Sony | NSZ-GS7 | Sony NSZ-GS7 Водич за решавање проблеми

© 2012 Sony Corporation
4-421-777-11(1) (MK)
Мерки за претпазливост
Упатство со препораки
МК
Оваа опрема е тестирана со кабел за поврзување
пократок од 3 метри при што е утврдено дека
е усогласена со ограничувањата поставени во
Директивата EMC.
За поставувањето
Мрежен медиумски плеер
NSZ-GS7
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За намалување на ризикот од пожар или електричен шок,
не изложувајте го апаратот на капење или прскање и не
поставувајте на него објекти што се наполнети со течности,
како на пример, вази.
За намалување на ризикот од пожар, не покривајте го отворот
на вентилацијата на апаратот со весници, чаршави, завеси итн.
Не изложувајте го апаратот на извори на оган (на пример,
запалени свеќи).
За да избегнете електричен шок, не отворајте ја кутијата.
За поправка обратете се само до квалификуван персонал.
Не изложувајте ги батериите или апаратите што имаат
монтирана батерија на прекумерна топлина, како на пример,
сончева светлина или оган.
Известување за потрошувачите во
Обединетото Кралство и Република Ирска
Приклучок што одговара со BS1363 се наоѓа во опремата
за ваша безбедност и лесна употреба.
Мора да се користи осигурувач со исто рангирање како
доставениот и да биде одобрен од ASTA или BSI за BS1362,
(т.е. означен со ознаката
или ) ако дадените осигурувач
или приклучок треба да се заменат.
Проверете дали сте го поставиле капакот откако ќе го
смените осигурувачот ако приклучокот што се доставува со
оваа опрема има отстранлив капак на осигурувачот. Никогаш
не користете го приклучокот без капакот на осигурувачот.
Обратете се до најблискиот сервис на Sony ако го загубите
капакот за осигурувачот.
Отстранување на потрошени батерии
(применливо во Европската унија и во
други европски земји со посебни системи
на собирање)
Овој симбол на батеријата или на амбалажата покажува дека
со батеријата којашто е дадена со овој производ не треба да
се постапува како со домашен отпад.
Со правилно отстранување на овие батерии ќе помогнете да
се спречат потенцијално негативни последици за природата
и здравјето на човекот, кои инаку може да се предизвикаат
со несоодветно постапување со отпадот на батеријата.
Рециклирањето на материјалите ќе помогне за заштита
на природните богатства.
Во случај на производи кои од безбедносни причини, поради
изведба или интегритет на податоци имаат потреба од трајна
поврзаност со вметната батерија, оваа батерија треба да ја
замени само квалификуван персонал.
За да бидете сигурни дека со батеријата ќе се постапи
соодветно, предадете го потрошениот производ на
применливото збирно место за рециклирање на електрична
и електронска опрема.
За сите други батерии, погледнете го делот за тоа како
безбедно да се отстрани батеријата од производот. Батеријата
предадете ја на применливото збирно место за рециклирање
на отпадни батерии.
За подетални информации за рециклирањето на овој
производ или батеријата, контактирајте со вашата локална
месна заедница, вашиот сервис за отстранување на домашен
отпад или со продавницата каде што го купивте овој
производ.
Напомена за потрошувачите:
Фрлање на стара електрична
и електронска опрема (применливо во
Европската унија и во други европски
земји со посебни собирни системи)
Овој симбол на производот или на неговата амбалажа
покажува дека со овој производ не треба да се постапува како
со домашен отпад. Наместо тоа, треба биде предаден на
применливото збирно место за рециклирање на електрична
и електронска опрема. Со правилно отстранување на
производот ќе помогнете да се спречат потенцијални
негативни последици за природата и здравјето на човекот,
кои инаку може да се предизвикаат со несоодветно
постапување со отпадот на овој производ. Рециклирањето
на материјалите ќе помогне при заштита на природните
богатства. За подетални информации околу рециклирањето
на овој производ, контактирајте со локалната месна заедница,
со сервисот за отстранување домашен отпад или со
продавницата каде што го купивте овој производ.
За потрошувачите во Пацифичка Азија
и Африка
Горниот симбол е применлив во Европската унија и во други
европски земји со посебни собирни системи.
Следните информации се применливи само за опрема што се
продава во земјите што ги применуваат Директивите на ЕУ.
• Поставете го плеерот на локација со соодветна
вентилација за да спречите зголемување на топлина
во плеерот.
• Не поставувајте го плеерот на мека површина како
тепих што може да ги блокира отворите за вентилација.
• Не поставувајте го плеерот во близина на топлотни
извори или на место кое е на директна сончева
светлина, има прекумерна прашина или механички шок.
