Electrolux | ESI68060X | User manual | Electrolux ESI68060X Упатство за користење

Electrolux ESI68060X Упатство за користење
Упатство за ракување
Машина за миење садови
ESI 68060
2 electrolux
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации
Опис на производот
Контролна табла
Табела на менито за опции
Прва употреба
Поставување на омекнувачот на вода
2
4
5
6
8
9
Користење на сол за машина за миење
садови
9
Користење на средство за плакнење
10
Секојдневна употреба
11
Полнење прибор за јадење и садови
12
Користење на детергент
16
Функцијата Multitab
17
Бирање и стартување на програма за
миење
18
Празнење на машината за миење
садови
19
Програми за миење
19
Нега и чистење
21
Што треба да се направи ако...
22
Технички податоци
24
Монтажа
24
Поврзување на водата
25
Поврзување на струјата
27
Еколошки прашања
27
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
За ваша безбедност и за да се
обезбеди правилна употреба, пред
да го наместите и да го користите
апаратот првпат, прочитајте го
упатството за употреба внимателно,
вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се
избегнат непотребни грешки и
незгоди, важно е сите што го
користат апаратот да се темелно
запознаени со начинот на работата
и безбедносните функции. Чувајте
го упатството и погрижете се да биде
со апаратот ако се премести или
продаде, за да може секој што го
користи во работниот век да биде
правилно информиран за
употребата на апаратот и за
безбедноста.
Правилна употреба
• Машината за миење садови е
наменета само за миење прибор за
домаќинство соодветен за машинско
миење.
• Не ставајте растворачи во машината
за миење садови. Тоа може да
предизвика експлозија.
• Ножевите и другите предмети со остри
врвови мора да се ставаат во корпата
•
•
•
•
•
•
за прибор за јадење со врвовите
надолу или да се стават хоризонтално
во горната корпа.
Користете само производи (детергент,
сол и средство за плакнење)
соодветни за машини за миење
садови.
Избегнувајте отворање на вратата
додека апаратот работи, може да
излезе жешка пареа.
Не вадете садови од машината за
миење садови пред да заврши
циклусот за миење.
По употребата, изолирајте го апаратот
од напојувањето и затворете го
доводот за вода.
Производот треба да го сервисира
само овластен сервисер и треба да се
користат само оригинални резервни
делови.
Во никој случај не би смееле да се
обидувате сами да ја поправате
машината. Поправките извршени од
неискусни лица може да предизвикаат
повреди или сериозни дефекти.
Контактирајте со својот локален
сервисен центар. Секогаш
настојувајте да се користат
оригинални резервни делови.
electrolux 3
Општа безбедност
• Лица (и деца) со намалени физички,
сетилни и ментални способности или
недостиг на искуство и знаење не
смеат да го користат апаратот.
Нивното ракување со апаратот мора
да го надзира или упатува лице
одговорно за нивната безбедност.
• Детергентите за машини за миење
садови може да предизвикаат хемиски
изгореници на очите, устата и грлото.
Опасно по живот! Почитувајте ги
безбедносните упатства на
производителот на детергентот за
машини за миење садови.
• Водата во машината за миење садови
не се пие. Во машината може да има
остатоци од детергентот.
• Внимавајте вратата на машината за
миење садови секогаш да е затворена
кога не ја полните или празните. Така
ќе избегнете сопнувања од
отворената врата и повреди.
• Не седете и не стојте на отворена
врата.
Безбедност на децата
• Апаратот е конструиран да го користат
возрасни. Деца не смеат да си играат
со апаратот.
• Чувајте ги сите материјали за
пакување далеку од децата. Постои
опасност од задушување.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно
место, подалеку од досегот на децата.
• Децата треба да бидат подалеку од
машината за миење садови кога
вратата е отворена.
Местење
• Проверете ја машината за миење
садови да не е оштетена при превозот.
Не поврзувајте оштетена машина. Ако
машината за миење садови е
оштетена, јавете се на продавачот.
• Сите материјали за пакување мора да
се отстранат пред употребата.
• Електричните и водоводните
приспособувања потребни за местење
на апаратот мора да ги изврши
квалификувано и компетентно лице.
• Заради безбедносни причини, опасно
е да се менуваат спецификациите или
да се вршат обиди за какво било
видоизменување на производот.
• Не користете ја машината за миење
садови ако кабелот за струја и цревата
за вода се оштетени; или ако
контролната табла, работната
површина или подножјето се оштетени
така што внатрешноста на апаратот е
лесно достапна. Контактирајте со
својот локален сервисен центар за да
избегнете опасности.
• Сите страници на машината за миење
садови не смеат да се дупчат, инаку
може да се оштетат хидрауличните и
електричните делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За
електричното и водоводното
поврзување внимателно постапете
според упатствата дадени во
одделните пасуси.
4 electrolux
Опис на производот
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Горна корпа
Тркалце за тврдост на водата
Сад за сол
Дозер за детергент
Дозер за средство за плакнење
Плочка со спецификации
Филтри
Долна прскалка
Горна прскалка
Внатрешно светло
Апаратот има внатрешно светло што се
пали при отворање на вратата и се гаси
кога ќе се затвори вратата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Видливо
зрачење од диода, не гледајте во
зракот.
Внатрешното светло е со лед-сијаличка
класа 2 (CLASS 2), во согласност со IEC
60825-1: 1993 + A1:1997 + A2:2001.
Бранова должина на зрачењето: 450 nm
Максимална излезна снага: 548 µW
Ако е неопходно да се замени
светлото, контактирајте со
локалниот сервис.
electrolux 5
Контролна табла
Копчињата на контролната табла се
допирни копчиња (не и копчето за
вклучување/исклучување). За да
1
2
3
4
5
6
7
8
работите со нив, притиснете ги
малку.
Копче вклучување/исклучување
Светлосна лента
Копче за листање на екранот
Екран
Копчиња за листање
Копче ОК (OK)
Копче за почнување
Копче за почетен екран
Пораките на екранот и звучните
сигнали ќе ви помогнат при работата
со апаратот и при одбирањето на
програмите за миење и опциите.
Постапувајте според упатствата што
се прикажуваат на екранот.
Светлосна лента
• Светлосната лента се пали кога ќе го
вклучите апаратот.
• Светлосната лента се гаси кога ќе го
исклучите апаратот.
