Electrolux | ESI66010X | User manual | Electrolux ESI66010X Упатство за користење

Electrolux ESI66010X Упатство за користење
Упатство за ракување
Машина за миење садови
ESI 66010
2 electrolux
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации
2
Опис на производот
4
Контролна табла
5
Прва употреба
6
Нагодување на омекнувачот на водата
7
Користење на сол за машина за миење
садови
8
Користење на средство за плакнење
9
Секојдневна употреба
10
Полнење прибор за јадење и садови
11
Користење на детергент
14
Функцијата Multitab
Одбирање и почнување програма за
миење
Празнење на машината за миење
садови
Нега и чистење
Што да сторите ако...
Спецификации
Напомени за институти за тестирање
Монтажа
Поврзување на водата
Поврзување на струјата
Еколошки прашања
15
16
17
18
20
22
22
23
24
25
26
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
За ваша безбедност и за да се
обезбеди правилна употреба, пред
да го наместите и да го користите
апаратот првпат, прочитајте го
упатството за употреба внимателно,
вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се
избегнат непотребни грешки и
незгоди, важно е сите што го
користат апаратот да се темелно
запознаени со начинот на работата
и безбедносните функции. Чувајте
го упатството и погрижете се да биде
со апаратот ако се премести или
продаде, за да може секој што го
користи во работниот век да биде
правилно информиран за
употребата на апаратот и за
безбедноста.
Правилна употреба
• Машината за миење садови е
наменета само за миење прибор за
домаќинство соодветен за машинско
миење.
• Не ставајте растворачи во машината
за миење садови. Тоа може да
предизвика експлозија.
• Ножевите и другите предмети со остри
врвови мора да се ставаат во корпата
за прибор за јадење со врвовите
надолу или да се стават хоризонтално
во горната корпа.
• Користете само производи (детергент,
сол и средство за плакнење)
соодветни за машини за миење
садови.
• Избегнувајте отворање на вратата
додека апаратот работи, може да
излезе жешка пареа.
• Не вадете садови од машината за
миење садови пред да заврши
циклусот за миење.
• По употребата, изолирајте го апаратот
од напојувањето и затворете го
доводот за вода.
• Производот треба да го сервисира
само овластен сервисер и треба да се
користат само оригинални резервни
делови.
electrolux 3
• Во никој случај не би смееле да се
обидувате сами да ја поправате
машината. Поправките извршени од
неискусни лица може да предизвикаат
повреди или сериозни дефекти.
Контактирајте со својот локален
сервисен центар. Секогаш
настојувајте да се користат
оригинални резервни делови.
Општа безбедност
• Лица (и деца) со намалени физички,
сетилни и ментални способности или
недостиг на искуство и знаење не
смеат да го користат апаратот.
Нивното ракување со апаратот мора
да го надзира или упатува лице
одговорно за нивната безбедност.
• Детергентите за машини за миење
садови може да предизвикаат хемиски
изгореници на очите, устата и грлото.
Опасно по живот! Почитувајте ги
безбедносните упатства на
производителот на детергентот за
машини за миење садови.
• Водата во машината за миење садови
не се пие. Во машината може да има
остатоци од детергентот.
• Внимавајте вратата на машината за
миење садови секогаш да е затворена
кога не ја полните или празните. Така
ќе избегнете сопнувања од
отворената врата и повреди.
• Не седете и не стојте на отворена
врата.
Безбедност на децата
• Апаратот е конструиран да го користат
возрасни. Деца не смеат да си играат
со апаратот.
• Чувајте ги сите материјали за
пакување далеку од децата. Постои
опасност од задушување.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно
место, подалеку од досегот на децата.
• Децата треба да бидат подалеку од
машината за миење садови кога
вратата е отворена.
Местење
• Проверете ја машината за миење
садови да не е оштетена при превозот.
Не поврзувајте оштетена машина. Ако
машината за миење садови е
оштетена, јавете се на продавачот.
• Сите материјали за пакување мора да
се отстранат пред употребата.
• Електричните и водоводните
приспособувања потребни за местење
на апаратот мора да ги изврши
квалификувано и компетентно лице.
• Заради безбедносни причини, опасно
е да се менуваат спецификациите или
да се вршат обиди за какво било
видоизменување на производот.
• Не користете ја машината за миење
садови ако кабелот за струја и цревата
за вода се оштетени; или ако
контролната табла, работната
површина или подножјето се оштетени
така што внатрешноста на апаратот е
лесно достапна. Контактирајте со
својот локален сервисен центар за да
избегнете опасности.
• Сите страници на машината за миење
садови не смеат да се дупчат, инаку
може да се оштетат хидрауличните и
електричните делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За
електричното и водоводното
поврзување внимателно постапете
според упатствата дадени во
одделните пасуси.
4 electrolux
Опис на производот
1
2
3
4
5
Горна корпа
Тркалце за тврдост на водата
Сад за сол
Дозер за детергент
Дозер за средство за плакнење
6
7
8
9
Плочка со спецификации
Филтри
Долна прскалка
Горна прскалка
electrolux 5
Контролна табла
1.
2.
3.
4.
5.
6.
Копче вклучување/исклучување
Копчиња за одбирање програми
Копче за одложено почнување
Дигитален екран
Показни светла
Функциски копчиња
Дигитално екранче
Дигиталното екранче покажува:
• на колкаво ниво на тврдост е наместен
омекнувачот на вода,
• приближно уште колку време ќе трае
вклучената програма,
• активирање/деактивирање на дозерот
за средство за плакнење ( кога е
активна функцијата Multitab),
• крај на програмата за миење (на
екранчето ќе се појави нула),
• одбројување за одложеното
почнување,
• шифри за дефекти за
неисправностите на машината.
