Sony | ILCA-68K | Sony ILCA-68K Фотоапарат α68 со A-приклучок и APS-C сензор Договорот за лиценца на краен корисник

Македонски
ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА КРАЕН КОРИСНИК
ВАЖНО:
ПРЕД УПОТРЕБА НА СОФТВЕРОТ, ВЕ МОЛИМЕ
ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОГОВОР ЗА
ЛИЦЕНЦА ЗА КРАЕН КОРИСНИК (“ДЛКК”). СО САМОТО
КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ ВИЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ
УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДЛКК.
ДОКОЛКУ НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ
ДЛКК, НЕМАТЕ ПРАВО ДА ГО КОРИСТИТИТЕ
СОФТВЕРОТ.
Овој ДЛКК е правен договор помеѓу Вас и Сони Корпорација
(“SONY”). Овој ДЛКК ги уредува вашите права и обврски во
однос на софтверот на SONY и/или трети лица даватели на
лиценци (вклучувајќи ги и подружниците на SONY) и
нивните респективни подружници (заднички наречени
“ДОБАВУВАЧИ НА ТРЕТИ ЛИЦА”), заедно со било какви
надоградби издадени од SONY, сите печатени, онлајн или
друга електронска документација за таквиот софтвер, и било
какви датотеки креирани преку употребата на таквиот
софтвер (заеднички наречени “СОФТВЕР“).
Без оглед на горенаведеното, било кој софтвер вклучен во
СОФТВЕРот кој има посебен договор за лиценца за краен
корисник (вклучувајки, но не и ограничен на, GNU Општа
јавна лиценца и помалата / Бибилиотетска Општа Јавна
Лиценца) ќе бидат опфатени со таков посебен договор за
лиценца на краен корисник наместо условите на овој ДЛКК до
степен до кој изизскува таквиот посебен договор за лиценца на
креаен корисник (“ИСКЛУЧИВ СОФТВЕР”).
ЛИЦЕНЦА ЗА СОФТВЕР
СОФТВЕРОТ е лиценциран, не продаден. СОФТВЕРОТ е
заштитен со авторски права и други закони за
интелектуална сопственост и меѓународни договори.
АВТОРСКИ ПРАВА
Сите права и титули во и за СОФТВЕРОТ (вклучувајќи ги но и
не ограничени на, било кои слики, фотографии, анимации,
видео, аудио, музика, текст и “аплети” интегрирани во
СОФТВЕРОТ) се сопственост на SONY или на еден или
повеќемина од ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА.
СЕРВИС НА СОДРЖИНАТА
ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ВПРЕДВИД ДЕКА СОФТВЕРОТ
МОЖЕ ДА БИДЕ ДИЗАЈНИРАН ЗА УПОТРЕБА НА
СОДРЖИНА ДОСТАПНА ПРЕКУ ЕДЕН ИЛИ ПОВЕЌЕ
СЕРВИСИ ЗА СОДРЖИНА (“СЕРВИС ЗА СОДРЖИНА”).
УПОТРЕБАТА НА СЕРВИСОТ И КОНКРЕТНАТА
СОДРЖИНА Е ПРЕДМЕТ НА УСЛОВИТЕ ЗА
СЕРВИСИРАЊЕ НА ТОЈ СЕРВИС ЗА СОДРЖИНА. АКО ГИ
ОДБИВАТЕ ТИЕ УСЛОВИ, ВАШАТА УПОТРЕБА НА
СОФТВЕРОТ ЌЕ БИДЕ ОГРАНИЧЕНА. Вие сте запознаени и
согласни дека конкретна содржина и сервиси достапни преку
СОФТВЕРОТ може да бидат обезбедени од трети лица над кои
SONY нема контрола. УПОТРЕБАТА НА СЕРВИСОТ ЗА
СОДРЖИНА ИЗИСКУВА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈА.
СЕРВИСОТ ЗА СОДРЖИНА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕКИНАТ ВО
СЕКОЕ ВРЕМЕ.