• Не поставувајте го плеерот надвор, во возила, на
бродови или во други пловни објекти.
• Влагата може да се кондензира на надворешната
површина на плеерот или во неговата внатрешност ако
тој се внесе директно од ладна во топла просторија или
се постави во многу влажна просторија.
Плеерот нема да работи правилно ако дојде до тоа.
Во овој случај, оставете го плеерот вклучен околу
половина час сè додека не испари влагата.
• Не монтирајте го плеерот во навалена позиција. Тој е
дизајниран за да работи само во хоризонтална положба.
• Не поставувајте метални објекти пред плеерот или на
неговите страни. Тоа може да го ограничи приемот
на радиобранови.
• Не поставувајте го плеерот на места каде што се
користи медицинска опрема. Може да предизвика
дефект на медицинските инструменти.
• Ако користите пејсмејкер или друг медицински уред,
консултирајте се со вашиот лекар или производителот
на медицинскиот уред пред да ја користите безжичната
LAN функција.
• Не поставувајте тешки и нестабилни објекти врз
плеерот.
• Исклучете ги кабелот за напојување со наизменична
струја (напојување со струја) и сите други кабли од
плеерот кога го пренесувате плеерот.
За изворите за напојување со ел. енергија
• Исклучете го плеерот од ѕидниот штекер ако не
планирате подолго време да го користите истиот.
Фатете го самиот приклучок, никогаш не влечете го
кабелот за да го исклучите кабелот за напојување со
наизменична струја (напојување со струја).
• Набљудувајте ги следниве точки за да спречите
оштетување на кабелот за напојување со наизменична
струја (напојување со струја). Не користете го кабелот за
напојување со наизменична струја (напојување со
струја) ако е оштетен, затоа што тоа може да предизвика
електричен шок или пожар.
– Не приклештувајте го кабелот за напојување со
наизменична струја (напојување со струја) помеѓу
плеерот и ѕид, полица итн.
– Не ставајте ништо тешко врз кабелот за напојување
со наизменична струја (напојување со струја) и не
влечете го истиот.
За прилагодување на јачината на звукот
Производителот на овој производ е Sony Corporation,
1-7-1 Konan Minato-ku Tokyo, 108-0075 Japan. Овластениот
претставник за EMC и безбедност на производот е Sony
Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart,
Germany. Повикајте се на адресите дадени во засебните
документи за услуга или гаранција за какви било проблеми
со услугата или со гаранцијата.
Не зголемувајте ја јачината на звукот додека слушате
делови со многу мал капацитет или без аудио сигнали.
Ако го направите тоа, можете да ги оштетите ушите
и звучниците кога ќе се пушти дел со максимално ниво.
Мерки за претпазливост
Исчистете ги кутијата, панелот и контролите со мека крпа.
Не користете каков било вид абразивно перниче, прашок
за чистење или растворувач како што е алкохолот или
бензинот.
• Плеерот не е исклучен од изворот за наизменична струја
(напојување со струја) сè додека е поврзан во ѕидниот
штекер дури и ако самиот плеер е исклучен.
• Поставете го овој уред така што кабелот за напојување
со наизменична струја (напојување со струја) може да се
исклучи од ѕидниот штекер веднаш штом ќе се појави
проблем.
• Плочката со името е лоцирана на дното на плеерот.
• Плочката со името е на далечинскиот управувач се наоѓа
под капакот за батериите.
Монтирање
• Не поставувајте го овој плеер во ограничен простор како
што се полица за книги или слично.
За потрошувачите во Австралија
Оваа опрема треба да се постави и да работи на растојание
од најмалку 20 cm или повеќе меѓу радијаторот и телото на
лицето (вклучувајќи ги екстремитетите: дланките, зглобовите,
стапалата и глуждовите).
За чистење
За заменување на делови
Во случај овој плеер да се поправа, поправените делови
може да се собираат за повторна употреба или за
рециклирање.
За поврзувањето на приклучокот за HDMI
Набљудувајте го следното затоа што неправилното
ракување може да ги оштети приклучокот за HDMI
и конекторот.
• Внимателно порамнете го приклучокот за HDMI на
задната страна на плеерот со приклучокот/конекторот
за HDMI со проверка на нивните облици. Осигурете се
дека конекторот не е завртен надолу и не е накривен.
Приклучок за HDMI
Приклучок за HDMI
• Кога ќе го местите плеерот, осигурете се дека сте го
исклучиле кабелот за HDMI.
• Држете го приклучокот за HDMI исправено кога
го поврзувате или исклучувате кабелот за HDMI.