Функциски копчиња
Со овие копчиња може да се активираат
следниве функции:
• поставување на нивото на
омекнувачот на вода,
• откажување на програма за миење или
на започнато одложено почнување,
• активирање/деактивирање на
функцијата Multitab,
• активирање/деактивирање на дозерот
за средство за плакнење кога е
активна функцијата Multitab.
6 electrolux
Показни светла
Програма во тек
Се пали кога е поставена програма за миење
и останува запалено додека трае
програмата.
Се гаси кога ќе заврши програмата за миење.
Крај
Се пали кога ќе заврши програма за миење.
Функција Multitab
Укажува на активирањето/деактивирањето
на функцијата Multitab (видете во "Функција
Multitab").
Сол
Свети кога се потрошила специјалната сол.
Средство за плакнење
Свети кога се потрошило средството за
плакнење.
1)
1)
1) Показните светла за сол и за средство за плакнење никогаш не се палат додека трае
програма за миење, дури и ако е потребно нивно дополнување.
Режим за поставување
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување; ако светат СИТЕ светла на
програмските копчиња, апаратот е во
режим за поставување.
Запомнете дека кога ги вршите
следниве работи:
– одбирање програма за миење,
– поставување на нивото на
омекнувачот на вода,
– активирање/деактивирање на
дозерот за средство за плакнење,
апаратот МОРА да биде во режимот
за поставување.
светлото на некое програмско копче,
последната извршена или одбрана
програма уште е поставена. Во тој
случај, за да се вратите во режимот за
поставување, програмата треба да се
откаже.
Откажување на поставена или тековна
програма
Држете ги притиснати двете копчиња
Cancel истовремено ( Cancel )
(функциските копчиња B и C ) додека не
се запалат светлата на сите програмски
копчиња. Програмата е откажана и
машината е во режим за поставување.
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување; доколку се запали
Прва употреба
Пред да ја користите машината за
миење садови првпат:
• Проверете дали електричните и
водоводните поврзувања се согласни
со упатствата за местење
• Отстранете ги сите материјали за
пакување од внатрешноста на
апаратот
• Поставете го нивото на омекнувачот
на вода
• Истурете 1 литар вода во садот за сол,
па наполнете го со сол за машини за
миење садови
• Наполнете го дозерот со средство за
плакнење
Ако сакате да користите
комбинирани детергентски таблети:
"3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн.,
поставете ја функцијата Multitab.
(Видете во "Функција Multitab").
electrolux 7
Нагодување на омекнувачот на водата
Машината за миење садови е опремена
со омекнувач на вода конструиран да ги
отстранува минералите и солите од
водата што би можеле да му наштетат
или да имаат негативно влијание врз
работењето на апаратот.
Колку е поголема содржината на
минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се
мери со соодветни скали - германски
степени (°dH), француски степени (°TH)
и mmol/l (милимол на литар меѓународна мерна единица за тврдоста
на водата).
Омекнувачот треба да се регулира
според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално
водостопанство може да ви каже колкава
е тврдоста на водата во вашето
подрачје.
Омекнувачот на водата мора да се
постави на два начина: рачно, со
тркалцето за тврдост на водата и
електронски.
Регулирање на поставките за тврдост
на водата
°dH
°TH
mmol/l
рачно
електронски
Корист
ење
сол
51 - 70
91 - 125
9,1 - 12,5
2
ниво 10
да
43 - 50
76 - 90
7,6 - 9,0
2
ниво 9
да
37 - 42
65 - 75
6,5 - 7,5
2
ниво 8
да
29 - 36
51 - 64
5,1 - 6,4
2
ниво 7
да
23 - 28
40 - 50
4,0 - 5,0
2
ниво 6
да
19 - 22
33 - 39
3,3 - 3,9
2
ниво 5
да
15 - 18
26 - 32
2,6 - 3,2
1
ниво 4
да
11 - 14
19 - 25
1,9 - 2,5
1
ниво 3
да
4 - 10
7 - 18
0,7 - 1,8
1
ниво 2
да
<4
<7
<0,7
1
ниво 1
не
Тврдост на водата
Рачно поставување
Машината за миење садови е
фабрички поставена во положба 2.
1. Отворете ја вратата на машината.
2. Извадете ја долната корпа од
машината.
3. Свртете го тркалцето за тврдост на
водата во положба 1 или 2 (видете во
табелата).
4. Ставете ја долната корпа.
Електронско поставување
Машината е фабрички поставена во
положба 5.
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување. Апаратот
мора да биде во режимот за
поставување.
8 electrolux
2. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C истовремено додека
светлата на функциските копчиња A,
B и C не почнат да трепкаат.
3. Притиснете го функциското копче А.
Светлата на функциските копчиња B
и C се гасат, додека светлото на
функциското копче A продолжува да
трепка. Екранот го покажува
моменталното ниво.
Примери:
–
прикажано = ниво 5
–
прикажано = ниво 10
4. За да го смените нивото, притиснете
го функциското копче А. Со секое
притискање на копчето се менува и
нивото. За одбирање ново ниво
видете во табелата.
Примери:
– ако моменталното ниво е 5, со едно
притискање на функциското копче
А се одбира ниво 6.
– ако моменталното ниво е 10, со
едно притискање на функциското
копче А се одбира ниво 1.
5. За да ја меморирате поставката,
исклучете го апаратот.
Користење на сол за машина за миење садови
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само специјална сол за
машини за миење садови. Сите други
видови сол што не се специјално
направени за машини за миење садови,
особено солта за готвење, ќе го оштетат
омекнувачот на вода. Ставајте сол само
пред да почнете некоја од целосните
програми за миење. Така ќе се спречи
таложење на зрна сол или излеана
солена вода на дното на машината, што
може да предизвика кородирање.
