Gorenje BO735E11B Вградна рерна Упатство за користење

Gorenje BO735E11B Вградна рерна Упатство за користење

MK

ДЕТАЛНИ УПАТСТВА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА РЕРНА

Ви благодариме на Вашата

доверба и купувањето на нашиот апарат. Овој прирачник со детални упатства е даден со цел полесно да се користи овој производ. Упатствата би требало да Ви овозможат да дознаете се за вашиот нов апарат што е можно побргу.

Проверете дали сте добиле неоштетен апарат. Ако откриете оштетувања за време на транспортот, Ве молиме обратете се до продавачот од кој сте го купиле апаратот или до регионалниот магацин кој го испорачал. Телефонскиот број може да го најдете на сметката или на испратницата.

Упатството за инсталација и поврзување е дадено на засебна страна.

Упатствата за употреба се ставени на располагање и на нашата веб страна: www.gorenje.com / < http://www. gorenje.

com /> Важно Совет, белешка

СОДРЖИНА

4 ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА 5 Пред вклучување на апаратот: ВОВЕД 10 Технички спецификации 13 ПРЕД КОРИСТЕЊЕ НА АПАРАТОТ ЗА ПРВ ПАТ ПОДГОТВУВАЊЕ НА АПАРАТОТ ЗА ПРВАТА УПОТРЕБА 14 ЧЕКОРИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ГОТВЕЊЕ (1–6) 14 Чекор 1: ВКЛУЧУВАЊЕ НА АПАРАТОТ И ПОДЕСУВАЊЕ 15 Чекор 2: ОДБИРАЊЕ НА СИСТЕМИТЕ ЗА ГОТВЕЊЕ 17 Чекор 3: БИРАЊЕ НА ПОДЕСУВАЊАТА 20 Чекор 4: ОДБИРАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ / ЕКСТРА ФУНКЦИИ 22 Чекор 5: ПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ГОТВЕЊЕ 22 Чекор 6: ИСКЛУЧУВАЊЕ НА РЕРНАТА ЧЕКОРИ ВО ГОТВЕЊЕТО 23 ОПИС НА СИСТЕМИТЕ (НАЧИНИТЕ НА ГОТВЕЊЕ) И ТАБЕЛИ ЗА ГОТВЕЊЕ 39 ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ 40 41 Користење на функцијата аква чистење за чистење на рерната 42 Отстранување и чистење на металните шини 43 Инсталирање на катализаторските додатоци 44 Чистење на горниот дел на рерната 45 Отстранување и поставување на вратата од рерната (во зависност од моделот) 48 Вадење и ставање на стаклото од вратата на рерната 49 Менување на сијалицата ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ 50 ТАБЕЛА СО РЕШЕНИЈА НА ПРОБЛЕМИ 3

4

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

Внимателно прочитајте ги упатствата и зачувајте ги за користење во иднина

Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и постари, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и доколку ги разбираат можните опасности. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето на корисниците не треба да го вршат деца без надзор.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите достапни делови стануваат жешки за време на употребата. Треба да се внимава да не се допираат грејните елементи. Децата помали од 8 години треба да се чуваат подалеку, освен ако постојано се надгледува.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да станат жешки за време на употребата. Малите деца треба да се чуваат подалеку.

За време на употребата, апаратот станува жежок. Треба да се внимава да не се допираат грејните елементи внатре во рерната.

Користете ја исклучиво температурна сонда препорачана за употреба во оваа рерна.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уверете се дека апаратот е исклучен пред да ја замените светилката за да избегнете електричен шок.

Не употребувајте груби абразивни средства за чистење или остро метално стругало за чистење на стаклото на вратата на рерната / стаклениот капак на плочата за готвење (доколку го има), бидејќи може да ја изгребат површината, што може да резултира со кршење на стаклото.

Не користете средства за чистење со пареа или средства за чистење под висок притисок за чистење на апаратот, бидејќи тоа може да резултира со струен удар.

Средствата за исклучување мора да бидат вградени во фиксните жици во согласност со правилата за електрична инсталација.

Ако кабелот за напојување е оштетен, истиот треба да го замени производителот, неговиот застапник за сервисирање или слично квалификувани лица за да се избегне опасност (единствено при уреди със захранващ кабел в окомплектовката).

Апаратот не смее да се инсталира зад декоративна врата, за да се избегне прегревање.

Апаратот е наменет за употреба во домаќинството . Не користете го за друга намена, како што се загревање на просториите, сушење на домашни миленици или други животни, хартија, ткаенини, билки и сл., бидејќи тоа може да доведе до опасност од повреда или пожар.

Вратата на рерната станува многу жешка за време на готвењето. Трето стакло е додадено за дополнителна заштита, намалувајќи ја температурата на надворешната површина (само кај некои модели).

Апаратот може да го приклучи на струја само овластен сервисен техничар или стручно лице. Чепкање на апаратот или непрофесионална поправка може да резултира со ризик од тешка повреда или оштетување на производот.

Шарките на вратата на рерната може да се оштетат кога се под прекумерно оптоварување. Не ставајте тешки тави на отворена врата на рерната и не се потпирајте на отворената врата на рерната кога ја чистите внатрешноста на рерната. Никогаш не застанувајте на отворената врата на рерната и не дозволувајте деца да седат на неа.

Доколку струјните кабли на други апарати што се наоѓаат во близина на овој апарат се фатени во вратата на рерната, може да бидат оштетени, што може да резултира со краток спој. Затоа, држете ги напојните кабли на други апарати на безбедно растојание.

Не кревајте го апаратот држејќи го за рачката на вратата.

Работата на апаратот е безбедна со и без водилки за послужавник.

Не ги обложувајте ѕидовите на рерната со алуминиумска фолија и не поставувајте ги плеховите за печење или други садови на дното на рерната. Алуминиумската фолија ќе спречи циркулација на воздухот во рерната, го попречува процесот на готвење и ќе ја уништи емајлираната обвивка.

Осигурете се дека отворите никогаш не се покриени или попречени на друг начин.

ПРЕД ВКЛУЧУВАЊЕ НА АПАРАТОТ:

Внимателно прочитајте го упатството за употреба пред да го поврзете апаратот. Поправка или било каква гаранциска поплака која произлегува од неправилно поврзување или користење на апаратот не подлежи на гаранција.

5

6

ЕЛЕКТРИЧНАТА РЕРНА

(ОПИС НА РЕРНАТА И НА ОПРЕМАТА – ЗАВИСНО ОД МОДЕЛОТ)

На сликата е претставен еден од моделите на вградениот апарат. Со оглед на тоа што апаратите за кои се изготвени овие упатства може да имаат разна опрема, во прирачникот може да бидат опишани одредени функции или опрема кои ги нема на Вашиот апарат. Контролен панел 4 3 2 1 Прекинувач на вратата Шини - нивоа на готвење Врата на рерната Дршка на вратата ТРКАЛЦЕ ШТО СЕ ПРИТИСКА И СЕ ПОВЛЕКУВА Полека притиснете го тркалцето додека да искокне. Потоа, вртете го. По секоја употреба, вратете го тркалцето во позицијата „исклучено“ ("off") и повторно притиснете го наназад. Тркалцето може да се врати наназад само кога копчето за вратата е во позиција „исклучено“ ("off").

