ZANUSSI ZDI311X Упатство за користење

Add to my manuals
24 Pages

advertisement

ZANUSSI ZDI311X Упатство за користење | Manualzz
MK
Упатство за ракување 2
Машина за миење садови
ZDI311
Содржина
Безбедносни информации _ _ _ _ _ _ _ 2
Контролна табла _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 4
Програми за миење садови _ _ _ _ _ _ _ 6
Пред првата употреба _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 7
Нагодување на омекнувачот на
водата _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 7
Користење на сол за машина за миење
садови _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 8
Користење на средство за
плакнење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 9
Полнење прибор за јадење и
садови _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 10
Користење на детергент _ _ _ _ _ _ _ _
Функцијата Multitab _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Одбирање и почнување програма за
миење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Нега и чистење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Што да сторите ако... _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Технички податоци _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Еколошки прашања _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Монтажа _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Поврзување на водата _ _ _ _ _ _ _ _ _
Поврзување на струјата _ _ _ _ _ _ _ _
12
13
14
15
16
18
18
19
19
21
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
Внимателно прочитајте го овој
прирачник, пред да го инсталирате и
да го користите уредот. Тоа е во интерес
на вашата безбедност и за да се осигури
правилна работа. Чувајте ги овие
упатства и уверете се заедно со
машината, ако ја преместувате или
продавате. Сите лица, кои го користат
уредот, мора целосно да бидат
запознаени со неговата работа и неговите
безбедносни опции.
Правилна употреба
• Апаратот е конструиран само за
домашна употреба.
• Користете го апаратот само за прибор
за домаќинство што може да се мие во
машина.
• Не ставајте растворачи во апаратот.
Опасност од експлозија.
• Ставајте ги ножевите и сите предмети
со остри врвови во корпата за прибор за
јадење со врвовите надолу. Инаку,
ставајте ги во хоризонтална положба во
горната корпа.
• Користете само специјални производи
за машини за миење садови (детергент,
сол, средство за плакнење).
2
• Ако ја отворите вратата додека работи
апаратот, може да излезе жешка пареа.
Опасност од изгореници на кожата.
• Не вадете садови од машината пред
крајот на програмата за миење.
• Кога ќе заврши програма за миење,
извадете го приклучникот за струја од
штекерот и затворете ја славината.
• Само овластен сервисер може да го
поправа апаратот. Користете само
оригинални резервни делови.
• Не вршете поправки самостојно за да
не дојде до повреди или оштетување на
апаратот. Секогаш јавете се на
локалниот сервисен центар.
Општа безбедност
• Лицата (вклучувајќи ги и децата) со
намалени сензорски, ментални
способности или без доволно искуство
и знаење, не смеат да го користат
уредот. Тие мора да бидат
надгледувани или упатени во работата
на уредот, од страна на лицето кое е
одговорно за нивната безбедност.
• Детергентите за машина за миење
садови може да предизвикаат
изгореници на очите, устата и грлото.
Може да го доведат животот во
опасност! Придржувајте се кон
безбедносните упатства на
производителот на детергентот за
машина за миење садови.
• Не пијте ја водата од машината за
миење садови. Во уредот може да има
остатоци од детергент.
• Уверете се дека вратата од уредот е
секогаш затворена кога не се користи.
Со тоа ќе спречите повреда и
сопнување преку отворената врата.
• Немојте да седите или стоите на
вратата.
Безбедност на децата
• Со овој уред смеат да ракуваат само
возрасни. Децата мора да се
надгледуваат за да бидете сигурни дека
нема да играат со уредот.
• Држете ја сета амбалажа подалеку од
децата. Постои ризик од задушување.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно
место. Не дозволувајте им на децата да
го допираат детергентот.
• Држете ги децата подалеку од уредот
кога вратата е отворена.
Местење
• Уверете се дека уредот не е оштетен во
текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетен уред. По потреба
побарајте го добавувачот.
• Отстранете ја сета амбалажа пред
првата употреба.
• Инсталирањето на електриката и на
водоводот мора да го изведува
квалификувано икомпетентно лице.
• Не обидувајте се да ги менувате
спецификациите или да го
модификувате овој производ на кој
било начин. Тоа може да предизвика
повреда.
• Не менувајте ги спецификациите и не
вршете измени на производот.
Опасност од повреди или оштетување
на апаратот.
