Sony | DSC-TX30 | Sony DSC-TX30 Водоотпорен фото апарат TX30 со 5x оптички зум Упатства за употреба

4-456-210-51(1)
Дигитален фотоапарат/Упатство за работа
DSC-TX30
МК
Македонски
Да дознаете повеќе за фотоапаратот (“Cybershot User Guide”)
“Cyber-shot User Guide” е он-лајн прирачник. Видете го
за подобри инструкции за функциите на фотоапаратот.
 Пристапете кон Sony страната за поддршка.
http://www.sony.net/SonyInfo/Support/
 Изберете земја или регион.
 Пребарајте го моделот на Вашиот фотоапарат на
страната за поддршка.
• Проверете го моделот на долниот дел од фотоапаратот.
Проверка на испорачаните делови
Бројот во големата заграда го покажува бројот на парчиња.
• Фотоапарат (1)
• Батерија на полнење NP-BN (1)
(Оваа батерија на полнење не може да се користи со Cyber-shot кои
се испорачани со NP-BN1 батерија.)
• Micro USB кабел (1)
• AC адаптер AC-UB10/UB10B/UB10C/UB10D (1)
• Кабел за напојување (не е испорачан во САД и Канада) (1)
• Лента за околу рака (1)
• Упатство за работа (ова упатство) (1)
• Забелешки за отпорност на вода (1)
МК
2
Податоци за корисникот
Моделот и серискиот број се наоѓаат на долната страна. Запишете го серискиот
број во подолу на предвиденото место. Повикајте се на овие броеви секогаш кога
ќе го контактирате Вашиот Sony продавач во врска со производот.
Модел. DSC-TX30
Сериски бр.
Модел. AC-UB10/AC-UB10B/AC-UB10C/AC-UB10D
МК
Сериски бр.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За избегнување на струен удар, не го изложувајте апаратот на
влага или дожд.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
-ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ ИНСТРУКЦИИ
ОПАСНОСТ
ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЖАР ИЛИ СТРУЕН
УДАР, ВНИМАТЕЛНО СЛЕДЕТЕ ГИ
ИНСТРУКЦИИТЕ
Доколку формата на утикачот на одговара на штекерот, користете соодветен
адаптер за штекерот и правилна конфигурација за напојување од електричната
мрежа.
ВНИМАНИЕ
[ Батерија
Доколку со батериите се ракува неправилно, тие можат да експлодираат и да
предизвикаат пожар или хемиски изгореници. Почитувајте ги следниве правила за
батериите.
• Не ги расклопувајте.
• Не ги изложувајте батериите на удари и прекумерна сила, не дозволувајте да
паѓаат и не ги газете.
• Не предизвикувајте куса врска и не дозволувајте метални објекти да ги допираат
контактите на батериите.
• Не ги изложувајте на висока температура над 60°C (140°F) каква што е директна
сончева светлина или во автомобил паркиран на сонце.
• Да не се горат или изложуваат на оган.
• Не ракувајте со оштетени или протечени литиум јонски батерии.
МК
3
• Уверете се дека за полнење користите оригинал Sony полнач за батерии или уред
кој може да го наполни батериското пакување.
• Држете ги батериите подалеку од дофат на деца.
• Чувајте го батериското пакување суво.
• Заменете ги батериите само со одреден тип.
Во спротивно, може да се предизвика пожар.
• Исфрлете ги старите батерии како што е опишано во упатството.
[ АС Адаптер
Користете го најблискиот штекер кога го користите AC адаптерот. Откачете го AC
адаптерот од штекер веднаш доколку забележите неправилност при користење на
апаратот.
Струјниот кабел е дизајниран за употреба само со овој фотоапарат и не треба да се
користи за други електрични уреди.
За купувачите во САД и Канада
[РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ЛИТИУМ ЈОНСКИТЕ
БАТЕРИИ
Литиум-јонските батерии се рециклираат.
Можете да помогнете во
зачувување на нашата околина со враќање на искористените батерии
на полнење во собирниот центар за рециклирање, блиску до Вас.
За повеќе информации во врска со рециклирањето на батерии за
полнење, повикајте го бесплатниот телефонски број 1-800-822-8837,
или посетете ја интернет страницата http://www.rbrc.org/
Внимание: Не ракувајте со оштетени литиум јонски батерии.
[ Батериско пакување
Овој уред е во согласност со член 15 од FCC правилата. Работата на уредот мора да
ги исполни следниве правила:
(1) Овој уред не смее да предизвика штетни пречки, и (2) овој уред мора да ги
прифати сите примени пречки, вклучително и тие кои можат да предизвикаат
несакани операции.
МК
4
За купувачите во САД
UL е меѓународно признаена организација за безбедност.
UL знакот на производот означува дека производот е вклучен во UL
листата.
Ако имате било какви прашања околу овој производ, можете да повикате:
Sony Информативен центар за купувачи
1-800-222-SONY (7669)
Бројот подолу е само за информации поврзани со FCC.
МК
[ Регулаторни информации
Изјава за усогласеност
Трговско име: SONY
Модел: DSC-ТX20
Одговорна страна: Sony Electronics Inc.
Адреса: 16530 Via Esprillo,
San Diego, CA 92127U.S.A.
Телефон: 858-942-2230
Овој уред е во согласност со член 15 од FCC правилата. Функционирањето е
предмет на следниве два услова: (1) Овој уред не предизвикува штетни пречки (2) овој
уред мора да прифати било какви пречки, вклучувајќи ги и пречките кои можат да
предизвикаат несакани операции.
[ ВНИМАНИЕ
Ве предупредуваме дека било каква промена или модификација која не е посебно
одобрена во ова упатство, може да Ви го одземе правото на користење на оваа
опрема.
[ Забелешка:
Оваа опрема е тестирана и ги исполнува ограничувањата за класа В (бе) за
дигитални уреди, во согласност со член 15 од FCC правилата.
Овие ограничувања се дизајнирани да обезбедат разумна заштита против штетни
пречки во станбената инсталација. Оваа опрема генерира, користи и може да
емитува радиофреквенција и доколку не се користи според упатството може да
предизвика штетни пречки во радио-комуникациите. Меѓутоа, не гарантираме дека
нема да дојде до пречки во одредени инсталации. Ако оваа опрема предизвика
штетни пречки на радио или ТВ приемот, што можат да се забележат со вклучување
и исклучување на уредот, корисникот може да ги коригира пречките се некои од
следниве мерки:
– Преместете ја приемната антена.
– Зголемете го растојанието помеѓу апаратот и приемникот.
– Приклучете го апаратот во утикач кој не е поврзан со приемникот.
– Консултирајте се со продавачот или со искусен радио/ТВ техничар за помош.
Испорачаниот кабел за интерфејсот, мора да се користи со опремата за да
биде во согласност со ограничувањата за дигитални апарати според алинеја B
(бе) во членот 15 oд FCC правилата.