ИНТЕРНЕТ ПОВРЗАНОСТ И УСЛУГИ ОД
ТРЕТИ ЛИЦА
Вие сте запознаени и согласни дека пристапот до
конкретниот СОФТВЕРСКИ карактеристики изискува
интернет конекција за која сте самостојно одговорни.
Дополнително, Вие сте самостојно одговорни за плаќања на
надоместоци кон трети лица поврзани со вашата интернет
конекција, вклучувајќи но не и ограничено на Интернет
провајдери или трошоци за емитирање. Оперативноста на
СОФТВЕРОТ може да биде ограничена или забранета во
зависност од можностите, пропусниот опсег или тенички
ограничувања на вашата интернет конекција и сервис.
Прибавувањето, квалитетот и безбедноста на таквата интернет
конекција се единствена одговорност на третото лице
провајдер на услугата.
ИЗВОЗ И ДРУГИ РЕГУЛАТИВИ
Вие сте согласни да се придржувате до сите апликативни
извозни и рестрикции за ре-експорт и регулативи на регионот
или државата во која сте резидент, и да не вршите трансфер или
да авторизирате трансфер на СОФТВЕРОТ во забранета држава
или на друг начин со прекршување на било какви рестрикции и
регулативи од таков вид.
АКТИВНОСТИ СО ВИСОК РИЗИК
SONY Ви доделува ограничена лиценца за употреба на
СОФТВЕРОТ само во сисла на Вашиот компатибилен уред
(“УРЕД”) и само за Ваша индивидуална, некомерцијална
употреба. SONY и ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА
исклучиво го задржуваат секое право, титула и интерес
(вклучувајќи ги, но не и ограничено на, целосните права на
интелектуална сопственост) во и за СОФТВЕРОТкои овој
ДЛКК не ви ги доделува изрично.
СОФТВЕРОТ не е толерантен кон грешки и не е дизајниран,
произведен или наменет за употреба или препродажба како
опрема за он-лајн контрола во хазардни опкружувања кои
изискуваат перформанси безбедни од грешки, како во
управуањето на нуклеарна постројка, системи за навигација или
комуникација на летала, контрола на воздушен сообраќај,
апарати за директно одржување во живот, или системи за
вооружување, во кои потфрлувањето на софтверот може да
доведе до смрт, лична повреда, или потешки физички или
околински повреди (“АКТИВНОСТИ СО ВИСОК РИЗИК”).
SONY, секој од ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА,и секој од
нивните респективни подружници изрично се оградуваат од
секаква експресна или имплицирана гаранција, одговорност или
услови за соодветност за АКТИВНОСТИ СО ВИСОК РИЗИК.
УСЛОВИ И ОГРАНИЧУВАЊА
ИСКЛУЧОК НА ГАРАНЦИЈА НА СОФТВЕРОТ
Не смеете да го копирате, објавите, адаптирате,
редистрибуирате, напавите обид за извлекување на изворниот
код, измените, екстраполирате во обратна постапка на дизајн,
декомпилирате, или расклопите било што од СОФТВЕРОТ,
било целосно или делумно, или да креирате деривативни
ршенија од или врз основа на СОФТВЕРОТ освен ако таквото
деривативно решение е намерно фасилитирано од
СОФТВЕРОТ. Немате право да менувате или подесувате било
кои функционалности на менаџирањето на дигитални права на
СОФТВЕРОТ. Не смете да ги заобиколите, измените,
оневозможите или избегнете било кои од функциите на
заштита на СОФТВЕРОТ или било кој механизам оперативно
поврзан со СОФТВЕРОТ. Не смеете да раздвоите било кои
индивидуални компоненти на СОФТВЕРОТ за употреба на
повеќе од еден уред освен ако не е изричито дозволено од
страна на SONY. Не смеете да отстраните, измените,
покривате или обезличите било кои од трговските марки или
известувања на СОФТВЕРОТ. Не смеете да го споделувате,
дистрибуирате, изнајмувате, издавате, под-лиценцирате,
назначувате, трансферирате или продавате СОФТВЕРОТ.
