетирање на
фабричките вредности, осигурете се дека сте направиле резервни копии од сите важни
податоци зачувани на уредот. Осврнете се на Правење резервна копија и обновување
податоци за повеќе информации.
На екранот со апликации, допрете Поставувања → Општо управување → Ресетирање
→ Ресетирање на фабричките нагодувања → РЕСЕТИРАЈ → ИЗБРИШИ СÈ. Уредот ќе се
рестартира автоматски.
БРЗО ПОВРЗУВАЊЕ
Вовед
Пребарувајте брзо и поврзувајте се со блиски уреди, како Bluetooth слушалки или
телевизори, користејќи ја одликата Quick connect.
• Ако уредот кој сакате да го поврзете не ја поддржува одликата Брзо поврзување,
активирајте ја неговата одлика Wi-Fi Direct или Bluetooth пред да ја стартувате
БРЗО ПОВРЗУВАЊЕ на Вашиот уред.
• Методите за конекција може да се разликуваат во зависност од типот на поврзани
уреди или содржината која се споделува.
43
Основни информации
Поврзување со други уреди
1 Отворете го панелот за известување, поминете со прстот надолу по панелот за
известување и потоа допрете Пребарај таблет и скенирај за уреди во близина.
2 Допрете БРЗО ПОВРЗУВАЊЕ.
Одликите Wi-Fi и Bluetooth ќе се активираат и уредот автоматски ќе пребарува блиски
уреди.
3 Изберете еден уред од списокот и поврзете се со него следејќи ги упатствата на екранот.
Следните чекори може да се разликуваат во зависност од поврзаниот уред.
Споделување содржина
Споделете содржина со поврзаните уреди.
1 Отворете го панелот за известување, поминете со прстот надолу по панелот за
известување и потоа допрете Пребарај таблет и скенирај за уреди во близина.
2 Допрете БРЗО ПОВРЗУВАЊЕ.
3 Изберете уред од списокот со детектирани уреди.
4 Допрете Пренесување датотеки и изберете категорија на медиум.
5 Следете ги упатствата на екранот за да испратите содржина кај поврзаниот уред.
Следните чекори може да се разликуваат во зависност од избраната категорија на
медиум.
Поврзување со телевизор
Поврзете го Вашиот уред и телевизор за да ја прикажете содржината на уредот на поголем
екран. Можеби ќе можете да користите повеќе одлики во зависност од поврзаниот
телевизор.
1 Вклучете го телевизорот и поставете го Вашиот уред во близина на телевизорот.
2 Отворете го панелот за известување, поминете со прстот надолу по панелот за
известување и потоа допрете Пребарај таблет и скенирај за уреди во близина.
44
Основни информации
3 Допрете БРЗО ПОВРЗУВАЊЕ.
4 Изберете телевизор.
Се појавува списокот со одлики што можете да ги користите со телевизорот.
5 Изберете одлика и следете ги упатствата на екранот за да ја употребите одликата.
Достапните одлики може да се разликуваат во зависност од телевизорот.
• Прик. таблет на ТВ (Smart View): Прикажете ја содржината на Вашиот уред на ТВекранот. Можеби ќе треба да ја активирате одликата Screen Mirroring на телевизорот,
во зависност од телевизорот што сакате да го поврзете. Ако телевизорот не ја
поддржува одликата Screen Mirroring, употребете компатибилни додатоци за да ја
вклучите одликата. Компатибилните додатоци вклучуваат приклучоци за HomeSync и
AllShare Cast.
• Прикажи ТВ на таблет: Гледајте ТВ на екранот на Вашиот уред. Можете да
продолжите да гледате ТВ во дозволениот опсег на врската.
• Регистрирање телевизор / Одрегистрирање ТВ: Регистрирање на телевизорот на
Вашиот уред за да се користат дополнителните одлики.
• Некои фајлови може да имаат прекини за време на емитувањето, во зависност од
врската.
• Ако ТВ-уредот не поддржува заштита на широкопојасна дигитална содржина
(HDCP), не можете да прикажувате содржина заштитена со дигитални права (DRM)
на ТВ-уредот.
Проток на содржина на регистрираниот телевизор
Ако регистрирате телевизор на Вашиот уред, можете полесно да се поврзувате со
телевизорот додека емитувате содржина.
Кога Вашиот уред ќе го препознае регистрираниот телевизор додека гледате содржина, на
уредот ќе се појави иконата
. Допрете ја иконата за да ја емитувате содржината од Вашиот
уред на Вашиот телевизор.
• Оваа одлика е поддржана само од стандардната апликација на галерија на уредот.
• Кога регистрираниот телевизор е поврзан со електричен приклучок, можете да ја
користите оваа одлика дури и ако телевизискиот екран е исклучен.
45
Основни информации
Споделување одлики
Споделувајте одлики користејќи разни опции за споделување. Следните дејства се пример за
споделување слики.
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете една слика.
3 Допрете Сподели и изберете метод за споделување, како Bluetooth и е-пошта.
Исто така, можете да ги користите следните опции:
• Пренос на датот. на уред: Споделувајте содржина со блиски уреди преку Wi-Fi Direct
или Bluetooth. Нагодувањата за видливост мора да бидат активирани на уредите.
• Види содржина на ТВ (Smart View): Прикажете ја содржината што ја прикажува
уредот на поголем екран преку безжична врска.
Кога имате комуникација или споделувате историја, луѓето со кои контактиравте ќе
се појават на панелот со опции за споделување. Ако сакате директно да споделувате
содржина со нив преку соодветната апликација, изберете икона на лице. Ако
одликата не е активирана, отворете го екранот со апликации, допрете Поставувања
→ Напредни функции и потоа допрете го копчето Директ. споделув. за да го
активирате.
4 Следете ги упатствата на екранот за споделување содржина со други.
Кога сликата ќе се испрати кај уредот на примателите, на нивните уреди ќе се појави
известување. Допрете го известувањето за да прикажете или да ја преземете сликата.
46
Апликации
Инсталирање или деинсталирање апликации
Galaxy Apps
Купете и преземете апликации. Можете да преземете апликации што се специјализирани за
уредите Samsung Galaxy.
Допрете Galaxy Apps на екранот со апликации.
Оваа апликација може да биде недостапна во зависност од регионот или операторот.
Инсталирање апликации
Прегледајте ги апликациите според категорија или допрете го полето за пребарување за да
пребарате според клучен збор.
Изберете апликација за да ги прикажете нејзините информации. За преземање бесплатни
апликации, допрете ИНСТАЛИРАЈ. За да купите и преземете апликации за кои се плаќа,
допрете ја цената и следете ги упатствата на екранот.
За да го измените нагодувањето за автоматско ажурирање, допрете → Опции →
Автоматско ажурирање апликации, и потоа изберете една опција.
Play Store
Купете и преземете апликации.
Допрете Play Store на екранот со апликации.
Инсталирање апликации
Прегледајте апликации според категорија или пребарајте апликации по клучен збор.
Изберете апликација за да ги прикажете нејзините информации. За преземање бесплатни
апликации, допрете ИНСТАЛИРАЈ. За да купите и преземете апликации за кои се плаќа,
допрете ја цената и следете ги упатствата на екранот.
→ Поставки
За да го измените нагодувањето за автоматско ажурирање, допрете
→ Автоматско ажурирање апликации, и потоа изберете една опција.
47
Апликации
Управување со апликации
Деинсталирање или деактивирање апликации
На екранот со апликации, допрете → Измени. Иконата
се појавува на апликацијата
што можете да ја деактивирате или деинсталирате. Изберете една апликација и допрете
ИСКЛУЧИ или OK. Алтернативно, на екранот со апликации, допрете Поставувања →
Апликации, изберете една апликација, и потоа допрете ИСКЛУЧИ или ДЕИНСТАЛИРАЈ.
• ИСКЛУЧИ: Деактивирајте избрани стандардни апликации кои не можат да се
деинсталираат од уредот.
• ДЕИНСТАЛИРАЈ: Деинсталирајте преземени апликации.
Активирање апликации
На екранот со апликации, допрете Поставувања → Апликации →
изберете една апликација и потоа допрете ВКЛУЧИ.
→ Оневозможено,
Поставување дозволи на апликација
За правилна работа на некои апликации, можеби ќе им треба дозвола за пристап или
користење информации на Вашиот уред. Кога отворате една апликација, може да се појави
скокачки прозорец и да побара пристап до одредени одлики или информации. Допрете
ДОЗВОЛИ на скокачкиот прозорец за да ѝ дадете дозвола на апликацијата.
За да прикажете нагодувања на дозволи за апликации, отворете го екранот со апликации
и допрете Поставувања → Апликации. Изберете една апликација и допрете Дозволи.
Можете да го прикажете списокот со дозволи за апликацијата и да ги измените нејзините
дозволи.
За да ги прикажете или измените нагодувањата за дозволи според категорија на дозвола,
отворете го екранот со апликации, допрете Поставувања → Апликации → → Дозволи
за апликации. Изберете една ставка и допрете ги копчињата веднаш до апликациите за да
дадете дозволи.
Ако не дадете дозволи на апликациите, основните одлики на апликациите може да
не работат правилно.
48
Апликации
Контакти
Вовед
Креирајте нови контакти или управувајте со контактите на уредот.
Додавање контакти
Создавање нов контакт
1 Допрете Контакти на екранот со апликации.
2 Допрете и изберете една локација за меморирање.
3 Внесете информации на контакт.
Изберете локација на склад.
Додајте слика.
Внесете информации на
контакт.
Отворете повеќе
информациони полиња.
Во зависност од локацијата на избраниот склад, видовите информации што можете
да ги зачувате се разликуваат.
4 Допрете СОЧУВАЈ.
49
Апликации
Увезување контакти
Додадете контакти со увезување од складот на Вашиот уред.
1 Допрете Контакти на екранот со апликации.
2 Допрете → Поставувања → Увези/Извези контакти → УВЕЗИ.
3 Изберете локација на склад од кој ќе увезете контакти.
4 Изберете локација на склад во кој ќе зачувате контакти.
5 Штиклирајте ги фајловите VCF за да ги увезете и допрете ГОТОВО.
Синхронизација на контакти со веб-сметки
Синхронизирајте ги контактите на уредот со онлајн контактите зачувани во Вашите вебсметки, како сметката Samsung.
На екранот со апликации, допрете на Поставувања → Облак и сметки → Сметки, изберете
име на сметка, изберете ја сметката со којашто сакате да ја синхронизирате и потоа допрете
на Контакти (сметка Samsung) или Синхронизирај Контакти.
Пребарување контакти
На екранот со апликации, допрете Контакти.
Користете еден од следниве методи за пребарување:
• Лизгајте нагоре или надолу во списокот со контакти.
• Влечете прстот вдолж индексот на левата страна на списокот со контакти за да го
прелистате брзо.
• Допрете го полето за пребарување на врвот од списокот со контакти и внесете
критериуми за пребарување.
Штом се избере контакт, преземете едно од следниве дејства:
• : Додајте во омилени контакти.