МК
5
За купувачите во Европа
[Забелешка за купувачите во земјите со ЕУ правила
Овој производ е произведен од Sony Corporation, 1-7-1 Konan Minato-ku Tokyo, 1080075 Japan. Прашања во врска со усогласеноста врз основа на законодавството на
ЕУ адресирајте ги на овластените претставници, Sony Deutschland GmbH,
Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart, Germany. За сервис или гаранција, обратете се
на наведените адреси во гарантниот лист.
Овој производ е тестиран и е во согласност со ограничувањата од EMC наредбата за
користење приклучни кабли пократки од 3 метри.
[ Внимание
Електромагнетни полиња на одредени фреквенции може да влијаат на сликата и
звукот на овој уред.
[ Забелешка
Ако преносот на податоци се прекине поради статички електрицитет или
електромагнетно поле рестартирајте ја апликацијата или исклучете и повторно
приклучете го приклучниот кабел (USB, и сл.).
[Исфрлање на стара електрична и електронска опрема (применливо
во Европската унија и други земји со посебни собирни центри)
Овој симбол на производот или на неговото пакување укажува дека
тој не треба да се третира како обичен домашен отпад. Тој треба да
се однесе во посебен собирен центар за рециклирање на електрична
и електронска опрема. Со правилно исфрлање на овој производ, Вие
ќе помогнете во спречувањето на потенцијалните негативни
последици за опкружувањето и човековото здравје, што може да се
предизвикаат со неправилно исфрлање на овој производ.
Рециклирањето на материјалите ќе допринесе за зачувување на природните
ресурси. За подетални информации околу рециклирањето на овој производ, Ве
молиме, контактирајте ја локалната компанија за рециклирање, отпад или
продавницата каде што сте го купиле производот.
[Исфрлање на истрошените батерии (применливо во Европската
унија и земји со посебни собирни центри)
MK
6
Овој симбол на батеријата или на нејзиното пакување, укажува дека
батеријата испорачана со овој производ не треба да се третира како
обичен домашен отпад.
Некои батерии може да се означени со хемиски знак. Хемискиот симбол за жива
(Hg) или олово (Pb) се ставаат на батерии кои содржат повеќе од 0.0005% жива или
0.004% олово. Со правилно исфрлање на батериите, Вие ќе помогнете во спречувањето на потенцијалните негативни последици за опкружувањето и човековото
здравје, што може да се предизвикаат со неправилно исфрлање на овој производ.
Рециклирањето на материјалите ќе допринесе за зачувување на природните ресурси.
Во случај да уредот треба да е постојано поврзан со вградената батерија, за
зачувување, безбедност или интегритет на податоците, оваа батерија треба да се
заменува само од квалификуван сервисен персонал. За да обезбедите правилен
третман на батериите, однесете ги при крај на нивниот животен век во собирен
центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. За правилно и безбедно МК
отстранување на сите типови батерии од апаратот, прочитајте го упатството за
вадење на батериите од уредот. Однесете ги батериите во собирен центар за
рециклирање на електрична и електронска опрема. За подетални информации околу
рециклирањето на батериите, Ве молиме, контактирајте ја локалната компанија за
рециклирање, отпад или продавницата каде што сте го купиле производот.
Отстранување на стари батерии и електрична и електронска опрема
(применливо во Европската Унија и другите европски земји со одвоени системи
за прибирање)
Овој симбол на производот, батеријата или пакувањето означува дека производот и
батеријата не треба да се третираат како обичен отпад од домаќинството. Кај некои
батерии овој симбол може да се користи во комбинација со хемиски симбол.
Хемиските симболи за жива (Hg) или олово (Pb) се додаваат доколку батеријата
содржи повеќе од 0,0005% жива или 0,004% олово. Со правилното отстранување на
овие производи и батерии, ќе помогнете во спречување на потенцијалните негативни
последици по животната средина и човековото здравје кои би можеле да настанат
заради несоодветно ракување со батериите. Рециклирањето на материјалите ќе
помогне во зачувување на природните ресурси.
Доколку производите треба постојано да бидат поврзани на вградена батерија
поради причини поврзани со безбедност, перформанси или интегритет на податоци,
таквата батерија треба да ја менуваат само квалификувани сервисери. За да бидете
сигурни дека батеријата и електричната и електронската опрема правилно ќе се
отстранат, по завршување на нивниот работен век, оставете ги овие производи на
определено место за прибирање и рециклирање на електрична и електронска опрема.
За сите останати батерии, ве молиме погледнете го делот за начинот за безбедно
отстранување на батеријата од производот. Оставете ја батеријата на определено
место за прибирање и рециклирање на стари батерии. За подетални информации
околу рециклирањето на овој производ или батерија, ве молиме обратете се до
вашите локални власти, службата за отстранување отпад или до продавницата во
која сте го купиле производот или батеријата.
Забелешка за купувачите во Велика Британија
Според правилото BS 1363 на оваа опрема е поставен моделиран приклучок за
Ваша безбедност и удобност.
Доколку е потребно да се замени осигурувачот во приклучокот, мора да се
користи осигурувач со исти карактеристики како испорачаниот и одобрен од
ASTA или BSI до BS 1362, (пр. означен со
или
знакот).
Ако приклучокот испорачан со оваа опрема има капак за осигурувачот кој се
вади, уверете се дека сте го поставиле капакот, откако сте го замениле
осигурувачот. Никогаш не го користете приклучокот без капак. Доколку го
изгубите капакот, контактирајте го најблискиот сервис на Sony.
MK
7
За перформанси на фотоапаратот за
отпорност на вода, прашина и шок
Овој фотоапарат е отпорен на вода, прашина и шок. Штета
предизвикана од неправилна употреба или злоупотреба не е покриена
од страна на гаранцијата.
• Овој фотоапарат отпорноста на вода/прашина е еквивалентно на
EC60529 IP68. Фотоапаратот работи во вода до длабочина од 10 m
(33 ft.) околу 60 минути.
• Фотоапаратот не го изложувајте под голем притисок од вода, како на
пр. од чешма.
• Не го користите покрај топли извори.
• Фотоапаратот користете го на препорачаната температура од
0°C do +40°C (32 °F do 104 °F).
• За перформансите за отпорност на шок, овој производ го помина
тестирањето кое е во согласност со MIL-STD 810F Метода 516.5-Шок
(тест метода за шок од страна на Министерството за одбрана на САД),
со пуштање на овој производ од висина 1.5 m (5 ft.) на 5-cm (2 инчи) на
дебела иверица*.
* Во зависност од состојбата и условите на употреба, не се гарантира за
оштетување, дефект или перформансите за отпорност на вода на
фотоапаратот.
• Што се однесува до перформансите за отпорност на прашина/шок,
нема гаранција дека фотоапаратот ќе биде изгребан или вдлабнат.
