Aeg-Electrolux | F99020IMM | User manual | Aeg-Electrolux F99020IMM Упатство за користење

Aeg-Electrolux F99020IMM Упатство за користење
FAVORIT 99020 I
Упатство за
ракување
Машина за миење
садови
2
Содржина
Ви благодариме што одбравте еден од нашите висококвалитетни
производи.
За да обезбедите оптимална и редовна работа на Вашиот апарат,
внимателно прочитајте го ова упатство. Тоа ќе Ви овозможи да се
движите низ сите процеси совршено и најефикасно. За да се
консултирате со упатството секогаш кога Ви треба, препорачуваме
да го чувате на сигурно место. И, Ве молиме, предајте го и на
евентуалните идни сопственици на апаратот.
Ви пожелуваме големо задоволство со Вашиот нов апарат.
Содржина
Упатства за ракување
Безбедносни информации
Правилна употреба
Општа безбедност
Безбедност на децата
Местење
Опис на производот
Внатрешно светло
Контролна табла
Копчиња за движење горе-долу
3
3
3
4
4
4
5
5
6
6
Екран
7
Копче за опции
7
Копче за откажување
8
Копче OK / Старт
8
Прво вклучување - поставување на
јазикот
9
Прва употреба
9
Нагодување на омекнувачот на водата
9
Рачно поставување
10
Електронско поставување
10
Користење на сол за машина за миење
садови
11
Користење на средство за плакнење
11
Регулирање на дозирањето на
средството за плакнење
12
Секојдневна употреба
13
Полнење прибор за јадење и садови
13
Долната корпа
14
Корпата за прибор за јадење
15
Пивски чаши
16
Горната корпа
18
Приспособување на височината на
горната корпа
19
Користење на детергент
20
Ставање детергент
20
Функцијата Multitab
21
Програми за миење садови
22
Одбирање и почнување програма за
миење
24
Откажување на започнато
одложено почнување или програма
за миење
25
Прекинување на тековна програма
за миење
25
Завршување на програмата за
миење
25
Празнење на машината за миење
садови
26
Нега и чистење
26
Чистење на филтрите
26
Чистење на прскалките
27
Чистење однадвор
27
Чистење однатре
28
Подолги периоди неработење
28
Спречување смрзнување
28
Преместување на машината
28
Што да сторите ако...
28
Технички податоци
31
Упатства за монтирање
31
Безбедносни информации
Монтажа
Прицврстување на соседни
единици
Нивелирање
Поврзување на водата
Поврзување на водоводот
Доводно црево со безбедносен
вентил
31
31
32
32
32
3
Приклучување на одводното црево
33
Поврзување на струјата
34
Еколошки прашања
34
Амбалажа
35
32
Можноста за промени е задржана
Упатства за ракување
Безбедносни информации
За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред да го
наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го упатството
за употреба внимателно, вклучувајќи ги и советите и предупредувањата.
За да се избегнат непотребни грешки и незгоди, важно е сите што го
користат апаратот да се темелно запознаени со начинот на работата и
безбедносните функции. Чувајте го упатството и погрижете се да биде со
апаратот ако се премести или продаде, за да може секој што го користи
во работниот век да биде правилно информиран за употребата на
апаратот и за безбедноста.
117960541-00-112008
Правилна употреба
• Машината за миење садови е наменета само за миење прибор за
домаќинство соодветен за машинско миење.
• Не ставајте растворачи во машината за миење садови. Тоа може да
предизвика експлозија.
• Ножевите и другите предмети со остри врвови мора да се ставаат во
корпата за прибор за јадење со врвовите надолу или да се стават
хоризонтално во горната корпа.
• Користете само производи (детергент, сол и средство за плакнење)
соодветни за машини за миење садови.
• Избегнувајте отворање на вратата додека апаратот работи, може да
излезе жешка пареа.
• Не вадете садови од машината за миење садови пред да заврши
циклусот за миење.
• По употребата, изолирајте го апаратот од напојувањето и затворете го
доводот за вода.
• Производот треба да го сервисира само овластен сервисер и треба да
се користат само оригинални резервни делови.
• Во никој случај не би смееле да се обидувате сами да ја поправате
машината. Поправките извршени од неискусни лица ќе предизвикаат
повреди или сериозни дефекти. Контактирајте со својот локален
4
Безбедносни информации
сервисен центар. Секогаш настојувајте да се користат оригинални
резервни делови.
Општа безбедност
• Лица (и деца) со намалени физички, сетилни и ментални способности
или недостиг на искуство и знаење не смеат да го користат апаратот.
Нивното ракување со апаратот мора да го надзира или упатува лице
одговорно за нивната безбедност.
• Детергентите за машини за миење садови може да предизвикаат
хемиски изгореници на очите, устата и грлото. Опасно по живот!
Почитувајте ги безбедносните упатства на производителот на
детергентот за машини за миење садови.
• Водата во машината за миење садови не се пие. Во машината може да
има остатоци од детергентот.
• Внимавајте вратата на машината за миење садови секогаш да е
затворена кога не ја полните или празните. Така ќе избегнете
сопнувања од отворената врата и повреди.
• Не седете и не стојте на отворена врата.
Безбедност на децата
• Апаратот е конструиран да го користат возрасни. Не дозволувајте деца
да ја користат машината за миење садови без надзор.
• Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои
опасност од задушување.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно место, подалеку од досегот на
децата.
• Децата треба да бидат подалеку од машината за миење садови кога
вратата е отворена.
Местење
• Проверете ја машината за миење садови да не е оштетена при
превозот. Не поврзувајте оштетена машина. Ако машината за миење
садови е оштетена, јавете се на продавачот.
• Сите материјали за пакување мора да се отстранат пред употребата.
• Електричните и водоводните приспособувања потребни за местење на
апаратот мора да ги изврши квалификувано и компетентно лице.
• Заради безбедносни причини, опасно е да се менуваат
спецификациите или да се вршат обиди за какво било видоизменување
на производот.
• Не користете ја машината за миење садови ако кабелот за струја и
цревата за вода се оштетени; или ако контролната табла, работната
површина или подножјето се оштетени така што внатрешноста на
апаратот е лесно достапна. Контактирајте со својот локален сервисен
центар за да избегнете опасности.
