Gorenje RBI4181E1 Вграден фрижидер - интегриран Упатство за користење


Add to my manuals
32 Pages

advertisement

Gorenje RBI4181E1 Вграден фрижидер - интегриран Упатство за користење | Manualzz

MK

ДЕТАЛНО УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА НА ФРИЖИДЕРОТ ЗАМРЗНУВАЧОТ

Ви благодариме

за довербата која ние ја укажавте со купувањето на овој апарат кој е наменет за поедноставување на животот. За полесна употреба на производот, ние ви приложуваме детални упатства за употреба и упатствата за монтажа кои се дадени во посебен дел. Упатствата за употреба се создадени да ви ја објаснат употребата на апаратот на најбрз можен начин. Се надеваме дека со задоволство ќе го користите овој апарат.

Апаратот е наменет само за употреба во домаќинството. Долниот дел е ладилник, наменет за чување свежи прехранбени производи на температура повисока од 0°C.

Горниот дел е замрзнувач, наменет за замрзнување свежи и долгорочно чување замрзнати прехранбени производи (до една година, зависно од видот на прехранбените производи). Просторот е означен со четири ѕвездички.

Ве молиме посетете ја нашата веб страница каде можете да го внесете бројот на моделот на вашиот апарат, назначен на натписната таблица или гарантниот лист за да најдете детални информации за вашиот апарат, совети за употреба, решавање на проблеми, информации за сервиси, упатствата за употреба и слично.

http://www.gorenje.com.mk

2 i !

Важни безбедносни предупредувања Општи информации и совети Заштита на животната средина Не е за во машина за миење на садови

СОДРЖИНА

ВОВЕД 4 5 7 8 ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБА НА ОВОЈ АПАРАТ ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА 9 СОВЕТИ ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА КАЈ АПАРАТИ ЗА 10 ВГРАДУВАЊЕ И ПРИКЛУЧУВАЊЕ 12 ОПИС НА АПАРАТОТ 13 УПРАВУВАЊЕ СО АПАРАТОТ 15 ОПРЕМА ЗА ВНАТРЕШНОСТА НА ЛАДИЛНИКОТ 19 ПРЕПОРАЧАНА РАСПРЕДЕЛБА НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТ ОПИС НА АПАРАТОТ ЧУВАЊЕ И ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ХРАНАТА 20 ЧУВАЊЕ НА ХРАНА ВО ЛАДИЛНИКОТ 24 ЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА ВО FreshZone ФИОКАТА 25 ЗАМРЗНУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА ЗАМРЗНАТА ХРАНА 25 Постапка на замрзнување 25 Важни предупредувања за постапката за замрзнување 26 Чување на индустриско замрзната храна 26 Период на чување на замрзната храна 26 Одмрзнување на замрзната храна 27 ОДМРЗНУВАЊЕ НА АПАРАТОТ 28 ЧИСТЕЊЕ НА АПАРАТОТ 29 ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ 31 ИНФОРМАЦИИ ЗА БУЧАВАТА НА АПАРАТОТ ОДМРЗНУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА АПАРАТОТ РАЗНО 3

4

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

i

ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ

Пред приклучување на апаратот на електричната мрежа, неопходно е внимателно да ги прочитате упатствата за употреба кои го опишуваат апаратот и неговата правилна и безбедна употреба. Упатствата се однесуваат на неколку типа/модели на апарати и поради ова опремата или подесувањата кои се опишани овде, може да не се дел од вашиот апарат. Ние препорачуваме да ги зачувате овие упатства за употреба или да ги прикачите како составен дел од вашиот апарат во случај да го продавате во иднина. Проверете го апаратот да не е оштетен или да нема одредени неправилности. Во случај да забележите оштетување на апаратот, известете го продажното место од кое сте го купиле апаратот. Пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа, оставете го апаратот во вертикална позиција минимум 2 часа. Ова ќе ја намали можноста за неправилности во работата како резултат на влијанието на транспортот врз системот за ладење.

!

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и да се заземји во сообразност со важечките стандарди и прописи. Пред чистење на апаратот, исклучете го од електричната мрежа (извадете го приклучниот кабел од приклучницата).

Во случај на оштетување на приклучниот кабел тој мора да биде заменет од сервисер или друго соодветно обучено стручно лице. Ако не работи ЛЕД осветлувањето, повикајте сервисер. Не обидувајте се сами да го поправите ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

!

!

!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете електрични уреди во внатрешноста на апаратот освен оние кои се дозволени од производителот на овој апарат за ладење. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете механички уреди или други средства за процесот на одмрзнување различни од препорачаните од производителот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасност која може да настане од лоша стабилност на апаратот, проверете дали е наместен согласно упатствата.

5

Опасност од замрзнување Никогаш не јадете замрзната храна и избегнувајте да допирате замрзната храна бидејќи може да предизвика премрзнување.

Безбедност на деца и лица од ранливи категории Овој апарат може да секористи од деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или од оние кои немаат искуство и познавање под надзор на или согласно упатства за користење на овој апарат за безбедно користење и свесност за потенцијалните опасности.