• Не користете го апаратот:
– ако кабелот за напојување или
цревата за вода се оштетени,
– ако контролната табла, работната
површина или подножјето се
оштетени така што има пристап до
внатрешноста на апаратот.
Јавете се на локалниот сервисен
центар.
• Не дупчете ги страниците на апаратот
за да не се оштетат хидрауличните и
електричните делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ При
поврзување на струјата и на водата,
внимателно следете ги упатствата
наведени во соодветните поглавја.
3
Контролна табла
3
1
2
4
A
B
C
D
E
5
1
2
3
4
5
Копчиња за одбирање програми
Копче за одложен почеток
Показни светла
Копче вклучување/исклучување
Функциски копчиња
Показни светла
Програма во тек
– Се пали кога ќе одберете програма за
миење садови.
– Останува запалено додека трае
програмата.
– Се гаси кога ќе заврши програма за
миење садови.
Крај на програмата
Се пали кога ќе заврши програма за
миење. Помошни функции:
• Ниво на омекнувачот на вода.
• Активирање/деактивирање на
средството за плакнење.
• Аларм ако уредот има дефект.
4
Показни светла
Мулти-таблети
Се пали кога ќе ја вклучите функцијата
Multitab. Погледнете во „Функција
Multitab“.
Сол 1)
Показното светло се пали кога е
неопходно да се наполни садот за сол.
Погледнете во „Користење на сол за
машина за миење садови“.
Откако ќе го наполните садот, показното
светло за сол може да продолжи да свети
уште неколку часа. Ова нема несакани
влијанија врз работата на уредот.
Средство за плакнење 1)
Се пали кога треба да се наполни дозерот
за средство за плакнење. Погледнете во
„Користење на средство за плакнење“.
1) Кога садовите за сол или за средство за плакнење се празни, соодветното показно светло не
се пали додека работи програма за миење.
Копчиња за одбирање програми
Со овие копчиња може да одбирате
програми за миење. Притиснете
програмско копче и соодветното показно
светло се пали. Видете во поглавјето
"Програми за миење садови" за повеќе
податоци за програмите.
Копче за одложено почнување
Со копчето за одложено почнување се
одложува почнувањето на програмата за
миење за 3, 6 или 9 часа. Видете во
поглавјето "Поставување и почнување
програма за миење садови".
Функциски копчиња
Користете ги функциските копчиња за
следниве работи:
• Поставување на омекнувачот на вода.
Видете во поглавјето "Поставување на
омекнувачот на вода".
• Откажување на програма за миење или
на започнато одложено почнување.
Видете во поглавјето "Поставување и
почнување програма за миење садови".
• Вклучување и исклучување на
функцијата за мултитаблети. Видете во
поглавјето "Функција Multitab".
• Активирање/деактивирање на дозерот
за средство за плакнење кога е активна
функцијата Multitab. Видете во
поглавјето "Функција Multitab".
Режим на поставување
Апаратот е во режим за поставување кога:
• Показното светло за вклучување/
исклучување е запалено.
• Сите програмски показни светла се
изгасени.
Апаратот мора да биде во режимот за
поставување за овие работи:
– Поставување програма за миење
садови.
– Поставување на нивото на омекнувачот
на вода.
– Деактивирање/активирање на дозерот
за средство за плакнење.
Ако некое програмско показно светло
свети, откажете ја програмата за да се
вратите во режимот за поставување.
Погледнете во поглавјето „Поставување и
почнување програма за миење“.
5
Програми за миење садови
Програми за миење
Програма
1)
2)
3)
Степен на
извалканост
Вид полнење
Опис на програмата
Многу валкани Чинии, прибор за
јадење,
тенџериња и тави
Претперење
Главно миење до 70°C
2 меѓуплакнења
Завршно плакнење
Сушење
Секакви
Чинии, прибор за
јадење,
тенџериња и тави
Претперење
Главно миење до 45°C или
70°C
1 или 2 меѓуплакнења
Завршно плакнење
Сушење
Нормална или
мала
извалканост
Чинии и прибор за
јадење
Главно миење до 65°C
Завршно плакнење
Нормално
валкани
Чинии и прибор за
јадење
Претперење
Главно миење до 50°C
1 меѓуплакнење
Завршно плакнење
Сушење
Нормална или
мала
извалканост
Кревки чинии и
стаклени садови
Главно миење до 45°C
1 меѓуплакнење
Завршно плакнење
Сушење
1) За време на програмата за миење „Auto“ извалканоста на садовите се одредува според
заматеноста на водата. Траењето на програмата и потрошувачката може да бидат различни.