Полнење:
1. Отворете ја вратата, извадете ја
долната корпа и одвртете го капачето
на садот за сол вртејќи го налево.
2. Истурете 1 литар вода во садот (ова
е неопходно само пред првото
полнење со сол) .
3. Со приложената инка, турајте сол
додека садот не се наполни.
4. Вратете го капачето проверувајќи да
нема сол на навоите или на
заптивката.
5. Навртете го капачето цврсто вртејќи
го надесно додека не кликне и
застане.
Не грижете се ако се прелева вода
додека ставате сол, тоа е нормално.
Показното светло за сол на
контролната табла може да остане
запалено уште 2-6 часа по
полнењето со сол ако машината за
миење садови остане вклучена. Ако
користите сол што подолго се
раствора, тоа може да трае и
подолго. Работењето на машината
не е попречено.
electrolux 9
Користење на средство за плакнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Користете
само специјално средство за
плакнење за машини за миење
садови.
Не полнете го дозерот за средство
за плакнење со некаква друга
течност (на пр. средство за чистење
машини за миење садови или течен
детергент). Така може да го
оштетите апаратот.
Средството за плакнење
обезбедува темелно плакнење и
сушење без дамки и линии.
Средството за плакнење автоматски
се додава за време на последното
плакнење.
1. Отворете го садот притискајќи го
копчето за ослободување (A).
Дозерот собира околу 110 мл
средство за плакнење, што е доволно
за 16 до 40 циклуси на миење,
зависно од дозирањето.
3. Проверете дали капачето е
затворено по секое дополнување.
Избришете го истуреното средство
за плакнење со впивлива крпа за да
избегнете преголемо пенење за
време на следното миење.
2. Ставете средство за плакнење во
садот. На максималното ниво за
полнење укажува "max".
Во зависност од добиените резултати на
миењето и сушењето, регулирајте ја
дозата средство за плакнење со
регулаторот со 6 положби (положба 1
најмала доза, положба 6 најголема
доза).
Дозата е фабрички поставена во
положба 4.
Зголемете ја дозата ако има капки вода
или дамки од бигор на садовите по
миењето.
Намалете ја дозата ако има лепливи
белузлави ленти на садовите или синкав
слој на чашите или на остриците на
ножевите.
10 electrolux
Секојдневна употреба
• Проверете дали треба да се дополни
специјална сол или средство за
плакнење.
• Ставете прибор за јадење и садови во
машината.
• Ставете детергент за миење садови.
• Одберете програма за миење
соодветна за приборот и садовите.
• Почнете ја програмата за миење.
Совети и препораки
Во машината за миење садови не смеат
да се мијат сунѓери, крпи или предмети
што впиваат вода.
• Пред да ја наполните машината со
садови, треба:
– Да ги отстраните сите остатоци од
храна и покрупни нечистотии.
– Да ги омекнете остатоците изгорена
храна во тавите
• Кога ја полните машината со садови и
прибор за јадење, внимавајте:
– Садовите и приборот за јадење не
смеат да го попречуваат вртењето
на прскалките.
– Ставајте ги шупливите предмети
(шољи, чаши, тави, итн.) со отворот
надолу за да не се собира вода во
садовите.
– Садовите и приборот за јадење не
смеат да се вметнати едни во други
или да се покриваат.
– За да избегнете оштетување на
чашите, тие не смеат да се
допираат.
– Ставајте ги малите предмети во
корпата за прибор за јадење.
• Пластичните садови и тавите со
нелеплива облога се склони кон
задржување капки вода; тие нема да
се исушат добро како порцеланските и
челичните садови.
• Лесните садови (пластични чинии и
сл.) треба да се ставаат во горната
корпа и да се наредат така што нема
да се поместуваат.
electrolux 11
Миењето на следниов прибор и садови во машината за миење садови
не се препорачува:
може да биде проблематично:
• Прибор за јадење со дршки од дрво,
слонова коска, порцелан или бисер.
• Пластични предмети што не се отпорни на
топлина.
• Постар прибор за јадење со лепени делови
што не се отпорни на топлина.
• Лемен прибор за јадење или садови.
• Калаисани или бакарни садови.
• Оловно кристално стакло.
• Челични предмети што `рѓосуваат.
• Дрвени чинии.
• Предмети од синтетички влакна.
• Камени садови може да се мијат во
машината само ако производителот
посебно ги означил како безбедни за
миење во машина.
• Глазираните шари може да избледат ако
често се мијат во машина.
• Сребрените и алуминиумските делови се
склони кон обезбојување при миење:
Остатоци од белка и жолчка од јајца и од
сенф чесно предизвикуваат обезбојување
и дамки на среброто. Затоа секогаш
исчистете ги остатоците од храна од
среброто, ако не го миете веднаш по
употребата.
Полнење прибор за јадење и садови
Долната корпа
Долната корпа е наменета за тави,
капаци, чинии, садови за салата, прибор
за јадење итн.
Поголемите садови и големите капаци
треба да се наредат околу рабовите на
корпата, внимавајќи прскалките да
можат да се движат слободно.
Редовите на шилците во долната корпа
може да лежат рамно за да може да се
ставаат тенџериња, тави и длабоки
чинии.
Корпата за прибор за јадење
Исправените ножеви со долги
острици се потенцијална опасност.
Долгиот и остриот прибор, на пр.
ножевите за сечење месо, мора да
се стават легнати во горната корпа.
Внимавајте при ставањето или
вадењето остар прибор, на пр.
ножеви.
Виљушките и лажиците треба да се
ставаат во корпата за прибор за јадење
со рачките надолу, а ножевите со
рачките нагоре.
12 electrolux
Мешајте ги лажиците со друг прибор за
да не се залепат една за друга.
За да си го олесните полнењето на
корпата за прибор за јадење, спуштете ја
рачката на корпата.