• Понекогаш перформансите за отпорност на вода се губат ако
фотоапаратот е изложен на силен удар. Ние препорачуваме
фотоапаратот да го однесете на поправка кај овластен сервис.
• Испорачаните додатоци не се отпорни на вода, прашина или шок.
Забелешки пред да го користите фотоапаратот под/во близина на
вода
• Внимавајте да не влезе надворешен предмет, како
на пр. песок, коса или нечистотија во капакот за
батерија/мемориска картичка или во капакот за
повеќенаменски приклучок. Ако влезе и мала
количина може да доведе вода да навлезе
во фотоапаратот.
• Проверете случајно да не се изгребани дихтунгот
 Дихтунг
и неговото лежиште. Дури и мала гребаница може
 Лежиште за
да доведе водата да влезе во фотоапаратот. Ако
дихтунгот
дихтунгот
и
неговото
лежиште
случајно
се
МК
изгребат, фотоапаратот однесете го на поправка кај овластен сервис.
8
• Ако нечистотија или песок влезат во дихтунгот или неговото лежиште,
избришете со мека крпа која не остава влакна. Внимавајте дихтунгот да не го
изгребете додека ја полните батеријата или користите кабел.
• Не го отворајте/затворајте капакот на батеријата/мемориската картичка или
капакот за мулти-приклучокот со влажни или песокливи раце во близина на
вода. Постои ризик вода или песот да влезе внатре. Пред да го отворите капакот,
направете ја постапката објаснета во “Чистење по употреба на фотоапаратот
МК
под/во близина на вода”.
• Отворете го капакот за батерија/мемориска картичка откако фотоапаратот
ќе биде целосно сув.
• Секогаш проверувајте дали капакот за батерија/мемориска картичка и
капакот за мулти приклучокот добро се затворени.
Забелешки за користење на фотоапаратот под/близу вода
• Екранот на допир може да се активира со прскање вода на иконите на екранот.
Кога фотоапаратот го користите под/близу вода, се препорачува да ги сокриете
иконите со допирање
на десната страна од екранот. Допрете
по неколку
секунди за повторно прикажување на иконите.
• Со екранот на допир не можете да работите под вода. Користете ги
копчињата на фотоапаратот за да снимате.
• Фотоапаратот не го изложувајте на шок, како на пр. скокање во вода.
• Не го отворајте или затворајте капакот за батерија/мемориска картичка
или капакот за мулти приклучокот додека се под/близу вода.
• Користете одвоени куќишта (Marine Pack) ако одите подлабоко од
5 метри.
• Овој фотоапарат тоне во вода. Вашата рака ставете ја преку лентата
за околу рака за да спречите тонење на фотоапаратот.
• Бледи бели кружни точки може да се појават на фотографија снимена со блиц
под/близу вода поради отсјајот на предметите што пловат. Ова не е дефект.
• Изберете
(Подводно) во Scene Selection за снимање под вода со
помалку дисторзија.
• Ако капки вода или друг надворешен материјал се присутни на
објективот, нема да може да се снимат јасни слики.
• Не го отворајте капакот за објектив кога има вртлог од песок.
Чистење по употреба на фотоапаратот под/близу вода
• Секогаш чистете го со вода фотоапаратот
по 60 минутно користење и капакот за
батерија/мемориска картичка или капакот
за мулти приклучокот не го отворајте пред
да завршите со чистење. Песок или вода може да
влезе во внатрешниот дел. Ако не се исплакне, водоотпорните
перформански ќе бидат деградирани.
МК
9
• Оставете го фотоапаратот во чиста вода во сад околу 5 минути. Потоа,
во водата нежно протресете го фотоапарат, притиснете го секое копче,
лизгајте ја рачката за зум или капакот за објективот, за да се исчисти
солта, песокот или друг материјал закачен околу копчињата или
капакот за објективот.
• По испирањето, избришете ја преостанатата вода со мека крпа.
Оставете го фотоапаратот комплетно да се исуши на суво место со
добра вентилација. Не го сушете со фен за коса бидејќи може да се
деформира и/или деградираат водоотпорните перформанси.
• Избришете ги капките вода или прашина од капакот за мемориска
картичка/батерија со сува мека крпа.
• Овој фотоапарат е конструиран водата да се исцеди. Водата ќе се
исцеди преку отворите околу ON/OFF (Power) копчето, рачката за зум
и другите контроли. Откако ќе го извадите од вода, фотоапаратот
ставете го на сува крпа кратко време за да може водата да се исцеди.
• Можат да се појават меури кога фотоапаратот е под вода. Ова не е
дефект.
• Куќиштето на фотоапаратот може да ја изгуби бојата ако дојде во
контакт со млеко или масло за сончање. Ако фотоапаратот случајно дојде
во контакт со млеко или масло за сончање, веднаш избришете ја.
• Не дозволувајте во фотоапаратот да остане солена вода или на
неговата површина. Ова може да доведе до корозија или губење на
бојата и деградација на водоотпорните перформанси.
• За одржување на водоотпорните перформанси, препорачуваме еднаш
годишно фотоапаратот да го однесете кај продавачот или овластен
сервис, за проверка на дихтунзите на капакот на батеријата/
мемориската картичка или капакот на мулти конекторот.
МК
10
Identifying parts
Капак за објектив
Блиц
Индикатор за тајмер/Снимање МК
насмевка/AF илуминатор
Објектив
LED светло
Микрофон
MOVIE (Филм) копче
OLED екран/Екран на допир
Звучник (вграден)
ON/OFF (Напојување) копче
W/T (Зум) рачка
Копче за снимање
Кука за лента околу рамо
Мулти/МикроUSB терминал*
Индикатор за полнење
Слот за мемориска картичка
Рачка за вадење батерија
Капак за батерија/мемориска
картичка
Слот за батерија
Индикатор за пристап
HDMI микро приклучок
Приклучок за статив
• Користете статив со навртки
пократки од 5.5 mm (7/32
инчи). Во спротивно,
фотоапаратот нема да можете
добро да го зацврстите и може
да се оштети фотоапаратот.
* Поддржува Микро USB
компатибилен уред.
МК
11
Ставање на батеријата
Рачка за вадење
1 Отворете го капакот.
2 Ставете ја батеријата.
• Израмнете ја батеријата со водичот во слотот за батерија.
Вметнете ја батеријата се додека рачката не се заклучи.
• Внимателно затворете го капакот за батерија се додека не слушнете
заклучување на капакот и жолтата ознака повеќе не се гледа.
• Ако го затворите капакот со неправилно ставена батерија, може
да го оштетите фотоапаратот.