Софтверот, мрежните сервиси, или други продукти различни
од СОФТВЕРОТ од кои зафиси делувањето на СОФТВЕРОТ
може да бидат прекинати ии дисконтинуирани на дискреција
на добавувачите (софтверските добавувачи, сервисерите, или
SONY). SONY и таквите добавувачи не гарантираат дека
СОФТВЕРОТ, мрежните сервиси, содржините или други
продуки ќе продолжат да бидат достапни или оперативни без
престан или измена.
Вие сте запознаени и согласни дека употребата на СОФТВЕРОТ
е на ваш сопствен ризик и деа сте одговорни за употребата на
СОФТВЕРОТ. СОФТВЕРОТ е достапен “КАКО ШТО Е”, без
гаранција, обврска или услови од било кој вид.
SONY И СЕКОЈ ОД ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА (за
целите на овој дел, SONY и секој од добавувачите на трети лица
колективно ќе бидат условувани како “SONY”) ИЗРИЧНО СЕ
ОГРАДУВААТ ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ, ОБВРСКИ ИЛИ
УСЛОВИ, ЕКСПРЕСНИ ИЛИ ЛИМИТИРАНИ, НА
ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА ПРОДАЖБА,
НЕПРЕКРШУВАЊЕ И СООДВЕТНОСТ ЗА КОНКРЕТНА
НАМЕНА. SONY НЕ ГАРАНТИРА И НЕ ДАВА БИЛО КАКВИ
УСЛОВИ ИЛИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ (A) ДЕКА ФУНКЦИИТЕ
СОДРЖАНИ ВО БИЛО КОЈ ДЕЛ ОД СОФТВЕРОТ ЌЕ ГИ
ИСПОЛНАТ ВАШИТЕ ПОБАРУВАЊА ИЛИ ДЕКА ЌЕ БИДАТ
НАДОГРАДЕНИ, (Б) ДЕКА ОПЕРАТИВНОСТА НА БИЛО
ШТО ОД СОФТВЕРОТ ЌЕ БИДЕ ТОЧНА ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ
ИЛИ ДЕКА БИЛО КОЈ ДЕФЕКТ ЌЕ БИДЕ КОРЕГИРАН, (В)
ДЕКА СОФТВЕРОТ НЕМА ДА ОШТЕТИ НЕКОЈ ДРУГ
СОФТВЕР, ХАРДВЕР ИЛИ ПОДАТОЦИ, (Г) ДЕКА БИЛО КОЈ
СОФТВЕР, МРЕЖНИ СЕРВИСИ (ВКЛУЧУВАЈКИ ГО И
ИНТЕРНЕТОТ) ИЛИ ПРОДУКТИ (РАЗЛИЧНИ ОД
СОФТВЕРОТ) ОД КОИ ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СОФТВЕРОТ
ЗАВИСИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ,
НЕПРЕКИНАТИ ИЛИ НЕПРОМЕНЕТИ, И (Д) ВО ВРСКА СО
УПОТРЕБАТА ИЛИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД УПОТРЕБАТА НА
СОФТВЕРОТ ВО СМИСЛА НА НЕГОВАТА ТОЧНОСТ,
ПРЕЦИЗНОСТ, СТАБИЛНОСТ ИЛИ ВО ДРУГА СМИСЛА.
НИЕДНА УСМЕНА ИЛИ ПИСМЕНА ИНФОРМАЦИЈА ИЛИ
СОАВЕТ ДАДЕН ОД SONY ИЛИ АВТОРИЗИРАН
ПРЕТСТАВНИК НА SONY НЕМА ДА КРЕИРА ГАРАНЦИЈА,
ОБВРСКА ИЛИ УСЛОВ ИЛИ НА БИЛО КОЈ НАЧИН НЕМА
ДА ГО ЗГОЛЕМИ ОПФАТОТ НА ОВАА ГАРАНЦИЈА.