• Сите страници на машината за миење садови не смеат да се дупчат,
инаку може да се оштетат хидрауличните и електричните делови.
Опис на производот
5
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За електричното и водоводното поврзување внимателно постапете
според упатствата дадени во одделните пасуси.
Опис на производот
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Горна корпа
Тркалце за тврдост на водата
Сад за сол
Дозер за детергент
Дозер за средство за плакнење
Плочка со спецификации
Филтри
Долна прскалка
Горна прскалка
Внатрешно светло
Овој апарат има внатрешно светло што се пали при отворање на вратата
и се гасне при нејзиното затворање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видливо зрачење од диода, не гледајте во зракот.
Внатрешно светло опремено со LED-светилка од КЛАСА 2 во согласност
со IEC 60825-1: 1993 + A1: 1997 + A2: 2001.
Бранова должина на зрачењето: 450 nm
6
Контролна табла
Максимална излезна снага: 548 µW
Ако е неопходно да се замени светлото, контактирајте со локалниот
сервис.
Контролна табла
1
2
3
4
5
6
Копче вклучување/исклучување
Екран
Копчиња за движење горе-долу
Копче за опции
Копче за откажување
Копче OK / Старт
Низа прикажани сигнали и звучни сигнали ќе ве водат при поставувањето
на апаратот, одбирањето програми за миење и опциите.
Копчиња за движење горе-долу
Овие две копчиња имаат двојна функција:
• одбирање од програмското мени,
• одбирање од опциското мени и подмени.
Контролна табла
7
Екран
1 Овој ред светилки е поделен на два дела: Програмско мени (Program)
и мени со опции (Options).
Програми за миење: за време на траењето на програмите за миење,
овие цртички ја покажуваат тековната фаза: предмиење - главно
миење - плакнење - сушење.
2 Во овој ред се прикажуваат различни детали:
– Упатства во режимот за поставување за одбирање на програмите
за миење - траење на програмата, опции (кога со програмата за
миење се поставени една или повеќе опции, ажурирањето на
траењето на програмата се врши автоматски).
– По почнувањето на програма го покажува редоследот на тековната
фаза и времетраењето на програмата во тек.
3 Симболи: укажуваат на опциите (видете во табелата).
Симболите ги имаат следниве значења:
DELAY START : свети постојано во режимот за поставување; трепка кога
се одбројува
НЕГА ПЛУС : свети кога е поставена програмата 70° INTENSIVE
MULTITAB : свети кога е активна функцијата MULTITAB.
SOUND VOLUME : без звук за звучните сигнали.
Копче за опции
Притиснете го копчето за да влезете во менито со опциите; притиснете
го повторно за да излезете од менито.
Поставување на опциите
1. Притиснете го копчето за опции .
2. Притиснете едно од копчињата за движење горе-долу додека не се
прикаже саканата опција:
DELAY START
MULTITAB
SETTINGS
3. Притиснете OK / Старт за да потврдите и да влезете во подменито.
4. Притискајте ги копчињата за движење горе-долу додека не се прикаже
саканото подмени.
5. Притиснете OK / Старт за да потврдите и да влезете во подменито.
8
Контролна табла
6. За да излезете од менито, притиснете го копчето опции .
Мени со опции
Подмени со опции
DELAY START
Овозможува почетокот на одбраната програма за миење
да се одложи од 1 до 19 часови. Одбројувањето е во чекори
од 1 час. Само последниот час одбројувањето е во минути.
Кога ќе заврши одбројувањето, програмата за миење ќе
почне автоматски.
MULTITAB
Местење дали машината ќе користи обичен детергент или
комбинирани детергентски таблети (3 во 1 - 4 во 1 - 5 во 1
и сл.). Видете во "Функција MULTITAB"
– ON функцијата е вклучена. Се користат комбинирани
детергентски таблети. На екранот се појавува симболот
.
– OFF функцијата е исклучена. Се користи обичен
детергент.
SETTINGS
LANGUAGE
Овозможува гледање на пораките на различен јазик.
WATER HARDNESS
Овозможува електронско поставување на омекнувачот за
вода.
RINSE AID
Овозможува вклучување и исклучување на дозерот за
средство за плакнење.
– ON вклучено
– OFF исклучено
SOUND VOLUME
Овозможува регулирање на јачината на звучните сигнали
(од 0 до 5).
Нивото 0 значи исклучување на звучните сигнали и
соодветниот симбол
се појавува на екранот.
BRIGHTNESS
Овозможува зголемување и намалување на осветленоста
на заднината на екранот, може да се одберат 10 нивоа.
Фабричка поставка: ниво 10.
CONTRAST
Овозможува зголемување и намалување на контрастот на
екранот, може да се одберат 10 нивоа.
Фабричка поставка: ниво 5.
Копче за откажување
Притиснете го за:
• откажување на тековната програма за миење;
• откажување поставки за опциите.
Копче OK / Старт
Притиснете го за:
Прва употреба
9
• потврда / меморирање на опциите,
• почнување програма за миење.
Прво вклучување - поставување на јазикот
1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување .
2. На екранот ќе се појави порака на основниот јазик. Ако сакате да го
потврдите основниот јазик, притиснете ОК / Старт .
3. Ако сакате да поставите друг јазик, движете се со копчињата горедолу додека на екранот не се појави саканиот јазик. Притиснете OK /
Старт за да потврдите и да влезете во подменито.
Прва употреба
Пред да ја користите машината за миење садови првпат:
• Проверете дали електричните и водоводните поврзувања се согласни
со упатствата за местење
• Отстранете ги сите материјали за пакување од внатрешноста на
апаратот
• Поставете го омекнувачот на вода
• Истурете 1 литар вода во садот за сол, па наполнете го со сол за
машини за миење садови
• Наполнете го дозерот со средство за плакнење
Ако сакате да користите комбинирани детергентски таблети: "3 во 1", "4
во 1", "5 во 1" итн., поставете ја функцијата Multitab (Видете во
"Функција Multitab").
Нагодување на омекнувачот на водата
Машината за миење садови е опремена со омекнувач на вода
конструиран да ги отстранува минералите и солите од водата што би
можеле да му наштетат или да имаат негативно влијание врз работењето
на апаратот.