МК
12
Полнење на батеријата
За потрошувачите во
САД и Канада
Кабел за
напојување
За други земји/региони
МК
Индикатор за полнење
Свети: Полни
Исклучено: Полнењето
е завршено
Трепка:
Грешка при полнење или полнењето
привремено е паузирано поради
температурата
го капакот за батерија/мемориска картичка и
1 Отворете
поврзете ги фотоапаратот и AC адаптерот (испорачан)
преку повеќенаменскиот терминал USB кабел
(испорачан).
Поврзете го AC Адаптерот со ѕиден штекер.
2 Индикаторот за полнење свети портокалово и започнува полнењето.
• Додека се полни батеријата исклучете го фотоапаратот.
• Батеријата можете да ја полните и кога делумно е наполнета.
• Кога Индикаторот за полнење трепка и полнењето не е завршено,
извадете ја и повторно ставете ја батеријата.
МК
13
Забелешки
• Ако Индикаторот за полнење на фотоапаратот трепка кога AC адаптерот е
поврзан во штекер, ова покажува дека полнењето моментално е запрено
бидејќи температурата е надвор од препорачаниот опсег. Кога ќе се добие
соодветна температура, полнењето продолжува. Препорачлива температура
за полнење е меѓу 10°C до 30°C (50ºF до 86ºF).
• Батеријата можеби нема да се наполни ефективно, доколку терминалот за
полнење не е чист. Во овој случај, избришете ја прашината со мека крпа.
• Поврзете го AC адаптерот (испорачан) со ѕиден утикач. Ако за време на
користењето на АС адаптерот се случи дефект, кабелот веднаш исклучете
го од штекерот за да се исклучи изворот за напојување.
• Кога полнењето ќе заврши, АС адаптерот исклучете го од штекерот.
• Користете исклучиво само оригинални Sony батерии, микро USB кабел
(испорачан) и AC адаптер (испорачан).
Време за полнење (Целосно полнење)
Времето на полнење е приближно 115 мин. со користење на AC адаптер
(испорачан).
Забелешка
• Горенаведеното време за полнење се применува кога се полни комплетно
испразнета батерија на температура од 25°C (77°F). Полнењето може да трае
подолго во зависност од условите за користење и околината.
МК
14
Полнење со поврзување на компјутер
Батеријата може да се полни и со поврзување на фотоапаратот со
компјутер со помош на микро USB кабел.
МК
Кон USB приклучок
Забелешка
• Запомнете ги следниве работи кога ја полните батеријата преку компјутер:
– Ако фотоапаратот е поврзан со лаптоп кој не е поврзан со извор на
напојување, нивото на батеријата на лаптопот се намалува. Немојте да
полните подолго време.
– Кога меѓу компјутерот и фотоапаратот се воспостави USB врска, не ја
прекинувајте врската и не го вклучувајте/исклучувајте компјутерот, или
активирајте од неактивен режим на работа. Може да се оштети
фотоапаратот. Пред да го вклучите/исклучите, или повторно да го вклучите
компјутерот, или да го будите од неактивен режим на работа, извадете го
приклучокот на фотоапаратот од компјутерот.
– Нема гаранции дека батеријата ќе се полни преку специјално направен
или модифициран компјутер.
МК
15
Времетраење на батеријата и број на слики што
можете да ги снимите и репродуцирате
Траење на батерија
Број на слики
Снимање (фотографии)
Приближ. 125 мин.
Снимање филм
Приближ. 30 мин.
Приближ. 250 слики
Непрекинато снимање филм
Приближ. 60 мин.
—
Преглед (фотографии)
Приближ. 180 мин.
Приближ. 3600 слики
—
Забелешки
• Горенаведениот број на слики се применуваат кога батеријата е целосно
наполнета. Бројот на слики може да се намали во зависност од начинот на
употреба.
• Бројот на слики кои можат да се снимат е за снимање под следниве услови:
– Користете Sony microSD мемориска картичка (Класа 4 или побрз)
(одделно се продава)
– Батеријата се користи на температура од 25°C (77 °F).
– [Disp. Resolution]: [Standard]
• Бројот на фотографии за “Снимање (фотографии)” се темели врз основа на
CIPA стандард и се однесува на снимање под следниве услови:
(CIPA: Camera & Imaging Products Association)
– [Panel Brightness] е дотерано во [3].
– Фотографира на секои 30 секунди.
– Се врши зумирање од W до T до крај.
– Блицот се активира на секоја втора фотографија.
– Фотоапаратот се вклучува и исклучува на секои 10 фотографии.
• Број на минути за снимање филм се врз основа на CIPA стандардите и се за
снимање под следниве услови:
– Квалитет на филм: AVC HD HQ
– Снимање филм: Времетраење на батеријата врз основа на
непрекинато почнување/стопирање на снимање, зумирање,
исклучување/вклучување и т.н.
– Непрекинато снимање филм: Времетраење на батеријата врз основа на
непрекинато снимање се додека не се дојде до поставениот лимит (29
минути) и потоа продолжете со повторно допирање на копчето MOVIE.
Други функции, како на пр. зум, не се достапни.
МК
16
Напојување
Фотоапаратот може да се напојува од ѕиден утикач со поврзување на АС
адаптер, со помош на микро USB кабел (испорачан).
Сликите можете да ги пренесете на компјутер, без да се грижите дали МК
батеријата ќе се испразни при поврзувањето на фотоапаратот со
компјутерот преку микро USB кабел.
Покрај тоа, можете да го користите AC Адаптерот AC-UD10 (одделно се
продава) или AC-UD11 (одделно се продава) за снабдување напојување
при снимање.
Забелешки
• Фотоапаратот нема напојување кога батеријата не е ставена во фотоапаратот.
• Кога фотоапаратот директно е поврзан во компјутер или во струја со помош
на испорачаниот AC адаптер.
• Ако фотоапаратот и компјутер ги поврзете со помош на микро USB кабел кога
фотоапаратот е во режим на репродукција, екранот на фотоапаратот преминува
од екран на репродукција во екран за USB поврзување. За преминување на екран
за репродукција притиснете на копчето
(Репродукција).
МК
17
Вметнување мемориска картичка (одделно
се продава)
“Memory Stick
microSD мемориMicro” медиум (M2) ска картичка
Терминал
Површина за
печатење
Проверете дали отсечениот
дел правилно е свртен
1 Отворете го капакот.
мемориска картичка (одделно се продава).
2 Ставете
• Објективот на фотоапаратот треба да е свртен нагоре, како што е
прикажано, ставете ја мемориската картичка се додека не се
заклучи на место.
• Со притискање на microSD мемориската картичка (во насока на
слотот за ставање на батеријата) при ставање може да го оштетите
фотоапаратот.
• Внимавајте при отстранување на microSD мемориската картичка,
бидејќи може брзо да ја исфрли.
3 Затворете го капакот.
МК
18
ја иконата прикажана во горниот десен агол
4 Проверете
и проверете дали мемориската картичка правилно е ставена.
• A: Мемориската картичка правилно
е ставена.