За најдобри резултати препорачуваме
да ги користите мрежите за прибор.
Ако големината и димензиите на
приборот не дозволуваат користење на
мрежите, тие може лесно да се сокријат.
Корпата за прибор за јадење е од два
дела што може да се одвојат за да се
овозможи поголема флексибилност за
редење. За да ги одвоите двата дела,
слизнете ги хоризонтално во спротивни
насоки и извлечете ги.
За да ја составите, постапете обратно.
Горната корпа
Горната корпа е наменета за чинии,
каленици, шолји и чаши, тенџериња и
капаци.
Наредете ги садовите на и под држачите
за шолји за да може водата да ги досегне
сите површини.
electrolux 13
Средишните редови шилци лесно може
да се спуштат за да се овозможи полесно
редење.
Чашите со долги ногарки може да се
стават превртени на држачите за шолји.
За повисоки садови, држачите за шољи
може да се склопат нагоре
Пред да ја затворите вратата,
проверете дали прскалките можат
да се вртат слободно.
Приспособување на височината на
горната корпа
Ако миете многу големи чинии може да
ги ставите во долната корпа откако ќе ја
преместите горната корпа во повисока
положба.
Најголема височина на садовите во
долната корпа
За чашите со долги ногарки (соодветно
на нивната големина и димензии),
поставете го држачот за чаши во левата
или десната положба.
Со крената горна
корпа
31 см
Со спуштена горна
корпа
27 см
За да ја поместите повисоко, постапете
на следниов начин:
1. Извлечете ја корпата додека не
застане.
2. Внимателно кренете ги двете страни
нагоре додека не се закочи
механизмот и корпата не биде
стабилна.
14 electrolux
1. Извлечете ја корпата додека не
застане.
2. Внимателно кренете ги двете страни
нагоре, па дозволете механизмот да
се спушти полека, држејќи го.
Не кревајте ја и не спуштајте ја
корпата само од едната страна
Кога корпата е во горната положба,
шолјите не може да се ставаат
држачите за шолји.
За да ја спуштите корпата во
првобитната положба, постапете на
следниов начин:
Секогаш затворајте ја вратата по
полнење на машината, бидејќи
отворена врата е опасност.
Користење на детергент
Користете само специјални
детергенти за машини за миење
садови.
Почитувајте ги упатствата на
производителот за дозирање и
чување напишани на пакувањето на
детергентот.
Ако не користите повеќе од
препорачаното количество
детергент, придонесувате да се
намали загадувањето на природата.
1
2
Ставање детергент
1. Отворете го капакот.
3. За сите програми со предмиење е
потребна дополнителна доза
детергент (5/10 г) што треба да се
стави во комората за предмиење (2).
Тој детергент ќе се употреби за време
на предмиењето.
Кога користите таблети детергент;
ставете ја таблетата во комората (1)
2. Наполнете го дозерот за детергент
(1) со детергент. Ознаките ја
означуваат дозата:
20 = околу 20 г детергент
30 = околу 30 г детергент.
electrolux 15
4. Затворете го капакот и притиснете го
да се заглави.
Таблетите детергент од различни
производители се раствораат со
различна брзина. Поради тоа, некои
таблети детергент не се сосема
ефикасни за време на кратките
програми за миење. Затоа користете
долги програми за миење кога
користите таблети детергент, за да
обезбедите целосно остранување
на наталожениот детергент.
Функцијата Multitab
Овој уред е опремен со "функција
Multitab", која овозможува користење на
во Multitab со комбиниран детергент.
Тие производи се детергенти со
комбинирани функции за миење,
плакнење и сол. Тие може да содржат и
други активни материи, во зависност од
видот на таблетите што ќе го одберете
("3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн...).
Проверете дали детергентите се
соодветни за тврдоста на вашата вода.
Погледнете ги упатствата на
производителот.
Кога ќе се одбере оваа функција,
останува активна за сите следни
програми за миење.
Со бирање на оваа функција, автоматски
се дезактивира навлегувањето на
средство за плакнење и сол од
соодветниот сад, а се дезактивираат и
контролните сијалици за сол и за
средство за плакнење.
Кога се употребува "функцијата Multitab",
траењето на циклусите може да се
смени. Доколку дојде до тоа, времето на
траење на програмата автоматски се
ажурира на дигиталниот екран.
Активирајте/дезактивирајте ја
"функцијата Multitab" пред
стартување на некоја програма за
миење.
Откако програмата ќе почне со
работа, "функцијата Multitab", НЕ
може повеќе да се менува. Ако
сакате да ја исклучите "функцијата
Multitab", треба да го откажете
нагодувањето на програмата, па
потоа да ја дезактивирате
"функцијата Multitab". Во тој случај,
ќе мора повторно да нагодите
програма за миење (и саканите
опции).
Активирање/дезактивирање на
функцијата Multitab
Држете ги притиснати истовремено
двете копчиња за Multitab (функциските
копчиња D и E ) додека не се запали
показното светли за Multitab. Тоа значи
дека функцијата е активна.
За да ја исклучите функцијата,
притиснете ги истите копчиња повторно
додека показното светло за функцијата
Multitab не се изгасне.
Доколку резултатите на сушењето
не се задоволителни, предлагаме:
1. Наполнете го дозерот со
средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за
средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство
за плакнење во положба 2.
• Активирањето/деактивирањето на
дозерот за средство за плакнење
е можно само кога е вклучена
функцијата Multitab.
16 electrolux
Активирање/дезактивирање на дозерот
за средството за плакнење
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување. Машината
за миење садови мора да биде во
режимот на нагодување.
2. Истовремено притиснете и држете ги
функциските копчиња B и C , се
додека сијалиците од копчињата A ,
B и C не почнат да трепкаат.
