advertisement

MKD. Samsung LE32E420E2W | Manualzz

За повеќе информации за начинот на користење на e-Manual (стр. 8)

Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на произвоот. Дизајнот и спецификациите на производот можат да се променат без претходно известување.

Важни информации за гаранцијата во врска со телевизискиот формат на гледање

1.

Функциите поврзани со дигиталната телевизија (DVB) се достапни само во држави/области во кои се емитуваат дигитални антенски сигнали DVB-T (MPEG2 и MPEG4 AVC) или во места од кои можете да пристапите до компатибилна услуга за кабелска телевизија

DVB-C (MPEG2 и MPEG4 AAC). Прашајте го локалниот продавач за можноста за примање на DVB-T или DVB-C сигнал.

2.

DVB-T претставува DVB стандард во Европскиот конзорциум за емитување на дигитална антенска телевизија, а DVB-C претставува стандард за емитување на дигитална кабелска телевизија. Меѓутоа, некои поразлични функции како EPG (електронски програмски водич),

VOD (видео по потреба) и така натаму, не се вклучени во овие спецификации. Тоа значи дека тие нема да функционираат во моментот.

3.

Иако овој телевизор ги задоволува најновите стандарди за DVB-T и DVB-C, почнувајќи од [август, 2008 година], не можеме да гарантираме компатибилност со идните емитувања на DVB-T дигитален антенски и DVB-C дигитален кабелски сигнал.

4.

Во зависност од државата/областа во која се користи овој телевизор, некои даватели на кабелска телевизија може дополнително да ви наплатат за таквата услуга, а може да биде потребно и да се согласите со условите и одредбите на нивното деловно работење.

5.

Некои функции за дигиталната телевизија може да бидат недостапни во некои држави и региони, а DVB-C може да не работи правилно со некои даватели на кабелски услуги.

6.

За повеќе информации, обратете се во вашиот локален центар за грижа на корисници од Samsung.

Квалитетот на приемот на телевизорот може да се намали поради разлики во начините за емитување во различни држави.

Проверете ги перформансите на телевизорот кај овластениот локален продавач на SAMSUNG или центарот за поддршка на

Samsung, за да дознаете дали може да ги подобрите со повторно конфигурирање на поставувањата на телевизорот.

Предупредување за неподвижна слика

Избегнувајте прикажување на неподвижни слики на екранот (како фајлови со слики во jpeg формат) или елементи од неподвижни слики (како лого ознаки од телевизиски програми, панорамски слики или слики во 4:3 формат, лента за известувања за берзата или новости на дното од екранот итн.). Постојаното прикажување на фотографии може да предизвика двојни слики на LCD екранот, кои ќе го намалат квалитетот на сликата. За намалување на ризикот од ваквиот ефект, следете ги препораките кои се наведени подолу:

• Избегнувајте прикажување на истиот телевизиски канал во долги временски периоди.

• Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран, а за најдобро усогласување користете го менито за поставување формат на слика на телевизорот.

• Намалете ги вредностите за осветленост и контраст на потребното минимално ниво за да го добиете саканиот квалитет на сликата, бидејќи премногу големите вредности може да го забрзаат процесот на горење на екранот.

• Употребувајте ги често функциите на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на сликите и горењето на екранот, а за повеќе детали погледнете го соодветниот дел од прирачникот за користење.

Обезбедување на просторот за инсталација

Одржувајте го потребното растојание помеѓу телевизорот и останатите предмети (на пр. ѕидови) за да овозможите соодветна инсталација.

Доколку не се придржувате до ова, може да предизвикате пожар или проблем кај производот поради зголемување на внатрешната температура на производот.

Доколку користите држач или ѕиден носач, користете делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics.

• Ако користите делови обезбедени од други производители, може да предизвикате проблем кај производот или повреда поради неисправност на уредот.

Изгледот може да се разликува во зависност од производот.

Внимавајте кога го допирате телевизорот, бидејќи некои делови може да бидат многу загреани.

Инсталација со држач.

Инсталација со ѕиден носач.