Прво вклучување - поставување на
јазикот и часовникот
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување.
2. На екранот се појавува порака на
основниот јазик.
3. За да го поставите основниот јазик,
притиснете го копчето ОК.
4. За да поставите друг јазик, движете
се со едно од копчињата за листање
додека на екранот не се појави
јазикот.
– Притиснете го копчето OK за да
потврдите.
5. На екранот се појавува пораката за
поставување на часовникот.
Постапете според упатствата на
екранот за да го поставите точното
време и притиснете го копчето ОК за
да потврдите.
Кога ќе се постави часовникот, на
екранот се прикажуваат три подрачја:
– подрачје со менито за програмите (А),
– подрачје за одложеното почнување
(B),
6 electrolux
– подрачје со менито за опции (C).
– За да одберете подрачје, притиснете
го копчето за листање на екранот.
Одбраното подрачје се прикажува со
нагласена рамка.
– Притиснете едно од копчињата за
листање за да се прикаже достапното
мени.
Подрачје за програмите
• Притиснете го копчето за листање на
екранот за да го одберете подрачјето.
Подрачјето станува поголемо и се
покажува списокот на програмите за
миење садови и соодветните
времетраења.
• Притиснете едно од копчињата за
листање за да одберете програма за
миење.
• Притиснете го копчето OK за да
потврдите.
Екранот повторно ги прикажува трите
подрачја.
Подрачјето со менито за програмите ги
покажува поставената програма и
соодветното времетраење.
Подрачјето за часовникот го прикажува
приближното време на завршување на
програмата (време + траење на
програмата).
• Притиснете го копчето за листање на
екранот за да го одберете подрачјето.
• Притиснете едно од копчињата за
листање за да го менувате времето на
завршување на програмата.
– Во горниот дел на подрачјето е
нагласено поставеното одложено
почнување.
– Во долниот дел на подрачјето се
ажурира времето на завршување на
програмата.
• Притиснете го копчето ОК за да
потврдите или почекајте неколку
секунди за да се зачува поставката.
Подрачје за опции
Притиснете го копчето за листање на
екранот за да го одберете подрачјето.
Притиснете едно од копчињата за
листање за да ги листате опциите
(одбраната опција е нагласена).
• Притиснете го копчето OK за да
влезете во подменито.
• Притиснете едно од копчињата за
листање за да ја поставите опцијата.
• Притиснете го копчето за почетен
екран за да излезете од менито за
опции.
• Кога е поставена опција, ако е
предвиден симбол со неа, тој се
прикажува во подрачјето со менито за
опции.
Подетално за опциите, видете во
табелата на менито за опции.
Подрачје за одложеното почнување
Овозможува одложување на
почнувањето на програма до 19 часа.
Табела на менито за опции
Мени со опции
Wash guide
Подмени
Опис на опцијата
Program guide
Дава информации за програмите за
миење.
Option guide
Дава информации како и кога се користат
опциите.
electrolux 7
Мени со опции
Подмени
Demo mode
On
Off
Back
Опис на опцијата
Ова е кус приказ на користењето на
контролите на апаратот за домаќинство.
Фабричка поставка: исклучено
• Притиснете го копчето ОК за да го
вклучите Demo mode. На екранот се
прикажуваат три подрачја, а во горниот
лев агол е прикажана порака DEMO.
• Со копчињата за листање може да
бирате разни опции и да почнете
симулација на програма за миење.
• За да го вратите апаратот во работна
состојба, потребно е да го исклучите
Demo mode.
Притиснете го копчето ОК за да се
вратите во менито за опции.
Save energy
On
Off
Оваа функција ја намалува
температурата на фазата за сушење.
Заштедата на енергија е од 10% од 25%.
Функцијата може да се постави со сите
програми за миење садови. Се пали
соодветниот симбол.
Оваа функција не влијае врз некои
програми. Видете во "Програми за миење
садови" за повеќе детали.
Садовите може да се влажни кога ќе
заврши програмата. За таква состојба
препорачуваме да ја отворите вратата на
машината за миење садови, да ја
оставите подотворена и да оставите
садовите да се исушат природно.
Extra Rinse
On
Off
Оваа функција додава уште едно
плакнење на програмата за миење.
Функцијата не може да се постави со сите
програми за миење садови.
Видете во поглавјето "Програми за
миење садови".
Multitab
On
Off
Поставување апаратот да користи
комбинирани детергентски таблети.
Видете во "Функција Multitab".
Settings
Language
English
Овозможува гледање на пораките на
различен јазик.
Sound volume
Time
On
Off
Овозможува регулирање на јачината на
звучните сигнали (од 0 до 5).
Нивото 0 значи исклучување на звучните
сигнали.
Овозможува поставување на времето.
8 electrolux
Мени со опции
Подмени
Опис на опцијата
Brightness
Овозможува зголемување или
намалување на осветленоста на
заднината на екранот. Може да се
одберат 10 нивоа.
Фабричка поставка: ниво 10
Contrast
Овозможува зголемување или
намалување на контрастот на екранот.
Достапни се 10 нивоа.
Фабричка поставка: ниво 6
Reset settings
Ги враќа фабричките поставки на
апаратот.
Water
hardness
Овозможува електронско поставување на
омекнувачот за вода.
Rinse aid
On
Off
Овозможува вклучување или
исклучување на дозерот за средство за
плакнење, само кога е активна
функцијата Multitab.
Key lock
On
Off
Овозможува заклучување на употребата
на копчињата за да се избегне
неправилно користење на контролите. 15
секунди по последното одбирање, сите
копчиња се заклучени
Може и привремено да се исклучи
функцијата. Држете притиснато кое било
копче, на екранот ќе се прикаже порака
што ќе ве води низ операцијата. По 15
секунди функцијата повторно ќе се
вклучи.
За да ја исклучите функцијата, одете во
менито за опции и сменете ја поставката.
Back
Притиснете го копчето ОК за да се
вратите во менито за опции.
Прва употреба
Пред да ја користите машината за
миење садови првпат:
• Проверете дали електричните и
водоводните поврзувања се согласни
со упатствата за местење
• Отстранете ги сите материјали за
пакување од внатрешноста на
апаратот
• Поставете го нивото на омекнувачот
на вода
• Истурете 1 литар вода во садот за сол,
па наполнете го со сол за машини за
миење садови
• Наполнете го дозерот со средство за
плакнење
Ако сакате да користите
комбинирани детергентски таблети:
"3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн.,
поставете ја функцијата Multitab.
