Electrolux | ESI46500XR | User manual | Electrolux ESI46500XR Упатство за користење

Electrolux ESI46500XR Упатство за користење
Упатство за ракување
Машина за миење садови
ESI 46500
2 electrolux
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на
www.electrolux.com
СОДРЖИНА
Безбедносни информации
2
Опис на производот
5
Контролна табла
6
Употреба на апаратот
7
Нагодување на омекнувачот на водата
8
Користење на сол за машина за миење
садови
9
Користење детергент и средство за
плакнење
9
Функцијата Multitab
10
Полнење прибор за јадење и садови
11
Одбирање и почнување програма за
миење
11
Програми за миење садови
12
Нега и чистење
13
14
Што да сторите ако...
Технички податоци
17
Еколошки прашања
17
Можноста за промени е задржана
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажа и употреба, внимателно
прочитајте го ова упатство:
• Заради Ваша лична безбедност и
безбедноста на Вашиот имот.
• За да и` помогнеме на околината.
• Заради правилна работа на апаратот.
Секогаш чувајте го ова упатство со
апаратот дури и ако се селите или го
дадете на друг.
Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат оштетување.
Безбедност на децата и помалку
вештите лица
• Не дозволувајте им на лица,
вклучително и деца, со намалени
физички способности, намалени
ментални функции или недостаток на
искуство и знаење да го користат
апаратот. Нивното ракување со
апаратот мора да го надгледува или
насочува лице одговорно за нивната
безбедност.
• Децата мора да се надзираат за да
бидете сигурни дека не си играат со
апаратот.
• Сите материјали за пакување чувајте
ги настрана од дофат на деца.
Постои ризик од задушување или
повреда.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно
место. Не дозволувајте им на децата
да ги допираат детергентите.
• Држете ги децата и миленичињата
подалеку од апаратот кога вратата е
отворена.
Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на
апаратот. Постои опасност од
повреда и оштетување на апаратот.
• Почитувајте ги безбедносните
упатства од производителот на
детергентот за да спречите
изгореници на очите, устата и грлото.
• Не пијте ја водата од апаратот. Во
апаратот може да има честички од
детергент.
• Не оставајте ја вратата на апаратот
отворена без надзор. Ова е за да се
спречи повреда или пад врз отворена
врата.
• Не седете и не стојте на отворената
врата.
Користење
• Апаратот е само за домашна
употреба. Не користете го апаратот
за други намени за да спречите
повреди на луѓето и оштетување на
имотот.
• Користете го апаратот само за
прибор што може да се мие во
машина за садови.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во апаратот, блиску или врз
electrolux 3
него. Постои ризик од експлозија или
пожар.
Ставајте ги ножевите и сите
предмети со остар врв во корпата за
прибор за јадење, со врвовите
надолу. Во спротивно, ставајте ги во
хоризонтална положба во горната
корпа или во корпата за ножеви.
(Сите модели немаат корпа за
ножеви).
Користете само специјални
производи за машина за миење
садови (детергент, сол, средство за
плакнење).
Сол што не е за машина за миење
садови може да предизвика
оштетување на омекнувачот на вода.
Наполнете го апаратот со сол пред
да почнете програма за миење.
Преостанатата сол во апаратот може
да предизвика корозија или да
направи дупка на дното на апаратот.
Не полнете го дозерот за средство за
плакнење со друга течност освен со
средство за плакнење (средство за
чистење машина за миење садови
или течен детергент). Тоа може да
предизвика оштетување на апаратот.
Проверете дали прскалките може да
се движат слободно пред да почнете
програма за миење.
Апаратот може да испушти жешка
пареа ако ја отворите вратата додека
работи програмата за перење.
Постои опасност од изгореници на
кожата.
Не вадете ги садовите од апаратот
додека не заврши програмата за
миење.
• Не користете вода во спреј или пареа
за чистење на уредот. Опасност од
струен удар и оштетување на
апаратот.
Нега и чистење
• Пред да го чистите апаратот,
исклучете го и извадете го
приклучникот од штекер.
• Не употребувајте запаливи
производи или производи кои
предизвикуваат корозија.
• Не користете го апаратот без филтри.
Уверете се дека филтрите се
правилно поставени. Неправилната
поставеност ќе предизвика послабо
миење и може да го оштети апаратот.