10 cm

10 cm

10 cm 10 cm 10 cm 10 cm

10 cm

Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична и електронска опрема)

(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на отпадоци)

Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторното користење на материјалите. Корисниците од домаќинствата би требало да се обратат до местото на купување или до локалната владина канцеларија за детали околу тоа каде и како ќе можат да ги однесат овие предмети на безбедно рециклирање. Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.

Правилно отстранување на батериите од овој производ

(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на батерии)

Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето. За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ.

Македонски - 2

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 2 2012-07-26 2:17:25

Дополнителна опрема

Ве молиме проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот телевизор. Доколку некои елементи недостасуваат, обратете се до вашиот продавач.

Бојата и обликот на предметите може да се разликуваат во зависност од моделите.

Каблите кои не се испорачуваат во пакетот можат да се купат одделно.

y

Далечински управувач и батерии (AAA x 2) y

Картичка за гаранција / упатство за безбедност (не е достапно во некои локации) y

Кабел за напојување y

Упатство за корисникот

Можно е да ви наплатат дополнително доколку

(a) повикате инженер кој ќе утврди дека нема дефект на производот

(т.е. во случај кога не сте го прочитале целосно прирачникот за користење)

(b) го донесете уредот во сервисен центар каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот

(т.е. во случај кога не сте го прочитале целосно прирачникот за користење)

Износот за дополнителната наплата ќе ви биде соопштен пред да започнат со поправката или да ве посетат во домот.

Преглед на контролната плоча

Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.

Контролна плоча

Сензор за далечинскиот управувач

Индикатор за напојување

SOURCE

E

MENU

Y z

Далечинскиот управувач насочувајте го кон оваа точка на телевизорот.

Трепка и се исклучува кога напојувањето е вклучено и засветува во режим на подготвеност.

Префрлување помеѓу сите достапни влезни извори. На менито на екранот, користете го ова копче на ист начин како што го користите и копчето

ENTER

E

на далечинскиот управувач.

Го прикажува менито на екранот, OSD (приказ на екранот) на функциите на вашиот телевизор.

Прилагодување на јачината на звукот. На приказот на екранот, користете ги копчињата

Y

исто како што ги користите копчињата ◄ и ► на далечинскиот управувач.

Менување на каналите. На приказот на екранот, користете ги копчињата z исто како што ги користите копчињата ▼ и ▲ на далечинскиот управувач.

Вклучување или исклучување на телевизорот.

P

(Power)

Режим на подготвеност

Не оставајте го вашиот телевизор подолг период во режим на подготвеност (на пример, додека сте на одмор). Иако копчето за напојување е исклучено, телевизорот користи мало количество на електрична енергија. Најдобро е да го исклучите кабелот за напојување.

Македонски - 3

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 3 2012-07-26 2:17:26

Преглед на далечинскиот управувач

Ова е специјален далечински управувач за лица со оштетен вид и располага со Braille точки на копчето за Power,

Канал и Глас.

Вклучување и исклучување на телевизорот.

Алтернативно избирање на вклучен, двоен, мешан или исклучен телетекст.

Прилагодување на јачината на звукот.

Прикажување на главното мени на екранот.

Ја прикажува функцијата

Почет. стр. на содр.

.

Брзо избирање на често користените функции.

Избирање на елементи од менито на екранот и менување на вредностите од менито.

Враќање на претходно мени.

E-MANUAL

: Се прикажува водичот e-Manual. (стр. 8)

P.SIZE

: Избирање на големина на сликата.

AD/SUBT.

: Избирање на опис на звукот. (не е достапно во некои локации) / Прикажување на дигитални преводи.

CONTENT

A B C

E-MANUAL P.SIZE AD/SUBT.

D

Овозможува прикажување и избирање на достапни видео извори.

Притиснете за директен пристап до каналите.

Враќање на претходниот канал.

Привремено исклучување на звукот.

Менување на канали.

Прикажување на списокот со канали на екранот.

Прикажување на EPG (електронски програмски водич).

Прикажува информации на екранот на телевизорот.

Излегување од менито.

Користете ги овие копчиња според насоката на екранот.

Користете ги овие копчиња за одредена функција.

За повеќе детали, погледнете во e-Manual.

