Samsung | SM-T719 | Samsung Galaxy Tab S2 8.0 LTE (2016) Korisničko uputstvo (Marshmallow)

SM-T719
SM-T819
Упатство за корисникот
Macedonian. 05/2016. Rev.1.0
www.samsung.com
Содржина
Основни информации
Апликации
4
Најпрво, прочитајте го ова
47
5
Содржина на пакетот
Инсталирање или деинсталирање
апликации
6
Изглед на уредот
49
Телефон
8
Батерија
53
Контакти
12
SIM или USIM-картичка (nano-SIM
картичка)
55
Пораки
57
Интернет
14
Мемориска картичка (microSDкартичка)
59
Е-пошта
60
Камера
68
Галерија
70
S Planner
72
Мои фајлови
72
Белешка
73
Часовник
74
Калкулатор
75
Google апликации
16
Вклучување и исклучување на уредот
17
Екран на допир
20
Почетен екран
26
Заклучување на екранот
27
Панел за известувања
29
Внесување текст
32
Слика на екран
33
Отворање апликации
33
Повеќе прозорци
37
Сметка Samsung
39
Пренесување податоци од Вашиот
претходен уред
41
Уред и управување со податоци
43
Брзо поврзување
46
Спорелување одлики
Нагодувања
77
Вовед
77
Wi-Fi
79Bluetooth
2
81
Режим за летало
81
Мобилен хотспот и споделување врска
82
Користење податоци
83
Мобилни мрежи
Содржина
83
Повеќе поставки за поврзување
85
Паметен управител
87
Апликации
87
Звуци и вибрации
88
Известувања
89
Не вознемирувај
89
Екран
90
Напредни функции
90
Корисници
91
Заднина
91
Основен екран
91
Екран за закл.и безбедност
95
Доверливо
98
Пристапност
98
Сметки
99Google
99
Резервна копија и ресетирање
100 Јазик и внесување
100 Батерија
101 Меморија
101 Додатоци
101 Датум и време
102 Упатство за употреба
102 За уредот
Додаток
103 Решавање проблеми
109 Отстранување на батеријата
3
Основни информации
Најпрво, прочитајте го ова
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред да го користите уредот за да се
осигурате за неговата безбедна и правилна употреба.
• Описите се засновани на стандардните нагодувања на уредот.
• Некои содржини може да се разликуваат од Вашиот уред во зависност од регионот,
операторот, спецификациите на модел или софтверот на уредот.
• Содржините (содржини со висок квалитет), за кои е потребен силен CPU и многу
RAM меморија, ќе имаат влијание врз изведбата на уредот. Апликациите поврзани со
содржината може да не работат правилно во зависност од спецификациите на уредот и
средината во која тој се користи.
• Samsung не е одговорен за проблеми во изведбата предизвикани од апликации од кои
било други набавувачи, освен Samsung.
• Samsung не е одговорен за проблеми со перформансите или некомпатибилностите
предизвикани со менувањето на нагодувањата на регистарот или менувањето на
софтверот на оперативниот систем. Обидите да се прилагоди оперативниот систем може
да предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот уред или на апликациите.
• Софтверот, звучните извори, заднините, сликите и другите медиумски содржини
понудени во овој уред се лиценцирани за ограничена употреба. Преземањето и
користењето на овие материјали за комерцијални или други цели е прекршување
на законите за авторски права. Корисниците се целосно одговорни за незаконско
користење на медиумите.
• Може да настанат дополнителни трошоци за податочни услуги, како што се
разменување пораки, поставување и преземање, автоматска синхронизација или
користење услуги за лоцирање во зависност од Вашиот договор за податоци. За
пренесување на големи фајлови, се препорачува да ја користите одликата Wi-Fi.
• Стандардните апликации што доаѓаат со уредот подлежат на ажурирања и постои
можност веќе да не се поддржуваат без претходно известување. Ако имате прашања
за апликација испорачана со уредот, контактирајте сервисен центар на Samsung. За
апликации инсталирани од корисникот, контактирајте со операторите.
• Модификувањето на оперативниот систем на уредот или инсталирањето софтвер од
неофицијални извори може да резултира со неправилно функционирање на уредот
и оштетување или загуба на податоци. Овие дејства претставуваат прекршување на
Вашиот договор за лиценца со Samsung и Вашата гаранција веќе нема да важи.
4
Основни информации
• Во зависност од регионот или моделот, некои уреди треба да добијат одобрение од
Федералната комисија за комуникации (FCC). Доколку Вашиот уред е одобрен од
FCC, можете да ја видите ознаката на одобрението за него (FCC ID). За да ја видите
ознаката на одобрението (FCC ID), допрете Апликац. → Нагодувања → За уредот →
Информации за батеријата.
Икони за инструкции
Предупредување: ситуации кои можат да предизвикаат Ваша повреда и повреда на
другите
Внимание: ситуации кои можат да предизвикаат оштетување на Вашиот уред или на
друга опрема
Напомена: белешки, совети за употреба или дополнителни информации
Содржина на пакетот
Проверете дали во кутијата се содржани следните предмети:
• Уред
• Брз водич за употреба
• Опремата испорачана со уредот и достапните додатоци можат да се разликуваат
во зависност од регионот или операторот.
• Испорачаната опрема е наменета само за овој уред и може да не биде
компатибилна со други уреди.
• Изгледите и спецификациите можат да се променат без претходно известување.
• Можете да купите дополнителни додатоци од Вашата локална продавница на
Samsung. Осигурете се дека тие се компатибилни со уредот пред да ги купите.
• Користете само додатоци одобрени од Samsung. Користењето неодобрени
додатоци може да предизвика проблеми со изведбата и неисправно работење
што не се покриени со гаранцијата.
• Достапноста на додатоци може да подлежи на промени, а тоа сосема зависи од
производствените компании. За повеќе информации за достапната дополнителна
опрема, посетете ја интернет-страницата на Samsung.
5
Основни информации
Изглед на уредот
Сензор за близина (само
модел SM-T719)
/светлина
Предна камера
Приемник (само модел
SM-T719)
Копче за
вклучување/исклучување
Екран на допир
Копче за јачина на тон
Микрофон (само модел
SM-T819)
Копче Дома (cензор за
препознавање
отпечатоци)
Лежиште на мемориска
картичка
Копче за неодамнешни
апликации
Лежиште на
SIM-картичка
Звучник
Копче за Назад
Приклучок за слушалки
Звучник
Микрофон (само модел
SM-T719)
Повеќенаменски
приклучок
GPS-антена
Главна антена
Главна антена
Микрофон (само модел
SM-T719)
Задна камера
Пуш-клип
Пуш-клип
6
Основни информации
• Проблеми со поврзливоста и празнење на батеријата може да се јават во следните
случаи:
– – ако во областа на антената на уредот прикачувате метални лепенки
– – ако на уредот ставате капак направен од метален материјал
– – ако ја покривате областа на антената на уредот со Вашите раце или други
предмети додека користите одредени одлики, како повици или врската за
мобилни податоци
• Се препорачува користење заштитник на екран одобрен од Samsung.
Неодобрените заштитници на екран може да предизвикаат неправилна работа на
сензорите.
Копчиња
Копче
Функција
Вклучување/
ресетирање/
исклучување
Неодамнешни
Дома
• Држете го притиснато за вклучување или исклучување на
уредот.
• Притиснете за да го вклучите или заклучите екранот.
• Допрете за да се отвори списокот со неодамнешни
апликации.
• Допрете и задржете за да стартувате приказ во поделен
екран.
• Притиснете за да го вклучите екранот додека екранот е
заклучен.
• Притиснете го за да се вратите на почетниот екран.
• Држете го притиснато за стартување на Google.
• Допрете го за да се вратите на претходниот приказ.
Назад
Јачина на тон
• Задржете допрено за пристап во дополнителни опции за
тековниот екран.
• Притиснете го за прилагодување на јачината на тонот на
уредот.
7
Основни информации
Батерија
Полнење на батеријата
Наполнете ја батеријата пред да ја употребите првпат, или кога не сте ја користеле подолг
период.
Користете само полначи, батерии и кабли што се одобрени од Samsung.
Неодобрените полначи или кабли, може да предизвикаат експлозија на батеријата
или оштетување на уредот.
1 Поврзете го USB кабелот со USB адаптерот за напојување и потоа вклучете го крајот на
USB кабелот во повеќенаменскиот приклучок.
Неправилното поврзување на полначот може да предизвика сериозно оштетување
на уредот. Штетите предизвикани од неправилно користење не се покриени со
гаранцијата.
2 Приклучете го USB адаптерот за напојување во електричниот приклучок.
8
Основни информации
3 Откако целосно ќе се наполни, исклучете го уредот од полначот. Прво откачете го
полначот од уредот, а потоа откачете го од електричниот приклучок.
За штедење енергија, исклучете го полначот кога не е во употреба. Полначот нема
прекинувач за вклучување/исклучување и затоа мора да го исклучите полначот од
електричниот приклучок кога не е во употреба, за да избегнете непотребно трошење
електрична енергија. Полначот треба да остане во близина на електричниот
приклучок и да е лесно достапен додека трае полнењето.
Прикажување преостанато време за полнење
Додека се врши полнењето, отворете го почетниот екран и допрете Апликац. →
Нагодувања → Батерија.
Реалното време за полнење може да се разликува во зависност од состојбата на
Вашиот уред и условите на полнењето. Преостанатото време за полнење може да не
се прикажува кога го полните уредот во мошне студени или топли услови.
Намалување на потрошувачката на батеријата
Вашиот уред нуди разни опции што можат да Ви помогнат да ја зачувате енергијата на
батеријата.
• Оптимизирајте го уредот користејќи паметен управител.
• Кога не го користите уредот, префрлете го во режим за спиење со притискање на
копчето за вклучување/исклучување.
• Вклучете го режимот за заштеда на енергија.
• Затворете ги непотребните апликации.
• Исклучете ја одликата Bluetooth кога не ја користите.
• Исклучете ја одликата Wi-Fi кога не ја користите.
• Деактивирајте ја автоматската синхронизација на апликации што треба да се
синхронизираат, како е-поштата.
• Деактивирајте го времето на исклучување на заднинското светло.
• Намалете ја осветленоста на екранот.
9
Основни информации
Совети и предупредувања за полнењето на батерија
• Кога енергијата на батеријата е на ниско ниво, иконата за батеријата се прикажува
празна.
• Ако батеријата е целосно испразнета, уредот не може да се вклучи веднаш кога ќе се
поврзе полначот. Оставете ја целосно празната батерија да се наполни неколку минути
пред да го вклучите уредот.
• Ако користите повеќе апликации истовремено, мрежни апликации или апликации
што бараат поврзување со друг уред, батеријата брзо ќе се испразни. За да избегнете
трошење енергија за време на пренос на податоци, секогаш користете ги овие
апликации по целосното полнење на батеријата.
• Користењето друг извор на струја освен полначот, како на пример компјутер, може да
има како резултат побавно полнење, заради пониска електрична струја.
• Можете да го користите уредот во текот на полнењето, но целосното полнење на
батеријата може да потрае подолго.
• Ако уредот прима нестабилно напојување додека се полни, екранот на допир може да
не функционира. Доколку тоа се случи, исклучете го полначот од уредот.
• Додека се врши полнење, уредот и полначот може да се загреат. Ова е вообичаена
појава и не би требало да влијае врз работниот век или функционирањето на уредот.
Ако батеријата се загрее повеќе од вообичаеното, полначот може да запре со полнење.
• Ако уредот не се полни правилно, однесете ги уредот и полначот во сервисен центар на
Samsung.
10
Основни информации
Режим за штедење енергија
Заштедете енергија на батеријата со ограничување на функциите на уредот.
На почетниот екран, допрете Апликац. → Нагодувања → Батерија → Режим за штедење
енергија и потоа допрете го копчето за да го активирате.
За автоматско активирање на режимот за заштеда на енергија кога преостанатата енергија
на батерија го достигнува претходно поставеното ниво, допрете Почни штедење енергија и
изберете една опција.
Ултра режим за штедење енергија
Користете го овој режим за продолжување на животниот век на батеријата. Во режим за
ултра-заштеда на енергија уредот го изведува следното:
• Прикажува бои на екранот во сиви тонови.
• Ги ограничува апликациите само на основни и избрани.
• Ја деактивира врската за мобилни податоци кога ќе се исклучи екранот.
• Ги деактивира одликите Wi-Fi и Bluetooth.
На почетниот екран, допрете Апликац. → Нагодувања → Батерија → Ултра режим за
штедење енергија и потоа допрете го копчето за да го активирате.
За да ја деактивирате одликата за ултра-заштеда на енергија, допрете ПОВЕЌЕ → Исклучи
Ултра режим за штедење.
Преостанатото време за користење го прикажува времето што преостанува пред да
се испразни батеријата. Преостанатото време за користење зависи од нагодувањата
на Вашиот уред и условите на работа.
11
Основни информации
SIM или USIM-картичка (nano-SIM картичка)
Инсталирање SIM или USIM-картичка
Вметнете ја SIM или USIM-картичката добиена од Вашиот мобилен оператор.
Внимавајте да не ја изгубите, или не дозволувајте други да ја користат SIM или
USIM-картичката. Samsung не е одговорен за никакви штети или неправилности
предизвикани од изгубени или украдени картички.
• Употребувајте само nano-SIM картичка.
• Некои услуги LTE може да не бидат достапни во зависност од операторот.
За повеќе информации за достапноста на услугата, контактирајте со Вашиот
оператор.
1 Внесете ја иглата за исфрлање во дупката на лежиштето на SIM-картичката за да го
олабавите лежиштето.
Внимавајте иглата за исфрлање да биде под прав агол на дупката. Во спротивно,
уредот може да се оштети.
12
Основни информации
2 Внимателно извлечете го лежиштето на SIM-картичка од отворот на лежиштето на SIMкартичка.
3 Ставете ја SIM или USIM-картичката во лежиштето на SIM-картичка со позлатените
контакти свртени надолу.
4 Вратете го лежиштето на SIM-картичка назад во отворот на лежиштето на SIM-картичка.
Отстранување SIM или USIM-картичка
1 Внесете ја иглата за исфрлање во дупката на лежиштето на SIM-картичката за да го
олабавите лежиштето.
2 Внимателно извлечете го лежиштето на SIM-картичка од отворот на лежиштето на SIMкартичка.
3 Отстранете ја SIM или USIM-картичката.
4 Вратете го лежиштето на SIM-картичка назад во отворот на лежиштето на SIM-картичка.
13
Основни информации
Мемориска картичка (microSD-картичка)
Инсталирање мемориска картичка
Вашиот уред прифаќа мемориски картички со максимален капацитет од 128 GB. Во зависност
од производителот и типот на мемориската картичка, некои мемориски картички може да не
бидат компатибилни со Вашиот уред.
• Некои мемориски картички може да не бидат целосно компатибилни со
уредот. Користењето некомпатибилна мемориска картичка може да доведе до
оштетување на уредот или на мемориската картичка, или може да ги оштети
податоците зачувани на картичката.
• Внимавајте мемориската картичка треба да ја вметнете со правилната страна
нагоре.
• Уредот поддржува FAT и exFAT структури на фајлови за мемориски картички.
Доколку вметнете картичка форматирана со различна структура фајлови, уредот
може да побара преформатирање на мемориската картичка.
• Честото снимање и бришење податоци го скратува работниот век на мемориските
картички.
• Кога во уредот вметнувате мемориска картичка, се појавува директориумот со
фајлови на мемориската картичка во папката Мои фајлови → SD-карт.
14
Основни информации
1 Внесете ја иглата за исфрлање во дупката на лежиштето на мемориската картичка за да
го олабавите лежиштето на мемориската картичка.
Внимавајте иглата за исфрлање да биде под прав агол на дупката. Во спротивно,
уредот може да се оштети.
2 Внимателно извлечете го лежиштето на мемориската картичка од отворот на лежиштето
на мемориската картичка.
3 Поставете ја мемориската картичка во лежиштето на мемориската картичка со
позлатените контакти свртени надолу.
4 Вратете го лежиштето на мемориската картичка назад во отворот на лежиштето на
мемориската картичка.
Отстранување на мемориската картичка
Пред да ја отстраните мемориската картичка, прво демонтирајте ја за безбедно
отстранување.
На почетниот екран, допрете Апликац. → Нагодувања → Меморија → SD-карт. →
Демонтирај.
1 Внесете ја иглата за исфрлање во дупката на лежиштето на мемориската картичка за да
го олабавите лежиштето.
2 Внимателно извлечете го лежиштето на мемориската картичка од отворот на лежиштето
на мемориската картичка.
3 Отстранете ја мемориската картичка.
4 Вратете го лежиштето на мемориската картичка назад во отворот на лежиштето на
мемориската картичка.
Не отстранувајте ја мемориската картичка додека уредот пренесува или пристапува
до информации. На тој начин може да дојде до губење или оштетување на
податоците, или може да дојде до оштетување на мемориската картичка или уредот.
Samsung не е одговорен за загубата што настанала како резултат од неправилната
употреба или од оштетени мемориски картички, вклучувајќи губење податоци.