ДОКОЛКУ СОФТВЕРОТ Е ДЕФЕКТЕН ВИЕ ГО
ПРЕВЗЕМАТЕ ЦЕЛОСНИОТ ТРОШОК ЗА СИТЕ ПОТРЕБНИ
СЕРВИСИРАЊА, ПОПРАВКИ ИЛИ КОРЕКЦИ. НЕКОИ
ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА
ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ, ПА ОВИЕ ИСКЛУЧОЦИ
МОЖЕ ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВАС.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА
ИСКЛУЧЕН СОФТВЕР И КОМПОНЕНТИ СО
ОТВОРЕН КОД
Без оглед на горенаведеното доделување на ограничена
лиценца, Вие сте запознаени дека СОФТВЕРОТ може да
содржи ИСКЛУЧИВ СОФТВЕР. Конкретни ИСКЛУЧИВИТЕ
СОФТВЕРИ може да се опфатени со лиценци за софтвер со
отворен код (Компоненти со Отворен Код), што подразбира
било која софтвер лиценца одобрени како лиценца за отворен
код од страна на Иницијативата за Отворен Код или било која
значајно слична лиценца, која вклучува но не е и ограничена
на било која лиценца што како услов на дистрибуција на
софтверот лиценциран под таква лиценца, изискува
дистрибутерот да го направи софтверот достапен во формат со
отворен код. Доколку и до пропишаниот степен до кој се
изизскува објава, Ве молам посетете го сајтот www.sony.net/
Products/Linux или други SONY-означени веб сајтови за листа
на апликативни КОМПОНЕНТИ НА ОТВОРЕН КОД кои се
вклучени во СОФТВЕРОТод време на време, и апликативните
услови кои ја уредуваат неговата употреба. Таквите услови
може да бидат предмет на измена од соодветното трето лице
во секое време без одговорност кон Вас. То степенот до кој
изискува лиценцата за ИСКЛУЧИВИОТ СОФТВЕР, условите
на таквата лиценца ќе биде апликативна наместо условите во
овој ДЛКК. До степенот на условите од лиценцата
апликативна на ИСКЛУЧИВИОТ СОФТВЕР до кои се
забрануват било кои од ограничувањата во овој ДЛКК
респективно на таквиот ИСКЛУЧИВ СОФТВЕР, таквите
ограничувања нема да се апликативни на таквиот
ИСКЛУЧИВ СОФТВЕР. До степенот до кој условите на
лиценцата се апликативни на Компоненти со Отворен Код
изискуваат од SONY да понуди да обезбеди изворен код во
врска со СОФТВЕРОТ, таквата понуда со ова се смета за
дадена.
УПОТРЕБА НА СОФТВЕР СО
МАТЕРИЈАЛ СО ЗАШТИТЕНИ
АФТОРСКИ ПРАВА
СОФТВЕРОТ може да биде оспособен да биде употребен од
Вас за преглед, зачувување, процесирање и/или употреба на
содржина креирана од Вас и/или трети лица. Таквата
содржина може да е заштитена со авторски права, други
закони за интелектуална сопственост, и/или договори. Вие сте
согласни да го употребувате СОФТВЕРОТ само во согласност
со сите такви закони и договори апликативни на таква
содржина. Вие сте согласни дека SONY може да превземе
соодветни мерки за заштита на авторските права на
содржината зачувана, процесирана или употребена од
СОФТВЕРОТ. Таквите мерки вклучуваат, но не се ограничени
на, броење на фреквенцијата на вашиот бекап и реставрација
преку конкретни карактеристики на СОФТВЕРОТ, одбивање
на вашето барање за овозможување на реставрација на
податоци, и раскинување на овој ДЛКК во случај на нелегална
употреба на овој СОФТВЕР.