Поставување на батериите (големина на батерија: AAA)

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 4

Македонски - 4

2012-07-26 2:17:26

Почетно поставување

При првото вклучување на телевизорот, во конфигурирањето на основните поставувања ќе ви помогнат серија на прозорци за потврда на екранот. Притиснете го копчето

POWER

P

.

Постав.

е достапно само кога изворот е поставен на ТВ.

1. Јазик на мени

: Избирање на јазик на мени

Притиснете го копчето ▲ или ▼, а потоа притиснете го копчето

ENTER

E

.

Изберете го саканиот јазик на OSD (приказ на екранот).

2. Кор. го режимот

: Избирање на функцијата

Зачувај демо

или

Дом. упот.

Притиснете го копчето ▲ или ▼, а потоа притиснете го копчето

ENTER

E

.

Изберете го режимот

Дом. упот.

.

Зачувај демо

режимот е наменет за продавници.

За враќање на режимот на уредот од

Зачувај демо

во

Дом. упот.

(стандарден): Притиснете го копчето за јачина на звук на телевизорот. Кога јачината на звук ќе се прикаже на екранот, притиснете и задржете

MENU

за 5 секунди.

Зачувај демо

е наменет за прикажување во продавници. Ако го изберете, некои функции нема да можат да се користат. Изберете го режимот

Дом. упот.

за гледање во домот.

3. Земја

(во зависност од земјата): Избирање на земја

Притиснете го копчето ▲ или ▼, а потоа притиснете го копчето

ENTER

E

.

Изберете ја соодветната земја.

Откако ќе изберете земја во менито Земја, кај некои модели може да се појави дополнителна опција за поставување на PIN број.

4. Авто. преб. канали (чекор 1)

: Можност за избор на начинот на гледање телевизија

Ајде да ги пронајдеме и зачуваме каналите на Вашиот ТВ (Телевизор).Дали е потребно пребарување на канали?

Да, потребно е.

: зачувување на сите достапни канали при користење на RF кабел.

Не, не е потребно.

: За пронаоѓање канали не мора да ја користите функцијата Авто. преб. канали.

5. Авто. преб. канали (чекор 2)

: Избирање на опции за пребарување

Изберете го саканиот сигнал кој се емитува и изворот на антена. Притиснете го копчето ▲/▼/◄/►, а потоа притиснете го копчето

ENTER

E

.

Ако изворот на антена го поставите на

Кабел

, ќе следи чекор кој ќе ви овозможи да доделите нумерички вредности

(фреквенции на каналите) на каналите. За повеќе информации, погледнете во

Канал

Авто. преб. канали

.

Притиснете го копчето

ENTER

E

во кој било момент за да го прекинете процесот на меморирање.

Во

e-Manual

погледнете го поглавјето “Одново пребарување на канали >

Авто. преб. канали

6. Часовн.

: Поставување на Реж. на час.

Авто.

: Автоматско поставување на тековното време.

Рачен

: Овозможува рачно поставување на тековниот датум и време.

7. Врем. зона

(во зависност од земјата): Поставување на вашата временска зона

Овој чекор е достапен само кога режимот на часовник е поставен на

Авто.

.

Авто.

: Автоматско поставување на временската зона.

Рачен

: Рачно поставување на временската зона.

Доколку изберете

Рачен

, може да изберете дали функцијата DST (летно сметање на времето) ќе ја поставите на

Вкл

или

Иск

. (во зависност од земјата)

8. Поставувањето е завршено

Притиснете го копчето

ENTER

E

.

Ќе се прикажат потврдените поставувања.

Доколку сакате да ја ресетирате оваа функција...

Изберете

Систем

-

Постав.

(почетно поставување). Внесете го вашиот PIN број од 4 цифри. Зададениот PIN број е “0-0-0-

0”. Ако сакате да го промените PIN бројот, употребете ја функцијата

Измени PIN

.

Потребно е повторно да ја активирате функцијата

Постав.

(

MENU

Систем

) во домот, иако веќе била активирана во продавницата.

Доколку го заборавите PIN кодот, притиснете ги копчињата од далечинскиот управувач по следниот редослед во режим на подготвеност, по што PIN кодот ќе се ресетира на “0-0-0-0” :

MUTE

→ 8 → 2 → 4 →

POWER

(вклучување).

