Electrolux EWF 12270W Упатство за користење

Add to My manuals
28 Pages

advertisement

Electrolux EWF 12270W Упатство за користење | Manualzz
Упатство за ракување
Машина за перење
EWF 12270W
2 electrolux
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации
Опис на производот
Контролна табла
Прва употреба
Секојдневна употреба
Помошни напомени и совети
Програми за перење
2
4
6
8
9
11
14
Нега и чистење
Што да сторите ако...
Технички податоци
Потрошувачки вредности
Монтажа
Поврзување на струјата
Еколошки прашања
16
20
22
23
23
27
27
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
ВАЖНО Внимателно прочитајте и
чувајте за идни потреби.
• Безбедноста на вашиот уред одговара
на индустриските стандарди и на
законските барања за безбедноста на
уредите. Сепак, како производители,
сметаме дека наша должност е да ги
дадеме следниве безбедносни
напомнувања.
• Многу е важно, ова упатство да остане
заедно со уредот за идни потреби.
Доколку уредот се продаде или
пренесе на друг сопственик или се
преселите и го оставите уредот,
внимавајте упатството секогаш да
биде со него, за да може новиот
сопственик да се запознае со
функциите и со важните
предупредувања.
• МОРА да ги прочитате внимателно
пред да го инсталирате или користите
уредот.
• Пред првото пуштање, проверете да
не дошло до оштетување на машината
во текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетена машина.
Доколку има оштетени делови,
обратете се кај Вашиот продавач.
• Ако уредот се испорачува во зимските
месеци, кога температурите се под
нулата: чувајте ја машината за перење
24 часа на собна температура, пред
првпат да ја користите.
Општа безбедност
• Опасно е да ги менувате
спецификациите или да се обидувате
да го модификувате овој производ на
кој било начин.
• Во текот на програмите за миење со
високи температури, стаклото од
вратата може да стане жешко. Не
допирајте го!
• Уверете се дека малите миленичиња
нема да се качат во барабанот. За да
го избегнете ова, проверете го
барабанот пред користење.
• Секакви предмети, како парички,
безопасни, шајки, шрафови, камење
или друг тврд, остар материјал, може
да предизвикаат големо оштетување и
не смеат да се ставаат во машината.
• Користете само препорачани
количини омекнувач и детергент. Со
преполнување можете да
предизвикате оштетување на
ткаенината. Погледнете ги
количините, кои ги препорачува
производителот.
• Перете ги малите предмети, како
чорапи, врвки, колани итн., во
вреќичка за перење или во навлака за
перница, бидејќи е можно тие да се
протнат помеѓу коритото и
внатрешниот барабан.
• Не користете ја машината за перење
на предмети со фишбајн, непорабен
или искинат материјал.
electrolux 3
• По користење, при чистење и
одржување, секогаш исклучувајте го
уредот од напојувањето со струја и
затворете го доводот на вода.
• Во никој случај не треба да се
обидувате самите да ја поправате
машината. Поправките изведени од
страна на неискусен материјал може
да предизвикаат повреда или
сериозни грешки во работењето.
Обратете се во локалниот сервисен
центар. Секогаш инсистирајте на
оригинални резервни делови.
Инсталирање
• Овој уред е тежок. Бидете внимателни
кога го преместувате.
• При распакување, проверете дали
уредот е оштетен. Не користете го
доколку се сомневате и обратете се во
сервисниот центар.
• Сета амбалажа и транспортните
клинови мора да се отстранат пред
употребата. Доколку не се
придржувате кон ова може да дојде до
сериозно оштетување на уредот.
Погледнете го соодветното поглавје
во прирачникот.
• По монтажата, проверете уредот да не
стои врз доводното или одводното
црево и капакот да не го притиска
кабелот за напојување со струја бо
ѕидот.
• Доколку машината е поставена на
обложен под, регулирајте ги ногалките
за да се овозможи слободно струење
на воздухот под уредот.
• По монтажата, секогаш проверете
дали цревата и спојките добро
дихтуваат.
• Доколку уредот се монтира на место,
кое е изложено на мраз, прочитајте го
поглавјето "опасности од
замрзнување".
• Водоводџиските работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван водоводџија
или стручно лице.
• Електричните работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван електричар
или стручно лице.
Користење
• Уредот е конструиран за користење во
домаќинството. Не смее да се користи
за други цели, освен оние за кои е
наменет.
• Перете само ткаенини, кои се
наменети за перење во машина.
Следете ги упатствата на етикетата на
секое парче од облеката.
• Не преполнувајте го уредот.
Погледнете ја табелата со програми
за перење.
• Пред перењето, проверете дали
џебовите се празни и дали патентите
се затворени. Избегнувајте перење на
изресени или искинати предмети, и
третирајте го дамките од боја,
мастило, рѓа и трева пред перењето.
Градниците со жица НЕ смеат да се
перат во машина.
• Деловите од облеката, кои биле во
допир со производи од испарлива
нафта, не треба да се перат во
машина. Доколку користите испарливи
течности за чистење, треба да
внимавате да ја отстраните течноста
од делот од облеката пред да го
ставите во машината.
• Никогаш не влечете го кабелот за да
го извлечете штекерот од
приклучницата; секогаш фаќајте го
самиот штекер.
• Никогаш не користете го уредот ако
кабелот за струја, контролната табла,
работната површина или основата се
оштетени на начин, кој овозможува
слободен пристап во внатрешноста на
уредот.
Безбедност на децата
• Овој уред не е наменет да го користат
лица (вклучувајќи ги и децата) со
намалени физички, сензорски или
ментални способности, или лица без
искуство и знаење, освен ако немаат
надзор и упатување во користење на
уредот од страна на лицето, кое е
одговорно за нивната безбедност.
• Компонентите од амбалажата (на пр.
пластична фолија, стиропор) може да
бидат опасни за децата - опасност од
задушување! Чувајте ги надвор од
дофатот на децата.
4 electrolux
• Чувајте ги сите детергенти на
безбедно место, надвор од дофат на
децата.
• Уверете се дека децата или
миленичињата нема да се качат во
барабанот. За да спречите децата и
миленичињата да се затворат во
барабанот, машината е опремена со
специјален додаток. За да го
активирате овој уред, вртете го
копчето (без притискање) во
внатрешноста на машината во десно,
додека жлебот не стои хоризонтално.
Ако е потребно, употребете паричка.
За да го дезактивирате овој уред, и да
ја вратите можноста за заклучување
на вратата, вртете го копчето (без
притискање) во внатрешноста на
машината во лево, додека жлебот не
стои вертикално.