Отстранете ја амбалажата која е наменета за заштита на апаратот или одредени делови за време на транспортот и држете ја подалеку од дофат на деца.

Амбалажата може да претставува опасност од повреда или задушување.

Не дозволувајте деца да си играат со апаратот.

Деца без надзор не смеат да бидат вклучени во процесот на чистење и одржување на апаратот.

При отстранување на дотраен апарат, отстранете го кабелот за напојување, отстранете ја вратата, и оставете ги полиците во апаратот. Ова превенира од случајно затворање на децата во апаратот. Предупредување во однос на средството за ладење Апаратот содржи мала количина на запалив гас R600a кој не е штетен за околината. Проверете да не постои оштетување на делови од системот за ладење. Протекувањето на гасот не е опасно за животната средина, но сепак може да предизвика повреда на окото или пожар. Во случај на протекување на гасот, темелно проветрете ја просторијата, исклучете го апаратот од довод на енергија, и повикајте сервисер. 6

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБА НА ОВОЈ АПАРАТ

!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Отворите за вентилација на апаратот односно вградениот елемент мора постојано да бидат чисти и проодни.

Овој апарат не смее да се користи надвор и не смее да биде изложен на дожд. Во овој апарат не смеете да складирате експлозивни предмети како што се аеросолни лименки со запалив потисен гас. Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, најпрвин исклучете го со користење на релевантното копче, а потоа исклучете го доводот на електричната енергија во апаратот. Испразнете го апаратот, одмрзнете го, исчистете го и оставете ја вратата од апаратот притворена. Во случај на неправилно работење или прекин на доводотна електрична енергија не отворајте го просторот за замрзнување освен ако замрзнувачот не работи повеќе од 16 часа. По овој период, употребете ја замрзнатата храна или обезбедете доволно ладење ( на пр. Апарат за замена).

Технички податоци за апаратот Натписната таблица со основни податоци може да се најде во внатрешноста на апаратот. Таа содржи податоци за напонот, бруто и нето волумен, вид и количина на средството за ладење, и информациите за климатски класи. Ако јазикот на натписната таблица не одговара на вашиот јазик, заменете ја со приложената. 7

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, депонираат или уништат без опасност од загадување на животната средина.

За заштита на животната средина, предаде го дотраениот апарат на овластен собирен центар/пунк за управување со отпад. Пред тоа, направете го следново: • Исклучете го апаратот од главното напојување, • Не дозволувајте деца да си играат со апаратот. !

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не оштетувајте го електричното коло во фрижидерот. Ова исто така може да го спречи загадувањето. Симболот на производот или на неговата амбалажа означува дека со тој производ не смее да се постапува како со отпад од домаќинството. Наместо тоа, производот треба да се предаде на овластен собирен центар/пункт за рециклирање на електронска и електрична опрема. Правилното одлагање на производот ќе ги спречи потенцијалните негативни последици врз животната средина и здравјето на луѓето, кои може да настанат како последица од несоодветно управување со отпадот од овој производ. Задобивање на детални информации за постапката на отстранување и управување со отпадот на овој производ, ве молиме контактирајте го соодветното надлежно општинско тело за управување с оотпад, службата за собирање на кујнски отпад или со продавницата во која сте го купиле овој производ. 8

i

СОВЕТИ ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА КАЈ АПАРАТИ ЗА ЛАДЕЊЕ

• • • • • • • • • • • • • Вградете го апаратот согласно упатствата за употреба дадени овде. Не отворајте ја вратата повеќе од она што е неопходно.

Повремено проверете дали е овозможено циркулирање на воздухот зад апаратот. Одржувајте го кондензаторот поставен на задниот ѕид во чиста состојба (види Чистење на апаратот). Ако е оштетен затворачот или од некоја причина не затвора целосно, потребно е што побргу да го замените со нов.

Складирајте ја храната во цврсто затворени садови или друга соодветна амбалажа. Пред да ја ставите храната во фрижидерот оставете ја да се олади до собна температура. Замрзнатата храна може да ја одмрзнувате во просторот за ладење.

За да ја искористите максималната површина на замрзнувачот, извадете некои од фиоките на начин опишан во упатството. Одмрзнете го конвенционалниот замрзнувач кога ќе се насобере 3-5 милиметри слој од мраз на површината од замрзнувачот. Проверете дали поставеноста на полиците е со подеднакво растојание и дали храната е поставена на начин кој овозможува слободно циркулирање на воздухот во внатрешноста на апаратот (следете ја препорачаната поставеност на храната која е опишано во упатствата). Кај апаратите кои се опремени со вентилатор, не ги блокирајте отворите односно вентилите на вентилаторот. Ако немате потреба од вентилаторот или јонизаторот, исклучете ги за да ја намалите потрошувачката на енергија.