Македонски - 5

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 5 2012-07-26 2:17:27

Поврзување со HDMI, HDMI/DVI

BD плеер / PC

HDMI OUT DVI OUT

Поврзување

Поврзување со SCART

VCR или DVD

EXT

SERVICE

HDMI IN

2 1 (DVI)

USB

(5V 0.5A)

Поврзување на слушалки

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 6

ANT IN

EXT (RGB)

USB

VHF/UHF антена или

Задна ТВ плоча

Позицијата на приклучокот може да биде различна, во зависност од моделот.

Кабел

Македонски - 6

2012-07-26 2:17:27

Режими на прикажување (HDMI/DVI влез)

Оптималната резолуција е 1366 X 768 @ 60 Hz. Погледнете ја страницата со специфкации за најголемата достапна резолуција.

SERVICE

SERVICE

Приклучок наменет само за сервисирање.

ЗАБЕЛЕШКА

• За поврзување со HDMI/DVI кабел, мора да го користите приклучокот

HDMI IN 1(DVI)

.

• Ако приклучите HDMI кон DVI кабел на приклучокот

HDMI IN 1(DVI)

, нема да се репродуцира звук.

• Режимот на препрлетување не е поддржан.

• Телевизорот може да не функционира правилно доколку не е избран стандарден видео формат.

• Нема влезни приклучоци за D-Sub за компјутер и PC/DVI AUDIO IN.

• Нема влезен приклучок COMPONENT/AV IN.

• Нема влезен приклучок DIGITAL AUDIO OUT(OPTICAL).

• Поврзувањето со HDMI кабел може да не биде поддржано, во зависност од компјутерот.

• Приклучокот за слушалки поддржува само приклучок од тип со 3 проводници (TRS).

Поврзување со отворот за ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРФЕЈС

(отвор за картичка за гледање кај вашиот телевизор)

За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете

“CI or CI+ CARD”.

• Доколку не вметнете “CI or CI+ CARD,” на некои канали ќе се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.

• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои содржат телефонски број, ID ознаката на “CI or CI+ CARD”,

Host ID и други информации. Доколку се прикаже порака за грешка, ве молиме обратете се до давателот на услугата.

• По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе се прикаже пораката “Updating Completed”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.

y

Сликата може да биде различна, во зависност од моделот.

Менување на влезниот извор

Извор

ТВ / Надв. / HDMI1/DVI / HDMI2

Користете го за избирање на телевизорот или други надворешни влезни извори како DVD / Blu-ray плеер / кабелски приемник / STB сателитски приемник кои се поврзани на телевизорот.

Во прикажаната листа на функцијата

Извор

, поврзаните влезни сигнали ќе бидат означени.

Нема влезен приклучок D-Sub за компјутер. Ако сакате да го поврзете компјутерот со телевизорот, користете го влезниот приклучок

HDMI1/DVI

.

Режимот

Надв.

секогаш е активен.

Притиснете го копчето

TOOLS

.

Уреди име

Можете да ги именувате надворешните влезни извори по Ваша желба.

– При поврзување со компјутер преку приклучокот

HDMI IN 1(DVI)

со помош на HDMI кабел, треба да го поставите телевизорот во

PC

режим во функцијата

Уреди име

.

– При поврзување со компјутер преку приклучокот

HDMI IN 1(DVI)

со помош на HDMI кон DVI кабел, треба да го поставите телевизорот во

DVI PC

режим во функцијата

Уреди име

.

– При поврзување со компјутер преку приклучокот

HDMI IN 1(DVI)

со помош на HDMI кон DVI кабел, треба да го поставите телевизорот во режим на

DVI уреди

во функцијата

Уреди име

.

Информации

Можете да ги видите деталните информации за поврзаниот надворешен уред.

Македонски - 7

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 7 2012-07-26 2:17:28

Како да го погледнете e-Manual

E-MANUAL

Инструкциите за функциите на вашиот телевизор може да ги најдете во

e-Manual

од вашиот телевизор.