15
Основни информации
Форматирање на мемориската картичка
Мемориска картичка форматирана на компјутер може да не биде компатибилна со уредот.
Форматирајте ја мемориската картичка на уредот.
На почетниот екран, допрете Апликац. → Нагодувања → Меморија → SD-карт. →
Формат → ФОРМАТИРАЈ.
Пред да ја форматирате мемориската картичка, не заборавајте да направите
резервни копии од сите важни податоци зачувани во мемориската картичка.
Гаранцијата на производителот не покрива губење на податоци како резултат на
дејства на корисникот.
Вклучување и исклучување на уредот
Држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување неколку секунди за да го
вклучите уредот.
Кога го вклучувате уредот првпат или откако сте извеле ресетирање на податоци, следете ги
упатствата на екранот за да го поставите Вашиот уред.
За да го исклучите уредот, држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување и
потоа допрете Исклучување.
Следете ги поставените предупредувања и насоки од службениот персонал кога се
наоѓате во области каде што користењето безжични уреди е ограничено, како на
пример авиони и болници.
Рестартирање на уредот
Ако Вашиот уред се блокирал и не реагира, држете ги притиснати истовремено копчето за
вклучување/исклучување и копчето за намалување на јачина на тон повеќе од 7 секунди за
да го рестартирате.
Копче за вклучување/
исклучување
Копче за
намалување на
јачина на тон
16
Основни информации
Екран на допир
• Не дозволувајте екранот на допир да дојде во контакт со други електрични уреди.
Електричните празнења може да предизвикаат неисправност на екранот на допир.
• За да избегнете оштетување на екранот на допир, не допирајте го со остри
предмети и не притискајте го пресилно со Вашите прсти.
• Уредот може да не ги препознае внесувањата со допир во близина на рабовите на
приказот кои се вон областа за внесување со допир.
• Ако го оставите екранот на допир во мирување подолг временски период, тоа
може да резултира со пост-слики (разобличеност на приказот) или заматеност.
Исклучете го екранот на допир кога не го користите уредот.
• Се препорачува да користите прсти кога го употребувате екранот на допир.
Допирање
За да отворите апликација, да изберете ставка од мени, да притиснете копче на екранот, или
за да внесете знак со помош на тастатурата на екранот, допрете го со Вашиот прст.
17
Основни информации
Допирање и задржување
Држете допрено една ставка на екранот подолго од 2 секунди за пристап до достапните
опции.
Влечење
За преместување ставка, држете ја допрено задржете и одвлечете ја до целната позиција.
Двојно допирање
Допрете двојно на интернет-страница или слика за зумирање. Повторно допрете двојно за
да се вратите назад.
18
Основни информации
Лизгање
Поминете со прстот налево или надесно на почетниот екран или на екранот со апликации за
да прикажете други панели. Лизгајте нагоре или надолу за листање низ интернет-страница
или список со ставки, како на пример контакти.
Ширење и спојување
Раздалечувајте два прста на интернет-страница, мапа или слика за зумирање во делот. Спојте
ги брзо за одзумирање.
19
Основни информации
Почетен екран
Почетен екран
Почетниот екран е почетната точка за пристап во сите одлики на уредот. Прикажува виџети,
кратенки до апликации и др.
За да прикажете други панели, поминете со прстот налево или надесно.
Почетниот екран може да изгледа различно во зависност од регионот или
операторот.
Виџет
Индикатори на екран
Една апликација
Една папка
Индикатор на екран на
новини. Прикажете ги
најновите статии во разни
категории.
Икона на екран со апликации
Омилени апликации
20
Основни информации
Опции на почетен екран
На почетниот екран, допрете Апликац. → Нагодувања → Основен екран за да
пристапите во достапните опции. Алтернативно, на почетниот екран допрете и задржете
допрено една празна област. Прилагодете го почетниот екран со додавање, бришење или
прераспоредување на панели на почетен екран. Исто така, можете да поставите тапет на
почетен екран, да додавате виџети на почетен екран и друго.
• Заднини: Изменете ги нагодувања на тапет за почетниот екран и заклучениот екран.
• Виџети: Додадете виџети на почетниот екран. Виџетите се мали апликации кои
стартуваат специфични функции на апликации за да обезбедат информации или згоден
пристап во Вашиот почетен екран.
Додавање ставки
Задржете допрено една апликација или папка од екранот со апликации, и потоа одвлечете
го во почетниот екран.
За да додадете виџети, допрете и задржете една празна област на почетниот екран, допрете
Виџети, допрете и задржете еден виџет и потоа одвлечете го на почетниот екран.
21
Основни информации
Преместување ставки
Задржете допрено ставка на почетниот екран и одвлечете ја на нова локација.
Исто така, можете да преместите често користени апликации во областа со кратенки во
долниот дел на почетниот екран.
За преместување на ставката во друг панел, влечете ја кон страната на екранот.
За полесно преместување на ставка, допрете и задржете ја ставката и одвлечете ја во
Премести апликации во горниот дел на екранот. Ставката ќе се премести на панелот во
горниот дел од екранот. Поминете со прстот налево или надесно за да ја преместите во друг
панел и одвлечете ја ставката на нова локација.
Отстранување ставки
Допрете и задржете една ставка и потоа одвлечете ја во Отстрани во горниот дел од
екранот.
Креирање папки
Создадете папки и соберете слични апликации за брз пристап и старување на апликации.
1 На почетниот екран, допрете и задржете една апликација и потоа одвлечете ја преку
друга апликација.
2 Испуштете ја апликацијата кога околу апликациите ќе се појави рамка на папка.
Ќе се креира нова папка што ќе ги содржи избраните апликации.
22
Основни информации
3 Допрете Внесете име за папката и внесете го името на папката.
За да ја измените бојата на папка, допрете
.
, штиклирајте ги апликациите
За да додадете повеќе апликации во папката, допрете
и потоа допрете ДОДАЈ. Исто така, можете да додадете една апликација влечејќи ја во
папката на почетниот екран.
За да преместите апликации од папка на почетниот екран, допрете ја папката и потоа
одвлечете една апликација на почетниот екран.
За да избришете апликации во папка, допрете ја папката и потоа одвлечете ја апликацијата
што сакате да ја избришете во Отстрани во горниот дел на екранот.
Управување со панели
На почетниот екран, задржете допрено една празна област за да додадете, пренесете или
отстраните еден панел.
За да додадете панел, лизгајте налево и потоа допрете
.
За да преместите панел, задржете допрено преглед на панел и потоа одвлечете го во нова
локација.
За да отстраните панел, допрете и задржете го прегледот на панел и потоа одвлечете го во
Отстрани во горниот дел од екранот.
За да поставите панел како главен почетен екран, допрете
.
Екран со апликации
Екранот со апликации прикажува икони за сите апликации, вклучувајќи ги
новоинсталираните апликации.
На почетниот екран, допрете Апликац. за да се отвори екранот со апликации. За да
прикажете други панели, поминете со прстот налево или надесно.
Преместување ставки
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
На екранот со апликации, допрете ИЗМЕНИ. Допрете и задржете ставка и одвлечете ја на
нова локација.
За преместување на ставката во друг панел, влечете ја кон страната на екранот.
23
Основни информации
Креирање папки
Креирајте папки и соберете слични апликации за брз пристап и старување на апликации што
сакате.
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
1 На екранот со апликации, допрете ИЗМЕНИ.
2 Допрете и задржете една апликација и потоа одвлечете ја над друга апликација.
3 Испуштете ја апликацијата кога околу апликациите ќе се појави рамка на папка.
Ќе се креира нова папка што ќе ги содржи избраните апликации.
4 Допрете Внесете име за папката и внесете име на папка.
За да ја измените бојата на папка, допрете
.
, штиклирајте ги апликациите
За да додадете повеќе апликации во папката, допрете
и потоа допрете ДОДАЈ. Исто така, можете да додадете една апликација влечејќи ја во
папката на екранот со апликации.
. Ќе се ибрише само папката. Апликациите од
За да избришете папка, изберете папка со
папката ќе се преместат на екранот со апликации.
Прераспоредување ставки
Можете да ги преуредите ставките по азбучен редослед на екранот со апликации.
На екранот со апликации, допрете А-Ш → СОЧУВАЈ.
24
Основни информации
Пребарување ставки
Можете да пребарувате ставки на екранот со апликации.
На екранот со апликации, допрете ПРЕБАРАЈ и внесете знаци. Уредот ќе ги пребарува и
прикажува ставките што ги содржат знаците што ги внесовте.
Икони на индикатор
На статусната лента во горниот дел на екранот се покажуваат иконите на индикатор. Во
долната табела се наведени најчестите икони.
• Можно е статусната лента да не се појавува во горниот дел на екранот во некои
апликации. За да ја прикажете статусната лента, влечете надолу од горниот дел на
екранот.
• Некои модели не ги поддржуваат одликите поврзани со повици.
Икона
Значење
Нема сигнал
Јачина на сигнал
Роаминг (надвор од нормалната област на покриеност со услугата)
Мрежата GPRS е поврзана
Мрежата EDGE е поврзана
Мрежата UMTS е поврзана
Мрежата HSDPA е поврзана
HSPA+ мрежата е поврзана
/
Мрежата LTE е поврзана
Wi-Fi поврзан
Одликата Bluetooth е активирана
GPS е активиран
Повик во тек
Пропуштен повик
Нова текстуална или мултимедијална порака
25
Основни информации
Икона
Значење
Алармот е активиран
Тивкиот режим е активиран
Режимот за вибрации е активиран
Режимот за летало е активиран
Настаната грешка или потребно внимание
Ниво на батеријата
Заклучување на екранот
Со притискање на копчето за вклучување/исклучување се исклучува екранот и се заклучува.
Исто така, екранот се исклучува и автоматски се заклучува ако уредот не се употребува
одреден период.
Екранот е заклучен со Поминете, стандардниот метод за заклучување на екран.
Притиснете го копчето Дома и поминете со прстот во кој било правец за да го отклучите
екранот.
За да го измените методот за заклучување екран, на екранот со апликации допрете
Нагодувања → Екран за закл.и безбедност → Вид заклучување на екранот и потоа
изберете метод.
Кога поставувате шема, PIN, лозинка или отпечаток од прст за методот за заклучување екран,
можете да ги заштитите Вашите лични информации, за да спречите други да имаат пристап
во Вашиот уред. Откако ќе го поставите методот за заклучување екран, уредот ќе бара код за
отклучување секој пат кога го отклучувате.
• Поминете: Поминете со прстот на екранот во кој било правец за да го отклучите.
• Шара: Нацртајте шема со четири или повеќе точки за да го отклучите екранот.
• PIN: Внесете PIN со најмалку четири броја за да го отклучите екранот.
26
Основни информации
• Лозинка: Внесете лозинка со најмалку четири знака, броја или симболи за да го
отклучите екранот.
• Исклучено: Не избирајте метод за заклучување екран.
• Отпечатоци на прсти: Регистрирајте ги Вашите отпечатоци од прсти за да го отклучите
екранот. Осврнете се на Препознавање отпечаток од прст за повеќе информации.
Доколку го заборавите кодот за отклучување, однесете го уредот во сервисен центар
на Samsung за негово ресетирање.
Панел за известувања
Користење на панелот за известување
Кога добивате нови известувања, иконите на индикатор се појавуваат на статусната лента. За
да видите повеќе информации за иконите, отворете го панелот за известување и прикажете
ги деталите.
За да го отворите панелот за известување, влечете ја статусната лента надолу. За да го
затворите панелот за известување, поминете со прстот нагоре по екранот.
27
Основни информации
Можете да ги употребите следниве функции на панелот за известување.
Стартување Нагодувања.
Изберете корисничка сметка.
Копчиња за брзо нагодување
Прикажете други копчиња за
брзо нагодување.
Стартувај Брзо поврзување.
Прилагодете ја светлината.
Допрете известување и
изведете разни дејства.
Исчистете ги сите известувања.
Пристапете во екранот за
известувања.
Користење на копчињата за брзо нагодување
Допрете ги копчињата за брзо нагодување за да активирате некои одлики. Поминете со
прстот налево или надесно во областа на копчињата или допрете
за да прикажете
повеќе копчиња. За да прикажете повеќе детални нагодувања, допрете и задржете едно
копче.
За да ги преуредите копчињата, допрете
потоа одвлечете го на друга локација.
→ ИЗМЕНИ, допрете и задржете едно копче и
S Finder
Пребарајте еден широк избор содржина со клучен збор.
Пребарување содржина во уредот
Отворете го панелот за известувања и допрете
→ S Finder.
Внесете клучен збор во полето за пребарување или допрете
и изговорете клучен збор.
За да добиете попречистени резултати, допрете Филтер под полето за пребарување, и потоа
изберете детали на филтер.
Поставување категории за пребарување
Можете да поставите категории за пребарување за да пребарувате содржина во специфични
полиња за пребарување.
Допрете ПОВЕЌЕ → Бирање локации за пребар. и изберете категории.
28
Основни информации
Внесување текст
Распоред на тастатура
Кога внесувате текст за да испратите порака, кога креирате белешки и др., тастатурата се
појавува автоматски.
Внесувањето текст не поддржува одредени јазици. За внесување текст, треба да го
измените работниот јазик на еден од поддржаните јазици.
Избришете го претходниот
знак.
Внесете интерпункциски
знаци.
Започнете нов ред.
Внесувајте големи букви. За
сите букви да бидат големи,
допрете два пати.
Променете ги нагодувањата за
тастатура.
Поместете го покажувачот.
Внесете празно место.
Измена на работниот јазик
→ Јазици и видови → Додај јазици за внес и потоа изберете ги јазиците
Допрете
кои ќе ги користите. Кога избирате два или повеќе јазици, можете да се префрлате меѓу
работните јазици со лизгање на копчето за празно место налево или надесно.
Промена на распоредот на тастатура
→ Јазици и видови, изберете јазик под Јазици и видови и потоа изберете
Допрете
еден распоред на тастатура што ќе го употребувате.
29
Основни информации
Дополнителни функции на тастатура
Задржете допрено
за да ги употребувате разните функции. Може да се појавуваат други
икони наместо иконата
во зависност од последната функција која се користела.
• : Внесување текст преку говор.
Променете ги опциите за
говорно внесување.
• Започнете или паузирајте со
внесување текст преку говор.
: Префрлете во ракописен режим.
Префрлете се меѓу режим на
број и знак.
Префрлете се на стандардна
тастатура.
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
• • : Додајте ставка од клип-таблата.
: Внесете емотикони.
• : Префрлете се во лебдечка или поделена тастатура. Можете да ја преместите
тастатурата на друга локација со влечење на картичката.
• : Променете ги нагодувањата за тастатура.
30
Основни информации
Копирање и пресликување
1 Задржете допрено преку текст.
2 Влечете или за да го изберете саканиот текст, или допрете Избери ги сите за да го
изберете целиот текст.
3 Допрете Копирај или Исечи.
Избраниот текст се копира во посредната меморија.
4 Допрете и задржете во точката каде што сакате да го внесете текстот и допрете
Пресликај.
За да пресликате текст што сте го ископирале претходно, допрете Посредна меморија и
изберете го текстот.
Речник
Побарајте дефиниции за зборови користејќи одредени одлики, како кога прелистувате
интернет-страници.
1 Допрете и задржете преку еден збор што сакате да го побарате.
Ако зборот што сакате да го побарате не е избран, влечете
саканиот текст.
или
за да го изберете
2 Допрете Речник во списокот со опции.
Ако на уредот не постои претходно инсталиран речник, допрете Manage dictionaries →
до речникот за да го преземете.
3 Прикажете ги дефинициите во скокачкиот прозорец на речникот.
За да се префрлите во приказ на цел екран, допрете . Допрете ја дефиницијата на
екранот за да прикажете повеќе дефиниции. Во деталниот приказ допрете
за да го
додадете зборот во списокот со Вашите омилени зборови или допрете Search Web за да
го употребите зборот како термин за пребарување.
31
Основни информации
Слика на екран
Доловете слика на екран додека го користите уредот.
Сликање на екранот
Држете го притиснато копчето Дома и копчето за вклучување/исклучување истовремено.
Можете да ги прикажете доловените слики во Галерија.
Исто така, можете да доловувате слики од екран ако поминете со Вашиот прст налево или
надесно преку екранот. Ако оваа одлика не е активирана, отворете го екранот со апликации,
допрете Нагодувања → Напредни функции → Поминете со дланката за доловување и
потоа допрете го копчето за да ја активирате.
Не е возможно да се направи слика од екранот додека се користат одредени
апликации и одлики.
Паметно снимање
Можете да го доловите тековниот екран и област за лизгање. Исто така, можете веднаш да го
поткастрете и споделувате доловениот екран.
Ако оваа одлика не е активирана, отворете го екранот со апликации, допрете Нагодувања
→ Напредни функции → Паметно снимање, допрете да копчето за да го активирате и
потоа доловете слика од екран. На екранот што го доловувате, употребете една од следните
опции:
• Снимајте повеќе: Доловете повеќе содржина што продолжува преку повеќе екрани,
како интернет-страници. Екранот ќе продолжи да се лизга надолу автоматски и ќе се
долови повеќе содржина.
