Sony | HT-ST7 | Sony HT-ST7 7.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® Упатство на препораки

Звучен столб
Упатство на препораки
HT-ST7
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не монтирајте го апаратот во затворен простор, како што е полица за
книги или вграден шкаф.
За да го намалите ризикот од пожар, не покривајте го отворот за
вентилација на апаратот со весници, прекривки, завеси итн.
Не изложувајте го апаратот на извори на отворен оган (на пример,
запалени свеќи).
За да го намалите ризикот од пожар или електричен шок, не го
изложувајте апаратот на капење или прскање и не поставувајте на
него предмети што се наполнети со течности, како на пример, вазни.
Напомена за потрошувачите: следните
информации се применливи само за опремата
продадена во земјите што ги применуваат
директивите на ЕУ.
Овој производ е произведен од или во име на Sony Corporation,
1-7-1 Konan Minato-ku Tokyo, 108-0075 Japan. Прашањата поврзани со
компатибилностa на производот со законодавството на Европската
Унија треба да бидат упатени до овластениот претставник,
Sony Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart,
Germany. Обратете се на адресите дадени во посебните документи
за услуги или гаранција за какви било прашања во врска со услугата
или гаранцијата.
Уредот не е исклучен од главниот довод сè додека е поврзан
во приклучокот со наизменична струја, дури и ако самиот уред
е исклучен.
Бидејќи главниот приклучок се користи за да се исклучи делот од
главните водови, поврзете го делот со лесно достапен штекер за
наизменична струја. Ако забележите неправилности во делот,
веднаш исклучете го главниот приклучок од штекерот за
наизменична струја.
Не изложувајте ги батериите или апаратите што имаат монтирана
батерија на прекумерна топлина, како на пример, сончева светлина
или оган.
Само за употреба во затворени простории.
Препорачани кабли
За поврзување на компјутерите домаќини и/или периферните уреди,
мора да се користат соодветно заштитени и вземјени кабли
и приклучоци.
Опремата е тестирана и е во согласност со ограничувањата зададени
од Директивата EMC за користење кабел пократок од 3 метри.
2МК
Со ова, Sony Corp., изјавува дека оваа опрема е во согласност
со суштинските барања и другите важни одредби од
Директивата 1999/5/EC.
За детали, посетете ја следната веб-адреса:
http://www.compliance.sony.de/
Фрлање стара електрична
и електронска опрема (применливо
во Европската Унија и во други
европски земји со посебни
собирни системи)
Овој симбол на производот или на неговата
амбалажа покажува дека со овој производ не
треба да се постапува како со домашен отпад.
Наместо тоа треба биде предаден на применливото
збирно место за рециклирање електрична и електронска опрема.
Со правилно отстранување на производот ќе помогнете да се
спречат потенцијални негативни последици за природата и здравјето
на човекот, кои инаку може да се предизвикаат со несоодветно
постапување со отпадот на овој производ. Рециклирањето на
материјалите ќе помогне за заштита на природните богатства.
За подетални информации за рециклирањето на овој производ,
контактирајте со вашата локална месна заедница, вашиот сервис
за отстранување домашен отпад или со продавницата каде што
го купивте овој производ.
Само за
Европа
Отстранување потрошени батерии
(применливо во Европската Унија
и во други европски земји со посебни
системи на собирање)
Во случај на производи кои од безбедносни причини, поради изведба
или интегритет на податоци имаат потреба од трајна поврзаност
со вметната батерија, оваа батерија треба да ја замени само
квалификуван персонал.
За да бидете сигурни дека со батеријата ќе се постапи соодветно,
предадете го потрошениот производ на применливото збирно
место за рециклирање електрична и електронска опрема.
За сите други батерии, погледнете го делот за тоа како безбедно да
се отстрани батеријата од производот. Батеријата предадете ја на
применливото збирно место за рециклирање отпадни батерии.
За подетални информации за рециклирањето на овој производ или
батеријата, контактирајте со вашата локална месна заедница, вашиот
сервис за отстранување домашен отпад или со продавницата каде
што го купивте овој производ.
За потрошувачите во Австралија или Нов Зеланд
За безжичниот предавател (EZW-RT50)
Оваа опрема треба да се постави и да работи на растојание од
најмалку 20 m или повеќе меѓу емитувачот на сигналот и телото
на лицето (вклучувајќи ги екстремитетите: дланките, зглобовите,
стапалата и глуждовите).
Овој симбол на батеријата или на амбалажата покажува
дека со батеријата којашто е дадена со овој производ
не треба да се постапува како со домашен отпад.
Кај определени батерии овој симбол може да се користи во
комбинација со хемиски симбол. Хемиските симболи за жива (Hg)
или олово (Pb) се додаваат ако батеријата содржи повеќе од
0,0005% жива или 0,004% олово.
Со правилно отстранување на овие батерии ќе помогнете да се
спречат потенцијално негативни последици за природата и здравјето
на човекот, кои инаку може да се предизвикаат со несоодветно
постапување со отпадот на батеријата. Рециклирањето на
материјалите ќе помогне за заштита на природните богатства.
3МК
Содржина
Мерки за претпазливост ......................................................... 5
Безжична технологија BLUETOOTH ....................................... 6
Монтажа на долгнавестиот звучник на ѕид ........................ 8
Вклучување на функцијата за инфрацрвено
повторување (кога не може да го
контролирате телевизорот) ............................................. 9
Вклучување на функцијата Secure Link ............................... 10
Користење на функцијата Control for HDMI ........................ 11
Користење на функциите „BRAVIA“ Sync ............................. 11
Решавање проблеми .............................................................12
Спецификации .........................................................................15
4МК
Мерки за претпазливост
За безбедност
 Ако
цврст објект или течност паднат во системот, исклучете го
системот и нека го провери квалификувано лице пред да го
користите пак.