Поврзување на водата
• Употребете нови црева за да го
приклучите апаратот на довод за
вода. Не употребувајте користени
црева.
• Не приклучувајте го апаратот на нови
или на цевки што не се користеле
долго време. Оставете ја водата да
тече неколку минути, па дури потоа
поврзете го доводното црево.
• Погрижете се да не ги згмечите или
оштетите цревата за вода при
монтажата на апаратот.
•
•
•
•
•
•
•
•
Монтажа
• Проверете да не е оштетен апаратот.
Не монтирајте или поврзувајте
оштетен апарат, контактирајте го
Вашиот добавувач.
• Отстранете ја амбалажата пред да го
монтирате или користите апаратот.
• Само квалификувано лице смее да го
поврзе апаратот со струја и
водоводната мрежа и да го монтира.
Така ќе се спречи ризик од структурно
оштетување или повреда.
• Внимавајте приклучокот за струја да
е изваден од штекерот за време на
монтажата.
• Не дупчете ги страниците на
апаратот за да не се оштетат
хидрауличните и електричните
делови.
• Важно!Следете ги упатствата дадени
во образецот доставен со апаратот:
– Монтирање на апаратот.
– Составување на плочата на
вратата.
– Поврзување со доводот и одводот
на вода.
• Проверете дали апаратот е монтиран
под или во близина на безбедна
структура.
Спречување смрзнување
• Не монтирајте го апаратот онаму
каде што температурата е под 0°C
• Производителот не е одговорен за
оштетувања од замрзнување.
4 electrolux
• Проверете дали споевите се стегнати
за да се спречи истекувањето на
водата.
• При првата употреба на апаратот,
уверете се дека од цревата не
протекува вода.
• Доводното црево е со безбедносен
вентил и двојна обвивка со
внатрешен кабел за струја.
Доводното црево е под притисок само
додека тече вода. Ако доводното
црево протекува, безбедносниот
вентил ја сопира водата што тече.
– Внимавајте кога го поврзувате
доводното црево:
– Не ставајте ги доводното црево и
безбедносниот вентил во вода.
– Доколку доводното црево или
безбедносниот вентил се
оштетени, веднаш извадете го
приклучокот од штекерот за
струја.
– Цревото за довод на вода со
безбедносен вентил може да го
замени само сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасен
напон.
Поврзување на струјата
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали податоците за
струјата од плочката со
спецификации одговараат на
напојувањето.
• Секогаш користете правилно
инсталиран приклучок за струја
обезбеден од струјни удари.
• Не употребувајте штекери со повеќе
приклучоци и кабли за
продолжување. Постои опасност од
пожар.
• Не заменувајте го ниту ставајте друг
кабел за струја. Контактирајте со
сервисниот центар.
• Внимавајте приклучокот и кабелот за
струја да не се нагмечат или оштетат
зад апаратот.
• Проверете дали има пристап до
штекерот по монтажата.
• Не влечете го кабелот за напојување
за да го исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го приклучокот.
Сервисен центар
• Само квалификувано лице може да го
поправа апаратот или да работи на
него. Контактирајте со сервисниот
центар.
• Користете само оригинални резервни
делови.
Расходување на апаратот.
• За да се спречи ризик од повреда или
оштетување:
– Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
– Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
– Извадете ја бравата на вратата.
Ова спречува затворање на деца
или галеничиња во апаратот.
Постои опасност од задушување
– Фрлете го апаратот во локален
центар за отпад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Детергентите
за машината за миење садови се
опасни и можат да предизвикаат
корозија!
• Ако се случи незгода со овие
детергенти, веднаш повикајте
лекар.
• Ако детергентот дојде во допир
со уста, веднаш повикајте лекар.
• Ако детергентот дојде во допир
со очите, веднаш повикајте лекар
и исплакнете ги очите со вода.
• Чувајте ги детергентите за
машината за миење садови на
безбедно место и вон дофат на
деца.
• Не држете ја вратата на апаратот
отворена кога има детергент во
дозерот за детергент.