• Сподели: Споделете ја сликата од екран.
• Потсечи: Скастрете дел од сликата од екран.
32
Основни информации
Отворање апликации
На почетниот екран или на екранот со апликации, изберете икона на апликација за да ја
отворите.
За да отворите апликација од списокот со апликации што сте ги користеле неодамна,
допрете
и изберете еден прозорец на неодамнешна апликација.
Затворање апликација
Допрете
и влечете го налево или надесно прозорецот на некоја неодамнешна
апликација за да ја затворите. За да ги затворите сите активни апликации, допрете ЗАТВОРИ
ГИ СИТЕ.
Повеќе прозорци
Вовед
Повеќе прозорци Ви овозможува истовремено да извршувате две апликации во приказ
на поделен екран. Исто така, можете истовремено да извршувате повеќе апликации во
скокачки приказ.
Некои апликации може да не ја поддржуваат оваа одлика.
Приказ на поделен екран
Скокачки приказ
33
Основни информации
Приказ на поделен екран
1 Допрете за да се отвори списокот со неодамнешни апликации.
2 Поминете со прстот нагоре или надолу и допрете на прозорецот на неодамнешна
апликација.
Избраната апликација ќе стартува во горниот прозорец.
3 Поминете со прстот налево или надесно за да изберете друга апликација што ќе ја
стартувате.
Исто така, можете да го стартувате приказот на поделен екран со допирање и
задржување на
.
34
Основни информации
Користење дополнителните опции
Кога користите апликации во приказот на поделен приказ, изберете еден прозорец на
апликација и допрете го кругот помеѓу прозорците на апликацијата за да пристапите во
следните опции:
• : Префрлајте се во локациите помеѓу прозорците на апликациите.
• : Влечете и испуштајте текст или ископирани слики од еден прозорец во друг.
Допрете и задржете една ставка во избраниот прозорец и влечете ја на локација во друг
прозорец.
Некои апликации може да не ја поддржуваат оваа одлика.
35
Основни информации
• : Минимизирајте го прозорецот.
• : Зголемете го максимално прозорецот.
• : Затворете ја апликацијата.
Прилагодување на големината на прозорецот
Повлечете го кругот помеѓу прозорците на апликациите нагоре или надолу за
прилагодување на големината на прозорците.
Скокачки приказ
1 На екранот со апликации, стартувајте една апликација што ќе ја користите во скокачкиот
приказ.
2 Влечете надолу дијагонално или од долната или од горната ивица.
Екранот на апликацијата ќе се појави во скокачки приказ.
Влечете и отпуштајте
содржина.
Минимизирајте го
прозорецот.
Затворете ја апликацијата.
Максимизирајте го
прозорецот.
36
Основни информации
Преместување на скокачки прозорци
За да преместите еден скокачки прозорец, допрете го и задржете го кругот на еден прозорец
и одвлечете го во нова локација.
Стартување на скокачки приказ од приказот на споделен екран
1 Во приказот на споделен екран, допрете прозорец на апликација за да ја стартувате во
скокачки приказ.
2 Допрете и задржете го кругот помеѓу прозорците на апликации.
Избраната апликација ќе стартува во скокачки прозорец.
Сметка Samsung
Вовед
Вашата сметка Samsung е интегрирана сметковна услуга која Ви овозможува да користите
голем број услуги Samsung што се нудат на мобилни уреди, телевизори и интернетстраницата Samsung. Штом ќе ја регистрирате Вашата сметка Samsung, можете да користите
апликации обезбедени од Samsung, без да се најавувате на Вашата сметка.
Креирајте ја Вашата сметка Samsung со Вашата адреса на е-пошта.
За да го проверите списокот со услуги што може да се користат со Вашата сметка Samsung,
посетете ја account.samsung.com. За повеќе информации во врска со сметки Samsung,
отворете го екранот со апликации, допрете Нагодувања → Сметки → Сметка Samsung →
Помош.
37
Основни информации
Регистрација на Вашата сметка Samsung
Регистрација на нова сметка Samsung
Ако немате сметка Samsung, треба да креирате.
1 На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Сметки → Додај сметка.
2 Допрете Сметка Samsung → НАПРАВИ СМЕТКА.
3 Следете ги упатствата на екранот за го завршите креирањето на Вашата сметка.
Регистрација на постоечка сметка Samsung
Ако веќе имате сметка Samsung, регистрирајте ја на уредот.
1 На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Сметки → Додај сметка.
2 Допрете Сметка Samsung.
3 Внесете ја адресата на е-пошта и лозинка и потоа допрете НАЈАВА.
Ако сте ги заборавиле Вашите информации на сметка, допрете Сте ја заборавиле
идентификацијата или лозинката? Можете да ги најдете Вашите информации на
сметка кога ќе ги внесете бараните информации и безбедносниот код што се прикажува
на екранот.
Отстранување на Вашата сметка Samsung
Кога ја отстранувате Вашата регистрирана сметка Samsung од уредот, Вашите податоци, како
контактите или настаните, исто така ќе се отстранат.
1 На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Сметки.
2 Допрете Сметка Samsung и допрете ја сметката за да ја отстраните.
3 Допрете ПОВЕЌЕ → Избриши сметка → ИЗБРИШИ СМЕТКА.
4 Внесете ја лозинката за Вашата сметка Samsung. и допрете ПОТВРДИ.
5 Допрете ИЗБРИШИ СМЕТКА.
38
Основни информации
Пренесување податоци од Вашиот
претходен уред
Можете да пренесете податоци од претходен уред на Вашиот уред преку Samsung Smart
Switch.
Достапни се следните верзии од Samsung Smart Switch.
• Верзија за мобилни уреди: Префрлување податоци помеѓу мобилни уреди. Апликацијата
можете да ја преземете од Galaxy Apps или Play Store.
• Верзија за компјутери: Пренос на податоци помеѓу Вашиот уред и компјутер. Можете да
ја преземете апликацијата од www.samsung.com/smartswitch.
• Samsung Smart Switch не е поддржано на некои уреди или компјутери.
• Важат ограничувања. За детали, посетете ја www.samsung.com/smartswitch. За
Samsung, авторските права се сериозно прашање. Пренесувајте само содржина
која е Ваша сопственост или која имате право да ја пренесувате.
Префрлање податоци од мобилен уред
Пренесете податоци од Вашиот претходен уред на Вашиот уред.
1 На претходниот уред, преземете ја и инсталирајте ја Smart Switch од Galaxy Apps или
Play Store. Потоа, стартувајте ја Smart Switch.
2 Поставете ги уредите блиску еден до друг.
39
Основни информации
3 На Вашиот уред, отворете го екранот со апликации и допрете Smart Switch.
4 На Вашиот уред, изберете го претходниот вид на уред од списокот и допрете СТАРТ.
5 Следете ги упатствата на екранот за да пренесете податоци од Вашиот претходен уред.
Префрлање резервна копија податоци од компјутер
Направете резервна копија од Вашиот претходен уред на компјутер и увезете ги податоците
на Вашиот уред.
1 На компјутерот, посетете ја www.samsung.com/smartswitch за да ја преземете Smart
Switch.
2 На компјутерот, стартувајте ја Smart Switch.
Ако Вашиот претходен уред не е уред на Samsung, направете резервна копија на
компјутер, користејќи програма што ја обезбедува произведувачот на уредот. Потоа,
префрлете се на петтиот чекор.
3 Поврзете го Вашиот претходен уред со компјутерот преку USB кабелот.
4 Следете ги упатствата на екранот на компјутерот за да направите резервна копија од
податоците од уредот. Потоа, исклучете го Вашиот претходен уред од компјутерот.
5 Поврзете го уредот со компјутер користејќи го USB кабелот.
6 На компјутерот, следете ги упатствата на екранот на компјутерот за да пренесете
податоци на Вашиот уред.
40
Основни информации
Уред и управување со податоци
Поврзување на уредот со компјутер за пренесување
податоци
Пренесувајте аудио-записи, видео-записи, слики и други видови фајлови од уредот на
компјутер или обратно.
Не исклучувајте го USB кабелот од уредот кога пренесувате фајлови. Во спротивно,
тоа може да предизвика загуба на податоци или оштетување на уредот.
Уредите може да не бидат поврзани соодветно ако се поврзани преку USB-хаб.
Поврзете го уредот директно во USB-портата на компјутерот.
1 Поврзете го уредот со компјутер со USB кабел.
2 Отворете го панелот за известување и потоа допрете Поврзано како медиумски уред
→ Се пренесуваат медиумски датотеки.
Ако компјутерот не може да го препознае Вашиот уред, допрете Пренос на сликите.
3 Допрете ДОЗВОЛИ за да му дозволите на компјутерот да пристапи во податоците на
Вашиот уред.
Кога компјутерот ќе го препознае Вашиот уред, уредот ќе се појави во Мој компјутер.
4 Префрлајте фајлови помеѓу Вашиот уред и компјутерот.
Ажурирање на уредот
Уредот може да се ажурира со најновиот софтвер.
Безжично ажурирање
Уредот може директно да се ажурира со најновиот софтвер преку фирмвер-сервисот FOTA
(фирмвер безжична надградба).
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → За уредот → Преземај ажурирања
рачно.
Кога ќе го допрете копчето Преземај ажурирања автоматски за да го активирате,
ажурирањата ќе се преземат кога уредот ќе биде поврзан со мрежа Wi-Fi.
41
Основни информации
Ажурирање со Smart Switch
Поврзете го уредот со компјутер и ажурирајте со уредот со најновиот софтвер.
1 На компјутерот, посетете ја www.samsung.com/smartswitch за да ја преземете и
инсталирате Smart Switch.
2 На компјутерот, стартувајте ја Smart Switch.
3 Поврзете го уредот со компјутер користејќи USB кабел.
4 Доколку е достапно ажурирање на софтверот, следете ги упатствата на екранот за
ажурирање на уредот.
• Не исклучувајте го компјутерот и не откачувајте го USB кабелот додека уредот се
ажурира.
• Додека уредот се ажурира, не поврзувајте други медиумски уреди со компјутерот.
Во спротивно може да дојде до пречки во процесот на ажурирање. Пред да
извршите ажурирање, исклучете ги сите други медиумски уреди од компјутерот.
Правење резервна копија и обновување податоци
Чувајте ги безбедни Вашите лични информации, податоци од апликации и нагодувања на
уредот. Можете да направите резервна копија од Вашите чувствителни информации на
сметка за резервни копии и да пристапувате до неа подоцна. Мора да се најавите на Вашата
сметка Google или Samsung за да направите резервна копија или да обновите податоци.
Осврнете се на Сметка Samsung и Сметки за повеќе информации.
Користење сметка Samsung
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Резервна копија и ресетирање →
Резервна копија на податоци за сметката Samsung, изберете ги копчињата што се наоѓаат
до ставките од кои сакате да направите резервна копија и потоа допрете НАПРАВИ РЕЗ.
КОП. СЕГА.
За да поставите уредот автоматски да прави резервна копија од податоците, допрете го
копчето Автоматска резервна копија за да го активирате.
За обновување податоци допрете Обнови првобитни користејќи ја сметката Samsung.
Тековните податоци ќе се избришат од уредот за да се обноват избраните ставки.
42
Основни информации
Користење сметка Google
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Резервна копија и ресетирање →
Резервна копија на податоци за сметката Google и потоа допрете го копчето за да го
активирате. Допрете Сметка за резервна копија и изберете една сметка како сметка за
резервни копии.
За да обновите податоци користејќи сметка Google, допрете го копчето Автоматско
обновување за да го активирате. Кога ќе инсталирате повторно апликации, нагодувањата и
податоците од резервната копија ќе се обноват.
Изведба на ресетирање на податоци
Избришете ги сите нагодувања и податоци на уредот. Пред да извршите ресетирање на
фабричките вредности, осигурете се дека сте направиле резервни копии од сите важни
податоци зачувани на уредот. Осврнете се на Правење резервна копија и обновување
податоци за повеќе информации.
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Резервна копија и ресетирање →
Ресетирање на фабричките нагодувања → РЕСЕТИРАЈ УРЕД → ИЗБРИШИ СÈ. Уредот ќе
се рестартира автоматски.
Брзо поврзување
Вовед
Пребарувајте брзо и поврзувајте се со блиски уреди, како Bluetooth слушалки или
телевизори, користејќи ја одликата Quick connect.
• Ако уредот кој сакате да го поврзете не ја поддржува одликата Брзо поврзување,
активирајте ја неговата одлика Wi-Fi Direct или Bluetooth пред да ја стартувате
Брзо поврзување на Вашиот уред.
• Методите за конекција може да се разликуваат во зависност од типот на поврзани
уреди или содржината која се споделува.
43
Основни информации
Поврзување со други уреди
1 Отворете го панелот за известување и допрете Брзо поврзување.
Одликите Wi-Fi и Bluetooth се активираат автоматски.
Ако Брзо поврзување не е видлива на панелот за известувања, допрете
ИЗМЕНИ и допрете го копчето Брзо поврзување за да го активирате.
→
2 Допрете Скенирај за блиски уреди.
Ако нема претходно поврзан уред, уредот автоматски ќе пребара блиски уреди.
3 Изберете еден уред од списокот и поврзете се со него следејќи ги упатствата на екранот.
Следните чекори може да се разликуваат во зависност од поврзаниот уред.
За да го измените нагодувањето за видливост на Вашиот уред, допрете ПОВЕЌЕ → Одреди
видливост на уредот и потоа изберете една опција.
Споделување содржина
Споделете содржина со поврзаните уреди.
1 Отворете го панелот за известување и допрете Брзо поврзување.
2 Допрете Скенирај за блиски уреди.
3 Изберете уред од списокот со детектирани уреди.
4 Допрете Сподели содржини и изберете категорија на медиум.
5 Следете ги упатствата на екранот за да испратите содржина кај поврзаниот уред.
Следните чекори може да се разликуваат во зависност од избраната категорија на
медиум.
Поврзување со телевизор
Поврзете го Вашиот уред и телевизор за да ја прикажете содржината на уредот на поголем
екран. Можеби ќе можете да користите повеќе одлики во зависност од поврзаниот
телевизор.
44
Основни информации
1 Вклучете го телевизорот и поставете го Вашиот уред во близина на телевизорот.
2 Отворете го панелот за известувања и допрете Брзо поврзување → Скенирај за
блиски уреди.
3 Изберете телевизор.
Се појавува списокот со одлики што можете да ги користите со телевизорот.
4 Изберете одлика и следете ги упатствата на екранот за да ја употребите одликата.
Достапните одлики може да се разликуваат во зависност од телевизорот.
• Smart View: Прикажете ја содржината на Вашиот уред на ТВ-екранот. Можеби ќе
треба да ја активирате одликата Screen Mirroring на телевизорот, во зависност од
телевизорот што сакате да го поврзете. Ако телевизорот не ја поддржува одликата
Screen Mirroring, употребете компатибилни додатоци за да ја вклучите одликата.
Компатибилните додатоци вклучуваат приклучоци за HomeSync и AllShare Cast.
• ТВ на мобилен уред: Гледајте ТВ на екранот на Вашиот уред. Можете да продолжите
да гледате ТВ во дозволениот опсег на врската.
• Контролирај ТВ: Користете го Вашиот уред како далечински управувач за
телевизорот.
• Известување на ТВ: Поставете телевизорот да се вклучува автоматски согласно
времето што сте го поставиле претходно на Вашиот уред и да ги прикажува на
екранот часовникот, временската прогноза и информации од Вашиот распоред. За
да ја користите оваа одлика, Вашиот уред и телевизорот мора да бидат поврзани на
истата пристапна точка.
• Регистрирај ТВ / Одрегистрирај ТВ: Регистрирајте го телевизорот на Вашиот уред за
да користите дополнителни одлики, како Контролирај ТВ и Известување на ТВ.
• Некои фајлови може да имаат прекини за време на емитувањето, во зависност од
врската.
• Ако ТВ-уредот не поддржува заштита на широкопојасна дигитална содржина
(HDCP), не можете да прикажувате содржина заштитена со дигитални права (DRM)
на ТВ-уредот.
45
Основни информации
Проток на содржина на регистрираниот телевизор
Ако регистрирате телевизор на Вашиот уред, можете полесно да се поврзувате со
телевизорот додека емитувате содржина.
Кога Вашиот уред ќе го препознае регистрираниот телевизор додека гледате содржина, на
уредот ќе се појави иконата
. Допрете ја иконата за да ја емитувате содржината од Вашиот
уред на Вашиот телевизор.
• Оваа одлика е поддржана само од стандардната апликација на галерија на уредот.
• Кога регистрираниот телевизор е поврзан со електричен приклучок, можете да ја
користите оваа одлика дури и ако телевизискиот екран е исклучен.
Спорелување одлики
Споделувајте одлики користејќи разни опции за споделување. Следните дејства се пример за
споделување слики.
Може да настанат дополнителни трошоци кога споделувате фајлови преку
мобилната мрежа.
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете една слика.
3 Допрете Сподели и изберете метод за споделување, како Bluetooth и е-пошта.
Исто така, можете да ги користите следните опции:
• Smart View: Прикажете ја содржината што ја прикажува уредот на поголем екран
преку безжична врска.