3. Притиснете го функциското копче В ,
сијалиците од функциските копчиња
А и С се гасат, додека светлото од
копчето В почнува да трепка.
Дигиталниот екран укажува на
актуелното нагодување.
Дозерот за средство за
плакнење е исклучен
Дозерот за средство за
плакнење е активен
4. За да го смените нагодувањето,
повторно притиснете го копчето В ,
дигиталниот екран укажува на новото
нагодување.
5. За да ја меморирате поставката,
исклучете го апаратот.
Ако одлучите да се вратите на
користење на системот со посебни
детергенти, советуваме:
1. да ја дезактивирате функцијата
за Multitab.
2. одново да ги наполните садот за
сол и дозерот за средството за
плакнење.
3. да го регулирате нагодувањето
на тврдоста на водата на
највисокото нагодување и да
изведете 1 нормална програма
за миење, без да ставате садови.
4. да го регулирате нагодувањето
за тврдоста на водата според
тврдоста на водата во вашето
подрачје.
5. да го регулирате дозирањето на
средството за плакнење.
Одбирање и почнување програма за миење
Одберете програма за миење и
одложено почнување со
подотворена врата. Програмата или
одбројувањето за одложено
почнување нема да почнат додека
не ја затворите вратата. Дотогаш
може да се менуваат поставките.
1. Проверете дали корпите се правилно
наполнети и дали прскалките можат
слободно да се вртат.
2. Проверете дали е отворена
славината за вода.
3. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување. Апаратот
мора да биде во режимот за
поставување.
4. Притиснете го соодветното копче за
саканата програма. Видете во
табелата "Програми за миење
садови".
– Само показното светло на
одбраната програма останува
запалено.
– Се пали показното светло за
програма во тек.
5. Затворете ја вратата на апаратот.
Програмата почнува автоматски.
– Показното светло за програма во
тек останува запалено.
Поставување и почнување програма со
одложено почнување
1. Откако ќе одберете програма за
миење, притиснете го копчето за
одложено почнување додека не
почне да трепка бројот часови за
одложено почнување на дигиталното
екранче. Почетокот на одбраната
програма за миење може да се
одложи од 1 до 19 часови.
2. Затворете ја вратата на машината,
одбројувањето почнува автоматски.
Бројот на екранчето веќе не трепка,
туку свети постојано.
3. Одбројувањето е во чекори од 1 час.
4. Со отворање на вратата се прекинува
одбројувањето. Затворете ја вратата;
одбројувањето ќе продолжи од
местото на прекинување.
5. Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата за миење ќе почне
автоматски.
electrolux 17
Кога е поставена функцијата за
одложено почнување, показното
светло програма во тек е изгаснато.
Штом ќе помине одбројувањето за
одложеното почнување, програмата
за миење ќе почне автоматски и ќе
се запали показното светло
програма во тек .
Одбирањето програма за миење и
одложено почнување може да се
направи и со затворена врата.
Кога ќе притиснете програмско
копче имате САМО 3 секунди да
одберете друга програма или
одложено почнување.
По тие 3 секунди, одбраната
програма почнува автоматски.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прекинете или
откажете програма за миење во тек
САМО ако е апсолутно неопходно.
Внимание! Кога ќе ја отворите
вратата може да излезе жешка
пареа. Отворајте ја вратата
внимателно.
Прекинување на тековна програма за
миење
• Отворете ја вратата на машината;
програмата ќе престане. Затворете ја
вратата; Програмата ќе продолжи од
местото на прекинување.
• Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување, сите сијалици ќе се
изгасат. Повторно притиснете го
копчето за вклучување/исклучување;
Програмата ќе продолжи од местото
на прекинување.
Откажување на започнато одложено
почнување или програма за миење
• Држете ги притиснати двете
функциските копчиња B и C
истовремено додека не се запалат
сите светла на програмските копчиња.
• Откажување на одложеното
почнување подразбира и откажување
на програмата за миење. Повторно
треба да одберете програма за
миење.
• Ако треба да се одбере нова програма
за миење, проверете дали има
детергент во дозерот.
Завршување програма за миење
1. Апаратот ќе запре автоматски.
– Се гаси показното светло за
програма во тек.
– Се пали показното светло за крај на
програма.
– Светлото на штотуку завршената
програма останува запалено.
– На дигиталниот екран се појавува
нула.
2. Исклучете го апаратот.
3. Отворете ја вратата на апаратот,
оставете ја подотворена и почекајте
неколку минути пред да ги извадите
садовите. Така тие ќе бидат
поизладени и сушењето ќе биде
подобро.
Празнење на машината за миење садови
• Жешките садови се чувствителни на
удари. Затоа садовите треба да се
остават да се изладат пред да ги
извадите од апаратот.
• Првин испразнете ја долната корпа, а
потоа горната; така ќе избегнете
водата да капе од горната корпа на
садовите во долната корпа.
• Може да се појави кондензација од
страните на вратата на машината за
миење садови бидејќи
не'рѓосувачкиот челик побрзо се лади
од садовите.
Кога ќе заврши програмата за
миење, се препорачува машината за
миење садови да се исклучи од
струја и да се затвори доводот за
вода.
