Electrolux EWS10070W, EWS8070W User manual

Electrolux EWS10070W, EWS8070W User manual
Упатство за ракување
Машина за перење
EWS 8070 W
EWS 10070 W
2 electrolux
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации
Опис на производот
Контролна табла
Прва употреба
Секојдневна употреба
Помошни напомени и совети
Програми за миење садови
2
4
6
8
8
11
13
Нега и чистење
Што да сторите ако...
Технички податоци
Потрошувачки вредности
Монтажа
Поврзување на струјата
Еколошки прашања
16
20
23
23
24
27
27
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
ВАЖНО Внимателно прочитајте и
чувајте за идни потреби.
• Безбедноста на вашиот уред одговара
на индустриските стандарди и на
законските барања за безбедноста на
уредите. Сепак, како производители,
сметаме дека наша должност е да ги
дадеме следниве безбедносни
напомнувања.
• Многу е важно, ова упатство да остане
заедно со уредот за идни потреби.
Доколку уредот се продаде или
пренесе на друг сопственик или се
преселите и го оставите уредот,
внимавајте упатството секогаш да
биде со него, за да може новиот
сопственик да се запознае со
функциите и со важните
предупредувања.
• МОРА да ги прочитате внимателно
пред да го инсталирате или користите
уредот.
• Пред првото пуштање, проверете да
не дошло до оштетување на машината
во текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетена машина.
Доколку има оштетени делови,
обратете се кај Вашиот продавач.
• Ако уредот се испорачува во зимските
месеци, кога температурите се под
нулата: чувајте ја машината за перење
24 часа на собна температура, пред
првпат да ја користите.
Општа безбедност
• Опасно е да ги менувате
спецификациите или да се обидувате
да го модификувате овој производ на
кој било начин.
• Во текот на програмите за миење со
високи температури, стаклото од
вратата може да стане жешко. Не
допирајте го!
• Уверете се дека малите миленичиња
нема да се качат во барабанот. За да
го избегнете ова, проверете го
барабанот пред користење.
• Секакви предмети, како парички,
безопасни, шајки, шрафови, камење
или друг тврд, остар материјал, може
да предизвикаат големо оштетување и
не смеат да се ставаат во машината.
• Користете само препорачани
количини омекнувач и детергент. Со
преполнување можете да
предизвикате оштетување на
ткаенината. Погледнете ги
количините, кои ги препорачува
производителот.
• Перете ги малите предмети, како
чорапи, врвки, колани итн., во
вреќичка за перење или во навлака за
перница, бидејќи е можно тие да се
протнат помеѓу коритото и
внатрешниот барабан.
• Не користете ја машината за перење
на предмети со фишбајн, непорабен
или искинат материјал.
electrolux 3
• По користење, при чистење и
одржување, секогаш исклучувајте го
уредот од напојувањето со струја и
затворете го доводот на вода.
• Во никој случај не треба да се
обидувате самите да ја поправате
машината. Поправките изведени од
страна на неискусен материјал може
да предизвикаат повреда или
сериозни грешки во работењето.
Обратете се во локалниот сервисен
центар. Секогаш инсистирајте на
оригинални резервни делови.
Инсталирање
• Овој уред е тежок. Бидете внимателни
кога го преместувате.
• При распакување, проверете дали
уредот е оштетен. Не користете го
доколку се сомневате и обратете се во
сервисниот центар.
• Сета амбалажа и транспортните
клинови мора да се отстранат пред
употребата. Доколку не се
придржувате кон ова може да дојде до
сериозно оштетување на уредот.
Погледнете го соодветното поглавје
во прирачникот.
• По монтажата, проверете уредот да не
стои врз доводното или одводното
црево и капакот да не го притиска
кабелот за напојување со струја бо
ѕидот.
• Доколку машината е поставена на
обложен под, регулирајте ги ногалките
за да се овозможи слободно струење
на воздухот под уредот.
• По монтажата, секогаш проверете
дали цревата и спојките добро
дихтуваат.
• Доколку уредот се монтира на место,
кое е изложено на мраз, прочитајте го
поглавјето "опасности од
замрзнување".
• Водоводџиските работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван водоводџија
или стручно лице.
• Електричните работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван електричар
или стручно лице.
Користење
• Уредот е конструиран за користење во
домаќинството. Не смее да се користи
за други цели, освен оние за кои е
наменет.
• Перете само ткаенини, кои се
наменети за перење во машина.
Следете ги упатствата на етикетата на
секое парче од облеката.
• Не преполнувајте го уредот.
Погледнете ја табелата со програми
за перење.
• Пред перењето, проверете дали
џебовите се празни и дали патентите
се затворени. Избегнувајте перење на
изресени или искинати предмети, и
третирајте го дамките од боја,
мастило, рѓа и трева пред перењето.
Градниците со жица НЕ смеат да се
перат во машина.
• Деловите од облеката, кои биле во
допир со производи од испарлива
нафта, не треба да се перат во
машина. Доколку користите испарливи
течности за чистење, треба да
внимавате да ја отстраните течноста
од делот од облеката пред да го
ставите во машината.
• Никогаш не влечете го кабелот за да
го извлечете штекерот од
приклучницата; секогаш фаќајте го
самиот штекер.
• Никогаш не користете го уредот ако
кабелот за струја, контролната табла,
работната површина или основата се
оштетени на начин, кој овозможува
слободен пристап во внатрешноста на
уредот.
Безбедност на децата
• Овој уред не е наменет да го користат
лица (вклучувајќи ги и децата) со
намалени физички, сензорски или
ментални способности, или лица без
искуство и знаење, освен ако немаат
надзор и упатување во користење на
уредот од страна на лицето, кое е
одговорно за нивната безбедност.
• Компонентите од амбалажата (на пр.
пластична фолија, стиропор) може да
бидат опасни за децата - опасност од
задушување! Чувајте ги надвор од
дофатот на децата.
4 electrolux
• Чувајте ги сите детергенти на
безбедно место, надвор од дофат на
децата.
• Уверете се дека децата или
миленичињата нема да се качат во
барабанот. За да спречите децата и
миленичињата да се затворат во
барабанот, машината е опремена со
специјален додаток. За да го
активирате овој уред, вртете го
копчето (без притискање) во
внатрешноста на машината во десно,
додека жлебот не стои хоризонтално.