• Споделување во близина: Споделувајте содржина со блиски уреди преку Wi-Fi
Direct, Bluetooth и друго.
• Печати: Печатете содржина користејќи ги додатоците за печатач што се инсталирани
на уредот.
4 Следете ги упатствата на екранот за споделување содржина со други.
Кога сликата ќе се испрати кај уредот на примателите, на нивните уреди ќе се појави
известување. Допрете го известувањето за да прикажете или да ја преземете сликата.
46
Апликации
Инсталирање или деинсталирање
апликации
Galaxy Apps
Купете и преземете апликации. Можете да преземете апликации што се специјализирани за
уредите Samsung Galaxy.
Допрете Galaxy Apps на екранот со апликации.
Оваа апликација може да биде недостапна во зависност од регионот или операторот.
Инсталирање апликации
Прегледајте апликации според категорија или допрете ПРЕБАРАЈ за да пребарате клучен
збор.
Изберете апликација за да ги прикажете нејзините информации. За преземање бесплатни
апликации, допрете ИНСТАЛИРАЈ. За да купите и преземете апликации за кои се плаќа,
допрете ја цената и следете ги упатствата на екранот.
За да го измените нагодувањето за автоматско ажурирање, допрете
Автоматско ажурирање апликации, и потоа изберете една опција.
→ Опции →
Play Store
Купете и преземете апликации.
Допрете Play Store на екранот со апликации.
Инсталирање апликации
Прегледајте апликации според категорија или пребарајте апликации по клучен збор.
Изберете апликација за да ги прикажете нејзините информации. За преземање бесплатни
апликации, допрете ИНСТАЛИРАЈ. За да купите и преземете апликации за кои се плаќа,
допрете ја цената и следете ги упатствата на екранот.
47
Апликации
→ Поставки
За да го измените нагодувањето за автоматско ажурирање, допрете
→ Автоматско ажурирање апликации, и потоа изберете една опција.
Управување со апликации
Деинсталирање или деактивирање апликации
На екранот со апликации, допрете ИЗМЕНИ. Иконата
се појавува на апликацијата
што можете да ја деактивирате или деинсталирате. Изберете една апликација и допрете
ИСКЛУЧИ или OK. Алтернативно, на екранот со апликации, допрете Нагодувања →
Апликации → Управител со апликацијата, изберете една апликација, и потоа допрете
ИСКЛУЧИ или ДЕИНСТАЛИРАЈ.
• ИСКЛУЧИ: Исклучете избрани стандардни апликации кои не можат да се деинсталираат
од уредот.
• ДЕИНСТАЛИРАЈ: Деинсталирајте преземени апликации.
Активирање апликации
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Апликации → Управител со
→ Исклучено, изберете една апликација и потоа допрете ВКЛУЧИ.
апликацијата →
Поставување дозволи на апликација
За правилна работа на некои апликации, можеби ќе им треба дозвола за пристап или
користење информации на Вашиот уред. Кога отворате една апликација, може да се појави
скокачки прозорец и да побара пристап до одредени одлики или информации. Допрете
ОВОЗМОЖИ на скокачкиот прозорец за да ѝ дадете дозвола на апликацијата.
За да ги прикажете нагодувања на дозволи за апликации, отворете го екранот со апликации
и допрете Нагодувања → Апликации → Управител со апликацијата. Изберете
една апликација и допрете Дозволи. Можете да го прикажете списокот со дозволи за
апликацијата и да ги измените нејзините дозволи.
За да ги прикажете или измените нагодувањата за дозволи според категорија на дозволи,
отворете го екранот со апликации, допрете Нагодувања → Доверливо → Дозволи за
апликации. Изберете една ставка и допрете ги копчињата веднаш до апликациите за да
ддадете дозволи.
Ако не дадете дозволи на апликациите, основните одлики на апликациите може да
не работат правилно.
48
Апликации
Телефон
Вовед
Упатете или одговорете на гласовни или видео-повици.
Оваа апликација може да биде недостапна во зависност од регионот или операторот.
Упатување повици
1 Допрете Телефон на екранот со апликации.
2 Внесете телефонски број.
Ако на екранот не се појави татстатурата, допрете
3 Допрете
за да упатите повик, или
за да ја отворите тастатурата.
за да упатите видео-повик.
Пристапете до дополнителни
опции.
Додајте го бројот во списокот
со контакти.
Прегледајте го телефонскиот
број.
Избришете го претходниот
знак.
Скријте ја тастатурата.
49
Апликации
Користење на брзо бирање
Поставете броеви за брзо бирање за брзо упатување повици.
За да поставите број за брзо повикување, допрете ПОВЕЌЕ → Брзо бирање, изберете број
за брзо бирање и потоа изберете контакт.
За да упатите повик, допрете и задржете го бројот за брзо бирање на тастатурата. За бројот
10 и нагоре на броевите за брзо бирање, најпрво допрете го првиот број (броеви) на бројот,
и потоа допрете и задржете го последниот број.
На пример, ако го поставите бројот 123 како број за брзо бирање, допрете 1, допрете 2 и
потоа допрете и задржете го 3.
Упатување повици од заклучениот екран
На заклучениот екран, повлечете
надвор од големиот круг.
Упатување повици од дневници на повици или списоци на контакти
Допрете ДНЕВНИК или КОНТАКТИ и потоа поминете со прстот недесно на еден контакт
или телефонски број за да упатите повик.
Упатување меѓународен повик
1 Допрете за да ја отворите тастатурата ако тастатурата не се појави на екранот.
2 Допрете и задржете 0 сѐ додека не се појави знакот +.
3 Внесете го кодот за државата, подрачје и телефонскиот број и потоа допрете .
50
Апликации
Примање повици
Одговарање на повик
Кога доаѓа повик, одвлечете го
надвор од големиот круг.
Одбивање повик
Кога доаѓа повик, одвлечете го
надвор од големиот круг.
За праќање порака при одбивање дојдовен повик, повлечете ја лентата за одбивање порака
нагоре.
За да креирате разни пораки за одбивање, отворете го екранот со апликации и допрете
Телефон → ПОВЕЌЕ → Опции → Блокирање повици → Пораки за одбивање повици,
внесете порака и потоа допрете
.
Пропуштени повици
Доколку сте пропуштиле повик, на статусната лента се појавува иконата
. Отворете го
панелот за известување за преглед на список со пропуштени повици. Алтернативно, на
екранот со апликации, допрете Телефон → ДНЕВНИК за да прикажете пропуштени повици.
Блокирање на телефонски броеви
Блокирајте повици од специфични броеви додадени во Вашиот список на блокирани
броеви.
1 На екранот со апликации, допрете Телефон → ПОВЕЌЕ → Опции → Блокирање
повици → Листа на блокирани.
2 Допрете ДНЕВНИК или ИМЕНИК за да изберете контакти и допрете
.
За рачно внесување на број, допрете Внесете телефонски број. и потоа внесете
телефонски број.
Кога блокираните броеви ќе се обидуваат да контактираат со вас, нема да добиете
известувања. Повиците ќе се евидентираат во дневникот со повици.
Исто така, можете да блокирате дојдовни повици од луѓе кои не ги прикажуваат
своите повикувачки броеви. Допрете го копчето Блокирај анонимни повици за да
ја активирате одликата.
51
Апликации
Опции во тек на повици
Во тек на гласовен повик
Достапни се следниве дејства:
• ЈАЧИНА НА ТОН: Прилагодете ја јачината на тон.
• На чекање: Задржете повик. Допрете Продолжи за да го воспоставите задржаниот
повик.
• Додај повик: Упатете втор повик.
• Доп.гласност: Зголемете ја јачината на тонот.
• Bluetooth: Префрлете се на слушалка Bluetooth ако е поврзана со уредот.
• Звучник: Активирајте го или деактивирајте го звучникот. Кога го употребувате звучникот,
зборувајте во микрофонот во горниот дел на уредот и држете го уредот подалеку од
Вашите уши.
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
• Тастатура / Прикриј: Отворете ја или затворете ја тастатурата.
• Иск.мик: Исклучете го микрофонот за да не Ве слуша соговорникот.
• Е-пошта: Испратете е-порака.
• Порака: Пратете порака.
• Интернет: Прелистајте интернет-страници.
• Контакти: Отворете го списокот со контакти.
• S Planner: Отворете го календарот.
• Белешка: Креирајте белешка.
• : Прекинете го тековниот повик.
Во тек на видео-повик
Допрете го екранот за да ги употребите следниве опции:
• Префрли: Префрлете се помеѓу предната и задната камера.
• : Прекинете го тековниот повик.
• Иск.мик: Исклучете го микрофонот за да не Ве слуша соговорникот.
52
Апликации
Контакти
Вовед
Креирајте нови контакти или управувајте со контактите на уредот.
Некои модели не ги поддржуваат одликите поврзани со повици.
Додавање контакти
Рачно креирање контакти
1 Допрете Контакти на екранот со апликации.
2 Допрете и изберете една локација за меморирање.
3 Внесете информации на контакт.
• : Додајте слика.
• /
: Додајте или избришете поле за контакт.
4 Допрете СОЧУВАЈ.
За да додадете телефонски број во списокот со контакти преку тастатурата, отворете го
екранот со апликации и допрете Телефон. Ако на екранот не се појави татстатурата, допрете
за да ја отворите тастатурата. Внесете го бројот и допрете Додај во Контакти.
За да додадете телефонски број во списокот со контакти од примени повици, отворете го
екранот со апликации и допрете Телефон → ДНЕВНИК → контакт.
Увезување контакти
Увезување контакти од услуги за складирање на Вашиот уред.
На екранот со апликации, допрете Контакти → ПОВЕЌЕ → Опции → Увези/Извези
контакти → УВЕЗИ и потоа изберете опција за увезување.
53
Апликации
Пребарување контакти
На екранот со апликации, допрете Контакти.
Користете еден од следниве методи за пребарување:
• Лизгајте нагоре или надолу во списокот со контакти.
• Влечете го прстот вдолж индексот на левата страна на списокот со контакти за да го
прелистате брзо.
• Допрете го полето за пребарување на врвот од списокот со контакти и внесете
критериуми за пребарување.
Штом се избере контакт, преземете едно од следниве дејства:
• : Додајте во омилени контакти.
• /
: Воспоставете гласовен или видео-повик.
• : Составете порака.
• : Составете порака на е-пошта.
Споделување контакти
Можете да споделувате контакти со други со користење на разни опции за споделување.
1 Допрете Контакти на екранот со апликации.
2 Допрете ПОВЕЌЕ → Сподели.
3 Штиклирајте контакти и допрете СПОДЕЛИ.
4 Изберете метод за споделување.
54
Апликации
Пораки
Вовед
Испратете и прикажете пораки според разговор.
Праќање пораки
Може да настанат дополнителни трошоци при праќање пораки додека се наоѓате во
роаминг.
1 Допрете Пораки на екранот со апликации.
2 Допрете .
3 Додадете приматели и внесете порака.
Пристапете до дополнителни
опции.
Внесете приматели.
Изберете контакти од списокот
со контакти.
Испратете ја пораката.
Приложете фајлови.
Внесете порака.
Внесете емотикони.
4 Допрете ПРАТИ за да ја испратите пораката.
55
Апликации
Прегледување пораки
Пораките се групирани во низи пораки според контакти.
Може да настанат дополнителни трошоци за примање пораки додека се наоѓате во
роаминг.
1 Допрете Пораки на екранот со апликации.
2 На списокот со пораки, изберете еден контакт.
3 Прикажете го Вашиот разговор.
Блокирање несакани пораки
Блокирајте пораки од специфични броеви или пораки што содржат изрази што сте ги додале
во Вашиот список со блокирани пораки.
1 Допрете Пораки на екранот со апликации.
2 Допрете ПОВЕЌЕ → Опции → Блокирај пораки.
3 Допрете Листа на блокирани.
За да додадете израз во блокираните, допрете Блокирај фрази.
4 Допрете ВЛ. САНДАЧЕ или ИМЕНИК за да изберете контакти и допрете
.
За рачно внесување на број, допрете Внесете број и потоа внесете телефонски број.
Кога добивате пораки од блокирани броеви или пораки во кои се вклучени блокирани
изрази, нема да добиете известувања. За да прикажете блокирани пораки, допрете ПОВЕЌЕ
→ Опции → Блокирај пораки → Блокирани пораки.
56
Апликации
Нагодување на известувањето за порака
Можете да го измените звукот на известување, опциите на екран и повеќе.
1 Допрете Пораки на екранот со апликации.
2 Допрете ПОВЕЌЕ → Опции → Известувања и потоа допрете го копчето за да го
активирате.
3 Променете ги нагодувањата за известување.
• Звук за известување: Изменете го звукот на известување.
• Вибрации: Поставете уредот да вибрира кога добивате пораки.
• Појавен екран: Поставете уредот да прикажува пораки во скокачки прозорци.
• Прегледај порака: Поставете уредот да ја прикажува содржина на заклучениот
екран и во скокачки прозорци.
Поставување на потсетник за порака
Можете да поставите едно предупредување на одреден интервал за да Ви прикаже дека
имате непроверени известувања. Ако оваа одлика не е активирана, отворете го екранот
со апликации, допрете Нагодувања → Пристапност → Потсетник за известување и
потоа допрете го копчето за да ја активирате. Потоа, допрете го копчето Пораки за да го
активирате.
Интернет
Вовед
Прегледајте на Интернет за да пребарате информации и означете ги Вашите омилени
интернет-страници за лесно да пристапите до нив.
Прегледување интернет-страници
1 Допрете Интернет на екранот со апликации.
2 Допрете го полето за адреса.
57
Апликации
3 Внесете ја веб-адресата или клучен збор, и потоа допрете Оди.
За да ги прикажете алатниците, благо влечете го Вашиот прст надолу по екранот.
Пристапете до дополнителни
опции.
Одете на претходно посетена
интернет-страница.
Прикажете ги обележувачите,
зачуваните интренет-страници
и неодамнешната историја.
Затворете ја картичката.
Отворете ја почетната
страница.
Отворете нова картичка.
Освежете ја тековната
интернет-страница.
Користење таен режим
Во таен режим, можете поодделно да ги зачувувате и да управувате со отворените картички,
обележувачи и зачувани страници. Можете да го заклучите тајниот режим користејќи
лозинка и Вашиот отпечаток од прст.
Активирање на таен режим
Допрете ПОВЕЌЕ → Вклучи Таен режим. Ако ја користите оваа одлика првпат, поставете
дали да користите лозинка за тајниот режим.
Во таен режим, не можете да користите некои одлики, како доловување на екран.
Во таен режим, уредот ќе ја измени бојата на алатниците.
Менување на нагодувањата за безбедност
Можете да ја измените Вашата лозинка или методот за заклучување.
Допрете ПОВЕЌЕ → Опции → Приватност → Безбедност на Таен режим → Смени
лозинка. За да го поставите Вашиот регистриран отпечаток од прст како метод за
заклучување заедно со лозинката, допрете го копчето Отпечатоци на прсти за да го
активирате. Осврнете се на Препознавање отпечаток од прст за повеќе информации во
врска со користењето на Вашите отпечатоци од прсти.
58
Апликации
Деактивирање на таен режим
Допрете ПОВЕЌЕ → Исклучи Таен режим. Алтернативно, затворете ја апликацијата
Интернет.
Е-пошта
Поставување сметка на е-пошта
Поставете сметка на е-пошта кога отворате Е-пошта првпат.
1 Допрете Е-пошта на екранот со апликации.
2 Внесете ја адресата на е-пошта и лозинката и потоа допрете НАЈАВА.
За рачна регистрација на сметка на е-пошта на претпријатие, допрете РАЧНО ПОСТ.
3 Следете ги упатствата на екранот за комплетирање на поставувањето.
За да поставите друга сметка на е-пошта, допрете ПОВЕЌЕ → Опции → Додај сметка.
Ако имате повеќе од една сметка за е-пошта, можете да ја поставите едната како стандардна
сметка. Допрете ПОВЕЌЕ → Опции → ПОВЕЌЕ → Постави основна сметка.
Праќање е-пошта
1 Допрете за да составите е-пошта.
2 Додадете приматели и внесете текст во пораката.
3 Допрете ПРАТИ за да ја пратите пораката.
59
Апликации
Читање е-пошта
Кога апликацијата Е-пошта е отворена, уредот автоматски ќе ја вчита новата е-пошта. За
рачно вчитување на е-пошта, поминете со прстот надолу по екранот.
Допрете една е-пошта на екранот за да ја прочитате.
Ако синхронизацијата на е-пошта е исклучена, новата е-пошта не може да се вчита.
За да ја вклучите синхронизацијата на е-пошта, допрете ПОВЕЌЕ → Опции →
име на Вашата сметка и потоа допрете го копчето Синхронизирај сметка за да го
активирате.
Камера
Вовед
Сликајте фотографии и снимајте видео-записи користејќи разни режими и нагодувања.
Основно сликање
Можете да сликате фотографии или да снимате видео-записи. Прикажете ги Вашите
фотографии и видео-записи во Галерија.
Допрете Камера на екранот со апликации.
Правила на однесување при користење на камерата
• Не сликајте фотографии или снимате видео-записи од други луѓе без нивна дозвола.