 Не качувајте се на долгнавестиот звучник или на сабвуферот затоа
што може да паднете и да се повредите или да го оштетите
системот.
За изворите за напојување со ел. енергија
 Пред
да управувате со системот, проверете дали работниот
напон е ист како и вашето локално снабдување. Работниот
напон е назначен на плочата со името на задната страна на
долгнавестиот звучник.
 Ако не планирате подолго време да го користите системот,
осигурете се дека сте го исклучиле од ѕидниот штекер (главен
довод). За да го исклучите кабелот за напојување со наизменична
струја (главен вод), фатете го самиот приклучок; никогаш не тегнете
го кабелот.
 Едниот забец на приклучокот е поширок од другиот од безбедносни
причини може да се вметне во ѕидниот штекер (главен довод)
на само еден начин. Ако не можете целосно да го внесете
приклучокот во штекерот, контактирајте со вашиот продавач.
 Кабелот за напојување со наизменична струја (главен вод) може
да се замени само кај квалификуван сервис.
За загревање
Иако системот се загрева за време на работата, ова не претставува
дефект. Ако постојано многу го користите овој систем, температурата
на системот на задниот дел и на страните значително се зголемува.
За да не се изгорите, не допирајте го системот.
За поставувањето
 Не
поставувајте го системот во близина на топлотни извори или
на место кое е изложено на директна сончева светлина, има
прекумерна прашина или механички шок.
 На задниот дел на долгнавестиот звучник и сабвуферот не
поставувајте ништо што може да ги блокира отворите за
вентилација и да предизвика дефект.
 Ако системот се користи во комбинација со телевизор, VCR или
магнетофон може да се појави шум и квалитетот на сликата ќе трпи.
Во тој случај, поставете го системот подалеку од телевизорот,
VCR или магнетофонот.
 Внимавајте кога го поставувате системот на површини кои се
посебно обработени (со восок, масло, средство за полирање итн.)
бидејќи како резултат на тоа може да се предизвикаат дамки или
обезбојување на површината.
 Внимавајте да не се оштетат аглите на долгнавестиот звучник или
сабвуферот.
Ракување со сабвуферот
Не ставајте ја раката во расцепот на сабвуферот кога го подигнувате.
Може да се оштети двигателот на звучникот. Кога го подигнувате,
држете го дното на сабвуферот.
За оперативноста
Пред да поврзете друга опрема, осигурете се дека сте го изгаснале
и исклучиле системот.
Ако забележите неправилност на бојата на телевизор
во близина
Кај одредени телевизори може да се забележат неправилности
на бојата.
Ако забележите неправилност на бојата...
Исклучете го телевизорот и вклучете го по 15 до 30 минути.
Ако повторно забележите неправилност на бојата...
Поставете го системот подалеку од телевизорот.
 Поставете
го системот на локација со соодветна вентилација за
да спречите загревање и за да го продолжите животниот век
на системот.
продолжува
5МК
За чистење
Исчистете го системот со мека сува крпа. Не користете абразивни
перничиња, прашоци за чистење или растворувачи како алкохол
или бензин.
Ако имате прашања или проблеми во врска со вашиот систем,
консултирајте се со најблискиот продавач на Sony.
Авторски права
Овој систем е обединет со Dolby* Digital и со DTS** Digital Surround
System.
* Произведено со дозвола од Dolby Laboratories.
Dolby и симболот со двојно D се заштитени знаци на
Dolby Laboratories.
** Произведено согласно лиценцата на патентите во САД, со броеви:
5,956,674; 5,974,380; 6,226,616; 6,487,535; 7,212,872; 7,333,929;
7,392,195; 7,272,567 и други издадени или во процес на издавање
патенти во САД и ширум светот. DTS-HD, симболот и DTS-HD
со симболот се регистрирани заштитени знаци на DTS, Inc.
Производот вклучува софтвер. © DTS, Inc.
Сите права се задржани.
Називот и логоата BLUETOOTH® се регистрирани трговски марки во
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на такви знаци
од страна на Sony Corporation е под лиценца.
Овој систем вклучува технологија на меѓуврска за мултимедиуми со
висока дефиниција (HDMI™).
Називите HDMI и HDMI High-Definition Multimedia Interface и логото
HDMI се заштитени знаци или регистрирани заштитени знаци на HDMI
Licensing LLC во Соединетите Американски Држави и во други земји.
Логото „BRAVIA“ е заштитен знак на Sony Corporation.
„x.v.Colour“ и логото „x.v.Colour“ се заштитени знаци на
Sony Corporation.
6МК
Ознаката N е заштитен знак или регистриран заштитен знак на
NFC Forum, Inc. во Соединетите Американски Држави и во други земји.
Android е заштитен знак на Google Inc.
© 2012 CSR plc и компаниите во нивната групација.
Ознаката aptX® и логото aptX се заштитени знаци на CSR plc или
на некоја од компаниите во нивната групација и може да се
регистрирани во една или повеќе судски надлежности.
Другите заштитени знаци и заштитени имиња се оние на нивните
соодветни сопственици.
Безжична технологија BLUETOOTH
Поддржана верзија и профили на BLUETOOTH
Профилот се однесува на стандардниот сет на можности за
разни можности на производот со BLUETOOTH. Погледнете
„Спецификации“ (страница 15) на верзијата и профилите на
BLUETOOTH што се поддржани од овој систем.
Забелешки
 За
да можете да ја користите функцијата BLUETOOTH, уредот со
BLUETOOTH кој треба да се поврзе мора да го поддржува истиот
профил како и овој систем. Дури и ако уредот го поддржува истиот
профил, функциите може да се разликуваат поради спецификациите
на уредот со BLUETOOTH.
 Репродукцијата на аудио на овој систем може да биде одложена
споредено со онаа на уредот со BLUETOOTH, поради
карактеристиките на безжичната технологија BLUETOOTH.
Ефективен опсег за комуникација
Уредите со BLUETOOTH треба да се користат во приближно
10 метри (непречено растојание) еден од друг. Ефективниот опсег
за комуникација може да стане пократок под следните услови:
 кога некое лице, метален објект, ѕид или друга препрека се
наоѓа помеѓу уредите со поврзување преку BLUETOOTH;
 локации каде што е инсталиран безжичен LAN;
 околу микробранови печки што се користат;
 локации каде што може да се појават други електромагнетни
бранови.
Ефекти од други уреди
Уредите со BLUETOOTH и безжичниот LAN (IEEE 802.11b/g) користат