МЕТАЛНИ ШИНИ

Со шините се овозможува подготовка на храната на четири нивоа (не заборавајте дека нивоата / шините се бројат одоздола нагоре).

Шините 4 и 5 се за јадења на скара.

ТЕЛЕСКОПСКИ ШИНИ НА ИЗВЛЕКУВАЊЕ

Телескопски шини на извлекување може да се наместат на второто, третото и четвртото ниво.

Шините може да бидат такви што се извлекуваат делумно или целосно.

ПРЕКИНУВАЧ НА ВРАТАТА НА РЕРНАТА

Прекинувачите ги исклучуваат загревањето на рерната и вентилаторот кога вратата ќе се отвори во текот на процесот на готвење. Кога вратата ќе се затвори, тие повторно ги вклучуваат грејачите.

РАЗЛАДЕН ВЕНТИЛАТОР

Во апаратот е вграден разладен вентилатор, кој ги разладува апаратот и контролниот панел.

ПРОДОЛЖЕНО РАБОТЕЊЕ НА ВЕНТИЛАТОРОТ

Откако рерната ќе се исклучи, вентилаторот продолжува да работи кусо време, за да ја олади рерната.

ОПРЕМА И ПОМОШНИ САДОВИ

(во зависност од моделот) CТАКЛЕНИОТ САД ЗА ПЕЧЕЊЕ се користи за готвење кај сите системи на рерна. Може да се користи и како сад за послужување.

PЕШЕТКАТА се користи за правење скара или како подлога за тавата или садот за печење во кој се става храната.

На решетката има безбедносен осигурувач. Затоа, поткренете ја решетката од предната страна пред да ја извлечете од рерната.

ПЛИТКИОТ САД ЗА ПЕЧЕЊЕ се користи за печење пецива и колачи.

7

8 ДЛАБОКИОТ САД ЗА ПЕЧЕЊЕ се користи за печење место и полнети пецива. Може да се користи и како длабок послужавник.

Никогаш не ставајте го длабокиот сад за печење на првата шина во текот на готвењето, освен кога правите јадења на скара или кога користите ражен, а садот го користите само како длабок послужавник.

Додека се загреваат додатоците за печење, нивната форма може да се промени. Ова не влијае врз нивната функционалност и нивната оригинална форма ќе се врати кога ќе се оладат.

Pешетката или плехот треба секогаш да се става во вдлабнатините меѓу двата метални профила.

4 3 2 Cо телескопските шини што се извлекуваат, најпрво извлечете ги шините од едно ниво и ставете ја решетката или плехот за печење на нив. Потоа, турнете ги навнатре со рака додека може.

Затворете ја вратата на рерната откако телескопските шини ќе бидат целосно влезени во рерната.

BГРАДЕНИТЕ ДЕЛОВИ ЗА ЧИСТЕЊЕ спречуваат маслото да се залепи за страните на рерната.

„Ротисерот“ (шрафцигерот за месо) се користи за печење месо. Комплетот се состои од основа за шрафцигерот, шрафцигер со шрафови и рачка што може да се откачи.

Апаратот и некои помошни делови се загреваат во текот на готвењето. Користете ракавици за печење. 9

КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ

1 ТРКАЛЦЕ ЗА ИЗБОР НА СИСТЕМОТ 2 ДЕЦА БРАВА ЗА ЗАШТИТА НА 3 КОПЧЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА 4 КОПЧЕ ЗА ЧАСОВНИКОТ БЕЛЕШКА: Симболите на системите за готвење може да бидат лоцирани на тркалцето или на предниот панел (зависно од моделот на апаратот). 10

5 КОПЧЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА 6 КОПЧЕ СТАРТ/ СТОП за почеток или паузирање на програма 7 ТРКАЛЦЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРА 8 ЧАСОВНИК БЕЛЕШКА: Копчињата подобро ќе реагираат доколку ги допрете со поголема површина на Вашиот прст. Секојпат кога притискате копче, се јавува звучен сигнал. 11

ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

(ВО ЗАВИСНОСТ ОД МОДЕЛОТ) xxxxxx

TIP: XXXXXX ART. Nr: SER. Nr: XXXXXX 220-240V ~ 220V-240V, 50/60Hz Плочата на која се прикажуваат основните информации за апаратот е лоцирана на работ на рерната и е видлива кога ќе се отвори вратата.

3.5 kW 12

ПРЕД КОРИСТЕЊЕ НА АПАРАТОТ ЗА ПРВ ПАТ

Кога ќе го добиете апаратот, извадете ги сите делови (вклучително и заштитата при транспорт) од рерната.

Исчистете ги помошните делови и садови со топла вода и обичен детергент. Не користете абразивни средства за чистење.

Кога рерната ќе се загрее прв пат, новиот апарат ќе испушти карактеристичен мирис. Проветрете ја просторијата темелно по првата употреба.

13

14

ЧЕКОРИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ГОТВЕЊЕ (1–6) ЧЕКОР 1: ВКЛУЧУВАЊЕ НА АПАРАТОТ И ПОДЕСУВАЊЕ

Откако ќе го поврзете апаратот или по подолг недостиг на струја, на екранот ќе трепка 12:00 и симболот ќе светне. Наместете го времето.

МЕСТЕЊЕ НА ЧАСОВНИКОТ

1 Наместете го времето на часовникот со допирање на копчињата или и потврдете го поставувањето со допирање на копчето . Ако го притиснете и го држите копчето за местење на времето, брзината со која се менуваат вредностите се зголемува.

МЕНУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО НА ЧАСОВНИКОТ

Времето на часовникот може да се промени кога не е активирана функција со тајмер. За да се намести точното време (часовникот), допрете го копчето ЧАСОВНИК неколку пати, за да го одберете симболот .

ЧЕКОР 2: ОДБИРАЊЕ НА СИСТЕМИТЕ ЗА ГОТВЕЊЕ

Вртете го тркалцето (налево и надесно) за да го одберете системот на готвење (види табела со програми, во зависност од моделот).

Подесувањата може да се менуваат и во текот на работата на рерната.

СИСТЕМ ОПИС СИСТЕМИ НА ГОТВЕЊЕ БРЗО ЗАГРЕВАЊЕ Користете ја оваа функција кога сакате да ја загреете рерната до саканата температура што е можно побрзо. Оваа функција не е погодна за готвење храна. Кога рерната ќе се загрее до саканата температура, процесот на загревање е завршен. ГОРЕН И ДОЛЕН ГРЕЈАЧ Грејачите на дното и на горниот дел од рерната ја испуштаат топлината подеднакво во внатрешноста на рерната. Пецивата или месото може да се печат/подготвуваат само на едно ниво на висина. ГОРЕН ГРЕЈАЧ Топлина врз јадењето испушта само горниот грејач во рерната. Користете го овој грејач за да ја зацрвените горната страна на јадењето (финално зацрвенување).