Колку е поголема содржината на минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се мери со соодветни скали - германски
степени (°dH), француски степени (°TH) и mmol/l (милимол на литар меѓународна мерна единица за тврдоста на водата).
Омекнувачот треба да се регулира според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално водостопанство може да ви каже колкава е
тврдоста на водата во вашето подрачје.
Омекнувачот на водата мора да се постави на двата начина: рачно, со
помош на бирачот на тврдостa на водата, и електронски.
10
Нагодување на омекнувачот на водата
Тврдост на водата
Регулирање на
поставките за тврдост на
водата
Користење
сол
°dH
°TH
mmol/l
рачно
електронск
и
51 - 70
91 - 125
9,1 - 12,5
2
ниво 10
да
43 - 50
76 - 90
7,6 - 8,9
2
ниво 9
да
37 - 42
65 - 75
6,5 - 7,5
2
ниво 8
да
29 - 36
51 - 64
5,1 - 6,4
2
ниво 7
да
23 - 28
40 - 50
4,0 - 5,0
2
ниво 6
да
19 - 22
33 - 39
3,3 - 3,9
2
ниво 5
да
15 - 18
26 - 32
2,6 - 3,2
1
ниво 4
да
11 - 14
19 - 25
1,9 - 2,5
1
ниво 3
да
4 - 10
7 - 18
0,7 - 1,8
1
ниво 2
да
<4
<7
< 0,7
1
ниво 1
не
Рачно поставување
Машината за миење садови е фабрички поставена во положба 2.
1. Отворете ја вратата на машината.
2. Извадете ја долната корпа од
машината.
3. Свртете го тркалцето за тврдост
на водата во положба 1 или 2
(видете во табелата).
4. Ставете ја долната корпа.
Електронско поставување
Машината за миење садови е фабрички поставена во положба 5.
Влезете во менито Опции - SETTINGS - WATER HARDNESS .
Со копчињата за движење горе-долу поставете го нивото на омекнувачот
на вода според тврдоста на водата во Вашето подрачје (видете во
табелата).
Користење на сол за машина за миење садови
11
Користење на сол за машина за миење садови
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само специјална сол за машини за миење садови. Сите други
видови сол што не се специјално направени за машини за миење садови,
особено солта за готвење, ќе го оштетат омекнувачот на вода. Ставајте
сол само пред да почнете некоја од целосните програми за миење. Така
ќе се спречи таложење на зрна сол или излеана солена вода на дното на
машината, што може да предизвика кородирање.
За полнење:
1. Отворете ја вратата, извадете ја долната корпа и одвртете го капачето
на садот за сол вртејќи го налево.
2. Истурете 1 литар вода во садот (ова е неопходно само пред првото
полнење со сол) .
3. Со приложената инка, турајте сол
додека садот не се наполни.
4. Вратете го капачето проверувајќи
да нема сол на навоите или на
заптивката.
5. Навртете го капачето цврсто
вртејќи го надесно додека не
кликне и застане.
Не грижете се ако се прелева вода
додека ставате сол, тоа е нормално.
Садот за сол треба повремено да се надополнува.
На тоа потсетува пораката REFILL SALT (Дополнете сол).
Таа се појавува само на почетокот и на крајот на програмите за миење;
за време на програмите показателот за дополнување сол не е активен.
Пораката за дополнување сол може да остане прикажна уште 2-6 часа по
полнењето со сол ако машината за миење садови остане вклучена. Ако
користите сол што подолго се раствора, тоа може да трае и подолго.
Функционирањето на машината не е попречено.
Користење на средство за плакнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само специјално средство за плакнење за машини за миење
садови.
Не полнете го дозерот за средство за плакнење со некаква друга течност
(на пр. средство за чистење машини за миење садови или течен
детергент). Така може да го оштетите апаратот.
12
Користење на средство за плакнење
Средството за плакнење обезбедува темелно плакнење и сушење без
дамки и линии.
Средството за плакнење автоматски се додава за време на последното
плакнење.
1. Отворете го садот притискајќи го
копчето за ослободување (A).
2. Ставете средство за плакнење во
садот. На максималното ниво за
полнење укажува "max".
Дозерот собира околу 110 мл
средство за плакнење, што е
доволно за 16 до 40 циклуси на
миење, зависно од дозирањето.
3. Проверете дали капачето е
затворено по секое дополнување.
Избришете го истуреното средство
за плакнење со впивлива крпа за да
избегнете преголемо пенење за
време на следното миење.
Садот за средство за плакнење треба повремено да се надополнува.
На тоа потсетува пораката REFILL RINSE AID (Дополнете средство за
плакнење).
Таа се појавува само на почетокот и на крајот на програмите за миење;
за време на програмите показателот за дополнување средство за
плакнење не е активен.
Регулирање на дозирањето на средството за плакнење
Во зависност од добиените резултати на миењето и сушењето,
регулирајте ја дозата средство за плакнење со регулаторот со 6 положби
(положба 1 најмала доза, положба 6 најголема доза).
Дозата е фабрички поставена во положба 4.
Секојдневна употреба
13
Зголемете ја дозата ако има капки вода
или дамки од бигор на садовите по
миењето.
Намалете ја дозата ако има лепливи
белузлави ленти на садовите или синкав
слој на чашите или на остриците на
ножевите.
Секојдневна употреба
• Проверете дали треба да се дополни специјална сол или средство за
плакнење.
• Ставете прибор за јадење и садови во машината.
• Ставете детергент за миење садови.
• Одберете програма за миење соодветна за приборот и садовите.
• Почнете ја програмата за миење.
Полнење прибор за јадење и садови
Во машината за миење садови не смеат да се мијат сунѓери, крпи или
предмети што впиваат вода.
• Пред да ја наполните машината со садови, треба:
– Да ги отстраните сите остатоци од храна и покрупни нечистотии.
– Да ги омекнете остатоците изгорена храна во тавите
• Кога ја полните машината со садови и прибор за јадење, внимавајте:
– Садовите и приборот за јадење не смеат да го попречуваат вртењето
на прскалките.