©2014 Sony Корпорација
4-565-695-41(1)
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
SONY И СЕКОЈ ОД ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА (за
целите на овој дел, SONY и секој од ДОБАВУВАЧИТЕ НА
ТРЕТИ ЛИЦА ќе бидат колективно условени како “SONY”)
НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА ИНЦИДЕНТНИ И
ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ ОД ПРЕКРШУВАЊА НА БИЛО КОИ
ЕКСПРЕСНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ,
ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ, НЕМАРНОСТ, СТРОГА
ОДГОВОРНОСТ ИИ ПОД БИЛО КОЈА ДРУГА ПРАВНА
ТЕОРИЈА ПОВРЗАНА ЗА СОФТВЕРОТ, ВЛУЧУВАЈЌИ НО
НЕ И ОГРАНИЧЕНО НА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ
ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД ЗАГУБА НА ПРОФИТ, ЗАГУБА НА
ПРИХОД, ЗАГУБА НА ПОДАТОК, ЗАГУБА НА
УПОТРЕБАТА НА СОФТВЕРОТ ИЛИ БИЛО КОЈ ПОВРЗАН
ХАРДВЕР, ВРЕМЕ НА ОНЕВОЗМОЖЕНОСТ И ВРЕМЕ НА
КОРИСНИК, ДУРИ И АКО БИЛО КОЈ ОД НИВ Е
СОВЕТУВАН ЗА МОЖНОСТА ЗА ТАКВИТЕ ШТЕТИ. ВО
СЕКОЈ СЛУЧАЈ СЕКОЈА И СИТЕ АГРЕГАТНИ
ОДГОВОРНИСТИ ПОД БИЛО КАКВА ПОКРИЕНОСТ СО
ОВОЈ ДЛКК Ќ БИДАТ ЛИМИТИРАНИ НА СУМАТА КОЈА Е
РЕАЛНО ПЛАТЕНА ЗА ПРОДУКТОТ. НЕКОИ
ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИМИТИРАНИОТ НА ИНЦИДЕНТНИ
ИЛИ КОНСЕКВЕНЦИЈАЛНИ ОШТЕТУВАЊА, ТАКА ШТО
ГОРЕНАВЕДЕНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ
ОГРАНИЧУВАЊА МОЖЕБИ НЕ СЕ АПЛИКАТИВНИ НА
ВАС.
СОГЛАСНОСТ ЗА УПОТРЕБА НА НЕПЕРСОНАЛНИ ПОДАТОЦИ, ПОДАТОЦИ
ЗА ЛОКАЦИЈА, И БЕЗБЕДНОСТ НА
ПОДАТОЦИ
Вие сте запознаени и согласни, SONY и неговите подружници,
партнери и претставници да читаат, прибираат, трансферираат,
процесирааат и чуваат информации придобиени преку
СОФТВЕРОТ, кои вклучуваат но не се и ограничени на
информации за (i) СОФТВЕРОТ и (ii) софтверските апликации,
содржини и периферни уреди кои комуницираат со вашиот
УРЕД и СОФТВЕР (“информации”). Информациите вкллучуваат
но и не се ограничени на: (1) уникатни идентификатори во врска со
вашиот УРЕД и неговите компоненти; (2) перформански на вашиот
УРЕД , СОФТВЕРОТ и нивните компоненти; (3) конфигурацијата на
вашиот УРЕД, СОФТВЕР И софтверски апликации, содржина и
периферни уреди кои комуницираат со УРЕДОТ и СОФТВЕРОТ; (4
у потребата и фреквенцијата на употреба на функциите на (x)
СОФТВЕРОТ, и(y) софтверските апликации, содржина, и
периферните уреди кои комуницираат со СОФТВЕРОТ; и (5)
податоци за локација, како што е имплицирано подолу.
SONY и неговите подружници, партнери и претставници
може да ги употребуваат и предаваат информациите кои
се предмет на применливите закони со цел да ги подобри
своите производи и услуги кон Вас. Таквите употреби ќе
вклучуваат но без ограничување само на: (a) администрирање
на функционалностите на СОФТВЕРОТ; (b) да го подобри,
сервисира, ажурира и надогради СОФТВЕРОТ; (c) за
подобрување, развој и унапредување на постојните и идни
производи и услуги на SONY и други лица; (d) да Ви обезбеди
информации за производите и услугите кои ги нуди SONY и
трети лица; (e) усогласеност со апликативните закони или
регулативи; и (f) до степенот до кој е понудено, да ви ги
овозможи сервисите базирани на локација на SONY и други
лица, како што е имплицирано подолу. Дополнително SONY го
задржува правото да употребува информации за да се заштити
себе си и трети лица од илегални, криминални или штетни
постапки.