ДОЛЕН ГРЕЈАЧ Топлина испушта само долниот грејач во рерната. Користете го овој грејач за да ја зацрвените долната страна на јадењето.

СКАРА Работи само грејачот на скарата, кој е дел од поголемиот комплет за скара. Користете го овој грејач за готвење на отворени сендвичи или пивски колбаси на скара, или, пак, за потпекување леб.

ГОЛЕМА СКАРА Работат горниот грејач и грејачот за скара. Грејачот за скара, инсталиран на плафонот на рерната, ја испушта топлината директно. За да се засили топлинскиот ефект, се активира и горниот грејач.

Оваа комбинација се користи за подготвување помал број отворени сендвичи или пивски колбаси, како и за потпекување леб. СКАРА СО ВЕНТИЛАТОР Работат грејачот за скара и вентилаторот. Оваа комбинација се користи за да се испече местото на скара и да се испечат поголеми парчиња месо или живина на едно ниво на висина. Погодна е и за „гратинирани“ јадења и за зацрвенување до крцкава кора.

ПРЕДЛОЖЕНА ТЕМПЕРАТУРА (°C) 160 200 180 180 230 230 170 15

СИСТЕМ ОПИС СКАРА СО ВЕНТИЛАТОР Работат грејачот за скара и вентилаторот. Оваа комбинација се користи за да се испече местото на скара и да се испечат поголеми парчиња месо или живина на едно ниво на висина. Погодна е и за „гратинирани“ јадења и за зацрвенување до крцкава кора.

ТОПОЛ ВОЗДУХ И ДОЛЕН ГРЕЈАЧ Работат долниот грејач, тркалезниот грејач и вентилаторот. Ова се користи за печење пица, полнети пецива, овошни колачи, лиснато тесто и јадења со тенка кора на неколку нивоа истовремено.

ТОПОЛ ВОЗДУХ Работат тркалезниот грејач и вентилатор. Вентилаторот, инсталиран на задниот ѕид од внатрешноста на рерната, обезбедува постојана циркулација на топол воздух околу печеното јадење или пецивата. Овој начин на работа се користи за печење месо и пецива на неколку нивоа истовремено. ДОЛЕН ГРЕЈАЧ И ВЕНТИЛАТОР Ова се користи за печење лиснато тесто, но тесто кое не се надига многу, како и за конзервирање на овошје и зеленчуци. ГОРЕН И ДОЛЕН ГРЕЈАЧ СО ВЕНТИЛАТОР Работаат горниот и долниот грејач и вентилаторот. Вентилаторот овозможува рамномерно кружење на жежок воздух во рерната.

Cе користи за печење на сите видови пецива, за одмрзнување и за сушење овошје и зеленчук.

ЗАГРЕВАЧ НА ПЛОЧАТА Користете ја оваа функција за да ги затоплите садовите (чинии, шолји) пред да ја сервирате храната на нив, за јадењето подолго да остане топло.

GENTLEBAKE 1) Оваа функција овозможува нежно, бавно печење што ја остава храната мека и сочна. Погодна е за печење месо, риба и печиво на едно ниво.

Поставете ја температурата во опсег од 140 до 220 °C.

ОДМРЗНУВАЊЕ Воздухот циркулира без вклучени грејачи. Се активира само вентилаторот. Ова се користи за бавно одмрзнување смрзната храна.

АКВА ЧИСТЕЊЕ Топлина испушта само долниот грејач. Користете ја оваа функција за да ги отстраните дамките и остатоците од храна од рерната. Програмата трае 30 минути.

ПРЕДЛОЖЕНА ТЕМПЕРАТУРА (°C) 170 200 180 180 180 60 180 1) Оваа функција се употребува за одредување енергетско ефикасна класа согласно стандардот EN 60350-1.

16

ЧЕКОР 3: БИРАЊЕ НА ПОДЕСУВАЊАТА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА ГОТВЕЊЕ

Наместете го тркалцето за температура во позицијата кога го користите системот на рерната со големата и со обичната скара. Вртете го тркалцето за да ја одберете саканата ТЕМПЕРАТУРА Кога апаратот ќе се вклучи со допирање на копчето СТАРТ, на екранот се прикажува иконата на температурата.

За да го вклучите апаратот, притиснете го копчето СТАРТ и држете го извесно време – околу 1 секунда. 17

ФУНКЦИИ СО ТАЈМЕР

Најпрво завртете го ТРКАЛЦЕТО ЗА БИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ; потоа, наместете ја температурата. Допрете го ТАЈМЕРОТ неколку пати, за да ја одберете саканата функција со тајмер. Иконата на одбраната функција со тајмер ќе светне, а времето на почеток/крај на готвењето, кое може да се подесува, ќе трепка на екранот. Притиснете СТАРТ за да го почнете процесот на готвење. Ќе се појави ИЗМИНАТОТО ВРЕМЕ НА ГОТВЕЊЕ. Екран на тајмерот

Подесување на времето на готвење

Со оваа функција, може да го дефинирате времетраењето на работата на рерната (време на готвење). Наместете го саканото време на готвење. Најпрво наместете ги минутите, па потоа часовите. На екранот се појавуваат иконата и времето на готвење.

Местење на одложен почеток

Со оваа функција може да го наведете времетраењето на процесот на готвење (време на готвење) и моментот во кој сакате процесот на готвење да престане (крај на готвењето). Проверете дали часовникот го покажува точното време. Пример: Тековно време: пладне Време на готвење: 2 часа Крај на готвењето : 18:00 Прво поставете го ВРЕМЕТО ЗА РАБОТА (2 часа). Допрете го двапати копчето CLOCK (ЧАСОВНИК) за да изберете END OF OPERATION (КРАЈ НА РАБОТАТА). На екранот автоматски се појавува и трепка времето во денот и времетраењето на работата на печката (14:00). Поставете го времето за крај на печењето (18:00).

Притиснете на СТАРТ за да го почнете процесот на готвење. Тајмерот ќе чека да почне со процесот на готвење, а симболот ќе светне. Рерната автоматски се вклучува (во 16:00) и престанува со работа во зададеното време (18:00). 18

Подесување на потсетникот на времето

Потсетникот на времето може да се користи независно од работењето на рерната. Најдолгиот период на кој може да се намести е 24 часа. Во текот на последната минута, потсетникот на времето во минути се прикажува во секунди. По истекот на зададеното време, рерната автоматски престанува со работа (крај на готвењето). Се слуша краток звучен сигнал, кој може да го исклучите со допирање на кое и да е копче. По една минута, звучниот сигнал се исклучува автоматски.