– Ставајте ги шупливите предмети (шољи, чаши, тави, итн.) со отворот
надолу за да не се собира вода во садовите.
– Садовите и приборот за јадење не смеат да се вметнати едни во
други или да се покриваат.
– За да избегнете оштетување на чашите, тие не смеат да се допираат.
– Ставајте ги малите предмети во корпата за прибор за јадење.
• Пластичните садови и тавите со нелеплива облога се склони кон
задржување капки вода; тие нема да се исушат добро како
порцеланските и челичните садови.
• Лесните садови (пластични чинии и сл.) треба да се ставаат во горната
корпа и да се наредат така што нема да се поместуваат.
14
Полнење прибор за јадење и садови
За миење во машината за миење садови, следниов прибор и садови
не е погоден:
е со ограничена погодност:
• Прибор за јадење со дршки од дрво, • Камени садови може да се мијат во
слонова коска, порцелан или бисер.
машината само ако производителот
• Пластични предмети што не се
посебно ги означил како безбедни за
отпорни на топлина.
миење во машина.
• Постар прибор за јадење со лепени • Глазираните шари може да
делови што не се отпорни на
избледат ако често се мијат во
топлина.
машина.
• Лемен прибор за јадење или садови. • Сребрените и алуминиумските
• Калаисани или бакарни садови.
делови се склони кон обезбојување
• Оловно кристално стакло.
при миење: Остатоци од белка и
• Челични предмети што р’ѓосуваат.
жолчка од јајца и од сенф често
• Дрвени чинии.
предизвикуваат обезбојување и
• Предмети од синтетички влакна.
дамки на среброто. Затоа, секогаш
исчистете ги остатоците од храна од
среброто, ако не го миете веднаш по
употребата.
Отворете ја вратата и извлечете ги корпите за да ги ставите садовите.
Долната корпа
Ставете ги поголемите и поизвалканите
садови и тави во долната корпа.
Полнење прибор за јадење и садови
15
За да се олесни ставањето поголеми
садови, сите задни држачи за чинии во
долната корпа може да се склопат.
Корпата за прибор за јадење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Острите ножеви и другиот прибор со остри рабови мора да се легне во
тацната за прибор или во горната корпа поради опасноста од повреди.
Ставајте ги ножевите, лажичките и
малите виљушки во тацната за прибор
во горната корпа. Ставајте ги виљушките
и лажиците што не ги собира во тацната
за прибор во корпата за прибор за
јадење.
За да обезбедите водата да го досегне сиот прибор во корпата за прибор
за јадење, постапете вака:
1. Ставете ја мрежата за прибор на
корпата.
16
Полнење прибор за јадење и садови
2. Ставете ги виљушките и лажиците
во корпата со рачките надолу.
За поголем прибор, на пр.
маталки, тргнете една половина
од мрежата за прибор.
Kорпата за прибор за јадење може да се
отвори.
Секогаш внимавајте да ги фаќате двата
дела на дводелната рачка кога ја вадите
од машината.
1. Ставете ја корпата за прибор за
јадење на маса или работна
површина.
2. Отворете ја дводелната рачка.
3. Извадете го приборот за јадење.
Пивски чаши
Има држачи за чаши од левата страна на
долната корпа.
Може да ставите до 4 пивски чаши.
Доколку е потребно, држачите за пивски
чаши може да се исправат.
Полнење прибор за јадење и садови
Држачите за пивски чаши може да ги
замените со двата испорачани држачи
за шољи. Нив може да ги користите како:
• полици за шољи
• држачи за чаши за шампањ.
Држачите за пивски чаши се вадат на
следниов начин:
1. Повлечете ги угоре и лесно
притиснете ги куките оздола.
2. Со куките, закачете ги држачите за
шољи на хоризонталната прачка.
Прачките што ги држат држачите за
пивски чаши и држачите за шољи може
да се извадат, ако е потребно.
1. Со палците, турнете ги држачите
назад.
17
18
Полнење прибор за јадење и садови
2. Притиснете ги напред за да ги
прицврстите повторно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не држете го држачот со рака. Така
може да се повредите. Ставете ја
раката под држачот на долната
корпа.
Горната корпа
Ставајте ги помалите, покревки чинии и
долгиот и остар прибор во горната
корпа.
• Наредете ги чиниите на и под
преклопните држачи за шољи за да
бидат одделени едни од други и да
може водата да ги досегне сите.
• Држачите за шољи може да се
склопат да не пречат за повисоките
чинии.
• Положете ги или закачете ги чашите
за вино и коњак во процепите на
држачите за шољи.
Полнење прибор за јадење и садови
19
• За чаши со долги ногарки, склопете
го држачот за чаши надесно, во
спротивно склопете го налево.
• Редот шилци од левата страна на
горната корпа исто се состои од два
дела и може да се склопи.
Несклопени шилци: ставање чаши,
шољи и сл. во горната корпа.
Склопени шилци: повеќе место за
поголемите садови.
Приспособување на височината на горната корпа
Максимална височина на садовите во:
горната корпа
Со крената горна корпа
долната корпа
22 cm
30 cm
Со спуштена горна корпа 24 cm
29 cm
Височината на горната корпа може да се приспособува и кога таа е полна.
Кревање / спуштање на горната корпа:
20
Користење на детергент
1. Извлечете ја горната корпа
целосно.
2. Држејќи ја горната корпа за
рачката, поткренете ја додека
може, па спуштете ја вертикално.
Горната корпа ќе се заглави во
долната или горната положба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Секогаш затворајте ја вратата по
полнење на машината, бидејќи
отворена врата е опасност.
Пред да ја затворите вратата, проверете дали прскалките можат да се
вртат слободно.
Користење на детергент
Користете само специјални детергенти за машини за миење садови.
Почитувајте ги упатствата на производителот за дозирање и чување
напишани на пакувањето на детергентот.
Ако не користите повеќе од препорачаното количество детергент,
придонесувате да се намали загадувањето на природата.
Ставање детергент
1. Отворете го капакот.
Функцијата Multitab
21
2. Наполнете го дозерот за
детергент (1) со детергент.
Ознаките ја означуваат дозата:
20 = околу 20 г детергент
30 = околу 30 г детергент.