Опис на производот
Вашиот нов уред ги задоволува сите современи барања за ефикасен третман
на алиштата со мала потрошувачка на вода, струја и детергент. Неговиот систем
за перење овозможува целосно искористување на детергентот и ја намалува
потрошувачката на вода, со што штеди струја.
electrolux 5
1
2
3
4
5
6
1 Фиока на дозерот за детергент
2 Контролна табла
3 Рачка за отворање на вратата
фиока на дозерот за детергент
Преграда за детергент, што се
користи во фазата на претперење или
киснење, или за средство за
отстранување дамки, во фазата на
дејство против дамките (доколку ја има).
Детергентот за претперење и киснење
се додава на почетокот од програмата
за перење. Средството за отстранување
дамки се додава во текот на фазата на
дејство против дамките.
Преградата за детергент во прав или
за течен детергент се користи за
главното перење. Ако користите течен
детергент, сипете го непосредно пред
стартување на програмата.
Преграда за течни додатоци
(омекнувач, штирак).
Следете ги препораките на
производителот за количините, кои
треба да се користат и не
пречекорувајте ја ознаката "MAX" во
фиоката на дозерот за детергент. Сите
омекнувачи или адитиви за штиркање
мора да се всипат во преградата пред
самото стартување на програмата за
перење.
4 Плочка со спецификации
5 Одводна пумпа
6 Ногарки за нивелирање
6 electrolux
Табела со програми
Со апаратот се испорачуваат разни
табели со програми на разни јазици.
Една е на предната страна на фиоката
на дозерот за детергент, а другите се
приложени со упатството за употреба.
Табелата на фиоката може лесно да се
замени: извадете ја табелата од
фиоката влечејќи ја надесно и ставете ја
табелата со саканиот јазик.
Контролна табла
Понатаму, програматорот, разните копчиња и екранот се означени со
соодветните броеви наведени во табелата.
1
2
1
2
3
4
Програматор
Копче за ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ
Копче за ОПЦИИ
Копче за ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
Табела на симболи
Памук
3
5
6
7
8
4
5
6
7
8
Екран
Копче СТАРТ/ПАУЗА
Копче за ОДЛОЖЕНO ПОЧНУВАЊЕ
Показни контролни сијалици
Ноќен циклус
Економично
Запирање на
плакнењето
Претперење
Опции
Синтетика
Секојдневно
Чувствителни
Лесно
Волна
Брзо
Рачно перење
Дополнително
плакнење
Рачно перење
Студено
Плакнења
Машина
Вратата е заклучена
Цедење
Крај
Центрифуга /
Намалување
центрифуга
Одложено
почнување
electrolux 7
Тркалце на програматорот
Овозможува вклучување и исклучување
на апаратот, како и одбирање програми.
Намалување центрифуга
Со притискање на ова копче можете да
ја промените брзината на
центрифугирање на избраната
програма.
Ноќен циклус
Со одбирање на оваа функција
машината нема да ја испушти водата од
последното плакнење и сите фази за
центрифугирање се исклучени за да не
се истуткаат алиштата. Овој циклус за
перење е многу тивок и може да се
одбере за навечер или за периоди со
поевтина струја. За некои програми
плакнењата ќе се извршат со повеќе
вода. Пред да ја отворите вратата,
неопходно е да се испушти водата. За да
ја испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Задржано плакнење
Со одбирање на оваа функција водата
од последното плакнење не се црпи за
да се спречи туткање на ткаенините.
Пред да ја отворите вратата, неопходно
е да се испушти водата. За да ја
испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Опции Секојдневно - Лесно - Брзо
Со притискање на овие копчиња може да
се менува времето на перење што
машината го предлага автоматски за да
се добијат добри резултати за кратко
време.
• Секојдневно: се користи за нормално
извалкани памучни, синтетички или
нежни алишта.
• Лесно: се користи за лесно извалкани
памучни, синтетички или нежни
алишта.
• Брзо: многу краток циклус за малку
извалкани алишта што биле носени
кратко време.
Дополнително плакнење
Уредот е конструиран за штедење
струја. Доколку е потребно да ги
плакнете алиштата со помош на
дополнителна количина вода
(дополнително плакнење), изберете ја
оваа опција. Ќе се изведат неколку
дополнителни плакнења. Оваа опција се
препорачува за лица, кои се алергични
на детергенти, како и во подрачја со
многу мека вода.
Старт пауза
Ова копче ви овозможува да ја
стартувате или да ја прекинете
избраната програма.
Одложен старт
Со ова копче, програмата може да се
одложи за 30 мин - 60 мин - 90 мин, 2
часа, па потоа по 1 час се до максимум
од 20 часа.
Показни контролни сијалици
8.1
8.2
8.3
Откако ќе се притисне копчето 6 , се пали
контролната сијалица ПЕРЕЊЕ (8.1).
Кога ќе се запали контролната сијалица
8.1, тоа означува дека машината работи.
Контролната сијалица ВРАТА (8.2) се
пали кога ќе почне програма и укажува
дали вратата може да се отвори:
• свети: вратата не може да се отвори.
Машината работи или престанала да
работи, но има вода во кадата.
• не свети: вратата може да се отвори.
Програмата завршила или водата е
исцрпена.
• светлото трепка: вратата се отвора за
неколку минути.
Кога завршила програма, контролната
сијалица КРАЈ НА ЦИКЛУС (8.3) се пали.
8 electrolux
Екран
5.2
Екранот ги прикажува следните
информации:
5.1:
• Траење на избраната програма
По одбирањето програма,
времетраењето се прикажува во
часови и минути (на пример
).
Траењето се пресметува автоматски
врз база на максималното
препорачано полнење за секој вид на
материјал. Откако програмата ќе
стартува, преостанатото време се
ажурира секоја минута.
• Шифри за тревога
Во случај на проблеми во работењето
може да се прикажат некои шифри за
тревога, на пример
(види
поглавје "Што да сторите ако...").
• Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши, се
прикажуваат три трепкави нули
(
), контролната сијалица за
Врата ( 8.2 ), контролната сијалица за
Перење ( 8.1 ) и контролната сијалица
на копчето 6 се гасат и вратата може
да се отвори.
5.1
• Неправилно одбирање опција
Доколку се избере некоја опција што
не одговара на нагодената програма
за перење, во траење од неколку
секунди се прикажува пораката Err , а
црвената контролна сијалица од
копчето 6 почнува да трепка.
• Одложено почнување
Избраното одложување, нагодено со
притискање на соодветното копче, се
појавува на екранот во траење од
неколку секунди. Вредноста на
времето на одложување се намалува
за по една единица секој час. Кога ќе
остане само уште 1 час, времето се
намалува секоја минута.