9

ВГРАДУВАЊЕ И ПРИКЛУЧУВАЊЕ

ИЗБИРАЊЕНА ПРОСТОРИЈА • Поставете го апаратот во сува просторија во која има добра вентилација. Апаратот работи правилно ако температурата на просторијата е во интервалот претставен во табелата. Класата на апаратот е наведена на таблицата за основни податоци со основни информации за апаратот. Класа SN (субнормален) N (нормален) ST (субтропски) T (тропски) Температура од +10 °C до +32 °C од +16 °C до +32 °C од +16 °C до +38 °C од+16 °C до +43 °C Релативна влажност ≤75% i • Не поставувајте го апаратот во просторија каде температурата може да опадне до под 5 °C бидејќи ова може да предизвика неправилно работење на апаратот или негов дефект!

• • По поставувањето, приклучокот на апаратот за електричната мрежа треба да биде лесно пристапен!

Не поставувајте го апаратот во близина на други апарати или уреди кои зрачат топлина како на пример шпорет, печка, радијатор, чајник, и слично., и не изложувајте го на директна сончева светлина. Апаратот треба да биде поставен на најмалку 30 см., подалеку од нафтена печка или печка на цврсти горива. Ако растојанието помеѓу ваквиот извор на топлина и апаратот е помало, потребно е да вградите плоча за изолација. Забелешка: Поставетегоапаратотводоволноголемапросторија. Потребноедаиманајмалку1 m 3 просторот на располагање за 8 грама средство за ладење. Количината на средството за ладење е наведено на натписната табличка со основни податоци во внатрешноста на апаратот. • Во основата на кујнскиот елемент наменет за вградување на апаратот за вградување потребно е да има најмалку 200 cm 2 слободен простор за соодветно циркулирање на воздухот. На горниот дел од апаратот воздухот излегува па потребно е да не го покривате отворот за излезниот воздух. Доколку не се придржувате до ова предупредување, може да настане оштетување на апаратот. Белешка: При поставување на апарати еден до друг, во внатрешноста на кујнските елементи, секој од апаратите се вградува во посебен кујнски елемент.

Потребно е да се набави уред за спречување на кондензација, со кабел за напојување за да може да се поврзе во електрична мрежа. Потребен е дополнителен штекер на кој ќе може да се поврзе уредот за спречување на кондензација.

Од безбедносни причини, уредот треба да го постави овластен сервисен техничар!

10

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА АПАРАТОТ • • Приклучете го апаратот на електричната мрежа со користење на приклучен кабел. Ѕидната приклучница мора да биде заземјена (безбедносна приклучница). Номиналниот напон и фреквенцијата се наведени во таблицата со основни податоци за апаратот. Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и заземјен во сообразност со важечките стандарди и прописи. Апаратот издржува краткотрајни отстапувања од номиналниот напон, но не повеќе од +/-6%.

ПРОМЕНА НА НАСОКАТА ЗА ОТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА ОД АПАРАТОТ И ВГРАДУВАЊЕ НА АПАРАТОТ ВО КУЈНСКИ ЕЛЕМЕНТ Процесот на замена на вратата на апаратот и вградување на истиот во кујнски елемент е опишан во засебните упатства за инсталација, доставени во кесата со прирачникот за инсталација. 11

12

ОПИС НА АПАРАТОТ

Опремата во внатрешноста на апаратот може да се промени во согласност со моделот на апаратот.

1 A Ладилник B Замрзнувач B 2 3 4 7 1 2 3 Контролна единица ЛЕД осветлување Вентилатор со јонизатор на воздухот (+ прекину- вач за вклучување/исклучување)* 4 Стаклени полици 5 Фиока за овошје и зеленчук со контрола на влажност 6 7 8 Фиока за овошје и зеленчук Ниско поставени полици на вратата Полица за шишиња A 8 5 6

УПРАВУВАЊЕ СО АПАРАТОТ

A A Регулирање на температурата и Копче за вклучување/исклучување B Вклучување/Исклучување Осветлувањето ќе се вклучи автоматски кога ќе ја отворите вратата од ладилникот и ќе се исклучи кога ќе ја затворите.

ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕНААПАРАТОТ Вклучување: за да го вклучите: ротирајте го копчето А во правец на стрелките од часовникот. Исклучување: Ротирајте го копчето А во обратен правец од правецот на стрелките на часовникот се додека стрелката не се совпадне со симболот (Предупредување: апаратот ќе остане под напон односно се уште ќе има електрична енергија во апаратот.).

13

РЕГУЛИРАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА ВО АПАРАТОТ i • Откако ќе го вклучите апаратот, може да се потребни неколку часа за да се постигне регулираната температура. Не ставајте храна во ладилникот пред температурата да опадне до избраната вредност.

• За да ја регулирате посакуваната температура свртете го копчето А во правец на стрелките на часовникот.

• Препорачуваме регулирање на копчето А во позиција eco (види цртеж).

• Промената во температурата на средината влијае врз температурата на апаратот. Регулирајте ја вредноста со А копчето соодветно. Вредностите кон значат пониска температура во апаратот (поладно). Вредностите кон значат повисока температура (потопло).

Ако температурата на просторијата каде е поставен апаратот е под 16°C, препорачуваме регулирање на А до .