Тоа зависи од наполнетоста на машината и од нивото на извалканост на садовите. Уредот
автоматски ја менува температурата на водата за време на главното миење.
2) Совршена секојдневна програма за миење со полупразна машина. Идеална за семејство од 4
членови за миење само на чиниите и приборот од појадокот и вечерата.
3) Испитна програма за тестирање. Видете во посебното ливче за податоците за испитување.
Потрошувачки вредности
Програма
6
Траење (во минути)
Потрошувачка на
енергија (kWh)
Вода (во литри)
80-90
1,6-1,8
22-24
90-140
1,1-1,8
12-23
30
0,9
9
150-160
1,0-1,1
13-15
Програма
Траење (во минути)
60-70
Потрошувачка на
енергија (kWh)
0,8-0,9
Притисокот и температурата на
водата, варијациите во електричното
Вода (во литри)
14-15
напојување и количеството садови може
да ги сменат овие вредности.
Пред првата употреба
Почитувајте ги следниве упатства за секој
чекор на постапките:
1. Проверете дали нивото на
омекнувачот на вода е правилно за
тврдоста на водата во вашата област.
Ако е неопходно, поставете го
омекнувачот на вода.
2. Наполнете го садот за сол со сол за
машини за садови.
3. Наполнете го дозерот со средство за
плакнење.
4. Ставете прибор за јадење и садови во
машината.
5. Поставете ја правилната програма за
миење за видот садови и
извалканоста.
6. Наполнете го дозерот за детергент со
правилно количество детергент.
7. Почнете ја програмата за миење.
Ако користите комбинирани
детергентски таблети ("3 во 1", "4 во
1", "5 во 1" итн.), видете во поглавјето
"Функција Multitab".
Нагодување на омекнувачот на водата
Омекнувачот на вода ги отстранува
минералите и солите од водоводот.
Минералите и солите може да имаат
лошо влијание врз работата на уредот.
Тврдоста на водата се мери со
еквивалентни скали:
• Германски степени (dH°).
• Француски степени (°TH).
• mmol/l (милимоли на литар меѓународна единица за тврдост на
водата).
• Кларкови степени.
Дознајте ја тврдоста на водата во вашето
подрачје и прилагодете го омекнувачот на
водата. Вашето локално водостопанство
може да ви каже колкава е тврдоста на
водата во вашето подрачје.
Тврдост на водата
Поставка за тврдост на водата
°dH
°TH
mmol/l
Кларкови
степени
рачно
електронски
51 - 70
91 - 125
9,1 - 12,5
64 - 88
2
10
43 - 50
76 - 90
7,6 - 9,0
53 - 63
2
9
37 - 42
65 - 75
6,5 - 7,5
46 - 52
2
8
29 - 36
51 - 64
5,1 - 6,4
36 - 45
2
7
7
Тврдост на водата
Поставка за тврдост на водата
°dH
°TH
mmol/l
Кларкови
степени
рачно
електронски
23 - 28
40 - 50
4,0 - 5,0
28 - 35
2
6
19 - 22
33 - 39
3,3 - 3,9
23 - 27
2
5
15 - 18
26 - 32
2,6 - 3,2
18 - 22
1
4
11 - 14
19 - 25
1,9 - 2,5
13 - 17
1
3
4 - 10
7 - 18
0,7 - 1,8
5 - 12
1
2
<4
<7
< 0,7
<5
1
1)
1 1)
1) Не е потребна сол.
Мора да го поставите омекнувачот на
вода и рачно и електронски.
Рачно прилагодување
Апаратот е фабрички поставен во
положба 2.
1
2
Поставете го
прекинувачот во
положба 1 или 2.
Електронско прилагодување
Омекнувачот на вода е фабрички
поставен на ниво 5.
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режимот за поставување.
3. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C додека показните
4.
5.
6.
7.
светла за функциските копчиња A, B и
C не почнат да трепкаат.
Отпуштете ги функциските копчиња B
и C.
Притиснете го функциското копче А.
– Показното светло за функциското
копче A продолжува да трепка.
– Показните светла за функциските
копчиња B и C се гасат.
– Почнува да трепка показното светло
за крај.
Функцијата за поставување на
омекнувачот на вода е активирана.
Показното светло за крај трепка за да
го покаже нивото на омекнувачот на
вода. Паузата е околу 5 секунди.