Функциите со тајмер може да се откажат со подесување на времето на „0“. Секоја функција со тајмер може брзо да се откаже со истовремено притискање на копчињата и и држење на истите извесно време. .

19

ЧЕКОР 4: ОДБИРАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ / ЕКСТРА ФУНКЦИИ

Активирајте / деактивирајте ги функциите со притискање на саканото копче или комбинација од копчиња.

БРАВА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА!

Се активира со допирање на копчети БРАВА ЗА ДЕЦА (CHILD LOCK). На екранот околу 5 секунди ќе стои знакот „Заклучено“ (" Locк "). Повторно допрете го копчето за да ја исклучите бравата. Ако е активирана заштитата на деца, а не е вклучена некоја функција со тајмер (на екранот стои само времето), рерната не работи. Ако заштитата е активирана откако е подесена функција со тајмер, рерната ќе работи нормално, но нема да може да се менуваат зададените вредности.

Кога е активирана оваа функција, може да се менуваат системите, но не и дополнителните функции. Процесот на готвење може да се прекине со вртење на тркалцето на „0“.Бравата за заштита на деца останува активна и кога рерната ќе се исклучи. За да се избере нов систем, мора да се исклучи оваа функција.

ОСВЕТЛУВАЊЕ НА РЕРНАТА

Оваа функција се вклучува автоматски секој пат кога ќе се избере некој систем на готвење. 20

5sek 5sek

ЗВУЧЕН СИГНАЛ

Гласноста на звучниот сигнал може да се подеси кога не е вклучена ниту една функција со тајмер (прикажано е само точното време). Притиснете на копчето и држете го пет секунди. Најпрво, на екранот ќе се појави „ Vol “, по што ќе се појават и две полни, осветлени линии. Допирајте ги симболите и за да изберете едно од трите нивоа на гласност (една, две, или три линии). По три секунди, подесувањето автоматски ќе се сними и ќе се појави точното време.

НАМАЛУВАЊЕ НА КОНТРАСТОТ НА ЕКРАНОТ

Тркалцето за бирање на системот на готвење мора да биде во позиција „0“. Држете го копчето околу 5 секунди . На екранот прво ќе се појави „ bri “, по што ќе се појават и две полни, осветлени линии. Допирајте ги симболите и за да го прилагодите контрастот на екранот (една, две, или три линии). По три секунди, подесувањето автоматски ќе се сними.

ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЧАСОВНИКОТ

За да го исклучите часовникот на екранот, истовремено допрете ги копчињата „клуч“ и „часовник“ и држете ги 5 секунди. На неколку секунди ќе се појави „OFF“ ; а потоа иконата ќе се вклучи.

За повторно активирање на часовникот на екранот, повторно притиснете ги копчињата „клуч“ и „часовник“ истовремено додека функцијата тајмер не е активна.

По недостиг на струја или по исклучување на апаратот, дополнителните подесувања на функциите остануваат зачувани не повеќе од неколку минути, потоа, сите подесувања, со исклучок на звучниот сигнал и бравата за деца, се враќаат на фабричките вредности. 21

ЧЕКОР 5: ПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ГОТВЕЊЕ

Почнете го процесот на готвење со притискање и кратко задржување на копчето СТАРТ/СТОП. Симболите на температура и на активноста ќе светнат. Доколку не е избраната ниту една функција со тајмер, времетраењето и времето на почеток на готвењето се појавуваат на екранот.

Симбол на активноста Симболи на загревање/ температура Додека рерната се загрева, индикаторот за температура ќе светне. Кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура, индикаторот ќе свети и звучно ќе сигнализира.

ЧЕКОР 6: ИСКЛУЧУВАЊЕ НА РЕРНАТА

За да го прекинете процесот на готвење, притиснете и држете го копчето СТАРТ/СТОП. Завртете ги БИРАЧОТ НА СИСТЕМОТ НА ГОТВЕЊЕ и ТРКАЛЦЕТО ЗА ТЕМПЕРАТУРА во позицијата „0“. По крајот на процесот на готвење, доаѓа до престанување и откажување и на сите подесувања со тајмер, освен потсетникот на времето. На екранот се појавува точното време. Вентилаторот продолжува да работи уште некое време. По употребата на рерната, во каналот за кондензатот (под вратата) може да се насобере вода. Пребришете го каналот со сунѓер или крпа. 22

ОПИС НА СИСТЕМИТЕ (НАЧИНИТЕ НА ГОТВЕЊЕ) И ТАБЕЛИ ЗА ГОТВЕЊЕ

Доколку не можете да ја најдете храната што ја сакате во табелата за готвење, најдете информации за слична храна. Информациите што се прикажуваат на екранот се однесуваат на готвење на едно ниво. Се појавува интервал на предложената температура. Почнете со пониска температура и покачувајте ја доколку сметате дека јадењето не е доволно зацрвенето. Времето на готвење е груба претпоставка и може да варира, во зависност од одредени околности. Загревајте ја рерната однапред само доколку тоа се бара со рецептот на табелите во овој прирачник со упатства. Загревањето на празна рерна троши многу енергија. Поради тоа, печење неколку вида пецива или неколку пици едно по друго заштедува многу енергија, зашто рерната ќе биде веќе загреана. Употребувајте темни садови, обложени со црн силикон или со емајл, затоа што тие многу добро ја пренесуваат топлината.

Кога употребувате мрсна хартија, проверете дали е отпорна на високи температури. Кога готвите поголеми парчиња месо или пецива, во рерната ќе се создаде многу пареа, која може да предизвика кондензација на вратата на рерната. Тоа е нормална појава, која нема да влијае врз работењето на апаратот. По процесот на готвење, пребришете ги вратата и стаклото. Исклучете ја рерната околу 10 минути пред крајот на процесот на готвење, за да заштедите енергија со тоа што ќе ја искористите акумулираната енергија. Не ладете ја храната во затворена рерна, за да спречите кондензација (наросување). 23

Стандардни нивоа на зготвеност и препорачана конечна основна температура за различни видови месо

Основна температура на храната (°C) Боја на месото на пресекот и боја на соковите Вид храна ГОВЕДСКО Недопечено Средно недопечено Средно печено Добро испечено ТЕЛЕШКО Добро испечено СВИНСКО Средно печено Добро испечено ЈАГНЕШКО Добро испечено ОВЧКО Недопечено Средно недопечено Средно печено Добро испечено КОЗЈО МЕСО Средно печено Добро испечено ЖИВИНА Добро испечено РИБА Добро испечено 40-45 55-60 65-70 75-80 75-85 65-70 75-85 79 45 55-60 65-70 80 70 82 82 65-70 месо-црвена боја, како на свежо месо, малку сок светлоцрвена, многу светлоцрвен сок розова, малку бледорозов сок рамномерна сиво-кафена, малку безбоен сок црвенокафена светло розова жолтокафеав сива, розикав сок месо-црвена боја светлоцрвена розова во средината сива бледорозова, розови сокови сива, соковите многу малку розови светлосива бела до сивокафена 24

СИСТЕМИ НА ГОТВЕЊЕ ГОРЕН И ДОЛЕН ГРЕЈАЧ

Грејачите на дното и на плафонот на рерната испуштаат топлина подеднакво во внатрешноста на рерната.