(Видете во "Функција Multitab").
electrolux 9
Поставување на омекнувачот на вода
Машината за миење садови е опремена
со омекнувач на вода конструиран да ги
отстранува минералите и солите од
водата што би можеле да му наштетат
или да имаат негативно влијание врз
работењето на апаратот.
Колку е поголема содржината на
минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се
мери со соодветни скали - германски
степени (°dH), француски степени (°TH)
и mmol/l (милимол на литар меѓународна мерна единица за тврдоста
на водата).
Омекнувачот треба да се регулира
според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално
водостопанство може да ви каже колкава
е тврдоста на водата во вашето
подрачје.
Омекнувачот на водата мора да се
постави на два начина: рачно, со
тркалцето за тврдост на водата и
електронски.
Рачно поставување
Машината за миење садови е
фабрички поставена во положба 2.
1. Отворете ја вратата на машината.
2. Извадете ја долната корпа од
машината.
3. Свртете го тркалцето за тврдост на
водата во положба 1 или 2 (видете во
табелата).
4. Ставете ја долната корпа.
Електронско поставување
Машината е фабрички поставена во
положба 5.
Влезете во менито за опции - Settings Water hardness.
Со копчињата за листање поставете го
нивото на омекнувачот на вода според
тврдоста на водата во вашето подрачје.
Видете во табелата.
Регулирање на поставките за тврдост
на водата
°dH
°TH
mmol/l
рачно
електронски
Корист
ење
сол
51 - 70
91 - 125
9,1 - 12,5
2
ниво 10
да
43 - 50
76 - 90
7,6 - 9,0
2
ниво 9
да
37 - 42
65 - 75
6,5 - 7,5
2
ниво 8
да
29 - 36
51 - 64
5,1 - 6,4
2
ниво 7
да
23 - 28
40 - 50
4,0 - 5,0
2
ниво 6
да
19 - 22
33 - 39
3,3 - 3,9
2
ниво 5
да
15 - 18
26 - 32
2,6 - 3,2
1
ниво 4
да
11 - 14
19 - 25
1,9 - 2,5
1
ниво 3
да
4 - 10
7 - 18
0,7 - 1,8
1
ниво 2
да
<4
<7
<0,7
1
ниво 1
не
Тврдост на водата
Користење на сол за машина за миење садови
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само специјална сол за
машини за миење садови. Сите други
видови сол што не се специјално
10 electrolux
направени за машини за миење садови,
особено солта за готвење, ќе го оштетат
омекнувачот на вода. Ставајте сол само
пред да почнете некоја од целосните
програми за миење. Така ќе се спречи
таложење на зрна сол или излеана
солена вода на дното на машината, што
може да предизвика кородирање.
Полнење:
1. Отворете ја вратата, извадете ја
долната корпа и одвртете го капачето
на садот за сол вртејќи го налево.
2. Истурете 1 литар вода во садот (ова
е неопходно само пред првото
полнење со сол) .
3. Со приложената инка, турајте сол
додека садот не се наполни.
4. Вратете го капачето проверувајќи да
нема сол на навоите или на
заптивката.
5. Навртете го капачето цврсто вртејќи
го надесно додека не кликне и
застане.
Не грижете се ако се прелева вода
додека ставате сол, тоа е нормално.
Садот за сол треба повремено да се
надополнува. На екранот се прикажува
порака кога садот за сол е празен.
Додека е во тек програма, на екранот
нема да се прикаже порака за
дополнување сол.
Пораката за дополнување сол може
да остане прикажана неколку часа
по полнењето со сол ако апаратот
остане вклучен. Ако користите сол
што подолго се раствора, тоа може
да трае и подолго. Работењето на
апаратот не е попречено.
Користење на средство за плакнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Користете
само специјално средство за
плакнење за машини за миење
садови.
Не полнете го дозерот за средство
за плакнење со некаква друга
течност (на пр. средство за чистење
машини за миење садови или течен
детергент). Така може да го
оштетите апаратот.
Средството за плакнење
обезбедува темелно плакнење и
сушење без дамки и линии.
Средството за плакнење автоматски
се додава за време на последното
плакнење.
1. Отворете го садот притискајќи го
копчето за ослободување (A).
electrolux 11
2. Ставете средство за плакнење во
садот. На максималното ниво за
полнење укажува "max".
најмала доза, положба 6 најголема
доза).
Дозата е фабрички поставена во
положба 4.
Зголемете ја дозата ако има капки вода
или дамки од бигор на садовите по
миењето.
Намалете ја дозата ако има лепливи
белузлави ленти на садовите или синкав
слој на чашите или на остриците на
ножевите.
Дозерот собира околу 110 мл
средство за плакнење, што е доволно
за 16 до 40 циклуси на миење,
зависно од дозирањето.
3. Проверете дали капачето е
затворено по секое дополнување.
Избришете го истуреното средство
за плакнење со впивлива крпа за да
избегнете преголемо пенење за
време на следното миење.
Во зависност од добиените резултати на
миењето и сушењето, регулирајте ја
дозата средство за плакнење со
регулаторот со 6 положби (положба 1
Садот за средство за плакнење треба
повремено да се надополнува. На
екранот се прикажува порака кога садот
за средство за плакнење е празен.
Додека е во тек програма, на екранот
нема да се прикаже порака за
дополнување средство за плакнење.
Секојдневна употреба
• Проверете дали треба да се дополни
специјална сол или средство за
плакнење.
• Ставете прибор за јадење и садови во
машината.
• Ставете детергент за миење садови.
• Одберете програма за миење
соодветна за приборот и садовите.
• Почнете ја програмата за миење.
Совети и препораки
Во машината за миење садови не смеат
да се мијат сунѓери, крпи или предмети
што впиваат вода.
• Пред да ја наполните машината со
садови, треба:
– Да ги отстраните сите остатоци од
храна и покрупни нечистотии.
– Да ги омекнете остатоците изгорена
храна во тавите
12 electrolux
• Кога ја полните машината со садови и
прибор за јадење, внимавајте:
– Садовите и приборот за јадење не
смеат да го попречуваат вртењето
на прскалките.