3. За сите програми со предмиење е
потребна дополнителна доза
детергент (5/10 г) што треба да се
стави во комората за предмиење
(2).
Тој детергент ќе се употреби за
време на предмиењето.
4. Кога користите таблети
детергент, ставете ја таблетата
во комората (1)
5. Затворете го капакот и
притиснете го да се заглави.
Таблети детергент
Таблетите детергент од различни
производители се раствораат со
различна брзина. Поради тоа, некои
таблети детергент не се сосема
ефикасни за време на кратките
програми за миење. Затоа користете
долги програми за миење кога
користите таблети детергент, за да
обезбедите целосно остранување на наталожениот детергент.
Функцијата Multitab
Апаратот е опремен со "функција Multitab" (мулти-таблети) што
овозможува употреба на комбинирани таблети "Multitab" со детергент.
Тие производи се детергенти со комбинирани функции за миење,
плакнење и сол. Може да содржат и други агенси, зависно од видот
таблети што ќе ги одберете ("3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн.).
Проверете дали детергентите се соодветни за тврдоста на вашата вода.
Погледнете ги упатствата на производителот.
Одберете ја функцијата Multitab пред почетокот на програма за миење.
Кога ќе се одбере оваа функција, останува активна за сите следни
програми за миење.
Кога ќе се одбере оваа функција, дотокот на средство за плакнење и сол
од соодветните садови автоматски се исклучува, а се исклучуваат и
пораките за сол и средство за плакнење.
22
Програми за миење садови
Кога се употребува функцијата Multitab, траењето на циклусите може да
се смени. Во тој случај, показателот за времетраењето на програмата на
екранот автоматски се ажурира.
Кога ќе почне програмата, функцијата Multitab веќе НЕ МОЖЕ да се
менува. Ако сакате да ја исклучите функцијата Multitab, треба да ја
откажете моменталната програма, па потоа да ја исклучите функцијата
Multitab.
Во тој случај, ќе мора повторно да поставите програма за миење (и
саканите опции).
Доколку резултатите од сушењето не се задоволителни, препорачуваме:
1. Наполнете го дозерот со средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство за плакнење во положба 2.
Активирањето/деактивирањето на дозерот за средството за плакнење е
можно само кога е активна функцијата MULTITAB.
Ако одлучите да се вратите на користење стандарден детергент,
советуваме:
1. Исклучете ја функцијата MULTITAB.
2. Наполнете ги одново дозерите за сол и за средство за плакнење.
3. Регулирајте ја поставката за тврдост на водата на највисоко ниво и
пуштете 1 нормална програма за миење без да ставите садови.
4. Регулирајте ја тврдостa на водата според тврдостa на водата во
вашето подрачје.
5. Регулирајте го дозирањето на средството за плакнење.
Програми за миење садови
Потрошувачка
12 - 23 Вода (литри)
1,1 - 1,7 Енергија (kWh)
1)
- Траење (минути) 2)
Сушење
Чинии,
прибор
за
јадење,
тенџери
ња и
тави
Завршно плакнење
AUTOMATI Мешана
нормалн
C 3)
аи
голема
извалкан
ост
Опис на програмата
1/2x Меѓуплакнење
Вид
прибор
Главно миење
Извалка
ност
Предмиење
Програма
Програми за миење садови
9 Вода (литри)
16 - 18
18 - 20
12 - 13
0,9 Енергија (kWh)
1,5 -1,7
0,8 -0,9
14 - 15
PREWASH
0,1
4
Сушење
45° GLASS Нормалн Кревки
а
чинии и
стаклени
садови
-
Нормалн Чинии и
а
прибор
за
јадење
-
55° 1
HOUR
11 - 12
ENERGY 6) Нормалн Чинии и
а
прибор
за
јадење
1,4 - 1,6
Нормалн Чинии и
а
прибор
за
јадење
1,0 - 1,1
65°
NORMAL
1,0 - 1,2
Чинии,
прибор
за
јадење,
тенџери
ња и
тави
- Траење (минути) 2)
Голема
-
70°
INTENSIV
E 5)
4)
-
Чинии и
прибор
за
јадење
1)
-
Мала
Потрошувачка
-
30
MINUTES
Завршно плакнење
Опис на програмата
Меѓуплакнење
Вид
прибор
Главно миење
Извалка
ност
Предмиење
Програма
23
Секаква
Делумно
полнење
(што ќе
се
дополни
подоцна
истиот
ден) 7)
Одбирање и почнување програма за миење
13 - 14 Вода (литри)
1)
1,2- 1,3 Енергија (kWh)
Нормалн Чинии и
а
прибор
за
јадење
Потрошувачка
- Траење (минути) 2)
NIGHT
CYCLE
Сушење
Опис на програмата
Завршно плакнење
Вид
прибор
Меѓуплакнење
Извалка
ност
Предмиење
Програма
Главно миење
24
1) Вредностите за потрошувачката се за ориентација и зависат од притисокот и
температурата на водата, како и од варијациите на напонот на струјата и количеството
садови.
2) Дигиталниот екран го прикажува траењето на програмата.
3) За време на програмата за миење "Auto" извалканоста на садовите се одредува според
заматеноста на водата. Траењето на програмата, потрошувачката на вода и струја може
да варираат; тоа зависи од наполнетоста на машината и од степенот на извалканост на
садовите. Температурата на водата автоматски се регулира меѓу 45°C и 70°C.
4) Идеално за миење со делумно наполнета машина. Совршена секојдневна програма,
направена да ги задоволи потребите на семејство со 4 членови за миење само на чиниите
и приборот од појадокот и вечерата.
5) Програмата е предвидена со функцијата Нега плус, што дава поголемо ниво на хигиена
за садовите и чашите. Во последната фаза на плакнење, температурата ќе се одржува
над 65°C најмалку 10 минути.
6) Испитна програма за тестирање.
7) За оваа програма не е потребен детергент
NIGHT CYCLE програма
Night Cycle е тивка програма за миење што нема да Ве вознемирува дури
и кога спиете. Може да се постави ноќе или во периодите со евтина струја.
За време на Night Cycle пумпата работи со многу мала брзина за да се
достигне намалување на бучавата од 25% во споредба со вообичаените
програми. Како резултат на тоа, трае многу подолго.
