Samsung | WF806U4SAWQ/LE | Samsung WF806U4SAWQ/LE Упатство за брз почеток

карактеристики на вашата нова
samsung машина за перење
Вашата нова машина за перење ќе го промени начинот на кој што
размислувате за перењето. Почнувајќи од специјализираната функција Eco
Bubble (еколошки меурчиња) па сè до енергетската ефикасност, вашата
нова Samsung машина за перење располага со сите придобивки кои ќе го
направат перењето облека колку е можно полесно и попријатно.
• Заштеда на енергија
Овој модел нуди поефикасно користење на енергијата во споредба со стандардните
машини со оценка A, благодарение на специјалниот систем за генерирање меурчиња и
моторот со инвертер од Samsung.
• Перење со Eco Bubble (еколошки меурчиња)
Ефикасниот програм Eco Bubble (еколошки меурчиња) на Samsung овозможува зголемување
на чистотата и напредна грижа за текстилот. Eco Bubble (еколошки меурчиња) овозможува
подеднакво распоредување на детергентот, како и побрзо и подлабоко навлегување во текстилот.
• Помалку шум и вибрации
Оваа машина за перење од Samsung работи многу тивко, минимизирајќи го шумот
и вибрациите со помош на технологија за интелигентна контрола, која овозможува
одржување на најниското можно ниво на вибрации. Како резултат на тоа, барабанот е
во совршена рамнотежа.
• Quick Wash (брзо перење)
Нема време за чекање! Програмот Quick Wash (брзо перење) ќе ви го олесни напорниот
живот - сега може да ги исперете вашите омилени алишта (до 2 Kg) за 15 минути!
• Еколошко чистење на барабанот
Користењето на Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот) ви овозможува да
ја чистите машината за перење без да употребувате хемиски детергент или белило.
Одржувајте го барабанот чист и без миризби со специјализираниот програм за
чистење.
• Грижа за бебиња
Вашата Samsung машина за перење ви нуди програми за перење со дополнителна
заштита на облеката за деца со чувствителна кожа. Со овие програми се намалува
воспалувањето на кожата на децата преку минимизирање на остатоците од детергент.
Освен тоа, овие програми овозможуваат класифицирање на облеката во различни
типови и перењето се врши според нејзините карактеристики, така што детската
облека ќе биде свежа и чиста при секое облекување.
• Рачно перење
Специјалната грижа може да се постигне со помош на соодветна температура, нежно
движење при перењето и соодветно количество вода.
2_ карактеристики на вашата нова samsung машина за перење
• Delay End (одложено завршување)
Одложете го циклусот до 19 часа со чекор од по еден час и зголемете ја практичноста
на користењето на машината особено во ситуации кога мора да излезете.
• Функција за заклучување за деца
Функцијата за заклучување за деца ги чува љубопитните детски раце подалеку од
машината за перење. Оваа безбедносна функција ги спречува децата да си играат со
машината за перење при нејзината работа и ве известува кога е активирана.
• Дигитален графички екран
Дигиталниот графички екран на контролната плоча е јасен и едноставен, за минимална
збунетост при користењето. Но освен што е едноставен за користење, дигиталниот
графички екран ќе ви овозможи брзо и прецизно прилагодување на перењето за
добивање на одлични резултати.
Ова упатство содржи важни информации за инсталирањето, користењето и грижата
за вашата нова Samsung машина за перење. Користете го за добивање на преглед
на контролната плоча, инструкции за користење на машината за перење и совети
за извлекување максимум од врвните функции и особини. Делот "отстранување на
проблеми и информативни кодовиделот" на страница 37 ви нуди совети за тоа што да
направите ако нешто не е во ред со вашата нова машина за перење.