ист фреквентен појас (2,4 GHz). Кога го употребувате вашиот уред
со BLUETOOTH во близина на уред со можност за безжичен LAN,
може да се појават електромагнетни пречки.
Ова може да резултира со послаби стапки на пренос на податоци,
шум и неможност за поврзување. Ако ова се случи, пробајте да го
решите проблемот на следните начини:
 Обидете се да го поврзете овој систем и мобилниот телефон
со BLUETOOTH или уредот со BLUETOOTH кога сте најмалку
10 метри оддалечени од опрема со безжичен LAN.
 Исклучете ја опремата со безжичен LAN кога го користите
вашиот уред со BLUETOOTH на растојание до 10 метри.
Забелешки
 Овој
систем поддржува безбедносни функции кои се во согласност
со спецификацијата на BLUETOOTH како средства за обезбедување
безбедност за време на комуникацијата со помош на технологијата
BLUETOOTH. Сепак, оваа безбедност може да биде недоволна во
зависност од содржината на поставките и од други фактори, па затоа
секогаш бидете внимателни кога вршите комуникација со помош на
технологијата BLUETOOTH.
 Sony не може да биде одговорен на било кој начин, за оштетувања
или други загуби кои резултираат од протекувањето информации во
текот на комуникацијата со помош на технологијата BLUETOOTH.
 Комуникацијата со BLUETOOTH не е нужно гарантирана со сите уреди
со BLUETOOTH кои имаат ист профил како и овој систем.
 Уредите со BLUETOOTH што се поврзани со овој систем мора да се во
согласност со спецификацијата на BLUETOOTH пропишана од страна
на Bluetooth SIG, Inc. и мора да бидат сертифицирани за да се
усогласат. Меѓутоа, дури и кога уредот ја исполнува спецификацијата
на BLUETOOTH, може да има случаи каде што карактеристиките или
спецификациите на уредот со BLUETOOTH прават да не е можно да
се поврзете или можат да резултираат со различни методи за
контрола, приказ или работење.
 Може да се појави шум или звукот може да се отсече во зависност
од уредот со BLUETOOTH поврзан на овој систем, средината за
комуникации или условите во опкружувањето.
Ефекти врз други уреди
Емитирањето радиобранови од овој систем може да го
попречува работењето на некои медицински уреди. Бидејќи овие
пречки можат да резултираат со дефект, секогаш исклучете ги
напојувањето на овој систем, мобилниот телефон со BLUETOOTH
и уредот со BLUETOOTH на следниве локации:
 во болници, возови, авиони, на бензински пумпи, и на било кои
други места каде може да се присутни запаливи гасови;
 во близина на автоматски врати или аларми за пожар.
7МК
Монтажа на долгнавестиот звучник на ѕид
2
Прицврстете ги завртките за ѕидот.
Завртките треба да се издадени 8 до 9 mm од ѕидот.
Центар на долгнавестиот звучник
Може да го монтирате долгнавестиот звучник на ѕид.
365 mm (лево)
Забелешки
310 mm (десно)
 Употребете
завртки коишто се соодветни за материјалот на ѕидот
и за силата. Бидејќи гипс-картонот е особено кршлив, прикачете ги
завртките безбедно за греда на ѕидот. Монтирајте го долгнавестиот
звучник на вертикална и рамна област на ѕидот.
 Доделете го монтирањето на продавачите на Sony или на
лиценцирани изведувачи и посветете посебно внимание на
безбедноста за време на монтирањето.
 Sony не е одговорен за несреќи или оштетување предизвикани од
несоодветно монтирање, недоволна јачина на ѕидот, несоодветно
поставување на завртките или природни катастрофи итн.
1
Подгответе завртки (не се доставуваат) што се соодветни
за отворите на задниот дел на долгнавестиот звучник.
4 mm
Повеќе од 30 mm
4,6 mm
10 mm
Отвор на задниот дел на долгнавестиот
звучник
8МК
8 до 9 mm
3
Закачете го долгнавестиот звучник на завртките.
Подредете ги отворите на задниот дел на долгнавестиот
звучник со завртките, а потоа обесете го долгнавестиот
звучник на 2 завртки.
Вклучување на функцијата за
инфрацрвено повторување (кога не
може да го контролирате телевизорот)
2
Поставете го IR blaster поблиску до сензорот за
далечинскиот управувач на телевизорот, насочувајќи
го емитувачот за инфрацрвено кон сензорот на
далечинскиот управувач на телевизорот.
Кога долгнавестиот звучник е поставен пред телевизорот, можно
е да не можете да го управувате телевизорот со неговиот
далечински управувач. Во тој случај, поврзете IR blaster што
е доставен на приклучокот IR BLASTER на долгнавестиот звучник,
потоа вклучете ја функцијата за инфрацрвено повторување.
Ќе може да го контролирате телевизорот со неговиот далечински
управувач преку IR blaster.
1
Поврзете IR blaster што е доставен на приклучокот
IR BLASTER на долгнавестиот звучник.
Забелешки
 Погледнете
во упатствата за употреба на телевизорот за локацијата
на сензорот за далечинскиот управувач.
 Поврзете IR blaster пред да го поврзете кабелот за напојување со
наизменична струја (главен вод) на долгнавестиот звучник.
 Не поврзувајте IR blaster на приклучок за слушалки итн. на
телевизорот.
 Не користете IR blaster за други намени.
 Проверете дали работи функцијата за инфрацрвено повторување
пред да зацврстите IR blaster на долгнавестиот звучник со дадената
двојно леплива лента.
 Локацијата на IR blaster може да се разликува зависно од производот
што го користите.
3
4
5
Притиснете MENU на далечинскиот управувач на
системот.
(Погледнете во „Прилагодување на поставките“ во упатствата
за употреба.)
Изберете „SYSTEM“ со /, потоа притиснете ENTER.
Изберете „IR REP.“, потоа притиснете ENTER.
продолжува
9МК
6
7
Изберете „ON“, потоа притиснете ENTER.
Притиснете MENU.
Менито се исклучува.
Забелешки
 Проверете
дали далечинскиот управувач не може да го контролира
телевизорот, потоа поставете го „IR REP.“ на „ON“. Ако е поставен на
„ON“ кога далечинскиот управувач може да го контролира
телевизорот, може да не се добие соодветната операција поради
мешање помеѓу директната наредба од далечинскиот управувач
и наредбата преку долгнавестиот звучник.
 Оваа функција може да не работи на некои телевизори. Во тој случај,
прилагодете ја положбата на IR blaster или долгнавестиот звучник.
1
2
3
4
5
Вклучување на функцијата Secure Link
Може да го одредите безжичното поврзување што ќе се
користи за поврзување на долгнавестиот звучник и сабвуферот
користејќи ја функцијата Secure Link. Оваа функција е корисна
кога користите повеќе безжични производи.
Индикатор