– Ставајте ги шупливите предмети
(шољи, чаши, тави, итн.) со отворот
надолу за да не се собира вода во
садовите.
– Садовите и приборот за јадење не
смеат да се вметнати едни во други
или да се покриваат.
– За да избегнете оштетување на
чашите, тие не смеат да се
допираат.
– Ставајте ги малите предмети во
корпата за прибор за јадење.
• Пластичните садови и тавите со
нелеплива облога се склони кон
задржување капки вода; тие нема да
се исушат добро како порцеланските и
челичните садови.
• Лесните садови (пластични чинии и
сл.) треба да се ставаат во горната
корпа и да се наредат така што нема
да се поместуваат.
Миењето на следниов прибор и садови во машината за миење садови
не се препорачува:
може да биде проблематично:
• Прибор за јадење со дршки од дрво,
слонова коска, порцелан или бисер.
• Пластични предмети што не се отпорни на
топлина.
• Постар прибор за јадење со лепени делови
што не се отпорни на топлина.
• Лемен прибор за јадење или садови.
• Калаисани или бакарни садови.
• Оловно кристално стакло.
• Челични предмети што `рѓосуваат.
• Дрвени чинии.
• Предмети од синтетички влакна.
• Камени садови може да се мијат во
машината само ако производителот
посебно ги означил како безбедни за
миење во машина.
• Глазираните шари може да избледат ако
често се мијат во машина.
• Сребрените и алуминиумските делови се
склони кон обезбојување при миење:
Остатоци од белка и жолчка од јајца и од
сенф чесно предизвикуваат обезбојување
и дамки на среброто. Затоа секогаш
исчистете ги остатоците од храна од
среброто, ако не го миете веднаш по
употребата.
Полнење прибор за јадење и садови
Долната корпа
Долната корпа е наменета за тави,
капаци, чинии, садови за салата, прибор
за јадење итн.
Поголемите садови и големите капаци
треба да се наредат околу рабовите на
корпата, внимавајќи прскалките да
можат да се движат слободно.
Редовите на шилците во долната корпа
може да лежат рамно за да може да се
ставаат тенџериња, тави и длабоки
чинии.
electrolux 13
Корпата за прибор за јадење
Исправените ножеви со долги
острици се потенцијална опасност.
Долгиот и остриот прибор, на пр.
ножевите за сечење месо, мора да
се стават легнати во горната корпа.
Внимавајте при ставањето или
вадењето остар прибор, на пр.
ножеви.
За најдобри резултати препорачуваме
да ги користите мрежите за прибор.
Ако големината и димензиите на
приборот не дозволуваат користење на
мрежите, тие може лесно да се сокријат.
Виљушките и лажиците треба да се
ставаат во корпата за прибор за јадење
со рачките надолу, а ножевите со
рачките нагоре.
Ако рачките штрчат од долната страна
на корпата и ја попречуваат долната
прскалка, ставете го приборот со
рачките нагоре.
Мешајте ги лажиците со друг прибор за
да не се залепат една за друга.
За да си го олесните полнењето на
корпата за прибор за јадење, спуштете ја
рачката на корпата.
Корпата за прибор за јадење е од два
дела што може да се одвојат за да се
овозможи поголема флексибилност за
редење. За да ги одвоите двата дела,
слизнете ги хоризонтално во спротивни
насоки и извлечете ги.
14 electrolux
За повисоки садови, држачите за шолји
може да се склопат нагоре.
За да ја составите, постапете обратно.
Горна корпа
Горната корпа е наменета за чинии,
каленици, шолји и чаши, тенџериња и
капаци.
Наредете ги садовите на и под држачите
за шолји за да може водата да ги досегне
сите површини.
Средишните редови шилци лесно може
да се спуштат за да се овозможи полесно
редење.
За чашите со долги ногарки (соодветно
на нивната големина и димензии),
поставете го држачот за чаши во левата
или десната положба.
Чашите со долги ногарки може да се
стават превртени на држачите за шолји.
Средишните редови шилци лесно може
да се спуштат за да се овозможи полесно
редење.
electrolux 15
Меки шилци
Меките шилци го спречуваат
поместувањето на стаклените садови во
циклусот на миење или при движење на
горната корпа.
Мини корпа за прибор за јадење
Горната корпа е опремена со мини корпа
за прибор за јадење.
ВНИМАНИЕ НИКОГАШ НЕ
СТАВАЈТЕ НОЖЕВИ ВО МИНИ
КОРПАТА ЗА ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ.
СО ТОА ЌЕ СПРЕЧИТЕ
ОШТЕТУВАЊЕ НА АПАРАТОТ.
Мини корпата за прибор за јадење смее
да се става само во предниот дел од
горната корпа, од левата или од десната
страна.
Димензиите на приборот за јадење
зависат од положбата на горната корпа.
Погледнете во следнава табела.
Димензии на приборот за јадење за миникорпата
Горната корпа во
повисока положба
максимум 15 cm
Горната корпа во
долна положба
максимум 20 cm
Погледнете ги податоците за точна
положба на меките шилци. За поголема
флексибилност за полнењето, тие може
да се постават од левата или десната
страна на корпата.
Откако ќе ги поставите во правилна
положба, цврсто притиснете ги надолу и
проверете да не се мрдаат.
16 electrolux
механизмот и корпата не биде
стабилна.
ВНИМАНИЕ ПРЕД ДА ЈА
ЗАТВОРИТЕ ВРАТАТА,
ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ПРСКАЛКИТЕ
МОЖАТ ДА СЕ ВРТАТ СЛОБОДНО.
Приспособување на височината на
горната корпа
Ако миете многу големи чинии може да
ги ставите во долната корпа откако ќе ја
преместите горната корпа во повисока
положба.
Најголема височина на садовите во
долната корпа
Со крената горна
корпа
31 см
Со спуштена горна
корпа
27 см
За да ја поместите повисоко, постапете
на следниов начин:
1. Извлечете ја корпата додека не
застане.
2. Внимателно кренете ги двете страни
нагоре додека не се закочи
За да ја спуштите корпата во
првобитната положба, постапете на
следниов начин:
1. Извлечете ја корпата додека не
застане.
2. Внимателно кренете ги двете страни
нагоре, па дозволете механизмот да
се спушти полека, држејќи го.