2

Печење месо: Употребувајте тава или сад од емајл, огноотпорно стакло или лиено железо. Садовите од нерѓосувачки челик не се погодни, затоа што силно ја рефлектираат топлината.

(g) нагоре) (°C) Време на готвење (во минути) МЕСО Печено свинско Свински плешки Свински ролат Ќофтиња Печено говедско 1500 1500 1500 1500 1500 Телешки ролат Јагнешки бут Зајачки бут Коленица од дивеч 1500 1500 1500 1500 Пица * / Пиле 1500 РИБА Варена риба 1000 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 180-200 180-200 180-200 200-210 170-190 180-200 180-200 180-200 180-200 200-220 190-210 210 90-110 100-120 120-140 60-70 120-140 90-120 80-100 50-70 100-120 20-30 70-90 50-60 Користете го овој систем за печење пиле, ако апаратот нема систем Користете го овој систем за печење пица, ако апаратот нема систем .

.

Ѕвездичката (*) во табелата означува дека рерната треба претходно да се загрее со одбраниот систем. 25

Печење пецива Користете само темни садови за печење на едно ниво. Ако печете во светли садови, пецивата нема да зацрвенат толку убаво, зашто таквите садови ја оддаваат топлината. Секогаш ставајте го садот за печење на решетката. Ако го употребувате садот за печење што оди со апаратот, тргнете ја решетката. Времето на готвење ќе биде пократко ако рерната е претходно загреана. Храна Ниво (од дното нагоре) Температура (°C) Време на готвење (во минути) ПЕЦИВА Суфле од зеленчук Благо суфле Земички (пченично брашно)* Бел леб * Леб од хељда * Полнозрнест леб * Леб од ориз * Леб од спелта * Торта со ореви Пандишпан торта * 2 2 Колач со сирење 2 Мафин 2 Мали пецива од тесто со квасец Пирошки со зелје Овошен колач Колачи од белки и шеќер 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 Кифлички со желе (бухтли) 2 190-200 190-200 190-210 180-190 180-190 180-190 180-190 180-190 170-180 160-170 170-180 170-180 200-210 185-195 150-160 80-90 170-180 30-35 30-35 20-30 50-60 50-60 50-60 50-60 50-60 50-60 25-30 65-75 25-30 20-30 25-35 40-50 120-130 30-40 Ѕвездичката (*) во табелата означува дека рерната треба претходно да се загрее со одбраниот систем.

26

Совет Готов ли е колачот?

Спласна ли тортата?

Тортата е премногу светла на дното?

Тортите со влажен фил не се допечени?

• Прободете го колачот на врвот со дрвена чепкалка или со стапче. Ако на местото не останат траги откако ќе ја тргнете чепкалката или стапчето, колачот е готов. • Проверете го рецептот.

• Следниот пат ставете помалку течност.

• Белешка: времето на мешање со миксер (кога се меша со мал миксер, блендер, итн.

• Употребувајте темно обоен сад за печење. • Ставете го садот за печење едно ниво пониско и вклучете го долниот грејач кон крајот на процесот на готвење.

• Зголемете ја температурата и печете подолго. Не ставајте го длабокиот сад за печење на првото ниво. 27

ГОЛЕМА И ОБИЧНА СКАРА

Kога приготвувате храна со големата скара, работат горниот грејач и грејачот вграден на плафонот на рерната.

Кога приготвувате храна со обичната скара, работат горниот грејач и грејачот вграден на плафонот на рерната.

Максимална дозволена температура: 240 ° C Однапред загревајте го инфрацрвениот грејач (за скара) околу пет минути. Постојано надзирајте го процесот на готвење. Месото може да изгори брзо поради високата температура.

Печењето со грејачот за скара е погоден за крцкаво и нискомасно приготвување „братвурст“, филе од месо и риба (стекови, шницли, стек или филе од лосос, итн.) или леб за тост.

Кога печете скара директно на решетката, намачкајте ја со масло, за месото да не се залепи на неа и ставете ја на четвртото ниво. Садот за цедење ставете го на првото или второто ниво. Кога печете скара во сад за печење, проверете дали во садот има доволно течност за да не се запали. За време на готвењето, превртувајте го месото.

По печењето скара, исчистете ја рерната, помошните делови и садовите.

Табела за скара – мала скара Вид храна Тежина (g) МЕСО Средно печен бифтек Филе од свински врат Котлети / одрезоци Колбаси на скара ЛЕБ ЗА ТОСТ 180 g / парче 150 g / парче 280 g / парче 70 g / парче Тост / Отворени сендвичи / Ниво (од дното нагоре) Температура (°C) 3 3 3 3 4 4 230 230 230 230 230 230 Време на готвење (во минути) 15-20 18-22 20-25 10-15 3-6 3-6 28

Табела за скара – голема скара Вид храна Тежина (g) Ниво (од дното нагоре) Температура (°C) Време на готвење (во минути) МЕСО Средно печен бифтек Добро печен бифтек Филе од свински врат Котлети/одрезоци Телешки шницли Колбаси на скара Шунка РИБА Стек / филети од лосос ЛЕБ ЗА ТОСТ Отворени сендвичи 180 g / парче 180 g / парче 150 g / парче 280 g / парче 140 g / парче 70 g / парче 150 g / парче 200 g / парче Тост / / 3 3 3 3 3 3 3 3 4 4 230 230 230 230 230 230 230 230 230 230 15-20 18-25 20-25 20-25 20-25 10-15 10-15 15-25 1-3 2-5 При печење во тава за печење внимавајте секогаш да има доволно течност во садот за да спречите прегорување. Свртете го месото за време на готвењето. При печење на пастрмка, исушете ја рибата со хартиена крпа. Зачинете ја внатре, намачкајте ја со масло од надворешноста и поставете ја на решетката. Не вртете ја рибата за време на печење. Додека го користите грејачот за скара (инфрацрвениот), вратата од рерната треба да биде постојано затворена.

Грејачот за скара, решетката и другите помошни делови во рерната многу се вжештуваат во текот на печењето скара. Затоа, користете ракавици и фаќач за месо.

29

Готвење на ражен

(зависно од моделот) Максималната температура кога се користи ражен е 240°C.

1 Ставете ја основата за раженот на третото ниво од дното нагоре и ставете го длабокиот сад на долното (првото) ниво, за да служи како плех за цедење.

2 Набодете го местото на раженот и зацврстете ги шрафовите.