Не искривувајте го и не ставајте го насила конекторот
за HDMI во приклучокот за HDMI.
За гледање 3D видеослики
Некои луѓе може да искусат неудобност (како што
е напрегање на очите, замор или лошење) додека гледаат
3D видеослики.
Sony препорачува сите гледачи да прават редовни паузи
додека гледаат 3D видеослики. Должината и
фреквенцијата на потребните паузи ќе варираат од едно
лице до друго.
Мора да одлучите што најмногу ви одговара. Ако искусите
каква било неудобност, треба да престанете да гледате
3D видеослики сè додека неудобноста не заврши.
Ако сметате дека е потребно, консултирајте се со лекар.
Исто така, треба да го прегледате (i) прирачникот со
упатства и/или пораката за претпазливост за секој друг
уред што се користи со овој производ и (ii) нашата
интернет-страница* за најновите информации. Видот на
малите деца (особено оние на возраст под шест години)
сè уште се развива. Консултирајте се со вашиот лекар
(како што е педијатар или очен лекар) пред да дозволите
малите деца да гледаат 3D видеослики.
Возрасните треба да ги надгледуваат децата за да
обезбедат дека тие ги следат препораките дадени погоре.
* За потрошувачите во Европа и Обединетото Кралство
http://www.sony-europe.com/myproduct/
За потрошувачите во Пацифичка Азија и Африка
http://www.sony-asia.com/support/
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА
Внимание: Овој плеер може бесконечно да
задржи видеослика на пауза или слика на
екранот на вашиот телевизор. Ако замрзната
видеосликата или сликата на екранот ја
оставите прикажана на телевизорот подолг
период, ризикувате трајно оштетување на
екранот на телевизорот. Панелните телевизори
со плазма-приказ и телевизорите со проектори
се чувствителни на ова.
Обратете се до најблискиот продавач на Sony ако имате
какви било прашања или проблеми во врска со плеерот.
Спецификации
Приклучоци за влез/излез
HDMI IN
HDMI 19-игли, стандарден приклучок
Видео: 480i/576i, 480p/576p, 720/50p/60p*1, 1080/50i/60i*1, 1080/24p/50p/60p*1
Аудио: Линеарен PCM (до 8 канали), Dolby Digital
HDMI OUT
HDMI 19-игли, стандарден приклучок
Видео: 720/50p/60p*2, 1080/50i/60i, 1080/24p/50p/60p*2
Аудио: Линеарен PCM (до 8 канали), Dolby Digital, Dolby Digital Plus
DIGITAL AUDIO OUT (OPTICAL)
Приклучок за оптички излез/-18dBm (бранова должина 660 nm)
Линеарен PCM (2 канали), Dolby Digital
LAN
USB
100BASE-TX-терминал
Приклучок за USB, Тип A*3
Приемник за инфрацрвени сигнали
Мини приклучок (за приклучување на кабелот на приемникот за инфрацрвени сигнали)
Напојување и друго
Побарувања за напојување
220-240 V AC, 50/60 Hz
Потрошувачка на струја
21 W
Димензии (приближно)
204 mm × 130 mm × 35 mm
(ширина/длабочина/висина) вклучително и испакнатите делови
Маса (приближно)
0,6 kg
Работна температура
Работна влажност
5°C до 35°C
25% до 80%
Безжично
Стандард за безжичен LAN
IEEE 802.11b/g/n
Појас на фреквенција
2,4 GHz појас: Канали 1-13
Модулација
DS-SS-модем и OFDM-модем
Bluetooth
Комуникациски систем
Спецификација за Bluetooth, верзија 3.0
Појас на фреквенција
2,4 GHz појас: Канали 79 со 1 MHz BW
Модулација
Компатибилни Bluetooth профили*4
HID (Профил за интерфејс меѓу човекот и уредот), SPP (Профил на сериска порта)
FHSS
Дополнителна опрема
Доставена дополнителна опрема
Далечински управувач NSG-MR5E (1)/R6 (Големина AA) батерии*5 (2)/
кабел за напојување со наизменична струја (напојување со струја) (1)/
кабел на приемникот за инфрацрвени сигнали (1)/Водич за брзо поставување (1)/
Почеток (1)/Референца Водич (1)/Гаранциски картон (1)
*1 Компатибилност за 3D-влез.
*2 Компатибилност за 3D-излез.
*3 За детали околу USB-уредите што може да се поврзат со плеерот, погледнете во „Help Guide“ (Водич за помош)
(http://www.sony.net/helpguide/r/networkplayer/).
*4 Bluetooth-профилите се стандардизирани во согласност со намената на Bluetooth-уредот.