• : Составете е-порака.
50
Апликации
Споделување контакти
Можете да споделувате контакти со други со користење на разни опции за споделување.
1 Допрете Контакти на екранот со апликации.
2 Допрете → Сподели.
3 Штиклирајте контакти и допрете СПОДЕЛИ.
4 Изберете метод за споделување.
Спојување на двојни контакти
Кога увезувате контакти од други складови, или кога синхронизирате или преместувате
контакти во други сметки, Вашиот список со контакти може да вклучува двојни контакти.
Спојте ги двојните контакти во еден за да го поедноставите списокот со контакти.
1 Допрете Контакти на екранот со апликации.
2 Допрете → Поставувања → Спој двојни контакти.
3 Штиклирајте контакти и допрете СПОЈ.
Бришење контакти
1 Допрете Контакти на екранот со апликации.
2 Допрете → Избриши.
3 Штиклирајте контакти и допрете ИЗБРИШИ.
51
Апликации
Интернет
Вовед
Прегледајте на Интернет за да пребарате информации и означете ги Вашите омилени
интернет-страници за лесно да пристапите до нив.
Прегледување интернет-страници
1 Допрете Интернет на екранот со апликации.
2 Допрете го полето за адреса.
3 Внесете ја веб-адресата или клучен збор, и потоа допрете Оди.
За да ги прикажете алатниците, благо влечете го Вашиот прст надолу по екранот.
Обележете ја тековната
интернет-страница.
Освежете ја тековната
интернет-страница.
Пристапете до дополнителни
опции.
Движете се меѓу страници.
Прикажете ги Вашите
обележувачи, зачуваните
интренет-страници и
неодамнешната историја.
Затворете ја картичката.
Отворете нова картичка.
Отворете ја почетната
страница.
52
Апликации
Користење таен режим
Во таен режим, можете поодделно да ги зачувувате и да управувате со отворените картички,
обележувачи и зачувани страници. Можете да го заклучите тајниот режим користејќи
лозинка и Вашиот отпечаток од прст.
Активирање на таен режим
Допрете → Вклучи Таен режим. Ако ја користите оваа одлика првпат, поставете дали да
користите лозинка за тајниот режим.
Во таен режим, не можете да користите некои одлики, како доловување на екран.
Во таен режим, уредот ќе ја измени бојата на алатниците.
Менување на нагодувањата за безбедност
Можете да ја измените Вашата лозинка или методот за заклучување.
Допрете → Поставувања → Приватност → Безбедност на Таен режим → Смени
лозинка. За да го поставите Вашиот регистриран отпечаток од прст како метод за
заклучување заедно со лозинката, допрете го копчето Отпечатоци на прсти за да го
активирате. Осврнете се на Препознавање отпечаток од прст за повеќе информации во
врска со користењето на Вашите отпечатоци од прсти.
Деактивирање на таен режим
Допрете → Исклучи Таен режим.
Е-пошта
Поставување сметка на е-пошта
Поставете сметка на е-пошта кога отворате Е-пошта првпат.
1 Допрете Е-пошта на екранот со апликации.
2 Внесете ја адресата на е-пошта и лозинката и потоа допрете НАЈАВА.
За рачна регистрација на сметка на сметка за е-пошта, допрете РАЧНО ПОСТ.
53
Апликации
3 Следете ги упатствата на екранот за комплетирање на поставувањето.
За поставување друга е-пошта, допрете
→ Додај сметка.
→
Ако имате повеќе од една сметка за е-пошта, можете да ја поставите едната како стандардна
→ → Постави основна сметка.
сметка. Допрете →
Праќање е-пошта
1 Допрете за да составите е-пошта.
2 Додадете приматели и внесете текст во пораката.
3 Допрете ПРАТИ за да ја пратите пораката.
Читање е-пошта
Кога апликацијата Е-пошта е отворена, уредот автоматски ќе ја вчита новата е-пошта. За
рачно вчитување на е-пошта, поминете со прстот надолу по екранот.
Допрете една е-пошта на екранот за да ја прочитате.
Ако синхронизацијата на е-пошта е исклучена, новата е-пошта не може да се вчита.
→ името на Вашата
За да вклучите синхронизацијата на е-пошта, допрете →
сметка и потоа допрете го копчето Синхронизирај сметка за да го активирате.
Камера
Вовед
Сликајте фотографии и снимајте видеозаписи користејќи разни режими и нагодувања.
Правила на однесување при користење на камерата
• Не сликајте фотографии или снимате видеозаписи од други луѓе без нивна дозвола.
• Не сликајте фотографии или снимајте видеозаписи каде што е забрането со закон.
• Не сликајте фотографии или снимајте видеозаписи на места каде што може да ја
загрозите приватноста на други луѓе.
54
Апликации
Стартување на камерата
Допрете Камера на екранот со апликации.
Некои одлики на камера не се достапни кога ја стартувате Камера од заклучениот
екран или кога екранот е исклучен додека се активирани безбедносните одлики.
Користење гестови со минување со прст
Контролирајте го брзо екранот за преглед со минување со прсти во различни правци.
Можете да го измените режимот за сликање, да се префрлате меѓу камери или да примените
ефекти на филтер.
Преглед на предна камера
Режими за сликање
Преглед на задна камера
Ефекти на филтер
Префрлање на камери
На екранот за преглед, поминете со прстот нагоре или надолу за да се префрлате меѓу
камери.
55
Апликации
Прикажување на режими за сликање
На екранот за преглед, поминете со прстот од лево кон десно за да го отворите списокот со
режими за сликање.
Прикажување ефекти на филтер
На екранот за преглед, поминете со прстот од десно кон лево за да го отворите списокот со
ефекти на филтер. Можете да примените едно единствено чувство на Вашите фотографии
или видеозаписи.
Оваа одлика е достапна само во некои режими за сликање.
Основно сликање
Сликање фотографии или снимање видеозаписи
1 Допрете ја сликата на приказот за преглед каде што треба да се фокусира камерата.
2 Допрете за да сликате фотографија или за да снимате видеозапис.
• Раздалечувајте два прста на екранот за зумирање и спојте ги брзо за одзумирање.
• За да ја приспособите осветленоста на фотографиите или видеозаписите, допрете го
екранот. Кога ќе се појави лентата за приспособување, одвлечете
на лентата за
приспособување кон
или .
• За да направите слика од видеозаписот додека снимате, допрете
.
• За да го промените фокусот додека снимате видеозапис, допрете онаму каде што
сакате да фокусирате. За да се фокусирате на центарот од екранот, допрете
.
Тековен режим
Направете лицата да
изгледаат посветли и
појасни.
Нагодувања на
камерата
Прикажи
минијатурен приказ
Сликајте
фотографија.
Снимете
видеозапис.
Префрлете помеѓу
предните и задните
камери.
Ефекти на филтер
Режими за сликање
56
Апликации
• Екранот за преглед може да се разликува во зависност од режимот за сликање и
која камера се користи.
• Камерата автоматски се исклучува кога не се користи.
• Проверете дали е чиста леќата. Ако не е, уредот може да не работи како што треба
во одредени режими за кои се потребни високи резолуции.
• Предната камера има широкоаголна леќа. Кај фотографиите сликани под широк
агол може да се појави мало изобличување и не покажува проблеми во изведбата
на уредот.
Заклучување на фокусот и експозицијата
Можете да го заклучите фокусот или експозицијата на избрана област, за да спречите
камерата автоматски да се приспособи врз основа на промените на предметите или
изворите на светлина.
Допрете и задржете ја областа за да фокусирате, а во неа ќе се појави рамката AF/AE и
нагодувањето за фокус во експозиција ќе се заклучи. Нагодувањето останува заклучено дури
и откако ќе сликате фотографија.
Оваа одлика е достапна само во некои режими за сликање.
Приспособување на режими за сликање
На екранот за преглед поминете со прстот надесно за да го отворите списокот со режими за
сликање и изберете режим.
За да го прикажете описот на секој режим, допрете → Информ.
За да ги преуредите режимите, допрете → Измени, допрете и задржете иконата за режим
и потоа одвлечете ја на друга локација.
За да додадете кратенки на режим на почетниот екран, допрете → Додај крат. на почетен
екран.
57
Апликации
Автоматски режим
Автоматскиот режим ѝ овозможува на камерата да го процени опкружувањето и да го
одреди идеалниот режим за фотографијата.
На списокот со режими за сликање, допрете Автоматски.
Прорежим
Сликајте фотографии додека рачно ги приспособувате разните опции за сликање, како на
пример вредноста на експозиција и вредноста ISO.
На списокот со режими за сликање, допрете Про. Изберете опции и приспособете ги
нагодувањата и потоа допрете
за да сликате фотографија.
• : Изберете соодветен баланс на бело, така што сликите да имаат опсег на реални бои.
Можете да ја нагодите температурата на боја.
• : Изберете вредност за ISO. Со ова се контролира чувствителноста за светлина на
камерата. Ниските вредности се за фиксни или силно осветлени објекти. Високите
вредности се за брзодвижечки или слабо осветлени објекти. Меѓутоа, повисоките ISO
нагодувања може да резултираат со бучава во фотографиите.
• : Сменете ја вредноста на експозицијата. Со ова се одредува колку светлина да прима
сензорот на камерата. За слабоосветлени ситуации, користете висока експозиција.
Панорама
Направете низа фотографии хоризонтално или вертикално и потоа соединете ги за да
креирате широка сцена.
На списокот со режими за сликање, допрете Панорама.
За најдобра снимка во панорамски режим, следете ги овие совети:
• Бавно движете ја камерата во една насока.
• Зачувајте ја сликата во внатрешноста на рамката на далечинскиот визир на
камерата. Ако прегледот на слика е надвор од рамката водилка или ако не го
движите уредот, уредот автоматски ќе престане да слика фотографии.
• Избегнувајте да сликате фотографии со неодредени заднини, како на пример
празно небо или обичен ѕид.
58
Апликации
Селфи
Сликајте автопортрети со предната камера. Можете да прегледате разни ефекти за убавина
на екранот.
1 На екранот за преглед, поминете со прстот нагоре или надолу или допрете
за да се
префрлите на предната камера за автопортрети.
2 На списокот со режими за сликање, допрете Селфи.
3 Свртете се кон леќата на предната камера.
4 Кога уредот ќе го детектира Вашето лице, покажете ја Вашата дланка пред предната
камерата. Откако ќе ја препознае Вашата дланка, ќе се појави тајмер за одбројување.
Кога времето ќе истече, уредот ќе слика фотографија.
→ Начини
За да користите разни опции за сликање за предната камера, допрете
за фотографирање и потоа допрете ги копчињата за да ги активирате.
Примена на ефекти за убавина
Можете да ги измените одликите на лицето, како тонот на Вашата кожа или обликот на
лицето, пред да правите автопортрети.
Оваа одлика е достапна само во режим Селфи.
1 На екранот за преглед, допрете .
2 Изберете ги опциите подолу за да примените ефекти за убавина на Вашето лице на
екранот за преглед за да сликате свои слики.