• Полнете го дозерот за детергент
само пред да почнете програма
за миење.
electrolux 5
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
1
9
2
8
3
7
4
6
5
1
2
3
4
5
Горна корпа
Тркалце за тврдост на водата
Сад за сол
Дозер за детергент
Дозер за средство за плакнење
6
7
8
9
Плочка со спецификации
Филтри
Долна прскалка
Горна прскалка
6 electrolux
КОНТРОЛНА ТАБЛА
1
A
B
2
3
5
4
C
D
E
6
1
2
3
4
5
6
Копче за вклучување/исклучување
Показатели
Приказ
Копче за одложен почеток
Копчиња за програми
Функциски копчиња
Показатели
Показател за програмата. Се пали кога програмата за миење ќе почне и се
гаси кога програмата ќе заврши
Показател за крај. Се пали кога програмата за миење ќе заврши.
Показател за мулти-таблети. Се пали кога ќе ја вклучите функцијата.
Показател за сол. Се пали кога треба да се наполни садот за сол. 1)
Откако ќе го наполните садот, индикаторот за сол може да остане запален
уште неколку часа. Тоа нема несакано влијание врз работата на апаратот.
Показател за средство за плакнење. Се пали кога треба да се наполни
дозерот за средство за плакнење. 1)
1) Кога садот за сол и/или дозерот за средство за плакнење се празни, соодветните показатели не се
палат додека програмата за миење работи.
Копче за вклучување/исклучување
Притиснете го ова копче за да го
вклучите или исклучите апаратот.
После десет минути од завршувањето
на програма за миење, функцијата Auto
Off автоматски го исклучува апаратот.
Ова помага да се намали
потрошувачката на енергија.
Приказ
Екранот покажува:
electrolux 7
• електронско регулирање на нивото на
омекнувачот за вода
• вклучување/исклучување на дозерот
за средство за плакнење (само кога е
вклучена функцијата мулти-таблети)
• почеток на програмата за миење
• преостанато време до крајот на
програмата за миење
• крај на програмата за миење (на
дигиталниот екран ќе се појави нула)
• одложено време за почеток
• Шифри за тревога.
Копче за одложен почеток
Притискајте го ова копче за да го
одложите почетокот на програмата за
миење од 1 до 24 часа.
Копчиња за одбирање програми
Притиснете едно од овие копчињата за
да одберете програма за миење. Се
пали соодветното показно светло.
Погледнете во „Програми за миење“.
Функциски копчиња
Со овие копчиња можете:
• електронски да го поставувате нивото
на омекнувачот за вода. Погледнете
во „Поставување на омекнувачот за
вода“.
• да ја вклучите и исклучите
функцијата мулти-таблети.
Погледнете во „Функција мултитаб“.
• да го вклучите и исклучите дозерот за
средство за плакнење (само кога е
активна функцијата мулти-таблети).
Видете во „Што да сторите ако...“.
• да откажете програма за миење во
тек. Погледнете во „Одбирање и
почнување програма за миење“.
Режим на поставување
За следниве постапки, апаратот мора
да биде во режим на поставување:
• почнување програма за миење.
• почнување одложен почеток.
• електронско поставување на нивото
на омекнувачот за вода.
• вклучување и исклучување на
дозерот за средство за плакнење
(само кога е активна функцијата
мулти-таблети).
Вклучете го апаратот. Апаратот е во
режим на поставување кога:
• се запалени сите програмски
показатели.
• екранот покажува две хоризонтални
статусни линии.
Вклучете го апаратот. Апаратот не е
во режим на поставување кога:
• се пали само еден програмски
показател.
• екранот го покажува траењето на
програмата за миење или на
одложеното почнување.
– Неопходно е да ја откажете
програмата или одложениот старт
за да се вратите во режимот на
поставување. Видете во поглавјето
'Поставување и почнување
програма за миење садови'.
УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ
1. Проверете дали регулирањето на
омекнувачот на водата е соодветно
за тврдоста на водата во вашата
област. Ако не е, прилагодете го
омекнувачот на водата.
2. Наполнете го садот за сол со сол за
машина за миење садови.
3. Наполнете го дозерот за средство за
плакнење со средство за плакнење.
4. Ставете прибор за јадење и садови
во апаратот.
5. Поставете ја правилната програма
за миење за видот на садови и
извалканост.
6. Наполнете го дозерот за детергент
со правилно количество детергент.
7. Почнете ја програмата за миење.
Ако користите комбинирани
детергентски таблети („3 во 1“, „4 во
1“, „5 во 1“), користете ја функцијата
Multitab (погледнете во „Функција
Multitab“).
8 electrolux
НАГОДУВАЊЕ НА ОМЕКНУВАЧОТ НА ВОДАТА
Омекнувачот на вода ги отстранува
минералите и солите од водоводот.