• Не сликајте фотографии или снимајте видео-записи каде што е забрането со закон.
• Не сликајте фотографии или снимајте видео-записи на места каде што може да ја
загрозите приватноста на други луѓе.
60
Апликации
Сликање фотографии или снимање видео-записи
1 Допрете ја сликата на приказот за преглед каде што треба да се фокусира камерата.
2 Допрете за да сликате фотографија или за да снимате видео-запис. За да сликате
серија фотографии, допрете и задржете
.
• Раздалечувајте два прста на екранот за зумирање и спојте ги брзо за одзумирање.
• За да ја приспособите осветленоста на фотографиите или видо-записите, допрете
го екранот. Кога ќе се појави лентата за прилагодување, одвлечете ја лентата за
прилагодување кон
или .
• За да направите слика од видео-записот додека снимате, допрете Снимање.
• За да го промените фокусот додека снимате видео-запис, допрете онаму каде што
сакате да фокусирате. За да се фокусирате на центарот од екранот, допрете
.
Прикажи минијатурен
приказ
Тековен режим
Снимете видео-запис.
Брзи нагодувања
Сликајте фотографија.
Префрлете помеѓу
предните и задните
камери.
Режими за сликање
Нагодувања на камерата
На екранот за преглед поминете со прстот надесно за да пристапите во списокот со методи
за сликање. Или, поминете со прстот налево за да прикажете фотографии и видео-записи
што сте ги сликале.
• Екранот за преглед може да се разликува во зависност од режимот за сликање и
која камера се користи.
• Камерата автоматски се исклучува кога не се користи.
• Проверете дали е чиста леќата. Ако не е, уредот може да не работи како што треба
во одредени режими за кои се потребни високи резолуции.
• Максималното време на снимање може да се намали кога снимате видео-запис со
висока резолуција.
61
Апликации
Стартување камера на заклучен екран
За да сликате брзо фотографии, стартувајте Камера на заклучениот екран.
На заклучениот екран, повлечете
надвор од големиот круг.
• Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од
операторот.
• Некои одлики на камера не се достапни кога ја стартувате Камера од заклучениот
екран, кога се активирани безбедносните одлики.
Заклучување на фокусот и експозицијата
Силниот контраст на светла/темна боја и предметот што е надвор од областа на фокус може
да го направат тешко постигнувањето на соодветна експозиција. Заклучете ги фокусот или
експозицијата и потоа сликајте фотографија. Допрете и задржете ја областа за да фокусирате,
а во неа ќе се појави рамката AF/AE и нагодувањето за фокус во експозиција ќе се заклучи.
Нагодувањето останува заклучено дури и откако ќе сликате фотографија.
Оваа одлика е достапна само во некои режими за сликање.
Приспособување на режими за сликање
На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ и изберете режим.
За да прикажете информации за секој режим, допрете Информ.
Автоматски режим
Автоматскиот режим ѝ овозможува на камерата да го процени опкружувањето и да го
одреди идеалниот режим за фотографијата.
На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Автоматски.
62
Апликации
Про-режим
Сликајте фотографии додека рачно ги приспособувате разните опции за сликање, како на
пример вредноста на експозиција и вредноста ISO.
На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Про. Изберете опции и приспособете ги
нагодувањата и потоа допрете
за да сликате фотографија.
• : Изберете соодветен баланс на бело, така што сликите да имаат опсег на реални
бои.
• : Изберете ISO вредност. Со ова се контролира чувствителноста за светлина на
камерата. Ниските вредности се за фиксни или силно осветлени објекти. Високите
вредности се за брзодвижечки или слабо осветлени објекти. Меѓутоа, повисоките ISO
нагодувања може да резултираат со бучава во фотографиите.
• : Изменете ја вредноста на експозиција. Со ова се одредува колку светлина да прима
сензорот на камерата. За слабоосветлени ситуации, користете висока експозиција.
Панорама
Направете низа фотографии хоризонтално или вертикално и потоа соединете ги за да
креирате широка сцена.
На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Панорама.
За најдобра снимка во панорамски режим, следете ги овие совети:
• Бавно движете ја камерата во една насока.
• Зачувајте ја сликата во внатрешноста на рамката на далечинскиот визир на
камерата. Ако прегледот на слика е надвор од рамката водилка или ако не го
движите уредот, уредот автоматски ќе престане да слика фотографии.
• Избегнувајте да сликате фотографии со неодредени заднини, како на пример
празно небо или обичен ѕид.
Последов.сн.
Направте серија фотографии на објекти во движење.
На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Последов.сн.
Допрете и задржете
за да сликате фотографии континуирано.
63
Апликации
HDR (Богат тон)
Фотографирајте со богати бои, и репродуцирајте ги деталите дури и во светли и темни
области.
На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → HDR (Богат тон).
Без ефект
Со ефект
Ноќе
Сликајте фотографии во услови со слаба осветленост без да користите блиц.
На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Ноќе.
Селфи
Сликате автопортрети со предната камера.
1 На екранот за преглед, допрете
за да се префрлите на предната камера за
автопортрети.
2 Допрете РЕЖИМ → Селфи.
3 Свртете се накај леќата на предната камера.
4 Кога уредот ќе го детектира Вашето лице, допрете го екранот за да направите
автопортрет.
и допрете го копчето
За да сликате фотографија користејќи ја Вашата дланка, допрете
Контрола на гестовите за да го активирате. Прикажете ја Вашата дланка пред предната
камера. По препознавањето на Вашата дланка, уредот ќе слика фотографија по неколку
секунди.
64
Апликации
Периодична слика
Направете серии од автопортрети на интервали и зачувајте ги сликите што ги сакате.
1 На екранот за преглед, допрете
за да се префрлите на предната камера за
автопортрети.
2 Допрете РЕЖИМ → Периодична слика.
3 Кога уредот ќе го детектира Вашето лице, допрете го екранот за да направите
автопортрет.
Уредот ќе слика четири фотографии на интервали од две секунди.
и допрете го копчето
За да сликате фотографија користејќи ја Вашата дланка, допрете
Контрола на гестовите за да го активирате. Прикажете ја Вашата дланка пред предната
камера. По препознавањето на Вашата дланка, уредот ќе слика фотографија по неколку
секунди.
4 Штиклирајте ги сликите што сакате да ги зачувате и допрете СОЧУВАЈ.
Преземање режими
Преземете повеќе режими за сликање од Galaxy Apps.
На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Преземи.
Некои преземени режими за сликање може да немаат пристап до секоја одлика.
65
Апликации
Нагодувања на камерата
Брзи нагодувања
На екранот за преглед, користете ги следните брзи нагодувања.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од режимот за сликање и
која камера се користи.
• : Изберете ефект на филтер што ќе го употребите за сликање фотографии или
снимање видео-записи. За да преземете повеќе ефекти, допрете Преземи.
• : Изберете метод за мерење. Ова утврдува како се пресметуваат вредностите на
светлината. Центрирано ја користи светлината во средниот дел на снимката за да ја
пресмета експозицијата на снимката. Точка ја користи светлината во концентриран
среден дел на снимката за да ја пресмета експозицијата на снимката. Матрична снимка
прави просек од целата сцена.
• : Изберете го времетраењето на задоцнувањето пред камерата да слика фотографија
автоматски.
• : Приспособете ја лизгачката лента за да сликате фотографии со разведрени лица за
понежни слики.
• : Изберете резолуција за фотографиите. Користењето повисока резолуција ќе има
како резултат фотографии со повисок квалитет, но ќе зафаќаат повеќе меморија.
Врз резолуцијата на фотографија може да влијаат условите на светлина кога сликате
фотографија со предната камера.
66
Апликации
Нагодувања на камерата
На екранот за преглед, допрете
.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од режимот за сликање и
која камера се користи.
• Голем.на видеото (одзади) / Голем.на видеото (напред): Изберете резолуција за
видео-записи. Користењето повисока резолуција ќе има како резултат видео-записи со
повисок квалитет, но ќе зафаќаат повеќе меморија.
• Контрола на гестовите: Поставете уредот за ја детектира Вашата дланка, за да можете
да ја користите кога сликате автопортрети.
• Сочув. слики како прегледани: Превртете ја сликата за да создадете истоветна слика
од оригиналната сцена, кога сликате фотографии со предната камера.
• Режим за преглед: Изменете го соодносот ширина/висина на екранот за преглед.
• Мрежа: Прикажете водилки во визирот што ќе Ви помагаат во креирање композиција
кога избирате субјекти.
• Ознаки за локација: Прикачете GPS ознака на фотографијата.
• Снагата на GPS-сигналот може да се намали во локации каде има пречки за
сигналот, како што е меѓу згради или ниски подрачја или во лоши временски
услови.
• Вашата локација може да се прикаже на Вашите фотографии кога ќе ги објавите
на Интернет. За да го избегнете тоа, деактивирајте го нагодувањето за ознака за
локација.
• Прегледај слики: Поставете уредот да прикажува фотографии по нивното сликање.
• Место за меморирање: Изберете ја мемориската локација за складирање.
• Функција на копчињата за јачина: Поставете уредот да го користи копчето за јачина
на тон за да ги контролира функциите на копчето за фотографирање или зумирање.
• Ресетирај параметри: Ресетирајте ги нагодувањата за камерата.
67
Апликации
Галерија
Вовед
Прикажете и управувајте со фотографии или видео-записи зачувани во уредот.
Гледање слики
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете една слика.
Префрлете се на претходниот
екран.
Повеќе опции
Додајте ја сликата во
омилените.
Модифицирајте ја сликата.
Споделете ја сликата со други.
Избришете ја сликата.
За да ги скриете или да ги прикажете менијата, допрете го екранот.
68
Апликации
Прикажување видео-записи
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете видео-запис за емитување. Видео-фајловите ја прикажуваат иконата
во
минијатурниот приказ.
Отворете ја музичката
листа.
Пристапете до
дополнителни опции.
Паузирајте го или
продолжете го
емитувањето.
Премотајте или
префрлете брзо
нанапред со влечење на
лентата.
Прилагодете ја јачината
на тонот.
Поместете го
контролниот панел
налево.
Поместете го
контролниот панел
надесно.
Променете го размерот
на приказот.
Префрлете се на
скокачкиот плеер за
видео-записи.
Скокнете на претходниот
видео-запис. Допрете и
држете за премотување.
Скокнете на следниот
видео-запис. Допрете и
држете за брзо
префрлање нанапред.
Влечете го Вашиот прст нагоре или надолу на левата страна од екранот за емитување за да ја
прилагодите осветленоста, или влечете го Вашиот прст нагоре или надолу на десната страна
на екранот за емитување за да ја прилагодите јачината на тон.
За премотување или брзо префрлање нанапред, поминете со прстот налево или надесно за
екранот за емитување.
Бришење слики или видео-записи
Бришење една слика или видео-запис
Изберете една слика или видео-запис и допрете Избриши во горниот дел на екранот.
69
Апликации
Бришење повеќе слики и видео-записи
1 На главниот екран на Галерија, допрете и задржете една слика или видео-запис за
бришење.
2 Штиклирајте ги сликите или видео-записите за бришење.
3 Допрете ИЗБРИШИ.
Споделување слики или видео-записи
Изберете една слика или видео-запис, допрете Сподели во долниот дел на екранот и потоа
изберете метод за споделување.
S Planner
Вовед
Управувајте со Вашиот распоред со внесување претстојни настани или задачи во Вашиот
распоред.
Креирање настан
1 Допрете S Planner на екранот со апликации.
2 Допрете или допрете двојно на некој датум.
Ако на тој датум веќе постојат зачувани настани или задачи, допрете го датумот и
.
допрете
70
Апликации
3 Внесете детали на настан.
Внесете наслов.
Изберете еден календар за да
го употребувате или со кој ќе
се синхронизирате.
Поставете датум на
започнување и завршување на
настанот.
Поставете аларм.
Внесете ја локацијата на
настанот.
Прикачете мапа со приказ на
локацијата на настанот.
Додадете повеќе детали.
4 Допрете СОЧУВАЈ за да го зачувате настанот.
Креирање задачи
1 Допрете S Planner на екранот со апликации.
2 Допрете ЗАДАЧИ.
3 Внесете детали на задача и допрете ДЕНЕС или УТРЕ за да поставите датум на
истекување.
За да додадете повеќе детали, допрете
.
4 Допрете СОЧУВАЈ за да ја зачувате задачата.
Синхронизација на настани и задачи со Вашите сметки
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Сметки, изберете една услуга за сметка и
потоа допрете го копчето Синхронизирај Календар за да синхронизирате настани и задачи
со сметката.
За да додадете сметки со кои ќе се синхронизирате, отворете го екранот со апликации и
допрете S Planner → ПОВЕЌЕ → Уреди календари → Додај сметка. Потоа, изберете една
сметка со која ќе се синхронизира и најавете се. Кога ќе се додаде сметка, ќе се прикаже на
списокот.
71
Апликации
Мои фајлови
Пристапете и управувајте со разни фајлови зачувани во уредот или на други локации, на пр.
услуги за складирање во облак.
На екранот со апликации, допрете Мои фајлови.
Прикажете фајлови според категорија или прикажете фајлови зачувани во уредот или во
услуга за складирање во облак.
За да го проверите статусот на употребена и достапна меморија, допрете УПОТРЕБЕНА
МЕМОРИЈА.
За да пребарате фајлови или папки, допрете ПРЕБАРУВАЊЕ.
Белешка
Креирајте белешки и организирајте ги според категорија.
На екранот со апликации, допрете Белешка.
Составување белешки
на списокот со белешки и внесете белешка. Додека составувате белешка,
Допрете
употребете една од следните опции:
• Катег.: Креирајте или поставете категорија.
• Задачи: Додадете полиња за штиклирање на почетокот на секој ред за да креирате
список со задачи.
• Слика: Внесете слики.
• Цртеж: Напишете или нацртајте белешки што ќе ги внесете. Можете да изберете
дебелина и боја на стило.
• Глас: Направете говорен запис кој ќе го внесете.
За да ја сочувате белешката, допрете СОЧУВАЈ
За да уредите белешка, допрете една белешка и потоа допрете ја содржината на белешката.
Пребарување белешки
Допрете ПРЕБАРУВАЊЕ на списокот со белешки и внесете клучен збор за пребарување
белешки кои го вклучуваат клучниот збор.
72
Апликации
Часовник
Вовед
Поставете аларми, проверете го тековното време во многу градови во светот, внесете време
на настан или поставете одредено времетраење.
АЛАРМ
На екранот со апликации, допрете Часовник → АЛАРМ.
Поставување аларми
Поставете време за аларм и допрете СОЧУВАЈ.
За да ја отворите тастатурата и да внесете време за аларм, допрете го полето за внесување
време.
За да поставите аларм со разни опции за аларм, допрете ОПЦИИ, поставете опции за аларм
и потоа допрете СОЧУВАЈ.
За да активирате или деактивирате аларми, допрете ја иконата на часовник до алармот во
списокот со аларми.
Стопирање аларми
Допрете ОТКАЖИ за стопирање на алармот. Ако претходно сте ја вклучиле опцијата за
одложување, допрете ПО 5 МИН. за да го повторите алармот по одредено време.
Бришење аларми
Допрете
на аларм во списокот со аларми.
СВЕТСКИ ЧАСОВНИК
На екранот со апликации, допрете Часовник → СВЕТСКИ ЧАСОВНИК.
Креирање часовници
Внесете име на град или изберете град од глобусот, и потоа допрете
Бришење часовници
Допрете
на часовник.
73
.
Апликации
СТОПЕРИЦА
1 На екранот со апликации, допрете Часовник → СТОПЕРИЦА.
2 Допрете ПОЧЕТОК за мерење на времето на некој настан.
За да снимите број на кругови додека мерите време на некој настан, допрете КРУГ.
3 Допрете ПРЕКИНИ за да го запрете мерењето.
За да го рестартирате мерењето, допрете ПРОДОЛЖИ.
За да го исчистите бројот на кругови, допрете РЕСЕТИРАЈ.
ТАЈМЕР
1 На екранот со апликации, допрете Часовник → ТАЈМЕР.
2 Поставете го времетраењето и потоа допрете ПОЧЕТОК.
За да ја отворите тастатурата и да го внесете времетраењето, допрете го полето за
внесување времетраење.
3 Допрете ОТКАЖИ кога тајмерот ќе се исклучи.
Калкулатор
Изведувајте едноставни или сложени пресметки.
Допрете Калкулатор на екранот со апликации.
За да ја избришете историјата, допрете ИЗБРИШИ ИСТОРИЈА.
74
Апликации
Google апликации
Google пружа забава, социјални мрежи и апликации за бизнис. Може да Ви биде потребна
сметка на Google за пристап во некои апликации. Осврнете се на Сметки за повеќе
информации.
За да прикажете повеќе информации за апликација, пристапете во менито за помош на
секоја апликациа.
Некои апликации може да бидат недостапни или означени различно во зависност од
регионот или операторот.
Chrome
Пребарувајте информации и прегледувајте интернет-страници.
Gmail
Праќајте или примајте е-пошта преку услугата Google Mail.