Пример: 5 трепкања, пауза, 5
трепкања, пауза, итн. = ниво 5
Притиснете го функциското копче А
еднаш за да го зголемите нивото на
омекнувачот на вода за еден чекор.
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да ја меморирате
поставката.
Користење на сол за машина за миење садови
ВНИМАНИЕ Користете само сол за
машини за садови. Сол што не е за
8
машини за садови предизвикува
оштетувања на омекнувачот на вода.
1
2
6
5
Нормално е да се прелее вода од
садот кога ќе го наполните со сол.
3
Наполнете го
садот за сол со 1
литар вода (само
пред првото
пуштање).
4
Проверете да нема ни зрно сол
надвор од преградата. Солта, ако
остане на резервоарот некое време, ќе го
продупчи. Се препорачува да почнете
програма за миење садови веднаш откако
ќе го наполните садот за сол. Тоа
спречува корозија поради истурена сол.
Кога електронски ќе го поставите нивото
на омекнувачот на вода на ниво 1,
показното светло за сол не останува
запалено.
Користење на средство за плакнење
ВНИМАНИЕ Користете само
специјално средство за плакнење за
машини за миење садови.
Направете го следново за да го наполните
дозерот за средство за плакнење:
1
3
1
2
AX
+
M
2
3
4
4
ВНИМАНИЕ Не полнете го дозерот
за средство за плакнење со некаква
друга течност (на пр. средство за
чистење машини за миење садови или
течен детергент). Опасност од
оштетување на апаратот.
9
Прилагодување на дозата на
средството за плакнење
AX
+
M
1
2
3
4
Тркалцето за
средството за
плакнење е
фабрички
поставено во
положба 3.
За да ја зголемите
или намалите
дозата, погледнете
во „Што да сторите
ако...“
Полнење прибор за јадење и садови
Совети и препораки
ВНИМАНИЕ Користете го апаратот
само за прибор за домаќинство што
може да се мие во машина.
Не користете го апаратот за перење
предмети што впиваат вода (сунѓери, крпи
и сл.).
• Пред да ставите садови и прибор за
јадење, направете го следново:
– Отстранете ги сите остатоци од храна
и покрупни нечистотии.
– Омекнете ја запечената храна во
тавчињата.
• Додека ставате садови и прибор за
јадење, направете го следново:
– Ставете ги шупливите предмети
(шољи, чаши и тави) со отворот
надолу.
– Внимавајте вода да не се собира во
долниот сад или во основата.
– Внимавајте приборот и садовите да
не се едни во други.
– Внимавајте приборот и садовите да
не прекриваат друг прибор и садови.
– Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
– Ставете ги малите предмети во
корпата за прибор за јадење.
10
• Пластичните предмети и тавите со
нелеплива облога задржуваат капки
вода. Пластичните предмети не се
сушат добро како порцеланските и
челичните предмети.
• Ставете ги лесните предмети во
горната корпа. Проверете предметите
да не се движат.
ВНИМАНИЕ Проверете дали
прскалките може да се движат
слободно пред да почнете програма за
миење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Секогаш
затворајте ја вратата откако ќе го
наполните или испразните апаратот.
Отворена врата може да биде опасна.
1
Наредете ги
поголемите садови
и капаци околу
работ на долната
корпа.
2
1
Наредете ги
предметите за
водата да допре до
сите површини.
2
За подолгите
предмети
преклопете ги
држачите за шолји
нагоре.
Ставете ги големите чинии само од
задниот дел на горната корпа.
Навалете ги нанапред.
Прилагодување на височината на
горната корпа
Ако ставите големи чинии во долната
корпа, првин поместете ја горната корпа
во повисока положба.
3
Редот од шилци во
долната корпа
може да се спушти
за да се стават
тенџериња, тави и
длабоки чинии.
1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прилагодете ја
височината пред да ја наполните
горната корпа.
Максимална височина на садовите во:
горната
корпа
долната
корпа
Горна
положба
20 cm
31 cm
Долна
положба
24 cm
27 cm
2
Користете ја мрежата за прибор. Ако
димензиите на приборот не
дозволуваат користење мрежа, извадете
ја.
1
2
11
Направете го следново за да ја поместите
горната корпа во горна или долна
положба:
1. Придвижете ги предните граничници
(А) нанадвор.
2. Извлечете ја корпата.
3. Ставете ја корпата во горна или долна
положба.
4. Вратете ги предните граничници (А) во
почетната положба.