3 Ставете ја рачката на раженот на предната основа за раженот и вметнете го врвот во отворот на десната страна од задниот ѕид на рерната (отворот е заштитен со капак кој се навртува).

4 Одвртете ја рачката на раженот и затворете ја вратата на рерната.

Вклучете ја рерната и одберете го системот ГОЛЕМА СКАРА.

Скарата работи само кога вратата од рерната е затворена.

30

ЖАР СО ВЕНТИЛАТОР

Во овој работен режим. Грејачот за жар и вентилаторот работат истовремено. Овој режим е соодветен за печење месо на жар, како и риба и зеленчук. (Види опис и совети за ЖАР.) Вид храна Тежина (g) МЕСО Патка 2000 Печено свинско 1500 Свински плешки Свински врат 1500 1000 Половина пиле 700 Пиле 1500 РИБА Пастрмка 200 g / парче Ниво (од дното нагоре) 2 2 2 2 2 2 2 Температура (°C) Време на готвење (во минути) 150-170 160-170 150-160 150-160 190-210 190-210 200-220 80-100 60-85 120-160 120-140 50-60 60-90 20-30 31

ТОПОЛ ВОЗДУХ И ДОЛЕН ГРЕЈАЧ

Pаботат долниот грејач, тркалезниот грејач и вентилаторот за топол воздух. Погодно за печење пица, пита од јаболка и овошни торти. (Види опис и совети за ГОРЕН и ДОЛЕН ГРЕЈАЧ.)

2

Храна Солен колач со тенка кора Пица * „Киш Лорен“ со тенка кора Пита со јаболка од лиснато тесто Штрудла од јаболка од лиснато тесто Ниво (од дното нагоре) 2 2 2 2 2 Температура (°C) 150-160 200-210 180-200 150-160 170-180 Време на готвење (во минути) 65-80 15-20 35-40 35-40 45-65 32

ТОПОЛ ВОЗДУХ

2

Pаботат тркалезниот грејач и вентилаторот. Вентилаторот инсталиран на задниот ѕид на рерната обезбедува постојана циркулација на топол воздух околу јадењето што се пече или пецивата.

Печење месо: Користете тава или сад од емајл, огноотпорно стакло, глина или лиено железо. Садовите од челик што не рѓосува не се погодни, затоа што силно ја оддаваат топлината.

Ставете доволно течност во текот на процесот на готвење, за да не изгори месото. Во текот на печењето, превртувајте го месото. Месото ќе биде посочно ако го покриете. Вид храна Тежина (g) Ниво (од дното нагоре) Температура (°C) МЕСО Печено свинско сосе кожа 1500 Патка 2000 Гуска 4000 Ќурка 5000 Пилешки гради Полнето пиле 1000 1500 2 2 2 2 3 2 170-180 160-170 150-160 150-170 180-200 170-180 Време на готвење (во минути) 140-160 120-150 180-200 180-220 60-70 90-110 33

Печење пецива Се препорачува претходно загревање.

Бисквит-тортите и колачињата може да се печат во плитки садови за печење на неколку нивоа истовремено (второ и трето).

Запомнете дека времето на печење може да се разликува дури и доколку се користат истите плехови за печење. Бисквитите во горниот плех за печење може да бидат готови порано од оние во долниот.

Секогаш ставајте ги плеховите за печење на решетката. Ако го користите плехот што сте го добиле со апаратот, отстранете ја решетката.

За еднакво зацрвенување, деловите на бисквит-тортата треба да бидат со еднаква дебелина.

Храна Ниво (од дното нагоре) Температура (°C) Време на готвење ПЕЦИВА Пандишпан торта Колач со рендано тесто Овошна торта, пандишпан Ролат од пандишпан* Овошен колач со тенка кора Штрудла со јаболка Бисквити, тенка кора* Чајни колачиња* Колачи со квасец Колачи од кори ЗАМРЗНАТА ХРАНА Штрудла со јаболка и младо сирење Пица Смрзнат помфрит, спремен за рерна Крокети, печени во рерна 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 150-160 160-170 150-160 160-170 160-170 170-180 150-160 140-150 170-180 170-180 170-180 170-180 170-180 170-180 25-35 25-35 45-65 15-25 50-70 40-60 15-25 15-25 20-35 20-30 50-70 20-30 20-35 20-35 Ѕвездичката (*) во табелата означува дека рерната треба претходно да се загрее со одбраниот систем.

Не ставајте го длабокото тавче за печење во првата шина. 34

ДОЛЕН ГРЕЈАЧ И ВЕНТИЛАТОР

2

Oва се користи за печење на лиснато тесто што не се надига многу и за конзервирање овошје и зеленчук. Користете го второто ниво одоздола и многу плиток сад за печење, за да му овозможите на топлиот воздух да циркулира околу горната страна на јадењето.

КОНЗЕРВИРАЊЕ

Подгответе ги плодовите што треба да ги конзервирате и теглите како и вообичаено. Користете тегли со гумен ластик и стаклен капак. Не користете тегли со капаци прицврстени со коноп или со метални или лимени капаци. Теглите треба да бидат со еднаква големина, исполнети со истата содржина и цврсто затворени. Ставете 1 литар топла вода во длабокиот сад (околу 70°C) и ставете шест тегли од 1 литар во садот. Садот ставете го рерната, на второто ниво. Во текот на конзервирањето, надзирајте ги производите и гответе се додека течноста во теглите не почне да врие, т.е. кога ќе почнат да се јавуваат меури во првата тегла. Вид храна Водилка (од дното нагоре) Температура (°C) Време на крчкање (мин) Температура и време на готвење откако ќе почне да се крчка Време на отстојување во рерната (мин) ОВОШЈЕ Јагоди 2 Овошја со семка 2 Овошна каша ЗЕЛЕНЧУК 2 Кисели краставички 2 Грав/моркови 2 160-180 160-180 160-180 160-180 160-180 30-45 30-45 30-45 30-45 30-45 / / / / 120°C, 45–60 мин 20-30 20-30 20-30 20-30 20-30 35

ГОРЕН И ДОЛЕН ГРЕЈАЧ СО ВЕНТИЛАТОР

4 2

Cе користи за печење на сите видови пецива, за одмрзнување и за сушење овошје и зеленчук. Пред да ја ставите храната во однапред загреаната рерна, почекајте сијаличката да се изгаси првпат. За најдобри резултати, печете само на едно ниво.

Рерната треба да биде однапред загреана. Користете ги второто или четвртото ниво, броејќи одоздола нагоре.