Овие минерали и соли може да го
оштетат апаратот.
Прилагодете го нивото на омекнувачот
на вода ако не е соодветно за тврдоста
на водата во вашата област.
Контактирајте со локалното
водостопанство за да ја дознаете
тврдоста на водата во вашата област.
Регулирање на
тврдоста на водата
Тврдост на водата
Германски
степени (dH°)
Француски
степени (°TH)
mmol/l
Кларкови
степени
рачно
електр
онски
51 - 70
91 - 125
9,1 - 12,5
64 - 88
2 1)
10
43 - 50
76 - 90
7,6 - 9,0
53 - 63
2
1)
9
37 - 42
65 - 75
6,5 - 7,5
46 - 52
2
1)
8
29 - 36
51 - 64
5,1 - 6,4
36 - 45
2
1)
7
23 - 28
40 - 50
4,0 - 5,0
28 - 35
2 1)
6
19 - 22
33 - 39
3,3 - 3,9
23 - 27
1)
15 - 18
26 - 32
2,6 - 3,2
18 - 22
1
4
11 - 14
19 - 25
1,9 - 2,5
13 - 17
1
3
4 - 10
7 - 18
0,7 - 1,8
5 - 12
1
2
<4
<7
< 0,7
<5
2
1
2)
5 1)
1 2)
1) Фабричка поставка.
2) Не користете сол на ова ниво.
Мора да го регулирате омекнувачот
на вода како рачно така и
електронски.
Рачно регулирање
Свртете го тркалцето за тврдина на
водата во положба 1 или 2 (видете во
табелата).
Електронско поставување
1. Вклучете го апаратот. Уверете се
дека апаратот е во режимот на
поставување.
2. Држете ги притиснати функциските
копчиња (B) и (С) додека
показателите за функциските
копчиња (A), (B) и (C) не почнат да
трепкаат.
3. Отпуштете ги функциските копчиња
(B) и (C).
4. Притиснете го функциското копче
(А).
• Показателите над функциските
копчиња (B) и (C) се гасат.
• Показателот за функцискомултито
копче (А) продолжува да трепка.
• Екранот го покажува
поставувањето на омекнувачот за
= ниво 5).
вода (пример:
5. Притискајте го функциското копче
(А) за промена на поставката.
6. Исклучете го апаратот за потврда.
Ако омекнувачот на водата е
електронски поставен на ниво 1,
показателот за сол е изгаснат.
electrolux 9
КОРИСТЕЊЕ НА СОЛ ЗА МАШИНА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ
Како да го наполните садот за сол:
1. Свртете го капачето налево и
отворете го садот за сол.
2. Наполнете го садот за сол со 1
литар вода (само кога полните сол
за првпат).
3. Со помош на инка, наполнете го
садот со сол.
4. Отстранете ја солта околу отворот
на садот за сол.
5. Свртете го капачето надесно за да
го затворите садот за сол.
Нормално е да се прелее вода од
садот за сол кога ќе го наполните
со сол.
КОРИСТЕЊЕ ДЕТЕРГЕНТ И СРЕДСТВО ЗА ПЛАКНЕЊЕ
1
3
2
30
7
4
MA X
+
3 2
-
1
20
2. Ставете го детергентот во дозерот
1 .
3. Ако програмата за миење има фаза
на претперење, ставете мало
количество детергент на
внатрешната страна на вратата на
апаратот.
4. Ако користите детергент во
таблети, ставете ја таблетата во
дозерот за детергент 1 .
5. Затворете го дозерот за детергент.
Притиснете го капакот за да се
намести во правилна положба.
4
6
5
Користење на детергент
За заштита на животната околина,
не користете повеќе од точното
количество детергент.
Следете ги препораките на
производителот наведени на
кутијата со детергентот.
Како да го наполните дозерот за
детергент:
1. Притиснете го копчето за
отпуштање 2 за да го отворите
капакот 7 на дозерот за детергент.
Користете долги програми за
миење кога користите детергент во
таблети. Тие не можат целосно да
се растопат со кратки програми за
миење и може да ги намалат
резултатите на миењето.
Користење на средство за плакнење
Средството за плакнење
овозможува сушење на садовите
без ленти и дамки.
Дозерот за средство за плакнење
автоматски додава средство за
време на последното плакнење.