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА ВО АПАРАТОТ ВО СЛУЧАЈ НА ПОТРЕБА ОД ИНТЕНЗИВНО ЛАДЕЊЕ ИЛИ ЗАМРЗНУВАЊЕ • Препорачуваме ова прилагодување да се применува пред чистење на апаратот или 24 часа пред во истиот да се стави голема количина храна. Со активирање на оваа функција, се осигуруваме дека храната е побрзо изладена или замрзната, за да се зачуваат витамините, минералните, хранливите состојки и вкусот, како и подолго да остане свежа.

• Активирање на интензивното ладење и замрзнување: Завртете го тркалцето „A“ во позицијата прикажана на сликата. • Кога тркалцето ќе се заврти во таа позиција, апаратот работи со најголема јачина. Во текот на тој период, апаратот може привремено да работи погласно.

• По крајот на циклусот на интензивно ладење/замрзнување, вратете го тркалцето „А“ во саканата позиција. 14

ОПРЕМА ЗА ВНАТРЕШНОСТА НА ЛАДИЛНИКОТ

(* ОПРЕМАТА ЗАВИСИ ОД МОДЕЛОТ) ПОЛИЦА • Празните полици може да се распределат како што ви одговара во однос на водилките во внатрешноста на апаратот.

За да ја преместите полицата на различна висина/водилка, подигнете ја од предната страна задржете ја на задната страна и придвижете ја на пониска или повисока позиција. За да ја извадите полицата од ладилникот, најпрвин подигнете ја полицата во предниот дел, задржете ја на задниот дел, и извлечете ја од апаратот. Складирајте ја храната која лесно се расипува на задниот дел од полицата каде температурата е најниска. ЖИЧАНА ПОЛИЦА ЗА ШИШИЊА* • Некои модели исто така имаат жичан држач за шишиња. Тој е заштитен од несоодветно извлекување. Тој може да биде извлечен само ако е празен. За да го извлечете подигнете го нежно на задниот дел и повлечете го кон вас. Поставете го држачот за шише така што должината на шишињата да не попречува во соодветното затворање на вратата .

Држачот е со капацитет на носивост од девет шишиња од 0.75-литриили 13 кг. на тотална тежина – види ознака на десната страна во внатрешноста на апаратот. • Може да поставите лименки на полицата за шишиња (хоризонтално или попречно).

15

КОРПА ЗА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК СО КОНТРОЛА ЗА ВЛАГА • Корпата на дното на ладилникот е наменета за чување на овошје и зеленчук. Таа овозможува влажност и го спречува сушењето на храната. Корпата има вграден регулатор на влажност што овозможува регулирање на степенот на влажност.

Позиција на лизгање на десно: затворени вентили, поголема влажност во корпата Позиција на лизгање на лево: отворени вентили, помала влажност во корпата Ако забележите капки кои се собираат под стаклената полица, отворените ги вентилите и избришете ја полицата види поглавје Отстранување на пречки).

• Извлекување на корпата: - Извлечете ја корпата до крај. Потоа, подигнете го горниот дел од корпата и излечете ја целосно.

16

ВНАТРЕШНА СТРАНА ОД ВРАТАТА НА ЛАДИЛНИКОТ Полиците вградени на внатрешната страна од вратата на ладилникот се наменети за складирање на сирење, путер, јајца, јогурт и други амбалажи, туби, конзерви, итн. Полицата за шишиња на долниот крај од вратата. ПРИЛАГОДЛИВИ ПОЛИЦИ НА ВРАТА Внатрешната страна од вратата на ладилникот е опремена со полици наменети за чување на сирење, путер, јајца, јогурт и други помали амбалажи, туби, лименки, итн. Максимална носивост на полицата на секоја врата е 5 kg.

САД ЗА ЈАЈЦА/МРАЗ • Ако садот се користи за чување на јајца, поставете го директно на дното од полицата на вратата.

• Ако садот се користи како сад за мраз, наполнете го со вода и ставете го во замрзнувачот во хоризонтална позиција.

17

ВЕНТИЛАТОР* • Вентилаторот допринесува за подеднаква распределба на температурата и побрзо ладење и со тоа ја намалува кондензацијата на површините за складирање на храна. • Ние препорачуваме вклучување на вентилаторот како дополнителна функција во следниве случаи: - кога температурата на просторијата е повисока(над 30 °C); - кога влажноста е повисока или кога на полиците се појавува кондензација; - при ставање на поголема количина на храна (брзо ладење).

Забелешка: Кога е активиран вентилаторот, потрошувачката на електрична енергија е зголемена а температурата на ладилникот е намалена, и како резултат на тоа температурата во замрзнувачот се менува исто така. За да се одржи истата температура во пределот на ладилникот која била и пред активирање на вентилаторот, ние препорачуваме да го свртите копчето А нежно кон потенкиот дел од знакот . Регулирањето на температурата во ладилникот директно влијае врз температурата на замрзнувачот.