SECURE LINK
6
Изберете „WS“ со /, потоа притиснете ENTER.
Изберете „SEC. ON“, потоа притиснете ENTER.
Кога ќе се појави „START“, притиснете ENTER.
Се појавува „SEARCH“ и долгнавестиот звучник пребарува
да најде опрема која може да се користи со Secure Link.
Продолжете на следниот чекор во рок од 2 минути.
За да ја напуштите функцијата Secure Link за време на
пребарувањето за опрема, притиснете RETURN.
Притиснете SECURE LINK на сабвуферот со врвот од
пенкало итн.
Индикаторот  на сабвуферот засветува жолто. „OK“ се
појавува на екранот на предниот панел.
Ако се појави „FAILED“, проверете дали е вклучен сабвуферот
и повторно изведете ја постапката од чекор 1.
Притиснете MENU.
Менито се исклучува.
Откажување на функцијата Secure Link
1
2
3
4
5
10МК
Притиснете MENU на далечинскиот управувач.
(Погледнете во „Прилагодување на поставките“ во упатствата
за употреба.)
Притиснете MENU на далечинскиот управувач.
(Погледнете во „Прилагодување на поставките“ во упатствата
за употреба.)
Изберете „WS“ со /, потоа притиснете ENTER.
Изберете „SEC.OFF“, потоа притиснете ENTER.
Кога ќе се појави „OK?“, притиснете ENTER.
„FINISH“ се појавува на екранот на предниот панел.
Притиснете MENU.
Менито се исклучува.
6
Притиснете и држете на SECURE LINK на сабвуферот за
неколку секунди додека индикаторот  не почне да
свети или трепка зелено.
Притиснете SECURE LINK со врвот од пенкало итн.
Користење на функцијата Control for HDMI
Со овозможување на функцијата Control for HDMI и со поврзување
опрема која е компатибилна со функцијата Control for HDMI преку
кабел за HDMI, поедноставено е работењето со функциите
подолу.
Исклучување на системот
Кога ќе го исклучите телевизорот со копчето за исклучување/
вклучување на далечинскиот управувач на телевизорот, системот
и поврзаната опрема автоматски се исклучуваат.
Audio Return Channel (ARC)
Ако телевизорот е компатибилен со технологијата Audio Return
Channel (ARC), поврзувањето преку кабел за HDMI исто така
испраќа дигитален аудиосигнал од телевизорот до системот.
Не треба да направите посебна аудиоврска за слушање на звукот
од телевизорот преку системот.
Репродукција со еден допир
Кога репродуцирате на опремата што е поврзана со системот
преку кабел за HDMI, поврзаниот телевизор автоматски се
вклучува и влезниот сигнал од системот се префрлува на
соодветниот HDMI-влез.
Забелешки
 Горните
функции може да не работат со определена опрема.
зависност од поставките на поврзаната опрема, функцијата
Control for HDMI може да не работи правилно. Погледнете ги
упатствата за употреба на опремата.
 Во
Системска аудиоконтрола
Ако го вклучите системот додека гледате телевизија, звукот
од телевизорот автоматски ќе се произведе од звучниците на
системот. Јачината на звукот на системот се прилагодува кога
ја прилагодувате јачината на звукот на телевизорот.
Ако последниот пат кога сте го исклучиле телевизорот, звукот од
телевизорот се произведувал од звучниците на системот, кога
повторно ќе го вклучите телевизорот, системот автоматски ќе се
вклучи и звукот од телевизорот автоматски ќе се произведе од
звучниците на системот.
Користење на функциите „BRAVIA“ Sync
Оригиналните функции на Sony кои се наведени подолу, може
да се употребуваат и со производи кои се компатибилни со
„BRAVIA“ Sync.
Штедење енергија
Ако на системот е поврзан телевизор што е компатибилен со
„BRAVIA“ Sync, потрошувачката на енергија се намалува во режим
на подготвеност, преку запирање на пренесувањето на сигналот
HDMI кога телевизорот е исклучен.
продолжува
11МК
Забелешки за поврзувањата со HDMI
Употребете HDMI-кабел со голема брзина. Ако користите
стандарден кабел HDMI, 1080p, сликите во Deep Color или 3D/4K
може да не се прикажуваат добро.
 Користете кабел што е одобрен од HDMI.
Користете кабел Sony HDMI со голема брзина со лого за типот
кабел.
 Не препорачуваме користење HDMI-DVI-кабел за конверзија.
 Проверете ги поставките на поврзаната опрема ако сликата
е лоша или ако не излегува звук од опремата поврзана преку
кабел за HDMI.
 Аудиосигналите (одмерна фреквенција, бит-должина итн.)
што се пренесуваат преку приклучокот HDMI, може да бидат
потиснати од поврзаната опрема.
 Звукот може да биде прекинат кога одмерната фреквенција или
бројот на канали на аудиоизлезниот сигнал од опремата за
репродуцирање се сменети.
 Кога поврзаната опрема не е компатибилна со технологија
заштитена со авторски права (HDCP), сликата и/или звукот од
приклучокот HDMI TV OUT (ARC) може да не се емитува. Во тој
случај, проверете ја спецификацијата на поврзаната опрема.
 Кога „TV“ е избран за влезен извор на системот,
видеосигналите, преку еден од приклучоците HDMI IN кои
беше одбран последниот пат, излегуваат од приклучокот
HDMI TV OUT (ARC).
 Овој систем поддржува преноси Deep Color, „x.v.Colour“, 3D и 4K.
 За да уживате во слики во 3D, поврзете телевизор и
видеоопрема што се компатибилни со 3D (плеер за Blu-ray Disc,
„PlayStation®3“ итн.) со системот користејќи HDMI-кабли со
голема брзина, ставете 3D-очила, а потоа репродуцирајте
3D-компатибилен Blu-ray Disc.
 За да уживате во 4K-слики, телевизорот и плеерите кои се
поврзани на системот мора да се компатибилни со 4K-слики.
Решавање проблеми