• Тон на кожа: Направете Вашата кожа да изгледа посветла и почиста.
• Тенко лице: Приспособете го обликот на лице и направете Вашето лице да изгледа
потенко.
• Големи очи: Направете Вашите очи да изгледаат поголеми.
59
Апликации
Последов.сн.
Направете серија фотографии на објекти во движење.
На списокот со режими за сликање, допрете Последов.сн.
Допрете и држете на
за да направите неколку фотографии последователно.
HDR (Богат тон)
Фотографирајте со богати бои, и репродуцирајте ги деталите дури и во светли и темни
области.
На списокот со режими за сликање, допрете HDR (Богат тон).
Без ефект
Со ефект
Ноќе
За фотографирање во услови на слаба осветленост, без да користите блиц.
На списокот со режими за сликање, допрете Ноќе.
Преземање режими
Преземете повеќе режими за сликање од Galaxy Apps.
На списокот со режими за сликање, допрете ПРЕЗЕМИ.
Некои преземени режими за сликање може да немаат пристап до секоја одлика.
60
Апликации
Нагодувања на камерата
Брзи нагодувања
На екранот за преглед, користете ги следните брзи нагодувања.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од режимот за сликање и
која камера се користи.
• : Изберете метод за мерење. Ова утврдува како се пресметуваат вредностите на
светлината.
Централно ја користи светлината во средниот дел на снимката за да ја
пресмета експозицијата на снимката.
Точка ја користи светлината во концентриран
среден дел на снимката за да ја пресмета експозицијата на снимката.
Матрица прави
просек од целата сцена.
Нагодувања на камерата
На екранот за преглед, допрете
.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од режимот за сликање и
која камера се користи.
ЗАДЕН ФОТОАПАРАТ
• Големина на сликата: Изберете резолуција за фотографиите. Користењето повисока
резолуција ќе има како резултат фотографии со повисок квалитет, но ќе зафаќаат повеќе
меморија.
• Големина на видеото: Изберете резолуција за видеата. Користењето повисока
резолуција ќе има како резултат видеозаписи со повисок квалитет, но ќе зафаќаат повеќе
меморија.
ПРЕДЕН ФОТОАПАРАТ
• Големина на сликата: Изберете резолуција за фотографиите. Користењето повисока
резолуција ќе има како резултат фотографии со повисок квалитет, но ќе зафаќаат повеќе
меморија.
• Големина на видеото: Изберете резолуција за видеата. Користењето повисока
резолуција ќе има како резултат видеозаписи со повисок квалитет, но ќе зафаќаат повеќе
меморија.
• Сочув. слики како прегледани: Ја инвертира сликата за да се добие слика како во
огледало на оригиналната сцена при фотографирање со предната камера.
• Начини за фотографирање: Изберете опции за сликање што ќе ги користите.
61
Апликации
ЗАЕДНИЧКО
• Тајмер: Изберете го времетраењето на задоцнувањето пред камерата да слика
фотографија автоматски.
• Прег. на цел екран (16:9): Го поставува уредот да ги прикажува фотографиите или
видеозаписите со сооднос на страните како на целиот екран.
• Мрежа: Приказ на водилки во визирот што помагаат во креирање на композицијата
кога избирате субјекти.
• Ознаки за локација: Прикачете локациска ознака GPS кон фотографијата.
• Силата на GPS-сигналот може да се намали во локации каде што има пречки за
сигналот, како што е меѓу згради или ниски подрачја или во лоши временски
услови.
• Вашата локација може да се прикаже на Вашите фотографии кога ќе ги објавите
на Интернет. За да го избегнете тоа, деактивирајте го нагодувањето за ознака за
локација.
• Прегледај слики: Поставете уредот да прикажува фотографии по нивното сликање.
• Место за меморирање: Изберете ја мемориската локација за складирање.
• Копче за Лебдечка камера: За додавање приспособливо копче за снимање на екранот
за прегледување.
• Функција на страничното копче: Поставете уредот да го користи копчето за јачина на
тон за да го контролира копчето за фотографирање.
• Ресетирај поставувања: Ресетирајте ги опциите за камерата.
62
Апликации
Галерија
Вовед
Прикажете слики и видеозаписи зачувани во Вашиот уред. Исто така, можете да управувате со
слики и видеозаписи според албум или да создадете приказни што ќе ги споделите со други.
Прикажување слики и видеозаписи
Гледање слики
1 На екранот со апликации, допрете Галерија → СЛИКИ.
2 Изберете една слика.
Префрлете се на претходниот
екран.
Пристапете до дополнителни
опции.
Додајте ја сликата во
омилените.
Споделете ја сликата со други.
Модифицирајте ја сликата.
Автоматски прилагодете ја
светлината.
Избришете ја сликата.
Минијатурни прикази за
преглед на слики и видеозаписи
63
Апликации
За да ги скриете или да ги прикажете менијата, допрете го екранот.
Можете да создадете анимација GIF или колаж од повеќе слики. Допрете →
Анимирај или Колаж и потоа изберете слики. Можете да изберете до шест слики за
Вашиот колаж.
Прикажување видеозаписи
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете видеозапис за емитување. Видеофајловите ја прикажуваат иконата
во
минијатурниот приказ.
Прикажете ги
Вашите видеозаписи.
Пристапете до
дополнителни
опции.
Скокнете на
претходниот
видеозапис. Допрете
и држете за
премотување.
Скокнете на
следниот
видеозапис. Допрете
и држете за брзо
префрлање
нанапред.
Паузирајте го или
продолжете го
емитувањето.
Премотајте или
префрлете брзо
нанапред со
влечење на лентата.
Заклучете го екранот
за емитување.
Променете го
размерот на
приказот.
Префрлете се на
скокачкиот плеер за
видеозаписи.
Создадете анимација
GIF.
Влечете го Вашиот прст нагоре или надолу на левата страна од екранот за емитување за да ја
прилагодите осветленоста, или влечете го Вашиот прст нагоре или надолу на десната страна
на екранот за емитување за да ја прилагодите јачината на тон.
За премотување или брзо префрлање нанапред, поминете со прстот налево или надесно за
екранот за емитување.
64
Апликации
Прикажување албуми
Можете да ги подредите сликите и видеозаписите во Вашиот уред според папка или албум.
Анимациите или колажите што ги создадовте, исто така, ќе се подредат во Вашите папки во
списокот со албуми.
На екранот со апликации, допрете Галерија → АЛБУМИ и изберете една слика.
Прегледување приказни
Кога доловувате или зачувувате слика и видеозаписи, уредот ќе го прочита нивните ознаки
за датум и локација, ќе ги подреди сликите и видеозаписите и потоа создава приказни. За
да создадете приказни автоматски, мора да доловите или зачувате повеќе слики и видеозаписи.
Креирање приказни
Создадете приказни со различни теми.
1 На екранот со апликации, допрете Галерија → ПРИКАЗНИ.
2 Допрете → Направи приказна.
3 Штиклирајте слики или видеозаписи што ќе ги вклучите во приказната и допрете
ГОТОВО.
4 Внесете име за приказната и допрете НОВО.
За да додадете слики или видеозаписи во приказна, изберете приказна и допрете ДОДАЈ
ЗАПИСИ.
За да отстраните слики или видеозаписи од приказна, изберете приказна, допрете →
Измени, штиклирајте слики или видеозаписи што сакате да ги отстраните и потоа допрете
→ Отстранете од приказна.
Бришење приказни
1 На екранот со апликации, допрете Галерија → ПРИКАЗНИ.
2 Задржете допрена една приказна што сакате да ја избришете и допрете ИЗБРИШИ.
65
Апликации
Синхронизација на слики и видеозаписи со облакот
Samsung
Можете да ги синхронизирате сликите и видеозаписите зачувани во Галерија со облакот
Samsung и да пристапите во нив од други уреди. Мора да се регистрирате и да се најавите на
Вашата сметка Samsung за да го користите облакот Samsung. Осврнете се на Сметка Samsung
за повеќе информации.
На екранот со апликации, допрете Галерија → → Поставувања и допрете го копчето
Samsung Cloud за да го активирате. Сликите и видеозаписите што сте ги зачувале на уредот
автоматски ќе се зачуваат во облакот Samsung.
Бришење слики или видеозаписи
Бришење една слика или видеозапис
Изберете една слика или видеозапис и допрете Избриши во горниот дел на екранот.
Бришење повеќе слики и видеозаписи
1 На главниот екран на Галерија, допрете и задржете една слика или видеозапис за
бришење.
2 Штиклирајте ги сликите или видеозаписите за бришење.
3 Допрете ИЗБРИШИ.
Споделување слики или видеозаписи
Изберете една слика или видеозапис, допрете Сподели во долниот дел на екранот и потоа
изберете метод за споделување.
66
Апликации
Game Launcher
Вовед
Стартувачот на игри ги собира Вашите игри преземени од Play Store и Galaxy Apps на едно
место за лесен пристап. Можете да го поставите уредот во режим на игри за да играте игри
полесно.
Пристапете до дополнителни
опции.
Додавање игри.
Намалето го користењето на
батерија за играње игри.
Вклучете ја или исклучете ја
иконата на Алатки за игри.
Отворање игри со или без
звук.
Користење на Стартувачот на игри
1 На екранот со апликации, допрете Поставувања → Напредни функции → Игри →
Game Launcher и потоа допрете го копчето за да го активирате.
Game Launcher ќе се додаде на почетниот екран и екранот со апликации.
Кога ќе ја деактивирате одликата, Game Launcher ќе се отстрани од Почетниот екран
и екранот со апликации.
2 На екранот со апликации, допрете Game Launcher.
3 Допрете една игра од списокот со игри.
Игрите преземени од Play Store и Galaxy Apps ќе се прикажат автоматски на
екранот на стартувачот на игри. Ако не можете да ги видите Вашите игри, допрете
Додај апликации.
67
Апликации
Отстранување на игра од Стартувачот на игри
Допрете и држете на игра и допрете на Отстрани.
Активирање на режимот за заштеда на енергија при игра
Кога го активирате режимот за заштеда на енергија при игра, уредот ќе ја намали
резолуцијата и брзината на приказ на кадри на играта за да ја намали потрошувачката на
батерија.
На екранот со апликации, допрете Game Launcher → Зачувувањ. е исклучено. Изберете
една од следниве опции:
• Исклучено: Режимот за заштеда не се користи.
• Штеди енергија: Намалете ја потрошувачката на енергија на батеријата со намалување
на резолуцијата.
• Максимално штеди енергија: Намалете ја драстично потрошувачката на енергија на
батеријата со намалување на резолуцијата и брзината на приказ на кадри.
Ефикасноста на енергијата на батерија може да се разликува по игра.
Користење алатки на игри
Можете да ја поставите иконата на Алатки на игри да се прикажува како лебдечка икона на
екраните на игрите.
На екранот со апликации, допрете Поставувања → Напредни функции → Игри и допрете
го копчето Game Tools за да го активирате.
Додека играте игра, допрете
за да ги прикажете алатките на игри.