За користење, притиснете го копчето

E-MANUAL

на вашиот далечински управувач. Движете го курсорот со помош на копчињата за нагоре/надолу/десно/лево за да означите категорија, потоа тема и на крај притиснете го копчето

ENTER

E

.

e-Manual

ќе ја прикаже страницата која сакате да ја погледнете.

До него можете да пристапите и преку менито:

O

MENU

m

Поддршка

e-Manual

ENTER

E

За да се вратите на главното мени на

e-Manual

, притиснете го копчето

E-MANUAL

на далечинскиот управувач.

Приказ на екранот

Тековно репродуцирано видео, ТВ програма итн.

Основни функции

Список со категории. Притиснете го копчето ◄ или ► за избирање на саканата категорија.

Менување на однапред поставен режим на слика

Прилагодување на поставувањата за слика

Менување на опции за слика

Промена на однапред поставениот режим на звук

Прилагодување на поставувањата за звук

Ја прикажува листата на подменито.

Движете го курсорот со помош на копчиња со стрелки на вашиот далечински управувач. Притиснете го копчето

ENTER

E

за избирање на саканото подмени.

}

Индекс

E

Внеси e

Излез

Операциски копчиња

}

Индекс

: Го прикажува екранот на индексот.

E

Внеси

: Изберете категорија или подмени.

e

Излез

: Излез од e-Manual.

<Прегледување на содржините> a

Проб. сега

: Го прикажува менито на екранот кое одговара на темата. За да се вратите на екранот со e-Manual, притиснете го копчето

E-MANUAL

.

b

Дома

: Ве носи на почетниот екран на e-Manual.

L

Стр.

: Ве носи на претходната или следната страница.

{

Зум

: Врши зголемување на екранот.

Притиснете го копчето

{

(

Зум

) за да ја зголемите сликата на екранот. Со помош на копчето ▲ или ▼ можете да се движите низ зголемениот екран. За да го вратите екранот во нормална големина, притиснете го копчето

RETURN

.

Како да се движите низ темите во e-Manual и соодветното(ите) OSD мени(ја).

Оваа функција не е овозможена во некои менија.

Доколку менито не е активно, нема да можете да ја користите функцијата

Проб. сега

.

Метод 1

1.

Ако сакате да користите мени кое одговара на тема од

e-Manual

, притиснете го црвеното копче и изберете

Проб. сега

.

2.

За да се вратите на екранот со

e-Manual

, притиснете го копчето

E-MANUAL

.

Метод 2

1.

Притиснете го копчето

ENTER

E

кога ќе се прикаже темата.

“Дали сак. ова да го извршите?”

ќе се прикаже на екранот. Изберете

Да

, а потоа притиснете го копчето

ENTER

E

. На екранот ќе се појави OSD прозорецот.

2.

За да се вратите на екранот со

e-Manual

, притиснете го копчето

E-MANUAL

.

Како да пребарувате тема на индексната страница

Оваа функција може да не биде поддржана во зависност од јазикот.

1.

Ако сакате да пребарате клучен збор, притиснете го синото копче за да изберете

Индекс

.

2.

Притиснете го копчето ◄ или ► за избирање на саканиот редослед на знаци.

3.

Притиснете го копчето ▲ или ▼ за избирање на клучен збор кој сакате да го погледнете, а потоа притиснете го копчето

ENTER

E

.

4.

Можете да го погледнете соодветниот екран со инструкции од e-Manual.

За да го затворите екранот со

Индекс

, притиснете го копчето

RETURN

.

Македонски - 8

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 8 2012-07-26 2:17:28

Монтирање на ѕидниот носач

Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ви овозможуваат да го монтирате телевизорот на ѕид. За детални информации околу инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот носач. За помош при инсталирањето на ѕидниот носач, обратете се до техничко лице. Не Ви препорачуваме да го направите сами.

Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате телевизорот.

Составување на насочувачот на подлогата

При монтирање на телевизорот на ѕид, прикачете го насочувачот на подлогата како што е прикажано.

Користете го само насочувачот на подлога кој е испорачан како дополнителна опрема. (Насочувачот на подлогата може да биде различен, во зависност од моделот.)

22

26

32

инчи VESA Спец. (A * B)

75 X 75

200 X 100

200 X 200

Не вршете инсталирање на ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен.