5.2:
• Фаза на загревање
Во текот на циклусот на перење
екранот ја прикажува иконата за
температурата ( 5.2 ), укажувајќи на
тоа дека апаратот започнал со фазата
на загревање на водата во коритото.
Прва употреба
• Проверете дали електричните и
водоводните поврзувања се
согласни со упатствата за
местење.
• Отстранете ги блокот од стиропор
и сиот останат материјал од
барабанот.
• Истурете 2 литри вода во главната
преграда за перење на фиоката
на дозерот за да се активира
вентилот ECO . Потоа вклучете
циклус за памук на највисока
температура, без алишта во
машината, за да ги отстраните
производните остатоци од
electrolux 9
барабанот и кадата. Турете 1/2
мерка детергент во фиоката за
главно перење на дозерот и
вклучете ја машината.
Секојдневна употреба
Полнење алишта
Отворете ја вратата со внимателно
влечење на рачката кон надвор. Ставете
ги алиштата во барабанот, едно по едно,
протресувајќи ги што е можно повеќе.
Затворете ја вратата.
Измерете детергент и омекнувач
Извлечете ја фиоката од дозерот додека
не застане. Измерете ја количината
потребен детергент, всипете ја во
главната преграда
или во
соодветната преграда, ако тоа го бара
избраната програма/опција (повеќе
детали ќе најдете во "Фиока на дозерт за
детергент").
Доколку е потребно, всипете омекнувач
во преградата означена со
(количината не смее да ја надмине
ознаката "MAX" во фиоката). Полека
затворете ја вратата.
Одберете ја саканата програма со
вртење на програматорот (1)
Може да ја одберете вистинската
програма за секој вид алишта според
описите во табелата на програмите за
перење (видете во "Програми за
перење"). Завртете го програматорот на
потребната програма. Програматорот го
одредува видот циклус за перење (на пр.
количеството вода, движењето на
барабанот, бројот плакнења) и
температурата за перење според видот
алишта. Контролната сијалица на
копчето 6 почнува да трепка и на екранот
се прикажува времетраењето на
одбраната програма. Програматорот
може да се врти и во лево и во десно.
Положбата
е за ресетирање на
програмата/исклучување на машината.
За опис на секоја програма за
перење од програматорот,
погледнете го поглавјето "Програми
за перење".
На крајот од програмата, програматорот
мора да се заврти во положбата
,за да
се исклучи машината.
10 electrolux
ВНИМАНИЕ Ако го завртите
програматорот на некоја друга
програма, додека машината работи,
црвената контролна сијалица од
копчето 6 ќе трепне 3-пати и ќе се
прикаже пораката Err за да укаже на
погрешното бирање. Машината
нема да ја изведува новата избрана
програма.
Намалете ја брзината на центрифугата
со притискање на копчето 2
Кога ќе ја одберете саканата програма,
апаратот автоматски ја предлага
максималната брзина за
центрифугирање овозможена за таа
програма.
Повеќепати притискајте го копчето 2 за
да ја промените брзината на
центрифугата, доколку сакате да
алиштата да бидат центрифугирани со
некоја друга брзина, од онаа што ја
предлага машината. Ќе се запали
соодветната сијалица.
Одберете ги достапните опции
притискајќи ги копчињата 2, 3 и 4
Зависно од програмата, може да се
комбинираат различни функции. Тие
мора да се одберат по одбирањето на
саканата програма и пред почнување на
програмата. Кога ќе ги притиснете овие
копчиња, ќе се запалат соодветните
контролни сијалици. Кога ќе се
притиснат повторно, контролните
сијалици се гасат. Ако се одбере
неправилна опција, вградената црвена
сијалица на копчето 6 трепнува 3 пати.
За соодветноста на програмите за
перење и опциите, видете во
табелата "Програми за перење.
Одберете го одложеното почнување
притискајќи го копчето 7
Пред да почнете програма, ако сакате да
го одложите почнувањето, притискајте
го копчето 7 повеќепати за да го
одберете саканото одложување.
Одбраната вредност на времето за
одложување (до 20 часови) ќе се појави
на екранот неколку секунди, а потоа
повторно ќе се појави времетраењето на
програмата.
Мора да ја одберете оваа опција откако
сте ја поставиле програмата и пред да го
притиснете копчето 6 .
Одложеното почнување можете да го
откажете во кое било време, пред да го
притиснете копчето 6 .
Бирање на одложено почнување:
1. Одберете ги програмата и
потребните опции.
2. Изберете го одложеното почнување
со притискање на копчето 7 .
3. Притиснете го копчето 6 :
– машината почнува со
одбројувањето часови.
– Програмата ќе започне откако ќе
истече избраното одложување.
Откажување на одложеното почнување
по притискање на копчето 6 :
1. Нагодете ја машината за перење на
ПАУЗА со притискање на копчето 6 .
2. Еднаш притиснете го копчето 7 ,
додека не се прикаже вредноста '
3. Повторно притиснете го копчето 6 за
да ја почнете програмата.
ВАЖНО Одбраното одложување може
да се смени само после повторно
одбирање на програма за перење.
Одложеното почнување не може да се
бира со програмата ЦЕДЕЊЕ .
Почнете ја програмата со притискање на
копчето 6
За да ја почнете одбраната програма,
притиснете го копчето 6 и соодветната
зелена сијалица престанува да трепка.
Контролните сијалици 8.1 и 8.2 се палат
за да укажат дека апаратот почнал да
работи и дека вратата е заклучена.
За да ја прекинете програмата што е во
тек, притиснете го копчето 6 :
соодветната зелена контролна сијалица
почнува да трепка.
За да ја продолжите програмата од
точката каде што била прекината,
притиснете го копчето 6 . Ако сте
избрале одложен старт, машината ќе
почне да одбројува.
Ако сте избрале погрешна опција,
црвената контролна сијалица од копчето
6 ќе трепне 3-пати и во траење од
неколку секунди ќе се прикаже пораката
за грешка Err .
electrolux 11
Менување опција или пуштање
програма
Менувањето на некоја опција е можно
пред програмата да ја изврши.
Пред да направите каква било промена,
мора да го ПАУЗИРАТЕ апаратот со
притискање на копчето 6 .
Менувањето на програма, која е во тек,
е можно само ресетирање на
програмата. Завртете го бирачот на
програми на па потоа на положбата на
новата програма. Почнете ја новата
програма со повторно притискање на
копчето 6 . Водата за перење во кадата
нема да се испразни.
Прекинување програма
Притиснете го копчето 6 за да прекинете
програма во тек, соодветната зелена
сијалица почнува да трепка.