Ако е потребно, употребете паричка.
За да го дезактивирате овој уред, и да
ја вратите можноста за заклучување
на вратата, вртете го копчето (без
притискање) во внатрешноста на
машината во лево, додека жлебот не
стои вертикално.
Опис на производот
Вашиот нов уред ги задоволува сите современи барања за ефикасен третман
на алиштата со мала потрошувачка на вода, струја и детергент. Неговиот систем
за перење овозможува целосно искористување на детергентот и ја намалува
потрошувачката на вода, со што штеди струја.
electrolux 5
1
2
3
4
5
6
1 Фиока на дозерот за детергент
2 Контролна табла
3 Рачка за отворање на вратата
фиока на дозерот за детергент
Преграда за детергент, што се
користи во фазата на претперење или
киснење, или за средство за
отстранување дамки, во фазата на
дејство против дамките (доколку ја има).
Детергентот за претперење и киснење
се додава на почетокот од програмата
за перење. Средството за отстранување
дамки се додава во текот на фазата на
дејство против дамките.
Преградата за детергент во прав или
за течен детергент се користи за
главното перење. Ако користите течен
детергент, сипете го непосредно пред
стартување на програмата.
Преграда за течни додатоци
(омекнувач, штирак).
Следете ги препораките на
производителот за количините, кои
треба да се користат и не
пречекорувајте ја ознаката "MAX" во
фиоката на дозерот за детергент. Сите
омекнувачи или адитиви за штиркање
мора да се всипат во преградата пред
самото стартување на програмата за
перење.
4 Плочка со спецификации
5 Одводна пумпа
6 Ногарки за нивелирање
6 electrolux
Табела со програми
Со апаратот се испорачуваат разни
табели со програми на разни јазици.
Една е на предната страна на фиоката
на дозерот за детергент, а другите се
приложени со упатството за употреба.
Табелата на фиоката може лесно да се
замени: извадете ја табелата од
фиоката влечејќи ја надесно и ставете ја
табелата со саканиот јазик.
Контролна табла
Подолу е слика на контролната табла. На неа се прикажани тркалцето на
програматорот, како и копчињата и контролните сијалички. Тие се претставени
со соодветните броеви на следните страници.
1
1 Тркалце на програматорот
2 Копче за намалување на
центрифугата
3 Копче за опции
4 Копче за дополнително плакнење
5 Копче старт/пауза
6 Копче за одложено почнување
7 Контролни сијалички
Тркалце на програматорот
Овозможува вклучување и исклучување
на апаратот, како и одбирање програми.
Намалување центрифуга
Со притискање на ова копче можете да
ја промените брзината на
центрифугирање на избраната
програма.
Ноќен циклус
Со одбирање на оваа функција
машината нема да ја испушти водата од
последното плакнење и сите фази за
центрифугирање се исклучени за да не
се истуткаат алиштата. Овој циклус за
перење е многу тивок и може да се
одбере за навечер или за периоди со
2
3
4
5
6
7
поевтина струја. За некои програми
плакнењата ќе се извршат со повеќе
вода. Пред да ја отворите вратата,
неопходно е да се испушти водата. За да
ја испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Задржано плакнење
Со одбирање на оваа функција водата
од последното плакнење не се црпи за
да се спречи туткање на ткаенините.
Пред да ја отворите вратата, неопходно
е да се испушти водата. За да ја
испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Опции Секојдневно - Лесно - Брзо
Со притискање на овие копчиња може да
се менува времето на перење што
машината го предлага автоматски за да
се добијат добри резултати за кратко
време.
• Секојдневно: се користи за нормално
извалкани памучни, синтетички или
нежни алишта.
• Лесно: се користи за лесно извалкани
памучни, синтетички или нежни
алишта.
electrolux 7
• Брзо: многу краток циклус за малку
извалкани алишта што биле носени
кратко време.
Дополнително плакнење
Уредот е конструиран за штедење
струја. Доколку е потребно да ги
плакнете алиштата со помош на
дополнителна количина вода
(дополнително плакнење), изберете ја
оваа опција. Ќе се изведат неколку
дополнителни плакнења. Оваа опција се
препорачува за лица, кои се алергични
на детергенти, како и во подрачја со
многу мека вода.
Одложено почнување
Со ова копче почнувањето на
програмите може да се одложи 2, 4 или
8 часа.
Откако ќе се притисне копчето 5 , се пали
контролната сијаличка ПЕРЕЊЕ (7.1).
Кога ќе се запали контролната сијаличка
7.1, тоа значи дека машината работи.
Контролната сијаличка ВРАТА (7.2) се
пали кога ќе почне програма и укажува
дали вратата може да се отвори:
• запалено: вратата не може да се
отвори. Машината работи или
престанала да работи, но има вода во
кадата.
• изгаснато: вратата може да се отвори.
Програмата завршила или водата е
исцрпена.
• светлото трепка: вратата се отвора.
Кога завршила програма, контролната
сијаличка КРАЈ НА ЦИКЛУС (7.3) се
пали.
Старт пауза
Ова копче ви овозможува да ја
стартувате или да ја прекинете
избраната програма.
Показни контролни сијалички
7.1
7.2
7.3
Табела на симболи
= Памук
= Ноќен циклус
= Штедливо
= Задржано плакнење
= Претперење
= Опции
= Синтетика
= Секојдневно
= Нежни
= Лесно
= Волна
= Брзо
8 electrolux
= Рачно перење
= Дополнително плакнење
= Плакнење
= Одложено почнување
= Црпење
= Перење
= Центрифуга
= Заклучена врата
= Студено перење
= Крај на циклус
Прва употреба
• Проверете дали електричните и
водоводните поврзувања се
согласни со упатствата за
местење.
• Отстранете ги блокот од стиропор
и сиот останат материјал од
барабанот.
• Истурете 2 литри вода во главната
преграда за перење на фиоката
на дозерот за да се активира
вентилот ECO . Потоа вклучете
циклус за памук на највисока
температура, без алишта во
машината, за да ги отстраните
производните остатоци од
барабанот и кадата. Турете 1/2
мерка детергент во фиоката за
главно перење на дозерот и
вклучете ја машината.
Секојдневна употреба
Полнење алишта
Отворете ја вратата со внимателно
влечење на рачката кон надвор. Ставете
ги алиштата во барабанот, едно по едно,
протресувајќи ги што е можно повеќе.