Конкретни сервиси достапни преку СОФТВЕРОТ може да
зависат од информации за локацијата вклучувајќи но не и
ограничено на географската локација на УРЕДОТ. Вие сте
запознаени дека за целта на добавување на такви услуги,
SONY, ДОБАВУВАЧИ НА ТРЕТИ ЛИЦА или нивните
партнери можат да собираат, архивираат, процесираат и да
употребуваат такви локациски податоци, и дека таквите
услуги се уредени со политиките за приватност на SONY или
таквите трети лица. Со користењето на таквите услуги Вие сте
согласни дека Вие сте ги прочитале политиките за приватност
применливи за таквите услуги и се согласувате на таквите
активности.
SONY, неговите подружници, партнери и претставници нема
намерно да употребуваат информации со кои лично ќе го
идентификуваат сопственикот или корисникот на
СОФТВЕРОТ без Ваше знаење или согласност. Било каква
употреба на информации ќе биде во согласност со политиките
за приватност на SONY или споменатите трети лица. Ве
молиме контактирајте ја соодветната контакт адреса за секоја
област или држава за актуелната политика за приватност на
SONY.
Ве молиме контактирајте ги соодветните трети лица за
политики на приватност во врска со лично идентификувачки и
други информации кои ги давате кога користите или
пристапувате на софтвер или услуги на трети лица.
Информациите може да се процесираат, чуваат или
трансферираат кон SONY, неговите подружници или
претставници кои се лоцирани надвор од вашата резидентна
држава. Закони за заштита на податоци и приватност на
информации во некои држави може да не нудат исто ниво на
заштита како Вашата домицилна држава и Вие може да имате
помалку права во врска со со процесирање и чување и
трансферирање на информации во таквите држави. SONY ќе
употреби разумен напор да превземе соодветни технички и
организациски чекори за да забрани неавторизиран присатап
до или обајва на информации, но не гарантира дека ќе го
елиминира целиот ризик од штетна употреба на такви
информации.
КАРАКТЕРИСТИКА ЗА АВТОМАТСКО
АЖУРИРАЊЕ
Од време на време, SONY или ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТРЕТИ
ЛИЦА може автоматски да го ажурираат или на друг начин
изменат СОФТВЕРОТ, вклучувајќи но не и ограничено на цели
за подобрување на сигурносните функции, поправка на грешки
и подобрување на функции во време кога комуницирате со
серверите на SONY или на трети лица или во други случаи.
Таквите ажурирања или промени може да ја избришат или
променат природата на карактеристики или други аспекти на
СОФТВЕРОТ, вклучувајќи но не и ограничено на, функции на
кој можеби сметате. Вие сте запознаени и согласни дека таквите
активности може да се појават на самостојна дискреција на
SONY и дека SONY може да ја услови континуираната
употреба на СОФТВЕРОТ по Вашата комплетна инсталација
или прифаќање на таквите ажурирања и промени. Било кои
ажурирања / промени ќе се сметаат дека се, и ќе претставуваат
дел од СОФТВЕРОТ за целите на овој ДЛКК. Со прифаќањето
на овој ДЛКК Вие сте согласни на таквите ажурирања /
промени.
ЦЕЛОСЕН ДОГОВОР, ОТКАЖУВАЊЕ,
ДЕЛИВОСТ
Овој ДЛКК и политиката на приватност на SONY, секој
дополнуван и менлив од време на време, заедно го сочинуваат
целосниот договор помеѓу Вас и SONY во однос на
СОФТВЕРОТ. Неможноста на SONY да го практикува или
спроведе секое право или обезбедување од овој ДЛКК нема да
претставува откажување од таквото право или обезбедување.
Доколку било кој дел од овој ДЛКК се смета за неважечки,
нелегален, или неспроведлив, таа заштита ќе се спроведува до
максималниот степен кој е дозволив со цел да се одржи
намерата на овј ДЛКК и останатите делови ќе останат
правосилни.
ВЛАДЕЈАЧКО ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ
Конвенцијата на Обединетите Нации за договори на
меѓународната продажба на добра нема да важи за овој
ДЛКК. Овој ДЛКК ќе биде уредуван со законите на
Јапонија, без оглед на конфликтни законски обезбедувања.