ВНИМАНИЕ Ако корпата е во горна
положба, не ставајте шољи во
држачите за нив.
Користење на детергент
Користете само детергенти (во прав,
течни или во таблети), кои се
наменети за машина за миење садови.
Почитувајте ги податоците на
амбалажата:
• дозирањето, кое го препорачува
производителот.
• препораки за чување.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното. Со тоа ќе помогнете
во спречување на загадувањето.
1
3
Наполнете го
дозерот за
детергент ( A) со
детергент.
4
Ако користите
програма за миење
садови со
претперење,
ставете повеќе
детергент во
преградата за
детергент за
претперење ( B).
2
5
6
Различните марки детергент се
раствораат за различно време. Некои
детергенти во таблети не даваат најдобри
резултати на миење за време на кусите
програми. Користете долги програми за
миење, кога користите детергент во
таблети. Тоа помага во целосно
отстранување на детергентот.
12
Функцијата Multitab
Функцијата Multitab е за комбинирани
детергентски таблети.
Овие таблети содржат детергент,
средство за плакнење и сол за машини за
садови. Некои видови таблети може да
содржат и други средства.
Проверете дали таблетите се соодветни
за тврдоста на локалната вода. Видете во
упатствата од производителот.
Кога ќе ја поставите функцијата Multitab,
таа останува вклучена додека не ја
исклучите.
Функцијата Multitab автоматски го сопира
протекот на средство за плакнење и на
сол. Показните светла за средство за
плакнење и за сол се исклучени.
Програмата може да трае подолго ако ја
користите функцијата Multitab.
Активирајте ја или деактивирајте ја
функцијата Multitab пред да почнете
програма за миење.
Не може да ја активирате или
деактивирате функцијата Multitab додека
трае некоја програма. Откажете ја
програмата за миење, а потоа повторно
поставете ја.
Активирање на функцијата Multitab:
• Држете ги притиснати истовремено
двете копчиња за Multitab (функциските
копчиња D и E). Показното светло за
Multitab се пали.
Деактивирање на функцијата Multitab:
• Држете ги притиснати истовремено
двете копчиња за Multitab (функциските
копчиња D и E). Показното светло за
Multitab се гаси.
Направете го следново ако е
сушењето незадоволително:
1. Наполнете го дозерот со средство за
плакнење.
2. Активирајте го дозерот за средство за
плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство за
плакнење во положба 2.
• Дозерот за средство за плакнење може
да се активира или деактивира само
кога е активна функцијата Multitab.
Активирање на дозерот за средство за
плакнење:
1. Вклучете го апаратот.
2. Уверете се дека уредот е во режим за
поставување.
3. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C.
– Показните светла за функциските
копчиња A, B и C почнуваат да
трепкаат.
4. Притиснете го функциското копче B.
– Показните светла за функциските
копчиња A и C се гасат.
– Показното светло за функциското
копче B продолжува да трепка.
5. Притиснете го функциското копче B
повторно.
– Показното светло за крај се пали.
6. За да ја меморирате поставката,
исклучете го уредот.
За да го деактивирате дозерот за
средство за плакнење, направете ги
горните чекори додека не се изгасне
показното светло за крај.
1.
2.
3.
4.
5.
6.
За повторно користење на обичен
детергент:
Деактивирајте ја функцијата Multitab.
Наполнете ги садовите за сол и за
средство за плакнење.
Прилагодете ја поставката за тврдост
на водата на највисоко ниво.
Пуштете програма за миење, но без
садови.
Прилагодете го омекнувачот на вода
за тврдоста на водата во вашата
област.
Прилагодете го дозирањето на
средството за плакнење.
13
Одбирање и почнување програма за миење
Одберете програма за миење со
подотворена врата. Поставената
програма почнува само откако ќе ја
затворите вратата. Дотогаш е можно да се
менуваат поставките.
Направете го следново за да поставите и
почнете програма за миење садови:
1. Вклучете го апаратот.
2. Уверете се дека уредот е во режим за
поставување.
3. Притиснете едно од програмските
копчиња. Погледнете во поглавјето
„Програми за миење“.
– Се пали соодветното програмско
показно светло.
– Се пали показното светло за
програма во тек.
4. Затворете ја вратата.
– Програмата за миење почнува
автоматски.
– Показното светло за програма во тек
останува запалено.
Кога работи програмата за миење
садови, истата не може да се
промени. Откажете ја програмата за
миење.