Повторно притиснете го копчето за
одново да ја почнете програмата.
Откажување програма
Завртете го бирачот на
за да ја
откажете програмата, која е во тек.
Сега можете да изберете нова програма.
Отворање на вратата
Откако програмата ќе почне (или во
текот на одложеното време) вратата е
заклучена, а ако сакате да ја отворите,
прво ставете ја машината на ПАУЗА со
притискање на копчето 6 . По неколку
минути контролната сијалица 8.2 се гаси
и вратата може да се отвори.
Ако контролната сијалица остане
запалена и ако вратата заклучена, тоа
значи дека машината веќе се загрева
или дека нивото на водата е превисоко.
Како и да е, не обидувајте се да ја
отворите вратата на сила!
Ако не можете да ја отворите вратата, а
ви треба да ја отворите, ќе мора да ја
исклучите машината со вртење на
програматорот на
. По неколку минути
вратата може да се отвори (обратете
внимание на нивото и температурата на
водата!) .
Откако ќе ја затворите вратата, одново
ќе треба да ги поставите програмата и
другите опции и да го притиснете
копчето 6 .
Кога програмата ќе заврши
Машината запира автоматски.
Контролната сијалица од копчето
6 ,контролните сијалици 8.1 се гасат и по
неколку минути се гаси и контролната
сијалица 8.2 . Контролната сијалица 8.3
се пали.
Ако sе одбранi програма или опција што
завршуваат со вода во кадата,
сијалицата 8.2 останува запалена и
вратата е заклучена како показател дека
водата мора да се испушти пред да се
отвори вратата.
Постапете на следниов начин за да ја
исцрпите водата:
1. Завртете го програматорот на
.
2. Изберете ја програмата цедење или
центрифугирање.
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугирање, со
помош на соодветното копче.
4. Притиснете го копчето 6 .
Кога на крајот од програмата ќе се гаси
контролната сијалица 8.2 , тоа значи
дека вратата сега може да се отвори.
Завртете го програматорот на
за да ја
исклучите машината.
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот
е празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање
на мувла и непријатни миризби.
Помошни напомени и совети
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
12 electrolux
Температури
95° или 90°
за нормално валкани бели
памучни и ленени алишта
(на пр. мали чаршафи за
маса, пешкири, чаршафи за
маса, постелнина...)
60°/50°
за нормално валкани делови
од облеката, со постојани
бои (на пр. кошули, ноќници,
пижами...) од памучни или
синтетични влакна и за
лесно валкани бели памучни
(на пр. долна облека)
40°-30°студено
за чувствителни предмети
(на пр. мрежести завеси),
мешани алишта, вклучувајќи
ги оние со синтетични и
волнени влакна, кои ја носат
етикетата "чиста нова волна,
се пере во машина, не се
собира"
Пред ставање на алиштата
Никогаш не перете ги заедно белите и
алиштата во боја. Белите би можеле во
перењето да ја изгубат својата "белина".
Новите алишта во моја можат при првото
перење да пуштаат; поради тоа, тие
треба првиот пат да се перат одвоено.
Уверете се дека во алиштата нема
останати метални предмети (на пр.
шноли за коса, безопасни, шпенадли).
Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите. Заврзете
ги ремените или долгите ленти.
Отстранете ги тврдокорните дамки пред
перење.
Истријте ги особено извалканите места
со специјален детергент или паста.
Третирајте ги завесите со посебна
грижа. Извадете ги куките за закачување
или заврзете ги во вреќа или мрежа.
Максимални полнења
Препорачаните количини за полнење се
наведени во табелите за програми за
перење.
Општи правила:
• Памук, лен: полн барабан, но не
премногу натиснат;
• Синтетика: не повеќе од половина
барабан;
• Чувствителни и волнени ткаенини: не
повеќе од третина барабан.
Перењето со максимално полнење е
најекономично за потрошувачката на
вода и струја.
За многу валкани алишта, намалете ја
количината на полнење.
Тежина на алиштата
Следните тежини се ориентациски
вредности:
Следните тежини се ориентациски
вредности:
бањарка
1.200 g
навлака за јорган
700 g
машка работна кошула
600 g
чаршав, машки пижами
500 g
чаршаф за маса
250 g
навлака за перница,
фротирски пешкир,
ноќница, машка кошула
200 g
мал чаршаф за маса,
дамски килоти, салфета,
блуза, машки килоти
100 g
Отстранување дамки
Можно е, тврдокорните дамки да не
излезат само со вода и детергент.
Оттаму, препорачуваме да ги третирате
пред перењето.
Крв: третирајте ги свежите дамки со
студена вода. Кај исушените дамки,
натопете преку ноќ во вода со
специјален детергент, па потоа истријте
со сапун и вода.
Боја на база на масло: натопете со
бензински отстранувач на дамки,
положете го делот од облеката на мека
крпа и тапкајте ја дамката; повторете
повеќепати.
Исушени дамки од маст: натопете со
терпентин, положете го делот од
облеката на мека подлога и тапкајте ја
дамката со памучна крпа на врвовите од
прстите.
Рѓа: оксална киселина, растворена во
жешка вода или производ за
отстранување рѓа, кој се користи студен.
Внимавајте кај старите дамки од рѓа,
бидејќи целулозната структура веќе е
оштетена и ткаенината може да се
продупчи.
electrolux 13
Дамки од мувла: третирајте ги со белило
и добро исплакнете (само за бели
алишта и алишта со трајни бои).
Трева: насапунете малку и третирајте со
белило (само за бели алишта и алишта
со трајни бои).
Пенкало и лепило: натопете со ацетон
1), положете го делот од облеката на
мека крпа и тапкајте ја дамката.
Кармин: натопете со ацетон, како што е
опишано погоре, па потоа третирајте ги
дамките со метилни алкохоли.
Третирајте ги сите преостанати трагови
со белило.
Црвено вино: натопете во вода и
детергент, исплакнете и третирајте со
ацетатна или лимонска киселина, па
потоа исплакнете. Третирајте ги сите
преостанати трагови со белило.
Мастило: зависно од типот на
мастилото, прво натопете ја ткаенината
со ацетон 1), па потоа со ацетатна
киселина; третирајте ги сите
преостанати трагови на белите алишта
со белило, па потоа добро исплакнете ги.
Дамки од катран: прво третирајте со
отстранувач на дамки, метилни
алкохоли или бензин, па потоа истријте
со детергент во паста.
Детергенти и адитиви
Добрите резултати на перење зависат и
од изборот на детергент и од
користењето на правилните количини за
да се избегне непотребно трошење и да
се заштити животната средина.