*5 Алкални батерии. Не користете мангански или литиумски батерии кога ги заменувате старите батерии.
Дополнителни
информации
• WPA-PSK (TKIP), WPA2-PSK (TKIP)
TKIP е безбедносна технологија развиена за да ги
поправи недостатоците на WEP. TKIP гарантира
повисоко ниво на безбедност од WEP.
За безбедноста на безжичен LAN
• WPA-PSK (AES), WPA2-PSK (AES)
AES е безбедносна технологија која користи напреден
безбедносен метод што е поинаков од WEP и TKIP.
AES гарантира повисоко ниво на безбедност од WEP
или TKIP.
Бидејќи комуницирањето преку функцијата за
безжичен LAN е воспоставено со радиобранови,
безжичниот сигнал може да биде подложен на
пресретнување. За заштитување на безжичната
комуникација, овој плеер поддржува различни
безбедносни функции. Осигурете се дека правилно
ќе ги конфигурирате безбедносните поставки
соодветно на вашата мрежна средина.
• Без безбедност
Иако лесно можете да ги извршите поставките, секој
може да ја пресретне безжичната комуникација или
да навлезе во вашата безжична мрежа, дури и без
современи алатки. Имајте предвид дека има ризик од
неовластен пристап или пресретнување на податоци.
• WEP
WEP применува безбедност на комуникации за
да спречи надворешни лица да ја пресретнат
комуникацијата или да навлезат во вашата безжична
мрежа. WEP е наследна безбедносна технологија
којашто овозможува да се поврзат постари уреди што
не поддржуваат TKIP/AES.
Информации за
заштитените трговски
знаци
• Технологијата за аудиокодирање MPEG Layer-3
и патентите се со лиценца на Fraunhofer IIS и Thomson.
• Називите HDMI и HDMI High-Definition Multimedia
Interface и логото HDMI се заштитени трговски знаци
или регистрирани заштитени знаци на HDMI Licensing
LLC во Соединетите Американски Држави и/или во
други земји.
• Произведено според лиценца на Dolby Laboratories.
Dolb и симболот со двојно D се заштитени знаци на
Dolby Laboratories.
• Ознаката и логоата на Bluetooth® се регистрирани
заштитени знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc.
и нивната употреба од страна на Sony Corporation е со
лиценца.
• WPA™ и WPA2™ се заштитени знаци на Wi-Fi Alliance.
• Технологијата за препознавање музика и видео
и сродни податоци ја обезбедува Gracenote®.
Gracenote е индустриски стандард во технологијата
за препознавање музика и за испорака на сродна
содржина. За повеќе информации, посетете ја
страницата www.gracenote.com.
CD, DVD, Blu-ray Disc и музички или податоците
поврзани со видео од Gracenote, Inc., авторско право
© 2000-до денес Gracenote. Софтверот на Gracenote,
авторско право © 2000-до денес Gracenote. Еден или
повеќе патенти во сопственост на Gracenote важат за
овој производ и услуга. Видете ја интернет-страницата
на Gracenote каде е даден нецелосниот список со
применливи патенти на Gracenote. Логото и логотипот
на Gracenote, CDDB, MusicID, MediaVOCS, Gracenote
и логото „Powered by Gracenote“ се или регистрирани
заштитени знаци или заштитени знаци на Gracenote
во Соединетите Американски Држави и/или во
други земји.
• Windows Media е или регистриран заштитен знак или
заштитен знак на Microsoft Corporation во Соединетите
Американски Држави и/или во други земји.
Овој производ е заштитен со определени права на
интелектуална сопственост на Microsoft Corporation.
Забранета е употреба или дистрибуција на таква
технологија надвор од овој производ без дозвола од
Microsoft или од овластена филијала на Microsoft.
• Содржи технологија Flash®, Flash® Lite® и/или Reader®
од Adobe Systems Incorporated. Овој производ на Sony
содржи софтвер за плеер Adobe® Flash® со лиценца од
Adobe System Incorporated, Авторски права © 1995-2010
Adobe Systems Incorporated. Сите права се задржани.
Adobe, Flash, Flash Lite и Reader се или регистрирани
заштитени знаци или заштитени знаци на Adobe Systems
Incorporated во Соединетите Американски Држави
и/или во други земји.
• Дизајнирано со UEI Technology™
Со лиценца од Universal Electronics Inc.
Делови © UEI 2000 - 2012
• Другите имиња на системи и производи се генерално
заштитени знаци или регистрирани заштитени знаци
на производителите. Знаците ™ и ® не се посочени во
овој документ.
Download PDF

advertising