ЈОНИЗАТОР НА ВОЗДУХ (IonAir)* • Напреден систем за вентилација со динамично ладење рамномерно го распределува јонизираниот воздух и ја изедначува температурата низ целиот простор на ладилникот. Воздухот збогатен со дополнителни негативни јони ја доловува природната микроклима која ја зачувува храната подолго време во свежа состојба. Дополнително, на која било полица во ладилникот може да ставите кој било вид на храна бидејќи не постојат температурни разлики. • Јонизаторот за воздух може да се вклучи и исклучи со користење на прекинувачот поставен на куќиштето на вентилаторот.

Вклучување/исклучување на вентилаторот и јонизаторот On = Off = 0 Кога е вклучен вентилаторот, ќе се појави црвена точка на прекинувачот.

18

ПРЕПОРАЧАНА РАСПРЕДЕЛБА НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТ

Делови во просторот на ладилникот: - - - Горен дел: конзервирана храна, леб, вино, печива, итн.

Среден дел: млечни производи, готови оброци, десерти, безалкохолни пијалаци, пиво, готвена храна, итн.

Корпа за овошје и зеленчук: свежо овошје, зеленчук, салати, коренест зеленчук, компири, кромид, лук, домати, кисела зелка, репи, итн.

PIZZA Предел на вратата од ладилникот: - - горен/среден предел од вратата: путер, сирење, итн..

јајца, долен предел од вратата: пијалаци, конзерви, шишиња i Не чувајте овошје (банани, ананас, папаја, цитрусно овошје) и зеленчук (тиквички, модар патлиџан, краставици, пипер, домати и компири) поради чувствителноста на ниски температури во ладилникот.

Делови од замрзнувачот: - замрзнување, чување на замрзната храна (види Поглавје Замрзнување и чување на замрзната храна).

i Не чувајте го следново во замрзнувачот: зелена салата, јајца, јаболка, круши, грозје, праски, јогурт, павлака и мајонез. 19

ЧУВАЊЕ НА ХРАНА ВО ЛАДИЛНИКОТ

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ОДНОС НА ЧУВАЊЕТО НА ХРАНАТА i Правилната употреба на апаратот, соодветното пакување на намирниците, одржувањето на соодветна температура и почитување на основните стандарди за хигиена на храната, имаат одлучувачка улога врз квалитетот на одржувањето на храната.

Придржувајте се до рокот на траење на храната кој е означен на амбалажата на производите.

Храната која ја ставате во ладилникот треба да се чува во затворени садови или во соодветна амбалажа за да се избегне попримање или ширење на мирис и влага.

Во ладилникот не чувајте запаливи, под притисок и експлозивни супстанци.

Шишињата со висока содржина на алкохол мора да бидат цврсто затворени и поставени во исправна положба.

Некои органски раствори, етерични масла во кори на лимони, портокали, киселина во путер, итн. Можеда ги оштетат пластичните површини во случај на подолготраен контакт со што се предизвикува оштетување и предвремено стареење на овие материјали. Непријатниот мирис предупредува за нечистотија на апаратот или расипана храна (види Чистење и одржување на апаратот).

Ако планирате да не престојувате подолго време дома, извадете ги од ладилникот сите намирници кои може брзо да се расипат. 20

ЧУВАЊЕ НА ХРАНА ВИД НА ХРАНА Свинско Телешко Јагнешко Пилешко Риба Школки Говедско Млечнипроизводи (јогурт, павлака, путер, сирење, намаз, итн.) Цвекло Брокули Зелка, млада Моркови, зрели Марула, зимска Лук Келераба Кељ Зелка, кинеска Зелка, различнитипови Моркови Карфиол Целер, стандарден Блитва Салата-радич Пченка Оптимална температура на чување (°C) -1 до 4 0 до 4 0 до 4 0 до 4 0 до 4 0 до 4 1,5 2 до 4 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 Оптимално ниво на влажност на чување(%) 95 95 95 95 95 95 95 Приближно време за чување 3 дена до 3 недели 14 дена 3 дена 3 до 10 дена 2 дена 16 недели 95 95 95-100 98-100 98-100 95-100 65-70 98-100 90-95 95-100 98-100 95-100 95-98 98-100 95-100 95-100 95-98 7 до 10 дена 3 до 5 месеци 10 до 14 дена 3 до 6 недели 4 до 5 месеци 2 до 3 недели 6 до 7 месеци 2 до 3 месеци 3 до 5 недели 2 до 3 месеци 3 до 4 месеци 2 недели 2 до 4 недели 2 до 3 месеци 10 до 14 дена 2 до 4 недели 5 до 8 дена 21