Карти
Најдете ја Вашата локација на мапата, пребарувајте локации и прикажувајте информации за
локации на разни места.
Play Music
Откријте, слушнете и споделете музика на Вашиот уред. Можете да поставите музички
колекции зачувани во Вашиот уред на облакот и да пристапите во нив подоцна.
Play Movies
Преземете видео-записи за да ги гледате од Play Store.
Drive
Складирајте ја Вашата содржина во облак, пристапувајте во неа од каде било и споделувајте
ја со други.
YouTube
Гледајте и креирајте видео-записи и споделувајте ги со други.
75
Апликации
Photos
Пребарајте, управувајте и уредувајте ги сите Ваши фотографии и видео-записи од разни
извори на едно место.
Hangouts
Разговарајте со Вашите пријатели, индивидуално или во група, и користете слики, емотикони
и видео-повици додека разговарате.
Google
Пребарувајте брзо ставки на Интернет на Вашиот уред.
76
Нагодувања
Вовед
Приспособете ги нагодувањата за функции и апликации. Можете да го направите Вашиот
уред повеќе персонализиран со конфигурирање на разни опции за нагодување.
На екранот со апликации, допрете Нагодувања.
За да пребарате нагодувања со внесување на клучен збор, допрете ПРЕБАРАЈ.
Wi-Fi
Поврзување со Wi-Fi мрежа
Активирајте ја одликата Wi-Fi за поврзување на Wi-Fi мрежа и пристап до Интернет или до
други мрежни уреди.
• Вашиот уред користи нехармонизирана фреквенција и е наменет за употреба
во сите европски држави. WLAN може се користи во ЕУ без ограничувања за
затворени простории, но не може да се користи на отворен простор.
• Исклучете го Wi-Fi за да ја заштедите енергијата на батеријата кога не го
користите.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Wi-Fi и потоа допрете го копчето за да го
активирате.
2 Изберете една мрежа од списокот со Wi-Fi мрежи.
Мрежите за кои е неопходна лозинка се прикажуваат со заклучена икона.
77
Нагодувања
3 Допрете ПОВРЗИ.
• Штом уредот ќе се поврзе со Wi-Fi мрежа, уредот ќе се поврзува повторно со
таа мрежа секогаш кога е достапна, без да му треба лозинка. За да се спречи
автоматско поврзување на уредот со мрежата, изберете ја од списокот со мрежи и
допрете ЗАБОРАВИ.
• Ако не можете да се поврзете прописно со мрежа Wi-Fi, рестартирајте ја одликата
Wi-Fi на Вашиот уред или безжичниот насочувач.
Wi-Fi Direct
Wi-Fi Direct директно поврзува уреди преку Wi-Fi мрежа без да бара пристапна точка.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Wi-Fi и потоа допрете го копчето за да го
активирате.
2 Допрете Wi-Fi Direct.
Детектираните уреди се наведени во список.
Ако уредот со кој сакате да се поврзете не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја
вклучи својата одлика Wi-Fi Direct.
3 Изберете уред со кој ќе се поврзете.
Уредите ќе се поврзат кога другиот уред ќе го прифати барањето за поврзување со Wi-Fi
Direct.
Примање и праќање податоци
Можете да споделувате податоци, како контакти или медиумски фајлови со други уреди.
Следните дејства се пример за испраќање слика на друг уред.
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете една слика.
78
Нагодувања
3 Допрете Сподели → Wi-Fi Direct и потоа изберете уред на кој сакате да ја префрлите
сликата.
4 Прифатете го барањето за поврзување со другиот уред преку Wi-Fi Direct.
Ако уредите се веќе поврзани, сликата ќе се испрати кај другиот уред без процедурата за
барање за поврзување.
Исклучување врска на уредот
1 Допрете Wi-Fi на екранот со Нагодувања.
2 Допрете Wi-Fi Direct.
Уредот ги прикажува поврзаните уреди во списокот.
3 Допрете го името на уредот за да ја исклучите врската на уредите.
Bluetooth
Вовед
Користете Bluetooth за размена на податоци или медиумски фајлови со други уреди со
вклучена одлика Bluetooth.
• Samsung не е одговорен за загуба, крадење или злоупотреба на податоци што се
испратени или примени преку Bluetooth.
• Секогаш уверете се дека споделувате и примате податоци од уреди на коишто
им верувате и коишто се соодветно обезбедени. Доколку постојат пречки помеѓу
уредите, досегот на брановите може да се намали.
• Некои уреди, особено тие што не се тестирани или одобрени од Bluetooth SIG,
може да бидат некомпатибилни со Вашиот уред.
• Не користете ја одликата Bluetooth за нелегални намени (на пример, правење
пиратски копии на фајлови или незаконско прислушување комуникации за
комерцијални потреби).
Samsung не е одговорен за последиците од незаконското користење на одликата
Bluetooth.
79
Нагодувања
Спојување со други уреди со Bluetooth
1 На екранот со Нагодувања, допрете Bluetooth и потоа допрете го копчето за да го
активирате.
Детектираните уреди се наведени во список.
2 Изберете уред за спојување.
Ако уредот со кој сакате да се споите не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја
вклучи опцијата за видливост. Осврнете се на упатството за корисник на другиот уред.
Вашиот уред е видлив за други уреди додека екранот за нагодување Bluetooth е
отворен.
3 За да потврдите, прифатете го барањето за поврзување преку Bluetooth на Вашиот уред.
Уредите ќе се поврзат кога другиот уред ќе го прифати барањето за поврзување со
Bluetooth.
Примање и праќање податоци
Многу апликации поддржуваат пренос на податоци преку Bluetooth. Можете да споделувате
податоци, како контакти или медиумски фајлови со други Bluetooth уреди. Следните дејства
се пример за испраќање слика на друг уред.
1 Допрете Галерија на екранот со апликации.
2 Изберете една слика.
3 Допрете Сподели → Bluetooth и потоа изберете уред на кој сакате да ја префрлите
сликата.
Ако Вашиот уред бил претходно споен со истиот уред, допрете го името на уредот без да
ја потврдите автоматски генерираната лозинка.
Ако уредот со кој сакате да се споите не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја
вклучи опцијата за видливост.
4 Прифатете го барањето за поврзување преку Bluetooth со другиот уред.
80
Нагодувања
Разделување на Bluetooth уреди
1 Допрете Bluetooth на екранот со Нагодувања.
Уредот ги прикажува споените уреди на списокот.
2 Допрете веднаш до името на уредот кој сакате да го разделите.
3 Допрете Прекини поврзување.
Режим за летало
Ова ги деактивира сите безжични функции на Вашиот уред. Може да користите услуги што
не зависат од мрежата.
На екранот со Нагодувања, допрете Режим за летало.
Осигурете се уредот да е исклучен за време на полетување и слетување. По
полетување, можете да го користите уредот во режим за летало ако тоа е дозволено
од страна на екипажот.
Мобилен хотспот и споделување врска
Користете го уредот како мобилен хотспот за да ја споделувате мобилната податочна врска
со други уреди кога нема достапна мрежна врска. Врската може да биде воспоставена преку
одликите Wi-Fi, USB, или Bluetooth.
На екранот со Нагодувања, допрете Мобилен хотспот и споделување врска.
Може да настанат дополнителни трошоци кога ја користите оваа одлика.
• Мобилен хотспот: Користете го мобилниот хотспот за споделување на мобилната
податочна врска на уредот со компјутери или други уреди.
• Споделување врска преку Bluetooth: Користете споделување со Bluetooth за да ја
споделувате мобилната податочна врска на уредот со компјутери или со други уреди
преку Bluetooth.
• Споделув. врска преку USB: Користете споделување со USB за да ја споделувате
мобилната податочна врска на уредот со компјутер преку USB. Кога ќе се поврзете со
компјутер, уредот се користи како безжичен модем за компјутерот.
81
Нагодувања
Користење мобилен хотспот
Користете го уредот како мобилен хотспот за да ја споделувате мобилната врска за податоци
на Вашиот уред со други уреди.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Мобилен хотспот и споделување врска →
Мобилен хотспот.
2 Допрете го копчето за да го активирате.
се појавува на статусната лента. Други уреди можат да го најдат Вашиот уред
Иконата
на списокот со Wi-Fi мрежи.
За да поставите лозинка за мобилниот хотспот, допрете ПОВЕЌЕ → Конфигурирај
Мобилен хотспот и изберете го нивото на безбедност. Потоа, внесете лозинка и
допрете СОЧУВАЈ.
3 На екранот на другиот уред, пребарајте и изберете го Вашиот уред од списокот со Wi-Fi
мрежи.
4 На поврзаниот уред, употребете ја мобилната врска за податоци на уредот за да
пристапите на Интернет.
Користење податоци
Следете го количеството искористени податоци и приспособете ги нагодувањата за
ограничување.
На екранот со Нагодувања, допрете Користење податоци.
• Мобилни податоци: Поставете уредот да користи податочни врски на која било
мобилна мрежа.
• Заднински податоци: Спречете ги апликациите кои се извршуваат во заднината да ја
користат врската за мобилни податоци.
• Одреди ограничување за мобилни податоци: Поставете ограничување за користење
на мобилни податоци.
За да го измените датумот на месечно ресетирање за периодот за следење, допрете
Смени циклус.
82
→
Нагодувања
Ограничување на користењето на податоци
Поставете уредот автоматски да ја исклучува мобилната податочна врска, кога количеството
мобилни податоци што сте го искористиле ја достигне одредената граница.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Користење податоци и допрете го копчето Одреди
ограничување за мобилни податоци за да го активирате.
2 Влечете ја лентата за приспособување на граница нагоре или надолу за да поставите
граница.
3 Влечете ја лентата за приспособување на предупредување нагоре или надолу за да
поставите ниво за предупредување при користење на податоци.
Уредот ќе Ве предупреди кога ќе биде достигнато нивото за предупредување.
Мобилни мрежи
Конфигурирајте ги нагодувањата на Вашата мобилна мрежа.
На екранот со Нагодувања, допрете Мобилни мрежи.
• Роаминг за податоци: Поставете уредот да ги користи податочните врски додека сте во
роаминг.
• Имиња на пристапната точка: Поставете имиња на пристапна точка (APN).
• Мрежен режим: Изберете вид мрежа.
• Мрежни оператори: Пребарувајте достапни мрежи и регистрирајте рачно мрежа.
Повеќе поставки за поврзување
Опции
Прилагодете ги нагодувањата за контролирање на други одлики.
На екранот со Нагодувања, допрете Повеќе поставки за поврзување.
• Скенир. на блиски уреди: Поставете уредот да скенира блиски уреди со кои ќе се
поврзе.
• Печатење: Конфигурирајте ги нагодувањата за додатоците за печатач што се
инсталирани на уредот. Можете да пребарувате достапни печатачи или да додадете
печатач за рачно печатење фајлови. Осврнете се на Печатење за повеќе информации.
83
Нагодувања
• Засилувач на преземања: Поставете уредот побрзо и истовремено да презема
фајлови поголеми од 30 MB, преку Wi-Fi и мобилни мрежи. Осврнете се на Засилувач на
преземања за повеќе информации.
• VPN: Поставување и поврзување со Виртуелни приватни мрежи (VPN).
• Етернет: Опцијата Етернет е достапна кога адаптерот за Етернет е приклучен со уредот.
Користете ја оваа опција за да ја активирате одликата Етернет и да ги конфигурирате
опциите на мрежата.
Печатење
Конфигурирајте ги нагодувањата за додатоците за печатач што се инсталирани на уредот.
Можете да го поврзете уредот со печатач преку Wi-Fi или Wi-Fi Direct и да печатите слики
или документи.
Некои печатачи може да не бидат компатибилни со уредот.
Додавање приклучоци за печатач
Додадете приклучоци за печатачи со кои сакате да го поврзете уредот.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Повеќе поставки за поврзување → Печатење →
Преземи додаток.
2 Пребарајте приклучок за печатач во Play Store.
3 Изберете додаток за печатач и инсталирајте го.
4 Изберете го приклучокот за печатач и допрете го копчето за да го активирате.
Уредот пребарува печатачи што се поврзани со истата Wi-Fi мрежа како Вашиот уред.
За рачно додавње печатачи, допрете ПОВЕЌЕ → Додај печатач → ADD PRINTER.
За да ги измените нагодувањата за печатач, допрете ПОВЕЌЕ → Опции за печатење.
Печатење содржина
Додека прикажувате содржина, како слики или документи, допрете Сподели → Печати →
→ Сите печатачи и потоа изберете печатач.
84
Нагодувања
Засилувач на преземања
Поставете уредот истовремено да презема фајлови поголеми од 30 MB преку Wi-Fi и
мобилни мрежи. Посилниот Wi-Fi сигнал ќе овозможи поголема брзина на преземање.
На екранот со Нагодувања, допрете Повеќе поставки за поврзување → Засилувач на
преземања.
• Оваа одлика може да не биде поддржана од некои уреди.
• Може да настанат дополнителни трошоци кога преземате фајлови преку
мобилната мрежа.
• Кога преземате големи фајлови, можно е уредот да се загрее. Ако уредот ја
премине поставената температура, одликата ќе се исклучи.
• Ако сигналот на мрежата е нестабилен, тоа може да влијае врз брзината и
изведбата на оваа одлика.
• Ако Wi-Fi и мобилните мрежни врски имаат значително различна брзина на
пренесување податоци, уредот може да ја користи само најбрзата врска.
• Оваа одлика поддржува Протокол за пренос на хипертекст (HTTP) 1.1 и Безбеден
Протокол за пренос на хипертекст (HTTPS). Одликата не може да се користи со
други протоколи, како на пример FTP.
Паметен управител
Вовед
Паметниот управител овозможува преглед на статусот батеријата на Вашиот уред, просторот
за складирање, RAM меморијата и безбедноста на системот. Исто така, можете автоматски да
го оптимизирате уредот со допир на Вашиот прст.
85
Нагодувања
Користење на одликата за брза оптимизација
На екранот за Нагодувања, допрете Паметен управител → ИСЧИСТИ СЀ.
Одликата за брза оптимизација ја подобрува изведбата на уредот преку следните дејства.
• Чистење меморија.
• Бришење непотребни фајлови и затворање на апликациите што работат во заднина.
• Скенирање за злонамерен софтвер.
Батерија
На екранот за Нагодувања, допрете Паметен управител → Батерија.
Проверете го преостанатиот капацитет на батеријата и времето што Ви останува за
користење на уредот. За уреди со ниско ниво на батерија, зачувајте ја енергијата на батерија
со активирање на одликите за заштеда на енергија.
• Преостанатото време за користење го прикажува времето што преостанува
пред да се испразни батеријата. Преостанатото време за користење зависи од
нагодувањата на Вашиот уред и условите на работа.
• Не можете да добивате известувања од апликации што користат режим за заштеда
на енергија.
Управување со батерија
За да заштедите енергија на батеријата и да поставите дали да се оптимизира користењето
на батерија за секоја апликација, допрете ДЕТАЛИ за штедење енергија на апликацијата и
допрете го копчето Штед. енерг. на апликац. за да го активирате.
Меморија
Проверете го статусот на неупотребена и достапна меморија.
На екранот за Нагодувања, допрете Паметен управител → Меморија.
Управување со меморијата
За да избришете заостанати фајлови, како кешот, допрете ИЗБРИШИ. За да избришете
фајлови или да деинсталирате апликации што веќе не ги користите, допрете ДЕТАЛИ
за корисничките податоци и изберете категорија. Потоа, штиклирајте ги ставките што го
избравте и допрете ИЗБРИШИ.
86
Нагодувања
RAM
На екранот за Нагодувања, допрете Паметен управител → RAM.
За да го забрзате Вашиот уред со намалување на количеството RAM што го користите,
допрете ЗАВРШИ СЀ за да ги затворите сите апликации во заднина.
Обезбед. на уредот
Проверете го безбедносниот статус на уредот. Оваа одлика го скенира Вашиот уред за
злонамерен софтвер.
На екранот за Нагодувања, допрете Паметен управител → Обезбед. на уредот.
Апликации
Управувајте со апликациите на уредот и изменете ги нивните нагодувања.
На екранот со Нагодувања, допрете Апликации.
• Управител со апликацијата: Прикажете ги и уредувајте ги апликациите на Вашиот уред.
• Основни апликации: Изберете стандардно нагодување за користење апликации.
• Нагодување на апликацијата: Приспособете ги нагодувањата за секоја апликација.
Звуци и вибрации
Променете ги нагодувањата за различните звуци на уредот.
На екранот со Нагодувања, допрете Звуци и вибрации.
Некои модели не ги поддржуваат одликите поврзани со повици.
• Режим за звук: Поставете уредот да употребува режим со звук или тивок режим.
• Вибрации при ѕвонење: Поставете уредот да вибрира и емитува звук на ѕвонење за
дојдовни повици.
• Јачина на тон: Прилагодете го нивото на јачина на звук за ѕвонењето, музиката и видеозаписите, системските звуци и звуците на известувањата.
• Интензитет на вибрациите: Прилагодете го интензитетот на вибрациите за
известување.
• Тон на ѕвонење: Изменете ги опциите на звукот на ѕвонење.