• B: Мемориската картичка не е
ставена правилно. Проверете ја
насоката на мемориската картичка
и повторно ставете ја.
• Може да се стави само една
мемориска картичка.
МК
Мемориски картички кои може да се
користат
Мемориска картичка
За фотографии За филмови
A
B
Memory Stick Micro
—
Memory Stick Micro (Mark2)
microSD мемориска картичка
(Класа 4 или побрз)
microSDHC мемор.картичка
(Класа 4 или побрз)
microSDXC мемор.картичка
(Класа 4 или побрз)
• Во ова упатство. производите под A заедно се наречени “Memory Stick
Micro” медиуми и производите под B заедно се наречени microSD
мемориски картички.
За вадење на мемориската картичка/батеријата
Мемориска картичка: Еднаш притиснете ја мемориската картичка.
Батерија: Притиснете ја рачката за вадење на батеријата. Внимавајте да
не ви падне батеријата.
Забелешка
• Немојте никогаш да ја вадите мемориската картичка/батеријата додека свети
индикаторот за пристап на податоци (стр. 11). Ова може да ги оштети
податоците во мемориската картичка/внатрешната меморија.
МК
19
Дотерување на часовникот
ON/OFF (Напојување)
Капак за објектив
1 Повлечете го капакот за објектив.
Фотоапаратот е вклучен. Индикаторот за напојување се пали зелено
само кога фотоапаратот ќе почне со работа.
Дотерување за дата и време се прикажува кога ќе го вклучите за прв
пат фотоапаратот.
• Фотоапаратот исто така можете да го вклучите со допирање на
ON/OFF (Напојување) копчето.
• Може да потрае некое време напојувањето да се вклучи и да може
да работите.
2 Изберете јазик.
подрачје следејќи ги инструкциите на
3 Изберете
екранот, па потоа допрете [Next].
[Daylight Savings] or [Summer Time], [Date
4 Дотерајте
& Time Format] и [Date & Time] и допрете [Next].
• Полноќ е прикажано како 12:00 AM, а пладне како 12:00 PM.
5 Допрете [OK].
ги инструкциите на екранот.
6 •Следете
Батеријата брзо ќе се потроши кога:
– [Disp. Resolution] е дотерано во [High].
МК
20
Снимање фотографии/краток филм
МК
Копче за снимање
MOVIE (Филм) копче
Снимање фотографии
за снимање притиснете го до пола за фокусирање.
1 Копчето
Кога сликата е во фокусот, ќе се слушне „бип“ и ќе светне индикаторот .
2 Копчето за снимање притиснете го до крај.
Снимање краток филм
1 Притиснете го копчето MOVIE (Филм) за да почнете
• За менување на зумот користете ја рачката W/ T (зум)..
2 Повторно допрете го копчето MOVIE да запрете со
снимање.
Забелешка
• Ако при снимање краток филм се користи функцијата за зумирање, ќе се
сними звукот на работата на објективот и рачката. Кога ќе се заврши со
снимањето на краткиот филм, може да се сними и звукот од копчето
MOVIE.
• Континуирано снимање е дозволено приближно 29 минути со зададени
дотерувања и при температура приближно 25°C (77°F). Кога ќе се заврши со
снимање на краткиот филм, можете повторно да продолжите со снимањето со
повторно притискање на копчето MOVIE. Во зависност од температурата,
снимањето може да престане за заштита на фотоапаратот.
МК
21
Преглед на слики
(Репродукција).
го копчето
1 •Притиснете
Кога на мемориската картичка се прикажуваат слики снимени со
друг фотоапарат и се репродуцираат на овој фотоапарат, се
појавува екран за регистрација на датотеката.
Избор на следна/претходна слика
Допрете
(Следна)/
(Претходна) на екранот.
• За репродукција на краток филм, допрете
(Репродукција) во средина на екранот.
• За зголемување, движете ја рачката W/T (зум) на T страната.
Бришете слики
Допрете
(Delete) → [This Image].
Враќање на режим за снимање фотографии
Допрете
на екранот.
• Можете да се вратите во режим за сликање со притискање на копчето
за снимање до пола надолу.
МК
22
Водич низ фотоапаратот
Овој фотоапарат има интерен водич на функциите. Ова Ви овозможува
пребарување на функциите на фотоапаратот според Вашите потреби.
МК
1 Допрете MENU.
(Водич низ фотоапаратот), потоа
2 Допрете
изберете MENU ставка.
Се прикажува водич за работа за избраната ставка.
• Ако допрете (Водич низ фотоапаратот) кога не е прикажан
MENU екранот, може да пребарувате по клучен збор или икони.
МК
23
Вовед во другите функции
Останатите функции кои се користат за време на снимање или репродукција
можат да се управуваат со копчето MENU на екранот. Се прикажуваат
само достапните функции. Четири ставки од MENU не се прикажуваат
во MENU екранот.
Делови на менито
Снимање
Movie shooting
scene
Photo Creativity
МК
24
Изберете режим на снимање на краток филм.
Лесно менување на дотерување и снимање слики
кога режимот за снимање е дотеран во [Intelligent
Auto] или [Superior Auto].
Easy Mode
Фотографирање со минимално користење функции.
Flash
Дотерување на блицот.
LED Light
Дотерување на LED светло кога снимате во режимот
Magnifying Glass Plus.
Self-Timer
Дотерување тајмер.
Defocus Effect
Дотерајте го нивото на ефектот за дефокусирање на
позадината при снимање во режим на Дефокусирање.
Still Image
Size(Dual Rec)
Дотерување на големина на фотографија додека
снимате краток филм.
Still Image Size/
Panorama Image
Size/Movie Size/
Movie Quality
Изберете големина и квалитет на слика за
фотографии, панорамски слики или кратки филмови.
Cont. Shooting
Settings
Дотерување на непрекинато снимање.
Macro
Крупно снимање на мали предмети.
HDR Painting
effect
Кога е избрано [HDR Painting] во Picture Effect,
дотерајте го нивото на ефектот.
Area of emphasis
Кога [Miniature] е избрано во Picture Effect, дотерајте
го делот за фокусирање.
Color hue
Кога [Toy camera] е избрано во Picture Effect, дотерајте
нијанса на боја.
Extracted Color
Кога [Partial Color] е дотерано во Picture Effect,
изберете боја за издвојување.
Illustration Effect
When [Illustration] is selected in Picture Effect, sets the
effect level.
Exposure
Compensation
Рачно дотерување експозицијата.
ISO
Дотерување на осветлувањето
White Balance
Дотерување на тоновите на бојата од сликата.
Focus
Режим за фокусирање.
Metering Mode
Режим за мерење светлина кој одредува кој дел од
предметот кој ќе служи за дотерување на експозицијата.
Scene Recognition
Автоматско препознавање на условите.
Soft Skin Effect
Ефект на нежен тен и ниво на ефектот.