Може да дојде до повреди како последица на електричен удар.

Стандардни завртки

Количина

M4

M6

4

Насочувач на подлога

Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)

Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, но се продава одделно.

Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се до најблискиот дистрибутер. Доколку се инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, може да предизвика сериозни повреди.

ЗАБЕЛЕШКА

x

Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.

x

При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено е детално упатство за инсталирање и сите останати делови потребни при монтажата.

x

Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат

VESA стандардите за спецификација на завртки.

x

Не употребувајте шрафови подолги од стандардните, бидејќи можат да ја оштетат внатрешноста на телевизорот.

x

За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на шрафовите, должината на шрафовите може да се разликува во зависност од конкретната спецификација.

x

Не ги прицврстувајте завртките премногу, бидејќи производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.

x

Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди кога се употребуваат ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.

x

Не надминувајте накривување поголемо од 15 степени при монтирање на телевизорот.

Македонски - 9

Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид

Внимание

: Влечење, туркање или качување врз телевизорот може да предизвика негово паѓање. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат; тоа може да доведе до превртување на телевизорот, резултирајќи со сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во вклучениот безбедносен леток. За дополнителна стабилност, поставете го безбедносниот систем против паѓање, според следното упатство.

За да избегнете паѓање на телевизорот

1.

Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.

Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како типли, во зависност од типот на ѕидот.

Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици не се испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите дополнително.

2.

Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно стегнете ги завртките на телевизорот.

Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој случај, ве молиме купете завртки со следните спецификации.

3.

Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и прицврстувачите поставени на ѕидот со јака жица и потоа силно затегнете ја жицата.

ЗАБЕЛЕШКА

• Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад.

• Безбедно е да ја поврзете жицата така што прицврстувачите поставени на ѕидот се наоѓаат на иста висина или пониско од прицврстувачите поставени на телевизорот.

• Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.

4.

Проверете дали сите поврзувања се безбедни.

Периодично проверувајте ги поврзувањата заради можно разлабавување и неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до професионален монтер.

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 9 2012-07-26 2:17:29

Решавање на проблеми

Ако имате проблем со телевизорот, најпрво прочитајте ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Ако не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www.samsung.

com,” а потоа кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за кориснички услуги на Samsung.

Проблеми

Телевизорот не сака да се вклучи.

• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот.

• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.

• Обидете се да го притиснете копчето

POWER

на телевизорот за да проверите дали далечинскиот управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Remote control does not work” подолу.

Проблеми

Нема слика/видео сигнал.

• Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани на телевизорот и надворешните уреди).

• Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/Set top box приемник, DVD плеер, Blu-ray итн.) да одговара на поврзувањето со влезот на телевизорот. На пример, ако излезот на надворешниот уред е

HDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.

• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.

• Проверете дали сте го избрале соодветниот извор на телевизорот со притиснување на копчето

SOURCE

на далечинскиот управувач на телевизорот.

• Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување на уредот.

Проблеми

Далечинскиот управувач не функционира.

• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока на поларитетот (+/–).

• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.

• Обидете се да го насочите далеч. директно кон ТВ од 150-180 см оддалеченост.

Проблеми

Далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник не го вклучува и исклучува телевизорот и не ја прилагодува јачината на звукот.

• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник да функционира со телевизорот.

Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/сателитскиот уред и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.

Можете да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба преку надградба со најновиот фирмвер на интернет страницата (www.samsung.com → Support (Поддршка) → Downloads (Преземања)) преку USB.

Овој TFT LCD екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија.

Сепак, на екранот може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите на уредот.

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 10

Македонски - 10

2012-07-26 2:17:29

Спецификации

Резолуција на екранот

Услови за заштита од опкружувањето

Работна температура

Работна влажност

Температура на чување

Влажност на чување

ТВ систем

Систем во боја/видео систем

Систем за звук

HDMI IN

1366 x 768

10°C 40°C 50°F 104°F

-20°C 45°C -4°F 113°F

)

-20°C 45°C -4°F 113°F )

5% до 95%, без кондензација

Аналоген: B/G, D/K, L, I (во зависност од изборот на вашата земја)

Дигитален: DVB-T/DVB-C

Аналоген: PAL, SECAM, NTSC-4.43, NTSC-3.58, PAL60

Дигитален: MPEG-2 MP@ML, MPEG-4, H.264/AVC MP@L3, [email protected], [email protected]

BG, DK, L, NICAM, MPEG1, DD, DD+, HEAAC

Видео: 1080 24p, 1080p, 1080i, 720p, 576p, 480p

Звук: 2-кан. линеарен PCM 32/44,1/48kHz, 16/20/24bits.