ВИД НА ХРАНА Праз Печурки Магдонос Пашканат Ротквица, зимска Рен Карфиол Кромид Аспарагус Грашок, зелен Зеленчук, исечен Кељ Огрозд Краставици Компири Авокадо, зелено Пиперки Домати Грав, свеж Круши Кајсии Јагоди Малина Рибизла Боровинки Цреши Грозје Киви, зрели Праски Оптимална температура на чување (°C) 0 0 0 0 0 0 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 4 до 10 7 до 10 7 до 10 7 до 10 10 до 12 < 15 -3 -1 0 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 Оптимално ниво на влажност на чување(%) 95-100 95 95-100 98-100 95-100 98-100 90-95 65-70 95-100 95-98 90-95 90-95 90-95 95 90-95 85-95 90-95 85-90 40-50 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 85 90-95 90-95 Приближно време за чување 2 до 3 месеци 3 до 4 дена 2 до 3 дена 4 до 6 месеци 2 до 4 месеци 10 до 12 месеци 2 до 4 недели 6 до 7 месеци 2 до 3 недели 1 до 2 недели до 5 дена 1 до 2 недели 3 до 4 недели 10 до 14 дена до 9 месеци до 6 недели 2 до 3 недели 4 до 7 дена 6 до 10 месеци 2 до 7 месеци 1 до 3 недели 3 до 7 дена 2 до 3 дена 1 до 4 недели 14 дена 2 до 3 недели 2 до 8 недели 1 до 3 месеци 2 до 4 недели 22

ВИД НА ХРАНА Цреши Киви, незрели Нектарини Портокали Јапонскојаболко Сливи Овошје, сечено Јаболка Дињи Портокали Мандарини Манго Дињи Ананас Лимони Лубеница Банани, зрели Грејпфрут Оптимална температура на чување (°C) 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 2 0 до 4 4 4 до 7 5 до 8 10 до 13 10 до 13 10 до 13 11 до 13 12 до 15 13 до 16 13 до 16 Оптимално ниво на влажност на чување(%) 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 90-95 85-95 85-95 85-95 90-95 85-95 85-95 90-95 Приближно време за чување 2 до 3 недели 2 до 6 месеци 1 до 3 недели 2 до 4 недели 2 до 3 месеци 2 до 5 недели до 10 дена 1 до 12 месеци 15 дена 2 до 4 недели 2 до 4 недели 2 до 3 недели 1 до 2 недели 2 до 4 недели 2 до 3 недели 1 до 3 недели 3 дена 1 до 3 недели 23

ЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА ВО FreshZone ФИОКАТА

(Само кај некои модели) Во фиоката FreshZone храната останува свежа многу подолго време отколку во обичниот ладилник со што го задржува подобро вкусот и хранливите вредности. Со ова се спречува распаѓањето на храната и загубата на маса и поради ова овошјето и зеленчукот остануваат свежи и го задржуваат природниот вкус подолго време.

За оптимална работа, фиоката треба да биде целосно затворена.

• Кога купувате храна, проверете дали е свежа бидејќи од тоа зависи квалитетот на храната како и трајноста.

• Храната чувајте ја во затворени садови или соодветна амбалажа за да спречите попримање или ширење на миризби. • Приближно 30-60 минути пред употребата извадете ја храната од фиоката за да се развијат мирисот и вкусот на собна температура. • Храната која е чувствителна на ниска температура и не е соодветна за чување во FreshZone фиоката ги вклучува следниве намирници: ананас, авокадо, банани, маслинки, компири, модар патлиџан, краставици, грав, пиперки, дињи, лубеници, тикви,тиквички, итн). • Да ја отстраните фиоката: - Извлечете ја фиоката се додека не осетите притисок- блокада. - Подигнете ја на предниот дел и извлечете ја до крај. 24

ЗАМРЗНУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА ЗАМРЗНАТА ХРАНА

ПОСТАПКА НА ЗАМРЗНУВАЊЕ

i Максималната количина на свежа храна која може да ја ставите одеднаш е наведена на натписната таблица со основни податоци. Ако количината на храна која треба да се замрзне ја надмине наведената количина, квалитетот на замрзнување ќе биде лош, а ќе се влоши и квалитетот на храна која веќе била замрзната.

• Активирајте ја функцијата на интензивно замрзнување 24 часа пред замрзнување на свежата храна: - Апарати со механичка контрола: Свртете го копчето А кон (види Поглавје ИНТЕНЗИНО ЛАДЕЊЕ И ЗАМРЗНУВАЊЕ).

Потоа, ставете ја свежата храна во просторот за замрзнување.

Свежата храна не смее да биде во контакт со храната која е веќе замрзната. • При замрзнување на помали количини на храна (1-2 кг), не е потребно активирање на функцијата за интензивно замрзнување.

• По постапката на замрзнување, свртете го копчето А во посакуваната вредност.

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ

i Користете го замрзнувачот за замрзнување на храна соодветна за тоа. Секогаш користете квалитетна и свежа храна.

Изберете го најсоодветното пакување за храната ик ористете го истото, соодветно.

Пакувањето не смее да пропушта воздух и вода што бидовело до сушење на содржината и губење на витамините. .

На пакувањето наведете го видот на храната, количината и датумот на замрзнување.

Важно е храната да сезамрзнува брзо. Поради ова, препорачуваме помали паковања. Храната треба да биде оладена пред замрзнување.

25

ЧУВАЊЕ НА ИНДУСТРИСКО ЗАМРЗНАТА ХРАНА

• При чување и користење на замрзната храна, следете ги упатствата на производителот. Температурата и рокот на траење се означени на амбалажата.