Затворете ја вратата.
Измерете детергент и омекнувач
Извлечете ја фиоката од дозерот додека
не застане. Измерете ја количината
потребен детергент, всипете ја во
главната преграда
или во
соодветната преграда, ако тоа го бара
избраната програма/опција (повеќе
детали ќе најдете во "Фиока на дозерт за
детергент").
Доколку е потребно, всипете омекнувач
во преградата означена со
(количината не смее да ја надмине
ознаката "MAX" во фиоката). Полека
затворете ја вратата.
electrolux 9
ако сакате алиштата да се вртат со друга
брзина. Светнува соодветната
сијаличка.
Одберете ја саканата програма со
вртење на тркалцето на програматорот
(1)
Завртете го тркалцето на програматорот
на саканата програма. Машината за
перење автоматски ќе ја одбере
максималната брзина за
центрифугирање за одбраната
програма. Оваа вредност може да се
смени со притискање на соодветното
копче. Зелената контролна сијаличка на
копчето 5 почнува да трепка.
Програматорот може да се врти в лево
или в десно. Свртете го во положба " O "
за ресетирање на програмата/
исклучување на машината.
На крајот на програмата тркалцето на
програматорот мора да биде во
положбата O за да се исклучи машината.
ВНИМАНИЕ Ако го свртите
тркалцето на програматорот на
друга програма додека машината
работа, црвената сијаличка на
копчето 5 ќе трепне 3 пати за да
укаже на погрешно одбирање.
Машината нема да ја изведе
новоизбраната програма.
Намалете ја брзината на центрифугата
со притискање на копчето 2
Кога ќе се одбере програма, апаратот
автоматски ја предлага максималната
брзина за центрифугирање овозможена
за таа програма.
Притискајте го копчето 2 повеќепати за
менување на брзината на центрифугата
Одберете ги достапните опции
притискајќи ги копчињата 2, 3 и 4
Зависно од програмата, може да се
комбинираат различни функции. Тие
мора да се одберат по одбирањето на
саканата програма и пред почнување на
програмата.
Кога ќе се притиснат копчињата, се
палат соодветните контролни светла.
Кога ќе се притиснат повторно,
контролните светла се гаснат. Ако се
одбере неправилна опција, вграденото
црвено контролно светло на копчето 5
трепнува 3 пати.
За соодветноста на програмите за
перење и опциите, видете во
табелата "Програми за перење".
Одберете го одложеното почнување
притискајќи го копчето 6
Пред да почнете програма, ако сакате да
го одложите почнувањето, притискајте
го копчето 6 повеќепати за да го
одберете саканото одложување.
Светнува соодветната сијаличка.
Мора да ја одберете оваа опција откако
сте ја поставиле програмата и пред да ја
почнете програмата.
Може да го откажете или смените
времето на одложување кога било пред
да го притиснете копчето 5 .
Одбирање на одложеното почнување:
1. Одберете ги програмата и
потребните опции.
2. Одберете го одложеното почнување
притискајќи го копчето 6 .
3. Притиснете го копчето 5 :
– машината почнува со
одбројувањето часови.
– Програмата ќе почне по
истекувањето на одбраното
одложување.
Откажување на одложеното почнување
откако ќе почне програма:
1. Поставете ја машината за перење на
ПАУЗА притискајќи го копчето 5 .
2. Притиснете го копчето 6 еднаш,
соодветната сијаличка за одбраното
одложување се гасне.
10 electrolux
3. Притиснете го копчето 5 повторно за
да ја почнете програмата.
Одложеното почнување не може да се
одбере со програмата Црпење .
ВАЖНО Одбраното одложување може
да се смени само после повторно
одбирање на програма за перење.
Вратата ќе биде заклучена во текот на
целото време на одложување. Ако треба
да ја отворите вратата, мора да ја
ставите машината за перење на ПАУЗА
(притискајќи го копчето 5 ) и да почекате
неколку минути. Откако ќе ја затворите
вратата, повторно притиснете го копчето
5 .
Почнете ја програмата со притискање на
копчето 5
За да ја почнете одбраната програма,
притиснете го копчето 5 - соодветната
зелена сијаличка престанува да трепка.
Контролните сијалички 7.1 и 7.2 се палат
за да укажат дека апаратот почнал да
работи и дека вратата е заклучена.
Притиснете го копчето 5 за да прекинете
програма во тек: соодветната зелена
контролна сијаличка почнува да трепка.
За повторно почнување на програмата
од точката кога била прекината,
притиснете го копчето 5 уште еднаш .
Ако сте избрале одложено почнување,
машината ќе почне да одбројува.
Ако се одбере неправилна опција,
црвената сијаличка на копчето 5
трепнува 3 пати.
Менување опција или пуштена програма
Менувањето на некоја опција е можно
пред програмата да ја изврши.
Пред да направите каква било промена,
мора да го ПАУЗИРАТЕ апаратот со
притискање на копчето 5 .
Менувањето на програма во тек е можно
само со нејзино ресетирање. Свртете го
тркалцето на програматорот на O , а
потоа на новата програмска положба.
Почнете ја новата програма притискајќи
го копчето 5 повторно. Водата за перење
во кадата нема да се испразни.
Прекинување програма
Притиснете го копчето 5 за да прекинете
програма во тек, соодветната зелена
сијаличка почнува да трепка.
Притиснете го копчето повторно за да ја
почнете програмата одново .
Откажување програма
Свртете го тркалцето на програматорот
за да ја откажете пуштената
на
програма.
Сега можете да изберете нова програма.
Отворање на вратата
Откако ќе почне програма (или додека
трае времето на одлужување), вратата е
заклучена. Ако треба да ја отворите,
првин поставете ја машината на ПАУЗА
притискајќи го копчето 5 . По неколку
минути, сијаличката 7.2 се гасне и може
да се отвори вратата.
Ако сијаличката остане запалена и
вратата е заклучена, тоа значи дека
машината веќе се загрева или дека
нивото на водата е превисоко. Како и да
е, не обидувајте се да ја отворите
вратата на сила!
Ако не можете да ја отворите вратата, а
ви треба да ја отворите, треба да ја
исклучите машината вртејќи го
тркалцето на програматорот на O . По
неколку минути вратата може да се
отвори (внимавајте на нивото на водата
и на температурата!) .