Може да одберете програма за
миење и одложено почнување и со
затворена врата. Кога ќе притиснете
програмско копче имате само 3 секунди
да одберете друга програма или
одложено почнување. По тие 3 секунди,
одбраната програма почнува автоматски.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прекинете или
откажете програма за миење само
ако е неопходно.
ВНИМАНИЕ Отворајте ја вратата
внимателно. Може да избие жешка
пареа.
Прекинување програма за миење
Отворете ја вратата.
14
• Програмата запира.
Затворете ја вратата.
• Програмата продолжува од точката,
каде што била прекината.
Откажување програма за миење
садови
1. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C додека не се изгасат
сите програмски светла.
– Се гаси показното светло за
програма во тек.
2. Отпуштете ги функциските копчиња B
и C за да ја откажете програмата за
миење.
Сега можете да го направите следново:
1. Исклучете го апаратот.
2. Поставете нова програма за миење
садови.
Наполнете го дозерот за детергент пред
да поставите нова програма за миење.
Одбирање и почнување програма за
миење со одложен почеток
1. Вклучете го апаратот.
2. Одберете програма за миење.
3. Притискајте го копчето за одложен
почеток додека показното светло за
саканиот број часови не почне да
трепка (3, 6 или 9 часа).
4. Затворете ја вратата.
– Почнува одбројувањето за одложен
почеток.
– Се гаси показното светло за
програма во тек.
– Одбројувањето на одложениот
почеток се намалува во чекори од 3
часа.
5. Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата за миење почнува
автоматски.
– Се пали показното светло за
програма во тек.
Не отворајте ја вратата за време на
одбројувањето за да не го прекинете.
Кога повторно ќе ја затворите вратата,
одбројувањето почнува од точката на
прекинот.
Откажување одложен почеток
1. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C додека не се изгасат
сите програмски показни светла.
– Кога ќе откажете одложен почеток, ја
откажувате и програмата за миење
садови.
2. Поставете нова програма за миење
садови.
Завршување програма за миење
Исклучете го апаратот при следново:
• Апаратот запира автоматски.
• Показното светло за крај се пали.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
2. Отворете ја вратата.
3. За подобри резултати на сушењето,
држете ја вратата подотворена
неколку минути пред да ги извадите
садовите.
Оставете ги садовите да се изладат пред
да ги извадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
Вадење на садовите
• Првин извадете ги предметите од
долната корпа, а потоа од горната.
• Може да има вода од страните и на
вратата на апаратот. Не'рѓосувачкиот
челик се лади побрзо од садовите.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
чистите кој било негов дел, ставете го
уредот во положба OFF (исклучено).
Чистење на филтрите
ВАЖНО Не користете го апаратот без
филтрите. Внимавајте филтрите да се
правилно наместени. Неправилната
наместеност ќе предизвика послабо
миење и може да го оштети апаратот.
1
3
За да ги извадите
филтрите B и C,
свртете ја рачката
околу 1/4 налево.
4
Извадете го
плоснатиот
филтер A од
долниот дел на
апаратот.
2
Темелно исчистете
ги филтрите A, B и
C под чешма.
15
Ако дупките на прскалките се затнат,
исчистете ја нечистотијата со дрвено
стапче.
Чистење однадвор
5
Ставете го
плоснатиот
филтер А во
долниот дел на
апаратот.
Наместете го
плоснатиот
филтер правилно
под двете водилки
D.
6
Ставете го
системот за
филтрирање на
место. За да го
забравите
системот за
филтрирање,
свртете ја рачката
надесно додека не
се закочи.
ВАЖНО Не вадете ги прскалките.
Чистете ги надворешните површини на
машината и на контролната табла со
влажна мека крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не употребувајте
абразивни производи, жица за стружење
или растворувач (ацетон, трихлоретилен
итн....).
Спречување замрзнување
ВНИМАНИЕ Не инсталирајте го
уредот онаму, каде што
температурата е под 0 °C.
Производителот не е одговорен за
оштетувања од замрзнување.
Ако тоа не е можно, испразнете го уредот
и затворете ја вратата. Откачете го
доводното црево и испразнете го.
Што да сторите ако...
Апаратот не почнува или прекинува да
работи.
Ако има дефект, првин обидете се сами да
најдете решение за проблемот. Ако не
можете сами да најдете решение за
проблемот, јавете се на сервисниот
центар.