За да ја преместите иконата, допрете и задржете
и потоа одвлечете ја на нова локација.
За да ја скриете иконата од тековниот екран на игра, допрете и задржете
одвлечете ја во Сокриј на горниот дел од екранот.
68
и потоа
Апликации
За повторно да ја покажете иконата од екранот на играта, отворете го панелот за
известувања и допрете на известувањето за Алатки за игри.
Исклучување на звуците за
известување и прикажување
само на известувањата за
предупредувања за итни
случаи.
Заклучете го копчето
неодамнешни и копчето Назад.
Затемнување и заклучување на
екран на игра.
Икона на Алатки за игри
Доловете слики од екран.
Снимете ја Вашата сесија од
игра.
Пристапете во нагодувањата на
Алатки за игри.
Блокирање на известувања во тек на игра
→
Допрете на
за да ги исклучите звуците за известување и да се прикажуваат само
известувањата за предупредувања за итни случаи, за да уживате во Вашите игри без да ве
вознемируваат.
Календар
Вовед
Управувајте со Вашиот распоред со внесување претстојни настани или задачи во Вашиот
распоред.
Креирање настан
1 Допрете Календар на екранот со апликации.
2 Допрете или допрете двојно на некој датум.
Ако на тој датум веќе постојат зачувани настани или задачи, допрете го датумот и
.
допрете
69
Апликации
3 Внесете детали на настан.
Внесете наслов.
Поставете датум на
започнување и завршување на
настанот.
Изберете еден календар за да
го употребувате или со кој ќе
се синхронизирате.
Поставете аларм.
Внесете ја локацијата на
настанот.
Додај белешка.
Прикачете мапа со приказ на
локацијата на настанот.
Додајте повеќе детали.
4 Допрете СОЧУВАЈ за да го зачувате настанот.
Креирање задачи
1 Допрете Календар на екранот со апликации.
2 Допрете ПРЕГЛЕДАЈ → Задачи.
3 Допрете на и внесете детали за задачата.
4 Допрете СОЧУВАЈ за да ја зачувате задачата.
Синхронизација на настани и задачи со Вашите сметки
На екранот со апликации, допрете на Поставувања → Облак и сметки → Сметки, изберете
услуга од сметката, изберете сметка со која сакате да ја синхронизирате и потоа допрете на
Календар (cметка Samsung) или Синхронизирај Календар.
За да додадете сметки со кои ќе се синхронизирате, отворете го екранот со апликации
и допрете Календар → → Уреди календари → Додај сметка. Потоа, изберете една
сметка со која ќе се синхронизира и најавете се. Кога ќе се додаде сметка, ќе се прикаже на
списокот.
70
Апликации
Мои фајлови
Пристап и ракување со разни датотеки зачувани во уредот.
На екранот со апликации, допрете Мои фајлови.
Прикажете фајлови што се зачувани во секој склад. Исто така, можете да прикажете фајлови
зачувани во Вашиот уред или мемориската картичка според категорија.
За да ослободите меморија од уредот, допрете → Управув. со корист. на мемор. →
ИЗБР. СЕГА.
За пребарување датотеки и папки, допрете на полето за пребарување и потоа внесете
клучен збор. Алтернативно, допрете и потоа изговорете клучен збор.
Белешка
Креирајте белешки и организирајте ги според категорија.
На екранот со апликации, допрете Белешка.
Составување белешки
Допрете
на списокот со белешки и внесете белешка. Додека составувате белешка,
употребете една од следните опции:
• Катег.: Креирајте или поставете категорија.
• Задачи: Додадете полиња за штиклирање на почетокот на секој ред за да креирате
список со задачи.
• Слика: Внесете слики.
• Цртеж: Напишете или нацртајте белешки што ќе ги внесете. Можете да изберете
дебелина и боја на пенкало.
• Глас: Направете говорна снимка за вметнување.
За да ја сочувате белешката, допрете СОЧУВАЈ.
За да уредите белешка, допрете една белешка и потоа допрете ја содржината на белешката.
Пребарување белешки
Допрете ПРЕБАРУВАЊЕ на списокот со белешки и внесете клучен збор за пребарување
белешки кои го вклучуваат клучниот збор.
71
Апликации
Часовник
Вовед
Поставете аларми, проверете го тековното време во многу градови во светот, внесете време
на настан или поставете одредено времетраење.
АЛАРМ
На екранот со апликации, допрете Часовник → АЛАРМ.
Поставување аларми
Допрете
во списокот со аларми, изберете ги деновите на кој алармот ќе се повтори,
поставете разни други опции за аларм и потоа допрете СОЧУВАЈ.
За да ја отворите тастатурата и да внесете време за аларм, допрете го полето за внесување
време.
За да активирате или деактивирате аларми, допрете го копчето веднаш до алармот во
списокот со аларми.
Стопирање аларми
Допрете ОТКАЖИ за стопирање на алармот. Ако претходно сте ја вклучиле опцијата за
одложување, допрете ПО 5 МИН. за да го повторите алармот по одредено време.
Бришење аларми
Задржете допрен еден аларм, штиклирајте аларми што сакате да ги избришете и допрете
БРИШИ.
СВЕТСКИ ЧАСОВНИК
На екранот со апликации, допрете Часовник → СВЕТСКИ ЧАСОВНИК.
Креирање часовници
Допрете
, внесете име на град или одберете град од глобусот, и потоа допрете ДОДАЈ.
Бришење часовници
Задржете допрен еден часовник, штиклирајте часовници што сакате да ги избришете и
допрете БРИШИ.
72
Апликации
СТОПЕРИЦА
1 На екранот со апликации, допрете Часовник → СТОПЕРИЦА.
2 Допрете ПОЧЕТОК за мерење на времето на некој настан.
За да снимите број на кругови додека мерите време на некој настан, допрете КРУГ.
3 Допрете ПРЕКИНИ за да го запрете мерењето.
За да го рестартирате мерењето, допрете ПРОДОЛЖИ.
За да го исчистите бројот на кругови, допрете РЕСЕТИРАЈ.
ТАЈМЕР
1 На екранот со апликации, допрете Часовник → ТАЈМЕР.
2 Поставете го времетраењето и потоа допрете ПОЧЕТОК.
За да ја отворите тастатурата и да го внесете времетраењето, допрете го полето за
внесување времетраење.
3 Допрете ОТКАЖИ кога тајмерот ќе се исклучи.
Калкулатор
Изведувајте едноставни или сложени пресметки.
Допрете Калкулатор на екранот со апликации.
За да ја избришете историјата, допрете ИЗБРИШИ ИСТОРИЈА.
Google апликации
Google пружа забава, социјални мрежи и апликации за бизнис. Може да Ви биде потребна
сметка на Google за пристап во некои апликации. Осврнете се на Сметки за повеќе
информации.
За да прикажете повеќе информации за апликација, пристапете во менито за помош на
секоја апликација.
Некои апликации може да бидат недостапни или означени различно во зависност од
регионот или операторот.
73
Апликации
Chrome
Пребарувајте информации и прегледувајте интернет-страници.
Gmail
Праќајте или примајте е-пошта преку услугата Google Mail.
Карти
Најдете ја Вашата локација на мапата, пребарувајте на светска мапа и прикажувајте
информации за локации на разни места во Ваша близина.
Play Music
Откријте, слушнете и споделете музика на Вашиот уред. Можете да поставите музички
колекции зачувани во Вашиот уред на облакот и да пристапите во нив подоцна.
Play Movies & TV
Купете или изнајмете видеозаписи, како филмови и ТВ-програми од Play Store.
Drive
Складирајте ја Вашата содржина во облак, пристапувајте во неа од каде било и споделувајте
ја со други.
YouTube
Гледајте и креирајте видеозаписи и споделувајте ги со други.
Фотографии
Пребарајте, управувајте и уредувајте ги сите Ваши фотографии и видеозаписи од разни
извори на едно место.
Hangouts
Испратете пораки, слики и емотикони кај Вашите пријатели и вршете видеоповици.
Google
Пребарувајте брзо ставки на Интернет на Вашиот уред.
74
Поставувања
Вовед
Приспособете ги нагодувањата за функции и апликации. Можете да го направите Вашиот
уред повеќе персонализиран со конфигурирање на разни опции за нагодување.
На екранот со апликации, допрете Поставувања.
За пребарување нагодувања со помош на клучен збор, допрете
.
Конекции
Wi-Fi
Активирајте ја одликата Wi-Fi за поврзување на Wi-Fi мрежа и пристап до Интернет или до
други мрежни уреди.
• Вашиот уред користи нехармонизирана фреквенција и е наменет за употреба
во сите европски држави. WLAN може да се користи во ЕУ без ограничувања за
затворени простории, но не може да се користи на отворен простор.
• Исклучете го Wi-Fi за да ја заштедите енергијата на батеријата кога не го
користите.
Поврзување со Wi-Fi мрежа
1 На екранот со Нагодувања, допрете Конекции → Wi-Fi, и потоа допрете го копчето за
да го активирате.
2 Изберете една мрежа од списокот со Wi-Fi мрежи.
Мрежите за кои е неопходна лозинка се прикажуваат со заклучена икона.
75
Поставувања
3 Допрете ПОВРЗИ.
• Штом уредот ќе се поврзе со Wi-Fi мрежа, уредот ќе се поврзува повторно со
таа мрежа секогаш кога е достапна, без да му треба лозинка. За да се спречи
автоматско поврзување на уредот со мрежата, изберете ја од списокот со мрежи и
допрете ЗАБОРАВИ.
• Ако не можете да се поврзете прописно со мрежа Wi-Fi, рестартирајте ја одликата
Wi-Fi на Вашиот уред или безжичниот насочувач.
Wi-Fi Direct
Wi-Fi Direct директно поврзува уреди преку Wi-Fi мрежа без да бара пристапна точка.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Конекции → Wi-Fi, и потоа допрете го копчето за
да го активирате.
2 Допрете Wi-Fi Direct.
Детектираните уреди се наведени во список.
Ако уредот со кој сакате да се поврзете не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја
вклучи својата одлика Wi-Fi Direct.
3 Изберете уред со кој ќе се поврзете.
Уредите ќе се поврзат кога другиот уред ќе го прифати барањето за поврзување со Wi-Fi
Direct.
Примање и праќање податоци
Можете да споделувате податоци, како контакти или медиумски фајлови со други уреди.
Следните дејства се пример за испраќање слика на друг уред.
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете една слика.
76
Поставувања
3 Допрете на Сподели → Wi-Fi Direct и изберете уред на кој сакате да ја префрлите
сликата.
4 Прифатете го барањето за поврзување со другиот уред преку Wi-Fi Direct.
Ако уредите се веќе поврзани, сликата ќе се испрати кај другиот уред без процедурата за
барање за поврзување.
Исклучување врска на уредот
1 На екранот со Нагодувања, допрете Конекции → Wi-Fi.
2 Допрете Wi-Fi Direct.
Уредот ги прикажува поврзаните уреди во списокот.
3 Допрете го името на уредот за да ја исклучите врската на уредите.