По затворањето на вратата, неопходно е
повторно да се одберат програмата и
опциите и да се притисне копчето 5 .
Кога ќе заврши програма
Машината запира автоматски.
Сијаличката на копчето 5 , сијаличките
7.1 и 7.2 се гаснат. Сијаличката 7.3 се
пали.
Ако е одбрана програма или опција што
завршуваат со вода во кадата,
сијаличката 7.2 останува запалена и
вратата е заклучена како показател дека
водата мора да се испушти пред да се
отвори вратата.
Постапете на следниов начин за да ја
исцрпите водата:
1. Свртете го тркалцето на
програматорот на O .
2. Одберете програма за испуштање
вода или центрифугирање.
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугирање
притискајќи го соодветното копче.
4. Притиснете го копчето 5 .
electrolux 11
На крајот на програмата, сијаличката
7.2 се гасне како показател дека вратата
може да се отвори. Свртете го тркалцето
на програматорот на O за да ја исклучите
машината.
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот
е празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање
кондензација и непријатни миризби.
Помошни напомени и совети
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
Отстранете ги тврдокорните дамки пред
перење.
Истријте ги особено извалканите места
со специјален детергент или паста.
Третирајте ги завесите со посебна
грижа. Извадете ги куките за закачување
или заврзете ги во вреќа или мрежа.
Температури
Максимални полнења
Препорачаните количини за полнење се
наведени во табелите за програми за
перење.
Општи правила:
• Памук, лен: полн барабан, но не
премногу натиснат;
• Синтетика: не повеќе од половина
барабан;
• Чувствителни и волнени ткаенини: не
повеќе од третина барабан.
Перењето со максимално полнење е
најекономично за потрошувачката на
вода и струја.
За многу валкани алишта, намалете ја
количината на полнење.
95° или 90°
за нормално валкани бели
памучни и ленени алишта
(на пр. мали чаршафи за
маса, пешкири, чаршафи за
маса, постелнина...)
60°/50°
за нормално валкани делови
од облеката, со постојани
бои (на пр. кошули, ноќници,
пижами...) од памучни или
синтетични влакна и за
лесно валкани бели памучни
(на пр. долна облека)
40°-30°студено
за чувствителни предмети
(на пр. мрежести завеси),
мешани алишта, вклучувајќи
ги оние со синтетични и
волнени влакна, кои ја носат
етикетата "чиста нова волна,
се пере во машина, не се
собира"
Пред ставање на алиштата
Никогаш не перете ги заедно белите и
алиштата во боја. Белите би можеле во
перењето да ја изгубат својата "белина".
Новите алишта во моја можат при првото
перење да пуштаат; поради тоа, тие
треба првиот пат да се перат одвоено.
Уверете се дека во алиштата нема
останати метални предмети (на пр.
шноли за коса, безопасни, шпенадли).
Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите. Заврзете
ги ремените или долгите ленти.
Тежина на алиштата
Следните тежини се ориентациски
вредности:
Следните тежини се ориентациски
вредности:
бањарка
1.200 g
навлака за јорган
700 g
машка работна кошула
600 g
чаршав, машки пижами
500 g
чаршаф за маса
250 g
навлака за перница,
фротирски пешкир,
ноќница, машка кошула
200 g
мал чаршаф за маса,
дамски килоти, салфета,
блуза, машки килоти
100 g
12 electrolux
Отстранување дамки
Можно е, тврдокорните дамки да не
излезат само со вода и детергент.
Оттаму, препорачуваме да ги третирате
пред перењето.
Крв: третирајте ги свежите дамки со
студена вода. Кај исушените дамки,
натопете преку ноќ во вода со
специјален детергент, па потоа истријте
со сапун и вода.
Боја на база на масло: натопете со
бензински отстранувач на дамки,
положете го делот од облеката на мека
крпа и тапкајте ја дамката; повторете
повеќепати.
Исушени дамки од маст: натопете со
терпентин, положете го делот од
облеката на мека подлога и тапкајте ја
дамката со памучна крпа на врвовите од
прстите.
Рѓа: оксална киселина, растворена во
жешка вода или производ за
отстранување рѓа, кој се користи студен.
Внимавајте кај старите дамки од рѓа,
бидејќи целулозната структура веќе е
оштетена и ткаенината може да се
продупчи.
Дамки од мувла: третирајте ги со белило
и добро исплакнете (само за бели
алишта и алишта со трајни бои).
Трева: насапунете малку и третирајте со
белило (само за бели алишта и алишта
со трајни бои).
Пенкало и лепило: натопете со ацетон
1), положете го делот од облеката на
мека крпа и тапкајте ја дамката.
Кармин: натопете со ацетон, како што е
опишано погоре, па потоа третирајте ги
дамките со метилни алкохоли.
Третирајте ги сите преостанати трагови
со белило.
Црвено вино: натопете во вода и
детергент, исплакнете и третирајте со
ацетатна или лимонска киселина, па
потоа исплакнете. Третирајте ги сите
преостанати трагови со белило.
Мастило: зависно од типот на
мастилото, прво натопете ја ткаенината
со ацетон 1), па потоа со ацетатна
киселина; третирајте ги сите
преостанати трагови на белите алишта
со белило, па потоа добро исплакнете ги.
1) не употребувајте ацетон на вештачка свила
Дамки од катран: прво третирајте со
отстранувач на дамки, метилни
алкохоли или бензин, па потоа истријте
со детергент во паста.
Детергенти и адитиви
Добрите резултати на перење зависат и
од изборот на детергент и од
користењето на правилните количини за
да се избегне непотребно трошење и да
се заштити животната средина.
Иако биолошки се разградуваат,
детергентите содржат супстанции кои,
во големи количини, можат га ја
разнишаат чувствителната рамнотежа
на природата.
Изборот на детергентот ќе зависи од
типот на ткаенината (чувствителна,
волнена, памучна итн.), бојата,
температурата на перење и степенот на
валканост.
Во овој уред може да се користат сите
вообичаено достапни детергенти за
машини за перење:
• детергенти во прав за сите типови
ткаенина
• детергенти во прав за чувствителни
(60°C макс) и волнени ткаенини
• течни детергенти, претежно за
програми за перење на ниски
температури (60°C макс) за сите
типови ткаенини или специјални, кои
се само за волнени ткаенини.
Детергентот и адитивите мора да се
ставаат во соодветните прегради од
фиоката на дозерот пред стартување на
програмата за перење.