карактеристики на вашата нова samsung машина за перење _3
безбедносни информации
Ви честитаме за вашата нова машина за перење од Samsung. Ова упатство содржи
важни информации за инсталирањето, користењето и грижата за вашиот уред. За
целосно да ги искористите придобивките и функциите на вашата машина за перење,
ве молиме прочитајте го упатството.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСНИТЕ МЕРКИ
Ве молиме внимателно да го прочитате упатството, за да бидете сигурни дека знаете како безбедно и ефикасно
да ракувате со важните функции на вашиот нов уред, и чувајте го на безбедно место во близина на уредот за
користење во иднина. Овој уред употребувајте го единствено за наменетата функција како што е опишано во
ова упатство.
Предупредувањата и важните безбедносни мерки во ова упатство не ги опфаќаат сите околности и ситуации
кои може да настанат. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при инсталирањето,
одржувањето и употребата на вашата машина за перење.
Бидејќи следните инструкции за користење опфаќаат различни модели, карактеристиките на вашата машина
за перење можат малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство и можно е некои предупредувања
да не бидат релевантни. Доколку имате прашања или одредени грижи, обратете се до најблискиот сервисен
центар или побарајте помош и информации преку интернет од www.samsung.com.
ВАЖНИ СИМБОЛИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Што означуваат малите слики и симболите во ова упатство за користење:
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ повреди, смрт и/или оштетување на околината.
ВНИМАНИЕ
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика повреди
и/или оштетување на околината.
ВНИМАНИЕ
За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен удар
и други повреди при употребата на машината, придржувајте се
кон следните мерки на претпазливост:
НЕ обидувајте се.
НЕ расклопувајте.
НЕ допирајте.
Експлицитно следете ги упатствата.
Извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер.
Проверете дали машината е заземјена заради избегнување на
електричен удар.
Повикајте го сервисниот центар за помош.
Забелешка
Целта на овие предупредувачки знаци е да спречат повреда кај вас и кај другите лица.
Ве молиме следете ги експлицитно.
Откако ќе го прочитате овој дел, чувајте го на безбедно место за користење во иднина.
4_ безбедносни информации
Прочитајте ги сите инструкции пред да го употребите уредот.
Како и кај сите уреди кои содржат електрични и подвижни делови, постојат одредени
потенцијални опасности. За безбедно користење на уредот, запознајте се со начинот
на функционирање и бидете внимателни при неговото користење.
Не дозволувајте деца (или куќни миленичиња) да си играат на или во машината. Машината за
перење не може да се отвори лесно одвнатре и децата можат сериозно да се повредат доколку
се заглават во внатрешноста.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите
не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната
безбедност.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Ако приклучокот или кабелот за струја се оштетени, тие мора да се заменат од страна на
производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани
ситуации.
Поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот за напојување,
славините за довод на вода и цевките за одвод.
Кај машините со отвори за вентилација на долниот дел, проверете отворите да не бидат
блокирани со килим или други предмети.
Употребувајте нови црева - старите црева не треба повторно да ги користите.
ИНСТРУКЦИИ ОКОЛУ WEEE ОЗНАКАТА
Правилно отстранување на производот (отстранување на
електрична и електронска опрема)
(се применува во Европската Унија и други европски држави со одделни системи
за собирање)
Оваа ознака на производот, дополнителната опрема или документацијата покажува
дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки
со микрофон, USB кабел) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од
домаќинството, откако ќе заврши нивниот работен век. За да се спречи загрозување на
животната средина или човековото здравје од неконтролирано отстранување на отпадот,
ве молиме да ги одделите овие уреди од останатиот вид отпад и рециклирајте ги за да
овозможите повторна употреба на материјалните ресурси.
Корисниците од домаќинствата треба да стапат во контакт со продавачот на производот
или локалните општински служби за да се запознаат со деталите каде и како можат да ги
однесат уредите за безбедно рециклирање.
Корисниците во фирмите треба да се обратат до нивниот испорачател и да ги
проверат условите од договорот за купување. Овој производ и неговата дополнителна
електронска опрема не треба да се меша со останатиот комерцијален отпад при неговото
отстранување.
безбедносни информации _5
безбедносни информации
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
СЕРИОЗНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ОДНОС НА ИНСТАЛИРАЊЕТО
Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификувано техничко
лице или компанија за сервисирање.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија,
проблеми со производот или повреди.