Bluetooth
Користете Bluetooth за размена на податоци или медиумски фајлови со други уреди со
вклучена одлика Bluetooth.
• Samsung не е одговорен за загуба, крадење или злоупотреба на податоци што се
испратени или примени преку Bluetooth.
• Секогаш уверете се дека споделувате и примате податоци од уреди на коишто
им верувате и коишто се соодветно обезбедени. Доколку постојат пречки помеѓу
уредите, досегот на брановите може да се намали.
• Некои уреди, особено тие што не се тестирани или одобрени од Bluetooth SIG,
може да бидат некомпатибилни со Вашиот уред.
• Не користете ја одликата Bluetooth за нелегални намени (на пример, правење
пиратски копии на фајлови или незаконско прислушување комуникации за
комерцијални потреби).
Samsung не е одговорен за последиците од незаконското користење на одликата
Bluetooth.
77
Поставувања
Спојување со други уреди со Bluetooth
1 На екранот со Нагодувања, допрете Конекции → Bluetooth, и потоа допрете го копчето
за да го активирате.
Детектираните уреди се наведени во список.
2 Изберете уред за спојување.
Ако уредот со кој сакате да се споите не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја
вклучи опцијата за видливост. Осврнете се на упатството за корисник на другиот уред.
Вашиот уред е видлив за други уреди додека екранот за нагодување Bluetooth е
отворен.
3 За да потврдите, прифатете го барањето за поврзување преку Bluetooth на Вашиот уред.
Уредите ќе се поврзат кога другиот уред ќе го прифати барањето за поврзување со
Bluetooth.
Примање и праќање податоци
Многу апликации поддржуваат пренос на податоци преку Bluetooth. Можете да споделувате
податоци, како контакти или медиумски фајлови со други Bluetooth уреди. Следните дејства
се пример за испраќање слика на друг уред.
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете една слика.
3 Допрете Сподели → Bluetooth, и потоа изберете уред на кој сакате да ја префрлите
сликата.
Ако Вашиот уред бил претходно споен со истиот уред, допрете го името на уредот без да
ја потврдите автоматски генерираната лозинка.
Ако уредот со кој сакате да се споите не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја
вклучи опцијата за видливост.
4 Прифатете го барањето за поврзување преку Bluetooth со другиот уред.
78
Поставувања
Разделување на уреди Bluetooth
1 На екранот со Нагодувања, допрете Конекции → Bluetooth.
Уредот ги прикажува споените уреди на списокот.
2 Допрете веднаш до името на уредот кој сакате да го разделите.
3 Допрете Прекини поврзување.
Видливост на таблет
Дозволете други уреди да го наоѓаат Вашиот уред за да споделуваат содржина со Вас. Кога
оваа одлика е активирана, Вашиот уред ќе биде видлив за други уреди кога тие пребаруваат
достапни уреди користејќи ја нивната опција за Пренесување фајлови во уред.
На екранот со Нагодувања, допрете Конекции и допрете го копчето Видливост на таблет
за да го активирате.
Користење податоци
Следете ја Вашата количина на искористеност на податоци.
На екранот Нагодувања, допрете Конекции → Користење податоци.
• Корист.подат. преку Wi-Fi: Следење на користењето на податочната врска преку Wi-Fi.
• Ограничи мрежи: Избирање на Wi-Fi мрежи за се спречи апликациите што се
стартувани во заднина да ги користат.
Режим за летало
Ова ги деактивира сите безжични функции на Вашиот уред. Може да користите услуги што
не зависат од мрежата.
На екранот со Нагодувања, допрете Конекции и допрете го копчето Режим за летало за да
го активирате.
Осигурете се уредот да е исклучен за време на полетување и слетување. По
полетување, можете да го користите уредот во режим за летало ако тоа е дозволено
од страна на екипажот.
79
Поставувања
Локација
Променете ги нагодувањата за дозвола за локациските информации.
На екранот со Нагодувања, допрете Конекции → Локација.
• Начин за лоцирање: Изберете мрежа што ќе ја користите за лоцирање на Вашиот уред.
• Подобри прецизност: Поставете уредот да ја користи одликата Wi-Fi или Bluetooth за
да ја зголеми прецизноста на Вашите информации за локација, дури и кога одликите се
деактивирани.
• ПОСЛЕДНИ БАРАЊА ЗА ЛОКАЦИЈА: Преглед на апликациите кои бараат информации
за Вашата локација и колку тие ја трошат батеријата.
• УСЛУГИ ЗА ЛОКАЦИЈА: Преглед на услугите за локација што ги користи Вашиот уред.
Повеќе поставувања за поврзување
Прилагодете ги нагодувањата за контролирање на други одлики.
На екранот со Нагодувања, допрете Конекции → Повеќе поставувања за поврзување.
• Скенир. на блиски уреди: Поставете уредот да скенира блиски уреди со кои ќе се
поврзе.
• Печатење: Конфигурирајте ги нагодувањата за додатоците за печатач што се
инсталирани на уредот. Можете да пребарувате достапни печатачи или да додадете
печатач за рачно печатење фајлови. Осврнете се на Печатење за повеќе информации.
• VPN: Поставување и поврзување со Виртуелни приватни мрежи (VPN).
• Етернет: Опцијата Етернет е достапна кога адаптерот за Етернет е приклучен со уредот.
Користете ја оваа опција за да ја активирате одликата Етернет и да ги конфигурирате
опциите на мрежата.
Печатење
Конфигурирајте ги нагодувањата за додатоците за печатач што се инсталирани на уредот.
Можете да го поврзете уредот со печатач преку Wi-Fi или Wi-Fi Direct и да печатите слики
или документи.
Некои печатачи може да не бидат компатибилни со уредот.
80
Поставувања
Додавање приклучоци за печатач
Додадете приклучоци за печатачи со кои сакате да го поврзете уредот.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Конекции → Повеќе поставувања за поврзување
→ Печатење → Преземи додаток.
2 Пребарајте приклучок за печатач во Play Store.
3 Изберете додаток за печатач и инсталирајте го.
4 Изберете го приклучокот за печатач и допрете го копчето за да го активирате.
Уредот пребарува печатачи што се поврзани со истата Wi-Fi мрежа како Вашиот уред.
5 Изберете печатач што ќе го додадете.
За рачно додавње на печатачи, допрете → Додај печатач → ADD PRINTER.
Печатење содржина
Додека прикажувате содржина, како слики или документи, пристапете во списокот со опции,
→ Сите печатачи и потоа изберете тепечатач.
допрете Печати →
Методите за печатење може да се разликуваат зависно од видот на содржина.
81
Поставувања
Звук
Променете ги нагодувањата за различните звуци на уредот.
На екранот со Нагодувања, допрете Звук.
• Режим за звук: Поставете уредот да употребува режим со звук или тивок режим.
• Јачина на тон: Прилагодете го нивото на јачина на тон за музиката и видеата,
системските звуци и за известувањата.
• Звуци за известување: Изберете стандарден звук за известување. Исто така, можете да
ги измените нагодувањата за известување за секоја апликација.
• Не вознемирувај: Поставување на уредот да ги исклучи тоновите за известување, освен
за дозволените исклучоци.
• Звуци на допир: Поставете уредот да се огласи кога избирате некоја апликација или
опција на екранот на допир.
• Звуци за закл. на екранот: Поставете уредот да се огласува кога го заклучувате или
отклучувате екранот на допир.
• Звук при полнење: Поставете уредот да огласува кога се поврзува со полнач.
• Звук на тастатурата: Поставете го уредот да емитува звук кога ќе се допре копче.
• Квалит.на звукот и ефекти: Конфигурирајте дополнителни нагодувања за звук.
Известувања
Изменете ги нагодувањата за известувања за секоја апликација.
На екранот со Нагодувања, допрете Известувања.
За да ги приспособите нагодувањата на известувања, допрете НАПРЕДНО и изберете една
апликација.
• Дозволи известувања: Дозволете известувања од избраните апликации.
• Прикажи тивко: Поставување на уредот да ги исклучува тоновите за известување и да
не покажува преглед на известувањата.
• На екран за заклучување: Прикажување или криење на известувањата од избраната
апликација кога уредот е заклучен.
• Постави како приоритет: Прикажете известувања во горниот дел на панелот
за известувања и вклучете ги во списокот со дозволени кога Не вознемирувај е
активирана.
82
Поставувања
Екран
Опции
Менување на поставките за екранот и Основниот екран.
На екранот со Нагодувања, допрете Екран.
• Светлина: Приспособете го интензитетот на светлина на екранот.
• Автоматска осветленост: Автоматско нагодување на осветленоста екранот.
• Екрански режим: Изменете го режимот на екран за да ги приспособите бојата и
контрастот на екранот.
• Зум. на екран и пред. дел: Менување на наголемувањето на екранот или големината и
стилот на фонтот.
• Основен екран: Прилагодете го почетниот екран со додавање, бришење или
прераспоредување на панели на почетен екран и друго. За повеќе информации,
осврнете се на Опции на почетен екран.
• Рамки на икона: Поставете дали да прикажувате засенети заднини со што се
истакнуваат иконите.
• Статусна лента: Приспособете ги нагодувањата за прикажување известувања или
индикаторите на статусната лента.
• Истечено време за екранот: Поставете временски период пред уредот да го исклучи
заднинското светло на екранот.
• Заштитник на екранот: Го поставува уредот да ја стартува заштитата на екранот кога
уредот се полни.
Заднина
Изберете нагодувања на тапетот за почетниот екран и за заклучениот екран.
На екранот со Нагодувања, допрете Заднина.
83
Поставувања
Напредни функции
Опции
Активирајте напредни одлики и изменете ги нагодувањата за нивна контрола.
На екранот со Нагодувања, допрете Напредни функции.
Прекумерното тресење или удар на уредот може да предизвикаат несакано
внесување за некои одлики.
• Додатоци: Променете ги нагодувањата за додатоците.
• Паметно останување: Поставете го уредот да спречува исклучување на заднинското
осветлување додека гледате во екранот.
• Игри: Активирајте ги иконите Стартувач на игри и Алатки на игри и изменете ги
нагодувањата поврзани со игри. Осврнете се на Game Launcher за повеќе информации.
• Повеќе прозорци: Избирање метода на стартување Повеќе прозорци.
• Паметно снимање: Поставете уредот да доловува содржина што се протега преку
повеќе екрани и веднаш да ја скаструва и да ја споделува сликата од екран.
• Поминете со дланката за доловување: Поставете уредот да долови слика од екранот
кога со дланката ќе поминете налево или надесно преку екранот. Можете да ги
прикажете доловените слики во Галерија.
Не е возможно да се направи слика од екранот додека се користат одредени
апликации и одлики.
• Лесно исклучување звук: Го поставува уредот да го исклучува тонот на алармите со
движење на дланката.
• Директ. споделув.: Поставете уредот да ги прикажува луѓето со кои сте контактирале на
панелот со опции за споделување, за да Ви дозволи директно да споделувате содржина.