Табела за печење пецива со горниот и долниот грејач и со вентилаторот Вид пециво Шина (одоздола нагоре) Температура (во °C) Време на готвење (минути) ПЕЦИВА Мермерна торта Торта во правоаголен плех за печење Солена торта Овошна торта со тенка кора Торта од надигнато тесто Овошна торта, торта од надигнато тесто Дебели кифлички Божиќен леб Кифлички со мармалад (Buchtel) „Куглоф“ Бисквит-торта со тенка кора Тенки колачиња * Мали пецива од лиснато тесто Леб * „Киш Лорен“ Штрудла од јаболка Пица * Лиснато тесто 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 2 140-150 130-140 130-140 140-150 140-150 130-140 140-150 130-140 150-160 130-140 140-150 130-140 140-150 170-180 150-160 150-160 180-190 150-160 45-55 45-55 55-65 35-45 25-35 35-45 15-25 50-60 25-35 40-50 15-25 10-15 15-20 45-55 35-45 40-50 10-20 18-25 Ѕвездичката (*) во табелата означува дека рерната треба претходно да се загрее со одбраниот систем.

36

GENTLEBAKE

Оваа функција овозможува нежно, бавно печење што ја остава храната мека и сочна. Погодна е за печење месо, риба и печиво на едно ниво.

Вид храна Тежина (g) МЕСО Патка 2000 Печено свинско 1500 Свински плешки Свински врат 1500 1000 Половина пиле 700 Пиле 1500 РИБА Пастрмка 200 g / парче Ниво (од дното нагоре) Температура (°C) Време на готвење (во минути) 2 2 2 2 2 2 2 150 160 150 150 190 190 200 90-110 80-100 130-160 130-150 60-70 80-100 20-30 37

ОДМРЗНУВАЊЕ

Кај овој начин на работа, воздухот циркулира без да работат грејачите. Храната што е погодна за одмрзнување вклучува торти со обилен крем или крем направен од путер, колачи и пецива, леб и земички, како и замрзнато овошје. Завртете го ТРКАЛЦЕТО ЗА БИРАЊЕ СИСТЕМ НА ГОТВЕЊЕ на одмрзнување. Допрете го копчето СТАРТ/СТОП, за да го започнете процесот на одмрзнување. Во најголем број случаи, се препорачува храната да се извади од пакувањето (не заборавајте да ги извадите и сите метални држачи или спајалици). На половина од времето зададено за одмрзнување, парчињата треба да се превртат, да се промешаат и да се раздвојат едно од друго, доколку се замрзнати заедно.

38

ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ

Исклучете го апаратот од струја и почекајте да се олади. Деца не треба да го чистат апаратот или да го одржуваат без соодветен надзор.

Алуминиумски површини

Алуминиумските површини чистете ги со неабразивни средства за чистење за такви површини. Ставете од средството за чистење на мокра крпа и чистете ја површината. Потоа исплакнете ја површината со вода. Не ставајте го средството за чистење директно на алуминиумските површини. Не користење абразивни средства за чистење или сунѓери. Белешка: површината не треба да дојде во контакт со спрејови за чистење рерни, зашто тоа може да доведе до видливи и трајни оштетувања.

Предна страна на рерната од челик што не рѓосува

(во зависност од моделот) Оваа површина чистете ја исклучиво со мек детергент (сапуница) и со мек сунѓер, кој нема да ја изгребе површината. Не користете абразивни средства за чистење или такви кои содржат раствори, зашто може да се оштети горниот слој на површината.

Лакирани површини и пластични делови

(во зависност од моделот) Не чистете ги тркалцата и копчињата, дршките на вратата, лепенките и контролните табли со абразивни средства или материјали за чистење, алкохолни средства за чистење или со алкохол. Веднаш отстранете ги сите дамки со мека, неабразивна крпа и малку вода, за да не се оштети површината. Може да користите и средства и материјали за чистење за такви површини, согласно упатствата на односните производители.

Контролен панел:

Не чистете ја површината со абразивни средства или со груби крпи. Алуминиумските површини не треба да доаѓаат во допир со спрејови за чистење рерна, зашто тоа може да резултира со видливи и трајни оштетувања.

39

КОНВЕНЦИОНАЛНО ЧИСТЕЊЕ

Може да применувате стандардна процедура за чистење за отстранување на застоени дамки во рерната (со помош на средства за чистење или со спреј за чистење рерна). По таквото чистење, темелно исплакнете ги остатоците од средството. Исчистете ја рерната и помошните делови по секое користење, за остатоците да не се запалат и да се разгорат кон површината. Најлесниот начин да се отстранат маснотиите е да се користи топла сапуница, додека рерната е се уште топла.

За чистење на застоените дамки и валканици, користете конвенционални средства за чистење рерна. Темелно исплакнете ја рерната со чиста вода, за да ги отстраните остатоците од средството за чистење. Никогаш не користете агресивни средства за чистење, абразивни сунѓери и средства за чистење, отстранувачи на дамки и рѓа, итн.

Рерната, внатрешноста на рерната и садовите за печење се обложени со специјален емајл заради постигнување мазна и отпорна површина. Заради таквите специјални облози, чистењето на собна температура е полесно.

40

КОРИСТЕЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА АКВА ЧИСТЕЊЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА РЕРНАТА

1 Завртете го ТРКАЛЦЕТО ЗА ОДБИРАЊЕ СИСТЕМ на Аква чистење. Наместете ја ТЕМПЕРАТУРАТА СО ТРКАЛЦЕТО на 70 °C.

2 Истурете 0,6 литри вода во чаша или плиток сад за печење и ставете го на долната водилка.

3 По 30 минути, остатоците од храна на емајлираните ѕидови на рерната ќе омекнат и лесно ќе може да се отстранат со влажна крпа.

Користете ја функцијата Аква чистење откако рерната целосно ќе се олади.

41

ОТСТРАНУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА МЕТАЛНИТЕ ШИНИ

За чистење на шините користете само конвенционални средства за чистење. A Фатете ги шините од долната страна и повлечете ги кон центарот на внатрешноста на рерната. B Извадете ги од отворите на врвот.

42 Не чистете ги шините што се извлекуваат во машината за садови.

ИНСТАЛИРАЊЕ НА КАТАЛИЗАТОРСКИТЕ ДОДАТОЦИ

За чистење на шините, користете само конвенционални средства. Извадете ги шините од лежиштата.

1 Монтирајте ги шините на катализаторскиот додаток.

2 Закачете ги додатоците со прикачените шини со помош на дупките и повлечете нагоре.

Кога инсталирате шини што се извлекуваат целосно, ставете го едниот крај од штипките што доаѓаат со апаратот во отворите на дното од ѕидот на внатрешноста на рерната, а другиот крај во штипките на шините. Целта на штипките е поцврсто да ги држат шините.

Не мијте ги катализаторските додатоци во машината за садови. 43

ЧИСТЕЊЕ НА ГОРНИОТ ДЕЛ НА РЕРНАТА

(зависно од моделот) Горниот грејач за скара може да се превитка, за да се овозможи полесно чистење на горниот дел од рерната. Пред да ја исчистите рерната, извадете ги плеховите, решетката и шините.