• Избирајте само храна со неоштетена амбалажа, чувана во замрзнувачи на температури под –18 °C.

• Не купувајте намирници прекриени со мраз бидејќи тоа е знак дека веќе биле одмрзнувани неколку пати што значи дека се со лош квалитет.

• Заштитете ја храната од одмрзнување за време на транспорт. Во случај на пораст на температурата, времето на чување ќе биде пократко а квалитетот полош.

ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЗАМРЗНАТА ХРАНА

ПРЕПОРАЧЛИВ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА ВО ЗАМРЗНУВАЧОТ Вид на храна овошје, говедско зеленчук, телешко, пилешко дивеч свинско Мелено месо леб, печива, готвени јадења, посна риба Џигери и слично Димени колбаси, полномасна риба Време од 10 до 12 месеци Од8 до 10 месеци од 6 до 8 месеци од 4 до 6 месеци 4 месеци 3 месеци 2 месеци 1 месец

ОДМРЗНУВАЊЕ НА ЗАМРЗНАТА ХРАНА

Замрзнувањето на храната не ги убива сите микроорганизми. Откако храната ќе се одмрзне или делумно одмрзне, бактериите се реактивираат и храната се расипува брзо. Искористете ја делумно или целосно одмрзнатата храна во најкраток можен рок. Делумното одмрзнување ја намалува хранливата вредност на храната, особено на овошјето, зеленчукот и готовата храна.

26

ОДМРЗНУВАЊЕ НА АПАРАТОТ

АВТОМАТСКО ОДМРЗНУВАЊЕ НА ЛАДИЛНИКОТ Нема потреба да го одмрзнувате ладилникот бидејќи мразот на задната страна од внатрешноста на ладилникот се одмрзнува автоматски.

Мразот кој се насобира ќе се растопи во периодот на мирување на компресорот во форма на капки кои протекуваат низ отворот во задниот ѕид на ладилникот и се слеваат во сад над компресорот, од каде испаруваат. Отворот на задниот дел од внатрешноста на ладилникот никогаш не смее да е блокиран од храна или од некој предмет.

Ако е насобран подебел слој на мраз на задниот ѕид од внатрешноста на ладилникот (3-5мм), исклучете го апаратот и одмрзнете го рачно.

ОДМРЗНУВАЊЕ НА КЛАСИЧЕН ЛАДИЛНИК • Замрзнувачот одмрзнете го кога ќе се насобере 3-5 мм слој на мраз или лед. • 24 часа пред одмрзнувањето, активирајте ја функцијата за интензивно одмрзнување за дополнително да ја оладите храната во апаратот (види Постапка за одмрзнување).

По овој период, извадете ја храната од замрзнувачот и заштитете ја од одмрзнување. • Исклучете го апаратот (види поглавје Исклучување/Вклучување на апаратот) и извадете го приклучниот кабел од приклучницата. • Не користете нож или други остри предмети за да го отстраните мразот бидејќи може да го оштетите системот на ладење. • Не користете нож или други остри предмети за да го отстраните мразот, бидејќи може да оштетите цевка во системот на ладење. • Да го забрзате процесот на одмрзнување, поставете сад со топла вода на стаклената полица.

• Исчистете и исушете го внатрешниот дел од апаратот (види поглавје Чистење на апаратот). 27

ЧИСТЕЊЕ НА АПАРАТОТ

!

Пред чистење на апаратот, исклучете го од електричната мрежа – исклучете го апаратот (види поглавје Исклучување/Вклучување на апаратот) и извадете го приклучниот кабел од ѕидниот приклучок.

• За чистење на сите површини користете мека крпа. Средствата за чистење кои содржат абразивни средства, киселини или раствори не се соодветни за чистење бидејќи може да ја оштетат површината. Чистете го надворешниот дел на апаратот со вода или со благ раствор на сапуница. Алуминиумските и лакираните површини може да се исчистат со млака вода во која може да додадете благо средство за чистење. Дозволено е користење на средства за чистење со ниска содржина на алкохол (на пр. за чистење на стакло). Не користете средства за чистење кои содржат алкохол за чистење на пластични материјали. Внатрешноста на апаратот може да се исчисти со млака вода во која може да додадете малку оцет.

• Не мијте ги деловите од опремата од внатрешноста на апаратот во машина за миење на садови бидејќи може да се оштетат.

• Канал и отвор за одлевање на водата од наслагите од мраз кои се одмрзнуваат, се наоѓаат под плочата за ладење која го лади внатрешниот дел на ладилникот. Каналот и отворот не смеат да бидат затнати. Проверувајте ги често и доколку е потребно исчистете ги (на пр. со пластична цевка). • Наслагите од мраз или лед, со 3-5 мм дебелина, ја зголемуваат потрошувачката на енергија. Поради ова, тие треба да се отстрануваат редовно. Не користете остри предмети, раствори или спрејови.

• Кондензаторот на задната страна мора да биде секогаш чист, без прашина или наслаги од кујнски чад или гасови. Со користење на неметална четка или правосмукалка повремено можете да ја исчистите прашината од апаратот .