Уредот е тежок, внимавајте кога го подигате
Приклучете го кабелот за напојување во AC 220-240 V / 50 Hz ѕиден штекер и тој штекер
употребувајте го единствено за овој уред. Освен тоа, немојте да користите продолжителен
кабел.
- Доколку ѕидниот штекер го користите и за други уреди преку разделник или пак го
продолжите кабелот за напојување може да дојде до електричен удар или пожар.
- Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да бидат исти како оние
од спецификациите на производот. Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до
електричен удар или пожар. Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот
штекер.
Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за
напојување и допирните точки со помош на сува крпа.
- Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Приклучокот за напојување поврзете го во штекерот во правилна насока, така што кабелот ќе
паѓа надолу кон подот.
- Ако приклучокот за напојување го поврзете во штекерот во спротивна насока (завртен
нагоре), електричните жици во кабелот може да се оштетат и ова може да предизвика
електричен удар или пожар.
Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи амбалажата може да
биде опасна за децата.
- Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да дојде до задушување.
Кога уредот или кабелот за напојување ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен
центар.
Уредот мора да биде правилно заземјен.
Немојте да го заземјувате уредот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонска
линија.
- Ова може да предизвика електричен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.
- Никогаш немојте да го приклучувате кабелот за напојување во штекер кој не е правилно
заземјен и проверете дали штекерот е во согласност со локалните и националните прописи.
Немојте да го инсталирате овој уред во близина на грејно тело или запалив материјал.
Немојте да го инсталирате овој уред на влажно, масно или прашливо место, или на место
изложено на директна сончева светлина и вода (капки од дожд).
Немојте да го инсталирате овој уред на места со ниска температура
- Мразот може да предизвика пукање на цевките.
Немојте да го инсталирате овој уред на места каде што се можни истекувања на гас.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Не користете електричен трансформатор.
- Тоа може да предизвика електричен удар или пожар.
Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер
со раширени отвори.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
6_ safety information
Немојте да го влечете или прекршувате кабелот за напојување.
Немојте да го завртувате или заврзувате кабелот за напојување.
Немојте да го закачувате кабелот за напојување на метален предмет, да поставувате
тежок предмет врз кабелот, да го вметнувате кабелот помеѓу предмети или да го
притискате кабелот во просторот зад уредот.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
При вадење на приклучокот за напојување, немојте да го влечете кабелот.
- Приклучокот за напојување извадете го држејќи го приклучокот.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Не ги поставувајте цревата и кабелот за напојување каде што може да се сопнете од
нив.
ВНИМАНИЕ
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ ИНСТАЛИРАЊЕТО
Поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот за
напојување.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар
заради електрично истекување.
Инсталирајте го уредот на рамна и тврда површина која може да ја издржи неговата
тежина.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до абнормални вибрации,
придвижувања, шум или проблеми со производот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
СЕРИОЗНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ОДНОС НА КОРИСТЕЊЕТО
Ако уредот е преплавен, веднаш исклучете го доводот на вода и напојување и
обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
- Доколку не се придржувате кон ова може да предизвикате електричен удар.
Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го
приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја
собата без допирање на приклучокот за напојување. Не допирајте го уредот или
кабелот за напојување.
- Немојте да користите вентилатор.
- Една искра може да предизвика експлозија или пожар.
Не дозволувајте им на децата да играат во или врз машината за перење. Освен
тоа, при отстранување на уредот, отстранете ја рачката на вратата од машината за
перење.
- Доколку детето се заглави внатре, може да остане заглавено и да се загуши до
смрт.
Погрижете се да го отстраните пакувањето (сунѓер, стиропор) прикачено на дното од
машината за перење пред да почнете да ја користите.
safety information _7
безбедносни информации
Немојте да перете облека контаминирана со бензин, керозин, бензол, разредувач,
алкохол или други запаливи или експлозивни супстанци.
- Ова може да предизвика електричен удар, пожар или експлозија.
Не отворајте ја насилно вратата од машината за перење додека работи (перење/
сушење/центрифуга на висока температура).