ВНИМАНИЕ Не кревајте ја и не
спуштајте ја корпата само од едната
страна.
Кога корпата е во повисоката
положба:
• не ставајте шољи на држачите за
шољи,
• проверете дали држачите за
шољи се положени, а не
исправени.
Секогаш затворајте ја вратата по
полнење на машината, бидејќи
отворена врата е опасност.
Користење на детергент
Користете само специјални
детергенти за машини за миење
садови.
Почитувајте ги упатствата на
производителот за дозирање и
чување напишани на пакувањето на
детергентот.
Ако не користите повеќе од
препорачаното количество
детергент, придонесувате да се
намали загадувањето на природата.
Ставање детергент
1. Отворете го капакот.
electrolux 17
детергент (5/10 г) што треба да се
стави во комората за предмиење (2).
Тој детергент ќе се употреби за време
на предмиењето.
Кога користите таблети детергент;
ставете ја таблетата во комората (1)
2. Наполнете го дозерот за детергент
(1) со детергент. Ознаките ја
означуваат дозата:
20 = околу 20 г детергент
30 = околу 30 г детергент.
1
2
4. Затворете го капакот и притиснете го
да се заглави.
Таблетите детергент од различни
производители се раствораат со
различна брзина. Поради тоа, некои
таблети детергент не се сосема
ефикасни за време на кратките
програми за миење. Затоа користете
долги програми за миење кога
користите таблети детергент, за да
обезбедите целосно остранување
на наталожениот детергент.
3. За сите програми со предмиење е
потребна дополнителна доза
Функцијата Multitab
Апаратот е опремен со функција Multitab
што овозможува употреба на
комбинирани таблети со детергент.
Тие производи се детергенти со
комбинирани функции за миење,
плакнење и сол. Може да содржат и
други агенси, зависно од видот таблети
што ќе ги одберете ("3 во 1", "4 во 1", "5
во 1" итн.)
Проверете дали детергентите се
соодветни за тврдоста на вашата вода.
Погледнете ги упатствата на
производителот.
Кога ќе се одбере оваа функција,
останува активна за сите следни
програми за миење.
Функцијата Multitab автоматски го сопира
протекот на средство за плакнење и на
сол. Пораките за сол и за средство за
плакнење се исклучуваат.
Програмата може да трае подолго ако ја
користите функцијата Multitab.
18 electrolux
Активирајте ја или деактивирајте ја
функцијата Multitab пред да почнете
програма за миење. Не може да ја
активирате или деактивирате
функцијата Multitab додека трае
некоја програма.
Доколку резултатите на сушењето
не се задоволителни, предлагаме:
1. Наполнете го дозерот со
средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за
средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство
за плакнење во положба 2.
1. Деактивирајте ја функцијата
Multitab.
2. Наполнете ги одново дозерите за
сол и за средство за плакнење.
3. Регулирајте ја поставката за
тврдост на водата на највисоко
ниво и пуштете 1 нормална
програма за миење без да
ставите садови.
4. Регулирајте ја тврдостa на
водата според тврдостa на
водата во вашето подрачје.
5. Прилагодете го дозирањето на
средството за плакнење.
Ако одлучите да се вратите на
користење на системот со посебни
детергенти, советуваме:
Бирање и стартување на програма за миење
ВАЖНО Поставете ги опциите пред
почетокот на програма за миење. Кога
работи програма за миење, не може да
се поставуваат опции. Ако е неопходно
да се постави опција, откажете ја
програмата за миење.
1. Проверете дали корпите се правилно
наполнети и дали прскалките можат
слободно да се вртат.
2. Проверете дали е отворена
славината за вода.
3. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување.
4. Затворете ја вратата на апаратот.
5. Одберете програма за миење.
Видете во табелата со "Програми за
миење садови" за повеќе детали.
Притиснете го копчето OK за да
потврдите.
6. Ако е потребно, одложете го времето
на почнување на програмата со
одложеното почнување.
7. Притиснете го копчето за почнување,
програмата почнува автоматски.
– Ако е одбрано одложено
почнување, на екранот ќе се
прикаже времетраењето и времето
на завршување на програмата.
Штом ќе почне програмата, на
екранот се прикажани:
– фазите на тековната програма,
– ажурираните времиња на
траење и на завршување на
програмата.
Кога ќе го притиснете копчето за
почнување, може да се случи на
екранот да се појави пораката за сол
и/или средство за плакнење. Тоа
значи дека садот за сол и/или
средство за плакнење треба да се
дополни. За да ја почнете
програмата, притиснете го копчето
ОК.
Откажување одложено почнување
Притиснете го копчето за почнување,
постапете според упатствата што се
појавуваат на екранот за да откажете
одложено почнување и да се вратите во
менито со програми.
Притиснете го копчето за почнување,
поставената програма почнува
автоматски.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прекинете или
откажете програма за миење во тек
САМО ако е апсолутно неопходно.
Внимание! Кога ќе ја отворите
вратата може да излезе жешка
пареа. Отворајте ја вратата
внимателно.
electrolux 19
Прекинување на тековна програма за
миење
• Отворете ја вратата на машината;
програмата ќе престане. Затворете ја
вратата; програмата ќе продолжи од
местото на прекинување.
Откажување тековна програма за миење
Притиснете го копчето за почнување,
постапете според упатствата што се
појавуваат на екранот за да ја откажете
програмата и да се вратите во режимот
за поставување.
Ако треба да се одбере нова програма за
миење, проверете дали има детергент
во дозерот.
Завршување на програмата за миење
• Апаратот ќе запре автоматски.
• Порака на екранот известува дека
програмата завршила.
Ако на екранот се појават пораките
за сол и/или средство за плакнење,
може да се одложи дополнувањето
и да се исклучи апаратот.
1. Отворете ја вратата на апаратот,
оставете ја подотворена и почекајте
неколку минути пред да ги извадите
садовите. Така тие ќе бидат
поизладени и сушењето ќе биде
подобро.
2. Исклучете го апаратот.
Ако е поставена функцијата за
штедење енергија, садовите може
да се влажни кога ќе заврши
програмата. Препорачуваме да ја
оставите вратата на апаратот
подотворена за да можат садовите
да се исушат природно.