18 electrolux
Програма
Извалканост
Quick (Брзо)
2)
3)
Glass (Стакло)
Опис на програмата
Голема
Чинии, прибор
за јадење,
тенџериња и
тави
Предмиење
Главно миење до 70°C
2 меѓуплакнења
Завршно плакнење
Сушење
Секаква
Чинии, прибор
за јадење,
тенџериња и
тави
Предмиење
Главно миење до 45°C или 70°C
1 или 2 меѓуплакнења
Завршно плакнење
Сушење
Нормална или
мала
извалканост
Чинии и прибор
за јадење
Главно миење до 60°C
Завршно плакнење
Нормална
Чинии и прибор
за јадење
Предмиење
Главно миење до 50°C
1 меѓуплакнење
Завршно плакнење
Сушење
Нормална
Кревки чинии и
стаклени
садови
Главно миење до 45°C
1 меѓуплакнење
Завршно плакнење
Сушење
Intensive
(Интензивно)
1)
Вид прибор
1) За време на програмата за миење "Auto" извалканоста на садовите се одредува според
заматеноста на водата. Траењето на програмата, потрошувачката на вода и струја може да
варираат; тоа зависи од наполнетоста на машината и од степенот на извалканост на
садовите. Температурата на водата автоматски се регулира меѓу 45°C и 70°C.
2) Идеално за миење со делумно наполнета машина. Совршена секојдневна програма,
направена да ги задоволи потребите на семејство со 4 членови за миење само на чиниите
и приборот од појадокот и вечерата.
3) Испитна програма за тестирање
Потрошувачка
Програма
Траење на
програмата
(во минути)
Потрошувачка на
енергија
(во kWh)
Потрошувачка на
вода
(во литри)
Интензивно
110 - 120
1,8 - 2,0
23 - 25
Автоматски
90 - 130
1,1 - 1,7
12 - 23
Брзо
Еколошко 1)
Стакло
30
0,9
9
150 - 160
1,0 - 1,2
14 - 16
60 - 70
0,8 - 0,9
14 - 15
1) Испитна програма за тестирање
Вредностите за потрошувачката се
за ориентација и зависат од
притисокот и температурата на
водата, како и од варијациите на
напонот на струјата и количеството
садови.
Нега и чистење
Чистење на филтрите
Филтрите мора повремено да се
проверуваат и чистат. Валкани филтри
ги влошуваат резултатите на миењето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да ги
чистите филтрите, проверете дали
машината е исклучена.
electrolux 19
1. Отворете ја вратата, извадете ја
долната корпа.
2. Филтерскиот систем на машината за
миење садови се состои од груб
Филтер ( А ), микрофилтер ( В ) и
рамен филтер. Отклучете го
системот за филтрирање со рачката
на микрофилтерот.
3. Завртете ја рачката за околу ј круг во
лево и извадете го филтерскиот
систем
7. Вратете го рамниот филтер на дното
на одделот за миење и уверете се
дека налегнува правилно.
8. Поставете го грубиот Филтер ( А ) во
микрофилтерот ( В ) и спојте ги со
притискање.
9. Ставете ја филтерската комбинација
на место и заклучете ја со вртење на
рачката во десно до запирање.
Уверете се за време на оваа
постапка, дека рамниот филтер не
стрчи над дното на одделот за
миење.
НИКОГАШ не користете ја машината
за миење садови без филтри.
Неправилно поставување и
местење на филтрите може да
предизвика послабо миење и
оштетување на апаратот.
4. Фатете го грубиот Филтер ( А ) за
рачката со дупка и извадете го од
микрофилтерот ( В ).
5. Измијте ги сите филтри темелно под
млаз вода.
6. Извадете го рамниот филтер од
дното на одделот за миење и
темелно исчистете го од двете
страни.
НИКОГАШ не обидувајте се да ги
извадите прскалките.
Ако на дупките на прскалките се
наталожила нечистотија, исчистете
ја со дрвено стапче.
Чистење однадвор
Чистете ги надворешните површини на
машината и на контролната табла со
мокра мека крпа. Ако е потребно,
користете само неутрални детергенти.
Не користете абразивни средства, жици
или растворачи (ацетон,
трихлороетилен и сл.).
Чистење однатре
Гумите околу вратата, дозерите за
детергент и за средство за плакнење
треба да се чистат редовно со мокра
крпа.
20 electrolux
Препорачуваме секои 3 месеци да ја
пуштите програмата за миење многу
извалкани садови со детергент, но без
садови.
тоа неизбежно, испразнете ја машината,
затворете ја вратата, откачете го
цревото за довод на вода и испразнете
го.
Подолги периоди неработење
Ако не ја користите машината подолго
време, ве советуваме:
1. Исклучете го апаратот од струја, па
затворете го доводот на вода.
2. Оставете ја вратата подотворена за
да спречите создавање непријатни
мириси.
3. Оставете ја внатрешноста на
машината чиста.
Преместување на машината
Ако треба да ја преместите машината (се
селите или сл.):
1. Исклучете ја од струја.
2. Затворете ја славината.
3. Извадете ги цревата за довод на вода
и за истекување.
4. Извлечете ја машината заедно со
цревата.
Избегнувајте прекумерно навалување
на машината за време на превозот.
Спречување смрзнување
Не поставувајте ја машината на место
кадешто температурата е под 0°C. Ако е
Што да сторите ако...
Машината за миење садови не почнува
или прекинува да работи.
Одредени проблеми се последица на
едноставно одржување или на превид,
кои може да се решат со помош на
корисните совети, опишани во табелата,
без да се вика инженер.
Шифри за дефекти и неправилно
функционирање
Исклучете ја машината за миење
садови, отворете ја вратата и изведете
ги следните предложени корективни
дејства.
Можни причини и решение
• континуирано трепкање на сијалицата за
програмата што е во тек
• на дигиталниот екран стои
Машината за миење садови не прима вода
• Славината е блокирана или затната од
бигор.
Исчистете ја славината.
• Славината е затворена.
Отворете ја славината.
• Филтерот (каде го има) во доводното црево
за вода е затнат.
Исчистете го филтерот во доводното
црево.
• Доводното црево не е правилно поставено,
извиткано е или смачкано.
Проверете го приклучокот на доводното
црево.
• континуирано трепкање на сијалицата за
програмата што е во тек
• на дигиталниот екран стои
Машината за миење садови не испушта вода
• Одводот за вода е затнат.