87
Нагодувања
• Шема на вибрации: Изберете шема на вибрација.
• Звуци за известување: Изберете стандарден звук за известување. Исто така, можете да
ги измените нагодувањата за известување за секоја апликација.
• Зв. за допир: Поставете уредот да се огласува кога избирате некоја апликација или
опција на екранот на допир.
• Звуци за закл. на екранот: Поставете уредот да се огласува кога го заклучувате или
отклучувате екранот на допир.
• Звук при полнење: Поставете уредот за да огласува кога се поврзува со полнач.
• Вибрации: Поставете уредот да вибрира кога допирате
како допирање и задржување ставки.
или
и за други дејства,
• Тонови на таст. за бирање: Поставете уредот да се огласи кога ги допирате копчињата
на тастатурата.
• Звук на тастатурата: Поставете го уредот да емитува звук кога ќе се допре копче.
• Вибрации на тастатурата: Поставете уредот да вибрира кога ќе се допре копче.
• Квалит.на звукот и ефекти: Конфигурирајте дополнителни нагодувања на звук.
Известувања
Изменете ги нагодувањата за известувања за секоја апликација.
На екранот со Нагодувања, допрете Известувања.
За да ги приспособите нагодувањата на известувања, допрете ДОПОЛНИТЕЛНО и изберете
една апликација.
• Дозволи известувања: Дозволете известувња од избраните апликации.
• Постави како приоритет: Прикажете известувања во горниот дел на панелот
за известувања и вклучете ги во списокот со дозволени кога Не вознемирувај е
активирана.
• Прегледи во појав. проз.: Прикажете прегледи на известувања во скокачки прозорци.
• Сокр. на екран за заклуч.: Скријте известувања од избрани апликации кога уредот е
заклучен.
• Скриј содрж.на екр.за закл.: Скријте ја содржината на известувања од избрани
апликации кога уредот е заклучен.
• Повеќе параметри: Приспособете дополнителни нагодувања за известувања од
избрани апликации.
88
Нагодувања
Не вознемирувај
Поставете уредот да прекинува дојдовни повици и звуци за известување, освен за дозволени
исклучоци.
На екранот со Нагодувања, допрете Не вознемирувај.
Некои модели не ги поддржуваат одликите поврзани со повици.
• Вклучи сега: Активирајте го веднаш режимот Не вознемирувај.
• Вклучи според распоред: Активирајте го режимот Не вознемирувај во предодредено
време. Можете да изберете денови и да поставите времиња за почнување и
завршување.
• Дозволете исклучоци: Приспособете ги нагодувањата за дозволени исклучоци.
Екран
Променете ги нагодувањата на екран.
На екранот со Нагодувања, допрете Екран.
• Светлина: Приспособете го интензитетот на светлина на екранот.
• Фонт: Променете го типот и големината на буквите.
• Заднини на иконите: Поставете дали да прикажувате засенети заднини со што се
истакнуваат иконите.
• Истечено време за екранот: Поставете временски период пред уредот да го исклучи
заднинското светло на екранот.
• Паметно останување: Поставете на уредот да се спречи заднинското светло на екранот
да се исклучува додека гледате во екранот.
• Екрански режим: Изменете го режимот на екран за да ги приспособите бојата и
контрастот на екранот.
• Заштитник на екранот: Поставете уредот да стартува заштитник за екран кога уредот се
полни или е поврзан со лежиште за полнење.
89
Нагодувања
Напредни функции
Активирајте напредни одлики и изменете ги нагодувањата за нивна контрола.
На екранот со Нагодувања, допрете Напредни функции.
Некои модели не ги поддржуваат одликите поврзани со повици.
• Гест за прег. појав. екр.: Поставете уредот да го прикажува екранот со апликации во
скокачки приказ. Осврнете се на Скокачки приказ за повеќе информации.
• Паметно снимање: Поставете уредот да доловува содржина што се протега преку
повеќе екрани и веднаш да ја скаструва и да ја споделува сликата од екран. Осврнете се
на Паметно снимање за повеќе информации.
• Поминете со дланката за доловување: Поставете уредот да долови слика од екранот
кога со дланката ќе поминете налево или надесно преку екранот. Можете да ги
прикажете доловените слики во Галерија.
Не е возможно да се направи слика од екранот додека се користат одредени
апликации и одлики.
• Директен повик: Поставете уредот да упати гласовен повик со кревање и доближување
на уредот до увото додека ги гледате деталите за повик, порака или контакт.
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
• Паметно известување: Поставете уредот да Ве известува ако имате пропуштени
повици или нови пораки кога ќе го подигнете уредот.
• Оваа одлика може да не функционира ако екранот е вклучен или уредот не се
наоѓа на рамна површина.
• Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од
операторот.
• Лесно исклучување звук: Поставете уредот да ги исклучува дојдовните повици или
предупредувања, со движења на дланка или со вртење на екранот на уредот надолу.
Корисници
Поставете и управувајте со профили на корисници за персонализирани нагодувања.
На екранот со Нагодувања, допрете Корисници.
90
Нагодувања
Заднина
Изберете нагодувања на тапетот за почетниот екран и за заклучениот екран.
На екранот со Нагодувања, допрете Заднина.
Основен екран
Прилагодете го почетниот екран со додавање, бришење или прераспоредување на панели
на почетен екран и друго. Осврнете се на Опции на почетен екран за повеќе информации.
На екранот со Нагодувања, допрете Основен екран.
Екран за закл.и безбедност
Опции
Изменете ги нагодувањата за обезбедување на уредот и за SIM или USIM-картичката.
На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од избраниот метод за
заклучување на екран.
• Вид заклучување на екранот: Изменете го методот за заклучување на екран.
• Кратенки за информации и апликации: Изменете ги нагодувањата за ставките што се
прикажуваат на заклучениот екран.
• Известувања на екранот за заклучување: Поставете дали да се прикажува или не
содржината на заклучениот екран и изберете кои известувања да се прикажуваат.
• Отпечатоци на прсти: Регистрирајте го Вашиот отпечаток од прсти на уредот за да
го обезбедите уредот или да се најавувате на Вашата сметка Samsung. Осврнете се на
Препознавање отпечаток од прст за повеќе информации.
• Најди го мојот мобилен: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Find My Mobile.
Пристапете на интернет-страницата Find my mobile (findmymobile.samsung.com) за да го
следите и контролирате Вашиот загубен или украден уред.
91
Нагодувања
• Непознати извори: Поставете уредот да дозволува инсталација на апликации од
непознати извори.
• Безбедно активирање: Податоците на Вашиот уред се шифрирани за да спречите
други да имаат пристап, ако го загубите уредот или ако Ви го украдат. За да го користите
Вашиот шифриран уред, мора да ги дешифрирате податоците на уредот секој пат
кога го вклучувате уредот. Можете да поставите дали податоците на Вашиот уред ќе
се дешифрираат автоматски или дали е потребен код за отклучување. Не е можно да
правите резервна копија или да обновувате податоци кога се шифрирани. Ако го внесете
кодот за отклучување грешно неколку пати по ред и ја достигнете границата на обиди,
Вашиот уред ќе изврши ресетирање на фабрички податоци.
• Шифрирај SD-картичка: Поставете уредот да ги шифрира фајловите на мемориска
картичка.
Ако го ресетирате уредот на фабричките стандардни вредности, а оваа функција
е овозможена, уредот нема да може да ги прочита Вашите шифрирани фајлови.
Исклучете ја оваа опција пред да го ресетирате уредот.
• Други поставки за безбедност: Конфигурирајте дополнителни безбедносни нагодувања.
Препознавање отпечаток од прст
За да функционира препознавањето отпечатоци, информациите за Вашиот отпечаток треба
да се регистрира и зачува на Вашиот уред. Откако ќе ги регистрирате, можете да поставите
уредот да ги користи отпечатоците за следните одлики:
• Заклучување на екранот
• Најавување на Интернет
• Потврдување сметка Samsung
• Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од
операторот.
• Препознавањето на отпечатоци ги користи уникатните карактеристики на секој
отпечаток за да ја подобри безбедноста на Вашиот уред. Веројатноста сензорот
за отпечаток да смеша два различни отпечатоци е многу мала. Меѓутоа, во ретки
случаи кога одделните отпечатоци се многу слични, сензорот може да ги препознае
како идентични.
• Ако го користите Вашиот отпечаток од прст како метод за заклучување на екран,
Вашиот отпечаток од прст не може да се употреби за отклучување на екранот по
рестартурањето на уредот. Мора да го отклучите уредот користејќи шема, PIN или
лозинка што сте одредиле кога го регистриравте отпечатокот.
• Ако Вашиот отпечаток од прст не се препознава, мора да го однесите уредот
во Сервисен центар на Samsung за да Ви го ресетираат. Потоа, мора да ги
регистрирате повторно Вашите отпечатоци.
92
Нагодувања
За подобро препознавање на отпечатоци
Кога ги скенирате Вашите отпечатоци на уредот, треба да знаете дека следните услови може
да влијаат врз изведбата на одликата:
• Копчето Дома содржи сензор за препознавање отпечатоци. Осигурете се дека копчето
Дома не е изгребано или оштетено од метални предмети, како метални пари, клучеви и
ѓердани.
• Заштитникот на екран доставен со уредот може да предизвика неправилно
функционирање на сензорот за отпечатоци. Отстранете го заштитникот на екранот за да
ја подобрите чувствителноста на отпечатоци.
• Осигурете се дека областа за препознавање отпечатоци и Вашите прсти е чиста и сува.
• Уредот може да не препознава отпечатоци на кои има бразди или лузни.
• Уредот може да не ги препознае отпечатоците од многу малечки или тенки прсти.
• Ако го свиткате прстот или ако го користите врвот на прстот, уредот може да не ги
препознае отпечатоците. Осигурете се дека сте го покриле целосно копчето Дома со
Вашиот прст.
• За да ја подобрите изведбата на препознавање, регистрирајте ги отпечатоците од раката
што ја користите најмногу за да изведувате задачи на уредот.
• Во суви средини, во уредот може да се појави статички електрицитет. Избегнувајте да ја
користите оваа одлика во суви средини или пред да ја користите одликата испразнете го
статичкиот електрицитет со допирање метален предмет.
Регистрирање отпечатоци
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
Ако не сте поставиле метод за заклучување на екран, креирајте го.
3 Допрете Додај отпечаток на прст.
4 Поставете го Вашиот прст на копчето Дома.
5 Откако уредот ќе го детектира Вашиот отпечаток, подигнете го и поставете го повторно
на копчето Дома.
Повторете го ова дејство движејќи ги прстите нагоре или надолу се додека отпечатокот
не се регистрира.
93
Нагодувања
Бришење отпечатоци од прсти
Можете да ги избришете регистрираните отпечатоци од прсти.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
3 Допрете ИЗМЕНИ.
4 Штиклирајте ги отпечатоците што сакате да ги избришете и допрете ОТСТРАНИ.
Проверка на лозинката на сметката Samsung
Користете отпечатоци за да ја верификувате лозинката на Вашата сметка Samsung. Можете
да употребите отпечаток наместо да ја внесувате Вашата лозинка, на пример кога купувате
содржина од Galaxy Apps.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
3 Допрете го копчето Потврди сметка Samsung за да го активирате.
4 Најавете се на Вашата сметка Samsung.
Користење отпечатоци за најавување сметки
Можете да ги користите Вашите отпечатоци за да се најавувате на интернет-страници кои
поддржуваат зачувување лозинка.
Оваа одлика е достапна само за интернет-страници до кои пристапувате преку
Интернет апликација.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
3 Допрете го копчето Најавување со интернет за активирање.
94
Нагодувања
4 Отворете една интернет-страница на која сакате да се најавите со отпечаток.
5 Внесете го Вашето корисничко име и лозинка и потоа допрете го копчето за најавување
на интернет-страницата.
6 Штиклирајте Најавете се со отпечатоци на прстите и допрете ЗАПОМНИ.
Можете да го користите Вашиот отпечаток за да ја потврдите Вашата сметка и лозинка за
најавување на интернет-страницата.
Отклучување на екранот со отпечатоци
Можете да го отклучите екранот со Вашиот отпечаток од прст намест да употребите шема,
PIN или лозинка.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на
прсти.
2 Отклучете го екранот користејќи го претходно поставениот метод за заклучување.
3 Допрете го копчето Отклучув. со отп. на прст за да го активирате.
4 На заклучениот екран, поставете го Вашиот прст на копчето Дома и скенирајте го Вашиот
отпечаток од прст.
Доверливо
Опции
Изменете ги нагодувањата за одржување на приватноста и безбедноста.
На екранот со Нагодувања, допрете Доверливо.
• Локација: Променете ги нагодувањата за дозволи за информации за локација.
• Дозволи за апликации: Прикажете го списокот со одлики и апликации што имаат
дозволи за користење. Исто така, може да ги уредите нагодувањата за дозвола. Осврнете
се на Поставување дозволи на апликација за повеќе информации.
• Приватен режим: Активирајте го приватниот режим за да спречите други да
пристапуваат во Вашата лична содржина. Осврнете се на Приватен режим за повеќе
информации.
• Јави инфо.за дијагностика: Поставете го уредот автоматски да испраќа кај Samsung
дијагностички и информации за користење.
95
Нагодувања
Приватен режим
Сокријте лична содржина во Вашиот уред, за да спречите други да имаат пристап до неа.
Активирање на приватен режим
1 На екранот со Нагодувања, допрете Доверливо → Приватен режим, и потоа допрете
го копчето за да го активирате.
Ако го активирате приватниот режим првпат, следете ги упатствата на екранот за да
поставите код за пристап во приватен режим.
2 Следете ги упатствата на екранот за да го внесете претходно поставениот код за пристап
во приватен режим.
Приватниот режим ќе се активира и иконата
ќе се појави во статусната лента.
Можете да прикажете и да пристапите во скриените ставки само кога приватниот
режим е активиран. За да скриете ставки складирани во приватна папка,
деактивирајте го приватниот режим.
Сокривање содржина
1 На екранот со апликации, стартувајте една апликација за да скриете ставки.
2 Изберете една ставка и допрете ПОВЕЌЕ → Премести во Приватно.
Ако прватниот режим не е активиран, следете ги упатствата на екранот за да го внесете
претходно поставениот код за пристап во приватен режим.
Избраните ставки ќе се преместат во приватната папка.
96
Нагодувања
Прикажување скриена содржина
Можете да прикажете скриени ставки само кога приватниот режим е активиран.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Доверливо → Приватен режим, и потоа допрете
го копчето за да го активирате.
2 Следете ги упатствата на екранот за да го внесете претходно поставениот код за пристап
во приватен режим.
3 На екранот со апликации, допрете Мои фајлови → Приватно.
Ставките што се префрлени во приватната папка ќе се појават на екранот.
Откривање содржина
1 Во приватната папка, допрете и задржете една ставка и потоа штиклирајте ставки за да
ги откриете.
2 Допрете ПОВЕЌЕ → Отстрани од Приватно.
3 Изберете папка во која ќе ги преместите ставките и потоа допрете ГОТОВО.
Ставките ќе се преместат во избраната папка.
Автоматско деактивирање на приватен режим
Можете да поставите уредот автоматски да го деактивира приватниот режим секогаш кога
екранот се исклучува.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Доверливо → Приватен режим, и потоа допрете
го копчето за да го активирате.
2 Следете ги упатствата на екранот за да го внесете претходно поставениот код за пристап
во приватен режим.
3 Допрете го копчето Исклучи автоматски за да го активирате.
Кога опцијата Исклучи автоматски е вклучена, уредот нема да може да преместува
фајлови во приватната папка ако екранот се исклучи во текот на префрлање.
97
Нагодувања
Пристапност
Конфигурирајте разни нагодувања за да ја подобрите пристапноста до уредот.
На екранот со Нагодувања, допрете Пристапност.
Некои модели не ги поддржуваат одликите поврзани со повици.
• Вид: Приспособете ги нагодувањата за да ја подобрите пристапноста за корисниците со
проблеми во видот.
• Слух: Приспособете ги нагодувањата за да ја подобрите пристапноста за корисниците со
проблеми во слухот.
• Подвижност и интеракција: Приспособете ги нагодувањата за да ја подобрите
пристапноста за корисници што имаат намалена вештина.
• Заклучување со насока: Изменете ги нагодувањата на фиксираната комбинација за
отклучување на екранот.
• Директен пристап: Поставете уредот да ги отвора избраните менија за пристапност
кога го притискате брзо копчето Дома три пати.
• Потсетник за известување: Користете ја оваа одлика за да Ве предупредува за
известувања што не сте ги провериле во меѓувреме.
• Одговарање и завршување повици: Изменете го методот за одговарање или
завршување повици.
• Режим со еден допир: Поставете уредот да ги контролира дојдовните повици или
известувања со допирање на копчето наместо влечење.
• Управување со пристапност: Извезете ги или увезете опции за пристапност за да ги
споделувате со другите уреди.
• Услуги: Прикажете услуги за пристапност инсталирани на уредот.
Сметки
Додадете ги Вашите сметки Samsung и Google, или други сметки, со кои ќе вршите
синхронизација.