Празнење на машината за миење садови
• Жешките садови се чувствителни на
удари. Затоа садовите треба да се
остават да се изладат пред да ги
извадите од апаратот.
• Првин испразнете ја долната корпа, а
потоа горната; така ќе избегнете
водата да капе од горната корпа на
садовите во долната корпа.
• Може да се појави кондензација од
страните на вратата на машината за
миење садови бидејќи
не'рѓосувачкиот челик побрзо се лади
од садовите.
Кога ќе заврши програмата за
миење, се препорачува машината за
миење садови да се исклучи од
струја и да се затвори доводот за
вода.
Програми за миење
Програми за миење садови
Програма
Извалканост
Вид прибор
Опис на програмата
Automatic1)
Секаква
Чинии, прибор за
јадење,
тенџериња и
тави
Предмиење
Главно миење до 45°C или
70°C
1 или 2 меѓуплакнења
Завршно плакнење
Сушење
70° Intensive
Голема
Чинии, прибор за
јадење,
тенџериња и
тави
Предмиење
Главно миење до 70°C
2 меѓуплакнења
Завршно плакнење
Сушење
60° Quick2)
Нормална или
мала
извалканост
Чинии и прибор
за јадење
Главно миење до 60°C
Завршно плакнење
20 electrolux
Програма
Извалканост
Вид прибор
Опис на програмата
One hour
Мала
Чинии и прибор
за јадење
Главно миење до 55°C
1 меѓуплакнење
Завршно плакнење
50° Energy3)
Нормална
Чинии и прибор
за јадење
Предмиење
Главно миење до 50°C
1 меѓуплакнење
Завршно плакнење
Сушење
45° Glass
Нормална или
мала
извалканост
Кревки чинии и
стаклени садови
Главно миење до 45°C
1 меѓуплакнење
Завршно плакнење
Сушење
Plate warmer
Оваа програма ги загрева садовите
пред послужување или ја
отстранува прашина од садови што
долго време не се користеле.
1 топло плакнење
Prewash
Секаква
1 плакнење со студена вода (за
да не се залепат остатоците од
храна).
За оваа програма не е потребен
детергент.
Делумно
полнење (што ќе
се дополни
подоцна истиот
ден).
1) За време на програмата за миење Automatic извалканоста на садовите се одредува според
заматеноста на водата. Траењето на програмата, потрошувачката на вода и струја може да
варираат; тоа зависи од наполнетоста на машината и од извалканоста на садовите.
Температурата на водата автоматски се регулира меѓу 45°C и 70°C.
2) Идеално за миење со делумно наполнета машина. Совршена секојдневна програма,
направена да ги задоволи потребите на семејство со 4 членови за миење само на чиниите
и приборот од појадокот и вечерата.
3) Испитна програма за тестирање.
Опции по избор
Програма
Дополнително плакнење
Штедење енергија 1)
Automatic
да
може да се избере, влијае врз
програмата за миење
70° Intensive
да
може да се избере, влијае врз
програмата за миење
60° Quick
да
може да се избере, не влијае
врз програмата за миење
One hour
да
може да се избере, не влијае
врз програмата за миење
50° Energy
да
може да се избере, влијае врз
програмата за миење
45° Glass
да
може да се избере, влијае врз
програмата за миење
Plate warmer
не
може да се избере, не влијае
врз програмата за миење
Prewash
не
може да се избере, не влијае
врз програмата за миење
1) За програмите на кои оваа опција има влијание, заштедата на енергија е меѓу 10% и 25%.
electrolux 21
Потрошувачка
Програма
Траење (во минути) 1)
Енергија (во kWh)
Вода (во литри)
Automatic
-
1,1 - 1,7
12 - 23
70° Intensive
-
1,8 - 2,0
23 - 25
60° Quick
-
0,9
9
One hour
-
1,0 - 1,2
11 - 12
50° Energy
-
1,0 - 1,1
12 - 13
45° Glass
-
0,8 - 0,9
14 - 15
Plate warmer
-
0,8
4
Prewash
-
0,1
4
1) Екранот го прикажува траењето на програмата.
Вредностите за потрошувачката се
за ориентација и зависат од
притисокот и температурата на
водата, како и од варијациите на
напонот на струјата и количеството
садови.
Нега и чистење
Чистење на филтрите
Филтрите мора повремено да се
проверуваат и чистат. Валкани филтри
ги влошуваат резултатите на миењето.
околу 1/4 налево и извадете ги
филтрите
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да ги
чистите филтрите, проверете дали
машината е исклучена.
1. Отворете ја вратата, извадете ја
долната корпа.
2. Системот за филтрирање на
машината за миење садови се состои
од груб филтер (A), микрофилтер (B)
и плоснат филтер (C).
A
B
C
3. Отклучете го системот за
филтрирање со рачката на
микрофилтерот. Свртете ја рачката
4. Фатете го грубиот филтер (A) за
рачката со дупка и извадете го од
микрофилтерот (B).
5. Измијте ги сите филтри темелно под
млаз вода.
6. Извадете го плоснатиот филтер (C)
од основата на преградата за миење
и темелно измијте ги двете страни.
22 electrolux
Не користете абразивни средства, жици
или растворачи (ацетон,
трихлороетилен и сл.).
7. Вратете го плоснатиот филтер (C) во
основата на преградата за миење и
проверете дали е совршено
наместен.
8. Ставете го грубиот филтер (A) во
микрофилтерот (B) и притиснете ги
заедно.
9. Вратете го комплетот филтри на
место и заклучете го вртејќи ја
рачката надесно додека не застане.
Додека заклучувате, внимавајте
плоснатиот филтер (C) да не штрчи
над основата на преградата за
миење.
НИКОГАШ не користете го апаратот
без филтри. Неправилно
поставување и местење на
филтрите ќе предизвика послабо
миење и може да го оштети
апаратот.
НИКОГАШ не обидувајте се да ги
извадите прскалките.
Ако на дупките на прскалките се
наталожила нечистотија, исчистете
ја со дрвено стапче.
Чистење однадвор
Чистете ги надворешните површини на
машината и на контролната табла со
мокра мека крпа. Ако е потребно,
користете само неутрални детергенти.
Чистење однатре
Гумите околу вратата, дозерите за
детергент и за средство за плакнење
треба да се чистат редовно со мокра
крпа.