84
Поставувања
Одржување на уредот
Одликата за одржување на уредот овозможува преглед на статусот на батеријата на Вашиот
уред, просторот за складирање, меморијата и безбедноста на системот. Исто така, можете
автоматски да го оптимизирате уредот со допир на Вашиот прст.
Батерија
Обезбед. на уредот
Меморија
Меморија
Користење на одликата за брза оптимизација
На екранот со Нагодувања, допрете Одржување на уредот → ПОПРАВИ СЕГА или
ОПТИМИЗИРАЈ СЕГА.
Одликата за брза оптимизација ја подобрува изведбата на уредот преку следните дејства.
• Чистење меморија.
• Бришење непотребни фајлови и затворање на апликациите што работат во заднина.
• Управување со невообичаена потрошувачка на батерија.
• Скенирање за злонамерен софтвер.
85
Поставувања
Батерија
Проверете го преостанатиот капацитет на батеријата и времето што Ви останува за
користење на уредот. За уреди со ниско ниво на батерија, зачувајте ја енергијата на батерија
со активирање на одликите за заштеда на енергија.
На екранот со Нагодувања, допрете Одржување на уредот → Батерија.
• Преостанатото време за користење го прикажува времето што преостанува
пред да се испразни батеријата. Преостанатото време за користење зависи од
нагодувањата на Вашиот уред и условите на работа.
• Не можете да добивате известувања од апликации што користат режим за заштеда
на енергија.
Управување со батерија
Можете да заштедите енергија на батерија ако ги спречите апликациите што се вршат во
заднина да користат енергија на батерија кога не се користат. Штиклирајте апликации од
списокот со апликации и допрете ШТЕДИ ЕН.
Исто така, допрете → Напредни поставувања за да ги поставите опциите за напојување
на апликација на монитор.
Меморија
Проверете го статусот на неупотребена и достапна меморија.
На екранот со Нагодувања, допрете Одржување на уредот → Меморија.
Вистинскиот достапен капацитет на внатрешната меморија е помал од назначениот
капацитет, бидејќи оперативниот систем и стандардните апликации заземаат дел од
меморијата. Достапниот капацитет може да се промени кога ќе го ажурирате уредот.
Управување со меморијата
За да избришете заостанати фајлови, како кешот, допрете ИЗБР. СЕГА. За да избришете
фајлови или да деинсталирате апликации што веќе не ги користите, изберете категорија под
КОРИСНИЧКИ ПОДАТОЦИ. Потоа, штиклирајте ги ставките што сакате да ги изберете и
допрете ИЗБРИШИ или ДЕИНСТАЛИРАЈ.
86
Поставувања
Меморија
На екранот со Нагодувања, допрете Одржување на уредот → Меморија.
За да го забрзате Вашиот уред со намалување на количеството меморија што го
употребувате, штиклирајте апликации од листата со апликации и допрете на ИЗБР. СЕГА.
Обезбед. на уредот
Проверете го безбедносниот статус на уредот. Оваа одлика го скенира Вашиот уред од
злонамерен софтвер.
На екранот со Нагодувања, допрете Одржување на уредот → Обезбед. на уредот →
СКЕНИРАЈ ТАБЛЕТ.
Апликации
Управувајте со апликациите на уредот и изменете ги нивните нагодувања. Можете да ги
прикажете информациите за користење на апликации, да ги измените нивните нагодувања
за известување или дозволи, или да деинсталирате или исклучите непотребни апликации.
На екранот со поставки, допрете на Апликации.
Екран за закл.и безбедност
Опции
Менување на поставките за обезбедување на уредот.
На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од избраниот метод за
заклучување на екран.
• Вид заклучување на екранот: Измена на методот за заклучување екран.
• Кратенки за информации и апликации: Изменете ги нагодувањата за ставките
прикажани на заклучениот екран.
• Известувања: Поставување дали на заклучениот екран да се прикажува содржината на
известувањата и избор кои известувања да се прикажуваат.
• Пост. за безбедно заклучување: Изменете ги нагодувањата за заклучување на екран за
избраниот метод за заклучување.
87
Поставувања
• Отпечатоци на прсти: Регистрирајте ги Вашите отпечатоци на прсти на уредот за
да го обезбедите уредот или да се најавувате на Вашата сметка Samsung. За повеќе
информации, осврнете се на Препознавање отпечаток од прст.
• Најди го мојот мобилен: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Find My Mobile.
Пристапува на веб-страницата Find my mobile (findmymobile.samsung.com) за го следите
и контролирате Вашиот изгубен или украден уред.
• Непознати извори: Поставете уредот да дозволува инсталација на апликации од
непознати извори.
• Приватен режим: Активирајте го приватниот режим за да спречите други да
пристапуваат во Вашата лична содржина. Осврнете се на Приватен режим за повеќе
информации.
• Безбедно активирање: Заштитете го Вашиот уред поставувајќи го да бара шифра
за отклучување на екран кога уредот се вклучува. Морате да ја внесете шифрата за
отклучување за да го стартувате уредот и да добивате известувања.
• Шифрирај SD-картичка: Поставете го уредот да ги кодира датотеките на мемориската
картичка.
Ако го ресетирате уредот на фабричките стандардни вредности, а оваа функција
е овозможена, уредот нема да може да ги прочита Вашите шифрирани фајлови.
Исклучете ја оваа опција пред да го ресетирате уредот.
• Други поставувања за безбедност: Конфигурирајте дополнителни безбедносни
нагодувања.
Препознавање отпечаток од прст
За да функционира препознавањето отпечатоци, информациите за Вашиот отпечаток
треба да се регистрираат и зачуваат на Вашиот уред. Откако ќе ги регистрирате, можете да
поставите уредот да ги користи отпечатоците за следните одлики:
• Заклучување на екранот
• Најавување на Интернет
• Потврдување сметка Samsung
88
Поставувања
• Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од
операторот.
• Препознавањето на отпечатоци ги користи единствените карактеристики на секој
отпечаток за да ја подобри безбедноста на Вашиот уред. Веројатноста сензорот
за отпечаток да смеша два различни отпечатоци е многу мала. Меѓутоа, во
ретки случаи кога одделните отпечатоци се многу слични, сензорот може да ги
препознае како идентични.
• Ако користите отпечаток од прст како метод за заклучување на екран, отпечатокот
не може да се употреби за отклучување на екранот кога го вклучувате уредот.
За да го користите уредот, мора да го отклучите екранот користејќи шема, PIN
или лозинка што сте одредиле кога го регистриравте отпечатокот од прст. Бидете
внимателни да не ја заборавите шемата, PIN или лозинката.
• Ако Вашиот отпечаток од прст не се препознава, отклучете го уредот со помош
на шема, PIN или лозинка што сте ги поставиле кога ги регистриравте зениците, и
потоа регистрирајте го повторно Вашиот отпечаток. Ако сте ги заборавиле шемата,
PIN-от или лозинката, нема да можете да го користите уредот ако не го ресетирате.
Samsung не е одговорен за каква било загуба на податоци или непријатности
предизвикани од загубата на шифри за отклучување.
За подобро препознавање на отпечатоци
Кога ги скенирате Вашите отпечатоци на уредот, треба да знаете дека следните услови може
да влијаат врз изведбата на одликата:
• Копчето Дома содржи сензор за препознавање отпечатоци. Осигурете се дека копчето
Дома не е изгребано или оштетено од метални предмети, како метални пари, клучеви и
ѓердани.
• Заштитникот на екран доставен со уредот може да предизвика неправилно
функционирање на сензорот за отпечатоци. Отстранете го заштитникот на екранот за да
ја подобрите чувствителноста на отпечатоци.
• Осигурете се дека областа за препознавање отпечатоци и Вашите прсти е чиста и сува.
• Уредот може да не препознава отпечатоци на кои има бразди или лузни.
• Уредот може да не ги препознае отпечатоците од многу малечки или тенки прсти.
• Ако го свиткате прстот или ако го користите врвот на прстот, уредот може да не ги
препознае отпечатоците. Осигурете се дека сте го покриле целосно копчето Дома со
Вашиот прст.
• За да ја подобрите изведбата на препознавање, регистрирајте ги отпечатоците од раката
што ја користите повеќе за да изведувате задачи на уредот.
• Во суви средини, во уредот може да се појави статички електрицитет. Избегнувајте да ја
користите оваа одлика во суви средини или пред да ја користите одликата испразнете го
статичкиот електрицитет со допирање метален предмет.
89
Поставувања
Регистрирање отпечатоци
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
Ако не сте поставиле метод за заклучување на екран, креирајте го.
3 Поставете го Вашиот прст на копчето Дома.
4 Откако уредот ќе го детектира Вашиот отпечаток, подигнете го и поставете го повторно
на копчето Дома.
Повторете го ова дејство движејќи ги прстите нагоре или надолу се додека отпечатокот
не се регистрира.
Кога ќе се појави скокачки прозорец за заклучување со отпечаток на прст, допрете
ВКЛУЧИ за да го употребите Вашиот отпечаток од прст за да го отклучите екранот.
Бришење отпечатоци од прсти
Можете да ги избришете регистрираните отпечатоци од прсти.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
3 Допрете ИЗМЕНИ.
4 Штиклирајте ги отпечатоците што сакате да ги избришете и допрете ОТСТРАНИ.
Проверка на лозинката на сметката Samsung
Користете отпечатоци за да ја верификувате лозинката на Вашата сметка Samsung. Можете
да употребите отпечаток наместо да ја внесувате Вашата лозинка, на пример кога купувате
содржина од Galaxy Apps.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
3 Допрете го копчето Сметка Samsung за да го активирате.
4 Најавете се на Вашата сметка Samsung.
90
Поставувања
Користење отпечатоци за најавување сметки
Можете да ги користите Вашите отпечатоци за да се најавувате на интернет-страници кои
поддржуваат зачувување лозинка.
Оваа одлика е достапна само за интернет-страници до кои пристапувате преку
Интернет апликација.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
3 Допрете го копчето Најавување со интернет за активирање.
4 Отворете една интернет-страница на која сакате да се најавите со отпечаток.
5 Внесете го Вашето корисничко име и лозинка и потоа допрете го копчето за најавување
на интернет-страницата.
6 Штиклирајте Најавете се со отпечатоци на прстите и допрете ЗАПОМНИ.
Можете да го користите Вашиот отпечаток за да ја потврдите Вашата сметка и лозинка за
најавување на интернет-страницата.
Отклучување на екранот со отпечатоци
Можете да го отклучите екранот со Вашиот отпечаток од прст наместо да употребите шема,
PIN или лозинка.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
3 Допрете го копчето Отклучув. со отп. на прст за да го активирате.
4 На заклучениот екран, поставете го Вашиот прст на копчето Дома и скенирајте го Вашиот
отпечаток од прст.
91
Поставувања
Приватен режим
Сокријте лична содржина во Вашиот уред, за да спречите други да имаат пристап до неа.
Активирање на приватен режим
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Приватен режим,
и потоа допрете го копчето за да го активирате.
Ако го активирате приватниот режим првпат, следете ги упатствата на екранот за да
поставите код за пристап во приватен режим.