Иако биолошки се разградуваат,
детергентите содржат супстанции кои,
во големи количини, можат га ја
разнишаат чувствителната рамнотежа
на природата.
Изборот на детергентот ќе зависи од
типот на ткаенината (чувствителна,
волнена, памучна итн.), бојата,
температурата на перење и степенот на
валканост.
Во овој уред може да се користат сите
вообичаено достапни детергенти за
машини за перење:
• детергенти во прав за сите типови
ткаенина
1) не употребувајте ацетон на вештачка свила
• детергенти во прав за чувствителни
(60°C макс) и волнени ткаенини
• течни детергенти, претежно за
програми за перење на ниски
температури (60°C макс) за сите
типови ткаенини или специјални, кои
се само за волнени ткаенини.
Детергентот и адитивите мора да се
ставаат во соодветните прегради од
фиоката на дозерот пред стартување на
програмата за перење.
Ако користите течни детергенти, мора да
одберете програма без претперење.
Вашиот уред е опремен со систем за
рециркулација, кој овозможува
оптимално трошење на
концентрираниот детергент.
Следете ги препораките на
производителот за количините, кои
треба да се користат и не пречекорувајте
ја ознаката "MAX" во фиоката на дозерот
за детергент .
Степени на тврдост на водата
Тврдоста на водата е класификувана во
таканаречени "степени" на тврдост.
Информациите за тврдоста на водата во
вашето подрачје можете да ги добиете
од одговорното претпријатие за
водоснабдување, или од локалните
служби.
Кога водата има среден степен на
тврдост (од степен на тврдост II)
мора да се додаде омекнувач на
вода. Следете ги упатствата на
производителот. Количината на
детергентот може секогаш да се
прилагодува кон степенот на
тврдост I (= мека).
Ниво
Карактер
истики
Степени на тврдост
на водата
Германск
и °dH
Француск
и °T.H.
1
мека
0-7
0-15
2
средна
8-14
16-25
3
тврда
15-21
26-37
4
многу
тврда
> 21
> 37
14 electrolux
Програми за перење
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на циклусот
Максимална брзина на центрифугирање
Максимално полнење со алишта
Вид на алиштата
Опции
Преграда за
детергент
ПАМУК
95°-30°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./
мин
Макс. полнење 6 kg - Нам. полнење 3 kg 1)
За бел и трајно обоен памук (нормално валкани
предмети).
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е, ЗАПИРАЊЕ
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН
ЦИКЛУС,СЕКОЈДН
ЕВНО, БРЗО,
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ПАМУЧНИ ЕКОНОМИЧНО
60°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./
мин
Макс. полнење 6 kg
Бел и трајно обоени памучни алишта .
Оваа програма може да се избере за малку до
нормално валкани предмети. Температурата ќе се
намали, а времето на перење ќе се продолжи. Ова
овозможува постигнување на добра ефикасност
во перењето со штедење струја.
ЦЕНТРИФУГА,
ЗАДРЖАНО
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС,
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ПАМУЧНИ ЕКОНОМИЧНО
40°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./
мин
Макс. полнење 6 kg
Бели и шарени памучни алишта .
Оваа програма може да се избере за малку
извалкани памучни алишта. Температурата ќе се
намали, а времето на перење ќе се продолжи. Ова
овозможува постигнување на добра ефикасност
во перењето со штедење струја.
ЦЕНТРИФУГА,
ЗАДРЖАНО
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС,
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ПАМУЧНИ СО ПРЕТПЕРЕЊЕ
95°
Претперење - Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./
мин
Макс. полнење 6 kg - Нам. полнење 3 kg 1)
За бели памучни алишта со фаза на претперење.
ЦЕНТРИФУГА,
ЗАДРЖАНО
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС,
СЕКОЈДНЕВНО,
ЛЕСНО, БРЗО,
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
2)
ПАМУЧНИ СО ПРЕТПЕРЕЊЕ
60°
Претперење - Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./
мин
Макс. полнење 6 kg - Нам. полнење 3 kg 1)
За бели и шарени памучни алишта со фаза на
претперење (многу валкани предмети).
ЦЕНТРИФУГА,
ЗАДРЖАНО
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС,
СЕКОЈДНЕВНО,
ЛЕСНО, БРЗО,
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
2)
electrolux 15
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на циклусот
Максимална брзина на центрифугирање
Максимално полнење со алишта
Вид на алиштата
Опции
СИНТЕТИКА
60°-30°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 900 врт./мин
Макс. полнење 3 kg - Нам. полнење 1,5 kg 1)
Синтетички или мешани ткаенини: долна облека,
шарена облека, кошули што не се туткаат, блузи.
ЦЕНТРИФУГА,
ЗАДРЖАНО
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС,
СЕКОЈДНЕВНО,
ЛЕСНО, БРЗО,
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ЧУВСТВИТЕЛНИ
40°-30°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 700 врт./мин
Макс. полнење kg 3 - Нам. полнење kg 1,51)
Нежни ткаенини: акрилни, вискозни,
полиестерски.
ЗАДРЖАНО
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС,
СЕКОЈДНЕВНО,
ЛЕСНО, БРЗО,
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ВОЛНА
40°
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин
Макс. полнење 2 kg
Програма за перење за волна што се пере во
машина, како и за волнени алишта и нежни
ткаенини што се перат на рака. Забелешка :
Поединечен или масивен предмет може да
предизвика неурамнотеженост. Ако не се вклучува
последната центрифуга, додадете уште алишта,
прераспределете го товарот рачно, а потоа
одберете ја програмата за центрифугирање.
ЦЕНТРИФУГА,
ЗАПИРАЊЕ
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС
РАЧНО ПЕРЕЊЕ
30° - Студено
Главно перење - Плакнење
Максимална брзина на центрифугата 1000 врт./
мин
Макс. полнење 2 kg
Специјална програма за чувствителни ткаенини со
симболот "рачно перење.
ЦЕНТРИФУГА,
ЗАПИРАЊЕ
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС
ПЛАКНЕЊА
Плакнења
Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./
мин
Макс. полнење 6 kg
Со оваа програма е можно да се плакнат и да се
центрифугираат памучни делови од облеката, кои
претходно сте ги испрале на рака. Машината
изведува 3 плакнења, а на крајот едно долго
центрифугирање. Центрифугирањето може да се
намали со притискање на соодветното копче.
ЦЕНТРИФУГА,
ЗАДРЖАНО
ПЛАКНЕЊЕ,
НОЌЕН ЦИКЛУС,
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
Преграда за
детергент
16 electrolux
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на циклусот
Максимална брзина на центрифугирање
Максимално полнење со алишта
Вид на алиштата
Опции
Преграда за
детергент
ЦЕДЕЊЕ
Цедење на водата
Макс. полнење 6 kg
За испуштање на водата од последното плакнење,
кај програмите со избрана опција Запирање
плакнење и Ноќен циклус.
ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ
Цедење и долго центрифугирање
Максимална брзина на центрифугата 1200 врт./
мин
Макс. полнење 6 kg
Посебна центрифуга за рачно испрани алишта и
за после програмите со опциите Задржано
плакнење и Ноќен циклус. Брзината можете да ја
изберете со притискање на соодветното копче за
да се прилагоди за ткаенините што треба да се
центрифугираат.
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
(=Исклучено)
за откажување на програмата, што е во тек, или за
исклучување на машината .
1) Ако со притискање на копчето 3 ја изберете опцијата Брзо, препорачуваме да го намалите
максималното полнење како што е наведено. (Нам. полнење = намалено полнење). Можно
е и целосно полнење, но со послаби резултати на перење.
2) Ако користите течни детергенти, мора да се одбере програма без ПРЕТПЕРЕЊЕ.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
изведувате какви било работи на
одржување или чистење, уредот
мора да го исклучите од струја.
Отстранување бигор
Водата што ја користиме обично содржи
бигор. Препорачливо е, во машината
повремено да користите прав за
омекнување на водата. Правете го ова
посебно од перењето на алиштата и
според упатствата на производителот на
омекнувачот на водата. Тоа ќе помогне
во спречување на таложење на бигорот.
По секое перење
Оставете ја вратата отворена некое
време. Ова помага во уредот да се
спречи создавање на миризба на мувла
и на застоено. Со тоа што ќе ја оставате
вратата отворена по перењето ќе го
сочувате и дихтунгот.
Перење за одржување
Со користење на перења со ниски
температури, можно е да дојде до
таложење на остатоци во внатрешноста
на барабанот.
Препорачуваме редовно да изведувате
перење за одржување.
За да изведете перење за одржување:
• во барабанот не треба да има алишта.
• изберете ја најжешката програма за
перење памучни алишта.
• употребете вообичаена количина
детергент, кој мора да биде во прав и
да има биолошки својства.
Чистење однадвор
Чистете го надворешниот дел од
куќиштето на уредот само со сапуница, а
потоа исушете го темелно.
electrolux 17
ВАЖНО Немојте за чистење на
кабинетот да користете метилирани
алкохоли, растворувачи или слични
производи.
5. Со четка исчистете ги сите делови од
машината за перење, посебно
дизните во горниот дел од комората
за вмивање.
Чистење на фиоката на дозерот
Фиоката на дозерот за детергент треба
да се чисти редовно.
1. Извадете ја фиоката на дозерот за
детергент извлекувајќи ја цврсто.
Отстранете ги сите трагови од
наталожениот прашак. За полесно
чистење, горниот дел од преградата
за адитиви треба да се извади.
6. Вметнете ја фиоката на дозерот за
детергент во шините и турнете ја
внатре.
Барабан за перење
Поради рѓосување на туѓи тела во
перењето или поради тоа што водата од
водоводот содржи железо, во барабанот
може да се јават наслаги од рѓа.
2. Извадете ја влошката за омекнувач
од средната преграда.
ВАЖНО Не чистете го барабанот со
средства против бигор што содржат
киселина, детергенти за стружење со
хлор или со железна или челична жица.
1. Отстранете ги наслагите од рѓа со
средство за чистење за челик што не
рѓосува.
2. Пуштете циклус на перење без
алишта, за да ги исчистите сите
остатоци од средствата за чистење.
Програма: куса програма за памук
при максимална температура, со
прибл. 1/4 мерник детергент.
3. Измијте ги сите делови со вода.
4. Турнете ја влошката за омекнувач
докрај, така што цврсто лежи на
своето место.
Дихтунг на вратата
Повремено проверувајте го дихтунгот од
вратата и отстранете ги евентуално
заглавените предмети во
превиткувањето.
18 electrolux
Одводна пумпа
Пумпата треба редовно да се проверува
и тоа особено ако:
• машината не испушта и/или
центрифугира
• машината испушта невообичаени
звуци за време на цедењето, поради
предмети, како на пр., безопасни,
парички итн., кои ја блокираат
пумпата.
Постапете вака:
1. Исклучете го уредот.
2. Доколку е потребно, почекајте
додека водата не се излади.
3. Отворете ја вратата од пумпата.
4. Ставете некаков сад блиску до
пумпата за да ја соберете водата,
што евентуално ќе истече.
5. Ослободете го цревото за ургентно
испуштање, ставете го во садот и
извадете го капачето.
6. Откако водата ќе престане да тече,
одвртете ја пумпата и извадете го.
Секогаш држете некаква крпа во
близина за да ја соберете
истурената вода, кога ја симнувате
пумпата.
7. Отстранете секакви предмети од
пропелерот на пумпата, така што ќе
го вртите.
8. Вратете го капакот од цревото за
ургентно празнење на место и
вратете го цревото во неговото
лежиште.
9. Зашрафете ја пумпата до крај.
10. Затворете ја вратата од пумпата.
electrolux 19
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку уредот работел, а зависно од
избраната програма, во пумпата може
да има жешка вода. Никогаш не вадете
го капакот од пумпата за време на циклус
на перење, секогаш почекајте уредот да
го заврши циклусот и да биде празен.
Кога го враќате капакот на место,
уверете се дека е цврсто затегнат за да
ги спречите протекување и можноста
децата да го одвртат.
Чистење на доводните филтри за вода
Ако забележите дека на машината и'
треба подолго време да се наполни,
проверете да не е затнат филтерот во
цревото за довод на вода.
1. затворете ја славината.
2. Одвртете го доводното црево.
3. Исчистете го филтерот во цревото со
помош на четка со тврди влакна.
4. Зашрафете го цревото на славината.
5. Отшрафете го цревото од машината.
Имајте крпа при рака, бидејќи може
да истече малку вода.
6. Исчистете го филтерот во вентилот
со груба четка или со крпа.
7. Зашрафете го цревото на машината
и уверете се дека е цврсто
приклучено.
8. Отворете ја славината.
Итно празнење
Доколку водата не е испуштена,
постапете на следниот начин за да ја
испразните машината:
1. извлечете ја приклучницата од
штекерот;
2. затворете ја славината;
3. доколку е потребно, почекајте водата
да се излади;
4. Отворете ја вратичката на пумпата;
20 electrolux
5. ставете длабок сад на подот и
ставете го крајот од цревото за итно
празнење во него. Извадете го
капачето од него. Водата треба да се
исцеди во садот по слободен пад.