Одбирање и почнување програма за миење
1. Проверете дали корпите се правилно наполнети и дали прскалките
можат слободно да се вртат.
2. Проверете дали е отворена славината за вода.
3. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување .
4. Одберете програма за миење. (Видете во табелата "Програми за
миење").
5. Ако е потребно, одложете го времето на почнување на програмата.
6. Поставете ги опциите по потреба.
Одбирање и почнување програма за миење
25
7. Притиснете го копчето ОК / Старт и затворете ја вратата, програмата
за миење почнува автоматски.
Доколку е поставено одложено почнување, одбројувањето почнува
автоматски. Кога ќе заврши одбројувањето, програмата за миење ќе
почне автоматски.
Со отворање на вратата се прекинува одбројувањето. Затворете ја
вратата; одбројувањето ќе продолжи од местото на прекинување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прекинете или откажете програма за миење во тек САМО ако е апсолутно
неопходно.
Внимание! Кога ќе ја отворите вратата може да излезе жешка пареа.
Отворајте ја вратата внимателно.
Откажување на започнато одложено почнување или програма за
миење
1. Притиснете го копчето за откажување .
2. Се појавува пораката CONFIRM CANCEL ? (Потврда на
откажувањето).
3. Притиснете го копчето OK / Старт за да потврдите.
4. Апаратот се враќа во режимот за поставување и на екранот се
појавува пораката CHOOSE PROGRAMME (Одберете програма).
• Доколку се откаже одложеното почнување, се откажува и поставената
програма за миење.
• Доколку се постави нова програма за миење, проверете дали има
детергент во дозерот.
Прекинување на тековна програма за миење
• Отворете ја вратата на машината; програмата ќе престане. Се појавува
пораката PLEASE CLOSE DOOR (Затворете ја вратата).
• Затворете ја вратата на машината; Програмата ќе продолжи од
местото на прекинување.
Завршување на програмата за миење
• Машината автоматски ќе престане и се слуша звучен сигнал што ве
известува за завршувањето на програмата за миење.
• Наизменично се појавуваат пораките PROGRAMME END (Крај на
програмата) и PLEASE SWITCH OFF (Исклучете ја машината).
1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување .
2. Отворете ја вратата на машината.
Оставете ја вратата подотворена и почекајте неколку минути пред да
ги извадите садовите; така тие ќе бидат поизладени и сушењето ќе
биде подобро.
26
Празнење на машината за миење садови
Празнење на машината за миење садови
• Жешките садови се чувствителни на удари.
Затоа садовите треба да се остават да се изладат пред да ги извадите
од апаратот.
• Првин испразнете ја долната корпа, а потоа горната; така ќе избегнете
водата да капе од горната корпа на садовите во долната корпа.
• Може да се појави кондензација од страните на вратата на машината
за миење садови бидејќи не'рѓосувачкиот челик побрзо се лади од
садовите.
ВНИМАНИЕ
Кога ќе заврши програмата за миење, се препорачува машината за
миење садови да се исклучи од струја и да се затвори доводот за вода.
Нега и чистење
Чистење на филтрите
Филтрите мора повремено да се проверуваат и чистат. Валкани филтри
ги влошуваат резултатите на миењето.
Повремено ќе се појавува порака како потсетник за проверка и
евентуално чистење на филтрите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред да ги чистите филтрите, проверете дали машината е исклучена.
1. Отворете ја вратата, извадете ја долната корпа.
2. Системот за филтрирање на
машината за миење садови се
состои од груб филтер ( A ),
микрофилтер ( B ) и плоснат
филтер. Отклучете го системот за
филтрирање со рачката на
микрофилтерот и извадете ги
филтрите.
Нега и чистење
27
3. Свртете ја рачката околу 1/4
налево и извадете ги филтрите.
4. Фатете го грубиот филтер ( A ) за
рачката со дупка и извадете го од
микрофилтерот ( B ).
5. Измијте ги сите филтри темелно
под млаз вода.
6. Извадете го плоснатиот филтер
од основата на преградата за
миење и темелно измијте ги двете
страни.
7. Вратете го плоснатиот филтер во
основата на преградата за миење
и проверете дали е совршено
наместен.
8. Ставете го грубиот филтер ( A ) во
микрофилтерот ( B ) и притиснете
ги заедно.
9. Вратете го комплетот филтри на
место и заклучете го вртејќи ја
рачката надесно додека не застане. Додека заклучувате, внимавајте
плоснатиот филтер да не штрчи над основата на преградата за
миење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НИКОГАШ не користете ја машината за миење садови без филтри.
Неправилно поставување и местење на филтрите ќе предизвика послабо
миење и може да го оштети апаратот.
Чистење на прскалките
НИКОГАШ не обидувајте се да ги извадите прскалките.
Ако на дупките на прскалките се наталожила нечистотија, исчистете ја со
дрвено стапче.
Чистење однадвор
Чистете ги надворешните површини на машината и на контролната табла
со мокра мека крпа. Ако е потребно, користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни средства, жици или растворачи
(ацетон, трихлороетилен и сл.).
28
Што да сторите ако...
Чистење однатре
Гумите околу вратата, дозерите за детергент и за средство за плакнење
треба да се чистат редовно со мокра крпа.
Препорачуваме секои 3 месеци да се пушти програмата за миење многу
извалкани садови со детергент, но без садови.
Подолги периоди неработење
Ако не ја користите машината подолго време, ве советуваме:
1. Исклучете го апаратот од струја, па затворете го доводот на вода.
2. Оставете ја вратата подотворена за да спречите создавање
непријатни мириси.
3. Оставете ја внатрешноста на машината чиста.
Спречување смрзнување
Не поставувајте ја машината на место кадешто температурата е под 0°C.
Ако е тоа неизбежно, испразнете ја машината, затворете ја вратата,
откачете го цревото за довод на вода и испразнете го.
Преместување на машината
Ако треба да ја преместите машината (се селите или сл.):
1. Исклучете ја од струја.
2. Затворете ја славината.
3. Извадете ги цревата за довод на вода и за истекување.
4. Извлечете ја машината заедно со цревата.