12МК
Ако искусите некои од следните тешкотии додека го користите
системот, користете го ова упатство за решавање проблеми за да
ви помогне да го решите проблемот пред да побарате поправки.
Ако кој било проблем е истраен, консултирајте се со најблискиот
продавач на Sony.
НАПОЈУВАЊЕ
Системот не е вклучен.
 Проверете дали кабелот за напојување со наизменична струја
(главен вод) е безбедно поврзан.
Системот автоматски се исклучува.
 Функцијата „A. STBY“ работи. Поставете го „A. STBY“ на „OFF“
(погледнете во „Прилагодување на поставките“ во упатствата
за употреба).
ЗВУК
Dolby Digital или DTS повеќеканален звук не се репродуцира.
 Проверете ги аудиопоставките на Dolby Digital или DTS
форматот на плеерот за Blu-ray Disc, DVD-плеер итн., кои се
поврзани на системот.
Не може да се добие ефект на опкружување.
 Во зависност од влезниот сигнал и поставката SOUND MODE,
обработката за опкружувачки звук може да не работи
правилно. Ефектот на опкружувачки звук може да е суптилен
во зависност од програмата или дискот.
 Ако поврзете плеер за Blu-ray Disc или DVD-плеер што
е компатибилен со функцијата Surround effect, ефектот на
опкружувачки звук на системот може да не работи. Во тој
случај, исклучете ја функцијата Surround effect на поврзаната
опрема. За детали, погледнете во упатствата за употреба
дадени со поврзаната опрема.
Системот не емитува звук од телевизорот.
 Проверете дали влезниот извор е правилно избран. Треба да
се обидете со други влезни извори со притискање на копчето
INPUT неколку пати (погледнете во „Слушање аудио“ во
упатствата за употреба).
 Проверете го поврзувањето на кабелот HDMI, дигиталниот
оптички кабел или аудиокабелот што е поврзан на системот
и телевизорот.
 Проверете дали „TV“ е прикажано како влезен извор на
екранот на предниот панел.
 Проверете го аудиоизлезот на телевизорот.
 Проверете за да се осигурите дека јачината на звукот
на телевизорот не е премала или целосно исклучена.
 Кога е поврзан телевизор што е компатибилен со
технологијата Audio Return Channel (ARC) со кабел HDMI,
проверете за да се осигурите дека кабелот е поврзан на
приклучокот HDMI (ARC) на телевизорот.
 Ако телевизорот не е компатибилен со технологијата Audio
Return Channel (ARC), поврзете го дигиталниот оптички кабел
како дополнение на HDMI-кабелот за да добиете излезен звук.
BLUETOOTH
Звукот се емитува и од системот и од телевизорот.
 Исклучете го звукот на системот или телевизорот.
Спарувањето не може да се направи.
 Ставете ги системот и уредот со BLUETOOTH поблиску
(погледнете во „Слушање аудио од уреди со BLUETOOTH“ во
упатствата за употреба).
 Проверете дали системот има пречки од Wi-Fi, од друг
безжичен уред со 2,4 GHz или од микробранова печка.
Ако во близина постои уред кој генерира електромагнетно
зрачење, преместете го уредот подалеку од овој систем.
Звукот заостанува зад сликата на телевизорот.
 Поставете го „SYNC“ на „OFF“, ако е поставен во некој од
чекорите 1-4 (погледнете во „Прилагодување на поставките“
во упатствата за употреба).
Нема звук или се слуша само многу слаб звук од поврзаната
опрема во системот.
 Притиснете VOL + и проверете ја јачината на звукот.
 Притиснете MUTING или VOL + за да ја откажете функцијата
за безгласност.
 Проверете дали влезниот извор е правилно избран.
 Проверете дали сите кабли на системот и поврзаната опрема
се вметнати докрај.
Не може да се заврши поврзувањето преку BLUETOOTH.
 Проверете дали е вклучен индикаторот BLUETOOTH.
Статус на системот
Статус на индикаторот
За време на спарувањето преку
BLUETOOTH
Брзо трепка сино.
Системот се обидува да се поврзе
со уред со BLUETOOTH
Трепка сино.
Системот воспоставил врска со
уред со BLUETOOTH
Свети сино.
Системот е во режим на
подготвеност на BLUETOOTH
(кога системот е исклучен)
Бавно трепка сино.
 Осигурете се дека уредот со BLUETOOTH кој треба да се поврзе
е вклучен и дека функцијата BLUETOOTH е вклучена.
 Поставете ги системот и уредот со BLUETOOTH што е можно
поблиску.
 Повторно спарете ги системот и уредот со BLUETOOTH.
Поврзувањето преку BLUETOOTH е исклучено.