Ако користите течни детергенти, мора да
одберете програма без претперење.
Вашиот уред е опремен со систем за
рециркулација, кој овозможува
оптимално трошење на
концентрираниот детергент.
Следете ги препораките на
производителот за количините, кои
треба да се користат и не пречекорувајте
ја ознаката "MAX" во фиоката на дозерот
за детергент .
Степени на тврдост на водата
Тврдоста на водата е класификувана во
таканаречени "степени" на тврдост.
Информациите за тврдоста на водата во
вашето подрачје можете да ги добиете
electrolux 13
од одговорното претпријатие за
водоснабдување, или од локалните
служби.
Ниво
Кога водата има среден степен на
тврдост (од степен на тврдост II)
мора да се додаде омекнувач на
вода. Следете ги упатствата на
производителот. Количината на
детергентот може секогаш да се
прилагодува кон степенот на
тврдост I (= мека).
Карактер
истики
Степени на тврдост
на водата
Германск
и °dH
Француск
и °T.H.
1
мека
0-7
0-15
2
средна
8-14
16-25
3
тврда
15-21
26-37
4
многу
тврда
> 21
> 37
Програми за миење садови
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на циклусот
Максимална брзина на центрифугирање
Максимално полнење со алишта
Вид алишта
Опции
ПАМУК
90°-30°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 6 кг - Нам. товар 3 кг 1)
За бел и шарен памук (нормално извалкани
алишта).
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус,
Секојдневно,
Лесно, Брзо,
Дополнително
плакнење
Памук, штедливо
60°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 6 кг
Бели и брзо обоени памучни алишта .
Оваа програма може да се избере за малку до
нормално извалкани памучни алишта.
Температурата ќе се намалува, а времето за
перење ќе се продолжи. Ова овозможува
постигнување на добра ефикасност во перењето
со штедење струја.
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус,
Дополнително
плакнење
Детергентска
преграда
14 electrolux
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на циклусот
Максимална брзина на центрифугирање
Максимално полнење со алишта
Вид алишта
Опции
Детергентска
преграда
Памук, штедливо
40°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 6 кг
Бели и шарени памучни алишта .
Оваа програма може да се избере за малку
извалкани памучни алишта. Температурата ќе се
намалува, а времето за перење ќе се продолжи.
Ова овозможува постигнување на добра
ефикасност во перењето со штедење струја.
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус,
Дополнително
плакнење
Памук со претперење
90°
Претперење - Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 6 кг - Нам. товар 3 кг 1)
За бели памучни алишта со претперење.
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус,
Секојдневно,
Лесно, Брзо,
Дополнително
плакнење
2)
Памук со претперење
60°
Претперење - Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 6 кг - Нам. товар 3 кг 1)
За бели и шарени памучни алишта со претперење
(многу извалкани алишта).
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус,
Секојдневно,
Лесно, Брзо,
Дополнително
плакнење
2)
Синтетика
60°-30°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 900 врт./мин
(EWS 10070 W)
Макс. товар 3 кг - Нам. товар 1,5 кг 1)
Синтетички или мешани ткаенини: долна облека,
шарена облека, кошули што не се туткаат, блузи.
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус,
Секојдневно,
Лесно, Брзо,
Дополнително
плакнење
Чувствителна облека
40°-30°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 700 врт./мин
Макс. товар 3 кг - Нам. товар 1.5 кг 1)
Нежни ткаенини: акрилни, вискозни,
полиестерски.
Центрифуга 3),
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус,
Секојдневно,
Лесно, Брзо,
Дополнително
плакнење
electrolux 15
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на циклусот
Максимална брзина на центрифугирање
Максимално полнење со алишта
Вид алишта
Опции
Волна
40°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 2 кг
Програма за перење за волна што се пере во
машина, како и за волнени алишта и нежни
ткаенини што се перат на рака. Забелешка :
Поединечен или масивен предмет може да
предизвика неврамнотеженост. Ако не се вклучува
последната центрифуга, додадете уште алишта,
прераспределете го товарот рачно, а потоа
одберете ја програмата за центрифугирање.
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус
Рачно перење
30°-студено
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 2 кг
Специјална програма за чувствителни ткаенини со
симболот "рачно перење".
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус
Плакнење
Плакнења
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 6 кг
Со оваа програма може да се плакне и
центрифугира памучна облека претходно испрана
на рака. Машината изведува 3 плакнења, а на
крајот едно долго центрифугирање.
Центрифугирањето може да се намали со
притискање на соодветното копче.
Центрифуга,
Задржано
плакнење, Ноќен
циклус,
Дополнително
плакнење
Црпење
Црпење на водата
Макс. товар 6 кг
За празнење на последната вода од плакнењето
во програмите со опциите Задржано плакнење и
Ноќен циклус.
Детергентска
преграда
16 electrolux
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на циклусот
Максимална брзина на центрифугирање
Максимално полнење со алишта
Вид алишта
Опции
Центрифуга
Црпење и долго центрифугирање
Максимална брзина на центрифугата 800 врт./мин
(EWS 8070 W)
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин (EWS 10070 W)
Макс. товар 6 кг
Посебна центрифуга за рачно испрани алишта и
за после програмите со опциите Задржано
плакнење и Ноќен циклус. Брзината можете да ја
изберете со притискање на соодветното копче за
да се прилагоди за ткаенините што треба да се
центрифугираат.
Детергентска
преграда
Центрифуга
O (=Искл.)
За откажување на програмата што е во тек или за
исклучување на машината.
1) Ако ја одберете опцијата Брзосо притискање на копчето 3 , препорачуваме да го намалите
максималното полнење како што е укажано. (Нам. полнење = намалено полнење). Можно е
и целосно полнење, но со послаби резултати на перењето.
2) Ако користите течни детергенти, мора да се одбере програма без ПРЕТПЕРЕЊЕ.
3) Само за моделот EWS 8070 W.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
изведувате какви било работи на
одржување или чистење, уредот
мора да го исклучите од струја.
Отстранување бигор
Водата што ја користиме обично содржи
бигор. Препорачливо е, во машината
повремено да користите прав за
омекнување на водата. Правете го ова
посебно од перењето на алиштата и
според упатствата на производителот на
омекнувачот на водата. Тоа ќе помогне
во спречување на таложење на бигорот.