Исчистете го одводот за вода.
• Одводното црево не е правилно поставено,
или е свиткано или пригмечено.
Проверете го одводното цревото.
• континуирано трепкање на сијалицата за
програмата што е во тек
• на дигиталниот екран стои
Активиран е уредот за заштита од
поплавување
• Затворете ја славината и контактирајте со
својот локален сервисен центар.
electrolux 21
Дефект
Можни причини и решение
Програмата не стартува
• Вратата од машината за миење садови не
е правилно затворена.
Затворете ја вратата.
• Приклучникот не е ставен во штекерот.
Вметнете го главниот утикач
• Изгорел осигурувач на таблата.
Заменете го осигурувачот.
• Нагоден е одложен старт.
Ако садовите треба да се измијат веднаш,
откажете го одложениот старт.
Откако ќе се изведат овие проверки,
вклучете го уредот.
Програмата ќе продолжи од точката каде
што била прекината.
Ако неправилното функционирање или
шифрата за дефект повторно се појави,
контактирајте со сервисниот центар.
За другите шифри за дефекти, што не се
опишани во горната табела,
контактирајте со својот сервисен центар.
Контактирајте со својот локален
сервисен центар, наведувајќи го
моделот (Mod.), бројот на производот
(PNC) и серискиот број (S.N.).
Овие податоци ќе ги најдете на плочката
со податоци, поставена странично на
вратата од машината за миење садови.
За да ги имате броевите секогаш при
рака, препорачуваме да ги запишете
тука:
Mod.
(Модел). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
PNC : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
S.N. (Сериски
број). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Миењето не е задоволително
Садовите не се
чисти
• Одбрана е погрешна програма за миење.
• Садовите се наредени така, што спречуваат водата да допре до
површината на сите предмети. Корпите не смеат да се
преполнуваат.
• Прскалките не се вртат слободно поради неправилен распоред на
садовите.
• Филтрите на основата на преградата за миење се нечисти или
неправилно поставени.
• Има премалку или воопшто нема детергент.
• Кога има бигор на садовите; садот за сол е празен или е нагодено
неправилно ниво на омекнувачот на вода.
• Цревото за испуштање вода не е добро приклучено.
• Капачето на садот за сол не е правилно затворено.
Садовите се мокри
и матни
• Не било употребено средство за плакнење.
• Дозерот со средство за плакнење е празен.
Има ленти, млечни
дамки или син слој
на чашите и
садовите
• Намалете ја дозата на средството за плакнење.
На чашите и
садовите има дамки
од капки вода
• Зголемете ја дозата на средството за плакнење.
• Детергентот може да е причина. Јавете се на телефонот за
корисници на производителот на детергентот.
Ако и по сиве овие проверки проблемот
останува, контактирајте со својот
локален сервисен центар.
22 electrolux
Спецификации
Димензии
Широчина
Височина
Длабочина
59,6 см
81,8 - 89,8 см
57,5 см
Електрично поврзување напон - општо напојување осигурувач
Информации за електричното приклучување се дадени на
плочката од внатрешната страна на вратата на машината за
миење садови.
Притисок на доводот за вода
Минимум
Максимум
0,05 MPa (0,5 bar)
0,8 MPa (8 bar)
Капацитет
12 места за ставање
Тежина
39,5 кг
Напомени за институти за тестирање
Според EN 60704 , испитувањата мора
да се вршат со целосно наполнет апарат
и со испитната програма (видете во
"Потрошувачка").
Според EN 50242 , испитувањата мора
да се вршат со целосно наполнети
дозери за сол и средство за плакнење и
со користење на испитната програма
(видете во "Потрошувачка").
Целосна наполнетост: 12 стандардни места за ставање
Количество потребен детергент:
5 g + 25 g (Тип Б)
Поставки за средството за плакнење
положба 4 (Тип III)
Редење во горната корпа (извадете го
држачот за чаши)
Редење во долната корпа
electrolux 23
Редење во корпата за прибор за јадење
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Електричните
и водоводните приспособувања
потребни за местење на апаратот
треба да ги изврши квалификуван
електричар или водоводџија или
компетентно лице.
Извадете ги сите материјали за
пакување пред да ја ставите машината.
Ако е можно, поставете ја машината до
славина и одвод за вода.
Машината за миење садови е
конструирана за ставање под кујнска или
работна површина.
Внимание! Внимателно следете ги
упатствата во приложената брошура за
вградување на машината за миење
садови и за монтирање на дрвената
плоча.
Не се потребни отвори за вентилација за
машината, само отвори да поминат
цревата за довод и одвод за вода и
кабелот за струја.
Машината за миење садови има
приспособливи ногарки за регулирање
на височината.
За време на сите операции што
вклучуваат достапност на надворешни
компоненти, машината за миење садови
не смее да биде приклучена во струја.
Кога ја пикате машината, проверете
цревата за довод и одвод на вода и
кабелот за струја да не се превиткани
или смачкани.
Прицврстување за соседните предмети
Машината за миење садови мора да се
прицврсти за да не се навалува.
Затоа внимавајте работната површина
под која е монтирана да е соодветно
прицврстена за околните структури
(соседни кујнски елементи, плакари,
ѕид).
Порамнување
Доброто порамнување е најважно за
добро затворање и затнување на
вратата.
Кога е апаратот правилно порамнет,
вратата нема да закачува ниедна од
страните на куќиштето.
Ако вратата не се затвора правилно,
олабавете ги или стегнете ги ногарките
додека машината не биде совршено
порамнета.
24 electrolux
Поврзување на водата
Поврзување на доводот за вода
Во апаратот може да се приклучи довод
на топла (макс. 60°) или студена вода.