Шифри за дефекти и
неправилно функционирање
• континуирано трепкање на
сијалицата за програмата
што е во тек
• 1 трепкање на показното
светло за крај
Машината за миење садови не
се полни со вода
16
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот
пред да ги вршите долу
предложените постапки за решавање на
проблемите.
Можни причини и решение
• Славината е блокирана или затната од бигор.
Исчистете ја славината.
• Славината за вода е затворена.
Отворете ја славината.
• Филтерот во доводното црево е затнат.
Исчистете го филтерот.
• Доводното црево не е правилно поврзано.
Цревото е превиткано или згмечено.
Проверете дали поврзувањето е правилно
изведено.
Шифри за дефекти и
неправилно функционирање
Можни причини и решение
• континуирано трепкање на
• Одводот за вода е затнат.
сијалицата за програмата
Исчистете го одводот за вода.
што е во тек
• Одводното црево не е правилно поврзано.
• 2 трепкања на показното
Цревото е превиткано или згмечено.
светло за крај
Проверете дали поврзувањето е правилно
Машината за миење садови не
изведено.
испушта вода
• континуирано трепкање на
сијалицата за програмата
што е во тек
• 3 трепкања на показното
светло за крај
Активиран е уредот против
поплавување
• Затворете ја славината и контактирајте со својот
локален сервисен центар.
Програмата не почнува
• Вратата на уредотне е правилно затворена.
Затворете ја вратата.
• Приклучникот не е ставен во штекер.
Вметнете го приклучникот.
• Прегорел осигурувач на таблата за осигурувачи.
Заменете го осигурувачот.
• Поставен е одложен почеток.
Откажете го одложеното почнување за да почне
програмата веднаш.
По извршената проверка, вклучете го
уредот. Програмата продолжува од
точката на прекинот. Ако неправилното
функционирање повторно се појави,
обратете се во вашиот локален сервисен
центар.
За други шифри за дефекти, што не се
опишани во табелата, контактирајте со
својот сервисен центар.
Овие податоци се неопходни за да
добиете брза и правилна помош:
• Модел (Mod.)
• Број на производот (PNC)
• Сериски број (S.N.)
За овие податоци, видете на плочката со
спецификации.
Запишете ги неопходните податоци тука:
Опис на моделот: ..........
Број на производот: ..........
Сериски број: ..........
17
Миењето не е задоволително
Садовите не се чисти
• Одбраната програма за миење не одговара за садовите
и извалканоста.
• Корпите се наполнети неправилно, па водата не може
да допре до сите површини.
• Прскалките не се вртат слободно поради неправилен
распоред на садовите.
• Филтрите се валкани или неправилно наместени.
• Нема детергент или количеството е недоволно.
Честички бигор на
садовите
• Садот за сол е празен.
• Омекнувачот на вода е прилагоден на погрешно ниво.
• Капачето на садот за сол не е правилно затворено.
Садовите се мокри и
матни
• Не било употребено средство за плакнење.
• Дозерот со средство за плакнење е празен.
Има ленти, бели дамки
• Намалете ја дозата на средството за плакнење.
или син слој на чашите и
садовите
На чашите и садовите
• Зголемете ја дозата на средството за плакнење.
има дамки од капки вода • Детергентот може да е причина.
Технички податоци
Димензии
Широчина см
59,6
Височина см
81,8-87,8
Длабочина см
57,5
Електрично поврзување Информации за струјното приклучување се дадени на
напон - општо напојување - плочката од внатрешната страна на вратата на
осигурувач
машината за миење садови.
Притисок на доводот за
вода
Минимум
0,5 бари (0,05 MPa)
Максимум
Капацитет
8 бари (0,8 MPa)
Места за ставање
12
Еколошки прашања
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Материјалите за пакување се еколошки и
може да се рециклираат. Пластичните
18
делови се идентификуваат по ознаките,
на пр. >PE<, >PS<, итн. Фрлајте ги
материјалите за пакување во соодветен
контејнер на местата за фрлање
комунален смет.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да го
расходувате апаратот, постапете
вака:
• Извадете го приклучникот за струја од
штекерот.
• Исечете ги кабелот и приклучникот за
струја и расходувајте ги.
• Фрлете ја бравата на вратата. Тоа ќе
спречи деца да се затворат во апаратот
и да си го загрозат животот.
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте
приклучникот за струја да е изваден
од штекерот за време на местењето.