Препорачуваме секои 3 месеци да ја
пуштите програмата за миење многу
извалкани садови со детергент, но без
садови.
Подолги периоди неработење
Ако не ја користите машината подолго
време, ве советуваме:
1. Исклучете го апаратот од струја, па
затворете го доводот на вода.
2. Оставете ја вратата подотворена за
да спречите создавање непријатни
мириси.
3. Оставете ја внатрешноста на
машината чиста.
Спречување смрзнување
Не поставувајте ја машината на место
кадешто температурата е под 0°C. Ако е
тоа неизбежно, испразнете ја машината,
затворете ја вратата, откачете го
цревото за довод на вода и испразнете
го.
Преместување на машината
Ако треба да ја преместите машината (се
селите или сл.):
1. Исклучете ја од струја.
2. Затворете ја славината.
3. Извадете ги цревата за довод на вода
и за истекување.
4. Извлечете ја машината заедно со
цревата.
Избегнувајте прекумерно навалување
на машината за време на превозот.
Што треба да се направи ако...
Апаратот не почнува или прекинува да
работи.
Одредени проблеми може да се
последица од несоодветно одржување
или на превид, и може да се решат со
помош на корисните совети опишани во
табелата, без да се вика сервисер.
Исклучете го апаратот и постапете на
следниов начин.
electrolux 23
Пораки што се појавуваат при неисправно
функционирање
Можни причини и решение
На екранот се прикажува порака што
известува дека апаратот не се полни со вода.
• Славината е блокирана или затната од
бигор.
Исчистете ја славината.
• Славината е затворена.
Отворете ја славината.
• Филтерот во доводното црево е затнат.
Исчистете го филтерот.
• Доводното црево не е правилно поставено,
извиткано е или смачкано.
Проверете го приклучокот на доводното
црево.
На екранот се прикажува порака што
известува дека апаратот не испушта вода.
• Одводот за вода е затнат.
Исчистете го одводот за вода.
• Одводното црево не е правилно поставено,
извиткано е или смачкано.
Проверете го приклучокот на одводното
црево.
На екранот се прикажува порака што
известува дека е вклучен уредот за заштита
од поплавување.
• Затворете ја славината и јавете се на
локалниот сервисен центар.
Дефект
Програмата не почнува
Откако сте ги провериле горенаведените
работи, вклучете го апаратот.
Програмата ќе продолжи од местото на
прекинување.
Доколку пораката за дефект повторно се
појави, јавете се на сервисниот центар.
За другите пораки што не се опишани во
табелата, контактирајте со својот
сервисен центар.
Контактирајте со својот локален
сервисен центар, наведувајќи го
моделот (Mod.), бројот на производот
(PNC) и серискиот број (S.N.).
Можни причини и решение
• Вратата на апаратот не е правилно
затворена. На екранот се прикажува
порака што известува дека вратата е
отворена.
Затворете ја вратата.
• Приклучникот не е ставен во штекерот.
Ставете го приклучникот во штекер
• Изгорел осигурувач на таблата.
Заменете го осигурувачот.
• Поставено е одложено почнување.
Ако садовите треба да се измијат веднаш,
откажете го одложеното почнување.
Тие информации се наоѓаат на плочката
што се наоѓа од страната на вратата на
машината за миење садови.
За да ги имате броевите секогаш при
рака, препорачуваме да ги запишете
тука:
Mod.
(Модел). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
PNC : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
S.N. (Сериски
број). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
24 electrolux
Миењето не е задоволително
Садовите не се
чисти
• Одбрана е погрешна програма за миење.
• Садовите се распоредени на начин што спречува водата да досегне
до сите делови на површината. Корпите не смеат да се
преполнуваат.
• Прскалките не се вртат слободно поради неправилен распоред на
садовите.
• Филтрите на основата на преградата за миење се нечисти или
неправилно поставени.
• Премалку или воопшто не е потрошен детергент.
• Кога има бигор на садовите; садот за сол е празен или е поставено
неправилно ниво на омекнувачот на вода.
• Цревото за испуштање вода не е добро приклучено.
• Капачето на садот за сол не е правилно затворено.
Садовите се мокри
и матни
• Не било употребено средство за плакнење.
• Дозерот со средство за плакнење е празен.
Има ленти, бели
дамки или син слој
на чашите и
садовите
• Намалете ја дозата на средството за плакнење.
На чашите и
садовите има дамки
од исушени капки
вода
• Зголемете ја дозата на средството за плакнење.
• Детергентот може да е причина. Јавете се на телефонот за
корисници на производителот на детергентот.
Ако и по сиве овие проверки проблемот
останува, контактирајте со својот
локален сервисен центар.
Технички податоци
Димензии
Широчина см
59,6
Височина см
81,8 - 89,8
Длабочина см
57,5
Електрично поврзување напон - општо напојување осигурувач
Информации за електричното приклучување се дадени на
плочката од внатрешната страна на вратата на машината за
миење садови.
Притисок на доводот за вода
Минимум
0,05 MPa (0,5 bar)
Максимум
Капацитет
0,8 MPa (8 bar)
Места за ставање
12
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Електричните
и водоводните приспособувања
потребни за местење на апаратот
треба да ги изврши квалификуван
електричар или водоводџија или
компетентно лице.
Извадете ги сите материјали за
пакување пред да ја ставите машината.
Ако е можно, поставете ја машината до
славина и одвод за вода.
Машината за миење садови е
конструирана за ставање под кујнска или
работна површина.
Внимание! Внимателно следете ги
упатствата во приложената брошура за
вградување на машината за миење
садови и за монтирање на дрвената
плоча.
Не се потребни отвори за вентилација за
машината, само отвори да поминат
electrolux 25
цревата за довод и одвод за вода и
кабелот за струја.
Машината за миење садови има
приспособливи ногарки за регулирање
на височината.
За време на сите операции што
вклучуваат достапност на надворешни
компоненти, машината за миење садови
не смее да биде приклучена во струја.
Кога ја пикате машината, проверете
цревата за довод и одвод на вода и
кабелот за струја да не се превиткани
или смачкани.
Прицврстување за соседните предмети
Машината за миење садови мора да се
прицврсти за да не се навалува.
Затоа внимавајте работната површина
под која е монтирана да е соодветно
прицврстена за околните структури
(соседни кујнски елементи, плакари,
ѕид).