По секое перење
Оставете ја вратата отворена некое
време. Ова помага во уредот да се
спречи создавање на миризба на мувла
и на застоено. Со тоа што ќе ја оставате
вратата отворена по перењето ќе го
сочувате и дихтунгот.
Перење за одржување
Со користење на перења со ниски
температури, можно е да дојде до
таложење на остатоци во внатрешноста
на барабанот.
Препорачуваме редовно да изведувате
перење за одржување.
За да изведете перење за одржување:
• во барабанот не треба да има алишта.
• изберете ја најжешката програма за
перење памучни алишта.
• употребете вообичаена количина
детергент, кој мора да биде во прав и
да има биолошки својства.
Чистење однадвор
Чистете го надворешниот дел од
куќиштето на уредот само со сапуница, а
потоа исушете го темелно.
ВАЖНО Немојте за чистење на
кабинетот да користете метилирани
алкохоли, растворувачи или слични
производи.
Чистење на фиоката на дозерот
Фиоката на дозерот за детергент треба
да се чисти редовно.
electrolux 17
Фиоката на дозерот за прашок за перење
и за омекнувач треба да се чисти
редовно.
Извадете ја фиоката така што резето ќе
го притиснете надолу и ќе ја извлечете.
Исплакнете ја под чешма за да
отстранете секакви трагови од
наталожен прашок.
За полесно чистење, горниот дел на
преградата за омекнувач треба да се
извади. Исчистете ги сите делови со
вода.
Барабан за перење
Поради рѓосување на туѓи тела во
перењето или поради тоа што водата од
водоводот содржи железо, во барабанот
може да се јават наслаги од рѓа.
ВАЖНО Не чистете го барабанот со
средства против бигор што содржат
киселина, детергенти за стружење со
хлор или со железна или челична жица.
1. Отстранете ги наслагите од рѓа со
средство за чистење за челик што не
рѓосува.
2. Пуштете циклус на перење без
алишта, за да ги исчистите сите
остатоци од средствата за чистење.
Програма: куса програма за памук
при максимална температура, со
прибл. 1/4 мерник детергент.
Дихтунг на вратата
Повремено проверувајте го дихтунгот од
вратата и отстранете ги евентуално
заглавените предмети во
превиткувањето.
Исчистете ја комората на фиоката на
дозерот со четка.
18 electrolux
Одводна пумпа
Пумпата треба редовно да се проверува
и тоа особено ако:
• машината не испушта и/или
центрифугира
• машината испушта невообичаени
звуци за време на цедењето, поради
предмети, како на пр., безопасни,
парички итн., кои ја блокираат
пумпата.
Постапете вака:
1. Откачете го апаратот од струја.
2. Доколку е потребно, почекајте
додека водата не се излади.
3. Отворете ја вратата на пумпата
притискајќи со паричка во жлебот
(или, зависно од моделот, со
соодветната алатка што можете да
се најдете во ќесичката со сместено
упатството).
5. Извлечете го капачето за итно
празнење од капакот на филтерот со
клешти.
6. Откако водата ќе престане да тече,
одвијте го капакот на пумпата со
клешти и извадете го филтерот.
Секогаш држете некаква крпа во
близина за да ја соберете
истурената вода кога го вадите
капакот.
2
1
2
4. Ставете низок сад до пумпата за да
се собере истуреното.
1
7. Отстранете ги предметите од
елисата на пумпата вртејќи ја.
electrolux 19
8. Вратете го филтерот на пумпата,
внимавајќи да го вметнете правилно.
Откако ќе го направите тоа, завијте
го цврсто.
10. Затворете ја вратата на пумпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Доколку
уредот работел, а зависно од
избраната програма, во пумпата
може да има жешка вода. Никогаш
не вадете го капакот од пумпата за
време на циклус на перење, секогаш
почекајте апаратот да го заврши
циклусот и да биде празен. Кога го
враќате капакот на место, проверете
дали е цврсто затегнат за да
спречите протекување и можност
деца да го одвртат.
9. Вратете го капачето за итно
празнење на капакот на филтерот и
стегнете го.
Чистење на доводниот филтер за вода
Ако забележите дека на машината и'
треба подолго време да се наполни,
проверете да не е затнат филтерот во
цревото за довод на вода.
1. затворете ја славината.
2. Отшрафете го цревото од славината.
3. Исчистете го филтерот во цревото со
тврда четка.
4. Зашрафете го цревото на славината.
20 electrolux
6. доколку е потребно, исчистете ја
пумпата на погоре опишаниот начин;
7. навртете ја пумпата и затворете ја
вратичката.
Итно празнење
Доколку водата не е испуштена,
постапете на следниот начин за да ја
испразните машината:
1. извлечете ја приклучницата од
штекерот;
2. затворете ја славината;
3. доколку е потребно, почекајте водата
да се излади;
4. отворете ја вратичката на пумпата;
5. ставете длабок сад на подот.
Извадете го капачето за итно
празнење од филтерот. Водата треба
да се исцеди во садот по слободен
пад. Откако садот ќе се наполни,
вратете го капачето на филтерот.
Испразнете го садот. Повторувајте ја
постапката додека водата не
престане да тече;
Спречување замрзнување
Ако машината е ставена на место каде
што температурата може да падне под
0°C, постапете вака:
1. Извлечете го приклучникот од
штекерот.
2. Затворете ја славината.
3. Одвијте го доводното црево.
4. Ставете го крајот на доводното црево
во длабок сад на подот, отворете го
капачето за итно празнење на
филтерот и пуштете ја водата да
истече.
5. Вратете го капачето за итно
празнење на филтерот и навијте го
доводното црево на место.
6. Кога ќе сакате повторно да ја
користите машината, проверете дали
температура во просторијата е над
0°C.
ВАЖНО Секогаш кога ќе ја испуштите
водата со цревото за итно празнење
мора да истурите 2 литра вода во
главната преграда на фиоката за
детергент, а потоа да ја пуштите
програмата за црпење. Тоа ќе го
активира уредот со вентил ECO што
спречува дел од детергентот да остане
неупотребен при следното перење.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
што може лесно да се решат без викање
сервисер. Пред да се обратите во
вашиот локален сервисен центар,
извршете ги следниве проверки.
Додека машината работи, можно е
црвената сијаличка на копчето 5 да
трепка за да укаже дека машината не
работи.