Со довод на топла вода потрошувачката
на енергија може значително да се
намали. Сепак, тоа зависи од начинот на
кој се загрева водата. (Предлагаме
алтернативни извори на енергија што се
поеколошки, како, на пр. соларни или
фотоволтни плочи и ветерници).
За самото поврзување, спојката
монтирана на цревото за довод на вода
на апаратот е направена да се зашрафи
на приклучок од 3/4 цола или на
наменска славина за брзо спојување
како што е "Press-block".
Притисокот на водата мора да биде во
рамките на вредностите дадени во
"Технички податоци". Вашето локално
водостопанство ќе ви каже колкав е
просечниот притисок на водоводната
инсталација во вашето подрачје.
Цревото за довод на вода не смее да
биде превиткано, смачкано или
заплеткано кога се поврзува.
Апаратот има црева за довод и одвод на
вода што може да се свртат налево или
надесно за да одговараат на
инсталацијата со помош на
контраматица. Контраматицата мора да
се намести правилно за да се избегне
протекување на водата.
Ако е апаратот поврзан со нови цевки
или со цевки што не биле користени
долго време, треба да ја пуштите водата
да тече неколку минути пред да го
поврзете цревото за довод.
НЕ КОРИСТЕТЕ црева за
поврзување што претходно биле
користени со стар апарат.
Овој апарат е опремен со
безбедносни функции што
спречуваат водата употребена во
него да се врати во системот на вода
за пиење. Апаратот е усогласен со
соодветните водоводни прописи.
Црево за довод на вода со безбедносен
вентил
По поврзувањето на двослојното црево
за довод на вода, безбедносниот вентил
е веднаш до славината. Затоа цревото
за довод на вода е под притисок само
додека тече водата. Ако цревото за
довод на вода почне да протекува за
време на работењето, безбедносниот
вентил ја затвора водата што тече.
Внимавајте кога го местите цревото за
довод на вода:
• Електричниот кабел за безбедносниот
вентил е во двослојното црево за
довод на вода. Не потопувајте ги
цревото за довод на вода и
безбедносниот вентил во вода.
• Доколку цревото за довод на вода или
безбедносниот вентил се оштетени,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја.
• Цревото за довод на вода со
безбедносен вентил може да го
заменува само сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасен напон
Поврзување на одводот за вода
Крајот на одводното црево може да се
поврзе на следниве начини:
1. Во одвод за вода, со прицврстување
од долната страна на работната
површина. Така се спречува
отпадната вода од одводот да се
враќа во машината.
2. Во исправена цевка со дупка за
вентилација со минимален
внатрешен пречник од 4 см.
Поврзувањето за отпадна вода мора да
биде на височина меѓу 60 см од дното на
машината за миење садови.
electrolux 25
Исто така, внатрешниот пречник на
спојките што се користат за поврзување
со одводот за отпад не смеат да бидат
помали од пречникот на приложеното
црево.
Кога го поврзувате одводното црево со
низок приклучок за одвод, целата
пластична мембрана (А) мора да се
отстрани. Ако не се отстрани
мембраната, честичките храна ќе се
наталожуваат и со време ќе го затнат
одводот за вода на машината за миење
садови
Цревото за одвод може да биде свртено
и кон десната, и кон левата страна на
машината
Проверете да не е извиткано или
смачкано одводното црево бидејќи тоа
може да го спречи или забави
испуштањето вода.
Приклучникот на лавабото не смее да
биде приклучен додека машината
испушта вода бидејќи тоа може да
предизвика водата да се враќа во
машината.
Вкупната должина на цревото за одвод,
заедно со евентуалниот продолжеток, не
смее да надмине 4 метри. Внатрешниот
пречник на продолжното црево не смее
да биде помало од пречникот на
приложеното црево.
Нашите апарати се опремени со
безбедносен уред што штити од
враќање на валканата вода во
машината. Ако одводот на вашето
лавабо има "неповратен вентил"
вграден во него, тоа може да го
спречи правилното истекување на
водата од машината. Затоа
препорачуваме да го извадите.
За да се избегне истекување вода по
местењето, проверете дали
споевите се стегнати.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Безбедносните стандарди бараат
апаратот да биде вземјен.
Пред првото користење на апаратот,
проверете дали назначениот напон
и видот напојување на плочката со
спецификации одговара со
напојувањето на местото кадешто
апаратот треба да се намести. На
плочката може да се најде и
потребната јачина на
осигурувачите.
Секогаш приклучувајте го апаратот
во правилно инсталиран штекер
обезбеден од струјни удари.
Не смеат да се користат те-штеци,
приклучници и продолжни кабли со
повеќе приклучоци. Така може да се
предизвика пожар поради
прегревање.
Ако е потребно, заменете го
штекерот. Ако треба да се замени
кабелот за напојување,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
26 electrolux
Приклучникот мора да биде
достапен по местењето на апаратот.
Не исклучувајте го апаратот
влечејќи го кабелот. Секогаш
повлекувајте го приклучникот.
Производителот не прифаќа никаква
одговорност за неисполнување на
горенаведените безбедносни мерки.
Еколошки прашања
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Материјали за пакување
Материјалите за пакување се еколошки
и може да се рециклираат. Пластичните
делови се идентификуваат по ознаките,
на пр. >PE, >PS, итн. Фрлајте ги
материјалите за пакување во соодветен
контејнер на местата за фрлање
комунален смет.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Кога веќе не се
користи апаратот:
• Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
• Исечете ги кабелот и приклучокот
и фрлете ги.
• Фрлете ја бравата на вратата. Тоа
ќе спречи евентуално затворање
на деца внатре и загрозување на
нивниот живот.
electrolux 27
www.electrolux.com
117950110-00-072009
Was this manual useful for you? yes no
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the work of artificial intelligence, which forms the content of this project

Download PDF

advertising