Било кои спорни прашања во врска со овој ДЛКК ќе бидат
предмет на разгледување ексклузивно во Окружниот суд
во Токио во Јапонија и страните се согласни на просторот
и надлежноста на таквите судови.
ПРАВНИ ЛЕКОВИ
Без оглед на било што во овој ДЛКК за спротивното,
Вие сте запознаени и согласни дека било кое
прекршување на или непридржување на овој ДЛКК од
Вас ќе предизвика непоправлива штета на SONY за која
монетарна отштета би била неадекватна и вие се
согласувате SONY да превземе било какви судски
забрани или праведен надомест кои SONY ги смета за
неопходни или соодветни во такви околности. SONY
може исто така да превземе било какви правни и
технички лекови за да спречи прекршување на и/или да
го спроведе овој ДЛКК, вклучувајќи но не и ограничено
на, моментален прекин на вашата употреба на
СОФТВЕРОТ, доколку SONY верува на своја сопствена
дискреција дека Вие го прекршувате или имате наера да
го прекршите овој ДЛКК. Овие правни лекови се во
дополнение на било кои други правни лекови кои SONY може да
ги поседува по закон, по правило или по договор.
РАСКИНУВАЊЕ
Без да е во спротивност на било кои од неговите други
права, SONY може да го раскине овој договор доколку
не ги исполнувате било кои од наведените услови. Во
случај да се појави такво раскинување Вие морате (i) да
ја прекинете целосната употреба и да ги уништите сите
копии од СОФТВЕРОТ; (ii) да се согласите со
побарувањата подолу во делот со наслов “ваши обврски
кон сметката”.
АМАНДМАНИ
SONY ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГИ ИЗМЕНИ БИЛО
КОИ ОД УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДЛКК ПО СОПСТВЕНО
ВИДУВАЊЕ ПРЕКУ ОБЈАВА НА ИЗВЕСТИЕ НА
ПРЕЦИЗИРАН ВЕБ САЈТ ОД SONY, ПРЕКУ ИМЕИЛ
НОТИВИКАЦИЈА НА ИМЕИЛ ДОСТАВЕН ОД ВАС, ПРЕКУ
ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ИЗВЕСТИЕ КАКО ДЕЛ ОД
ПРОЦЕСОТ ВО КОЈ ВИЕ ДОБИВАТЕ
НАДОГРАДУВАЊЕ/АЖУРИРАЊЕ ИЛИ ПО БИЛО КОЈА
ПРАВНО ПРЕПОЗНАТЛИВА ФОРМА НА ИЗВЕСТИЕ.
Доколку не се согласите со амандманот треба веднаш да го
контактирате SONY за инструкции. Вашата континуирана
употреба на СОФТВЕРОТ по ефективната дата на било кое
такво известие ќе се смета за ваша согласност да бидете
обврзани по таквиот амандман.
ТРЕТИ ЛИЦА-БЕНЕФИЦИЈАРИ
Секој ДОБАВУВАЧ НА ТРЕТО ЛИЦЕ претставува изрично
наменет трето лице бенефицијар на, и ќе има право да
спроведува било кое обезбедување од овој ДЛКК во однос на
СОФТВЕРОТ на таквото лице
ВАШИ ОБВРСКИ КОН СМЕТКАТА
Ако го вратите Вашиот УРЕД на местото на купување, го
продадете или на друг начин го трансферирате Вашиот
УРЕД, или ако овој ДЛКК е раскинат, Вие сте одговорни
и мора да го деинсталирате СОФТВЕРОТ од УРЕДОТ и
да ги избришете било кои и сите сметки кои сте ги
основале на УРЕДОТ или се достапни преку
СОФТВЕДРОТ. Вие сте самостојно одговорни за
одржување на доверливоста на било која сметка која ја
имате кај SONY или кај трети лица, било кои кориснички
и миња и лозинки поврзани со ВАШАТА УПОТРЕБА на
УРЕДОТ.
Доколку имате некакви прашања во врска со овој ДЛКК,
можете да го контактирате SONY преку допис до SONY
на апликативната контакт адреса за секоја област или
држава.
Авторски Права © 2012 Sony Корпорација.
Download PDF

advertising