Направете ги следниве чекори за да го
наполните дозерот за средството за
плакнење:
10 electrolux
1. Притиснете го копчето за
отпуштање 6 за да го отворите
капакот 5 од дозерот за средство
за плакнење.
2. Наполнете го дозерот за средство
за плакнење 3 со средство за
плакнење. Ознаката „max“ го
покажува максималното ниво.
3. Отстранете го истуреното средство
за плакнење со впивлива крпа за да
спречите преголемо пенење за
време на програма за миење.
4. Затворете го дозерот за средство
за плакнење. Притиснете го капакот
за да се намести во правилна
положба.
Регулирајте ја дозата на средството
за плакнење
Фабричка поставка: положба 3.
Може да ја поставите дозата на
средството за плакнење меѓу положба
1 (најмала доза) и положба 4 (најголема
доза).
Завртете го тркалцето на средството за
плакнење 4 за да ја зголемите или
намалите дозата.
ФУНКЦИЈАТА MULTITAB
Функцијата мулти-таблети е за
комбиниран детергент во таблети.
Овие таблети содржат средства како
детергент, средство за плакнење и сол.
Некои видови таблети може да содржат
и други средства.
Проверете дали овие таблети се
соодветни за тврдоста на водата во
Вашата област (видете ги упатствата
на амбалажата од производите).
Функцијата мулти-таблети го
деактивира протокот на средство за
плакнење и на сол.
Функцијата мулти-таблети ги
деактивира показните светла за сол и
за средство за плакнење.
Траењето на програмата може да се
продолжи ако ја користите функцијата
мулти-таблети.
Активирајте ја или деактивирајте ја
функцијата мулти-таблети пред да
почнете програма за миење. Не
смеете да ја активирате или
деактивирате функцијата мултитаблети додека трае некоја
програма за миење.
Активирање на функцијата multitab
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режим на поставување.
3. Притиснете ги и држете ги
функциските копчиња (D) и (E)
истовремено се додека не се вклучи
показното светло за multitab.
4. Отпуштете ги функциските копчиња
(D) и (E). Функцијата е активирана.
• Кога ќе ја активирате функцијата
мулти-таблети, таа останува
вклучена додека не ја
деактивирате.
За исклучување на функцијата
multitab и одделна употреба на
детергент, сол и средство за
плакнење
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режим на поставување.
3. Притиснете ги и држете ги
функциските копчиња (D) и (E)
истовремено се додека не се вклучи
показното светло за multitab.
4. Отпуштете ги функциските копчиња
(D) и (E). Функцијата е
деактивирана.
5. Наполнете ги садот за сол и дозерот
за средството за плакнење.
6. Нагодете го омекнувачот на вода на
највисоко ниво.
7. Пуштете програма за миење, но без
садови.
8. Кога ќе заврши програмата за
миење садови, нагодете го
омекнувачот на вода според
тврдоста на водата во Вашата
област.
9. Нагодете ја количината на
средството за плакнење.
electrolux 11
ПОЛНЕЊЕ ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ И САДОВИ
Погледнете во брошурата
„Примери на RealLife полнења“.
Совети и препораки
• Не ставајте во апаратот предмети
што впиваат вода (сунѓери, алишта).
• Отстранете ја преостанатата храна
од предметите.
• Омекнете ја преостанатата загорена
храна на предметите.
• Ставете ги шупливите предмети
(шолји, чаши и тави) со отворот
надолу.
• Проверете да не се собира вода во
садовите или во калениците.
• Внимавајте приборот за јадење и
садовите да не се допираат.
• Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
• Ставете ги малите предмети во
корпата за прибор за јадење.
• Мешајте ги лажиците со друг прибор
за да не се залепат една за друга.
• Кога ставате предмети во корпите,
проверете дали водата допира до
сите површини.
• Ставете ги лесните предмети во
горната корпа. Проверете
предметите да не се движат.
• Капки вода се собираат на пластични
предмети и на нелепливи тави.
ОДБИРАЊЕ И ПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА ЗА МИЕЊЕ
Стартување на програмата за миење
без одложување:
Програмата за миење можете да ја
поставувате и со отворена и со
затворена врата.
Ако вратата е отворена, можете да
го промените поставувањето
бидејќи апаратот почнува да работи
дури откако ќе ја затворите вратата.
Ако вратата е затворена, апаратот
почнува да работи 3 секунди откако
ќе ја поставите програмата.