• По чистењето, повторно вклучете го апаратот и ставете ја храната назад.

28

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ

Проблем: Апаратот е приклучен во струја но не работи: Причина и решение: • Проверете дали ѕидниот утикач е под напон и дека апаратот е вклучен.

Системот за ладење подолго време работи непрекинато: A • Превисока температура на средината.

• Пречесто или предолго отворање на вратата.

• Неправилно затворена врата (можни нечистотии помеѓу вратите, обесена врат, оштетен заптивач, итн).

• Преголема внесена количина на свежа храна.

• Сензорот во фрижидерот (А) е блокиран од свежа храна. Овозможете циркулирање на воздухот околу сензорот (само кај некои модели).

• Недоволно ладење на компресорот и кондензаторот. Проверете дали има доволно циркулација на воздухот зад апаратот и исчистете го кондензаторот. Прекумерно собирање на мраз на задниот дел од ладилникот може да биде резултат на: • Пречесто или предолго отворање на вратата.

• Топла храна е ставена во ладилникот.

• Храната или садовите се во допир со задниот внатрешен ѕид од ладилникот.

• Лошо дихтување на врата.

• Ако затворачот е нечист или оштетен, исчистете го или заменете го.

Појава на лед или мраз во внатрешноста на замрзнувачот може да биде резултат на: • Пречесто или предолго отворање на вратата.

• Вратата не е соодветно затворена..

• Лошо дихтување на вратата.

• Ако затворачот е нечист или оштетен, исчистете го или заменете го.

Кондензирање на полицата над фиоките: • Ова е привремена појава која не може целосно да се избегне во периодите на високи температури и влажност на надворешната средина. Појавата сама исчезнува кога ќе се нормализираат температурите и влажноста. Ние препорачуваме чистење на фиоките што почесто и повремено бришење на капките од кондензирањето.

• Отворете го регулаторот за влажност.

• Храната ставете ја во ќеси или друга амбалажа која не пропушта воздух.

29

Проблем: Тече вода од ладилникот: Вратата тешко се отвора: ЛЕД осветлувањето не работи: Причина и решение: • Запушен отвор за вода или одмрзната вода која капе покрај каналот за вода.

• Исчистете го запушениот отвор на пример со користење на пластична цевка • Ако се насобере дебел слој на мраз, одмрзнете го апаратот рачно (види Одмрзнување на апаратот).

• Ако се обидувате да ја отворите вратата од замрзнувачот само што сте ја затвориле, може да имате потешкотии. При отворање на вратата излегува ладен воздух од апаратот и сез аменува со топол воздух од надвор. Со ладење на овој воздух, се создава негативен притисок што предизвикува проблеми доколку се обидете да јаотворите вратата. По неколку минути состојбата е нормализирана и вратата може повторно лесно да се отвори. • Ако ЛЕД осветлувањето не работи, повикајте сервисер. • Не обидувајте се самостојно да го поправате ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

Ако ниту еден од горните совети не го реши вашиот проблем, повикајте го овластениот сервисен центар и наведете го типот, моделот, и серискиот број назначен на натписната таблица со основни податоци или ознаката која се наоѓа во внатрешноста на апаратот. 30

ИНФОРМАЦИИ ЗА БУЧАВАТА НА АПАРАТОТ

Ладењето во разладните апарати е овозможено со помош на систем за ладење кој исто така вклучува компресор ( и вентилатор кај одредени модели), што предизвикува одредена бучава. Степенот на бучава зависи од поставувањето, соодветно користење, и староста на апаратот. • По вклучување на апаратот на електричната мрежа, работата на компресорот, односно звукот на течност за ладење за време на работата на компресорот може да се зголеми. Ова не е знак за дефект и нема влијание врз векот на користење на апаратот. По одредено време, звукот на работата на апаратот и бучавата ќе се намалат.

• Понекогаш, невообичаени или погласни шумови може да се чујат за време на работата на апаратот, и тие најчесто се резултат на несоодветно поставување на апаратот: - Апаратот мора да е поставен на рамна подлога и стабилно да стои на тврда подлога.

- Апаратот не смее да биде во допир со ѕидот или со соседните елементи. - Проверете дали внатрешната опрема е поставена односно стои цврсто на свое место и дали бучавата не е предизвикана од ѕвечкање на лименки, шишиња или други садови поставено еден до друг. • Поради поголем обем на работа на системот за ладење кога вратата е отворана почесто или подолго време, кога се става поголема количина на свежа храна или се активирани функциите на интензивно ладење или замрзнување, апаратот може привремено да произведува поголема бучава. ГО ЗАДРЖУВАМЕ ПРАВОТО НА ИЗМЕНИ КОИ НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА АПАРАТОТ. 31

COOLER 4* BI540 ESS mk (03-19)

advertisement

Was this manual useful for you? Yes No
Thank you for your participation!

* Your assessment is very important for improving the workof artificial intelligence, which forms the content of this project

Related manuals

advertisement