Штом ќе се отстрани проблемот,
притиснете го копчето 5 за да ја почнете
програмата одново. Ако и по сиве овие
проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
electrolux 21
Проблем
Веројатна причина/Решение
Машината за перење не
почнува да работи:
Вратата не е затворена (црвената сијаличка на копчето 5
трепка).
• Цврсто затворете ја вратата.
Приклучокот не е правилно вметнат во штекерот.
• Вметнете го приклучокот во штекерот.
Во штекерот нема струја.
• Проверете ја домашната електрична инсталација.
Избил главниот осигурувач.
• Заменете го осигурувачот.
Тркалцето на програматорот не е правилно поставено и
копчето 5 не е притиснато.
• Свртете го тркалцето на програматорот и повторно
притиснете го копчето 5 .
Избрано е одложено почнување.
• Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложеното почнување.
Машината не се полни со
вода:
Славината е затворена (црвената сијаличка на копчето 5
трепка).
• Отворете ја славината.
Доводното црево е згмечено или превиткано (црвената
сијаличка на копчето 5 трепка).
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Филтерот на доводното црево е затнат (црвената сијаличка
на копчето 5 трепка).
• Исчистете го филтерот во доводното црево.
Вратата не е правилно затворена (црвената сијаличка на
копчето 5 трепка).
• Цврсто затворете ја вратата.
Машината зема вода и
веднаш ја испушта:
Крајот од одводното црево е поставен премногу ниско.
• Погледнете во соодветниот пасус во поглавјето
"Испуштање вода".
Машината не испушта вода
и/или не центрифугира:
Одводното црево е згмечено или превиткано (црвената
сијаличка на копчето 5 трепка).
• Проверете го приклучокот на одводното црево.
Филтерот на одводното црево е затнат (црвената сијаличка
на копчето 5 трепка).
• Исчистете го филтерот.
Одбрана е опција или програма што завршува со вода во
кадата или што е без центрифугирање.
• Одберете програма за испуштање вода или
центрифугирање.
Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот.
• Прераспоредете ги алиштата.
22 electrolux
Проблем
Веројатна причина/Решение
На подот има вода:
Сте употребиле премногу или несоодветен детергент
(создава премногу пена).
• Намалете го количеството детергент или употребете друг.
Проверете дали протекува од некој од приклучоците на
доводното црево. Понекогаш е тешко да се забележи дека по
цревото тече вода; проверете дали е влажно.
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Приклучокот на одводното или доводното црево е оштетен.
• Заменете со ново.
Капачето за итно празнење не било вратено на филтерот или
филтерот не бил правилно завртен по чистењето.
• Вратете го капакот за итно празнење на филтерот или
докрај завртете го филтерот.
Незадоволителни резултати
на перењето:
Сте ставиле премалку детергент или детергент што не
одговара.
• Зголемете го количеството детергент или употребете друг.
Не сте ги обработиле тврдокорните дамки пред перењето.
• Користете комерцијални производи за вадење тврдокорни
дамки.
Не е избрана соодветна температура.
• Проверете дали сте ја избрале соодветната температура.
Премногу алишта.
• Извадете алишта.
Вратата не се отвора:
Програмата уште трае.
• Почекајте до крајот на циклусот за перење.
Бравата на вратата не е ослободена.
• Почекајте неколку минути пред да ја отворите вратата.
Во барабанот има вода.
• Изберете програма за црпење или центрифугирање за да
ја испуштите водата.
Машината вибрира или е
премногу бучна:
Транспортните клинови и амбалажата не се отстранети.
• Проверете дали апаратот е правилно наместен.
Ногарките за нивелирање не се приспособени
• Проверете дали апаратот е правилно нивелиран.
Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот.
• Прераспоредете ги алиштата.
Можеби има премалку алишта во барабанот.
• Ставете повеќе алишта.
Центрифугирањето
започнува доцна или
машината не центрифугира:
Се активирал електронскиот уред за откривање на
неврамнотеженост бидејќи алиштата не се рамномерно
распоредени во барабанот. Алиштата се прераспоредуваат
со обратно вртење на барабанот. Ова може да се повтори
неколкупати додека неврамнотеженоста не исчезне за да
може да се продолжи со нормално центрифугирање. Доколку
и по 10 минути алиштата не се рамномерно распоредени во
барабанот, машината нема да центрифугира. Во тој случај,
рачно прераспределете ги алиштата и изберете ја
програмата за центрифугирање.
• Прераспоредете ги алиштата.
Премалку алишта.
• Ставете уште алишта, рачно прераспоредете ги, па
одберете ја програмата за центрифугирање.
electrolux 23
Проблем
Веројатна причина/Решение
Машината испушта
невообичаени звуци:
Машината е опремена со тип на мотор што испушта
невообичаени звуци во споредба со традиционалните
мотори. Овој нов мотор овозможува помеко почнување и
порамномерно распределување на алиштата во барабанот во
текот на центрифугирањето, како и зголемена стабилност на
машината.
Во барабанот не се гледа
вода:
Машините направени со современа технологија работат
многу штедливо и користат многу малку вода без да се
намалат перформансите.
Mo
Prodd. ...
. No ... ...
. ...
...
..
Se
r. No
. ...
...
...
Доколку не можете да го утврдите или
решите проблемот, обратете се во
нашиот сервисен центар. Пред да се
јавите на телефон, запишете ги
моделот, серискиот број и датумот на
набавка на вашата машина: сервисниот
центар ќе ги бара овие податоци.
Mod. ... ... ...
Prod. No. ... ... ...
Ser. No. ... ... ...
Технички податоци
Димензии
Широчина
Височина
Длабочина
60 см
85 см
44 см
Поврзување на електриката
Информации за поврзувањето на електриката се дадени на
плочката од внатрешната страна на вратата на апаратот.
Притисок на доводот за вода
Минимум
Максимум
0,05 MPa
0,8 MPa
Максимално полнење
Памук
6 кг
Брзина на центрифугирање
Максимум
1000 врт./мин (EWS 8070 W)
1200 врт./мин (EWS 10070 W)
Потрошувачки вредности
Програма
Потрошувачка на
вода (литри)
Потрошувачка на
енергија (KWh)
Траење на
програмата (минути)
Бели памучни 90°
62
2.1
140
Памук 60°
59
1.3
130
Памук ECO 60° 1)
52
1.02
165
Синтетика 40°
45
0.5
80
24 electrolux
Програма
Потрошувачка на
вода (литри)
Потрошувачка на
енергија (KWh)
Траење на
програмата (минути)
Нежни 40°
55
0.55
70
Рачно перење/Волна
30°
50
0.3
60
1) Програмата "Памук Eco" на 60°C со полнење од 6 кг е референтна програма за податоците
внесени на енергетската етикета, во согласност со стандардите од EEC 92/75.