2 Следете ги упатствата на екранот за да го внесете претходно поставениот код за пристап
во приватен режим.
Приватниот режим ќе се активира и иконата
ќе се појави во статусната лента.
Можете да прикажете и да пристапите во скриените ставки само кога приватниот
режим е активиран. За да скриете ставки складирани во приватна папка,
деактивирајте го приватниот режим.
Сокривање содржина
1 На екранот со апликации, стартувајте една апликација за да скриете ставки.
2 Изберете една ставка и допрете → Премести во Приватно.
Ако приватниот режим не е активиран, следете ги упатствата на екранот за да го внесете
претходно поставениот код за пристап во приватен режим.
Избраните ставки ќе се преместат во приватната папка.
Прикажување скриена содржина
Можете да прикажете скриени ставки само кога приватниот режим е активиран.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Приватен режим,
и потоа допрете го копчето за да го активирате.
2 Следете ги упатствата на екранот за да го внесете претходно поставениот код за пристап
во приватен режим.
3 На екранот со апликации, допрете Мои фајлови → Приватно.
Ставките што се префрлени во приватната папка ќе се појават на екранот.
92
Поставувања
Откривање содржина
1 Во приватната папка, допрете и задржете една ставка и потоа штиклирајте ставки за да
ги откриете.
2 Допрете → Отстрани од Приватно.
3 Изберете папка во која ќе ги преместите ставките и потоа допрете ГОТОВО.
Ставките ќе се преместат во избраната папка.
Автоматско деактивирање на приватен режим
Можете да поставите уредот автоматски да го деактивира приватниот режим секогаш кога
екранот се исклучува.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Приватен режим,
и потоа допрете го копчето за да го активирате.
2 Следете ги упатствата на екранот за да го внесете претходно поставениот код за пристап
во приватен режим.
3 Допрете го копчето Исклучи автоматски за да го активирате.
Кога опцијата Исклучи автоматски е вклучена, уредот нема да може да преместува
фајлови во приватната папка ако екранот се исклучи во текот на префрлање.
Облак и сметки
Вовед
Синхронизација, резервна копија или обновување на податоците на Вашиот уред со помош
на облакот Samsung или ресетирање на Вашиот уред. Исто така, можете да регистрирате и да
управувате со сметки, како што е Вашата сметка на Samsung или на Google.
Редовно правете резервни копии од Вашите податоци во безбедна локација, како
облакот Samsung или компјутер, за да можете да ги обновите ако се оштетени или
ако сте ги загубиле заради ненамерно ресетирање на фабрички податоци.
93
Поставувања
Samsung Cloud
Можете да управувате со содржината што сакате да ја складирате безбедно во облакот
Samsung. Проверете ја состојбата на користење на Вашиот склад во облак Samsung и
синхронизирајте податоци, направете резервна копија или обновете ги.
На екранот со Нагодувања, допрете Облак и сметки → Samsung Cloud.
Управувајте со мемор. во облак
Прикажете колкав складиштен простор користите во моментот во облакот Samsung и
количеството на користење според вид на податоци. Исто така, можете да ги избришите
резервните копии од податоци од стари уреди откако сте ги обновиле податоците.
РЕЗ. КОПИЈА И ОБНОВУВАЊЕ
Направете резервна копија од податоците од апликации и нагодувањата на уредот во
облакот Samsung и обновете ги кога ќе Ви требаат. Осврнете се на Правење резервна копија
и обновување податоци за повеќе информации.
ПОДАТОЦИ ЗА СИНХРОНИЗИРАЊЕ
Приспособете ги нагодувањата за синхронизација на Вашите податоци, како контактите,
настаните од календарот, сликите и видеозаписите.
Сметки
Додајте ги Вашите сметки Samsung и Google, или други сметки, со кои ќе вршите
синхронизација.
Додавање сметки
За некои од апликациите кои ги користите на Вашиот уред, неопходни се регистрирани
сметки. Креирајте сметки за да го имате најдоброто искуство со Вашиот уред.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Облак и сметки → Сметки → Додај сметка.
2 Изберете една услуга на сметка.
3 Следете ги упатствата на екранот за завршување на поставувањето сметка.
За да синхронизирате содржина со Вашите сметки, изберете една сметка и изберете ставки
за синхронизација.
94
Поставувања
Отстранување сметки
На екранот со Нагодувања, допрете Облак и сметки → Сметки, изберете име на сметка,
изберете ја сметката што треба да се отстрани, и потоа допрете → Избриши сметка.
Корисници
Поставете дополнителни кориснички сметки за други корисници што ќе го употребуваат
уредот со персонализирани нагодувања, како сметки на е-пошта, претпочитани тапети и
друго. Достапни се следните типови кориснички сметки:
• Сопственик: Сопственичката сметка се креира само кога уредот се поставува првпат
и не може да се креира повторно. Оваа сметка има целосна контрола на уредот,
вклучувајќи управување со корисничка сметка. Кориснички сметки можете да додавате
или бришете само кога ја користите оваа сметка.
• Гостин: Оваа сметка овозможува пристап на гости до уредот. Информациите
и податоците што се користени за време на сесија на гостување се складираат
привремено. Секогаш кога ја користите оваа сметка, ќе бидете прашани дали да
продолжите со претходната сесија на гостување или да ја ресетирате.
• Корисник: Оваа сметка им дозволува на корисниците да пристапат во нивните лични
апликации и содржина, и да ги прилагодуваат нагодувањата на уредот што влијае врз
сите сметки.
• Корисник (огран. профил): Ограничената сметка има пристап само во апликации и
содржина што ги дозволил сопственикот на сметката и не може да ги користи службите
за кои се бара најавување.
Додавање корисници
1 На екранот со Нагодувања, допрете Облак и сметки → Корисници.
2 Допрете Додај корисник или профил → Корисник → OK → ПОСТАВИ СЕГА.
Уредот ќе се префрли на нова корисничка сметка и на екранот ќе се појави стандардниот
заклучен екран.
3 Отклучете го уредот и следете ги упатствата на екранот за комплетирање на
поставувањето сметка.
95
Поставувања
Замена на корисници
Допрете на иконата за кориснички сметки во горниот дел на заклучениот екран или на
панелот за известување и потоа изберете сметка на која сакате да се префрлите.
Заклучен екран
Панел за известувања
Управување со корисници
Кога ја употребувате сметката на сопственикот, можете да бришете сметки или да ги
менувате поставките за ограничените сметки.
За да избришете сметка на корисник, допрете на
ИЗБРИШИ.
до сметката и потоа допрете на
За да ги смените поставките за сметка со ограничен пристап, допрете на
Сметката можете да ја избришете со допирање на .
до сметката.
Архивирање и враќање
Променете ги нагодувањата за управување со Вашите нагодувања и податоци.
На екранот со Нагодувања, допрете Облак и сметки → Архивирање и враќање.
СМЕТКА SAMSUNG
• Поставувања за резервна копија: Направете резервна копија од Вашите лични
податоци и податоци од апликации во облакот Samsung. Исто така, можете да поставите
уредот автоматски да прави резервна копија од податоците.
• Обнови првобитни: Обновете претходно направени резервни копии од лични
податоци и податоци од апликации од облакот Samsung.
96
Поставувања
СМЕТКА GOOGLE
• Резервна копија на податоци: Поставете уредот да прави резервни копии од Вашите
опции и податоци за апликации на серверот Google.
• Сметка за резервна копија: Поставете или изменете ја Вашата сметка на Google за
резервни копии.
• Автоматско обновување: Поставете уредот автоматски да ги обновува нагодувањата
и податоците од апликации од серверот Google кога апликациите ќе се инсталираат
повторно.
Google
Конфигурирајте нагодувања за некои одлики обезбедени од Google.
На екранот со Нагодувања, допрете Google.
Пристапност
Конфигурирајте разни нагодувања за да ја подобрите пристапноста до уредот.
На екранот со Нагодувања, допрете Пристапност.
• Вид: Приспособување на поставките за подобрување на пристапноста за корисници со
пречки во видот.
• Слух: Приспособување на поставките за подобрување на пристапноста за корисници со
пречки во слухот.
• Подвижност и интеракција: Приспособување на поставките за подобрување на
пристапноста за корисници со намалена умешност.
• Текст во говор: Изменете ги нагодувањата за одликите текст во говор кога е активиранa
Voice Assistant, како на пример јазици, брзина и друго.
• Заклучување со насока: Менување на поставките за комбинацијата на насоките за
отклучување на екранот.
• Директен пристап: Поставување на уредот да ги отвора избраните менија за
пристапност со брзо притискање на копчето Дома трипати.
• Потсетник за известување: Го поставува уредот да ве предупредува за известувањата
што не сте ги провериле во меѓувреме.
97
Поставувања
• Режим со еден допир: Поставете уредот да ги контролирате известувањата со
допирање на копчето наместо влечење.
• Управување со пристапност: Извезете ги или увезете ги поставките за пристапност за
да ги споделите со други уреди.
• УСЛУГИ: Прикажете услуги за пристапност инсталирани на уредот.
Општо управување
Приспособете ги нагодувањата на системот на Вашиот уред или ресетирајте го уредот.
На екранот со Нагодувања, допрете Општо управување.
• Јазик и внесување: Изберете јазик на уред и изменете подесувања, како тастатури
и типови на говорен влез. Некои опции може да не бидат достапни во зависност од
избраниот јазик.
• Датум и време: Пристапете и изменете ги следниве нагодувања за контрола на тоа како
уредот ги прикажува датумот и времето.
Ако батеријата целосно се испразни или се отстрани од уредот, времето и датумот ќе
се ресетираат.
• Пријави дијагностич. информации: Поставете го уредот автоматски да испраќа кај
Samsung дијагностички и информации за користење.
• Маркетиншки информации: Поставете дали да добивате маркетиншки информации
од Samsung, како специјални понуди, предности за членови и билтени.
• Ресетирање: Ресетирајте ги нагодувањата на Вашиот уред или извршете ресетирање на
фабрички податоци.
Ажурирање софтвер
Ажурирајте го софтверот на Вашиот уред или изменете ги нагодувањата за ажурирање.
На екранот со Нагодувања, допрете Ажурирање софтвер.
• Преземај ажурирања рачно: Вршете рачна проверка и инсталација на ажурирања.
• Закажани ажур. на софтверот: Поставете уредот да проверува и презема ажурирања
во одредено време.
98
Поставувања
Упатство за употреба
Прикажете информации за помош за да дознаете како да го користите уредот и апликациите,
или да конфигурирате важни нагодувања.
На екранот со Нагодувања, допрете Упатство за употреба.
За уредот
Пристапете во информациите на Вашиот уред.
На екранот со Нагодувања, допрете За уредот.
• Состојба: Преглед на разни информации за уредот како MAC-адреса во Wi-Fi-мрежата и
сериски број.
• Правни информации: Прикажете ги законските информации поврзани со уредот, како
безбедносните информации и отворениот код на лиценца.