Избегнувајте прекумерно навалување на машината за време на
превозот.
Што да сторите ако...
Машината за миење садови не почнува или прекинува да работи.
Можни се одредени проблеми поради несоодветно одржување или
превиди, што може да се решат со помош на показателите опишани во
табелата без викање сервисер.
Исклучете ја машината за миење садови и постапете на следниов начин.
Што да сторите ако...
Пораки што се појавуваат при
неисправно функционирање
29
Можни причини и решение
• краток звучен сигнал
• Славината е блокирана или затната
• порака OPEN THE TAP (Отворете ја
од бигор.
славината) на екранот
Исчистете ја славината.
Машината за миење садови не се
• Славината е затворена.
полни со вода
Отворете ја славината.
• Филтерот (кадешто го има) на
приклучокот на обложеното црево
кај вентилот за довод на вода е
затнат.
Исчистете го филтерот во
обложеното црево.
• Цревото за довод на вода не е
правилно поставено, извиткано е
или смачкано.
Проверете го приклучокот на
цревото за довод на вода.
• краток звучен сигнал
• Одводот за вода е затнат.
• DRAIN BLOCKED (Одводот е затнат)
Исчистете го одводот за вода.
на екранот
• Цревото за испуштање вода не е
Машината за миење садови не
правилно поставено, извиткано е
испушта вода
или смачкано.
Проверете го приклучокот на
цревото за истекување вода.
• краток звучен сигнал
•
се појавува на екранот
Активиран е уредот за заштита од
поплавување
• Затворете ја славината и
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
Програмата не почнува.
• Вратата на машината за миење
садови не е добро затворена.
Затворете ја вратата.
• Приклучникот не е ставен во
штекерот. Приклучете го
приклучникот во штекер.
• Изгорел осигурувач на таблата со
осигурувачи.
Заменете го осигурувачот.
• Поставено е одложено почнување.
Ако садовите треба да се измијат
веднаш, откажете го одложеното
почнување.
Откако сте ги провериле горенаведените работи, вклучете го апаратот:
Програмата ќе продолжи од местото на прекинување.
Ако неправилното функционирање или шифрата за дефект повторно се
појави, контактирајте со сервисниот центар.
30
Што да сторите ако...
За други шифри за дефекти што не се опишани во горната табела,
контактирајте со својот локален сервисен центар, наведувајќи го моделот
(Mod.), бројот на производот (PNC) и серискиот број (S.N.).
Тие информации се наоѓаат на плочката што се наоѓа од страната на
вратата на машината за миење садови.
За да ги имате броевите секогаш при рака, препорачуваме да ги запишете
тука:
Mod. (Модел). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
PNC :. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
S.N. (Сериски број). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Миењето не е задоволително
Садовите не се чисти
• Одбрана е погрешна програма за
миење.
• Садовите се распоредени на начин
што спречува водата да досегне до
сите делови на површината. Корпите
не смеат да се преполнуваат.
• Прскалките не се вртат слободно
поради неправилен распоред на
садовите.
• Филтрите на основата на преградата
за миење се нечисти или
неправилно поставени.
• Има премалку или воопшто нема
детергент.
• Кога има наслојки од бигор на
садовите, садот за сол е празен или
е поставено неправилно ниво на
омекнувачот на вода.
• Цревото за испуштање вода не е
добро приклучено.
• Капачето на садот за сол не е
правилно затворено.
Садовите се мокри и матни
• Не било употребено средство за
плакнење.
• Дозерот со средство за плакнење е
празен.
Има ленти, млечни дамки или син слој • Намалете ја дозата на средството за
на чашите и садовите
плакнење.
На чашите и садовите има дамки од
капки вода
• Зголемете ја дозата на средството
за плакнење.
• Детергентот може да е причина.
Јавете се на телефонот за
корисници на производителот на
детергентот.
Ако и по сиве овие проверки проблемот останува, контактирајте со својот
локален сервисен центар.
Технички податоци
31
Технички податоци
Димензија
Широчина x височина x
длабочина (cm)
59,6 x 81,8–89,8 x 57,5
Поврзување на струјата – Податоците за електрично поврзување се наведени
напон – општо
на плочката со податоци, на внатрешниот раб од
напојување - осигурувач вратата на машината.
Притисок на доводот за
вода
Минимум - Максимум
(MPa)
0,05 - 0,8
Капацитет
Места за сервирање
12
Упатства за монтирање
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричните и/или водоводџиските работи, потребни за монтажа на овој
уред треба да ги изведува квалификуван електричар и/или водоводџија
или стручно лице.
Отстранете ја сета амбалажа пред поставување на машината на место.
Доколку е можно, поставете ја машината во близина на славина за вода
и одвод.
Оваа машина за миење садови е конструирана за монтажа под
мијалникот или под работната површина.
Внимание! Внимателно следете ги упатствата од приложениот урнек за
вградување на машината и за монтажа на декоративната маска од
мебелот.
Не се потребни дополнителни отвори за вентилирање на машината за
садови. Потребно е да се остави само доволно простор за поминување
на доводното и одводното црево.
Машината за садови има ногалки што може да се нагодуваат заради
порамнување на висината.
За време на работи што вклучуваат пристап до внатрешните компоненти,
мора да го извлечете утикачот од машината за миење садови.
При вметнување на машината, уверете се дека доводното и одводното
црево, како и напојниот кабел не се превиткани или пригмечени.
Прицврстување на соседни единици
Машината за миење садови мора да е обезбедена против навалување.
Поради тоа, уверете се дека работната површина, под која е монтирана
машината, е соодветно прицврстена на фиксна структура (соседни
кујнски елементи, шкафови, ѕид).
32
Поврзување на водата
Нивелирање
Доброто нивелирање е од суштинско значење за правилно затворање и
заптивање на вратата. Кога уредот е правилно нивелиран, вратата нема
да зафаќа на нити една страна од кабинетот. Доколку вратата не се
затвора правилно, олабавувајте или затегнувајте ги ногарките сй додека
машината не е совршено нивелирана.
Поврзување на водата
Поврзување на водоводот
Во апаратот може да се приклучи довод на топла (макс. 60°) или студена
вода.