1. Вклучете го апаратот. Уверете се
дека апаратот е во режимот на
поставување.
2. Нагодете ја програмата за миење.
• Се пали показателот за
соодветната програма.
• Сите останати програмски
показатели се гасат.
• Времетраењето на програмата
трепка на екранот.
3. Затворете ја вратата на апаратот,
програмата почнува автоматски.
• Времетраењето на програмата
престанува да трепка на екранот.
Стартување на програмата за миење
со одложување
Одложеното почнување на
програмата за миење можете да го
поставувате и со отворена и со
затворена врата.
Ако вратата е отворена, можете да
го промените поставувањето
бидејќи апаратот почнува да работи
дури откако ќе ја затворите вратата.
Ако вратата е затворена, апаратот
почнува да работи 3 секунди откако
ќе го поставите одложеното
почнување.
1. Вклучете го апаратот. Уверете се
дека апаратот е во режимот на
поставување.
2. Одберете програма за миење.
3. Притискајте го копчето за одложено
почнување сè додека на екранот не
се прикаже времето на одложеното
почнување.
• Времето на одложување почнува
да трепка на екранот.
4. Затворете ја вратата од апаратот,
одбројувањето почнува автоматски.
• Времето на одложување
престанува да трепка на екранот.
Штом заврши одбројувањето,
програмата за миење почнува
автоматски.
12 electrolux
Со отворање на вратата на
апаратот запира одбројувањето.
Кога ќе ја затворите вратата,
одбројувањето почнува од точката
на прекинот.
Откажување на одложен старт
Одбројувањето не работи
1. Повторно притискајте го копчето за
одложен старт сè додека на екранот
не се прикаже траењето на
програмата за миење.
2. Затворете ја вратата на апаратот,
програмата почнува автоматски.
Одбројувањето работи
• Повторно притискајте го копчето за
одложен старт сè додека на екранот
не се прикаже траењето на
програмата за миење.
– Времетраењето на програмата
трепка на екранот. По неколку
секунди, времето престанува да
трепка, а програмата за миење
започнува автоматски.
Прекинување на програма за миење
• Отворете ја вратата на апаратот.
– Програмата за миење запира.
• Затворете ја вратата на апаратот.
– Програмата за миење продолжува
од точката на прекинот.
Откажување на програмата за миење
Ако програмата за миење не започнала,
можете да го промените изборот.
За да го промените изборот додека
програмата за миење е во тек, прво
треба да ја откажете програмата.
• Држете го притиснато функциското
копче (B) и функциското копче (C) сè
додека не се запалат сите
програматори и на екранот не се
прикажат две хоризонтални црти.
Уверете се дека има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма за миење.
Завршување на програмата за миење
Кога програмата за миење ќе заврши,
на екранот ќе се прикаже нула и ќе се
вклучи показателот за крај.
1. Исклучете го апаратот.
2. Отворете ја вратата.
За подобро сушење, оставете ја
вратата подотворена неколку
минути.
Извадете ги предметите од корпите
• Оставете ги садовите да се изладат
пред да ги извадите од апаратот.
Жешките садови лесно се
оштетуваат.
• Првин испразнете ја долната корпа, а
потоа горната.
• Може да има вода од страните и на
вратата од апаратот. Не’рѓосувачкиот
челик се лади побрзо од садовите.
ПРОГРАМИ ЗА МИЕЊЕ САДОВИ
Програма
Вид на
нечистотијата
3)
Опис на програмата
Сè
Садови, прибор за
јадење, тенџериња
и тави
Предмиење
Миење 45 °C или 70 °C
Плакнења
Сушење
Многу валкани
Садови, прибор за
јадење, тенџериња
и тави
Предмиење
Миење 70 °C
Плакнења
Сушење
Свежо
извалкани
Садови и прибор за
јадење
Миење 60 °C
Плакнења
Нормално
валкани
Садови и прибор за
јадење
Предмиење
Миење 50 °C
Плакнења
Сушење
1)
2)
Вид на полнење
electrolux 13
Програма
Вид на
нечистотијата
Нормално или
малку валкани
Вид на полнење
Кршливи чинии и
стаклени садови
Опис на програмата
Миење 45 °C
Плакнења
Сушење
1) Апаратот ги регистрира типот на нечистотијата и количеството садови и кошниците.