Smile Shutter
Автоматско фотографирање кога ќе се детектира
насмевка.
Smile Detection
Sensitivity
Face Detection
Anti Blink
Movie SteadyShot
In-Camera Guide
МК
Осетливост за детекција на насмевка.
Детекција на лице и дотерувања за фотографирање.
Автоматско снимање на две слики и избор на слика
на која нема затворени очи.
Дотерување јачина на SteadyShot кога снимате филм.
Пребарување низ функциите според Вашите потреби
МК
25
Преглед
МК
26
Easy Mode
Зголемете го текстот на екранот за полесна употреба.
Date Select
Избор на слика за преглед според дата.
Calendar
Избор на дата од календар за репродукција.
Image Index
Приказ на повеќе слики во исто време.
Slideshow
Селектирајте режим за непрекината репродукција.
Delete
Бришење слики.
Paint
Боење слики и зачувување како нов фајл.
Beauty Effect
Ретуширање лица на фотографии.
Retouch
Ретуширање слика со помош на разни ефекти.
Picture Effect
Додавање текстура на слики.
3D Viewing
Репродукција на слики снимени во3D.
View Mode
Изберете формат за прикажување на слики.
Display Cont.
Shooting Group
За време на репродукцијата изберете приказ на брзо
снимање по групи или сите слики.
Protect
Заштита на слики.
Print (DPOF)
На фотографија додадете ознака за принтање.
Rotate
Ротирајте ги фотографиите лево.
Volume
Дотерување јачина на звук.
Exposure data
Дотерување дали да се прикаже или не снимена дата
(Exif податоци) на моментално прикажаниот фајл.
Number of images
in index
Дотерување број на слики прикажани во индекс
екранот.
In-Camera Guide
Пребарување функции според Вашите потреби.
Мени за дотерување
Ако за време на снимање или репродукција притиснете на копчето MENU,
(Дотерување) се покажува како конечно решение. Можете да ги менувате
зададените дотерување на екранот
(Дотерување).
МК
Дотерување за
снимање
Главни
дотерувања
Алатки за мемориска картичка*
Дотерување
часовник
Формат на филм/AF Илуминатор/Мрежа/Јасен зум/ Дигитален
зум/Намалување на шум на ветер/Водич за препознавање сцени/ Намалување на црвени очи/Предуп.за затворени очи/Запис на подат/
Приказ на резолуција
Звучен сигнал/Панел на светлина/Дот. на јазик/Приказ на
боја/Режим за демо/Иницијализација /CTRL FOR HDMI/
USB дотерување за поврзување/ USB напојување/LUN
дотерување/ Превземање музика/ Празнење музика/ Заштеда
енергија/Верзија
Формат/Правење папка за снимање/Менување на
папка за снимање/Копирање/Број на датотека
Дотерување на подрачје/Дотерување на дата и време
* Ако не е ставена мемориска картичка ќе се појави
(Алати за внатрешна
меморија) и ќе може да се селектира само [Формат].
МК
27
Карактеристики за “PlayMemories Home”
Софтверот “PlayMemories Home” овозможува префрлање фотографии и
филмови на компјутер и нивно користење. “PlayMemories Home” е
потребен за префрлање на AVCHD филмови на компјутер.
Префрлање
слики од
фотоапарат
Гледање слики
во Календар
Креирање диск
со филм
Споделување слики во
“PlayMemories Online”
Прикачување слики
на мрежи
Преземање “PlayMemories Home” (само за Windows)
Софтверот “PlayMemories Home” можете да го преземете од следната
URL адреса: www.sony.net/pm
Забелешки
• Потребно е интернет поврзување за инсталирање на “PlayMemories Home”.
• Потребно е интернет поврзување за користење на “PlayMemories Online” или
други мрежни сервиси. “PlayMemories Online” или други мрежни сервиси
може да не се достапни во некои земји или региони.
• “PlayMemories Home” не е компатибилен со Мекинтош. Користете ги
апликациите кои се инсталирани на Mac. За детали, посетете ја следната
URL адреса: http://www.sony.co.jp/imsoft/Mac/
МК
28
Инсталирање “PlayMemories Home” на компјутер
помош на интернет пребарувач, одете на
1 Со
скедбата URL и допрете [Install] → [Run].
www.sony.net/pm
ги инструкциите
2 Следете
на екран да завршите
со инсталирање.
• When the message to connect the
camera to a computer is
displayed, connect the camera and
computer using the micro USB
cable (supplied).
МК
За Мулти/
Микро USB
терминал
За USB приклучок
Преглед на “PlayMemories Home Help Guide”
За детали како да го користите “PlayMemories Home”, видете во
“PlayMemories Home Help Guide”.
клик на [PlayMemories Home Help Guide]
1 Двоен
иконата на десктопот.
• За пристап кон “PlayMemories Home Help Guide” од почетното
мени: Допрете [Start] → [All Programs] → [PlayMemories Home]
→ [PlayMemories Home Help Guide].
• За Windows 8, допрете ја [PlayMemories Home] иконата од Start
екранот за активирање на [PlayMemories Home], потоа изберете
[PlayMemories Home Help Guide] од [Help] менито.
• За детали за “PlayMemories Home”, можете да видите и во “Cyber-shot
User Guide” (стр. 2) или на следната PlayMemories Home страна за
поддршка (само на англиски):
http://www.sony.co.jp/pmh-se/
МК
29
Број на фотографии и време за снимање
на кратки филмови
Бројот на фотографии и преостанато време за снимање може да
зависи од состојбата на снимање и мемориската картичка.
Фотографии
Капацитет
(Единица: Фотографии)
Внатрешна меморија
Приближ. 48 MB
Големина
Мемориска картичка
2 GB
18M
7
295
VGA
155
6400
8
325
16:9(13M)
Кратки филмови
Во долната табела е прикажано приближното време за снимање. Наведеното
време е вкупно време за снимање за сите кратки филмови. Максимално време
за непрекинато снимање е приближно 29 минути (ограничен лимит по
спецификација). Максимално непрекинато време за снимање на MP4
(12M) формат на филм е околу 15 минути (ограничен на 2 GB големина
на фајл).
(h (час), m (минути))
Капацитет
Големина
МК
30
Внатрешна меморија
Приближ. 48 MB
Мемориска картичка
2 GB
AVC HD 24M (FX)
—
10 m
(10 m)
AVC HD 9M (HQ)
—
25 m
(15 m)
MP4 12M
—
15 m
MP4 3M
—
1 h 10 m
Бројот во ( ) е минималното време за снимање.
• Времето за снимање на краток филм се разликува бидејќи фотоапаратот е
опремен со VBR (Варијабилен пренос на податоци), кој автоматски го
дотерува квалитетот на сликата во зависност од сцената на снимање. Кога
снимате предмет кој брзо се движи, сликата е јасна но времето за снимање е
пократко, бидејќи е потребно повеќе меморија за снимање.