Од поврзаниот уред не се емитува звук.
Звукот прескокнува.
 Поставете ги системот и уредот со BLUETOOTH поблиску еден
до друг.
 Ако во близина постои уред кој генерира електромагнетно
зрачење, како што е мрежа Wi-Fi, други уреди со BLUETOOTH
или микробранова печка, преместете го уредот подалеку
од системов.
продолжува
13МК
 Отстранете ги сите пречки кои се наоѓаат помеѓу системот
и уредот со BLUETOOTH или преместете го системот подалеку
од пречките.
 Преместете го поврзаниот уред со BLUETOOTH.
 Обидете се да ја промените фреквенцијата Wi-Fi на рутерот за
Wi-Fi, компјутерот итн. на појас од 5 GHz.
Звукот не е синхронизиран со сликата.
 Кога гледате филмови, можеби ќе го слушате звукот со мало
задоцнување зад сликата.
БЕЗЖИЧЕН ЗВУК
Од сабвуферот не се емитува звук.
 Проверете дали кабелот за напојување со наизменична струја
(главен вод) на сабвуферот е безбедно поврзан.
 Проверете дали безжичните предаватели се вметнати
правилно (погледнете во „Вметнување на безжичните
предаватели“ во упатствата за употреба).
 Ако индикаторот  е исклучен:
 Проверете дали кабелот за напојување со наизменична
струја (главен вод) на сабвуферот е безбедно поврзан.
 Вклучете го сабвуферот со притискање на копчето 
на сабвуферот.
 Ако индикаторот  бавно трепка зелено или свети црвено:
 Преместувајте го сабвуферот додека индикаторот не
засвети зелено.
 Проверете го статусот на безжичниот пренос со „RF CHK“
(погледнете во „Прилагодување на поставките“ во
упатствата за употреба). Ако „RF NG“ се појави на предниот
панел за приказ, притиснете ги безжичните предаватели во
долгнавестиот звучник и сабвуферот додека не кликнат.
 Ракувајте како што е опишано во „Вклучување на
функцијата Secure Link“ (страница 10).
 Ако индикаторот  трепка брзо во зелена боја:
 Прво притиснете го копчето  за да го исклучите
сабвуферот, потоа правилно вметнете го безжичниот
приемник во сабвуферот и повторно притиснете го копчето
 на сабвуферот.
14МК
 Ако индикаторот  трепка црвено:
 Притиснете го копчето  за да го исклучите сабвуферот
и проверете дека ништо не ги блокира отворите за
вентилација на сабвуферот.
 Ако влезните извори што содржат многу малку компоненти на
звук бас (на пример, телевизиски пренос), може да е тешко да
се слушне звукот од сабвуферот.
 Зголемете ја јачината на звукот на сабвуферот со притискање
на копчето SW VOL + (погледнете во „Делови и контроли“ во
упатствата за употреба).
Звукот прескокнува или има шум.
 Ако во близина постои уред кој генерира електромагнетно
зрачење, како што е мрежа Wi-Fi или микробранова печка,
преместете го уредот подалеку од системов.
 Отстранете ги сите пречки кои се наоѓаат помеѓу
долгнавестиот звучник и сабвуферот или преместете го
системот подалеку од пречките.
 Поставете ги долгнавестиот звучник и сабвуферот што е можно
поблиску.
ОСТАНАТО
Далечинскиот управувач не функционира.
 Насочете го далечинскиот управувач кон сензорот
за
далечински управувач на системот (погледнете во „Делови
и контроли“ во упатствата за употреба).
 Отстранете ги сите пречки на патот помеѓу далечинскиот
управувач и системот.
 Ако се слаби, заменете ги и двете батерии во далечинскиот
управувач со нови.
 Проверете дали го притискате правилното копче на
далечинскиот управувач.
Далечинскиот управувач на телевизорот не работи.
 Проблемот може да се реши користејќи го дадениот IR blaster
(страница 9).
Функцијата Control for HDMI не работи правилно.
 Проверете го поврзувањето со HDMI.
 Поставете ја функцијата Control for HDMI на телевизорот.
 Проверете дали сета поврзана опрема е компатибилна со
„BRAVIA“ Sync.
 Проверете ги поставките за Control for HDMI на поврзаната
опрема. Погледнете во упатствата за употреба што се
испорачани со поврзаната опрема.
 Ако го поврзувате/исклучувате кабелот за напојување со
наизменична струја (главен вод), почекајте повеќе од
15 секунди и ракувајте со системот.
 Ако го поврзувате аудиоизлезот на видеоопремата и на
системот со помош на кабел кој не е HDMI, можно е да не
излегува звук поради „BRAVIA“ Sync. Во овој случај, поставете го