• Име на уред: Прикажете го и уредете ги името што ќе се прикажува кога го поврзувате
Вашиот уред со други уреди преку Bluetooth, Wi-Fi Direct и други методи.
• Број на моделот: Прикажете го бројот на моделот на уредот.
• Информации за софтверот: Прикажете ги информациите за софтвер, како верзијата на
оперативен систем и верзијата на фирмвер.
• Информации за батеријата: Прикажете ја состојбата и информациите за батеријата на
уредот.
99
Додаток
Решавање проблеми
Пред да се обратите до сервисен центар на Samsung, Ве молиме обидете се со следниве
решенија. Некои ситуации може да не бидат применливи на Вашиот уред.
Кога ќе го вклучите Вашиот уред или додека го користите, уредот
бара да се внесе еден од следниве кодови:
• Лозинка: Кога е овозможено заклучувањето на уредот, Вие морате да ја внесете
лозинката што сте ја поставиле на уредот.
• PIN: Кога го користите уредот за првпат или кога е овозможено барањето PIN, мора да
го внесете PIN-кодот испорачан со SIM или USIM-картичката. Можете да ја деактивирате
оваа одлика преку менито Заклучување на SIM-картичка.
• PUK: Вашата SIM или USIM-картичка е блокирана, најчесто како резултат на внесување
погрешен PIN неколку пати. Морате да го внесете PUK-кодот испорачан од Вашиот
оператор.
• PIN2: Кога пристапувате кон мени за кое е потребен PIN2 код, морате да го внесете PIN2
кодот испорачан со SIM или USIM-картичката. За повеќе информации, контактирајте со
Вашиот оператор.
Вашиот уред прикажува пораки за грешка во мрежата или
услугата
• Кога сте во подрачја со слаб сигнал или лош прием, може да изгубите прием. Преместете
се во друго подрачје и обидете се повторно. Додека се движите, може да се појават
пораки за грешка неколку пати.
• Не можете да пристапите до некои од опциите без претплата. За повеќе информации,
контактирајте со Вашиот оператор.
Вашиот уред не се вклучува
Кога батеријата е целосно испразнета, Вашиот уред нема да се вклучи. Целосно наполнете ја
батеријата пред да го вклучите уредот.
100
Додаток
Екранот на допир реагира бавно или неправилно
• Ако поставите заштита на екран или изборен додаток на екранот на допир, екранот на
допир може да не функционира правилно.
• Ако носите ракавици, ако Вашите раце не се чисти додека го допирате екранот на допир
или ако го допирате екранот со остри предмети или со врвовите на Вашите прсти,
екранот на допир може да функционира неисправно.
• Екранот на допир може да функционира неисправно во влажни услови или кога е
изложен на вода.
• Рестартирајте го Вашиот уред за да се исчистат сите евентуални софтверски грешки.
• Осигурете се дека софтверот на Вашиот уред е ажуриран со најновата верзија.
• Доколку екранот на допир е изгребан или оштетен, посетете сервисен центар на
Samsung.
Вашиот уред се блокира или се соочува со фатални грешки
Пробајте ги следниве решенија. Ако проблемот и натаму останува нерешен, обратете се до
сервисен центар на Samsung.
Рестартирање на уредот
Ако Вашиот уредот се блокира или прекинува повици, можеби ќе треба да ги затворите сите
апликации или да го исклучите и да го вклучите повторно.
Присилно рестартирање
Ако Вашиот уред се блокирал и не реагира, држете ги притиснати истовремено копчето за
вклучување/исклучување и копчето за намалување на јачина на тон подолго од 7 секунди за
да го рестартирате.
Ресетирање на уредот
Ако со горенаведените методи не се реши Вашиот проблем, извршете фабричко ресетирање
на податоците.
На екранот со апликации, допрете Поставувања → Општо управување → Ресетирање
→ Ресетирање на фабричките нагодувања → РЕСЕТИРАЈ → ИЗБРИШИ СÈ. Пред да
извршите ресетирање на фабричките вредности, не заборавајте да направите резервни
копии од сите важни податоци зачувани во уредот.
Ако на уредот сте регистрирале сметка Google, мора да се најавите на истата сметка Google
откако сте го ресетирале уредот.
101
Додаток
Интернетот е често исклучен
• Осигурете се дека не ја блокирате внатрешната антена на уредот.
• Кога сте во подрачја со слаб сигнал или лош прием, може да изгубите прием. Може да
имате проблеми со поврзувањето заради проблеми со базната станица на операторот.
Преместете се во друго подрачје и обидете се повторно.
• Кога го користите уредот додека се движите, услугите на безжична мрежа може да бидат
деактивирани заради проблеми со мрежата на операторот.
Иконата за батеријата е празна
Нивото на батеријата е ниско. Сменете ја батеријата.
Батеријата не се полни правилно (за полначи одобрени од Samsung)
• Уверете се дека полначот е правилно поврзан.
• Посетете сервисен центар на Samsung и заменете ја батеријата.
Батеријата се троши побрзо од периодот кога била купена
• Кога го изложувате уредот или батеријата на многу ниски или високи температури,
корисниот капацитет може да се намали.
• Потрошувачката на батеријата се зголемува кога ги користите одликите за размена на
пораки или некои апликации, како што се игри или Интернет.
• Батеријата е потрошен дел и корисниот капацитет ќе се намалува со текот на времето.
Вашиот уред е презагреан при допир
Кога користите апликации што бараат повеќе енергија или користите апликации на уредот
подолго време, Вашиот уред може да биде презагреан при допир. Ова е вообичаена појава
и не би требало да влијае врз животниот век или функционирањето на уредот.
Ако уредот се презагрее или чувствувате дека е жежок подолго време, не користете го. Ако
уредот продолжи да се презагрева, контактирајте сервисен центар на Samsung.
102
Додаток
Се појавуваат пораки за грешка кога се стартува камерата
Вашиот уред мора да има доволно количина слободна меморија и енергија на батеријата
за да работи апликацијата за камерата. Ако добивате пораки за грешка кога ја стартувате
камерата, обидете се со следново:
• Сменете ја батеријата.
• Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
• Рестартирајте го уредот. Ако сѐ уште имате проблеми со апликацијата за камерата по
обидите со овие совети, контактирајте со сервисен центар на Samsung.
Квалитетот на фотографиите е понизок од оној на прегледот
• Квалитетот на Вашите фотографии може да се разликува во зависност од околината и
фотографските техники што ги користите.
• Ако фотографирате во темни области, ноќе или во затворена просторија, може да се
јават пречки на сликата или сликите може да бидат вон фокус.
Се појавуваат пораки за грешка при отворање мултимедијални
фајлови
Ако добивате пораки за грешка или мултимедијалните фајлови не се емитуваат кога ги
отворате на Вашиот уред, обидете се со следново:
• Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
• Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со DRM (Управување со дигитални
права). Ако фајлот е заштитен со DRM, обезбедете дека ја имате соодветната лиценца
или клуч за емитување на фајлот.
• Осигурете се дека уредот ги поддржува форматите на фајлови. Ако некој формат на
фајл не е поддржан, како на пример DivX или AC3, инсталирајте една апликација што го
поддржува. За да ги потврдите форматите на фајлови што ги поддржува Вашиот уред,
посетете ја www.samsung.com.
• Вашиот уред поддржува фотографии и видеозаписи снимени со уредот. Фотографиите и
видеозаписите снимени со други уреди може да не работат правилно.
• Вашиот уред поддржува мултимедијални фајлови што се овластени од Вашиот мрежен
оператор или од операторите за дополнителни услуги. Некои содржини кои кружат по
Интернет, како што се тонови за ѕвонење, видеозаписи или заднини, може да не работат
правилно.
103
Додаток
Другиот уред со Bluetooth не може да се лоцира
• Осигурете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на Вашиот уред.
• Уверете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на уредот на кој сакате да се
поврзете.
• Бидете сигурни дека Вашиот уред и другиот Bluetooth се во максимален Bluetooth опсег
(10 м).
Ако со горенаведените совети не се реши проблемот, контактирајте сервисен центар на
Samsung.
Не се воспоставува врска кога го поврзувате уредот со компјутер
• Осигурете се дека USB кабелот што го користите е компатибилен со Вашиот уред.
• Осигурете се дека го имате инсталирано правилниот драјвер на Вашиот компјутер и дека
го имате ажурирано.
• Ако сте корисник на Windows XP, обезбедете дека на Вашиот компјутер сте инсталирале
Windows XP Service Pack 3 или понова верзија.
Вашиот уред не може да ја пронајде Вашата моментална локација
Сигналите на GPS може да се попречени во некои локации како на пример во затворен
простор. Поставете уредот да користи Wi-Fi или мобилна мрежа за пронаоѓање на Вашата
локација во вакви ситуации.
Загубени се податоци зачувани на уредот
Секогаш правете резервни копии на сите важни податоци зачувани во уредот. Во спротивно,
нема да може да ги вратите податоците ако дојде до нивна загуба или оштетување. Samsung
не е одговорен за губењето какви било податоци зачувани во уредот.
Се појавува мала празнина околу надворешноста на уредот
• Оваа празнина е неопходна производна одлика и може да дојде до одредени мали
протресувања или вибрации на некои делови.
• Со тек на време, триењето помеѓу деловите може да предизвика оваа празнина малку
да се прошири.
Нема доволно простор во меморијата на уредот
Избришете ги непотребните податоци, како кеш, користејќи ги одликите за одржување на
самиот уред или избришете ги рачно апликациите или датотеките што не ги користите за да
ослободите простор во меморијата.
104
Додаток
Отстранување на батеријата
• За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен сервисен центар.
За да добиете упатства за отстранување на батеријата, Ве молиме посетете ја
www.samsung.com/global/ecodesign_energy.
• За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не
е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да
предизвика лична повреда, и/или да резултира со намалена безбедност на уредот.
• Samsung не прифаќа никаква одговорност за оштетување или загуба (по договор или
правење прекршок, вклучувајќи невнимание) што може да произлезе од неспособност
прецизно да ги следите овие предупредувања и упатства, освен смрт или лична повреда
предизвикана од невнимание на Samsung.
105
Авторско право
Авторско право © 2017 Samsung Electronics
Овој водич е заштитен според меѓународните закони за авторски права.
Ниеден дел од ова упатство за корисникот не смее да биде копиран, дистрибуиран, преведен
или пренесен во која било форма или на кој било начин, електронски или механички,
вклучувајќи фотокопирање, снимање, чување во кое било складиште за информации и
систем за пронаоѓање, без претходна писмена дозвола од Samsung Electronics.
Трговски марки
• SAMSUNG и логото SAMSUNG се регистрирани трговски марки на Samsung Electronics.
®
• Bluetooth е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG, Inc. ширум светот.
®
™
™
™ и логото Wi-Fi се
• Wi-Fi , Wi-Fi Protected Setup , Wi-Fi Direct , Wi-Fi CERTIFIED
регистрирани трговски марки на Wi-Fi Alliance.
• Сите други трговски марки и авторски права се сопственост на нивните соодветни
сопственици.
Download PDF