Времето за снимање се разликува и поради условите за снимање, предметот
или дотерувањето на квалитетот/големината на сликата.
Забелешки за користење на фотоапаратот
Вградени функции во фотоапаратот
• Во ова упатство се опишани функциите за 1080 60i-компатибилни уреди и
МК
1080 50i-компатибилни уреди.
Да проверите дали Вашиот фотоапарат е 1080 60i-компатибилен уред или
1080 50i-компатибилен уред, проверете ги следните ознаки на долниот дел
од фотоапаратот.
1080 60i-компатибилен уред: 60i
1080 50i-компатибилен уред: 50i
• Не гледајте 3D слики снимени со овој фотоапарат, подолг временски период
на 3D компатабилни монитори.
• Кога гледате 3D слики снимени со овој фотоапарат на 3D компатабилни
монитори можат да се случат некои непријатности, како напор во очите,
замор или мачнина. За да ги спречите овие симптоми, Ви препорачуваме да
правите паузи. Но, Вие самите треба да си ја одредите далечината или
бројот на паузи. Ако почувствувате некој симптом, престанете да гледате
3D слики се додека не ви стане подобро и консултирајте се со доктор. Исто
така, погледнете во упатството за работа што е добиено со уредот или
софтверот што го употребувате со фотоапаратот. Имајте на ум дека видот на
децата се уште се развива (особено на деца под 6 години). Консултирајте се
со педијатар или офтамолог пред да го пуштите своето дете да гледа 3D
слики и при гледање на такви слики почитувајте ги горенаведените мерки за
безбедност.
За употреба и грижа
Избегнувајте грубо ракување со производот, расклопување, менување, не го
изложувајте на физички шок или удар како со чекич, испуштање или газење
врз него. Бидете многу внимателни со објективот.
Забелешки за снимање/репродукција
• Пред да започнете со снимање, направете пробно снимање за да се
осигурате дека фотоапаратот правилно работи.
• Не го изложувајте фотоапаратот на сонце или друго јако светло. Тоа може да
предизвика неправилна работа на фотоапаратот.
• Ако дојде до кондензација на влага, отстранете ја пред употреба на апаратот.
• Не го тресете или удирајте фотоапаратот. Тоа може да предизвика дефект
при што нема да може да снимате слики, а медиумот за сликање може да
се расипе или да се оштетат сликите.
МК
31
Не го употребувајте/чувајте фотоапаратот на следниве места
• На многу топли, ладни или влажни места
На места како што се кола паркирана на сонце, куќиштето на фотоапаратот
може да се деформира и ова може да предизвика дефект.
• Место изложено директно на сонце или во близина на греалка
Куќиштето на фотоапаратот може да ја смени бојата или да се деформира и
ова може да предизвика дефект.
• Места изложени на вибрации
• Во близина на места кои генерираат силни радио бранови, емитуваат
радијација или има јако магнетно поле. Во спротивно, фотоапаратот може
неправилно да снима или репродуцира.
За носење на фотоапаратот
Фотоапаратот не го носете во задниот џеб и немојте да седите врз него,
бидејќи можете да предизвикате неисправност при работа или да го
оштетите.
Објектив Carl Zeiss
Фотоапаратот е опремен со објектив Carl Zeiss со кои можете да
репродуцирате јасни слики со одличен контраст. Објективот на фотоапаратот
е произведен под строга контрола од страна на фирмата Carl Zeiss во
согласност со стандардите за квалитет на Carl Zeiss од Германија.
Забелешки за екранот
LCD екранот е произведен со високо прецизна технологија, така да
ефективната употреба на пиксели е преку 99.99%. И покрај тоа, некои мали
црни или/светли точки (бели, црвени, сини или зелени) можат да се појават на
LCD екранот. Овие точки се нормален резултат од производствениот процес
и не влијаат врз снимањето.
За температурата на фотоапаратот
Фотоапаратот и батеријата можат да се затоплат поради континуирана
употреба, но ова не е дефект.
За заштита од претоплување
Во зависност од фотоапаратот и температурата на батеријата, може да се
случи да не можете да снимите филм или напојувањето автоматски да се
исклучи од сигурносни причини.
На LCD екранот ќе се појави порака пред напојувањето да се исклучи или нема
да можете повеќе да снимате. Во овој случај, оставете го фотоапаратот
исклучен се додека фотоапаратот и батеријата не се оладат. Ако го
вклучите фотоапаратот без да го оставите да се олади, фотоапаратот може
повторно да се исклучи или нема да можете да снимате.
За полнење на батеријата
МК
32
Ако полните батерија која подолго време не е употребувана, може да се
случи да не се наполни целосно.
Причина за оваа појава се карактеристиките на батеријата и ова не е дефект.
Повторно наполнете ја батеријата.
Предупредување за авторските права
Телевизиските програми, филмови, видеоленти и други материјали може да
се заштитени со авторски права. Неавторизирано снимање на овие
материјали може да е во спротивност со законот за авторски права.
Нема компензација за оштетен материјал или грешка при
снимањето
Sony не ја надокнадува штетата за грешки при снимање, загуба или
оштетување на снимениот материјал заради дефект на фотоапаратот,
медиумот за снимање или сл.
МК
Чистење на површината на фотоапаратот
Површината на фотоапаратот чистете ја со мека крпа малку навлажнета со
вода, потоа избришете ја површината со сува крпа. За заштита од
оштетување на куќиштето и надворешната површина:
– Фотоапартатот не го изложувајте на хемиски средства како што се
разредувач, бензин, алкохол, крпа за еднократна употреба, средства
против бубачки, средство за сунчање и инсектициди.
Одржување на мониторот
• Ако на екранот оставите крема за раце или хидринтна крема може да ја
оштети обвивката. Веднаш избришете го екранот.
• Насилно бришење може да ја оштети обвивката на екранот.
• Ако на екранот останат отпечатоци од прсти или прашина, препорачуваме
нежно да ја отстраните прашината и потоа избришете го екранот со мека
ткаенина.
Забелешка за одложуваање/продавање на фотоапаратот
Да си ги заштитите личните податоци, направете го следното при
одложување или продавање на фотоапаратот.
• Форматирајте ја внатрешната меморија (стр. 27), снимете слики до целиот
капацитет на внатрешната меморија со покриен објектив и потоа
форматирајте ја повторно внатрешната меморија.
Ова ќе оневозможи секаков обид на враќање на оригиналните податоци.
• Ресетирајте ги сите дотерувања на фотоапаратот преку [Initialize] (стр. 27).