Додавање сметки
За некои од апликациите кои ги користите на Вашиот уред, неопходни се регистрирани
сметки. Креирајте сметки за да го имате најдоброто искуство со Вашиот уред.
1 На екранот со Нагодувања, допрете Сметки → Додај сметка.
98
Нагодувања
2 Изберете една услуга на сметка.
3 Следете ги упатствата на екранот за завршување на поставувањето сметка.
За да синхронизирате содржина со Вашите сметки, изберете една сметка и изберете ставки
за синхронизација.
Отстранување сметки
На екранот со Нагодувања, допрете Сметки, изберете име на сметка, изберете ја сметката
што сакате да ја отстраните, и потоа допрете ПОВЕЌЕ → Избриши сметка.
Google
Конфигурирајте нагодувања за некои одлики обезбедени од Google.
На екранот со Нагодувања, допрете Google.
Резервна копија и ресетирање
Променете ги нагодувањата за управување со Вашите нагодувања и податоци.
На екранот со Нагодувања, допрете Резервна копија и ресетирање.
• Резервна копија на податоци: Направете рез. копија од Вашите лични податоци и
податоци од апликации на серверот Samsung. Исто така, можете да поставите уредот
автоматски да прави рез. копија од податоците.
• Обнови првобитни: Обновете претходно направени рез. копии од лични податоци и
податоци од апликации од Вашата сметка Samsung.
• Резервна копија на податоци: Поставете уредот да прави резервни копии од Вашите
опции и податоци за апликации на серверот Google.
• Сметка за резервна копија: Поставете или изменете ја Вашата сметка на Google за
резервни копии.
• Автоматско обновување: Поставете уредот автоматски да ги обновува нагодувањата
и податоците од апликации од серверот Google кога апликациите ќе се инсталираат
повторно.
• Автоматски рестартирај: Поставете уредот да се рестартира себеси во предодредено
време за оптимална изведба.
• Ресетирај параметри: Вратете ги нагодувањата на уредот на фабричките стандардни
нагодувања без да бишете податоци.
99
Нагодувања
• Ресетирај мрежни поставувања: Вратете ги нагодувањата на мрежна врска на
фабричките стандардни нагодувања.
• Ресетирање на фабричките нагодувања: Вратете го уредот на фабричките стандардни
нагодувања и избришете ги сите податоци.
Јазик и внесување
Изберете јазик на уред и изменете подесувања, како тастатури и типови на говорен влез.
Некои опции може да не бидат достапни во зависност од избраниот јазик.
На екранот со Нагодувања, допрете Јазик и внесување.
• Јазик: Изберете јазик за прикажување на сите менија и апликации.
• Основна тастатура: Изберете стандарден тип тастатура за внесување текст.
• Тастатура Samsung: Изменете ги нагодувањата на тастатурата Samsung.
• Гласовно пишување на Google: Изменете ги нагодувањата на говорно внесување.
• Текст во говор: Изменете ги нагодувањата за текст во говор.
• Брзина на покажувачот: Прилагодете ја брзината на покажувачот за глушецот или на
подлошката поврзани со Вашиот уред.
Батерија
Прикажете информации за капацитет на батерија и изменете ги опциите за заштеда на
енергија.
На екранот со Нагодувања, допрете Батерија.
Преостанатото време за користење го прикажува времето што преостанува пред да
се испразни батеријата. Преостанатото време за користење зависи од нагодувањата
на Вашиот уред и условите на работа.
• Режим за штедење енергија: Активирајте го режимот за штедење енергија и
променете ги нагодувањата на режимот за штедење енергија. Осврнете се на Режим за
штедење енергија за повеќе информации.
• Ултра режим за штедење енергија: Продолжете го времето на подготвеност и
намалете ја потрошувачката на батерија со прикажување на поедноставен распоред и
дозволување ограничен пристап во апликација. Осврнете се на Ултра режим за штедење
енергија за повеќе информации.
• Процент на статусна лента: Поставете на уредот да се гледа преостанатата енергија на
батеријата.
100
Нагодувања
Меморија
Прикажете ги информациите за меморијата на Вашиот уред.
На екранот со Нагодувања, допрете Меморија.
Вистинскиот достапен капацитет на внатрешната меморија е помал од назначениот
капацитет, бидејќи оперативниот систем и стандардните апликации заземаат дел од
меморијата. Достапниот капацитет може да се промени кога ќе го ажурирате уредот.
Додатоци
Променете ги нагодувањата за додатоците.
На екранот со Нагодувања, допрете Додатоци.
• Автоматско отклучување: Поставете уредот автоматски да се отклучи кога ќе се отвори
капакот. Можете да ја користите оваа одлика само за некои методи за заклучување
екран.
Датум и време
Пристапете и изменете ги следниве нагодувања за контрола на тоа како уредот ги прикажува
датумот и времето.
На екранот со Нагодувања, допрете Датум и време.
Ако батеријата целосно се испразни или се отстрани од уредот, времето и датумот ќе
се ресетираат.
• Автоматски датум и време: Автоматско ажурирање на времето и датумот кога се
движите низ временски зони. Кога оваа одлика е деактивирана, можете рачно да ги
поставите датумот, времето и временската зона.
• Користи 24-часовен формат: Прикажете го времето во 24-часовен формат.
101
Нагодувања
Упатство за употреба
Прикажете информации за помош за да дознаете како да го користите уредот и апликациите,
или да конфигурирате важни нагодувања.
На екранот со Нагодувања, допрете Упатство за употреба.
За уредот
Пристапете кон информациите на уредот, уредете го името на уредот или ажурирајте го
софтверот.
На екранот со Нагодувања, допрете За уредот.
102
Додаток
Решавање проблеми
Пред да се обратите до сервисен центар на Samsung, Ве молиме обидете се со следниве
решенија. Некои ситуации може да не бидат применливи на Вашиот уред.
Кога ќе го вклучите Вашиот уред или додека го користите,
уредот бара да се внесе еден од следниве кодови:
• Лозинка: Кога е овозможено заклучувањето на уредот, Вие ќе морате да ја внесете
лозинката што сте ја поставиле за уредот.
• PIN: Кога го користите уредот за првпат или кога е овозможено барањето PIN, мора да
го внесете PIN-кодот испорачан со SIM или USIM-картичката. Можете да ја деактивирате
оваа одлика преку менито Заклучување на SIM-картичка.
• PUK: Вашата SIM или USIM-картичка е блокирана, најчесто како резултат на внесување
погрешен PIN неколку пати. Морате да го внесете PUK-кодот испорачан од Вашиот
оператор.
• PIN2: Кога пристапувате кон мени за кое е потребен PIN2-код, морате да го внесете PIN2
-кодот испорачан со SIM или USIM-картичката. За повеќе информации, контактирајте со
Вашиот оператор.
Вашиот уред прикажува пораки за грешка во мрежата или
услугата
• Кога сте во подрачја со слаб сигнал или лош прием, може да изгубите прием. Преместете
се во друго подрачје и обидете се повторно. Додека се движите, може да се појават
пораки за грешка неколку пати.
• Не можете да пристапите до некои од опциите без претплата. За повеќе информации,
контактирајте со Вашиот оператор.
Вашиот уред не се вклучува
Кога батеријата е целосно испразнета, Вашиот уред нема да се вклучи. Целосно наполнете ја
батеријата пред да го вклучите уредот.
103
Додаток
Екранот на допир реагира бавно или неправилно
• Ако поставите заштита на екран или изборен додаток на екранот на допир, екранот на
допир може да не функционира правилно.
• Ако носите ракавици, ако Вашите раце не се чисти додека го допирате екранот на допир
или ако го допирате екранот со остри предмети или со врвовите на Вашите прсти,
екранот на допир може да функционира неисправно.
• Екранот на допир може да функционира неисправно во влажни услови или кога е
изложен на вода.
• Рестартирајте го Вашиот уред за да се исчистат сите евентуални софтверски грешки.
• Осигурете се дека софтверот на Вашиот уред е ажуриран со најновата верзија.
• Доколку екранот на допир е изгребан или оштетен, посетете сервисен центар на
Samsung.
Вашиот уред се блокира или се соочува со фатални грешки
Пробајте ги следниве решенија. Ако проблемот и натаму останува нерешен, обратете се до
сервисен центар на Samsung.
Рестартирање на уредот
Ако Вашиот уредот се блокира или прекинува повици, можеби ќе треба да ги затворите сите
апликации или да го исклучите и да го вклучите повторно.
Присилно рестартирање
Ако Вашиот уред се блокирал и не реагира, држете ги притиснати истовремено копчето за
вклучување/исклучување и копчето за намалување на јачина на тон повеќе од 7 секунди за
да го рестартирате.
Ресетирање на уредот
Ако со горенаведените методи не се реши Вашиот проблем, извршете фабричко ресетирање
на податоците.
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Резервна копија и ресетирање →
Ресетирање на фабричките нагодувања → РЕСЕТИРАЈ УРЕД → ИЗБРИШИ СÈ. Пред
да извршите ресетирање на фабричките вредности, не заборавајте да направите резервни
копии од сите важни податоци зачувани во уредот.
104
Додаток
Повиците не се поврзуваат
• Осигурете се дека сте пристапиле до точната мобилна мрежа.
• Осигурете се дека не сте поставиле забрана за повици за телефонскиот број што го
бирате.
• Осигурете се дека не сте поставиле забрана за повици за дојдовниот телефонски број.
Другите не можат да Ве слушаат при разговорот
• Осигурете се дека не го покривате вградениот микрофон.
• Осигурете се дека микрофонот е блиску до Вашата уста.
• Ако користите слушалки, oсигурете се дека се правилно поврзани.
Се слуша ехо од звукот за време на разговорот
Прилагодете ја јачината на тон со притискање на копчето за јачина на тон или преместете се
во друга област.
Доаѓа до чести прекини во врската со мобилната мрежа или
со Интернет
• Осигурете се дека не ја блокирате внатрешната антена на уредот.
• Кога сте во подрачја со слаб сигнал или лош прием, може да изгубите прием. Може да
имате проблеми со поврзувањето заради проблеми со базната станица на операторот.
Преместете се во друго подрачје и обидете се повторно.
• Кога го користите уредот додека се движите, услугите на безжична мрежа може да бидат
деактивирани заради проблеми со мрежата на операторот.
Иконата за батеријата е празна
Нивото на батеријата е ниско. Сменете ја батеријата.
105
Додаток
Батеријата не се полни правилно (за полначи одобрени од
Samsung)
• Уверете се дека полначот е правилно поврзан.
• Посетете сервисен центар на Samsung и заменете ја батеријата.
Батеријата се троши побрзо од периодот кога била купена
• Кога го изложувате уредот или батеријата на многу ниски или високи температури,
корисниот капацитет може да се намали.
• Потрошувачката на батеријата се зголемува кога ги користите одликите за размена на
пораки или некои апликации, како што се игри или Интернет.
• Батеријата е потрошен дел и корисниот капацитет ќе се намалува со текот на времето.
Вашиот уред е презагреан при допир
Кога користите апликации што бараат повеќе енергија или користите апликации на уредот
подолго време, Вашиот уред може да биде презагреан при допир. Ова е вообичаена појава
и не би требало да влијае врз животниот век или функционирањето на уредот.
Ако уредот се презагрее или чувствувате дека е жежок подолго време, не користете го. Ако
уредот продолжи да се презагрева, контактирајте со сервисен центар на Samsung.
Се појавуваат пораки за грешка кога се стартува камерата
Вашиот уред мора да има доволно количина слободна меморија и енергија на батеријата
за да работи апликацијата за камерата. Ако добивате пораки за грешка кога ја стартувате
камерата, обидете се со следново:
• Сменете ја батеријата.
• Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
• Рестартирајте го уредот. Ако сѐ уште имате проблеми со апликацијата за камерата по
обидите со овие совети, контактирајте со сервисен центар на Samsung.
106
Додаток
Квалитетот на фотографиите е понизок од оној на прегледот
• Квалитетот на Вашите фотографии може да се разликува во зависност од околината и
фотографските техники што ги користите.
• Ако фотографирате во темни области, ноќе или во затворена просторија, може да се
јават пречки на сликата или сликите може да бидат вон фокус.
Се појавуваат пораки за грешка при отворање
мултимедијални фајлови
Ако добивате пораки за грешка или мултимедијалните фајлови не се емитуваат кога ги
отворате на Вашиот уред, обидете се со следново:
• Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
• Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со DRM (Управување со дигитални
права). Ако фајлот е заштитен со DRM, обезбедете дека ја имате соодветната лиценца
или клуч за емитување на фајлот.
• Осигурете се дека уредот ги поддржува форматите на фајлови. Ако некој формат на
фајл не е поддржан, како на пример DivX или AC3, инсталирајте една апликација што го
поддржува. За да ги потврдите форматите на фајлови што ги поддржува Вашиот уред,
посетете ја www.samsung.com.
• Вашиот уред поддржува фотографии и видео-записи снимени со уредот. Фотографиите и
видео-записите снимени со други уреди може да не работат правилно.
• Вашиот уред поддржува мултимедијални фајлови што се овластени од Вашиот мрежен
оператор или од операторите за дополнителни услуги. Некои содржини кои кружат
по Интернет, како што се тонови за ѕвонење, видео-записи или заднини, може да не
работат правилно.
Другиот уред со Bluetooth не може да се лоцира
• Осигурете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на Вашиот уред.
• Уверете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на уредот на кој сакате да се
поврзете.
• Бидете сигурни дека Вашиот уред и другиот Bluetooth се во максимален Bluetooth опсег
(10 м).
Ако со горенаведените совети не се реши проблемот, контактирајте сервисен центар на
Samsung.
107
Додаток
Не се воспоставува врска кога го поврзувате уредот со
компјутер
• Осигурете се дека USB кабелот што го користите е компатибилен со Вашиот уред.
• Осигурете се дека го имате инсталирано правилниот драјвер на Вашиот компјутер и дека
го имате ажурирано.
• Ако сте корисник на Windows XP, обезбедете дека на Вашиот компјутер сте инсталирале
Windows XP Service Pack 3 или понова верзија.
Вашиот уред не може да ја пронајде Вашата моментална
локација
Сигналите на GPS може да се попречени во некои локации како на пример во затворен
простор. Поставете уредот да користи Wi-Fi или мобилна мрежа за пронаоѓање на Вашата
локација во вакви ситуации.
Загубени се податоци зачувани на уредот
Секогаш правете резервни копии на сите важни податоци зачувани во уредот. Во спротивно,
нема да може да ги вратите податоците ако дојде до нивна загуба или оштетување. Samsung
не е одговорен за губењето какви било податоци зачувани во уредот.
Се појавува мала празнина околу надворешноста на уредот
• Оваа празнина е неопходна производна одлика и може да дојде до одредени мали
протресувања или вибрации на некои делови.
• Со тек на време, триењето помеѓу деловите може да предизвика оваа празнина малку
да се прошири.
Нема доволно простор во меморијата на уредот
Избришете непотребни податоци, како кеш, користејќи го паметниот управител или
избришете ги рачно апликациите или фајловите што не ги користите за да ослободите
простор во меморијата.
108
Додаток
Отстранување на батеријата
• За да ја отстраните батеријата, мора да се обратите во овластен сервисен центар во
приложените упатства.
• За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не
е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да
предизвика лична повреда, и/или да резултира со намалена безбедност на уредот.
• Samsung нема да прифати каква било одговорност за оштетување или загуба (по
договор или правење прекршок, вклучувајќи невнимание) што може да произлезе од
погрешно прецизно следење на овие предупредувања и упатства, освен смрт или лична
повреда предизвикана од невнимание на Samsung.
1 Отстранете ги лежиштата на SIM-картичката и мемориската картичка од уредот.
2 За да го омекнете лепакот што го зацврстува предниот капак со главниот уред, уредот
мора да го загреете до контролирано ниво, со помош на специјално наменета комора со
контролирана температура.
Поставете алат за отстранување со шмукалка на долниот дел на предниот панел, и
држејќи го цврсто уредот, тргнете го предниот панел од долниот дел нагоре.
3 Одвртете ги и остранете ги завртките од точките на спојување и отстранете ја шасијата.
4 Одвртете ги и отстранете ги завртките од батеријата. (само модел SM-T819)
5 Исклучете го конекторот на батеријата и отстранете ја батеријата.
109
Авторско право
Авторско право © 2016 Samsung Electronics
Овој водич е заштитен според меѓународните закони за авторски права.
Ниеден дел од ова упатство за корисникот не смее да биде копиран, дистрибуиран, преведен
или пренесен во која било форма или на кој било начин, електронски или механички,
вклучувајќи фотокопирање, снимање, чување во кое било складиште за информации и
систем за пронаоѓање, без претходна писмена дозвола од Samsung Electronics.
Трговски марки
• SAMSUNG и логото SAMSUNG се регистрирани трговски марки на Samsung Electronics.
®
• Bluetooth е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG, Inc. ширум светот.
®
™
™
™ и логото Wi-Fi се
• Wi-Fi , Wi-Fi Protected Setup , Wi-Fi Direct , Wi-Fi CERTIFIED
регистрирани трговски марки на Wi-Fi Alliance.
• Сите други трговски марки и авторски права се сопственост на нивните соодветни
сопственици.
Download PDF