- Водата која истекува од машината за перење може да предизвика изгореници или
да го направи подот лизгав.
Ова може да предизвика повреди.
- Насилното отворање на вратата може да предизвика оштетување на производот
или повреди.
Не ја ставајте раката под машината за перење.
- Ова може да предизвика повреди.
Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
- Ова може да предизвика електричен удар.
Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека е во
тек користењето на уредот.
- Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер може да
создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.
Не дозволувајте им на децата или изнемоштените лица да ја користат машината за
перење без ваше присуство. Не дозволувајте им на децата да се качуваат на уредот.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, изгореници
или повреди.
Не ставајте раце или метални предмети под машината за перење додека работи.
- Ова може да предизвика повреди.
Немојте да го откачувате уредот со повлекување на кабелот за напојување, секогаш
цврсто фатете го приклучокот и повлечете директно од штекерот.
- Оштетувањето на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или
електричен удар.
Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да вршите модификации на
уредот.
- Не употребувајте какви било други осигурувачи (како на пр. бакарни, од челична
жица, итн.) различни од стандардниот осигурувач.
- Кога е потребна поправка или повторно инсталирање на уредот, обратете се до
најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар,
проблеми со производот или повреди.
Доколку цревото за довод на вода се олабави од славината и го преплави уредот,
исклучете го кабелот за напојување.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг период или
за време на невреме со грмотевици.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
8_ safety information
ВНИМАНИЕ
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО
Кога машината за перење ќе се контаминира со надворешна супстанца како што е
детергент, нечистотии, отпадоци од храна итн., извлечете го кабелот за напојување и
исчистете ја машината за перење користејќи влажна и мека крпа.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до избледување, деформирање,
оштетување или 'рѓа.
Предното стакло може да се скрши од силен удар. Бидете внимателни додека ја
користите машината за перење.
- Ако стаклото е скршено, може да предизвика повреди.
По прекинување на доводот за вода или при повторно поврзување на цревото за
довод на вода, полека отворете ја славината за вода.
Отворете ја славината за вода полека доколку машината не сте ја користеле подолг
период.
- Притисокот на воздухот во цревото за довод на вода или во цевката за вода може
да предизвика оштетување на некој дел или истекување на вода.
Ако настане грешка во одводот при функционирањето, проверете дали има проблем
со одводот.
- Ако ја користите машината за перење кога е преплавена како последица на
проблем со одводот, тоа може да предизвика електричен удар или пожар поради
електрично истекување.
Целосно ставете ги алиштата во машината за перење за да не се потфатат на
вратата.
- Доколку алиштата се потфатат на вратата, тоа може да предизвика оштетување на
алиштата или машината за перење, или да предизвика истекување на водата.
Осигурајте се дека славината за вода е исклучена кога не ја користите машината за
перење.
- Осигурајте се дека завртката на приклучокот на цревото за довод на вода е добро
затегнат.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до оштетување на околината
или повреда.
Проверете дали гумената изолациона лента и стаклото на предната врата не се
контаминирани со надворешна супстанца (на пр. отпад, навој, влакна итн.)
- Доколку некоја надворешна супстанца се заглави помеѓу вратата или вратата не
се затвори целосно, може да дојде до истекување на вода.
Отворете ја славината за вода и проверете дали приклучокот на цревото за довод
на вода е цврсто затегнат и дали има истекување на вода пред да почнете да го
користите производот.
- Доколку завртките на приклучокот на цревото за довод на вода се лабави, може
да предизвикаат истекување на вода.
Производот кој го купивте е наменет само за домашна употреба.
Користењето за деловни потреби се смета за несоодветна употреба на производот.
Во тој случај, стандардната гаранција која ја обезбедува компанијата Samsung нема
да го покрие производот и компанијата Samsung нема да преземе одговорност за
дефекти или оштетувања кои ќе настанат поради соодветната употреба.
safety information _9
безбедносни информации
Немојте да се качувате врз уредот или да поставувате предмети врз него (како алишта,
запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети итн.).
- Ова може да предизвика електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреди.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од уредот.