Автоматски ги регулира температурата и количината на вода, потрошувачката на енергија и
траењето на програмата.
2) Со оваа програма можете да миете свежо извалкани садови. Таа дава добри резултати на миење за
кратко време.
3) Ова е стандардна програма за тестирање. Со оваа програма добивате најефикасна потрошувачка
на вода и енергија за нормално валкани садови и прибор за јадење. Погледнете ја брошурата со
информации од тестовите.
Потрошувачки вредности
Енергија (kWh)
Програма1)
Вода (литри)
0,7 - 1,3
8 - 16
1,1 - 1,2
12 - 13
0,8 - 0,9
9 - 10
0,8 - 0,9
8-9
0,6 - 0,7
10 - 11
1) Екранот го прикажува траењето на програмата.
Притисокот и температурата на
водата, варијациите во
електричното напојување и
количеството садови може да ги
сменат овие вредности.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
Вадење и чистење на филтрите
Нечистите филтри ги влошуваат
резултатите од миењето.
Иако за овие филтри не треба многу
одржување, препорачуваме да вршите
повремени проверки и ако е потребно,
да ги исчистите.
1. За да го извадите филтерот (A),
завртете го налево и извадете го од
филтерот (B).
B
A
2. Филтерот (A) има 2 дела. За да го
демонтирате филтерот, раздвојте
ги.
14 electrolux
8. Ставете го филтерот (А) на место во
филтерот (B). Завртете го филтерот
(А) надесно додека не се заклучи.
Чистење на прскалките
Не вадете ги прскалките.
Ако дупките на прскалките се затнат,
исчистете ја нечистотијата со тенок
шилест предмет.
3. Темелно исчистете ги деловите со
вода.
4. Составете ги двата дела од
филтерот (А) и притиснете.
Проверете дали се правилно
поставени еден во друг.
5. Извадете го филтерот (В).
6. Темелно исчистете го филтерот (В)
со вода.
7. Ставете го филтерот (В) во неговата
позиција. Проверете дали е
правилно поставен во двете водилки
(С).
Чистење на надворешните површини
Чистете ги надворешните површини на
машината и на контролната табла со
мокра мека крпа.
Користете само неутрални детергенти.
Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи (на
пр. ацетон).
C
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
Апаратот не почнува да работи или
запира за време на работата.
Прво, обидете се да најдете решение
за проблемот (погледнете во табелата).
Ако не успеете, контактирајте со
сервисниот центар.
При некои дефекти, екранот
покажува шифри за аларм:
•
•
•
- Апаратот не се полни со вода
- Апаратот не испушта вода
- Активирана е заштитата од
поплавување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Исклучете го
апаратот пред да направите
проверка.
electrolux 15
Дефект
Апаратот не се полни со
вода.
Апаратот не испушта вода.
Можна причина
Исчистете ја славината.
Притисокот на водата е
премногу низок.
Контактирајте со локалното
водостопанство.
Славината за вода е
затворена.
Отворете ја славината.
Филтерот во доводното
црево е затнат.
Исчистете го филтерот.
Доводното црево не е
правилно поврзано.
Проверете дали
поврзувањето е правилно
изведено.
Доводното црево е
оштетено.
Проверете да не е оштетено
доводното црево.
Одводот за вода е затнат.
Исчистете го одводот за
вода.
Одводното црево не е
правилно поврзано.
Проверете дали
поврзувањето е правилно
изведено.
Одводното црево е
оштетено.
Проверете да не е оштетено
одводното црево.
Активирана е заштитата од
поплавување.
Програмата за миење не
почнува.
Можно решение
Славината е блокирана или
има бигор на неа.
Затворете ја славината за
вода и контактирајте со
сервисниот центар.
Вратата на апаратот е
отворена.
Затворете ја вратата на
апаратот.
Приклучокот за струја не е
приклучен во штекерот.
Поврзете го приклучокот во
штекерот.
Избил осигурувач во
таблата.
Заменете го осигурувачот.
Поставено е одложено
почнување.
• Откажете го одложеното
почнување.
• Штом заврши
одбројувањето,
програмата за миење
почнува автоматски.
Откако ќе ја изведете проверката,
вклучете го апаратот. Програмата
продолжува од точката на прекинот.
Ако неправилното функционирање се
јави повторно, контактирајте со
сервисниот центар.
Ако екранот прикажува други шифри за
аларм, контактирајте со сервисниот
центар.