LE32E420 Име на модел

Големина на екран

Звук (излез)

Димензии (ШxВxД)

Тело

Со држач

5W X 2

784,4 X 98,1 X 502,9 (mm)

784,4 X 182,4 X 545,3 (mm)

Тежина

Без држач

Со држач

7,7 kg

8,7 kg

Дизајнот и спецификациите можат да бидат променети без претходно известување.

За повеќе информации за напојувањето и потрошувачката на енергија, погледнете ја налепницата залепена на производот.

Типичната потрошувачка на енергија се мери според IEC 62087 Ed.2

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 11

Македонски - 11

2012-07-26 2:17:30

Поддржани видео формати

Екстензија на фајл

*.mpeg

*.ts

*.tp

*.trp

*.mov

*.flv

*.vob

*.svi

*.avi

*.mkv

*.asf

*.wmv

*.mp4

*.3gp

*.vro

*.mpg

*.m2ts

*.mts

*.divx

Формат

AVI

MKV

ASF

MP4

3GP

VRO

VOB

PS

TS

Видео кодек

DivX 3.11/4.x/5.x/6.x

MPEG4 SP/ASP

H.264 BP/MP/HP

Motion JPEG

Window Media Video v9

MPEG2

MPEG1

Најголема достапна резолуција: 1366 X 768 @ 60 Hz

Режим

IBM

MAC

VESA DMT

Резолуција

640 x 350

720 x 400

640 x 480

832 x 624

640 x 480

640 x 480

640 x 480

800 x 600

800 x 600

800 x 600

1024 x 768

1024 x 768

1024 x 768

1280 x 720

1366 x 768

Хоризонтална фреквенција (KHz)

31.469

31.469

35.000

49.726

31.469

37.861

37.500

37.879

48.077

46.875

48.363

56.476

60.023

45.000

47.712

Резолуција

1920 x 1080

640 x 480

1920 x 1080

Стапка на слики

(fps)

Вертикална фреквенција (Hz)

70.086

70.087

66.667

74.551

59.940

72.809

75.000

60.317

72.188

75.000

60.004

70.069

75.029

60.000

59.790

6~30

Бит-стапка

(Mbps)

30

8

30

Аудио кодек

AC3

LPCM

ADPCM

(IMA, MS)

AAC

HE-AAC

WMA

DD+

MPEG

(MP3)

DTS Core

G.711(A-Law,

μ-Law)

Фреквенција на пиксел часовник (MHz)

25.175

28.322

30.240

57.284

25.175

31.500

31.500

40.000

50.000

49.500

65.000

75.000

78.750

74.250

85.500

Поларитет на синхронизација

(H / V)

+/-

-/-

-/-

+/+

-/+

-/-

-/-

-/-

+/+

+/+

-/-

-/-

+/+

+/+

+/+

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 12

Македонски - 12

2012-07-26 2:17:30

Лиценца

Складирање и одржување

Ако ја отстраните прикачената налепница од ТВ екранот, исчистете ги остатоците и потоа гледајте телевизија.

Надворешниот дел и екранот на производот може да се изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.

Не прскајте вода директно на производот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.

Чистете го производот со мека ткаенина натопена со мало количество на вода. Не користете запаливи течности (на пр. бензен, разредувач) или средство за чистење.

[LD420-XH]BN68-04217D.indb 13

Македонски - 13

2012-07-26 2:17:31

advertisement

Key Features

  • 81.3 cm (32") LCD
  • HD 1366 x 768 pixels 16:9
  • CMR (Clear Motion Rate)
  • DVB-C, DVB-T

Related manuals

Download PDF

advertisement

Table of contents