„CTRL„ на „OFF“ (погледнете во „Прилагодување на поставките“
во упатствата за употреба) или поврзете го приклучокот за
аудиоизлез директно на телевизорот наместо на системот.
„PRTECT (protect)“ се појавува на предниот панел за приказ.
 Притиснете го копчето  за да го исклучите системот. Откако
„STBY“ ќе исчезне, исклучете го кабелот за напојување со
наизменична струја (главен вод), а потоа проверете дека
ништо не ги блокира отворите за вентилација на системот.
РЕСЕТ
Ако системот сè уште не работи правилно, ресетирајте го како
што следи:
1
2
Притиснете го копчето  за да го вклучите
долгнавестиот звучник.
Притиснете го копчето  додека притискате на INPUT
и VOL  на долгнавестиот звучник.
Се појавува „RESET“ и системот е ресетиран. Менито,
SOUND MODE итн. се враќаат на зададените поставки.
Спецификации
Долгнавест звучник (SA-ST7)
Дел на засилувач
ИЗЛЕЗНА МОЌНОСТ (номинално)
Напред Л + Напред Д: 40 W + 40 W
(со 4 оми, 1 kHz, 1% THD)
ИЗЛЕЗНА МОЌНОСТ (референца)
Блокови Напред Л/Напред Д: 50 вати (по канал со 4 оми, 1 Hz)
Блок на централен звучник: 50 вати (по канал со 4 оми, 1 kHz)
Влезови
HDMI IN 1/2/3*
OPTICAL IN 1(TV)/2
ANALOG IN
COAXIAL IN
* Овие 3 приклучоци се идентични. Нема разлика ако користите кој
било од нив.
Излез
HDMI TV OUT (ARC)
Дел за BLUETOOTH
Систем за комуникација
Спецификации за BLUETOOTH, верзија 3.0
Излез
Спецификации за BLUETOOTH, енергетска класа 2
Максимален опсег за комуникација
Линија на погледот прибли. 10 m1)
Максимален број на уреди за регистрација
9 уреди
Фреквентен појас
Појас од 2,4 GHz (2,4000 GHz - 2,4835 GHz)
Метод на модулација
FHSS (Freq Hopping Spread Spectrum)
Компатибилни профили за BLUETOOTH2)
A2DP (Advanced Audio Distribution Profile)
AVRCP 1.3 (Audio Video Remote Control Profile)
продолжува
15МК
Поддржани кодеци3)
SBC4), AAC5), aptX
Опсег на пренос (A2DP)
20 Hz - 20.000 Hz (Мерна фреквенција 44,1 kHz)
1) Вистинскиот опсег ќе се разликува во зависност од фактори
какви што се пречки помеѓу уредите, магнетни полиња околу
микробрановата печка, статички електрицитет, безжичен телефон,
чувствителност на прием, оперативен систем, апликациски
софтвер итн.
2) Профилите на стандардот BLUETOOTH укажуваат на целта на
комуникацијата со BLUETOOTH помеѓу уредите.
3) Кодек: Компресија на аудиосигнал и формат за претворање
4) Кодек за потпојас
5) Напредно аудиокодирање
Општо
Блокови Напред Л/Напред Д
Сабвуфер (SA-WST7)
Систем на звучници
Систем на звучници со 2-начина, акустично привремено
запирање
Звучник
Вуфер: 65 mm конусен тип, звучник со магнетна течност
Високотонец; 20 mm своден тип
Номинален отпор
4 оми
ИЗЛЕЗНА МОЌНОСТ (референца)
100 W (по канал со 4 оми, 100 Hz)
Систем на звучници
Сабвуфер, тип на пасивен емитувач
Звучник
180 mm конусен тип
200 mm × 300 mm конусен тип, пасивен емитувач
Номинален отпор
4 оми
Побарувања за напојување
220 V - 240 V AC, 50 Hz/60 Hz
Потрошувачка на енергија
Вклучено: 30 W
Режим на подготвеност: 0,5 W или помалку
Димензии (прибли.)
241 mm × 391 mm × 411 mm (ш/в/д)
Маса (прибли.)
11,2 kg
Блок на централен звучник
Систем на звучници
Систем на звучници со целосен опсег, акустично привремено
запирање
Звучник (5 звучници)
65 mm конусен тип, звучник со магнетна течност
Номинален отпор
4 оми
16МК
Побарувања за напојување
220 V - 240 V AC, 50 Hz/60 Hz
Потрошувачка на енергија
Вклучено: 55 W
„Control for HDMI“ е исклучена (режим на подготвеност): 0,5 W или
помалку
BLUETOOTH Режим на подготвеност: 0,5 W или помалку
Димензии (прибли.) (ш/в/д)
1.080 mm × 109 mm × 110 mm (без решетка, без држачи)
1.080 mm × 109 mm × 129 mm (со решетка, без држачи)
1.080 mm × 129 mm × 138 mm (со решетка, со држачи)
1.080 mm × 129 mm × 130 mm (без решетка, со држачи)
Маса (прибли.)
7,9 kg (со решетка, со држачи)
Безжичен предавател (EZW-RT50)
3D
Систем за комуникација
Безжичен звук спецификации верзија 1.0
Фреквентен појас
5,725 GHz - 5,875 GHz
Побарувања за напојување
DC 3,3 V, 300 mA
Метод на модулација
DSSS
Димензии (прибли.)
30 mm × 9 mm × 60 mm (ш/в/д)
Маса (прибли.)
10 g
Пакување
рамки
Една до
друга
(Половина)
Над-Под
(Горе-идолу)