Податоците за потрошувачка прикажани во табелата се сметаат за чисто
ориентациски, бидејќи може да варираат зависно од количеството и видот на
алиштата, од влезната температура на водата, како и од температурата на
околината.
Монтажа
Распакување
Сите транспортни клинови и сета
амбалажа мора да се отстранат пред
користење на уредот.
Препорачуваме да ја чувате
транспортната опрема за да може
одново да се монтира доколку уредот
некогаш повторно се превезува.
1. Откако ќе ја отстраните сета
амбалажа, внимателно положете ја
машината на задната страна и
отстранете го стиропорот одоздола.
3. Отшрафете ги трите шрафови.
2. Извадете ги кабелот за струја и
цревата за одвод и довод од
држачите на задниот дел на
апаратот.
electrolux 25
4. Извлечете ги соодветните пластични
разделници.
да биде нивелирана и стабилна. Ако е
потребно, проверете го поставувањето
со помош на либела. Сите потребни
нагодувања може да се изведуваат со
клуч за одвртување. Точното
нивелирање спречува вибрации, бучава
и поместување на машината во текот на
работата.
ВНИМАНИЕ Никогаш не ставајте
картон, дрво или сличен материјал
под машината за да ги израмните
нерамнините на подот.
5. Затворете ги помалото горно дупче и
двете поголеми дупчиња со
соодветните пластични клинкапачиња од ќесичката со упатството
за употреба.
Довод за вода
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Овој уред мора
да се приклучи на довод на студена
вода.
1. Приклучете го доводното црево,
испорачано со машината, на славина
со навој од 3/4". Секогаш користете го
цревото испорачано со уредот.
Поставување во положба
Монтирајте ја машината на рамен, тврд
под. Уверете се дека струењето на
воздухот околу машината не е
попречено од теписи, черги итн.
Проверете дали машината ги допира
ѕидот или кујнските елементи.
Нивелирајте ја машината за перење со
подигање или спуштање на ногалките.
Можно е, регулирањето на ногалките да
оди тешко, бидејќи имаат навртка за
само-заклучување, но машината МОРА
26 electrolux
специјално наменето за овој тип на
примена.
ВАЖНО Пред да приклучувате
машината на нова водоводна мрежа или
на мрежа која не е користена повеќе
време, пуштете да истече некоја
разумна количина вода, за да се исперат
сите талози што се собрале во цевките.
ВАЖНО Не употребувајте го цревото од
старата машина за да ја поврзете на
доводот на вода.
2. другиот крај од доводното црево, кој
се приклучува во машината, може да
се заврти како што е прикажано на
сликата.
Не поставувајте го доводното црево
надолу.
нагодете го аголот на цревото кон
лево или кон десно, зависно од
положбата на славината за вода.
3. Правилно наместете го цревото со
олабавување на прстенестата
навртка. Откако ќе го поставите
доводното црево, проверете дали
прстенестата навртка е добро
прицврстена за да избегнете
протекување.
Доводното црево не смее да се
продолжува. Ако е премногу кратко и ако
не сакате да ја преместувате славината,
ќе треба да купите ново, подолго црево,
Одвод за вода
Крајот од одводното црево може да се
постави на три начини.
• Закачено преку работ на мијалникот ,
со помош на пластичната водилка за
црево, испорачана со машината. Во
овој случај, уверете се дека крајот
нема да се откачи при празнење на
машината. Ова може да се постигна со
негово врзување на славината или со
закачување на ѕидот.
• Во огранок од одводната цевка на
мијалникот. Овој огранок мора да биде
над јамката, така што кривината ќе
биде најмалку 60 cm над подот.
• Директно во одводна цевка , на висина
не помала од 60 cm и не повеќе од 90
cm. Крајот на одводното црево
секогаш мора да биде вентилирано,
т.е. внатрешниот пречник на
одводната цевка мора да биде
поголем од надворешниот дијаметар
на одводното црево. Одводното црево
не смее да биде превиткано.
electrolux 27
Одводното црево може да се продолжува до максимум 4 метри. Дополнително
одводно црево и елемент за поврзување можете да набавите во вашиот локален
сервисен центар.
Поврзување на струјата
Информации за поврзувањето на
електриката се дадени на плочката од
внатрешната страна на вратата на
уредот.
Проверете дали вашата домашна
електрична инсталација може да го носи
потребното максимално оптоварување,
притоа земајќи ги предвид и останатите
користени уреди.
Поврзете ја машината на заземјена
приклучница.
повреди, настанати поради
непочитување на горенаведените
безбедносни мерки.
По монтажата на машината, кабелот
за струја мора да биде лесно
достапен.
Доколку кабелот за струја на уредот
мора да се замени, тоа мора да го
направи сервисен центар.
Производителот не прифаќа никаква
одговорност за оштетувања или
Еколошки прашања
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Амбалажа
Материјалите означени со симболот
можат да се рециклираат.
>PE<=полиетилен
>PS<=полистирен
>PP<=полипропилен
Ова значи дека тие може да се
рециклираат со нивно отстранување во
соодветни собирни контејнери.
Еколошки практични совети
За да заштедите вода, струја и да
помогнете во заштита на животната
средина, препорачуваме да ги следите
овие практични совети:
• За да се заштеди детергент, вода и
време, нормално валканите алишта
можат да се перат и без претперење
(со тоа се штити и животната
средина!).
• Машината работи поекономично ако е
целосно наполнета.
28 electrolux
• Со соодветно претходно третирање
може да се отстранат дамките и
валканоста на одредени места;
алиштата тогаш може да се перат на
пониска температура.
• Измерете го детергентот според
тврдостa на водата, степенот на
валканост и количината на алишта,
што ќе се пере.
electrolux 29
30 electrolux
electrolux 31
www.electrolux.com
132959671 - 01 - 372009
Was this manual useful for you? yes no
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the work of artificial intelligence, which forms the content of this project

Download PDF

advertisement