Порамнување
Доброто порамнување е најважно за
добро затворање и затнување на
вратата.
Кога е апаратот правилно порамнет,
вратата нема да закачува ниедна од
страните на куќиштето.
Ако вратата не се затвора правилно,
олабавете ги или стегнете ги ногарките
додека машината не биде совршено
порамнета.
Поврзување на водата
Поврзување на доводот за вода
Во апаратот може да се приклучи довод
на топла (макс. 60°) или студена вода.
Со довод на топла вода потрошувачката
на енергија може значително да се
намали. Сепак, тоа зависи од начинот на
кој се загрева водата. (Предлагаме
алтернативни извори на енергија што се
поеколошки, како, на пр. соларни или
фотоволтни плочи и ветерници).
За самото поврзување, спојката
монтирана на цревото за довод на вода
на апаратот е направена да се зашрафи
на приклучок од 3/4 цола или на
наменска славина за брзо спојување
како што е "Press-block".
Притисокот на водата мора да биде во
рамките на вредностите дадени во
"Технички податоци". Вашето локално
водостопанство ќе ви каже колкав е
просечниот притисок на водоводната
инсталација во вашето подрачје.
Цревото за довод на вода не смее да
биде превиткано, смачкано или
заплеткано кога се поврзува.
Апаратот има црева за довод и одвод на
вода што може да се свртат налево или
надесно за да одговараат на
инсталацијата со помош на
контраматица. Контраматицата мора да
се намести правилно за да се избегне
протекување на водата.
Ако е апаратот поврзан со нови цевки
или со цевки што не биле користени
долго време, треба да ја пуштите водата
да тече неколку минути пред да го
поврзете цревото за довод.
НЕ КОРИСТЕТЕ црева за
поврзување што претходно биле
користени со стар апарат.
Овој апарат е опремен со
безбедносни функции што
спречуваат водата употребена во
него да се врати во системот на вода
за пиење. Апаратот е усогласен со
соодветните водоводни прописи.
Црево за довод на вода со безбедносен
вентил
По поврзувањето на двослојното црево
за довод на вода, безбедносниот вентил
е веднаш до славината. Затоа цревото
за довод на вода е под притисок само
додека тече водата. Ако цревото за
довод на вода почне да протекува за
време на работењето, безбедносниот
вентил ја затвора водата што тече.
Внимавајте кога го местите цревото за
довод на вода:
• Електричниот кабел за безбедносниот
вентил е во двослојното црево за
довод на вода. Не потопувајте ги
цревото за довод на вода и
безбедносниот вентил во вода.
26 electrolux
• Доколку цревото за довод на вода или
безбедносниот вентил се оштетени,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја.
• Цревото за довод на вода со
безбедносен вентил може да го
заменува само сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасен напон
Поврзување на одводот за вода
Крајот на одводното црево може да се
поврзе на следниве начини:
1. Во одвод за вода, со прицврстување
од долната страна на работната
површина. Така се спречува
отпадната вода од одводот да се
враќа во машината.
2. Во исправена цевка со дупка за
вентилација со минимален
внатрешен пречник од 4 см.
Поврзувањето за отпадна вода мора да
биде на височина меѓу 60 см од дното на
машината за миење садови.
Цревото за одвод може да биде свртено
и кон десната, и кон левата страна на
машината
Проверете да не е извиткано или
смачкано одводното црево бидејќи тоа
може да го спречи или забави
испуштањето вода.
Приклучникот на лавабото не смее да
биде приклучен додека машината
испушта вода бидејќи тоа може да
предизвика водата да се враќа во
машината.
Вкупната должина на цревото за одвод,
заедно со евентуалниот продолжеток, не
смее да надмине 4 метри. Внатрешниот
пречник на продолжното црево не смее
да биде помало од пречникот на
приложеното црево.
Исто така, внатрешниот пречник на
спојките што се користат за поврзување
со одводот за отпад не смеат да бидат
помали од пречникот на приложеното
црево.
Кога го поврзувате одводното црево со
низок приклучок за одвод, целата
пластична мембрана (А) мора да се
отстрани. Ако не се отстрани
мембраната, честичките храна ќе се
наталожуваат и со време ќе го затнат
одводот за вода на машината за миење
садови
Нашите апарати се опремени со
безбедносен уред што штити од
враќање на валканата вода во
машината. Ако одводот на вашето
лавабо има "неповратен вентил"
вграден во него, тоа може да го
спречи правилното истекување на
водата од машината. Затоа
препорачуваме да го извадите.
За да се избегне истекување вода по
местењето, проверете дали
споевите се стегнати.
electrolux 27
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Безбедносните стандарди бараат
апаратот да биде вземјен.
Пред првото користење на апаратот,
проверете дали назначениот напон
и видот напојување на плочката со
спецификации одговара со
напојувањето на местото кадешто
апаратот треба да се намести. На
плочката може да се најде и
потребната јачина на
осигурувачите.
Секогаш приклучувајте го апаратот
во правилно инсталиран штекер
обезбеден од струјни удари.
Не смеат да се користат те-штеци,
приклучници и продолжни кабли со
Еколошки прашања
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Материјали за пакување
Материјалите за пакување се еколошки
и може да се рециклираат. Пластичните
делови се идентификуваат по ознаките,
на пр. >PE, >PS, итн. Фрлајте ги
материјалите за пакување во соодветен
контејнер на местата за фрлање
комунален смет.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Кога веќе не се
користи апаратот:
• Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
• Исечете ги кабелот и приклучокот
и фрлете ги.
• Фрлете ја бравата на вратата. Тоа
ќе спречи евентуално затворање
на деца внатре и загрозување на
нивниот живот.
повеќе приклучоци. Така може да се
предизвика пожар поради
прегревање.
Ако е потребно, заменете го
штекерот. Ако треба да се замени
кабелот за напојување,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
Приклучникот мора да биде
достапен по местењето на апаратот.
Не исклучувајте го апаратот
влечејќи го кабелот. Секогаш
повлекувајте го приклучникот.
Производителот не прифаќа никаква
одговорност за неисполнување на
горенаведените безбедносни мерки.
www.electrolux.com
117958011 - 00 - 022009
Was this manual useful for you? yes no
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the work of artificial intelligence, which forms the content of this project

Download PDF

advertising