ВАЖНО Следете ги упатствата од
приложениот план за:
• Вградување на апаратот.
• Местење на кујнската плоча.
• Поврзување со доводот и одводот на
вода.
Наместете го апаратот под работна маса
(кујнска работна маса или лавабо)
Ако е потребно сервисирање, апаратот
мора да е лесно достапен за техничарот.
Ставете го апаратот до славина и одвод
за вода.
За проветрување на машината за садови
потребни се само отвори за доводот и
одводот за вода и за кабелот за струја.
Машината за садови има прилагодливи
ногарки за регулирање на височината.
Кога ја местите машината, внимавајте
доводното и одводното црево и кабелот
за струја да не се превиткани или
смачкани.
Прицврстување на апаратот за
соседните елементи
Внимавајте работната маса под која го
прицврстувате апаратот да има безбедна
структура (соседни кујнски елементи,
плакари, ѕид).
Нивелирање на апаратот
Внимавајте апаратот да е нивелиран за
да може вратата да се затвора добро. Ако
нивелирањето на апаратот е правилно,
вратата нема да закачува ниедна од
страните на плакарот. Ако вратата не се
затвора правилно, олабавувајте ги или
стегајте ги ногарките додека машината не
се изнивелира.
Поврзување на водата
Доводно црево
Приклучете го апаратот со довод на топла
(макс. 60°) или студена вода.
Ако топлата вода доаѓа од алтернативни
извори на енергија што се поеколошки (на
пр. соларни или фотоволтни плочи и
ветерници), користете топла вода за да ја
намалите потрошувачката на енергија.
Поврзете го доводното црево со славина
со надворешен навој од 3/4 цола.
ВНИМАНИЕ Не користете црева за
поврзување од стар апарат.
Притисокот на водата мора да биде во
рамките на ограничувањата (видете во
"Технички податоци"). Дознајте го
просечниот притисок на водоводната
инсталација во вашето подрачје од
локалното водостопанство.
Внимавајте доводното црево да не е
свиткано и да не е смачкано или
заплеткано.
Свртете го доводното црево налево или
надесно да одговара на инсталацијата со
контраматица. Наместете ја
контраматицата правилно за да се
избегне протекување на водата.
ВНИМАНИЕ Не поврзувајте го
апаратот со нови или со цевки што
долго не се користеле. Оставете водата
да тече неколку минути, па потоа
поврзете го доводното црево.
19
Доводно црево со безбедносен
вентил
Доводното црево е со двојна обвивка и
има внатрешен кабел за струја и
безбедносен вентил. Доводното црево е
под притисок само додека тече вода. Ако
доводното црево протекува,
безбедносниот вентил ја сопира водата
што тече.
ПРЕДУПРЕДУВА
ЊЕ Опасен напон
Внимавајте кога го поврзувате доводното
црево:
• Не ставајте ги доводното црево и
безбедносниот вентил во вода.
• Доколку доводното црево или
безбедносниот вентил се оштетени,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја.
• Доводното црево со безбедносен
вентил може да го заменува само
сервисен центар.
Одводно црево
max 400 cm
max 85 cm
min 40 cm
1
Поврзете го
одводното црево
со одвод за вода.
20
2
3
4
Внатрешниот пречник не смее да биде
помал од пречникот на цревото.
Ако го поврзувате одводното црево со
одвод за вода под лавабо, извадете ја
пластичната мембрана (А). Ако не ја
извадите мембраната, преостанатата
храна може да го блокира приклучникот
на одводното црево.
ВНИМАНИЕ Проверете дали
споевите се стегнати за да не
истекува вода.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Производителот не одговара ако не
ги следите овие безбедносни мерки.
Вземјете го апаратот според
безбедносните мерки.
Внимавајте номиналниот напон и видот
струја на плочката со спецификации да
одговараат со напонот и видот струја на
локалната мрежа.
Секогаш користете правилно инсталиран
штекер обезбеден од струјни удари.
Не користете те-штеци, приклучници и
продолжни кабли со повеќе приклучоци.
Постои опасност од пожар.
Не заменувајте го кабелот за струја сами.
Јавете се на сервисниот центар.
Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
Не влечете го кабелот за да го откачите
од струја. Секогаш повлекувајте го
приклучникот.
21
22
23
www.zanussi.com
156992751-00-112009

advertisement

Was this manual useful for you? Yes No
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the workof artificial intelligence, which forms the content of this project

Related manuals

Download PDF

advertisement