Потребните информации за сервисниот
центар се на плочката со
спецификации.
Запишете ги овие информации:
– Модел
(MOD.) ...................................................
.....
– Број на производот
(PNC) ....................................
– Сериски број
(S.N.) ...............................................
16 electrolux
Резултатите од миењето и сушењето не се задоволителни
Проблем
Можна причина
Можно решение
Избраната програмата за
миење не одговара на видот
и извалканоста на садовите.
Проверете дали програмата
за миење одговара на видот
и извалканоста на садовите.
Не сте ги ставиле правилно
предметите во корпите,
водата не допира до сите
површини.
Ставете ги предметите
правилно во корпите.
Прскалките не можат
слободно да се вртат.
Предметите во корпите не
се правилно распоредени.
Проверете неправилниот
распоред на садовите да ги
блокира прскалките.
Филтрите се валкани или не
се правилно составени и
монтирани.
Проверете дали сите
филтри се чисти и правилно
составени и монтирани.
Имало премалку или
воопшто немало детергент.
Проверете дали има
доволно количество
детергент.
Садот за сол е празен.
Наполнете го садот за сол
со сол за машина за миење
садови.
Неправилно ниво на
омекнувачот на водата.
Регулирајте го омекнувачот
на водата на точно ниво.
Капачето на садот за сол не
е правилно затворено.
Проверете дали капачето на
садот за сол е правилно
затворено.
Има линии, млечни дамки
или синкав слој на чашите и
садовите.
Дозата на средството за
плакнење е многу голема.
Намалете ја дозата на
средството за плакнење.
На чашите и садовите има
суви траги од капки вода.
Дозата на средството за
плакнење е многу мала.
Зголемете ја дозата на
средството за плакнење.
Детергентот може да е
причина.
Користете друга марка
детергент.
Садовите се влажни.
Програмата за миење
немала фаза на сушење или
фазата на сушење била
краткотрајна.
За подобри резултати при
сушење, оставете ја вратата
подотворена неколку
минути.
Садовите се влажни и
матни.
Дозерот за средството за
плакнење е празен.
Наполнете го дозерот за
средство за плакнење со
средство за плакнење.
Функција multitab е вклучена
(оваа функција автоматски
го исклучува дозерот за
средството за плакнење).
Активирајте го дозерот за
средството за плакнење.
Садовите не се чисти.
На садовите има наслаги од
бигор.
Вклучување на дозерот за средство
за плакнење
1. Вклучете го апаратот. Уверете се
дека апаратот е во режимот на
поставување.
2. Држете ги притиснати функциските
копчиња (B) и (С) додека
показателите за функциските
копчиња (A), (B) и (C) не почнат да
трепкаат.
3. Отпуштете ги функциските копчиња
(B) и (C).
electrolux 17
4. Притиснете го функциското копче
(В).
• Програмските показатели над
функциските копчиња А и C се
гасат.
• Програмскиот показател над
функциското копче В продолжува
да трепка.
• Екранот ја прикажува
поставувањето на дозерот за
средство за плакнење.
Дозерот за средство
за плакнење е
исклучен.
Дозерот за средство
за плакнење е
вклучен.
5. Притиснете го функциското копче
(В) за промена на поставката.
6. Исклучете го апаратот за потврда.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Димензии
Широчина
446 mm
Височина
818 - 898 mm
Длабочина
Притисок на доводот за вода
575 mm
Минимум
0,5 бари (0,05 MPa)
Максимум
Довод на вода
Капацитет
1)
8 бари (0,8 MPa)
Ладна или топла вода
максимум 60 °C
Места за поставување
9
1) Приклучете го доводното црево на славина за вода со навој од 3/4''.
Плочката со спецификации на
внатрешниот раб од вратата на
апаратот ги покажува податоците
за електричното поврзување.
(на пр. соларни или фотоволтни
плочи и ветерници), користете ја
топлата вода за да ја намалите
потрошувачката на енергија.
Ако топлата вода доаѓа од
алтернативни извори на енергија
ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Рециклирајте ги материјалите со
. Ставете ја амбалажата
симболот
во соодветни садови за рециклирање.
18 electrolux
electrolux 19
www.electrolux.com/shop
117935861-A-112011
Was this manual useful for you? yes no
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the work of artificial intelligence, which forms the content of this project

Download PDF

advertising