1920 × 1080p на 29,97/30 Hz




1920 × 1080p на 25 Hz




1920 × 1080p на 23,98/24 Hz




1920 × 1080i на 59,94/60 Hz




1920 × 1080i на 50 Hz




Дигитални влезни аудиоформати поддржани од
системот
1280 × 720p на 59,94/60 Hz




1280 × 720p на 50 Hz




Dolby Digital
Dolby Digital Plus*
Dolby TrueHD*
DTS
1280 × 720p на 29,97/30 Hz




1280 × 720p на 23,98/24 Hz




720 × 480p на 59,94/60 Hz




720 × 576p на 50 Hz




640 × 480p на 59,94/60 Hz




DTS 96/24
DTS-HD Master Audio*
DTS-HD High Resolution Audio*
DTS-HD Low Bit Rate*
Линеарен PCM двоканален 48 kHz или
помалку
Линеарен PCM максимум 7.1 канали 192 kHz
или помалку*
* Овие формати може да се внесат само со поврзување со HDMI.
Видеоформати поддржани од системот
Датотека
2D
1920 × 1080p на 59,94/60 Hz
1920 × 1080p на 50 Hz
Дизајнот и спецификациите се подложни на промена без
известување.
 Потрошувачка
Влез/Излез (повторувачки блок HDMI)
3D
Датотека
2D
Пакување
рамки
Една до
друга
(Половина)
Над-Под
(Горе-идолу)
4096 × 2160p на 23,98/24 Hz




3840 × 2160p на 29,97/30 Hz




3840 × 2160p на 25 Hz




3840 × 2160p на 23,98/24 Hz




на енергија при
режим на подготвеност: 0,5 W
или помалку (долгнавест звучник)
0,5 W или помалку (сабвуфер)
 Преку 85% од ефикасноста
на струјата на засилувачкиот
блок се постигнува со целосно
дигиталниот засилувач, S-Master.
17МК
18МК
19МК
©2013 Sony Corporation
4-463-414-21(1) (MK)
Download PDF