Откако садот ќе се наполни, вратете
го капачето на цревото. Испразнете
го садот. Повторувајте ја постапката
додека водата не престане да тече;
6. доколку е потребно, исчистете ја
пумпата на погоре опишаниот начин;
7. откако ќе го затворите со капачето,
вратете го цревото за итно празнење
на место;
8. повторно зашрафете ја пумпата и
затворете ја вратичката.
Спречување смрзнување
Ако машината е ставена на место каде
што температурата може да падне под
0°C, постапете вака:
1. затворете ја славината и отшрафете
го цревото за довод на вода до
славината;
2. Ставете го крајот од цревото за итно
празнење и на доводното црево во
длабок сад на подот и пуштете ја
водата да истече;
3. повторно зашрафете го доводното
црево и вратете го на место цревото
за итно празнење откако ќе му го
ставите капачето.
Така се празни сета вода од машината,
со што се избегнува формирање мраз и
евентуално нејзино оштетување.
Кога ќе сакате повторно да ја користите
машината, проверете дали температура
во просторијата е над 0°C.
ВАЖНО Секогаш кога ќе ја испуштите
водата со цревото за итно празнење
мора да истурите 2 литра вода во
главната преграда на фиоката за
детергент, а потоа да ја пуштите
програмата за црпење. Тоа ќе го
активира уредот со вентил ECO што
спречува дел од детергентот да остане
неупотребен при следното перење.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
што може лесно да се решат без викање
сервисер. Пред да се обратите во
вашиот локален сервисен центар, прво
изведете ги следните проверки.
Додека машината работи, можно е
црвената контролна сијалица од копчето
6 да трепка и на екранот да се појави
некоја од следните шифри за тревога, за
да укажат дека машината не работи:
Проблем
Машината за перење не
стартува:
•
: проблем со доводот на водата.
•
: проблем со испуштањето вода.
•
: вратата е отворена.
Откако ќе го решите проблемот,
притиснете го копчето 6 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по
сиве овие проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален
сервисен центар.
Веројатна причина/Решение
Вратата не е затворена.
• Добро затворете ја вратата.
Штекерот не е правилно вметнат во приклучницата.
• Вметнете го штекерот во приклучницата.
Во приклучницата нема струја.
• Проверете ја домашната електрична инсталација.
Избил главниот осигурувач.
• Заменете го осигурувачот.
Програматорот не е правилно поставен и копчето 6 не е
притиснато.
• Завртете го програматорот и повторно притиснете го
копчето 6 .
Избран е одложен старт.
• Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложениот старт.
electrolux 21
Проблем
Веројатна причина/Решение
Машината не зема вода:
Славината за вода е затворена.
• Отворете ја славината.
Доводното црево е згмечено или превиткано.
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Филтрите во доводното црево или во доводниот вентил се
затнати.
• Исчистете ги филтрите во доводот на вода (повеќе детали
ќе најдете во "Чистење на филтрите во доводот на вода").
Вратата не е правилно затворена.
• Добро затворете ја вратата.
Машината не испушта и/или
не центрифугира:
Одводното црево е згмечено или превиткано.
• Проверете го приклучокот на одводното црево.
Филтерот за испуштање вода е затнат.
• Исчистете го филтерот.
Одбрана е опција или програма што завршува со вода во
кадата или што е без центрифугирање.
• Исклучете ја таа опција.
• Изберете ја програмата цедење или центрифугирање.
Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот.
• Одново распоредете ги алиштата.
На подот има вода:
Сте употребиле премногу или несоодветен детергент
(создава премногу пена).
• Намалете ја количината на детергентот или употребете
некој друг.
Проверете дали протекува од некој од приклучоците на
доводното црево. Понекогаш е тешко да се забележи дека по
цревото тече вода; проверете дали е влажно.
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Одводното црево е оштетено.
• Заменете го со ново.
Капачето на цревото за итно празнење не било вратено или
филтерот не бил правилно зашрафен по чистењето.
• Одново ставете го капакот од цревото за ургентно
празнење или докрај зашрафете го филтерот.
Лоши резултати на перење:
Сте ставиле премалку детергент или детергент што не
одговара.
• Зголемете ја количината на детергентот или употребете
некој друг.
Не сте ги третирале тврдокорните дамки пред перењето.
• Користете комерцијални производи за третирање на
тврдокорните дамки.
Не е избрана соодветна температура.
• Проверете дали сте ја избрале соодветната температура.
Премногу алишта.
• Извадете алишта.
Вратата не се отвора:
Програмата уште работи.
• Почекајте до крајот на циклусот на перење.
Бравата од вратата не е отклучена.
• Почекајте да се изгаси контролната сијалица 8.2 .
Во барабанот нема вода.
• Изберете програма за цедење или центрифугирање за да
ја испуштите водата.
22 electrolux
Проблем
Веројатна причина/Решение
Машината вибрира или е
премногу бучна:
Транспортните клинови и амбалажата не се отстранети.
• Проверете дали апаратот е правилно монтиран.
Потпорните ногалки не се регулирани
• Проверете дали апаратот е правилно нивелиран.
Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот.
• Одново распоредете ги алиштата.
Можеби има премалку алишта во барабанот.
• Ставете повеќе алишта.
Машината прави
невообичаени звуци:
Машината е опремена со тип на мотор, кој прави
невообичаени звуци во однос на традиционалните мотори.
Овој нов мотор овозможува помеко стартување и
порамномерно распределување на алиштата во барабанот во
текот на центрифугирањето, како и зголемена стабилност на
машината.
Во барабанот не се гледа
вода:
Машините, базирани на модерна технологија, работат многу
економично, користејќи многу малку вода, без да се намалат
перформансите.
Mo
Prodd. ...
. No ... ...
. ...
...
..
Se
r. No
. ...
...
...
Доколку не можете да го утврдите или
решите проблемот, обратете се во
нашиот сервисен центар. Пред да се
јавите на телефон, запишете ги
моделот, серискиот број и датумот на
набавка на вашата машина: сервисниот
центар ќе ги бара овие податоци.
Mod. ... ... ...
Prod. No. ... ... ...
Ser. No. ... ... ...
Технички податоци
Димензии
Ширина
Висина
Длабочина
60cm
85cm
63cm
Поврзување на електриката
Напон - вкупна снага осигурувач
Информации за поврзувањето на електриката се дадени на
плочката од внатрешната страна на вратата на уредот.
