ZTE | MF667 | User manual | ZTE MF667 Упатство за користење

ZTE MF667 Упатство за користење
MF667
USB Модем
Краток водич
LEGAL INFORMATION
Copyright © 2013 ZTE CORPORATION.
Сите права се задржани.
Ниеден дел од овој документ не смее да биде наведен, репродуциран, преведен или употребуван во било каква
форма или за било која цел, електронски или механички, вклучувајќи фотокопирање и сликање, без претходна
писмена дозвола од ZTE Corporation.
Прирачникот е издаден од страна на ZTE Corporation. Ги задржуваме правата да правиме промени на грешки
при печатење или да ги ажурираме упатствата без претходна најава.
Број на верзија : R1.0
Запознавање со вашиот уред
Вашиот уред поддржува податочни и СМС
услуги преку мобилната телефонска мрежа,
овозможувајќи ви да комуницирате во било кое
време и од било кое место.
Следната слик а е само илустративна;
вистинскиот уред може да изгледа поинаку.
1.
2.
3.
4.
5.
Простор за microSD картичка
Простор за SIM/USIM
USB Приклучок
Капаче на модемот
Преден поклопник
Водич при инсталирање
Инсталирање на хардверот
1.
Притиснете го предниот поклопник и поттурнете го за да го отстраните.
Забелешка: Не го отворајте предниот поклопник насила со цел да избегнете негово оштетување.
2. Вметнете ја SIM/USIM картичката во просторот за SIM/USIM картичка.
Вметнете ја SIM/USIM картичката во просторот со металните контакти насочени кон надолу и
потоа турнете ја докрај, како што е прикажано на следната слика.
3. Вметнете ја microSD картичката во просторот за microSD картичка.
Забелешки:
•
Овој модем поддржува само microSD картичка.
•
Логото
претставува заштитен знак на SD Card Association.
Вметнете ја вашата microSD картичка во просторот за microSD картичка, како што е прикажано
на следната слика.
4.
Поставете го предниот поклопник по должината на модемот и турнете го за да го наместите.
Поврзување на модемот со вашиот компјутер
1.
Поврзете го USB приклучокот во USB портата и уверте се дека е цврсто наместен.
2.
Оперативниот систем автоматски ќе го забележи и препознае новиот хардвер и ќе го активира волшебникот
за инсталирање.
Инсталирање на софтверот
Кај различни оперативни системи, начинот на инсталирање може да биде различен. Следете ги системските
барања при процесот.
За Windows Оперативен систем
Вашиот систем автоматски ќе го започне процесот за поставување на софтверот веднаш штом правилно ќе го
поврзете модемот со компјутерот. Следете ги системските барања за да го довршите инсталирањето на софтверот.
Забелешка:
Доколку системот не го отпочне инсталирањето автоматски, можете да ја активирате инсталационата програма
преку My Computer > Internet Manager.
ZTE CORPORATION
NO. 55, Hi-tech Road South, ShenZhen, P.R.China
Postcode: 518057
За Mac Оперативен систем
Кога правилно ќе го поврзете модемот со компјутерот, системот автоматски ќе прикаже CD-ROM икона на
desktop-от со име Internet Manager. Двојно кликнете врз пакетот со инсталациски софтвер во Internet Manager,
и следете ги системските барања за да го довршите инсталирањето на софтверот.
Отстранување на модемот од вашиот компјутер
Ве молиме затворете го апликативниот софтвер, за потоа безбедно да можете да го извлечете USB модемот.
Како да се служите со вашиот модем
За брза работа со фукнциите, се прикажуваат следните икони:
Поврзи се
Се поврзува на Интернет.
СМС
Кликнете го копчето Нова, внесете го бројот на примачот и содржината и потоа
кликнете го копчето Испрати за да ја пратите пораката.
Именик
Кликнете го копчето Нов за да креирате нова личност за контакт и да ги
пополните деталите за неа.
Нагодувања
Поставете ја конфигурацијата за USB модемот.
Записи за
податоците
Прикажува информации за конекцијата.
Предупредувања и забелешки
За корисникот
•
•
•
•
•
•
•
Некои електронски уреди, како што е електронскиот систем во возилата, се подложни на електромагнетна
интерференција на радио фреквенции кои може да ги емитува модемот доколку не е правилно заштитен.
Доколку е потребно, пред да го употребувате вашиот уред, ве молиме контакирајте го неговиот производител.
Употребата на лаптоп, персонален компјутер и модемот во близина на медицински уреди како што се
слушни помагала и пејсмејкери, може да создаде пречки. Ве молиме, секогаш кога вакви уреди се вклучени,
држете ги на растојание од најмалку 20 центиметри од модемот. Доколку е потребно, исклучете го модемот.
Консултирајте се со доктор или со производителот на медицинскиот уред пред да го користите модемот.
Внимавајте на ограничувањата при употреба кога го користите уредот на места како нафтени складишта
или хемиски фабрики, каде што се присутни експлозивни гасови или каде што се обработуваат експлозивни
материјали. Исклучете го модемот доколку е тоа наложено.
Употребата на електронски уреди кои содржат трансмитери е забранета во летала, на бензински станици и во
болници. Ве молиме придржувајте се на знаците за предупредување и исклучете го модемот во вакви околини.
Не ја допирајте внатрешната антена доколку тоа не е потребно. Во спротивно, тоа ќе влијае на
перформансите на модемот.
Чувајте го модемот подалеку од мали деца. Доколку го користите како играчка, вашиот уред може да
предизвика повреди.
Не ги допирајте металните делови на модемот кога тој е вклучен за да избегнете изгореници.
Употреба на вашиот USB модем
•
•
•
•
•
•
•
Ве молиме употребувајте оригинални додатоци или додатоци кои се одобрени. Употребата на неодобрени
додатоци може да влијае на перформансите на уредот и да ги прекрши националните регулативи во врска
со телекомуникациски додатоци.
Избегнувајте употреба на вашиот уред близу или во метални објекти кои можат да емитуваат
електромагнетни бранови. Во спротивно, тие можат да влијаат врз приемот на сигналот.
Вашиот уред не е водоотпорен. Ве молиме чувајте го на суво и ладно место под сенка.
Не го употребувајте вашиот уред веднаш по нагла температурна промена. Во тој случај, воздухот во и околу
уредот ќе се кондензира, така што не го употребувајте додека не се исуши.
Внимателно ракувајте со вашиот уред. Не го фрлајте на земја, виткајте, ниту удирајте, за да не го оштетите.
Забрането е расклопување од страна на непрофесионални лица. Само квалификувани техничари смеат да
извршуваат поправки.
Препорачлив работен температурен опсег: од -10°C ~ +60°C и опсег на влажност: од 5% ~ 95%.
Ограниченa одговорност
ZTE не сноси одговорност за било каква загуба на профит или посредни, специјални, случајни или последични
оштетувања кои произлегуваат од, се поттикнати или се во врска со употребата на овој производ, без разлика
дали ZTE е советуван, знаел или требало да знае за можноста за вакви оштетувања, вклучувајќи загуба на
профит, прекин на работа, трошок на капитал, трошок за заменети средства или продукти, или било какви
непредвидени трошоци.
Како да добиете помош
Можете да добиете помош со:
•
Кликнете Помош во софтверот
•
Испраќање Е-порака на mobile@zte.com.cn
•
Посетување на http://www.zte.com.cn
•
Повикување на центарот за помош: +86–755–26779999
Was this manual useful for you? yes no
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the work of artificial intelligence, which forms the content of this project

Download PDF

advertising