МК
33
Спецификации
Фотоапарат
[Систем]
Уред за слика: 7.76 mm (1/2.3 тип)
Exmor R CMOS сензор
Вкупен број на пиксели:
Приближ. 18.9 Megapixels
Ефективен број на пиксели:
Приближ. 18.2 Megapixels
Објектив: Carl Zeiss Vario-Tessar 5×
зум објектив
f = 4.7 mm – 23.5 mm (26 mm –
130 mm (35 mm филм
еквивалент)) F3.5 (W) – F4.8 (T)
При снимање филмови (16:9):
28 mm – 140 mm*
При снимање филмови(4:3):
35 mm – 175 mm*
* Кога [Movie SteadyShot] е
дотерано во [Standard]
SteadyShot: Оптички
Контрола на експозиција:
Автоматска експозиција,
Селекција на сцена
Баланс на бела боја: Автоматска,
дневно светло, облачно,
флуоресцентно1/2/3, светло од
оган, блиц, еден допир,
подводен 1/2
Формат на датотека:
Фотографии: JPEG (DCF, Exif,
MPF Baseline) компатибилен,
DPOF компатибилен
3D фотографии: MPO (MPF
Extended (Disparity Image))
компатибилен
Филмови (AVCHD формат):
AVCHD формат Ver. 2.0
компатибилен
Видео: MPEG-4 AVC/H.264
МК
Аудио: Dolby Digital 2ch,
34 опремен со Dolby Digital Stereo
Creator
• Произведен по лиценца од
Dolby Laboratories.
Филмови (MP4 формат):
Видео: MPEG-4 AVC/H.264
Аудио: MPEG-4 AAC-LC 2ch
Медиум за снимање: Внатрешна
меморија (приближ. 48 MB),
“Memory Stick Micro” медиум,
microSD мемориски картички
Блиц: Опсег на блиц (ISO осетливост (Recommended Exposure
Index) дотеран во Auto):
Приближ. 0.08 m to 3.3 m
(3 1/4 инчи до 10 ft. 10 инчи)
(W)
Приближ. 0.6 m до 2.4 m
(1 ft. 11 5/8 инчи до 7 ft.
10 1/2 инчи) (T)
[Влезни и излезни приклучоци]
HDMI приклучок: HDMI микро
приклучок
Мулти/Микро USB терминал*: USB
комуникација
USB комуникација: Hi-Speed USB
(USB 2.0)
* Поддржува Микро USB
компатибилен уред.
[Екран]
OLED екран:
Широк (16:9), 8.3 cm (3.3 тип)
Вкупен број на точки:
1 229 760 точки еквивалент
[Напојување, општо]
Напојување: Батерија на полнење
NP-BN, 3.6 V
AC адаптерAC-UB10/UB10B/
UB10C/UB10D, 5 V
Потрошувачка (при снимање):
1.0 W
Работна температура:
–10 °C до +40 °C (14 °F до 104 °F)
Температура на чување: –20 °C до
+60 °C (–4 °F до +140 °F)
Димензии (CIPA компатибилен):
96.4 mm × 59.3 mm × 15.4 mm
(3 7/8 инчи × 2 3/8 инчи ×
5/8 инчи) (Ш/В/Д)
Маса (CIPA компатибилен) (со NPBN батерија, “Memory Stick
Micro” медиум):
Приближ. 140 g (4.9 oz)
Микрофон: Стерео
Звучник: Моно
Exif Print: Компатибилен
PRINT Image Matching III:
Компатибиелн
Перформанси за водоотпорни/
прашина: Еквивалентен на
IEC60529 IP68 (Фотоапаратот
работи до длабочина 10 m (33
ft.) околу 60 минути.)
Перформанси од шок: Во согласност со MIL-STD 810F Метода
516.5-Шок стандарди, овој
производ го помина тестот при
пуштање од висина од 1.5 m (5
ft.) на над 5-cm (2 инчи) дебела
иверица.
Перформансите за водоотпорност,
прашина и шок се врз основа на
стандардите тестирани од Sony.
Димензии:
Приближ. 50 mm × 22 mm × 54
mm (2 инчи× 7/8 инчи ×
2 1/4 инчи) (Ш/В/Д)
Маса:
За САД и Канада:
Приближ. 48 g (1.7 oz)
За други региони:
Приближ. 43 g (1.5 oz)
МК
Батерија на полнење
NP-BN
Тип на батерија: Литиј-јонска
Максимален напон: DC 4.2 V
Нормален напон: DC 3.6 V
Максимална моќ за полнење:
DC 4.2 V
Максимално полнење: 0.9 A
Капацитет:
типично: 2.3 Wh (630 mAh)
минимум: 2.2 Wh (600 mAh)
Дизајнот и техничките
карактеристики можат да се
менуваат пред претходна најава.
AC адаптер AC-UB10/UB10B/
UB10C/UB10D
Потребен напон: AC 100 V до
240 V, 50 Hz/60 Hz, 70 mA
Излезен напон: DC 5 V, 0.5 A
Работна температура: 0 °C до 40 °C
(32 °F до 104 °F)
Температура на чување: –20 °C до
+60 °C (–4 °F до +140 °F)
МК
35
Заштитни знаци
• Следните ознаки се заштитни
знаци на Sony Corporation.
, “Cyber-shot,”
“Memory Stick Micro”
• “AVCHD” и “AVCHD” логото се
заштитни знаци на Panasonic
Corporation и Sony Corporation.
• Термините HDMI и HDMI HighDefinition Multimedia Interface и
HDMI логото се заштитни знаци
или регистрирани трговски марки
на HDMI Licensing LLC во САД и
други земји.
• Windows е регистриран заштитен
знак на Microsoft Corporation во
САД и/или други земји.
• Mac е регистриран заштитен знак
на Apple Inc.
• microSDXC логото е заштитен
знак на SD-3C, LLC.
•“
” и “PlayStation” се
регистрирани заштитни знаци на
Sony Computer Entertainment Inc.
• Facebook и “f” логото се заштитен
знак или регистриран заштитен
знак на Facebook, Inc.
• YouTube и YouTube логото се
заштитен знак или регистриран
заштитен знак на Google Inc.
• Називите на системите и
производите употребени во ова
упатства генерално се заштитни
знаци или регистрирани заштитни
знаци на програмери или
производители. Сепак, ознаките ™
или ® во ова упатство не се
употребени во сите случаи.
МК
36
• Додадете си повеќе уживање со
Вашиот PlayStation 3 со
превземање на апликации за
PlayStation 3 од PlayStation Store
(каде што е достапна.)
• Апликацијата за PlayStation 3
побарува PlayStation Network
сметка за нејзино превземање.
Достапно во подрачја каде што е
достапно PlayStation Store.
Дополнителни информации за
овој производ и одговори на
најчесто поставувани прашања
можете да најдете на интернет
страницата на Sony за поддршка
на корисниците (Customer
Support Website).
Испечатена на 70% или повеќе рециклирана
хартија со употреба на растително мастило
VOC (Volatile Organic Compound).
МК
МК
37
©2013 Sony Corporation
Download PDF