Со довод на топла вода потрошувачката на енергија може значително да
се намали. Сепак, тоа зависи од начинот на кој се загрева водата.
(Предлагаме алтернативни извори на енергија што се поеколошки, како,
на пр. соларни или фотоволтни плочи и ветерници).
За самото поврзување, спојката монтирана на цревото за довод на вода
на машината е направена да се зашрафи на приклучок од 3/4 цола или
на наменска славина за брзо спојување како што е "Press-block".
Притисокот на водата мора да биде во рамките на вреднстите дадени во
"Технички податоци". Вашето локално водостопанство ќе ви каже колкав
е просечниот притисок на водоводната инсталација во вашето подрачје.
Цревото за довод на вода не смее да биде превиткано, смачкано или
заплеткано кога се поврзува.
Машината за миење садови има црева за довод и одвод на вода што може
да се свртат налево или надесно за да одговараат на инсталацијата со
помош на контраматица.
Контра навртката мора да се намести правилно за да се избегне
протекување на водата.
( Внимание! НЕ сите модели на машини за миење садови имаат црева за
довод и одвод на вода со контра навртка. Во тој случај, ваквиот вид
поврзување не е можен). Ако е машината поврзана со нови цевки или со
цевки што не биле користени долго време, треба да ја пуштите водата да
тече неколку минути пред да го поврзете цревото за довод.
НЕ КОРИСТЕТЕ црева за поврзување што претходно биле користени за
стар апарат.
Овој уред е опремен со безбедносни додатоци, кои ќе спречат водата што
се користи во уредот да се врати назад во системот за вода за пиење.
Овој уред е во согласност со важечките одредби за водоводот.
Доводно црево со безбедносен вентил
По приклучување на доводното црево со двоен ѕид, безбедносниот
вентил се наоѓа веднаш до славината. Оттаму, доводното црево е под
притисок само кога водата тече. Ако доводното црево за тоа време почне
да протекува, безбедносниот вентил го прекинува течењето на водата.
Поврзување на водата
33
Кога го монтирате доводното црево, внимавајте на следново:
• Електричниот кабел за безбедносниот вентил се наоѓа во доводното
црево со двоен ѕид. Не потопувајте ги доводното црево или
безбедносниот вентил во вода.
• Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетат,
веднаш извлечете го утикачот.
• Доводното црево со безбедносен вентил смее да го заменува само
стручно лице или некој од сервисната служба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување! Опасен напон.
Приклучување на одводното црево
Крајот од одводното црево може да се приклучи на следните начини:
1. на прстенот од сливникот, обезбедувајќи го на долната страна од
работната површина. Тоа ќе спречи враќање на отпадната вода од
сливникот во машината.
2. На стоечка цевка со вентилациски отвор, со минимален внатрешен
пречник од 4 cm.
Приклучувањето на одводот мора да
биде на висина од максимум 60 cm од
дното на машината за миење садови.
Одводното црево може да биде свртено
од левата или од десната страна на
машината за миење садови.
Уверете се дека цревото не е превиткано
или пригмечено, бидејќи тоа може да
предизвика спречување или успорување
на испуштањето на водата.
Затката од сливникот н смее да биде
ставена кога машината испушта вода,
бидејќи тоа може да предизвика
сифонско враќање на водата во
машината.
Вкупната должина на одводното црево, вклучувајќи секакво евентуално
продолжение, не смее да биде подолго од 4 метри. Внатрешниот пречник
34
Поврзување на струјата
на цревото за продолжување не смее да биде помал од пречникот на
испорачаното црево.
Исто така, внатрешниот пречник на спојките за приклучување на одводот
не смее да биде помал од пречникот на испорачаното црево.
При приклучување на одводното црево на прстен под сливникот, мора да
се отстрани целата пластична мембрана (А) . Доколку не ја отстраните
целата мембрана, со време ќе дојде до натрупување на честичките од
храна и до евентуално блокирање на прстенот за одводното црево од
машината за миење садови.
Нашите уреди се испорачуваат со безбедносен
уред за заштита од враќање на нечистата вода
назад во машината. Доколку прстенот на Вашиот
сливник има "неповратен вентил", тоа може да го
спречи правилното испуштање на водата од
машината за миење садови. Оттаму, советуваме
да го отстраните.
За да избегнете протекување на водата по монтажата, уверете се дека
спојките на доводот и на одводот на водата се добро затегнати.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Безбедносните стандарди бараат овој уред за биде заземјен.
Пред да го користите уредот за првпат, уверете се дека номиналниот
напон и видот на напојувањето, наведени на плочката со податоци,
одговараат на напојувањето на местото на монтажа на уредот.
На плочката може да се најде и потребната јачина на осигурувачите.
Секогаш вметнувајте го утикачот во исправно монтирана шукоприклучница. Повеќенасочни утикачи, конектори и кабли за
продолжување не смеат да се користат.
Тоа може да претставува опасност од пожар поради прегревање.
Доколку е потребно, заменете ја приклучницата од домашната мрежа. Во
случај кога електричниот кабел мора да се замени, обратете се во Вашиот
локален сервисен центар.
Утикачот мора да е пристапен откако ќе се монтира уредот.
Никогаш не исклучувајте го уредот влечејќи го кабелот. Секогаш влечете
го утикачот.
Производителот не презема никаква одговорност при непочитување на
горенаведените безбедносни мерки.
Еколошки прашања
Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во
Вашето место на живеење.
35
Амбалажа
Материјалите од амбалажата се еколошки подносливи и можат да се
рециклираат. Пластичните компоненти се идентификуваат по ознаки, на
пр., >PE<, >PS<, итн. Отстранувајте ги материјалите од амбалажата во
соодветниот контејнер, во комуналните објекти за отстранување на
отпад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Кога уредот веќе нема да се користи:
• извлечете го утикачот од приклучницата.
• отсечете ги кабелот и утикачот и отстранете ги.
• Отстранете ја бравата на вратата. Со тоа ќе спречите децата да се
затворат внатре и да си го доведат животот во опасност.
117960541-00-112008
www.electrolux.com
Was this manual useful for you? yes no
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the work of artificial intelligence, which forms the content of this project

Download PDF

advertising