Притисок на доводот за вода
Минимум
Максимум
0,05 MPa
0,8 MPa
Максимално полнење
Памук
6kg
Брзина на центрифугирање
Максимум
1200 врт./мин
electrolux 23
Потрошувачки вредности
Програма
Потрошувачка на
струја (kWh)
Потрошувачка на
вода (литри)
Бели памучни 95°
2.1
65
Памучни 60°
1.4
60
Памучни
ЕКОНОМИЧНО 60° 1)
1.02
54
Памучни 40°
0.77
60
Синтетика 40°
0.6
54
Чувствителни 40°
0.60
63
Волна/ Перење на
рака 30°
0.25
55
Траење на
програмата (минути)
За траењето на
програмите,
погледнете го
екранот на
контролната табла.
1) " Памучни ЕКОНОМИЧНО" на 60°C со полнење од 6 kg е референтна програма за
податоците внесени на ознаката за енергетски вредности, во согласност со стандардите
на EEЗ 92/75.
Податоците за потрошувачка, прикажани на оваа табела се сметаат за чисто
ориентациски, бидејќи може да варираат зависно од количината и типот на
алиштата, од влезната температура на водата, како и од температурата на
околината.
Монтажа
Распакување
Сите транспортни клинови и сета
амбалажа мора да се отстранат пред
користење на уредот.
Ви советуваме да ја чувате сета
транспортна опрема, така што таа ќе
може одново да се монтира, доколку
уредот некогаш повторно ќе се
транспортира.
1. Откако ќе ја отстраните сета
амбалажа, внимателно положете ја
машината на задната страна и
отстранете го стиропорот одоздола.
2. Симнете ги кабелот за струја и
одводното и доводното црево од
држачите на задната страна од
уредот.
24 electrolux
5. Отворете го прозорецот и извадете го
блокот од стиропор, монтиран на
дихтунгот од вратата.
3. Одвртете ги трите клина.
4. Извлечете ги соодветните пластични
разделници.
6. Затворете ги помалата горна дупка и
двете поголеми со соодветните
пластични затки, испорачани во
вреќичката со упатството.
electrolux 25
Поставување во положба
Монтирајте ја машината на рамен, тврд
под. Уверете се дека струењето на
воздухот околу машината не е
попречено од теписи, черги итн.
Проверете дали машината ги допира
ѕидот или кујнските елементи.
Нивелирајте ја машината за перење со
подигање или спуштање на ногалките.
Можно е, регулирањето на ногалките да
оди тешко, бидејќи имаат навртка за
само-заклучување, но машината МОРА
да биде нивелирана и стабилна. Ако е
потребно, проверете го поставувањето
со помош на либела. Сите потребни
нагодувања може да се изведуваат со
клуч за одвртување. Точното
нивелирање спречува вибрации, бучава
и поместување на машината во текот на
работата.
ВНИМАНИЕ Никогаш не ставајте
картон, дрво или сличен материјал
под машината за да ги израмните
нерамнините на подот.
Довод за вода
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Овој уред мора
да се приклучи на довод на студена
вода.
1. Приклучете го доводното црево,
испорачано со машината, на славина
со навој од 3/4". Секогаш користете го
цревото испорачано со уредот.
ВАЖНО Не употребувајте го цревото од
старата машина за да ја поврзете на
доводот на вода.
2. другиот крај од доводното црево, кој
се приклучува во машината, може да
се заврти како што е прикажано на
сликата.
Не поставувајте го доводното црево
надолу.
26 electrolux
нагодете го аголот на цревото кон
лево или кон десно, зависно од
положбата на славината за вода.
3. Правилно наместете го цревото со
олабавување на прстенестата
навртка. Откако ќе го поставите
доводното црево, проверете дали
прстенестата навртка е добро
прицврстена за да избегнете
протекување.
Доводното црево не смее да се
продолжува. Ако е премногу кратко и ако
не сакате да ја преместувате славината,
ќе треба да купите ново, подолго црево,
специјално наменето за овој тип на
примена.
ВАЖНО Пред да приклучувате
машината на нова водоводна мрежа или
на мрежа која не е користена повеќе
време, пуштете да истече некоја
разумна количина вода, за да се исперат
сите талози што се собрале во цевките.
Одвод за вода
Крајот од одводното црево може да се
постави на три начини.
• Закачено преку работ на мијалникот ,
со помош на пластичната водилка за
црево, испорачана со машината. Во
овој случај, уверете се дека крајот
нема да се откачи при празнење на
машината. Ова може да се постигна со
негово врзување на славината или со
закачување на ѕидот.
• Во огранок од одводната цевка на
мијалникот. Овој огранок мора да биде
над јамката, така што кривината ќе
биде најмалку 60 cm над подот.
• Директно во одводна цевка , на висина
не помала од 60 cm и не повеќе од 90
cm. Крајот на одводното црево
секогаш мора да биде вентилирано,
т.е. внатрешниот пречник на
одводната цевка мора да биде
поголем од надворешниот дијаметар
на одводното црево. Одводното црево
не смее да биде превиткано.
electrolux 27
Одводното црево може да се продолжува до максимум 4 метри. Дополнително
одводно црево и елемент за поврзување можете да набавите во вашиот локален
сервисен центар.
Поврзување на струјата
Информации за поврзувањето на
електриката се дадени на плочката од
внатрешната страна на вратата на
уредот.
Проверете дали вашата домашна
електрична инсталација може да го носи
потребното максимално оптоварување,
притоа земајќи ги предвид и останатите
користени уреди.
Поврзете ја машината на заземјена
приклучница.
повреди, настанати поради
непочитување на горенаведените
безбедносни мерки.
По монтажата на машината, кабелот
за струја мора да биде лесно
достапен.
Доколку кабелот за струја на уредот
мора да се замени, тоа мора да го
направи сервисен центар.
Производителот не прифаќа никаква
одговорност за оштетувања или
Еколошки прашања
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Амбалажа
Материјалите означени со симболот
можат да се рециклираат.
>PE<=полиетилен
>PS<=полистирен
>PP<=полипропилен
Ова значи дека тие може да се
рециклираат со нивно отстранување во
соодветни собирни контејнери.
Еколошки практични совети
За да заштедите вода, струја и да
помогнете во заштита на животната
средина, препорачуваме да ги следите
овие практични совети:
• За да се заштеди детергент, вода и
време, нормално валканите алишта
можат да се перат и без претперење
(со тоа се штити и животната
средина!).
• Машината работи поекономично ако е
целосно наполнета.
• Со соодветно претходно третирање
може да се отстранат дамките и
валканоста на одредени места;
алиштата тогаш може да се перат на
пониска температура.
• Измерете го детергентот според
тврдостa на водата, степенот на
валканост и количината на алишта,
што ќе се пере.
www.electrolux.com
192993080-00-222009

advertisement

Related manuals

advertisement