Влечете го грејачот се додека предниот дел не се откачи од лежиштето на левата и на десната страна од рерната. Никогаш не користете го грејачот кога тој е превиткан/спуштен. По чистењето, повторете ја постапката во обратен редослед, туркајќи го грејачот наназад се додека предната шипка не „кликне„ на своето место.

44 Исклучете го апаратот од струја. Грејачот мора да биде оладен; во спротивно, постои опасност од изгореници.

ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРАТАТА ОД РЕРНАТА

(во зависност од моделот) 1 Најпрвин, целосно отворете ја вратата од рерната (колку што е можно). 2 A Ротирајте ги блокадите докрај во почетна положба (во случај на стандардно B Кај системот на нежно затворање на вратата ротирајте ги блокадите наназад за C Доколку апаратот има меко затварање на вратата, малку подигнете ги жабиците на вратата и повлечете кон себе.

3 Вратата затварајте ја полека, додека жабиците не се вклопат во отворите. Внимателно подигнете ја вратата и извлечете ја од лежиштето за шарки на апаратот.

За да ја замените вратата следете го обратниот редослед на постапката. Ако вратата не се отвора или затвора соодветно, уверете се дека зарезите на шарките правилно легнале во своите лежишта.

При замена на вратата секогаш проверете дали блокадите за симнување на шарките се правилно наместени во нивните лежишта за да се спречи ненадејно затворање на главната шарка која е поврзана со силна главна пружина. Во тој случај постои голем ризик од повреда. 45

ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ВРАТА

(зависно од моделот) За да ја отворите вратата на рерната, нежно притиснете надесно со палецот и истовремено повлечете ја вратата нанадвор.

Кога вратата на рерната е затворена, бравата на вратата автоматски се враќа во почетната положба.

ДЕАКТИВИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА ЗАКЛУЧУВАЊЕТО НА ВРАТАТА Рерната треба целосно да се излади.

Прво, отворете ја вратата од рерната.

90° klik Со палецот притиснете ја бравата на вратата надесно за 90 ° додека не почувствувате клик. Заклучувањето на вратата не е деактивирано.

За повторно активирање на заклучувањето на вратата, отворете ја вратата на рерната и користете го показалецот за десна рака за да ја повлечете рачката кон вас.

46

НЕЖНО ОТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА

(зависно од моделот) Вратата на рерната е вградена со помош на систем кој ја намалува силата на отворање на вратата, почнувајќи од аголот од 75 степени.

НЕЖНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА

(зависно од моделот) Вратата на рерната е вградена со помош на систем кој ја намалува силата на затворање на вратата, почнувајќи од аголот од 75 степени. Со тоа се овозможува едноставно, тивко и глатко затворање на вратата. Мало поттурнување (до агол од 15 степени во однос на позицијата на затворената врата) е доволно за вратата да се затвори автоматски и нежно.

Ако силата која се применува за да се затвори вратата е преголема, ефектот на системот се намалува или системот воопшто не функционира во поглед на безбедноста. 47

ВАДЕЊЕ И СТАВАЊЕ НА СТАКЛОТО ОД ВРАТАТА НА РЕРНАТА

Стаклото од вратата на рерната може да е исчисти и од внатре, но пред тоа треба да се извади. Извадете ја вратата (види поглавје „Вадење и ставање на вратата на рерната“). 1 Малку поткренете ги држачите на левата и на десната страна од вратата (ознака 1 на лежиштето) и откачете ги од стаклото (ознака 2 на лежиштето).

2 Држете ја рамката на стаклото на вратата на долниот раб; малку поткренете ја, за да го откачите од лежиштето и извадете го.

3 За да го извадите третото стакло (само кај некои модели), кренете го извадете го. Извадете ги и гумените штитници на стаклото.

За да го вратите стаклото, потворете ја постапката по обратен редослед. Ознаките (полукругови) на вратата и на стаклото треба да се поклопат.

48

МЕНУВАЊЕ НА СИЈАЛИЦАТА

Сијалицата е потрошен материјал и, поради тоа, не е опфатена со гаранцијата. Пред да ја смените сијалицата, извадете ги плехот, решетката и шините. Користете („крстач“) шрафцигер Филипс. (Халогена сијалица: G9, 230 V, 25 W) Користете рамен шрафцигер за да го одвртите капакот на сијалицата и извадете ја.

БЕЛЕШКА: Внимавајте да не го оштетите емајлот Извадете ја халогената сијалица.

Носете заштита за да не се изгорите.

49

ТАБЕЛА СО РЕШЕНИЈА НА ПРОБЛЕМИ

Проблем / грешка Причина Сензорите не реагираат; екранот а замрзнат. Главниот осигурувач во Вашиот дом често паѓа. Не свети сијалицата во рерната. Пецивото не е доволно печено. Екранот јавува грешка (E1, E2, E3 итн.).

Исклучете го апаратот од струја на неколку минути (одвртете го осигурувачот или исклучете го главниот прекинувач); потоа, повторно приклучете го апаратот и вклучете го. Повикајте електричар.

Процесот на менување на сијаличката е опишан во поглавјето Чистење и одржување.

Дали сте ги одбрале вистинската температура и грејниот систем? Затворена ли е вратата на рерната?

Дошло до грешка во работата на електронскиот модул.

Исклучете го апаратот од струја неколку минути. Потоа, повторно вклучете го апаратот и наместете го времето. Доколку екранот с уште јавува грешка, повикајте електричар. Ако проблемот и натаму постои и покрај тоа што сте ги направиле горните постапки, повикајте овластен електричар. Поправките или побарувањата врз основа на гаранцијата кои се резултат на неправилно приклучување или користење на апаратот не се покриени со гаранцијата. Во таков случај, корисникот ги покрива трошоците на поправката. 50 Пред поправката, исклучете го апаратот од струја (со одвртување на осигурувачот или со вадење на кабелот од штекерот во ѕидот).

ИСФРЛАЊЕ

Пакувањето е направен од еколошки материјали кои може да се рециклираат, да се исфрлат или да се уништат без каква и да е опасност по животната средина. За таа цел, материјалите на пакувањето се означени соодветно.

Симболот на производот или на пакувањето е индикација за тоа дека производот не треба да се третира како нормален отпад од домаќинството. Производот треба да се однесе во овластен центар за преработка на отпад од електрична и електронска опрема.

Правилното исфрлање на производот помага во спречувањето негативни последици по животната средина и здравјето на луѓето, до кои може да дојде во случај на неправилно фрлање на производот. За детални информации во врска со фрлањето и преработката на производот, Ве молиме контактирајте го релевантното општинско тело за управување со отпад, Вашата служба за комунална хигиена или продавницата од која сте го купиле производот.

Го резервираме правото на измени и грешки во упатството за користење.

51

EVP_MULTI_IL mk (09-19)

Was this manual useful for you? yes no
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the work of artificial intelligence, which forms the content of this project

Related manuals

Download PDF

advertisement