- Освен што е штетно за луѓето, тоа исто така може да предизвика електричен удар, пожар
или проблеми со производот.
Не ставајте предмети кои генерираат електромагнтно поле во близина на машината за перење.
- Ова може да предизвика повреди поради неправилно функционирање.
Не допирајте ја водата која се испушта при циклус на перење или сушење на висока
температура, бидејќи е жешка.
- Ова може да предизвика изгореници или повреда.
Не перете, центрифугирајте или сушете водоотпорни навлаки, ќилими или облека (*), освен ако
вашиот уред има специјален програм за перење на овие предмети.
- Не перете дебели, тврди ќилими дури и ако имаат ознака за перење на нивната етикета.
- Ова може да предизвика повреда или оштетување на машината за перење, ѕидовите, подот
или облеката поради абнормални вибрации.
* Волнена постелнина, навлаки за дожд, елеци за рибарење, панталони за скијање, вреќи
за спиење, навлаки за пелени, костими за тренирање и навлаки за велосипеди, мопеди,
автомобили итн.
Не употребувајте ја машината за перење кога кутијата за детергент е отстранета.
- Ова може да предизвика електричен удар или повреди поради истекување на водата.
Не допирајте ја внатрешноста на барабанот за време или веднаш по сушењето, бидејќи е
жежок.
- Ова може да предизвика изгореници.
Не ја ставајте раката во кутијата за детергент откако ќе ја отворите.
- Ова може да предизвика повреда бидејќи уредот за внесување детергент може да ви ја
потфати раката. Не ставајте никакви предмети (како на пр. чевли, отпадоци од храна,
животни) освен алишта во машината за перење.
- Ова може да предизвика оштетување на машината за перење, или повреди и смрт во
случајот со миленичињата поради абнормалните вибрации.
Не притиснувајте ги копчињата со остри предмети како игли, ножеви, нокти итн.
- Ова може да предизвика електричен удар или повреда.
Не перете облека која е контаминирана со масло, креми или лосиони кои најчесто се користат
во продавниците за нега на тело или салоните за масажа.
- Ова може да предизвика деформирање на гумената изолациона лента и истекување на
водата.
Не оставајте метални предмети како безопасни игли или игли за коса, или средство за белење
во барабанот подолги временски периоди.
- Ова може да предизвика 'рѓа на барабанот.
- Ако се појави 'рѓа на површината на барабанот, нанесете средство за чистење (неутрално) и
потоа употребете сунѓер за чистење. Никогаш не користете метална четка.
Не користете директно детергент за хемиско чистење и не перете, плакнете или
центрифугирајте облека контаминирана со детергент за хемиско чистење.
- Ова може да предизвика спонтано согорување или палење поради топлината од
оксидацијата на маслото.
Не користете топла вода од уредите со водено ладење/греење.
- Ова може да предизвика проблеми на машината за перење.
10_ safety information
Не користете природен сапун за миење раце во машината за перење.
- Доколку се стврдне и акумулира во самата машина за перење, може да
предизвика проблеми на производот, избледување, 'рѓа или лош мирис.
Не перете голем тип на алишта како постелнина во мрежата за перење.
- Ставете ги чорапите и градниците во мрежата за перење и исперете ги заедно со
останатите алишта.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреда поради абнормални
вибрации.
Не користете стврднат детергент.
- Доколку се акумулира во самата машина за перење, може да предизвика
истекување на вода.
Кај машините со отвори за вентилација на долниот дел, проверете отворите да не
бидат блокирани со килим или други предмети.
Проверете дали џебовите од алиштата за перење се празни.
- Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може
сериозно да го оштетат уредот.
Немојте да перете облека со големи точки, копчиња или други тврди метални
предмети.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
СЕРИОЗНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ОДНОС НА ЧИСТЕЊЕТО
Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода.
За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или алкохол.
- Ова може да предизвика избледување, деформирање, оштетување, електричен
удар или пожар.
Пред чистење и одржување, извадете го приклучокот на уредот од ѕидниот штекер.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
safety information _11
Download PDF